Навечер бањање најубаво и една масажа со baby масло за масажа пред облакање, гушкање, цицање и ќе си легне на брашно )) јас Јуниор од новороденче го масирам цело тело, со посебен акцент на стапалцата (табаните). Тоа смирува. И не се секирај толку (како го кажав, ова, као да некад негде на некого му помогнала оваа реченица ), ама бебето чувствува вознемиреност, така да, малце мораш да се ставиш на relax mode
Фала ти Емче, од петокот мислам да пишам, да почастам, ама турбо машина бев неделава, именден, гости, па роденден, гости на спиење, предновогодишен ручек со колегите, а згора на тоа и јас 3та смена. Нејсе, помина, само за убаво нека е! Роденденот на синко беше во петокот, ама вчера славевме. Прекрасно поминавме, дете пресреќно, си изнаиграа, не можевме да го задржиме да го сликаме. За да заштедам не викнав сликар и се покајав, не си ги бендисувам баш сликите. Фустанот е оној за кој и ти гласаше, питонот решив да го вратам, џабе е се, кога самиот не се пронаоѓаш во нешто. Темата ни беше Маша и Медо, задоволна бев ептен од украсувањето на слатката маса, ама од тортата се разочарав. Маша ко бабичка стара направена, требаше зимската со капата и плетенката, ама жената си ја направила по нејзино со шарпа, ја утнала скроз, па си поплачав кога ја видов (ќе ви ја ставам во спојлер да ја видите зумирана). Среќа Медо беше погоден. Спојлер Еве каква требаше да биде Еве каква беше нашата Мали собра многу поклони, нешто пари, повеќе алиштенца и полно пакетчиња. Но најмногу се израдува на поклонот од сестра ми, му купи тобоган, знаеше дека бараме и реши тоа да биде од нејзе, синко еве 2 дена не слегува од него, ептен е ќефови. Еве една сликичка од масата со роденденкото фатен како краде. ПС @mariz ние денес на исто место сме шетале, а претпоставувам и во исто време, ама не сме се сретнале, видов на ФБ, сте биле накај нашиот крај.
Дал да плачам, или да се смеам!? Ве читам, кога ќе најдам време. Ама се немам време да пишам нешто. Пилчичи мој само со мама се гушка. Денес јас цел ден со него, мм низ дома зачисти, свекрва ми јадење ни прати. Од кога сум породена јадам за 2 минути. Во живот не сум јадела толку брзо. Почна и желудникот да ме боли. Цел ден се спремам да се истуширам, не бива, малиот не е тргнат од мене. Мм не може да го смири ако не е до мене. Цело време е на цице, спие само до мене. Го ставам на креветче не сака. Како детектор да има кога го ставам. Очите одма ги отвара. Прееска го избанкав, го ставив на цице, викам сега ќе си нана бебе, јас да средам нешто по дома, а и јас да се средам. НЕ!! Не бива!! Се тргам од него, одма почнува да кенка. Од 9 саат се обидувам да го заспијам, онака цврсто да спие. Спие додека е до мене, ме гушка, се тутка во мене. 3 пати го ставив во креветчето, 2 пати го оставив на спална да спие, не сака да чуе. Еве го сега, се гушнал со цицето, нана. Останав не туширана денес. А и дневната остана расфрлена. Него мене нешто ме мачи, па можеби некоја од Вас ќе знае да ми каже што и како е. Неделава на преглед педијататот ми рече малиот имал малце хормони од мене, кога го дојам да го чувам подалеку од мене. Малиот плачеше, не прашав ништо околу тоа. Немав време, зајдува ако не го гушнам и ако не му зборнам. Др ми зборува за валцината, ќе се појавело нешто на рачето, не ја ни слушнав. Имала ли некоја од Вас вакво искуство, па да ми каже нешто повеќе околу ова!? Исто сакав да ве прашам, колку време после пораѓај крварите? Ајде ако има трета смена, јавете се. Добра ви ноќ.
Јас крварев едно месец дена сигурно. А во врска со другото прашање, се извинувам, не можам да ти одговорам. Сум слушала за тоа, ама лично јас сум немала такво искуство. Поздрав
Мене крвавењето ми беше испрекинато, неколку дена имав, после со денови немав, па пак имав..се траеше помалку од месец. Инаку она со хормоните е нормално. Ќерка ми првиот месец имаше ситни брунчиња. Педијатарот ни кажа дека тоа е од моите хормони, т.е се чисти. Не ја сфаќам финтата со држењето подалеку додека го доиш, хормоните не се пренесуваат преку воздух. Нема логика. Ние мачкавме крема од јојоба масло и плус други две состојки, направена во аптека по рецепт од педијатарот. После извесен период ги снема.
Добро утро, убава недела. За некој утро, за мене вечер. Мене ми почна неделава, супер посрано Зедов Пилчичи да го дојам, викам ај да го пресоблечам. Што ме тераше на спална не знам. Ме мрзеше да станам до фиокарот. Додека го бришев, така фино ме исшприца, т.е. не само мене, и чаршав, и јорган, мене, сам себе... Навлаката на душекот прокисна и таа. 6 саат, ние забава низ дома. Го будам мм, тој па се изнервира, зошто на спална сум го пресоблекувала. Му викам, од сега ќе те будам навечер ти да го пресоблекуваш. Јас заспивам додека го дојам, он ми се фати за фиокарот. Го разбирам и него, касно си легна, а денес има важен состанок, а јас го будам да смени постелнина, да пушти машина. Мм вика, дете ќути. Како да знае дека ја "посрал" работава Едвај се средивме, се истуширав, го заспав малиот, и еве ме. Легнувам да спијам, не бива, не се издржува веќе.
@Lolipop23 тортава како очекување и реалност Јас пак не прочитав за првата дека е слика од нет, па гледајќи ја прво таа си викам што и фали на бабето, ама кога отидов подолу сватив оти биле плачките Инаку масата преубава На вас и именден ви било, па среќен именден, баш турбо деновите биле, ама ако кога е за убаво, убаво е се Добро утро Имам јакија на раката и пече, пржи цела ноќ, еве и утро, никако да стиши, а за подобрување и не знам Да јадеме и идеме да се протнуваме низ маглата, да поделиме пакетчиња, ама првин да ги купиме @Feodora бебе мое од реквизити низ дома само хранилка сака Убав маглив ден
Нервозна си, затоа. Чувствуваат мир. Нормално е да си најисплашена, нова улога, се е океј Смири се. Смеј му се на бебето. Бацувај. Опушти се И мене скроз истото ми се случуваше, мислев дека сум лоша малја и дека не ме сака А само требало релакс малце. Од што констатираше ова? Мака некоја има? Не верувам да му сметаат твоите хормони, до вчера истотело бевте. АМа шо знам, неми се десило ова Добро утро. Се чудам шо се нервирате. Сите со своите избори, сите со своте желби и потреби и снаоѓање у ситуации. Кој како сака нека прави. Ејјј, да знаете шо муабети чув дека маж на породилно, јас на работа аууу. Не сум си госакала детето, маж ми го мрзело да оди на работа, повеќе сум ја сакала работата од детето, сум сакала да бегамм од детето, швалер сум имала на работа затоа сум брзала да се вратам, побитни ми биле парите од детето, не можам да ви опишам шо се не видов и чув. Ама они се други, настрана од нас. Да ги слушав шо јадат трици, ќе бевме сега со една плата, помала од сега, и уште под кирија оти со таа плата немаше никој кредит да ни даде за куќа. Факт е дека остаив дете по 6 саати без мене, но со татко, ама долгорочно, подобро е. Нека ме викаат лоша мајка, ама моето дете е среќно. Се сеќавам колку ме болеше самиот факт што одам, а оставам дете, а после и муабетите, ама имам ставено штит некој околу мене и не ми е многу гајле. Иако повредува. некој ќе рече дека е добра, некој лоша одлука. Ама не е битно. Битно е дека дете ми е среќно, јас и маж задоволни од изборте во животот. И... ни дојде дедо мраз. Со мнооогу подароци, му дадовме колачи и кафе и вода, поседе малце и чао си доби со пољупче од далеку. Доста е и толку, диво дете иам Не обожава многу возрасни. Иако, читав една статија, вика ова со дедо мраз глупоста.... учиш дете да не зборува и да се трга од странци, а еднаш годишно го убедуваш да му седне у скут на возрасен маж што не го познава за дно пакетче. И затоа не и реков да оди да го гушне. И на приредба, исто си отиде до дедо мраз и му го зема пакетчето од далеку и си отиде. нема што многу допири )) Сите иаме свои битки, секој ден. Ајде денеска да ги добиеме.
Добро утро женски. Утрово мамурно, магливо, загадено....катастрофа е. Ајде белким ќе се разврне попладне да растера ова ПМ честитчките. Дома прочистувачот како луд дуваше сабајлево од што беше загадено. @Lolipop23 честит именден, честит роденден, само за убавини да е. Тортата јес да не личи на МАша, ама битно е мали да бил среќен, а он 100% не напраил разлика и убаво му било. Честитки за сите родендени, слави имендени и сл. ЈАс да се пријавам како непослушна трудница. Оваа бременост ни оддалеку не ми наликува на првата. Правата бременост како госпоЖа бев, ништо не праев, кулирав, од работа - дома, во кревет, филмч,е мезе, јадење, сокче...Дома чисто - немаше кој да растура . Сега...сега да не зборам. Во денот не седнувам, ноќе додека профатам низ дома, ќе легнам, спијам по некој сат и опет на ново, мали - градинка, ние - работа. Домашните обврски не стивнуваат. Од мм не се жалам, помага и помагал секогаш. Со мали особено кога е дома, од пресоблекување, од шетање од играње, се со ред. Ама тоа јадењата, тањирите, кујната, теписони, играчки, алишта...на живци ми одат кога се растурени. А убаво ми вика маже, шо расфаќаш играчки секоја вечер, утре пак коа ќе дојдеме од граднка исто ќе е. Ама мојот памет не размислува така. Јас сакам откако ќе заспие мали да исчистам се да ми е цакум/пакум и раат да седнам со топло чоколадо и филм. ...Дали погодувате до каде стигнувам,? - до расчистувањето....топлото чоколадо и филмот уште се во моите фантазии, пред нив сум падната во кревет од умор. Ама ајде, ќе помине, после со две уште позабавно ќе е Се мислев кога да земам денови. Не одиме никаде ама да одморам. Па дали овие од Нова до Божоќ или после Божиќ,...уште се мислам. Месецов еден куп родендени имавме - имаме уште, па пакетчиња за блиски, внуци...јас не знам од кај олку пари...ама нејсе, за убаво нека е. А уште се мислам кој ќе ги јаде сите ствари од пакетчињата на мали, имаме еден тон, дури ни ја и маже ми се чини нема да може да престигнеме. Тоа е тоа, новогодишна еуфорија нула. На работа кај мене поделени во класи, друштва, како и да ги кажам, па една тура ќе одиме неделава на прослава. Не знам како ќе издржам, ама ајде за дружба е, не се давам така лесно, ќе се журкам у град со стомакот и уморот. Тоа е засега. Ве поздравувам, Ве читам, И ви посакувам убави моменти денес и секој нареден ден (до наредно пишување, - тогаш пак ќе ви посакам )
Нека му е среќен роденденот на малиот! Стварно?? Ние бевме таму од 12 до кај 5, сите комплет. Бев во мисла дали да ја носам малата да не има многу снег, ама ја земав и неа и таман беше, можеше да се бутка количката Па малку на санката и неа Ама сум се изнасмеала.. имаше едно бебче/детенце мало во бел скафандер и малку подалеку стоеше завртено со грб и синко ми вика.. мама сакам да одиме кај смешкото и покажува накај него, кој снешко се чудам... тоа помислил дека бебето е снешко Абе викам мама тоа е бебе, не е снешко Па ама се навредува така за такви работи, ист како мајка
Не има повеќе со новороденчиња тука Се пријавувам и јас во неспиените,бебе ми е мирно не плаче,само си кенка кога му се цица и за пелена да сменам. Јас сум таа што паничи и навивам алармот на пола саат да го проверам. Денес прави 10 дена и веќе се гледа дека си напредува си расте убав на мајка После 15 дена денес искочив за да му закажам на педијатар и до аптека,сакав пред некој ден да искочам ама стемнето било не сум смеела @Корнелија Мојов во вис моча и целиот знае да се измоча па само се пресоблакаме,одоздола му ставам подлога да не ми пропушти на кревет. Денес маж слободен па прави смутињанод сабајле и ручек ќе правел,јас да се одмарам и спијам а што не верувам дека е така ама ај. Вчера на сред бањање ми влез бебето икало што да му правел Сега ќе пробам да поспијам малце ама прво да го средам бебуш,и да уште не сум свесна дека сум мајка и дека имам бебе дома. Убав ден мајки
Значит глупости....ц ц ц...јас од 7 дена беба кога имаше слегував во маркетов кј нас да купувам памперси на полноќ. Ако слушав бабини деветини ќе требеше Бардовци да завршам
Деновиве бришам пишам, ама денес решив ќе пратам пост овде оти ептен се одалечив од темата. А жими само овде пишувам! Не дека нешто поинакво ми се десило, деновите си минуваат и ситно броиме до Новата година... па дома можам да кажам имаме празнична атмосфера. Цел ден слушаме новогодишни песнички, си ги потпевнувам и јас!Пристигнуваат подароци , пакетчиња па дадата се радува. Беба уште врска нема што се дешава. Се занимаваме со изработка на новогодишни украси, па цел ден сечиме со ножици, лепиме, боиме. Ем јас релаксирена, ем дадата задоволна. Нередов по нас најчесто ММ го средува Имавме во градинка новогодишна приредба па се стопив кога ја гледав мојата срцка. Очите солзи ми се наполнија, емоции ме поплавија. Да ја пофалам беба дека синоќа прва вечер не се разбуди за цицкање. Се будрше еднаш или двапати, синоќа си нанкаше без да мрдне. Дај Боже да е секоја ноќ така. Сега сум на работа. Од прегеска ви пишам и никако да го завршам постот. Нанзад прочитав муабет за странство па да кажам моето мислење. Околу нас блиски пријатели, роднини, другари се иселија цели семејства во странство. Велат подобро им било од финансиски аспект . За нас како семејство можам да кажам дека и овде некако туркаме. Но на моменти се разочарувам, особено кога ќе помислам колку работи ММ а пари скромно. На толку работа и отсуство од дома бар да имаше поголема заработка. Тоа е, толку може.. а се труди, ептен. Мојата работа е далеку попуштена но гледам и овде не ми цветат рози па којзнае како ќе биде во иднина. Странство како опција скоро и не го земаме во предвид, ќе останеме овде и ќе се бориме да успееме, предвреме свесни дека е невозможно. Ајде да ве поздравам и да ви посакам убав ви ден.