Добра вечер мајки Денес одморив, пола ден во лежење ми мина со малово на постела. Ме прогласија за болен Дојчин, па за прв пат двете големи кај свекор и свекрва. Маж сега отиде да ги зема. Стасаа неколку пакетчиња, па јас пак со надеж нешро да семинтира деновиве. Од лидл си нарчав една ламба за над трпезариската маса, па едвај чекам да ја отпакувам. Нашата огромна трпезариска маса и огромниот кристален лустер не пасуваат тука, па најдов поефтина алтернатива. Откритие на векот ми е лидл со он лајн нарачкиве. Редовно ставаат ваучери од 10 еу попуст за наредна нарачка од плус 50 еу, па се фаќа уште поефтино од и така приступачните цени а и испорачката е за некој ден, прилично. Рзо. А да не спомнувам колку се намалени дрвените играчки. Стаса огромната вреќа/перница. Да ги видам димензиите ќе треба, делува како да е скоро 2м на 1м. Со тие поените што пазарувам во дм и супермаркетот си ја платив. Џабе испадна. Па и едната лулашка им ја закачи. Тоа ќе биде нивното катче во дневна. Се надевам забраната за носење играчки од игрална и понатаму ќе биде успешно спроведена. @tincemajmunce и јас помислив на членките. За тебе и зетот. @Capricorn Taurus браво, споделува почесто импресии у предизвици. А малиот е баш маже одкако има нова фризура. Модел @Cka не знам дали сум спомнала, браво за мажот ти. Така треба да де сите, а не се, на жалост. @VedaG10 најсреќен нека е. Стасаа индијанците. Големата мома има нива фриЗура, свеки шишките и ги скратила, па и на криво. Поздрав
Синко заспа,ја уште до него лежам,сила немам да станам а преспав на ручек барабар со него Сега е поголем и потежок,па кичмата ми ја има парчосано.Бањање,пресоблекување,пелени менување-сите тие акѕивности кај што треба да се крене дете,ме суредуваат во грбот.Се ме боли,сите коски,нозе а раце ко извадени од рамењата. Дома и осчистив сабајле,па до гробишта да го посетам вечниот дома на татко ми....Баш беше тажно. После ручек до веро претрчавме,зашто фрижидерот се испразнил.И маж частше зимски шал Сличен ко на една феминка Идам да си сипам чаша винце и да најдам некое филмче...good night...
Здраво мајки Деца беснеат рипаат играат трчаат аман ова време нема каде енергијата да ја потрошат. Денес по дома цел ден од сабајле малку бевме низ градот до некои продавници.Купивме новогодишни работи украсивме низ дома малку.Си купив и правосмукалка па деца чистеа.После и кај свекор ми чистевме.Ручек правев и алишта пуштав и средував. Колата ми е дефект.И затоа дома си седеме.Инаку ќе ги носев некаде на гости можеби. Во четвртокот големиот имаше претстава песнички што учеле и бевме повикани во градинката.Пееја и играа. Моево само играше а другите пееја. После бевме во трапезаријата и изработувавме некои новогодишни украси.Многу родители имаше.Интересно беше.Направивме елка и снешко и на еден лист залепивме дедо мраз честитка. Друго ништо нема. Мм си иде на 21.Едвај чекаме.Денес ми купил и телефон. Вчера бевме малку на роденден кај една кумашинка прв роденден.Посно беше се и тортата.Ама ваква торта немам јадено до сега.Не се знаеше ни кора ни фил.Како само да беше измачкано со мармалад . мислам немам зборови. Стварно.Барем денес постои се посно и чоколадо се па ќе направам 100 пати подобра ама тоа е ..сега е важно од надвор да се убави украсени а не од внатре.. Децава рипаат уште како некои нинџи се.А цело зимо!!?? И тоа мајки. Да им спукам малку. Ќе им пуштам песнички цртани нешто може ќе гледаат. Ај добра ви ноќ...
Прв пат и јас да се приклучам во оваа тема. Бебе малку ни се разболе, а кутрата денес прави три недели, а веќе искуси антибиотик. Но, што е тоа е. Претходната вечер ептен бев во паника, неспиена, па ми помина некако без многу размислувања, но, оваа е сѐ поинаку! Откако се роди малава мм си го зема одморот од работа, па заедно се привикнувавме, ми помагаше повеќе, особено ноќе. Но, од вчера почна со прва смена, па до еден часот е со нас, па оди во спална да одмори малку до сабале. А јас, како да сум анксиозна бебе си спие, само за јадење стана, а јас око не можам да склопам. Задремав, па страшен сон, дури како реален, врескам во сонот, илјадници мисли. Одам до вц и се враќам си помисла дека некој можеби влегол во собата кај бебето, си мислам некој да не ми тропне на прозор, хорор филмови во глава и ете уште сум будна а тек па треба да му ја мислам кога мм ќе почне сода трета смена, мора придружба, вака ќе полудам. Убаво си се расприкажав како за прв пост. Ај добро ве најдов
Здраво... Грчеви во стомак не ме оставаат око да склопам. Поминувам низ најтежок период во животов до сега, благодарна на Бога што сме сите здрави и живи. Човек на се се навикнува, дури и сам да живее до крајот на животот... Ќе бидам добро, имам за кого. Преку ноќ животот ми се смени за 180 степени, но што е тоа е, пробувам да гледам позитивно. Гушкам дете и сон не ме фаќа. Сабајле рано се пуштам во шопинг по играчки за пакетчиња со пријателката, мали ќе чека со баба дома поклони. Душа колку почна да збори и да прашува. Отвара очи, вика што е тоа? И така цееееел ден. За се можно прашува. Излегуваме еднаш дневно по саат ипол, па преостанатиот дел од денот го поминуваме дома во брканици, игра, гушкање, цртани. Ептен му е мерак кога сум дома цел ден и лепенка изиграва се со мене само сака, а баба му му вика ќе дојде понеделник ќе ме бараш На работа во петокот добив пофалба од шефицата, многу сум среќна, си заплакав одејќи накај дома. Со мерак одам на работа. Среќен роденден на синчето на @VedaG10! @karibian честитки мајче! @monik55 жив здрав синко да ви е!!! @Ljubica87 добре ни дојде Да пробам да заспијам...
Добро ви утро, јас сум тука Многу страни ми се собрале за читање, ветувам ќе надокнадам. Се породив претходната недела поминав супер, понеделникот веќе бев како да не сум раѓала, а сепак тек денес најверојатно конечно ќе не пуштат дома. Малата имаше покачено црп па примаше терапија, вчера на контролната крвна слика и беше во ред па рекоа уште денес да прими и ќе не пуштат Ме отепа на психа јас добро а ете со бебуш како испадна, па уште и синко препека веќе по мене, колку и да го анимираа и залажуваа на крајот на денот заспивал во солзи. Неможам да дочекам да го изнагушкам. А и конечно да сме заедно четворицата, бебуш ме убеди во муабетот кој ми звучеше толку клише мајчината љубов не се дели, само се множи и расте и навистина е огромна срце полно љубов и среќа неможам да и се наљубам Овие денови ми беа полни со хормони, со плачки главно ама сега доаѓаат најубавите. Ќе гледам да пишувам почесто, ете тука иако имав време на претек немав воља за пишување. Поздрав мајки имајте убав ден П.с. Кафе не сум се напила цела недела, па дома уз кафе ќе ве читам
Добро утро мајки Повелете на кафе Јакобс со noy noy млекце Лошо спиев ноќеска Не спотераа лоши вести, ах цела вечер ги мислам луѓето,жал ми е,криво ми е, се чудам колку не. е фер За година две две најголеми загуби, поголеми нема Давај им Господи сила Вчера по памет на госпожа мајка ,нели тргнавме по Дедо Мраз во Џамбо. Додуша прво вака-ги смени чизмите во Пеко, па на многу молење и јас добив едни , па виде еден капут во Вајкики,ама во Рамстор имало број па до таму, незнам што и стана на женава , обично не праи вака , на крај во Џамбо. Го земавме Дедо Мразот и некој дрангулии, со цел памет и малово го земавме со нас, да се сликале кај елките, леле кога видовме ред,редиште ,оставај корпата и викам ,она не ќе чекам ти излези надвор со внучко , па расправии да ја убедам да излеземе лелелле , на крај си дојдовме без дедо мраз Вчера цел ден у знак на мајка помина А може и денес ако пекне прасечко Надвор снег, го изнесов синко, радосен гледа и пружа рачиња За пакетчиња се спремно, со двајцата што се договоривме , ни откажаа, едната ми прати слика од пакетчето демек ама купив јас ама неможам денес Глупости. Малото ме сака мене повеќе од тато моментално, еве сега ме влече за нозе му викам на маж ми земи го да допишам на фемина , а тоа по мене мама,мама , ааа и кога му звонам на врата јас ширум ми отвора и ме гушка а кога е татко му му ја затвара Денес изгледа елката ќе биде, а што на ова време ... Јас би надвор ама ептен вее ... Може и до мол да тркнам видов во мотиви едно кошулче на излог,го мислам не го пробав, а следен викенд прослава,сукња купив па кошулчево ќе одговара Иии малото има скафандер, т..е јакна и панталони Многу ми е смешен во нив ,човечуљаче Од Манела, цел град го свртев само скафандери е тоа нејќев, е сеа какви се такви се... е оти евтино дојде на маж ми му реков ако има во Боровец поубаво ќе му земам Убава ,најубава недела имајте! (Јас ќе се трудам да не мислам на лошото ) @blessed.an ми го кршип срцето мајче , се да биде добро
Утро мајки Надвор профрла снег ич го неќам леле и јас ко @emkaemka Мене ми се спие ама синко не вика така па се издигавме уште од 7 .Мм спие синоќа беше на прослава ама ептен ја претерале со алкохолот само нека ми се пожали денес дека не му е арно . Синоќа конечно се украсив дома ,многу е убаво ,а и синко многу се израдува додуша мисли дека ламионите се топки па ми ги фрла незнам како се става спојлер па само ќе ја постирам сликава од елката тука Вчера бевме шетавме сабајле до џамбо ама гужва луѓе па само на брзина земавме тоа што ни треба и назад дома .Плачките ноќе уште траат вчера пипнав една четворка гребе веќе тоа е причината ќе се смири дете во брзо време се надевам. Одам мајки синко почна да вика ам ам .
Здраво мајки . Фала ви многу за честитките Јас како мало дете. Се прерадував за снегот Од дома изгледа како да има мнг снег ,а надвор кога се симнавме веќе стопен Што сакам да врне 3 дена без престан,да натрупа Денес спиевме до 9 30.Кога станав како пола ден да ми поминал Не сум навикната вака да спијам до толку касно Додека синко беше бебе до 9 имав завршено мнг работи Сега не ни се станува Кога престанаа децата ваши да спијат преку ден? Сега преспива еднаш ама вака ако станува покасно ,кога ке има дремка,кога навечер ќе спие ? Редот ќе се смени. Дојдовме кај моите денес. Цела недела не сме биле,а недела обавезно сме на ручек тука . Синко си игра , моиве имаат огромна елка и триста тракатанци.Па се занимава со нив . Си напраив какао да поуживам малку . Имајте убав ден
@VedaG10 среќен роденден на малиот. Јас се враќам од работа,бев 1 смена.Го мразам викендот ако сум прва.Лош е превозот и треба 1.5 км до возот да пешачам и тоа во 5 саатот сабајле.Нема автобуси во недела. Мм болен дојчин.Вчера субфибрилен тт до 38 и беше целиот малаксан,ама мораше да го чува малиот.Денес го спотерало пролив,па од регалот на работа извадив пробиотик пакување да го лечам Од кога почнав тука да работам заборавив каде е апотеката,се што ми треба имам-освен антибиотици за мали деца. Вчера правевме фотосесија на малиот.Убави слики излегоа.Сакав вчера да тркнеме до некој мол дека убаво украсуваат и со камерата да го исликам,ама толку напорен ден имав што од работа право во кревет завршив и сум одспала два часа. Едно време иде малиот и ми вика да сум станала,татко му го пратил да ме разбуди. Синко се разлошил и разлигавил,на моменти не знам дали грешам некаде со воспитувањето.Во градинка го посматрам како се понаша како да не е мое дете. Зборев со една мајка вика имам ист проблем.Вика можеби е така поради рамнотежа оти цел ден треба да се мирни и послушни во градинка,па дома се одпуштени. Денес си заработив пола нето дневница од бакшиш на работа,од задоволни пациенти,плус неделната дневница.Пусто недела нема кај да ги потрошам. Пред Нова година и Божиќ германците се посебно дарежливи. Имајте убав ден
Само да ве поздравам ние вака цел ден надвор конечно се прибравме дома Спојлер не е бог знае што ама за синко е најубав.
Здраво на сите. Кај нас нема снег, ве читам и се чудам, си велам да не живеам на друга планета Ноќеска имавме ,,забава,, синко два пати се покака. Па туширање, па пресоблекување, па смеа дека се покакал. А мене очи ми капеа за спиење. Се изнамачи дете оваа недела со тој стомачен вирус. И денес диета, додуша не сака да јаде он ништо, ама бутам само диететска храна. Среќа вода и чај пие. Викендов си помина а ние ништо не успеавме да нашравиме. Нареднава недела стигаат порачаните поклони за Нова, да допазарам пакетчиња и ќе бидеме спремни. Сакам да си купам и чизми, ама барам нешто да ми падне во око. Мм и тој денес пак со мигрена, само јас морам( а не дека сум) да бидам секогаш здрава и фит. Смачено ми е понекогаш, се сама правам, 24/7 сум со дете, минимално време посветувам на себе, ама нема друг начин. Среќни родендени и радости на сите, да не ве означувам, ќе прескокнам некоја. @blessed.an Само нека поминува, мораш да нислиш позитивно за своето дете. Бура, како дошла така поминала. Радувај им се секој ден.
Добар ден срцли Редовно ве читам ама се нешто испаѓа па не можам да пишам. Од маж не можам да се пожалам иако завчера имавме многу тежок ден али затоа вчера искрен муабет се што не мачи до еден окапавме и ги решивме несогласувањата многу ми дојде убаво на душата што толку искрено се отворивме и поразговаравме буквално за се. Во принцип не се караме али откако дојде беба некако фитилот ми е пократок и знам да се налутам и избувнам за смешни работи али ете со разговор и искрено извини секако и ветување дека мора да биде подобро се надевам иднината ќе биде поопуштена. Бебе не спие навечер плачки кога ќе ја ставам во креветче а не сакам во раце да спие. Секој ден своја приказна те вака те така немам никаков ред како ќе биде расположена така тераме. Вчера бев до работа да се видам со шефицата, првпат ја оставам беба сама со мајка ми (40мин) и мислам дека толку испаничена не сум била. Едвај чекав да дојдам дома. Супер била си играле ми вика мајка ми да не паничам да се опуштам за месец ипол тргам на работа и се постресно ми е периодов. Ќе помине си викам ама ете не поминува. Од сабајлево е со вцрвенето газе никогаш не и било вака може до памперсот сменивме од памперс зелен на памперс плав од новите. Ќе видам до утре ако не е подобро ќе се вратам на зелениот нека оди 1000ка во бестрага ќе ги дадам на комшикава за, бебето ако и одговараат. И така тоа. Имајте убав остаток од денот Поздрав и силни гушки
@VedaG10 нека му е најсреќен роденденот Јас ве ѕиркам, но немам време баш ништо да шкртнам. Шетнавме денеска до Капитол, да се издуваме сите 4ца. Сабајле синко ама се израдува на снегот ама се стопи И јас ептен сакам снег, па едвај го чекаме Деновиве во план сум до Локо Кроко да одберам играчка и дедо Мраз да ја донесе, нека се радува синко. Утре пак на лекар, на Хематологија, уште таму остана нешто да испитуваат, пак боцкање од вена Фала на позз од @danichap во друга тема и позз до вас, искрено ни јас незнам низ што поминуваме, некогаш ми е крај на свет, некогаш сум релаксирана дека не е ништо страшно. Докториве прават да е комплицирано и страшно, особено за детево кое изгледа на здраво право пргаво и како ништо да не му е... И дај боже ништо страшно да е, ама додека дојдеме до некаков одговор.. збудалевме, а немаме уште одговор. Па и маткањено ке биде колоноскопијата, нема да биде, ме мрдна, одовлекуваат одложуваат дека е мал и многу ретко правеле на деца. Си мислам да фатам странство, ама се плашам да не биде исто и таму. Многу ми е жал што не оди во градинка, претстави, работилници, пакетчиња од Дедо Мраз, многу убаво е периодов, ама ке се радуваме понатака ајде. Отидов да си играм и да исклучам еден радијатор, некако ептен жешко стана, дали го појачаа парново, не се трпи. Убав ден мајки Заборавив да се пофалам за очилата... главоболки сепак од очите сум имала и стварно сум оќорела. Full Hd гледам со очилава, не ми се веруваше која разлика е, сум се навикнала на матното, неможев да се изначудам, се радував и воодушевував Елката дома ми е појасна и бистра, ииии викам човече ама била сјајна
Добар вечер драги мајки оооо сум се преспала денес. Синоќа во 3 госпожава ни се испрај очине филџан спремна за игра. И ги бапнав играчките в кревет јас дремев до неа со едно око на штрек. Едвај заспа во 4.30. Сабајле кукурек во 9. Ми се темнеше. Дур ја средив, наранив во 11 клапуноса, и јас до неа. Па уште аларм наместив во 13ч да станиме за да одиме кј свеки на ручек. Јас талент за утре алармот сум го напрајла, па си станавме во 14.30ч. Барем се наспавме. На брзина се средивме и на ручок, па едно кафе истеравме кј другарка. Закажав фотосесија, едвај чекам. Смешки ќе е. Снег абер немат да паднит, со дождов саде депресија. Сеа Жаре ќе го глеам на Канал 5 ќе помини времето. Колку имам за средвење ми се лошит. Имајте убава ноќ
Станати пред 9 сабајле, недоспани и нервозни. Гости теравме цел ден, многу ми беше досадно и едвај чекав дома да се вратиме. Бебе плаче пошто прв пат ги гледа луѓето, па така пола ден во кола си го преседовме за да цица и поспие на раат. Се собрале 6 мажи меѓу кои и мм и свекор ми, а свекрва ми со цел памет ми вика да сум седнела на кревет и да ја дојам малата,многу плачеше а за спиење беше работата. Таков убиствен поглед и фрлив, јас јес да не се многу устручавам за доењето ама пред мои познати и блиски, ама па пред толку мажи, на цицките на изволте? Да ми извинете на израз нели, ама шанси нема. Не сакаше да заспие бебе никако,ми вика дај јас да ја заспијам.. Ја нишка,думка,пее 10мин, бебе плаче-вришти! И ја земав од раце и во кола. Ко дете некое ме гледаат изгледа. Сум можеби на години мала, ама мајка сум бе,ало! Јас ако не си го смирам детето, никој друг не може. Обично не мрчам многу за неа, океј жена е, ама некогаш знае така да ми стапне на нервите.. Едвај гледам. Чекам да дојде 9-10 па да го гушнеме креветот со бебе. Ако не реши пак да ми прави забави ко последните неколку денови..