Многу ми е смешна твојава прчла, со уживање читам за вашите згоди и незгоди и за оние на децата на Мари. Имаме и ние вакви згоди и незгоди, ама толку многу се што дури некои и ги заборавам. Не знам дали ви кажав, Дедо Газ на нас ни донесе капетче, ете така. Циркузи е со неговава дислексија, само се смееме. Му викам не Дедо Газ, Дедо Мраз е, и он повторува Дедо Газ, не е капетче, пакетче и тоа слог по слог, он пак капетче. Циркузи! Вчера со славски ручеци и вечери, да не ми видат очите повеќе сарма, грав и риба, до Бадник бар. А вечер на роденден осеќам дека пак ќе има и сарма и грав и риба, брррр.... Се пие чај и се прави стратегија за диета после празнично, МО РАМ!!! Си мислев и на вежбање да одам денес ама излезе роденденов и неделава ништо од вежбање. Сакам да сменам и сала за вежбање, у една поблиску да идам бар дури трае зимава, ладно ми е ептен вака. Ај ќе видиме деновиве таа работа, ама после празнициве веќе е морално. Епа морално е Пиги! Имав ужасно напорна половина недела, слави, родендени, празници, нарачки, уф, синоќа кога легнав ми се чинеше дека ќе спијам три месеци, спиев 9 саати и малку ми беа. Викендов има да легачам поштено. Денес ќе си исчистам, ќе си средам и после лежанката дома, ручекот ќе биде лесен, желудников ми е полн со тешка храна. Инаку очите ми откажаа љубов, преморени се, ќе си пукнам. Прекинав и со читање и со се, ама мониторот на работа ми е ужасен, додека не се смени ќе биде тешко. Си ги активирав старите добри окалки од пред 3 години и сега сум добра. Бар додека сум пред монитор да се заштитам. Пишувам одсабајле, ама никако да напишам како што треба. Значи време е да затворам пост! Убав ден мамаситас, одам да работам!
Здраво на сите! Однапред се извинувам за грешките,ама го зборувам македонскиот туку од 1 месец Не сум баш сигурна дали во оваа тема треба да го кажам тоа што сакам,ама решив тука да биде затоа што сите сте i guess мажени и некоjа може да го има моjот проблем. Од како се родил син ми (веке има 2 години и пол) ,со маж ми редко имавме секс,а од 5 месеца воопшто немаме... Не знам веке што да направам,се обидов со разговори не едан пат са го решам проблемот,маж ми сало вели “офффф,зборуваш глупости,не е така,не е вака..”,како да не постои проблем демек. Од прво си мислев дека во мене е причината,затоа што имав многу тешко раганье (со цезиум) и многу време ми требаше да се опоравам. Маж ми ме гледаше како малку дете,ме капеше,ме облечеше,се нагледа на сите крвареньеа и така на така...знаете како е. Си мислев дека тоа му се е врезало на психата,знаете кога доjде збор за такви работи мажете са полабилни од нас жените. Ама многу време помина и не верувам века тоа да е проблема. Мислам дека нема льубовница,затоа што не е таков (иако од маж може да се очекува се),во работата коjа jа работи е премногу зафатен и не мислам дека ке има време за други жени,а па е и глупав во овоj аспект и нема да знае да се сокрие Кога нешто ке има,се jас jа водам инициjативата ама сум уморна веке,една жена има потреба да биде и таа посакуване не туку само таа да посакува..и така веке 5 месеца. Ништо не правам веке само од време да време споменувам дека не сме имали секс одамна,а тоj “глупости ,не е толку одамна”.. Ке бидам благодарна,ако некоja од вас го имала истиот проблем и може да ми даде совет,или барем ако некоjа предпоставува од каде би можел да доадьа овоj проблем,нека рече. Уште едан пат се извинувам за правописа. се надевам да ме разберете Имаите убав ден
Здраво дами,стандард шема на работа во ова време, дете дома со баба и дедо сеуште не се брзаме за во градинка, ја примивме МРП вакцината и засега е одлична, не покажува никакви знаци дека било што и се случува. Срце мајкино, колку само се сакаме јас и она, како и секоја мајка и дете, но јас за мене си знам за мене си кажувам. Ме топи во секој момент посебно наутро ужива да се гушка да се мази, вчера после незнам колку време седнавме да си играме, дека со мене не сака да си игра, или се бркаме или во скут да ми седи и да си правиме муабет, да се гудишкаме, да се лигави и плаче, ама вчера го бањавме нејзиното бебе, го носевме во парк, ептен мерак ми беше, кога сме сами јас и она сме супер, како се појавува трето лице она се разлигавува, ама ако само здравичка и живичка др се се средува. Во пресрет на Новатапоим немам каде ќе се оди, дали ќе се оди, со кој ќе се прослав, јас би дома, ама кој знае, големи планови си имаме, дај боже да ни се остварат, се за убаво да е само. Имам и една желба огромна, дај Боже и таа да ми се оствари мислам посреќна ќе нема од мене, уствари ќе има знам ама сакам и јас таа среќа да ја почувствувам. Работни обврски ме викаат, ве оставам убаво друштво.
@Seline Порачав блузички за малата од ХиМ и сабајле кога ми стигна мејл дека стигаат со Хермес ми се стемни. До сега со дхл стигаа, изгледа смениле за побрзо, со дхл многу чекав, а со хермес побрзо. Ама кога порачав број на претплата, требаше со Хермес да стигне, и сабајлето требаше да излегувам го гледам хермес се вози по улица врти кругови и на крај застана на ќошот на телефон, му отидов викам има пратка за мене ќе излегувам сега нема да сум дома, тој како теле ме гледа, само си викав боже мили дај ми ја пратката и продолжи да си го губиш времето залудно. Позабегани ги нема. И малата до 6ти јануари дома. Што е многу, многу е. Јас не сум на одмор до 6ти јануари и одма компликации. Кога е градинката на одмор автоматски треба и едниот родител да е.
@danichap мојот не стигнал на време снемало во маркетот што му е во близина . А колата ја дал на газдите и нема сега со него кола и се откажа од потрага и ми вети ќе ми земе од тука некоја ... ама јас упорна и надежна дека во Лидл Бугарија ќе ги донесат.
За какви четки зборите?? @TutiFuti @danichap ?? И колку пари?? Иначе @danichap е во право. Ако сака човек земјиште куќа стан или било што поголемо што кошта треба парите в банка да се барем половина. Ова ми го кажа и таа во банката. Дека не треба сите да ги вадам. @Д.Чобанова Влези во под форум брак, мислам дека таму би ти одговарало прашањево плус ќе слушнеш многу повеќе совети. Добредојде иначе. Супер си со јазикот не се секирај, баш на добар пат.. Мој совет ти е разговор и разговор со маж ти со карти отворени на маса, така се решаваат проблемите. Бракот е еден начин на живот со куп проблеми, предизвици и падови, ако некој рече дека му е перфектно, лаже. Суштината на бракот е таа, да успеат мажот и жената да се издигнат над проблемите заедно со подршка љубов компромис, договор и разговор. Овие зборови имено факти се клучот на еден брак. Мирот, погагијата. Ќе седнеш и ќе му кажеш се што си мислиш в глава, ќе му кажеш како се осеќаш.. ќе побарате чаре за било каков проблем ако има. Не е крај свет. Решливо е. Сите имаме такви периоди што од нова етапа што од превише нервози на денешниот живот компот па не ни помислуваме на секс од преоптеретеност. Може има мака. Ќе седнеш ќе му кажеш да биде искрен со тебе и да раговарате шта год е. Да каже. Само така се решаваат проблемите. Со две страни. Ако само едната надига тури пепел. Со сила убавина не бидува секогаш сум кажала. Ние океј. Бевме на шопинг на пазарлк се расправав со телефони изигрвав секретарка правев доручек цедев сок, со малово 3000 на саат вклучена низ соба и така мина половина од денот, сега го заспав па ќе седнам пола час да изтргнам нозе и мозок. Вчера имав колапс. На пат на неревен слом. Седнав на фотеља сама до парно додека вееше снег и седев цела ноќ така на тишина на мир а маж вечерта го снајдов да замине на работа, нит е спиен нит одморен нит ништо. Сва среќа се расипала приколицата па сега ќе си дојде ама прашање е кога кога треба да пешачи еден куп.. Уф .. ај доста зборев за тоа Ако ветувате не знам веќе како се викам од нервози и секирации за маж ми. Ем му реков барај слободни денови 3 4 не мора повеќе не и не и он е инат. Ај убав ден.
Милион пати ми се случило ова затоа и мене ми се темни од нив, еднаш дури трчав како луда по комбето со телефонот на уво со таа во кол центарот да ги сопре оти по трет пат не можеа да го најдат влезот кој иако беше од задна страна дхл секогаш без проблем го наоѓаа. И готово ако не ги видев ќе се вратеше пратката од кај испраќачот веќе. А најјакото беше што тогаш едвај зборував по нешто од јазикот ама важно и се скарав на таа по телефон, до толку бев нервозна. И втор пат денес да пишам, ова досега не ми се случило, дете земено од градинка и веќе спие, јас се решив за брза варијанта на ручек, супа, пржен компир и се што има во фижидер. @vitamina чисто предлог нека земе маж ти некој ден боледување, иако знам дека ова и на мојот да го предложам нема да прифати ама знам многу и тоа и германци што без врска си земаат боледувања. Мојот во толку години што работи тука само еднаш има земено и тоа од што така му нареди докторката, мислам дека полуде, па како сега, па што ќе рече шефот, велам па имаш наредба од доктор не дека ти сам сакаш да седиш дома, а постојано ми кажува како неговите колеги земаат боледување чисто без врска. Па крајно и од слободните денови нека зема да не се мачи, нема да е крај на свет, здравјето е побитно вака со нервози само здравјето си го расипуваме. Позз женски!
@vitamina Гушкај синко, може те осеќа дека си вознемирена, па затоа е немирко. Ќе пројде се. Битно сте здрави и живи. Бебе мое се успа, се преспа. Ме маваат нервози. Дијагностичари сите. И моите не дека не. Дека сум пробала салама, ради тоа се вцрвело едното обравче. Иначе да, црвенко и е едното обравче. Еве спие, па и обелува, не знам од што изиритирано. Нема брумче, нема суво, така црвено си стои. Вчера се насобрав со нервози од кај свеки, денес не можам на себе да си дојдам еве го скоро 14:00ч. Упорни се со лимонот за икање и со медот на лажалка за да фати. Еве не знам, зашто па мора да фати лажалка?! Не сака, не мора. Не можам со сила да и ја бутам. Ме прават да се чувствувам најлошо на свет дека детето не ми сака лажалка цуцла. И за водата исто, за тоа веќе почнав да кажувам дека пие, само за да ми се мафнат со тој муабет. И моите дома се слични, исти тертип, да не речете дека само контра свеки сум. И сегде игнорирам, ама ми прекиснува. Успеав и сама. Денес сум смрзната. Начисто. Надвор вири некое сонце, па се мислам да ја изнесам низ двор едно 10тина минути. Ама се успа и тоа се успа јако. Скоро 3 часа спие веќе. Мислам дека не фати тоа неспиењето ноќе во 4тиот месец, па еве веќе 2 - 3 пати преку еден ден, си седиме и си се смееме од 3 до 4 и пол. И после си спие нормално до 8. Е затоа му ја надокнадува со првава дремка... Ама дремка... 3 саати... Ја и татко и ќе локаме кафиња... И тоа. Одбравме материјали, кваки, лајсни, механизми ... Кујна се спрема. Ај. Не бев многу позитивна денес... Може ќе се вратам подоцна да сменам впечаток...
Овие се закон, јас го имам фигарото и пеглата, се мењаат додатоците, госпожа Данка ми ги донесе, многу практична работа. А баш ваква четка сега барам да купам ама овде цените се вртоглави, по 50е+ за квалитетен бренд.
@TeddyGrey Сите се исти. Лимон и мед,лимон и мед.. Се изнаслушав и јас. И дадов лимон неколку пати на лажиче и се смируваше секундарно со икањето. После си ставив прст на чело, дека јас вода не давам на толку мало бебе а лимон дадов, еве ако и направев некој проблем, ако беше алергична? За медот.. Вујна ми скорото ми кажува дека кога се породив, свеки и рекла “ај ти кажи и нека и стави мед на цуцлата за да ја фати,нас не не слуша”. Со кој памет човече.. Вујна ми така ќе ја угушела братучетка ми кога била бебе, и дала цуцла со мед а детето алергично да ти биде, почнала да се гуши, па лежеа во Козле со месеци Дури кога наполнила 9 месеци ја донеле дома. Замисли.. Не фаќа-не фаќа, крај на приказнат, не нудам веќе. Најново е дека МОРАЛО да ја учам да пие од шише ?! Викам абе вие за чашка, за сламка,за клунче не сте чуле? И онака сите ме обезхрабруваа за млекото и таман го заборавивме шишето, пак да сум и го дала.. За да сум можела да излезам да прошетам некаде, а она во меѓувреме да си ја нахранела со ад млекце. Ко мислиш нејзино бебе е. Чудни луѓе.Неписмени! Сите знаат повеќе од мене, ма они се знаат. И давам јакна прееска да и облече, она на врата надвор застаната и ќе ја соблекува. Абе ладно е внеси детето дома,зошто надвор ја соблекуваш кога е мраз,ја прашав. “Ама не,јас секако внатре ќе ја облечев” .. Аха. значи за да ја подизмрзнеш направи така На овој мојов и да му кажам, ќе рече “ ти па само негативно за моите збориш” .. Мамино синче е*ате. Доста мрчење. Си ја прошетав беба во количка 40мин. Ја стокмив со капа и ракавици, ја чучнав во количка и се раздвижувме. Тоа бил спасот, да седи Малку закенка при крај, ја кренав во раце, дојдовме дома и после нецели 3мин заспа цицајќи. Многу се измори госпожата Чекам мм да дојде да ми направи кафе. Заспа малата врз мене,па креветче сум моментално. Како би дремнала и јас 2-3 саата..
Знам дека се скапи ама таква ми била среќата мм не зел немало бидејќи во неговата близина кај шо живее скоро се се балканци и брзо зграбуваат се од Лидл.
Јас ја имам втората четка, но од Париз Хилтон, не се сеќавам дал од Хофер или Лидл ја земав и воопшти не ми врши работа, не знам може до должината е, бидејќи косата ми е баш долга и само ми ја размајува и заплеткува, па си стои во фиока. Инаку дете конечно заспа, сабајле се издигна во 5:30 часот, втор пат во неделава, па се дружевме до 8часот. Поштарот само што ми ја донесе елката па сега ќе го чекам маж ми да се врати од фитнес и да ја склопиме..се радувам како мало дете Цел ден чмаиме дома, а сакам дете кога ќе стане да прошетаме малку додека не е застудело повеќе, но таква мрза ме е фанало..ништо не ми се прави.. Убав ден мајки
Множи со нула, нека пикнат тие в уста цуцла со мед. Јас кефој бев шо мн брзо ми ја плукна лажливката. Не се ни потрудив да и ја стам пак. Кој да ми спомнеше цуцла демек убо е, им викав Вие пикните пк ви е мерак. Ма ич не му се замарам. Мое дете-мои правила на одгледување. Сулфлери имат колку сакаш.
Добар ден Конечно бебе заспа па да чкртнам некој збор. Денес моравме во 10 да излезиме со мм па и бебе со нас зш немаше кој да ја почуват. Ја пикнав в кенгур и аут. Времето тмурно јас и чадор влечкав. Завршивме работа па истеравме едно кафе со мм. Бебе си уживкаше. Искористив и попуст во Просветно дело, земав еден куп подароци за внуците. Сеа раат сум со поклоните. Сеа свеќи сакала да дојт кј мм се јави ама и рече дек бебе спава, а таа ам шо има сега да спијат бебево Идам да пуштам машина и да мијам садој дур спава госпожава.
@TeddyGrey и јас се изнаслушав истото од свеки и тоа замисли уште на своја рака кога не сум присутна јас и дала на малата лимон, а на цуцлата и ставила мед иако 100 пати и кажав дека не сакам да и давам. Бебето ми е еден месец она од сега и дава среќа немаше никаква реакција иначе не знам што ќе направев. Бебе си заспа па малку време за мене, да ве прочитам сите и нешто да пишам. Денес беше многу кенкава ја мачеа грчеви душа мајкина, цел ден го помина во раце и на цице. Давам капки ама не и помагаат многу па повеќе ја масирам на мешето. Среќа успеав да направа ручек па сега го чекам мм да дојде од работа и да ручаме. Се надевам бебе ќе спие ќе не остави на раат да јадеме. Убав ден на сите.
Да не е под некој стрес, да не е преуморен психички, па не мисли на таа работа... мада незнам дали има преуморен маж за секс Стави му некоја чашка виски, винце, купи бадемчиња, јатки други, запали некоја свеќа. Прво разговарајте како е, како му е на работа, уморен ли е многу, не ли е, па разговарајте за оваа тема. И нека не кажува не е така, дај му го знаење дека е така и не попуштај да те убеди. Патем добредојде во темава Да не сум ептен офф топик, тука сум ве ѕиркам, читам, ама немам што посебно да кажам. Го резервиравме дедо Мраз да донесе подарок за маливе најмили мои, па чекаме да се јави и да дојде Домче си се чуваме тројцата сами до кај 5, како и секој ден. Чатпат шеткам до кај моите за да се издуваме и синко да си поигра со едни внучиња од братучедка таму. Денес ручек немам.. и го чекам мм да дојде со некој сендвич. Маливе битно ги наранив. И така.. убав ден мајки
Здраво девојки. Се враќам од работа .Ми се спие ми се плаче.Кафе пиев и пак исто. Денес денот беше што би рекла една моја бивша шефица, зјај пазар, повеќе зборење од работење.Па имавме парти нели.Ајде вчера им кажав на практикантите дојдете во 13 не во 12 ќе дојдеме.Добро.Па дојде едната, другата рече покасно ќе дојде Како ние така журки да си правиме тука не да работимеАјде шефот имаше странка па ја чекавме и другата.Па првата излезе со стрнката на кафе ќе оделе.А ние ги чекаме Ајде дојде втората .На првата и пишав дојди.Ми враќа за 20 минути Тогаш му велам на шефот јас ја сечам тортата .Тој ми вели сечи ја .Па јас извадив и дадов фереро поклонот и на шефот фереро плус вино.Сите се прашуваа што ли има во ферерото оти како киндер јајце па и тропаПа дојде првата практикантка и ни даде поклони мон шери.Не ги сакам јас оти се со алкохол ама мм ќе се радува На крајот шефот ги праша сака ли некоја да доаѓа плус и овие ќе се степаа , а кога требаше никаде ги немашеПа шефо ми вели Ава да ставеш влезница да земеме некоја пара чим толку сакаат Само што си мислев ќе одморам од зборлестата колешка практикантките пак ми дишат во врат.А бабата -колешката ќе оди на карабите не се плаши оти има мозочен доживеано и едвај се движи, се плаши времето да не и се погоди па да има невреме Ми откажаа терминот на очно , а си имав на 27.Значи човек ќе си направи термини ќе му ги одложат и после оди да те видам на доктор. Малата изрази желба за бебе т.е братче или сестра.Му кажа на мм , а тој кога направи една жална фаца.Претходната вечер се жалеше колку е тешко дете да се чува особено кога немаме помош.Да сме биле мк до сега 3 ќе направелЏоа ми ти сами растат во мк децата А кај беше 12 години колку бевме мк додека одевмеТие си кажаа желбите уште мама да сака и да се фрлиме на работа @TutiFuti сваќе поинформирана си од мене.Откога тргнав на работа во лидл дали 10 пати сум била во овие 6 месеци.Кога и да отидам по нешто ,нема. Тогаш барам онлајн ама не ми се дава 5 евра за трошоци за пратка.Нека проба онлајн. Туку @danichap нешто многу ми е нерасположена или од премората е @vitamina ти си борец ќе биде се во ред @galapce Поздрав имам втора забава ама ова поумрена ќе биди од првата