@Ava.84 уморот и здравјето си го земаат данокот кај мене, ми влијае и се забележува претпоставувам. Некако глава не кренав. Цела трета бременост нон стоп болна, плус со двете други обврски, сега три и многу поголеми обврски... попуштив. АМА мајка иде на 29 декември, ќе имам бејбиситинг за да шеткаме, а фебруар и карибите одморот...биче боље. Само еднаш да заврши оваа никаква година и доктор да не видиме. Едит: Витамина, не пола, туку сите мора да ти се на сметка ако купуваш нешто. Пола е доволно ако банката ја финансира другата половина и бараш кредит. НА пример, земјиштето кошта 250 000. Ако сам си го финансираш мораш цела сума да ја имаш на конто. Плус, одма се активираат од финансовата полиција и проверка парите од каде се, доколку е извршено префрлање од друга сметка на твоја. Е ако сакаш да зедеш кредот од 150 000 на пример, тогаш треба тие 100 000 да се на конто. Тоа што е под перница нема да успее човек, не во вакви суми, да го стави во банка, а без да докажеш дека го имаш остатокот нема да го дадат кредитот.
Некој да ме просветли како гласи новиот закон во Италија? Ништо не можам да отворам на интернет. Јас сум за секоја пара да е во банка. Барем нас ќе ни треба за кредит и за куќа/ стан. Сакам да работам и не сакам финти. Мм налетал на некој си Бугарин во банка па му кажувал некоја си финта, од моето конто да сме плаќале кирија, не од неговото. Не ми се прават балкански финти. Сум заборавила да кажам дека малата сама се качува по скали. Жал ми е до 5ти сама ама колку толку ја оставам нека вежба, нека се измори. Вчера ме пресмеа. Влегуваме в маркет и трча кај лебот. Зема кеса и од тие за влечење и влече кроасан, го зеде го стави во кесата и трча на каса. Гледам и се чудам. Кога сум земала не сум ни помислила дека ме гледа што правам. По цел ден си потпевнува нешто и се смее се гура во мене као демек се срами. Менувањево памерс и би и не би да го коментирам. Жива вода станувам. Па приметив дека кога ќе отиде мм на работа и менувам памерс па да не помислат комшиите дека кога оди мм на работа си го малтретирам детето. Тоа ми е најмачната работа во текот на денот. Смајлињава колку да дадат повистинска слика на пишаното. Се повеќе не ми се пишувао на форумов бидејќи едно мислам ама тој што ме чита, чита сосем трето. Некогаш во брзање може и грешно да напише човек. А има едни што седат како мачката кога чека глушец и одма рипаат. Не можеш да им избегаш. Утре треба да носам три машини за перење, а богами ќе дадеме и 4 евра и за да ги исушат сите во една машина, голема им е таа за сушење кажаа може сите во една. А до вечер може и четврта да присоберам и тоа би било буквално се што имаме значи во четири машини го собира. Кога дојдовме се во една машина собираше, ете колку сме напреднале. Малата спие во ова ниедно време, и вчера исто, прва дремка 15 мин, втора саат време ама вечерта регуларно заспа, иако ноќта беше будна два саати ама се навикнав исто како да не била. Има добра понуда за машина до сабота ама се плашам немој и таа да ја снема од доле. Некој не не сака во зградава. Сите се муслимани ако има тоа некоја улога. Па дали да почекаме за нов стан, ќе видиме. Треба и патикиве пред врата да си ги осигурам. Едвај чекам нов стан. На втор кат. Да немавме во близина маркети, трговски, трамвај, автобус, банки, пошти... мислам дека ќе се мрднев до сега. Шест маркети имам во радиус од 1 километар. Од кои едниот со брзи каси. Влагаш, купуваш, сам куцаш, плаќаш и излагаш. За мајка со дете феноменално. Ај уште малку да поштракам и ќе ве поштедам. Уште спие, а еве го се стемнува. Туку денов кај краток уште ли ќе се скратува, стигнав на работа уште темно беше. Кога дојдовме никако не се стемнуваше, сега никако да се раздени. Да стане малата и да фаќаме патот.
@danichap многу се познава дека си преуморна не е таа Дани од пред некое време. Туку си викам малите треба да градат имунитет и често се болни ама ние нели сме возрасни. Исто и јас секој четврток нов вирус си имам.А од 2 години сум одела во градинка.На долг рок било убаво нема што.Како пак да сум во градинка Ама мислам после Карибите ќе ни се врари старата Дани
Исто и мојот тоа го кажува. На свој терен се поопуштени изгледа Демек кај нас е полесно, од една баба до друга...разбираш Си се шетаат вели слободно низ двор, до кај комшии, меѓу животни и нема да осетиш кога пораснале Мажи бе, лесно им е на нив. На тој начин си се тешат, да знаеш демек тоа е причината. Тие мажи пак во МК што се, може велат да бевме во странство 3 деца ќе направевме Дете денес се запна сликите од роденден ги сака и крај Ја прашав воспитувачката рече уште не се готови, не се разбира цел пат плачеше, има такви денови ќе му текне нешто и ќе мрчи со саати Утре ќе делат календари во градинка. Со групна слика од новогодишната претстава Одам, мм го фати некоја дремка па да го будам. Мене умот ми е во сармата, да одам да наполнам стомак да не ми биде тешко после Што велите за еден одмор на Карибите, ние мајките од фемина сами на неколку дена а? Нека чуват мажите малку деца! Ќе биде весело, сите вируси, инфекции, шишиња и цуцли ќе ги оправиме
@Ava.84 да да сваќе мора фаќам темпо како @danichap да бидам прва на каса од нареден месец здравје ако биде се како што треба и ние да одиме со мм натаму ако не ќе го чекаме февруари... и конечно.. Многу се изнамачи маж со тоа станот додека најде и сеуште е во потрага толку не му е тешко работа да најде колку што му е тешкп стан да земе. Во новата одиме со нови сили ... Ве гушкам сите и еден период планирам да правам пауза и да се освежам со мажето и синко малку на Банско .... .
Добра вечер. Го оставив сам да спие со татко му а дека жешко во собата се вртеше до сега па го чекам да зацврсти ќе одам да гледам серија во дневна на фотеља со парното. И малку да отворам џамот да се освежи. И јас пекам за стан. Ама здравје.. не се брзам трпение. Навикнав и овде. Да се подсредиме со фирмава па после ќе барам. Знам дека така веднаш ќе најдам. Иначе мириса и има многу мувла.. Утре ќе одиме да шетаме малку додека маж е на работа. Му викам преска дека од толку чоколади и благо низ маркетите за божиќ јас заборавам да земам нешто.. аман и после дома ми дотекнува дека сакам благце а нема. Преска му правам муабет на маж дека јас сакам од лидл од тие за коса што ги носат целата техника дека ми се допаѓаат дека стариор фен од лидл ми беше незаменлив бла бла ве спомнав и вас дека сте си купиле четка он слуша слуша слуша и на крај вика "ајде ајде уште малку покористи го овој па купи си што сакаш" го убедував дека не ми се свиѓал неговиот избор викам не не сега ќе се сушам не бе вика иди купи си друг сериозен сум Преска дојде да спие а нас не измава во еден маркет И така. @TutiFuti многу ми е мило за вас мајче.. знам колку се изнамачивте. Со години тука те читам дај боже после новава да си бидете еднаш засекогаш на купче и се да е во ред. Од моја гледна точка подобро е мажот да биде некоја год сам за да отвори убаво терен запознае упознае се се стекне со финансии инфо стан итн за да одпосле фамилијата не трпи. Која разлика беше кога ојдов во англија на готовс после некоја година а која тука со се од почеток а 3 јца наместо еден. Да е бил он само ќе е имал многу помалку трошоци. Да не се лажеме ама стан финансии инфо е мн битно за да маж одведе фамилија на готовс. Сум искусила и знам колку е убаво чуството. Ем дете да не се мачи според мене е така. Се сеќавам дека кога ојдов во англија првиот ден маж ми ме одведе во една продавница и бидејки ојдов со еден куфер купив во истиот ден уште еден куфер алишта Убави мигови беа тоа... Се ближи роденден на маж... денес гледав и правев идеи за шопинг. Исто и за божиќ си правев идеи и пазарив по нешто.. Многу се радувам на вакви денови.
Добро утро мајки Јас вчера и денес сум дома со децата.Малото 3 дена има висока температура.Вчера на болница и крв му земаа ама рез.се ок.Дали е само настинат стварно незнам.И големиот мн кашла и затнат.Свекор ми не можел со 2те деца сам.И јас останав. Денес си иде мм.Едвај чекаме.Дури приквечер ќе стигне. Синоќа едни пријатели колеги од мм со жената и децата донесоа пакетите од мм што испратил.Деца одма отворија играчки камиони железни со мали колички и еве ги си играат.Колку радости.Уште татко им да си дојде. Вчера правевме со големиот макарони и ми вика мама ости малку а тата момони.После не ми даваше да јадам мама ости а тата момони малко... И така еве ги буфтаат и двајцата.Офф значи нон стоп се болни. Не да се нервирам ќе пукнам. Малото плаче од чепче.Мама вади мама вади и плаче ли плаче. Ама колку зборува.По цели реченици кажува.Во понеделникот дури во 15 до 4 ги земав од градинка и малото ми вика мама мене паце деде нема дои.Му викам срце мое мама дојде.И повторува по мене срце мое и вика моја мама и ме гушка. И големиот плачел оти дедо му не отишол да го земе порано.Го очекувале. Мајка ми вчера им донесе пакетчиња па вадеа редеа броеја и се радуваа.... Си играа рипаа.. Позз мајки.. Убав ден..
Нарачав место пакетчиња, кашички да ми носат поблискиве. Не можеме ја и мм толку пакетчиња да изедеме. Секој по една кашичка, ич неќам трошоци за мене да се праат. Многу сум скромна, ама стварно ми е незгодно од скапи подароци. Облека еден тон имам. Почнав дс тргам на страна, имам и неизносено дури. Да соберам уште малце и да наредам и на пролет сакам да донирам. Не иде сега да ги дадам у сред зима, летни се алиштава. Донирате? И каде? Сакам да сум сигурна дека идат на право место. Ако некоја познава некоја мамичка што е трудна и што и е термин од мај натака и што стварно има потреба нека се пријави. И релаксаторот ќе го дадам. Сочуван е, а веќе израснат. Што е следно за користење после релаксаторов? Толку се навикнав со него, што се плашам без него дека кафе нема да си сварам ако го немам да ја спуштам бебка, а тек па др работи. И така... Имајте убав ден. Петочки. Јас на прослава од работа вечер. Ме мислеле ако сум на породилно. Денес спремање...
А оти да ги дадеш? Спакувај во вреќа вакумирај и под спална, над плакар, здравје второ, па од роднини од пријатели деца, ќе се износи па ќе се искористи. Не донирам бидејќи моја пријателка донираните си ги најде на ФБ во група за продажба, затоа строго на најблиски. Ми даваат ама јас не ги продавам, а давам и јас облека на познати. Никогаш не би дала така на некој непознат.
Ај добро утро! Доручкани што е најбитно, и тоа домашна кокошкина супа и тостирани лепчиња а работата че почека. Денес надвор и прилично е ладно,па освен неколку минутки до маркет по основни намирници, не ми се верува дека ќе мрднеме на друго место. Најново откритие на синко му е магичната табла од алиекспрес. Фломастерот се полни со вода и се пишува на тоа како тепихче, во разни бои излегува пишуваното. Потоа само по себе си се суши. Интересно е ама и му поминува време. Сношти им го дадовме поклонот на моите внуци, сфатив колкава љубов има во едно дете од 10год.увидувајќи ја важноста на поклонот. Кога им го дадовме дете не престана да плаче, беше толку воодушевен што цело време кажуваше дека не требало да се трошиме декс не заслжувале толку голем поклон за нова година. Не расплака богами и нас, мм му вика дека од срце и со љубов му го купивме, само го гушкаше и плачеше. Горд бил што имал такви тетин и тетка кои го сакале неизмерно. Мене срце тоооолкаво од задоволства. Само тие да ми се среќни. Колку малку само треба да купиш насмевка на нечие лице, да задоволип нечие срце. Пресреќни беа. Денес рано рано ми прсќаат видеа Правосмукалка сеуште немам купено, смукам со една која не дека не чини ами јас не ја сакам. Секое метење ми е хорор. Ама за брзо ќе си порачам нова, со мерак да смукам Убав викенд, предновогодишен на сите @AngelOfArh Некогаш и блиските се преценуваат па не сакаат стара облека, барем во мој случај. Јас донирам низ цела Македонија, на непознати од групите на фб, дури и ако ме носи патот накај местото каде живеат, им ги давам лично. Се имам запознаено со доста женички, е сега на срце и душа нека им е на тие што бараат а препродаваат. Во нашиов град има неколку жени кои јавно споделуваат на кој им е неопходна помош и се што е потребно со кола го собираат од дома и им го носат.
Добро утро добар ден.Денеска кај нас е толку врнежливо натежнале облаци само за спиење.Децата завршија со училиште за оваа година, а малото уште денес е во градинка и толку за оваа година. Конечно ќе се одмориме две недели од училиште градинка фудбал и се останато. Вчера во градинка ме прашуваат кога си легнува најмалото дете.Јас им кажав во 20 00 часот.Ми кажаа секогаш кога им пуштале малку музика и им читале приказни а децава сите легнати на подот на перниче секогаш моето дете заспивало.Па добро де што треба да прави и јас сум нормално ќе заспијам.Е да сме пробале да го легнуваме во 19 00 часот е нивниот предлог. Абе да кажам ми се смачи од оваа градинка одвај чекам да завршит детево во градинка.Нон стоп некои мани ни наоѓаат.А ниту една што работи во градинка нема деца немаат љубов за деца немаат разбирање. Чудо од луѓе.Ама одвај најдовме слободно место неможам да барам пак и да чекам една година на друго место.Сега овај период е прекрасен и ќе одмараме максимално до 6 Јануари. Поздрав до сите и имајте убав викенд.
Добар ден и од мене! Фала му на Бога што е петок денес, затоа што ако требаше уште еден ден да доаѓам на работа некој ќе загинеше. Преморена сум од глупости до кај може и не може. Како да не е сето тоа доволно, па и малиот ми е станат отров! Што и да му кажеш, негов одговор е НЕ! Сине подај тоа, НЕ! Ајде да легнеме, НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!! И тоа е по цели денови. Само се расправа, само се нечка. Разлошен е до бескрај, не знам што да му правам. Казнувам, објаснувам, разговарам, пена ми фаќа устата. Се надевам дека брзо ќе помине фазава, затоа што наредно ќе почнам и да плескам. Ќерка ми никогаш баш вака не правела, некако полесно се разбирам со неа. Одмор немам годинава, нема раат да видам. Жими 1-ви јануар ќе нема да сум на работа. Уморна сум многу, сакам да си поседам дома без обврски. Сакам ама... Да се надеваме дека новата ќе биде подобра, со нови сили во нови предизвици. Убав ден и убав викенд девојчиња!
Сакам да дадам. Имам и за да остане имам и за давање. @AngelOfArh Ама сакам да бидам сигурна дека на право место ќе дадам. Стварно имам премногу.
Причај ми о томе! 8м мислам дека од Немој Матео друго немам кажано. Сабајлево станав во 6ипол да му сечам нокти дур спие, у сон вика Не! ама со едно пискаво гласче, да си пукнеш. до пред 3 месеци немавме гајле, нит сум го исекла, нит сум го штипнала, едноставно одеднаш престана да сака да сечеме нокти. Шишање? Ко кромањонец е, не сака да чуе, на бањање ако го фатам арно, ако не ќе си шета бушав. Го скастрив пред еден месец малце, абе ко Нијагарини водопади беше, лом, одма му порасна. Што мирно и мило дете беше, од кај дојде инатов, освен од хороскопскиот знак де, еве не знам. Иначе каков мазалец е, вчера на гости ме гушка внукот од јатрва ми, леле коа рече мама, дојди... аиии, мазле едно.
Добро утро мајки Сами со со најмалово дома. Едно како ниедно Дете најадено и пресоблечено, кујна и трпезарија средени, сега кафе на дневен ред и ќе чекам да дремне момата. После втора рунда со бришење под, усисавање. Втората дремка ја чувам за пеглање. Си го видов името на листата за форумџики а годината. Вие таа работа гарант Кукав, кукав, се жалев, па сте си рекле ај нека се порадува малку . За бељи не ми кажујте. Сите кажуваат какос е радуваат за братче/сестриче,како сакаат ново, овие моиве очи ќе си извадат. Колку се љубоморни тоа чудо. Најмалово е гревче. ШТо и да фати во рацете, одат и го земаат, па и со прстетео ја караат и и викаат ту тууу. За поголем ефект, некогаш земената играчка и ја изнесуваат во ходник и врата ќе затворат. Двете поголеми прича за себе, коси кубат, се апат, се подбутнуваат...и вечито со прстето шеткаат околу. Едната ја кара другата. А во градинка се златни, се фалат од двете. дома рогчиња како даим никнуваат. Во моментот кога големата ќе фати нешто во раце средното театрално почнува да плаче, да вришти, да се бутка да и го земе...и ете беља. Почнав дупли работи да купувам. Во игралната секој има своја масичка, свое столче, им давам исти блокчиња, исти бои...не и не. Пак ќе отиде кај големата за нејзиното да го зеде. Иде и во веце со мене. Ама тоа ви е познато на сите. Па ѕирка позади, до каде сум, па чека нетрпеливо со подотворена уста, па ако чуе нешто одма звуци на воодушевување и аплауз. После на сите, сеедно мала нужда било, кажува мама кака мама кака. Тоа зрнцата за сега не помагаат за спиењето, ама некако како помалку да вришти средново. Ај, може треба упорност. Синоќа најмалово 3 пати се разбуди, големата еднаш, морав да ја зедам во постела, е и средново уклучило сирената без да го чујам па маж ми ја прибрал во постела. Едно време нешто кај нозеве осеќам, па со сиот памет(сонлив де), подбутнувам, кога дете почна да вика. Тоа дете било кај нозете. Се чудам од каде, гледен едно до мене гушнато, едно во монтажното креветче...е третото де. Маж ја прибрал и нејзе. Се мислам за ручек што. За алишта не спомнувајте. Плакарот ми е 2.30 на 4 и крца. Плус пакс е, од икеа, ептен е практично поделен за максимално искористување на просторот. За јакни, капути, мантили нарачав едно метално на тркалца, за закачување, ама ќе треба уште едно. Не ми ги збира на првото. И тој за обувки крца, но очигледно не ми дие памет штом нарачац уште едни сандали и чизмички. Овој ХМ само ме лаже, оверсајзд џемпери имаше ептен намалени, си нарачав, па чекам пакетчиња. За децата исфрлив веќе многу работи. Дел ќе доносуваат помалите, дел што се многу убавис е во подрум во врежи и не знам што со нив, но голем дел завршија во контејнер. Леле до 06ти ќе здиват децава дома, а и ние. На глава ќе ни се качат. Убав ден мајки
Јас за во темава сум била а уште не сум свесна за тоа Бебуш направи една недела,се учиме полека,среќа имам помош од свекрва ми за бањање за чистење и ручек дури ни носи Јадеме на рати и во смени со мм,се туширам набрзинка и тоа на рати. Бебле е мамино галениче само кај мене сака да се тутка Млеко ми надојдува ама не му е доволно па се дохрануваме и си е многу лаком бара уште Ја испратив свеки таман мислев ќе се испружам до мали ете ја мајка ми на врата и само брмчи нешто Хормоните ми работат лудило и се ме нервира. Убав ден мајки.
@monik55 како тоа ти се породи а јас незнам???? Нели шилегов ќе го чекаше? Како сте? Кога се породи? Нека во е живо,здраво и најголема гордост
Здраво и од нас. Прво добредојде на @monik55 Богами ама летна времево, ни мене не ми се верува дека си во темава со бебе веќе, дур трепнеш ке ти летне и тебе, уживај со бебчето најубаво Да ви пишам додека спие малава, а синко грицка колачиња. Правевме заедно, колачи без глутен, почнав сама пак безглутенска исхрана дека најдобро ми се виде дека е кога го исфрлив еден период глутенот. Ке терав и тогаш без глутен, ама ми рекоа на клиника давај може ке треба гастроскопија, а ако не даваш нема да имаш точни резултати.... а гастроскопијата не ја спомнаа после пак. Чекаме сега резз од Ману и Имунологија, дури за три недели ке се готови, кој ке ги дочека... Времево со маливе ми лета, ама така кога нешто чекам, неможам да дочекам, еден ден како 5 дена. Ај со празниците ваљда ке подзаборавам, па ке ги дочекаме. Состојбата иста му е сега за сега, а снимање на цревото незнам кога ке бидне и дали ке бидне, одложуваат, немале доктори, требало сала, требало анестезиолози, а на клиника е гз преку глава. Операцијата на килата одложена за пролет, имунитетот му е нула, башка период на вируси ептен, рекоа тоа може да почека, не е итно. Дома си се чуваме, чат пат скренувам па го карам, а малава стои до него и цмок цмок ми прави, така се брани... со бацување Ке отиде кај елката, и и викам неееее таму! Цмок цмок цмок со устето одма Инаку земав правам декоративен камин, многу убаво ке ми излезе За фотографирање... сама ке си ги сликам, утре и дедо Мраз ке ни дојде дома, ке удриме некоја фотографија и со него. Синко минатата година се плашеше од него, оваа едвај го чека. Стана малава, ке ги шетнам малку надвор, убав ден мајки Едит: Сакав на @danichap да се надоврзам. Викаш едно како ни едно, па ситуацијата кај мене да ја кажам Викам ај да здивнам, го пратив синко кај тетка една (има внуче таму едно си играат и седеше цел ден), мојава една како 3 стана хахаха Леле ме збесна, и фалеше батко и, цел ден кенкаше и плачеше и се шеташе низ соби и го бараше, не сакаше ни да јаде Едвај чекав да си дојде, кога си дојде му се фрли и го изгушка и испобацува Кога беше помала немав гајле, стварно одмарав со неа само.... Како ке биде кога ке тргне батково го градинка..