Nuklear medizin(Schilddrüse) Јас упутите ги земам од гинекологот. Ама може и од матичниот сигурно. Јас каде што одам нема термин, чекам додека дојдам на ред, после кратко ехо и земање крв. Резултати по околу недела. Види кај тебе во близина на гугл која ординација е и прашај дали треба термин, после зеди со упут. Добар ден мајки. Ние истеравме ручек, сега прејадени се превртуваме. Децата се православни, како мене, ама на мм католичкиот да го испоштуваме. Пријатем ден на сите
Дали е сигурно дека дава и социјално? Дали само во тоа социјално во Карпош се поднесува? Или секоја општина си има социјално? Јас сум во кисела вода. Не знам каде да се обратам. Поздрав
Здраво. Нешто немам време во последно време да пишувам толку често.. Или па несакам. Се осеќам многу неодговорно. Како мајка најмногу. Телефонот ми е ко зараза, стално во раце, вртам по форум,по фв,инста.. Наместо да си го минувам времето со бебе квалитетно Не знам како да се понашам со неа, и зборувам и играм, ама ко да не е доволно, се си мислам не сум доволно добра за неа и досадно и е со мене. Кога ќе видам други мајки како си ги забавуваат бебињата, ко теле некое се осеќам. Се разболе бебе. Кашла многу,и пие сируп. Синоќа едвај во 1 заспа, од што кашла се буди и не презаспива.. Па сабајле се успав и не и го дадов на време сирупот туку саат и пол подоцна. Жива се изедов. Му реков на мм од утре да ме буди и мене кога ќе оди на работа, неможам да се поднесам да се претворам во таква мрза! И после бебе немало ред, па ќе нема кога мајка и спие до никое време. Ужас сум. Ви се дивам на вас другите .. Пактчиња почнавме да добиваме. Четири досега се со алишта и играчки, две се со многу чоколади и такви слатки ствари, за мене и мм ќе бидат.. Е зошто бе би носел некој пакетче со толку многу чоколади на бебе? Демек многу слабички сме и двајцата, па уште тоа ни фали да си подапнеме. 2019 ќе биде година на промени. Морам да поработам прво физички на себе си, да се вратам во нормала, а после да поработам и на менталното здравје. Многу нервозна особа сум станата. Морам да се променам додека пркне бебе, неќам да ме запознае како нервозна мама Мислам запознае, кога ќе почне да зборува и игра.. Да распознава и учи.. Ставив какао за маж, салеп и барни колачи за мене, бебе пред тв во релаксатор се нишка. Убава вечер имајте
@vitamina Точно така како што опиша од збор до збор. Баш мојата ситуација и како се чувствувам во моментов. Хормони,нова ситуација,никогаш порано искуство со бебиња и се ми дојде наеднаш. Да не беше свекрва ми додека не дојде мајка ми,секој ден плачки ќе ми беше. Сега е подобро,се надевам со секој ден ќе помине и стравот и ќе се навикнеме. Само сакам да бидеме добри родители и да му биде добро на бебуш.
Не се плаши. Сите успеавме. После 1 месец евентуално до 2 најмногу ќе се осеќаш препородена. Ти ветувам Тука сум за лп во секое време.
Од 2018 година овој ми е најубавиот ден. Годината нема да ја паметам ама денов да. Не се случи ништо посебно, но ете. Убаво ми е на душата, среќна сум, тројцата заедно, има некоја посебна магија, прекрасно е се. За разлика од Скопје тука не е украсено воопшто, освен трговскиот, ама во Македонија Скопје светеше, а ние дома без струја. Е тоа е една од разликите. Кога државата се перчи, а народот нема леб да јаде. Денес човек не може да примети дека е празник. Единствено преголемата гужва асоцира дека нешто се случува и скратеното работно време. Јас работев. Одењето сабајле ми беше кошмар, темно, ветер, дожд. Си реков уште да ми рипне некој од некаде и тука ми е крајот. Дадовме и добивме подарок за Божиќ. Колку убаво го издекорирав ќе прикачам слика од 1ви натака со новиот нет, во соодветна тема. @Lolipop23 Најсреќен нека е! Леле кога ја видов Маша не знаев дали да се смеам или да плачам. Да плачам! Да не ти долевам масло на огнот ама барем јас на роденденот се тресев каква ли ќе испадне тортата и да ја видев оваа баба Маша ќе ја откачев од тортата, ако прашаат каде е и се слошило. Мораш да ја објавиш на некои страни за "очекување" и "реалност". Кога запознав девојка на фб, која ја запознаваш во живо. Едни од Турциве ми рекоа Среќен Божиќ и јас им реков фала Среќен и на вас. Епа ич не размислив во моментот. Па ми текна дека и на турчинката на каса во маркет и реков Среќен Божиќ. Преубав ден. Луѓе откако се породив и од болница дојдовме кај свекрва и свекор бел ден не видов. Што од комшии, што од народ. А откако се отселивме полека ми се чистат црнилата насобрани во тој период. (Може дека почесто се туширам. ) Не ми се ни оди Мк летово, посебно не кај мм. Се уште имам тежини и не знам како да ги отстранам. Како да заборавам на се? Сурово е да речам пекол ама така беше. Кога не ти се живее, а немаш сили да се бориш, кога човечето ти го земаат од рака и му велат не се плаши нема да те земе мама... Уф.... Добра ноќ Едвај чекам второ дете.
Јас се јавувам на рати. Го искористивме денов убаво. Со мм и Мали излеговме да се прошетаме и да искористиме последни позитивни температури. Не дека воздухов е чист, ама од утре минус ќе биде. Воедно ова му беше и прва прошетка на Мали. Претходно само на тераса си седевме. Шетавме може саат време, низ маало. И мене убаво ми дојде, и јас не сум излегла толку долго после пораѓај. Уз пат купив поклони за сестра ми и зет ми, за Нова Година. Си дојдовме дома, задов да го дојам бебко, како топол ми изгледаше. Зедов топломерот, 37.2. Искрено испаничив. Го рассоблеков дете, си викам ептен сум го натуткала за надвор, а не беше ладно. Цел ден го бубкам на чело, допирам рачиња, ок е, не е топол. Маж направи денес и ручек, и вечера. Дојде сестра ми да го види малиот, вечеравме заедно, си пуштивме Мода, се посмеавме малкуцка. Сега се успиваме. Тешко заспива, а и само на цице. Почнува пупката да ме боли од што изигравам цуцла. А цуцла не сака!! @monik55, и мојов мочка, денес два пати ми се измочка. И ние само алишта фрламе. Флеката од каките на навлаката од душекот не ми излезе. И вениш му ставив, џабе. Со што да ја чистам?
Добра вечер мајки Одамна не сум пишала ве читам ама ретко само да се средиме се надевам почесто ке ве дружиме Малиот спие керка гледа цртани па да ве прочитам малку Ние во исчекување пак на резултати се надевам дека ке бидат ок после 3недели па други и се така Сеуште се боцкаме со клексани а до кога ке видиме што ке каже док на рез или ке треба да ги чекаме и тие за 3нед што се па да ни каже дали да ги прекинеме Ако ги чекаме и тие мислам ке си пукнам 40 ке и бидат за боцкање Душава ми се кине ама тоа е Во новата сакам само да сме сите здрави и живи се друго ке се нареди како треба Ви благодарам на сите што не помисливте Срекни годишнини, родендени слави кој што имавте Ме бара керка да спиеме Гушкајте се сакајте се бидејки не знаеме што носи наредниот ден
Добра вечер! @Lolipop23 среќен да е роденденот . @24.07 На секој му се дешава барем еднаш ова во живот . Не чувствувај толксва грижа, битно да не се повтори Кој и да рече дека никогаш не им се десило, нема да го верувам. Ова беше капак на мојот брак. Пресеков и заврши. Не се деси само еднаш, а не гледав надеж дека ке престане. Воглавно сме среќни низ дома. Немаме новогодишна атмосвера ама имаме здравје и мир. Малку сијалички, некој дедо мраз. Лани елка немав за да купам а не сакав мала, односно мала имав, а елката на малото си ја задржа татко му. Нека му личи. Годинава пак ме смееме да наредиме, ке остане за догодина да ја украсиме уште во Октомври Правевме контрола на крв денес. Не е идеално но се држи малото. Ден за ден можам да се израдувам само, за поврќе ми е страв. Бевме на црква денес, уба о беше времето а луѓе немаше, а и не смееме меѓу луѓе. Ке неможеме за празниците па затос денес му се заблагодаривме на дедо Боже што ни дава здравјенце(така он вика, мајка ми го научила). Утре имам куп обврски, секој ден само одложувам пд дома не ми се излегува. Треба и Скопје да се оди.. Не ми се влегува по институции. Се заучив дома незнам како ке се врстам во нормала.
Добро вечер драги мајки ова времево ептем папа. Вчера мислиш пролет, убајна. Денес пингвини во несвест паѓет. Ама битно искористивме воздух свеж. Конечно напрајвме фото сесија на госпожава. Абе позерка. Мн сериозно си ја сфати работата па супер поминавме. Смешка. Едвај чекам сликите да ги зејам. И поклончиња однесовме кј шо требеше, сеа раат сме. За вечерва најавија снег ама бутурен уште го немат. Ко нетокму само се пулам низ пенџере. Имајте убај соништа
Да, за прво дете сигурно. За второ не сум сигурна. Ние од Ѓорче поднесувавме во Карпош, мислам дека е тоа едно.
Здраво мајки , Пијам кафе , јадам мандарини. Повелете Ноќеска на мали му текна дека е наспан па во 4 стануваше ,сакаше да игра со татко му . А јас и мм у 1001 прашалник Па му текна на куклата бебе ,па ја бараше.Му купив пред некој ден бебе Бевме во продавница за играчки да купиме поклон, и кога се фати за едно бебе не го пушти. Некако со тегнење го остаивме, ама он плачеше еден саат после тоа.Не можев да ја заборавам фацата каква тажна му беше.Наредниот ден отидов и му ја купив куклата Не знаете колку се израдува како ја гушкаше , како ја бацуваше.На цел глас викаше бебе бебее И од тогаш до денес сегде сме со нејзе До душа и лета у воздух неколку пати во денот ама ок Значи кога легнуваме,легнуваме со куклата, книгите со дедо мраз и некоја кола што е хит на денот Многу ми е интересен со игриве негови Свекрва ми па одма штом ја виде искоментира тоа било за женски, он ли ќе играл со нејзе. Па него му збореше Не гледам јас на тие работи така, деца се.Денес со кукли,утре со животни,задутре со коли. Што се замараат со тоа ! Денес ке одиме да делиме пакетчиња на едни дечиња.Да излеземе малку од дома. Не знам за вашите деца ама моево околу 6 го фака таква досада и нервоза мислам ќе ја преврти куќата наопачки Па тука вадам пластелин,листови,бои. Шкртаме, се праиме лом и после тоа почнува ритуалот за легнување . Вчера и пракам на мајка ми слика од мали, седнат до елката и ми враќа што ви е ваква чупава елката И стварно кога ја видов за греотка е.Добро е што уште стои.Детево кити,раскитува,вози коли на нејзе Инфакалм се капки кои мнг мајки ги фалат.Ги има во еурофарм.Пробај , може ќе се погодат . Ако може некој од Грција да ти ги донесе уште подобри биле . @Minnie 1 сите сме биле како тебе.Јас пример првите 40 дена не ни ги памтам.Како побудалена бев Дека и немав млеко, а свекрва ми ми се туфкаше над глава како сум немала млеко. И 40 дена додека мајка ми еден ден не ме освести ,само се молзев , само бев со градите на апарат за молзење ,со еден збор се осекав како крава музара Ама се поминува. И моменти со новороденче се бесценети колку и да се тешки . Ќе си фатите ред пополека @monik55 твоето бебе е родено на ист ден со баткото мој Во четврток и петок имам некои битни вести кои се надевам дека ќе се среќни. До тогаш дишам тешко Од кога го пишав ова се додека го пуштам дојде време за доручек ,и у спат завршив доста работа Убав ден мајки
Ќерка ми вика, дека е чистичко. И маж ми се лути за ова вика само што стаив пелена, кака. Викам, ти ако отидеш у нечиста шоља, ќе можеш да се искакаш? Вика не. епа ете ти. За карање и ние еднаш спукавме пред дете, 2 или 3 реченици, ама реков, пред дете нема да се караме и заќутивме. Иако, да бидам искрена и напната атмосфера деца сеќаваат. Ама ако сетам дек е збунета од ситуација, одма бацуам маж, па се гушкаме, а него после ќе му објаснам на само
Добар ден мајки! Што да ви кажам освен дека сабајле кога станав очи ми плачеа за спиење. Синоќа до 12 јас кажувај Црвенкапа он повторува по мене, дрвен адвокат. На крај најинтересно му беше, Бабо бабоооо зошто ти се толку големи ушите? За да можам подобро да те видаааамммм.... Уште не разбира што за што служи. Едвај заспа. Леле луѓе ми иде цуцла да му вратам, со цуцла заспиваше во 9, вака до 12 нема абер. Му викам на маж од сеа натака околу 8 ќе го вадиме ако е убаво времето, ќе го носиме некаде, дали мол, дали надвор низ маало, ако е темници, дали до кај баба му, да стекне навика за рано легнување па ќе се вратиме на старото. Ама и ние сме криви, се нешто у 9 ќе ни текне, дали гледање филм или гледање тв или било што, никако да ни текне дека треба веќе полека да заспиваме и да се смириме. Ќе пробаме сега да местиме за спиење порано, да собираме играчките и да нанаме. Дали ќе ни успее не знам. Предновогодишна атмосфера немаме, демек тргна се поубаво ама нема, луѓето со кои планиравме да славиме имаат гости па ништо од тоа, домче ќе си седиме фамилијарно. Ако спојат викенд може до кај мајка да се оди, ама и тоа не се знае. Најавуваат некое спојување, демек викенд со понеделник, ама кој да знае. Инаку од поштава ми се плаче, до толку се неагилни тоа чудо некое. Едно писмо чекам веќе една недела, аман заман, ако се изгуби ми се чини ќе ги задавам. Нели ми се задеси дебакл со картичката, ми изработија нова, ми испратија и во нашава пошта ко што не се знае кој пие кој плаќа се е отидено јабана и не е стигната уште. Не сфаќаат колку е битно за луѓето поштата и зезаат максимално. Ми иде една пријава да им стегнам да се вртат у круг, ама многу често ги користам нивните услуги и знам дека после ќе ме зафркаваат. Инаку почнав пак со вежбање, уште немам воспаление на мускули ама почнав со кардио, да се загреам и ќе видиме, некако многу се улежав пак. Убав ден!
Здраво, одамна не сум пишала тука. Може зошто се беше исто па нема што да се каже. Дете е во градинка, тоа е ново. Тргна од 5 декември, и се прилагоди супер. Одеше недела дена, почна да јаде и спие и оп температура. Па пауза. Мислев дека пак ќе се вратиме на почеток ама ете вчера ја однесов у 8:30. Чекав секој момент да ме викнат. Помина 11:30 тогаш ручаат. Викам ај кај 12. Помина и 12, а и 13.. во 13:30 станала од спиење и почнала да ме бара. Одлично... сосем е доволно за толку кратко време. Еве денес пак. Ако нека седи, мама раат да одмори и направи ручек. До догодина ништо друго не правам хахахха. Овие две ноќи спие од 20-08 се надевам нема да е само овие две. Тоа би било тоа... за сега.