Добар ден! Да промрчам малку. Без смајлина, до толку се потроши нетот што и фемина едвај ми отвори. Овие Хермес закон се. Кога излегов гледам пратката напикана во сандаче. Ни ѕвонеа ни бутур. Никаде немам потпишано дека сум ја подигнала пратката па може и да не платам. Ама изгледа знаат дека сум чесна па така си ја оставиле. Мислам дека ќе се обидат и точакот да ни го украдат. Таа демек "добрата" ме праша сега навечер кога доаѓал мм. Жива се изедов што и одговорив. Да може да ставиме некоја ситна камера. Надворешната врата не се заклучува па тоа може да биде изговор дека не е некој од зградава. А колку е само проѕирна. Па нејзината најдобра другарка ме виде на работа, ја се направив дека не ја гледам, и ме прашува сега да не работам некаде. Жени змии на сите страни. Хахаха Шетавме по дождот кој не е силен, без чадор, па една жена така убаво ме изгледа као демек ненормална кај го носи детето. На свеж воздух жено. Да знаеш дека треба да добијам нема така да ме гледаш. Треба ручек да правам. Не ми е добро. Мислам дека многу ми е ослабено железото. Неколку дена бев на банани и кроасани, се во брзање, и наеднаш омалаксав. Јадењето секогаш ми е на последно место. Можеби некогаш ако се онесвестам ќе ми дојде памет. Некоја од вас ако си помисли дека и таа не би изнела дете на дожд без чадор ве молам да не ме цитира или означува. Треба да добијам, напната сум. Хаха Мислев во понеделник слободна ќе бидам ама јок. Овде ништо не е украсено освен пред и во трговскиот. Во Скопје се беше украсено. Тука како да не иде ни Божиќ, ни Нова Година. Свеки ни пратила нешто за Нова Година, мислела стигнало па се издаде ама уште нема ништо. Картонот со вакцини тогаш за 7 дена точно стигна ама од ова нема ништо се уште. Ова е пример дека ако некој сака нешто да направи и на крај на светот да си ќе го направи. А кога ќе речат не знам што да му купам или мало е за пакетче да земеш да се отепаш. Подобро молчи и ништо не купувај. Јас секогаш носев во Црвен крст. Така ми беше полесно и верувам на вистинско место одат. Секогаш испрано, здиплено, спакувано. Имам носено и лично на семејство на кое знаев дека му е потребна помош. Иако сум немала сум давала најмногу што можам. А преку групите на фб навистина има многу превари. Затоа и ја снемува добрината, не се знае на кого се помага веќе.
Здраво. Кафе број два на маса,овој пат го пијам што се вели таман ни жешко ни ладно мераклиски. Тоа од сабајле не го ни сетив дека го пијам,изладено исто како да пијам вода со вкус на кафе. Вчера правев кросани,да имаме дома да не дојдат кумовите да му донесат пакетче на дере.Оти тие никогаш не се најавува демек да не се трошиме,а што се вика мора да ставиш нешто на маса.Кога сум немала ништо дома сум трчала до маркет додека седеле. Дете повеќе одмагаше,но барем беше среќен дека и помага на мама,но при крај го фатија бубачките и брашното ми го исури на кревет. Ги правев на рати ги заменив,ги намачкав со маргарин и во замрзнувач додека дете го заспивав.Потоа лесно сучи, виткај и печи.Меѓу време и ручекот бидна,го расчистивме нередот и дете се разбуди..... А денеска не сум подвижна од кичма,стомак се ме боли.Зошто ми дојде денеска,нека се закаснета некој ден.Сега ќе пости мм 10 дена. Ама кој му е крив му велев вчера тој мака ми е, ова ме боли она.Сега нека пости до нова година. Дете носи дадена облека од другарки ,пријатели,роднини за низ дома.Никој не знае дали се купени или донирани.Сепак се зачувани и никој нема да го врати. А инаку ги чувам и јас алиштата од дете со надеж дека ќе биде второто за брзо.Ако не тука се за роднини,пријатели...А мода ќе помине,но добри се за низ дома. Измив коса дете кога заспа,а не ми е исчешлана.Сега ни фризер нема да ја отплетка, но слатко ми беше кафето со фемина. Одам да кубам коса.
@monik55 Ако веруваш чекав малава да заспие па да те прашам дали свеки го сака бебо...дека велеше нема да го сака...читам многу нешта се промениле..гушкајтесе
Добар ден. Вчера денот беше... Не баш од добрите, ме полуде малата, вечерта среќа малку помирно ја поминавме. Сабајлево по дома се занимававме, и направив "тврдина" со перници, па се испорадува, ми викаше тоа било нејзината дома, а другата, и покажува со рачето на собата, била мојата дома. Шуќур, од мали се одделивме. Стана татко и, па со него си играа, јас една серија изгледав и кафе испив. И ај демек ќе спие, јас нормално пејам песнички и почнувам за пожарникар, она вика за фајрмен сем, па почнувам на англиски и она ми вика на шпански сакала. Татко и лежеше и он мораше да спие, па зема се смее со солзи човекот, јас се смеам не можам дете да успијам. И уште ми вика за капетанот пеј, не ќерка ми, маж ми, почна и он музички желби да бара. Се смиривме некако и ајде подзалегна дете си викам ќе биде, кога крева главата и ми се смее цела широко и толку беше, кренав раце од успивање. За ручек манџичка има, и денес мислам нема да се шета, мене некако дремка ме има фатено и така малку не ми се искача. Зимно време секогаш сум повеќе за по дома, ама ете, со дете сега и не се може баш така ко порано. Ме уништија пакетчињава, се чудам како до лето малку да се оправам. Да одам да ја посетам темата за морална поддршка изгледа нема да биде лошо. Леле кога ќе ми текне дека порано мислев дека сум дебела, па диети држење, ми иде еден шамар да си пукнам. Имајте убав ден и убава вечер сите.
Здраво женски Ајде што пие кафана од мене Денеска ни е годишнина со муж.Во брак официјално 6 години мислам .Тој си доаѓа од работа во петок порано и ја зима малата од градинка и вари грав.Па го прашувам леб има , пишува има, салатка , има , поклон вика нема.Сега сигурно траже венчаница, црковна венчаница , регистри ,зошто поклон Тој ја памети само датата кога сме се фатиле и таа си ја поштува друга не му е гајле. А јас памтам безвеза дати.Кога сме се фатиле, кога сум правела тест за бременост, прв преглед,кога сум почнала тука таму да работам , родендени не заборавам Последен ден на работа Што убаво ќе си одморам една недела После цели 6 месеци или ќе се заморам со малата Вчера бев на втората забава .Женско друшто.Сите колачи донеле, по две врсти, една дури и сендвичи изнакупувала, сокови , а јас јадев.Само Ава нема време и ништо не носеше Се засрамив Оваа беше поинтересна од претходната.Има една жена 63 години луѓе шпага направи пред нас .15 години јога вежбала секогаш насмеана и нема никаква болка или здраствен проблем.Многу и се восхитив и си ставив во главата цел, дека мора и јас така да изгледам на 63 години Се познава здрава жена Научив нешто ново ќе пробам да го преведам.Седењето е ново пушење.Се мисли седењето е нова болест иста како пушењето.Јас нон стоп седам и знам дека од тоа немам сила.Мене и благото ми ја одзема силата ако не јадам повеќе сила имам. Пошто слабо јадам овошје и јас и малата .Почнав неколку недели да применувам овошна салата за вечера за двете.Па јадеме по нешто. Сакам да славеме вечер ама кекс нема ми дојде вчера Ај доста дрнкам да фатам бус и да си одам дома на топло.Овој дождот ме накисна ептенНон стоп чадор не носам и се купувам .Немам веќе каде да ги ставам. Убав викенд се надевам до н.г ќе ви пишам уште некој постАко сакате де
@Ava.84 Сваќе среќна годишнина само убави моменти да имате со сватот. А инаку мислам дека скоро повеќето мажи се такви,ич не се замараат со датуми. Денеска по втор пат на темава.... Еве дете игра на Џастин Тимберлејк сите песни ги сака и го имитира,игра ли игра. Почнаа да пристигнуваат и првите пакетчиња за дете.кои стварно се трошоци за глупости...Доволно е само една играчка или само едно пакетче кое има намирници што дете јаде. Зошто да се дава 500 денари за пакетче полно со чоколадо,кога дете не јаде.Колку што има во еден пакет чоколада толку дете не јаде чоколадо цела година. Се смеев сама жени кога видов во пакетчето имаше и кутија со слатки. На мојте му кажав не мора да се трошите ако сакате доволно е само едно нешто.Додуша мајка ми секое гледање му купува нешто дали украс дали овошје дали мевце или пак киндер. Детево мое што не сака чоколадо да јаде не сака,ама ресани да не види.Јади четири наеднаш,само ги кријам ако види одма вика дај благо или дај тота мама. И мене ресаните ми се слаба страна,Од него неможам со сласт да си ги јадам, јадам само кога спие инаку ќе се степаме за ресани.Ги засака заради мене јас сум за стап.Му дадов да проба и вкусни му се, нели мора дете да внесува и благо.Па нека јаде,ама со поусул. Да излезам на цигарче додека мм и дете шизаат
Добар јутар овде е толку ладно и толку врне, што може и да ми се оствари желбата да ги осетам празнициве ко шо е ред какво лето! Еден ден 37 степени, наредни две недели 18... ја точно знам што би правела на вакво време ама дете се с'клетисува, мора да го шетам. И го шетам и ја на дожд, на ветер, на све ) него се чудам колку многу сме на број со синхронизирани "aunt Flos" Аууу јуниор се разбуди и не е одушевен... ај ќао
@Ava.84 На иста дата сме се удале Честита годишнина,нека ви се множат. И од мене пијачка. 4години брак... Иако последнава ни е турниме да кинисам ама се надевам ќе се среди. Хормони лудуваат. Мирна ноќ мајки.
Да ви се множат мила и последната година да не ви се повтори Секогаш велев свадба само во мај. Испадна на ладно, а свадба никогаш Мм ден денес кога ги гледа сликите се жали како газот му измрзнал од бетонот, каде ни праве фотки А мене колешките ме зезаа како сум си правела нокти за џабе кога рацете од студот ми биле свиткани во тупаница и не ми се гледале ноктите Ни се брзаше за документи инаку уште мома ќе си бевМу предложив да се женеме на мојот не му текнуваше
Да шкртнам некој ред, да ги размрдам прстиве Секој дел од телово ми спие, а од умор неможам да спијам. Хормони ме пукаат час плачам час се смеам, а може само нервите ми попуштиле и се тешам дека ми е од хормоните Скоро две недели поминаа откако се породив, а уште неможам да се свестам. Малата ми е срцка неможам да и се изнагледам кукла ми е како цртана, најубава таа на мајка Синко мајкин уште ми тагува, си ја сака тој дада ама не дава ние да ја сакаме. Ма да секој ден имаме напредок, се повеќе ја гушка, бакнува, сака да ја држи. Има и испади се дере, плаче или се смее кога спие и си кажува дека тоа го прави за да ја буди, сеуште ништо ниту јаде ниту пие, најмногу тоа ме загрижува. Не сака ни за момент да излезе од дома, по само минута плаче и бара назад, не оди ни до маркет, научна фантастика е да му спомнеш за некаде по гости, се надевам период е ќе му помине. Жал ми е кај што го гледам ваков, внимавам на секој збор и постапка за да не го повредам амам мислам ќе се мрднам веќе, секоја вечер се преиспитувам, се што велам и правам и навистина незнам каде грешам и како да постапам. Добра ви ноќ, се надевам на мирна ноќ
@Ava.84 @mal.ecka Среќна годишнина! Среќни и вечни! После претходниот пост паднав болна. Паднав е метафорички кажано бидејќи како мајка и домаќинка направив ручек, вечера, избањав дете, јас се избањав, средувавме, чистевме... Само не излеговме надвор, ич не ми е добро. А надвор врне цел ден, темно. Таман дете оздрави, јас. Ме снајде она "Мислев дека имам јак имунитет се додека детето не почна да оди во градинка!" Па и некоја чудна болка во стомак што ли ме снајде. Сум се комирала со се дете па сега го презаспивам. Колку само ме чува малата. Легнав и и викам измасирај ме на горниот дел од грбот, па ми рипаше, ме удираше, на крај се држеше за креветчето и ме газеше. Подобро масажа немам добиено. Па и викам ќе ми излупиш ли мандарина мама е многу болна и зема ми лупи и ми дава да јадам. Јас диплам, оно сака да носи и до шкаф се нездиплено ама ај. Па редевме за сушење на термото, мора и тоа да реди. Алиштата испрани, исушени, па и ги здиплила жената ептен чудно, па од торба директно в шкаф. Мм ги однесе и ги донесе така да јас бев целосно поштедена. Ама нели не може да биде совршено па корнат на цигари. Таму се коцка, се пие, се пуши и попримиле ос чадот. Сега корнеме на чад од цигари, а не сме пушачи. Утре тагесмутерот не викна кај неа ни јас не знам зошто. Скоро не викна за божични колачиња ама не им ги знам 'адетите'. Зборот ми беше дека нит ми се оди по гости ни сакам дома да ми доаѓаат. Па кога бевме сфатив колку ми е убаво дома. Во Мк и најавени и ненајавени да не можеш ред да имаш или да завршиш некоја работа. Изгледа до толку многу ми дошло преку глава. Па замислете имаме понуда да чекаме нг заедно со наши. НЕ! Сонував за ние тројцата сами во новогодишни пижами и чорапи, во топличко, гушнати, и во мир. Не ми се коментираше за празнициве ама не ми будат убави спомени, неколку пати ја имам дочекано новата без струја и секогаш ме потсеќа на тоа. Како да се радува човек кога сликата ми е пред очи. Многу сака да пееме и да играме. И сто пати падна играјќи ама ептен се глупира како за мало дете. Последно во парното ама среќа прво со колената, а не со лицето. Од станов најлоша варијанта е во парното да се удри. Јас еднаш удрив колено и офкав од болка. Огромна среќа е ова. Сакам уште едно и воедно се нервирам што имањето на дете зависи од финансиите. Всушност се зависи од парите денеска. Скоро се смеевме со мм вика која среќа е ова седиме во топло, јадеме макарони. Му викам без пари ни стан ќе имавме, ни топло ќе беше, ни макарони ќе имавме. Секој ден се повеќе ги сакам малата и мм. Ја не би да дојдеше мм сам. Да не си го види детето во најубавите години како проодува, расте, се менува, прозборува? Подобро ќе останеме сите во Мк. Е сега тоа што нас блиски ни го спопикаа е друга ствар. Посебно во време на интернет секакво инфо има. Мене ми е застарено мажот па жената, како традиција останало. Свекор ми во секој муабет жали што не го видел мм кога се родил. Вика пари заработив, се потрошија и пак немам, а детето никогаш нема да го видам како пораснало. Солзи ми идат кога го слушам. А свеки се мачела сама без маж и со помош од комшии. Ама кога некој си одлучи така негово право е. Уште сто пати да доаѓаме пак би дошле заедно. Знам дека мн се распишав ама и малата уште цица. Едвај да чекам да легнам убаво во превод да се оптегнам. Се ме боли, и грлото. И ми се јаде бајадера. Ептен. Ете утре што е ужина. Уште недела и пол до плата. Превозбудена сум. Добра ноќ (за новата година сакам само нов интернет)
Вечер, ноќ мајки. Денес тежок ден, тежок колку планина, мина во исчекување да куцне часот и да помине.. Дојде, помина, а јас уште се прашувам зошто мораа да ме натераат да се соочам со нешто кое не го сакав?! Студен ден, уште постудено ми беше со тагата, со гневот и лутината! Наместо ТИ да дојдеше да го видиш бебе, тој дојде кај тебе, неправда до небо и назад! Јас едвај го направив чекорот за да влезам во заградениот простор, првин се повратив, нозете ми се заковаа за земјата.. Едвај ја кренав главата да те видам, а тебе ли те видов е друг муабет.. и не, не сакав таму да те видам, поточно ѕирнам, сеуште се надевав дека некаде ќе те сретнам, еден ден ќе излезеш од некаде, ама не се случи.. Ме ,,принудија,, да ја прифатам вистината! Фалиш, многу ми фалиш вујче мој Ова поарно во друга тема да го шлапнев, ама нека, арно е и тука, нека остане кај мајчичките мои Вчера направив сообраќајка Ај де немам јас речиси па ич штета, едвај па изгребанко, на веќе подзагребан браник. А он има така повечко изгребанко, мојава кола потврда ама ништо страшно, иако он процени штетата му била 2.000е не директ ама така кажа, не на мене, таму на службеникот во осигурителната, овој онака си се воздржи да не прсне да се смее Не беше ни некоја нова кола, не знам, јас не се ни нешто разбирам уствари колку ќе проценат толку, ако сака и 5 нека земе! Секако крива сум, не го видов, среќа и колава стартна, не ни возев, туку да се приклучам и само закочив во место, му се извинив, што друго можев Фер беше он, може дека со бебе бев Ајде заврши, тоа е, нека отиде лошото натаму! Па од таму правец у Мол на шетање со бебе заминавме, нели да не дозволиме да пропадне денот У пола ноќ ми текна дека еден дел од замислениот поклон за мм сум го изумила, па не идеше да е без тоа На бебе не купив плус играчката, се напнав со надуената цена, ама прееска здогледав на фб може и поарна, па дал да идам деновиве да ја приберам или не Вчера ги виткав поклоните Мислам убаво свиткав, убаво избрав за сите, ништо посебно, но внимание, битно ќе има блашко да се почастат За внуците пари и чоколадо, големи се, ниту се за играчка, ниту книги читаат, облека се специфични и ич не ми се мења и замара ако не е ОК. Абе таман за искачање ќе им се најдат мм првин рече као не, па кога го потпрашав, а што да купувам, освен на колекција некоја ми текна, па ај не тоа и ај пари. Јас се прерадував Сите ги намирив и ми олесна! Леле ама свеки ми испонастинала, кој знае дали ќе идеме и ние на вечера, мм ќе иде, ама јас и бебе јок ако не се оправи, море нека прати од мисирот јас можам и горе да си вечерам, нека прати и поклонот Мм рече ептен настинала, јас пред малку ја видов и што да видам Редев сијалички на венчето на влезна врата и искача комшиката прво и ме прашува како сум, бебе како е и минува покрај мене, па ја перцепирам онака свеки иде зад, ама занесена у редење и само ми западна нешто у очи. Кревам поглед и што да видам, свеки у пижами и у пењоар од време на дедо Ное кој знае у каков филм е деновиве, ваљда ,,болен Дојчин,, Па уште му кажувам на мм и ми вика ,,оооо она така цел ден се шета,, каде бе викам се шетала?! Па низ двор, до кај кучиња била Колку скренува внимание тоа чудо едно! Инаку со мм се нечкавме дали да идеме на зимовање, па дали у сред сезона или можда поарно накај март, ионака ние не зме по скиање, а и да е потопло. Епа нема да одиме! Пред месец дена не поздрави една ,,честитка,, па не беше тоа доволно, па пред некој ден уште една Гајле ми е и за зимовањето и парите, за мм се грижам, се изнамачи, нервозите башка, ами се премори дабетер, а уште работава не е ни до пола Ова некоја поранета честитка за Нова Барем да можев да помогнам некако, ама освен топол оброк неможам ништо да направам.. Вчера сакав да пишувам во темата ,,по што ќе ја паметите 2018та,, но се откажав.. Многу убаво почна, но кратко траеше, точно до Божиќ.. и ниту еден Божиќ повеќе нема да биде ист Ајде се оправивме, летовање, крштевка на бебе, друго летовање, прстенот на сестра ми иииии бам шок од кој уште не сум освестена, а ќе ми треба уште долго да се присоберам Па од тогаш едно убаво нешто ќе се деси, 10 лоши ќе се накалемат, аман! Тука беше и првиот бдеј на бебе, се потрудив се да е убаво, но не, не можев вистински да се израдувам, вистински да прославам за своето долго очекувано чедо Живот тоа е.. Пак забегав Утре може ќе шетнам, ако видам зрак сонце надвор може ќе ме подлаже, ама ако е како денес сув студ, од дома не искачам И уште не се научив да се облечам асално, не знам што црпка ќе бев, па гледам дрка надвор е еден степен и без ракавици сум, а може и со потенка јакна. Па ај за мене, ами пред некој ден на бебе сум му облекла тенки чорапи, па и кратки/нормални, го зимам и оп му се кренале тренерките, аиии кога видов голо ноџе, се почувствував како немајка Уствари истиот ден испазарив термо чорапчиња и високи до горе, море и термо халахопки му зедов Туку на бебе редовно му купувам чорапи и редовно нема, ич не знам кај му се, некој му ги јаде или како, еве не знам Машина не ги јаде 100% се мислам ги разнесувам, пошто од време на време ми искачаат, а и бебе ептен ужива да си игра со чопки, па мислам и он ги шета. А да пребројам може 50пара има @TeddyGrey на бебе некаде од летото едниот образ му е константно црвен, левиот, некогаш ептен се приметува, кога е активен, нервозен, сега и од надвор дека ладно, кога спие и да нема ништо. Дерматологот ни кажа дека е дерматит, ќе се среди, но да мачкам обавезно со крема, па на ладново никако без крема надвор. А ова ми тежеше па да ти кажам Имам совет до тебе, да престанеш да се замараш со небитни ствари и еднаш засекогаш да се избориш за својот став и да пресечеш! Не е страшното што рекле да дадеш лимон и мед, страшното е што ти на тоа се нервираш и си го реметиш мирот. Сваќам дека се напорни, но пробај да игнорираш, речи прашав педијатар и не ми одобри, излажи дека си дала и се закашлала, поцрвенела, немало ефект, било што и крај Пак да кажам, абе јас сум пресреќна со моиве баби Јесте да ги нема нешто, ама барем не се мешаат, двете се со она ,,како знаеш така, како ти кажале така,,. Не дека не спомнале по нешто, ама како и сите, да си кажат по нешто како они правеле кога имале бебиња. За пакетчиња не само на нив, туку и на сите наоколу им напоменав да прават за бебе, не за мајка му и татко му. Па баш ме интересира да видам колку зборот ќе вроди со плод Лани добар дел за нас мислеа.. Инаку прво пакетче прибравме, што кажав тоа се купило, браво А на мене ќе ми даде ли некој пакетче баш сакам, ама се мислам нема да добијам Мислам на онакво со блашко, а пари, некоја дрнгулија ќе имам секако, ама онакво со чоколади јас си сакам А да кажам и за штедењето, а што па да кажам освен дека не знам да штедам Кај мене ниту можат да опстојат ,,заборавени,, пари во новчаник, фиока, перница, ниту на сметка Колку имам трошам Ама од друга страна пак сум се заљубила во златници и дијаманти, па знам повремено да купам, ваљда и тоа е штедење Да си легнувам, касно е, ми треба сон, малку сум гладна ама ми помина низ глава што се ми се нуди и ништо не беше прифатено, па ај утре ќе јадам За доручек план ми е мекици да правам, ми се јадат оддамна, па ваљда ќе биднат.. Убаво сонувајте и гушкајте малишанки
Хелоууу мамаситас. Синко кај баба замина на спиење синојка,мм уште спие Јас имам време само за себе и незнам како да го искористам. Па моментално кафе и све 4 у вис и да ве поздравам. После сакам да излезам низ град ако најдам нешто да се подновам, и на синко поклон од дедо мраз да му најдам. Пишав и во др тема ама и овде ќе пишам ако знае некоја каде да најдам играчка за деца,што лета ... Нешто како овие,нека сподели каде. Им пишав на тие ПиКи имале ги распродале им биле околу 300 ден,и ја најдов во тоа бисер импорт истава играчка над 700 ден.Многу некако разлика во цена. Ако случајно знаете каде можам да ја најдам споделете. Иначе викенд,за мене исто е дали е понеделник или сабота,на работа сум втора. Мм од денес е на одмор Дали да се радувам или да плачам. Некако поорганизирана сум кога не е тука. Ајде ќе поминат 2 недели. Па и празници се ближат Ќе се веселиме Ајде одам јас да направам нешто да јадеме,да разбудам маШ и да го фаќам патот под нозе Ве гушкам и имајте убав викенд Да се редактирам @monik55 добре дојде во катчево. Бакнежи до синчето најубаво на мајка.
Добро утро мамички. Редовно ве читам, ја обожавам темава ама додека ве исчитам веќе прошло време и морам да станам. Еве бебе спие, јас се мислам дали филм да гледам или да му се придружам , некако не ми се работи. На работа требаше да почнам ама еве ме на боледување па колешките го пратија поклонот за бебе (да не му омалело нешто додека јас да се решам да почнам на работа). Елката полна доле со пакетчиња и подароци. Ептен убаво изгледа. Бебе доби полно пакетчиња. Освен едно што е полно со “ствари” како за нас сите други се соодветни за него. Никој не ме праша и на никого не кажував ама имале осет. Кашички, сокчиња, бисквити, смоки, и тук там по некој чоколаден дедо мраз, бастумче... колку да рашара и да е новогодишно. А да, и играчка обавезно. Мајка ми наполнила и линдт чоколадца мечиња, лампион (си имаме договор, јас да јадам, бебе да цица ). Е сега се преполнивме со играчки. Мајка ми и огромното мече му го донесе, радости е бебе. Вчера и реков да побара во Зегин смоки Теди (со морков и тиква) и нашла па ме прашува дали три се доста или пет да земе. Не бре и викам. Па не дека и многу му давам а и полно Лино има од пакетчињата а она почна да се склетисува дека она смоки не му купила. Мајка. Па и рекле во Зегин ако купи уште два детски производи ќе добие пакетче па земала каша и лампион. На крај го побарала пакетчето и и дале ќеса. Цел ден се зафркававме за “пакетчето” . Роденденот на бебе се ближи. Дел од декорациите ги направив, дел деновиве. Правев теглички со светки ама многу пуштаа па мм неколку дена има задача да ги прска, лакира... во гаража. Прееска ми ги донесе па да видам после дали ќе ги бива. Покани готови, Ресторан, балони, сликар закажано. Останува торта, колачи и мм да најде некоја соодветна музика. Во понеделникот се потегнавме во молот, да сум го сликала бебе со Дедо Мраз. Арно ама тој од четврток идел и ништо од тоа. Купивме за бебе што требаше па на поминување ѕирнав што има во Манго. Се залепив за еден светкав фустан и го пробав. Се заљубив и го купив. Никогаш така не сум купила ама па а ептен пребирам. Моиве се чудат. Јас светки мразам, ама роденденов на синко баш twinkle twinkle ќе биде. Е сеа тие што сакаа да го видат им го покажував во туш кабина А да, и освен фустанот друго ништо немаме од гардероба за роденденот па ќе треба еден шопинг да удриме. И поклон за бебе да купиме. Имате идеја? Вие што купивте? Вчера дојде нова жена за чистење. Претходната се вработи а таман се навикнав на неа. Оваа не изнервира стварно. Толку самобендисана чудо едно. Не можеш ништо да и кажеш, а и да кажеш она пак по нејзино. Па џогерот не чинел, она со оцет не чистела, да сум купела перментал... Земала со нож да вади бигор од чешмата и со сунѓерче за чистење во купатило бришеше во кујна . Така нервозна не сум била. Добро, ми дојде еднаш една и и реков да смени постелина во спална. Кога ја барав јорганската навлака за да ја исперам нигде ја немаше. Е ја најдов вечерта кога си легнавме. Она со се навлака го пикнала јорганот во новата навлака . И така, сега пак ќе барам друга жена, ама кај да барам Толку мамички од менеза сега. Одам да се истегнам малку.
@Ava.84 нека ви е среќна годишнината. И јас памтам тест кога направив, таа ми е ептен значајна дата. @mal.ecka и на вас нека ви се множат, тешка е првата година со бебе, додека дојде се на свое место. Додека да се стабилизираме со новите улоги. Напорно е, нема што, ама ќе помине. @gjoker4e не мислам дека поради некаква традиција заминуваат одделно, туку веројатно од практични причини, можеби и поради виза, има доста причини. Можеби прво мажот да увиди каква е состојбата за да не одат сите на несигурно. И сама знаеш колку е потешко со дете. Различни луѓе различни ситуации. Јас исто не би се делела, и да одиме некаде ќе бидеме заедно, не можам да замислам да сме одделени некако. Ама тоа е наше размислување, некој смета дека поинаку е подобро и ретко ми се чини дека е тоа од некаква си традиција. @TeddyGrey немој да се нервираш, игнорирај начисто. Остави ги тие бабини размислувања на нив, ти терај си по свое. Мојата ми даде реакција на мед поголема, не ми се мисли што би било на мало бебе да му се даде и да има реакција. И ќерка ми не фати цуцла, и ставив два пати ја плукна, правеше фаци ко да се дави и никому ништо. Од 6 месеци во чаша пиеше и немаше гајле. Не се напнувај за тоа воопшто. @AngelOfArh фала ти на убавите зборови. Твојот ама е пораснат, плавуш, како и мојава малечка, лепотанче е.
@RainBow Изгледа си ме прочитала во другите теми. Многу ми е тешко кога некој се фаќа за еден збор во конкретниов случај "традиција". Традиција е затоа што 99% од македонското население кога ќе слушне дека некој оди во странство подразбира дека прво мажот ќе оди, па или ќе ги или нема да ги повлече жената и децата. Јасно ми е дека нема некој доволно пари, нема сигурна работа, не може да најде стан... ама дека МОРА прво мажот да оди? МОРА = традиција! Не мора! Колку што е подобро сам да отиде толку и е полошо. Животот поминува со брзина на светлината, нема и догодина да ги имаме истите години, денешниот ден не може да се повтори догодина. Љубовта на прво место. Каде што има љубив Господ отвора врати. Така мислам јас. Не ја сфатив лошо ознаката само баш прочитав додека ја успивам малата па можам да пишувам. И нашата држава има удел со тоа што сите почнаа да бегаат. Од мали тројцата (со моите браќа) се прашувавме зошто баш тука сме се родиле. И да учиш и да работиш и пак да не можеш да имаш нормален живот. Здравјето го оставив на млади години за пак да не можам да просперирам во државата. Ако може да се нарече држава. ^Да не требаше да добијам можеби немаше да го напишам ова или поблаго ќе го напишев. Убав ден
Знам тебе ти се плаче, ама јас поштено си се изнасмеав. Да те утешам и мали мој уште иде во тоалет со мене и е воодушевен кога ќе виде крв, кога имам добиено, па упорно бара да виде од кај ми тече и кај сум се повредила. И после на сите раскажува, па така сите знаат кога јас имам добиено. Да те утешам, сестра ми чека трето, двете и се со 15 месеци разлика. Лудило. Ајде ќе ви пораснат наеднаш барем. Вака она се теши.
Сфатив јас дека на тоа мислиш, дека одат зашто така требало и сите така прават, па оди прво мажот. Напишав само дека не се согласувам, не дека нема и такви, ама верувам дека повеќето, а и тие со кои сум зборувала, го направиле тоа од практични причини. И јас го делам истото мислење како и тебе, и маж ми исто, он не би се нафатил да се оддели од малата, ниту поради практични ниту пак зашто сите така правеле. И не си сфаќај лично одма, форум е ова, нормално е да ти се реплицира на пост, дури и за збор да се фати може погрешно да те разбере, па ќе дообјасниш, ништо страшно.
Една нова мајка вчера ги преживеа првите грчеви кај бебе. Плаче тој,јас со него. Да не беше свекрва ми,не знам што ќе правев. Топло перниче,масажи,капки и сл. Дури после неколку саати се смири. Изгледа од витамините од болница што ми ги дадоа да му ги давам,рече бабицата. Откако почнав го мачат. @danichap познати ли ти се Zymafluor? Инаку обожава кога ќе дојде бабицата да го мери да ја помочка. Душичка машала убаво напредува,до утре би требало да си ги врати 200 гр што ги изгуби во болница.