Мм се зафркава, му викс на мали: Ваше е само да серете, останатото е работа на мајка ти Токне го пресоблекува уште, па сега јас сум Васе гомнарот И јас не сакам расправии пред дете, и уште кога бев бремена избегнував да се караме. Ама мм е малце повеќе избувлув и нервозен, и додека се свести му треба време Мали е ист како него, многу е нервозно бебе
Не така одамна и јас како @Minnie 1 бев. Истата од збор до збор. Знај само дека не си сама, сите сме го прошле тоа... И сите тоа ги чека. Ама на крајот од денот, вреди, нели? @Chanell* исто се чувствувам. Секое слободно време, со телефонот во рака. Среќа, па нели, нема многу слободно време. Уште има и тлее во мене страв, незнаење, како со детево, што сега, што утре. Ваљда тоа е мајчинството. Во врска со карањето, ние дома имаме сајлент тритмент. Од мене тоа. Така да, викање пред бебе е многу ретка ситуација и за глупи работи. Викање воопшто е реткост. И пред бебе беше така. Во 5 години дали има 5 пати за нешто да сме викале. Скоро имавме баш „караница“, нешто околу алиштата, викавме, ама уз смеење, па и бебе се смееше. Не знам дали уште не сме дошле до некоја голема караница во бракот, ама кај нас така проаѓа се. Или јас ќутам, или за алиштата, садовите, рафрлените патики и хаосот по дома тоа се смешки караници. Така ги проаѓаме. Така и нека остане. А осеќаат, стварно, све осеќаат. Овие два дена бебе ми е чудно... Како размазено ми е. Не знам како да опишам. Кенка по играчки, па све сака да докачи, па нервози, па плачки, па мораш да и попуштиш. Боже Господе, зар од сега ли? Како успеавме да ја размазиме? Се успива со плачки или како викање едно, како пеење ли, што ли и е, не знам. Се чудиме, преку ноќ се смени. Уште понервозно е на моменти, па све се пика во уста, па лиги на сите страни. Заби ќе речете, ама нит температура, нит пролив, апетит си има, ноќе спие(пу пу пу, да не заречам) Дури помислив и дека е гладна. Па вчера луѓе цицаше како новороденче, може на секој саат, саат и пол. И така се смируваше. Па што апетит ќе беше. Друго што ме мачи, е што не знам како, каде, колку да ја седнувам. Во релаксатор речиси неќе да лежи, ми се исправа и седи непотпрена. Во транспортерот исто прави. Мала ми е да ја навалувам на перничиња? Пробав, се слизнува, а така е мирна. Се мислам да ја намонтирам хранилката, па таму има агол од 45 степени, па нека седи така. Не знам, стварно не знам дете да чувам. Последна недела одбројуваме. Последен вторник. Чао на 2018 година. Не беше лоша... Си добивме ќерка. До Август бев трудна, од Август со бебе. Зар смеам да се жалам. Планот за вселување само не ни се исполни, ама па и не мора нели се одеднаш, да оставиме нешто и за следната година. Имавме блиски свадби, блиски бебиња, дознавме дека чекаме уште бебиња и во 2019. Убави настани. Ќере ќе има прва братучетка или братучед, нема да бидат ни година разлика. Ќе си има дружба. Убава година, со насмевка ќе влеземе во следната... Имајте убав ден и убава последна недела од оваа шаренолика 18та година.
@TeddyGrey Сака да биде самостално, да истражува... Пушти ја на под да се превртува и лази. Од ортопед добивме препорака во количка да ја закопчуваме само на струк, не и преку раменици, за да може сама да се исправа. Во рок од еден месец еве ја седи доста стабилно. А и хранилката на 45 степени не ти е лоша идеја
Добар ден мајки Прв ден Божиќ тука. Се е затворено, не се работи, па домче седиме, се топлиме, ни истекнува само што да јадеме. Врти сучи деца се околу фрижидерот се. Од како го купивме викаме да купиме такви заштитници за да не го отвараат и типично, за се ќе дојде ред, спонтано се што не треба ќе се купи, тоа што баам не сум купила. Денеска за ручек тавче гравче. Сабајле се мислевме што да биде, што месо да знам да вадам, па се решивме за гравот. Обично го ставам да стои во вода од вечер, ама неколку часа доста му беше. Грил опцијата на шпоретот добра се покажа па ќе испечам и некоја плескавица. Сабота ќе дојде мајка ми. Колку само се радувам. Од самата помисла дека ќе имам малку помош и бејбиситинг ми се чини полетувам. Да избуткаме само до 06ти без градинка, и после на коњ сме. Секој ден играме, цртаме, нешто конструираме и креираме, ама на деца им фали интеракција со други дечиња и некако на крајот на денот сеуште имаат вишок енергија. Годинава најлоша до сега, пред се како мајка и родител. Посакувам само здравје, најпрво за децата, после за мене и мм, за да можеме да ги гледаме и да им се радуваме. Спокојот повторно да се врати кај нас во срцата, да имаме мирен сон и безгрижно да се радуваме на секој нов ден и секој нов чекор кој го прават. Чуството на немоќ, беспомошност и грч во душата да замине и никогаш повеќе да не тропне на оваа врата. Истото ви го посакувам и на вас, на сите до една. Да фрлам третата вода гравот па да ставам едно кафе. Најмалото има две дремки, сега и е првата, средното е на една сеуште, па ја легнавме и нејзе, а најголемата е во биро со татко и. Он работи а она пресреќна што седи до него и си шкртка на некое блокче. Убав ден мајки
Мала е за лазење, а сеа скоро почна да се превртува, не секогаш и успева. Инаку да, само доле ја врзувам. А кога сме кај подот, знам дека најправилен развој е на под. Ама живеам во куќа, доле е прилично ладно и шиба у нозе. Греота ми е доле да седи. Куќата е стара. Реновирана, ама си има маани. Гарнитурата ни е многу тврда тука. Па ја оставам горе, се разбира, внимавам, до нејзе сум. Имам грижа на совест дека не ја ставам на под, ама тоа е... Ќе порасне и моево.
Мојата гарнитура се спојува како огромна спална, 2х2 и така го ставав. Така пролаза, така се исправи на наслонот кој е низок и така порасна да ти кажам. Многу е стабилен и многу е цврст. Но го оставав и на земја, дебело ќебе на земја, врз тоа некое јорганче ставав и граница со перници, ем да не му иде ладно, ем да не бега многу. Иначе под ќебето имам едно ко гумирано подлога за играње, многу е фино, држи топло, и тоа го ставав, нигде ѕирка нит проѕирка. Од она Нама го купив од нет. Искрено децата на под полесно растат.
Знам дека е мала, но ќе пробува, ќе се бутка Прва фаза е превртувањето, па ќе почне да користи раце и нозе за да стигне до некаде. И мојава сеуште не лази но ептен е како црв и знае да стигне таму каде што намерачила Може да се изнајде решение за ладен под, и кај нас фури од секаде поради стари врати и прозорци, затварам врати кога е на земја, врз тепихот во дневна ставив старо дебело ќебе па врз него уште едно, од тенкиве-полар ќебенца. Значи сега за сега е на помала површина но ако почне да лази во план е да купиме од татамите да покриеме поголем дел од дневната. Немам избор, неможам да ја чувам горе кога имам работа, вака е полесно да не ја мислам дека ќе се повреди. Јас си бркам работа, и она си брка работа
@TeddyGrey постели ќебе дебело, па и две, а под нив можеш да ставиш од оние гумените коцки. И јас сум во куќа, се е ново внатре и реновирано, ама самата куќа е стара. Олеснително кај мене е што ставивме паркет, не ламинат, потопол е каде каде, па сме само со гумена подлога (која веќе џабе е, зошто бебе лази насекаде ). Ама и за ламинат има чаре, две подебели ќебиња, коцки под нив и нема гајле. Мојата имаше едно како подлога што се лежи на него и висат играчки одозгора (сигурно знаеш на што мислам). Ќе ја легнев на тоа и си седеше и зјапаше во играчките по пола саат, и повеќе, па ги чепкаше, си играше Додека не пролази, вака си мирна. После што и да и постелиш, сегде ќе оди освен на него
Добар ден. Жива ненаспана сум, главава ќе ми пукне. Ноќва хорор ни беше. Станавме денес во 12 на пладне, т.е бебе тогаш стана, јас дадов сируп сабајле па сум продолжила уште малку на рати да спијам до неа. Како кашла.. Леле жени, па јас кога сум болна така не кашлам бе Едвај ја заспав во 12 синоќа, во 3 се разбуди давејќи се од кашлање, плачеше многу, премногу, се исплаши .. Станав, мерев температура, среќа немаше .. Ајде пак ја заспав, со едно жално цимолење и првчето во усте Штотуку заспа, во 5 сабајле пак исто .. Ау, душа ми се корне! Ја гледам и не знам како да и помогнам. Ја инхалирам, не знам колку и помага. Интересно и стана па со рачињата си ја држи сама маската, се инхалира и се смее. Душа, колку и да и е лошо она си е насмена Ќе ја носам пак на доктор. Очигледно сирупот не и помага, нека ни наоѓаат чаре .. Или тоа или ќе менувам доктор. Ич не сум задоволна од матичната,и до ск ќе ја носам секој ден ако треба само да ми оздрави. Подобро така него ли да ми се мачи вака..
@Chanell* колку месеци ти е бебето? Мојава кашлаше многу и само чај од бел слез ја смири кашлицата, инаку се отру од сирупи, а подобрување никакво.
Денес бебе цел ден спие. Што е работава? Едвај, дал саат-два беше буден, на рати. Сакам да го избањам, не можам да го разбудам. Синоќа се разбуди во 2 да цица, буден беше до 4. Вечер ќе има забава изгледа.
5 месеци. Бронхит е кај нас. Антибиотик,инхалации,капки,друг сируп.. Гревче, премногу хемија. Само да и мине.
Здраво мајки, Цел ден сум ко утепана, малава откако наполни 5 месеци, збеснува и се лигави; кенка за се', си има барања просто. Сака да седи, сака да стане. Кај ќе одиш бре ќерко на 5 месеци, се чудам? Апетитот и е поголем ама ме радува тоа. Ја легнувам на под на две широки ќебиња, дофаќа играчки, оди наназад, па крева газ, па лупа со ногата... мини енергетска бомба е. А јас - ко без мозок шетам. Само ѕиркам да не забега накај панелката и менувам лигавчиња. Тоа ми е сега обврска. Сите лигавчиња на светот да се испрани. Маж ми прекапан од работа; ја некако спласната. Утре имаме мала промоција на Монографијата во Гем клубот и ќе ја оставам да ја чуваат моите. Ме фати некаква лесна тага прееска дека и покрај тазе мајчинството, и јас сум дете на мајка и не знам се'. Впрочем не знам ништо. Допрва ќе учам. Допрва ќе се плашам. Допрва ќе бдеам над неа. Ќе се карам и ќе се гушкам. Ќе и се чудам кога пораснала. Напишав песна за мајка ми, да е жива и здрава - без неа цело мое битисување би било непотполно. Мирисот на мајка ми Тоа се години што добиле израз, Грижа што никогаш не застанала и не се свртела кон себеси 'нека има за децата прво' - таа јаде последна Печат на животот се купчето кармини сите нејзини шминки од Рубин Кармин Марами добиени за 8ми март и ѓердани од лажен бисер Сите вистински рози набрани за неа, ги носи татко ми Кензо Џангл мирис на перници Сечкан кромид и ветер од камилица низ ходник Гласен звук од телевизорот или касета од Идоли, Вазна од чеиз и зачувани калчунки. Допирот на нејзината рака Смирува светови. До ден денешен си мислам - нека ме погали. Иако сум веќе голема и самата мајка. Го сакам тој мирис на автентичност, на умор На половина од себеси, На сите пребродени стравови. И се молам - да не заборавам од кои ноти е составен Во кои ќошиња од плакарот оставен Црвен пипер и кардамом, ванила и инсулин, жега и страв од вода, рак со подзнак лав и дреч мода. Тропалка за секој случај скриена во витрината (Ако и дојде внуката) Зрак песни и search на Youtube од иднината Како ли ќе ме запише мојата ќерка Кој ќе е мирисот што ќе се пренесува? Како генетски парфем Основа, срцевина и нота што заоѓа И пак се наоѓа На кожа како љубовта.
Среќен Божик! На тие што го славите овие денови. Маж испратен наработа дете сеуште спие. Јас ич немирно спиев цела ноќ. Имав некакви без врска сонови,заби ме болат,грло ме греби. Сега пред две-три недели со дете заедно бевме настинати.Ама кој ми е крив кога де шетам која модна писта да сум,по едно блузи секаде шабам.Излегувам така надвор по дрва,фрлам ѓубре....ако облечам нешто дете одма ќе ме забележи и ќе сака да иди со мене,вака за неколку секунди си викам ништо нема. Со мм во подобри односи.Но што ако кога се нервира со старине.Ниту едниот разбира ниту другиот.Мм му зборува,но невреди не го слушаат се понашаат како тинејџери. Му кажа многу убаво и последна шанса дека му дава,ако не ќе си заминеме. Ќе си заминеме да,но каде и да одиме болката ќе му остане во градите. Чувстувам некој немир во душата,страв од тоа да не му се случи нешто на мм.Да не ме снајде судбината на мајка ми. ..Сама да растам дете...Се нервира страшно гради го болат, а не сака да одиме на доктор. За новава денеска мм треба да се договорат.Сакале на викендица но мало место а десет возрасни и десет деца се.Мало место а и со мали деца не. Туку само моево си легнува најрано другите деца седат после полноќ.А таму да го заспијам нема каде.Затоа му понудивме кај нас дома ако одат стариве негде.Не сакаат, ќе извалкале децата.Леле големото нешто,рацеве ќе исчистат. Па сега незнам маж што ќе направат му велам ако не ќе си седиме дома сами,големото чудо нова година било.Исто како и секоја вечер е.Но убо е ако се собериме ќе има смеа,ќе одмориме и ќе пуштиме мозок на пасење. Дете се издигна.
Добро утро. Пијам кафе надвор, си се паркирав на еден стол и не мрдам, тишина, и тук там по некоја птица, зрак на сонце.. Маж и дете спијат сеуште кај да е ќе станат. Па ќе прошетаме до некој маркет да прикупеме за јадење и така и ќе го поминеме денов. Од утре маж на работа а јас ќе чекам повикот за таблиците, некна така ми кажаа дека ќе ѕвонат, се плашам само да не речат после понеделник. Барем петок да одам се надевам. Колку ли брзо летна месецов, гледам 26, за неколку денови нова година, за една недела бадник, божиќ, како летна време дури вчера се освестив. Вчера имавме гости, правев кифли, руска, месо, па вечерта една генералка удрив и мина денот така брзо дур трепнеме. Ладно надвор, накај 11 часот почнува да е пријатно времето, после 4 пак студишта, време му е. Имајте убав ден.
Добро утро! Денес не можам кафе да се изнапијам. Едно испив дома, едно на работа и на трето мислам. Ај да не сум наспана па да разберам, ама баш мирно спиев синоќа. Ќе го рикнам пулсот после 150, па ќе се чудам што бутур ми е. Решивме дека оваа година нема да чекаме Нова Година со друштво, конечно се убедивме вчера со мм. Се чувствувам преморена и сакам да си седиме дома четворицата да си се гушкаме во пижами, без стрес и притисок од оди ми-дојди ми. Си нарачаа вчера што сакаат да им спремам, ќе си седнеме да вечераме, ќе си пуштиме традиционално Сам дома двојката и мир у куќа. Кога заспијам - заспијам, без да се секирам дека сум го преспала дочекот. Се читам и сфаќам дека сум станала врвна домашарка, да не ме избрка човек од дома значи. Убав ден ви сакам девојчиња!
Ај од мене добар ден! Кафе уште немам испиено, легнав синоќа со мисла синко да го проверувам цела вечер оти мајкинот има Варичела, сабајлево не израдуваа, убаво е нафрлан богами. Смејурии сме. Јас утре ќе си поседам дома, денес тате и така ќе се погодиме некако. Туку што и јас немам прележано а се ме чеша автосугестивно, ќе биде смешно. Што е тоа е. Денес да сработам што можам, понеделник ќе видиме ако се работи ок, ако не дома ќе се гушкаме до четврток оти нели ние сме привилегирани и 2ри ни го дадоа. Колку само да се зајадат луѓето, одма почнаа кавги по фб зошто администрација да не работи а приватните да работат. Освен варичела ништо интересно кај нас, дете нервозно, мама уште повеќе во пмс, што да се каже. Уједам!
Мене одамна ме нема во темава, ама периодов ми е некако мачен и мрачен заради нешта што не можам да ги сменам, а е прилично болни (за здравје на блиски се работи). Плус и детево ептен се разболе со бактерија во нос и грло, па уво го болеше и се ни се собра. Еве го веќе две недели е дома. Првата бепе болен сега вторава е ОК ама педијатарот вика нека седи дома до Нова Година да заздрави убаво зашто прошлиот пат брзо се врати и не издржа ни недела дена во градинка пак се разболе. Жал ми е што пропушти и сликање со Дедо Мраз и претстава ама си се тешам ќе има и догодина се тоа, битно тој да се здрав. Инаку истата бактерија ја имав и јас па и јас сум под терапија некоја и така. Се надевам дека 2019 ќе ни биде поведра и повесела година и нас дома и на сите тука и секаде. Планираме деновиве да шетнеме на плоштад дете да се порадува на елката и Новогодишнито Базар. Барем мене ми е убаво да се шеткам по такви работи и сакам украсено да биде. Некако ми го подига расположението украсувањето. Разнесуваме пакетчиња по пријатели, со деца се гледаме на отворено деновиве и така ни минува времето. Едвај чекам да дојде викенд и да се олабавиме малку. За Нова Година договоривме со пријатели со две деца со кои добро си игра малиот па ќе видиме како ќе истераме. Планот е до 12 и 5 да додржиме, а ако треба деца ќе легнат и порано.
Еве ме пак. Ја немав посетено темата за слики од децата, па не памтам од кога. Годиништа. На работа ми е лабаво, па буквално немам попаметна работа. МАЈКИ!!! Како можеше сите деца од едно до последно да се најубави бе?! Се размрсулавев, се разлигавив, се наполнив со убавини. Без разлика што ви носи животот, бидете најсреќни. Не сме ни свесни каков благослов држиме во раце, секое дете е посебен свет... Изгушкајте ги сите до едно тие прекрасни дарови од Бога, од тетка Елена да ги цмокнете во тоа совршените обравчиња. Сакам уште деца, сакам уште пет!!! Дај Господе здравје, давај кај сите, не оставај никого без ваква убавина...