Добар ден и од мене. Ме немаше долго време да пишувам некако се или немам време или немам нешто паметно да кажам. Роденденот на малата помина ми наполни детето 2годинки колку брзо лета времето. Сега сме си домче се чуваме 2недели нема да оди во градинка има бактерија во носето па сега јас сум дома со неа а наредната мм ке биде дома. Што убаво ми дојде овој одмор така предновогодишно и генералка дома да направам и за слатки ќе имам време. Малата подобра е пие сируп и маст се мачкаме. Утре синко има представа од градинка па ке одиме да го гледаме само малата незнам дали кај свекрва да ја оставиме или да ја носиме и неа. Сабајле ја носев во градинка да се слика со другарчињата за нова година и се вративме пак дома. Имате убав ден
Да ја држам темава во живот.... Се гледа кој е без работа,денеска со втор пост. Вредни бевме со дете. Убава генералка направивме малку се забавуваме со дете. На крај морав да го ставам во хранилка оти го фатија бубачките. Мајка ми се јави додека чистевме и ме искара.И кажав дека скоро два месеци не ми е исчистено зад петтосед.Па кога почна да ми држи лекција,пишман бев што и кажав. Кога беше помал секоја недела го влечев петтоседот за да исчистам зад него што имаше многу играчки од дете што пуштало.И од тогаш веќе ми е смачено да фаќам тепих,да го влечкам ..... Мм си дојде,го зеде дете да го однеси на работа дедо мраз ќе делел пакетчиња. И како што кажав така и биднало.Дете плачел не сакал да се доближи а не да седни да се слика со дедо мраз.Дедото му ја подал играчката,а синко си ја зел и одма си се свртил. Страшливец на мајка. Се вратија во 13:20 дете пресреќно дека имал нови коли.Не сакаше да спија сакал да игра.Па некако со триста маки се успеавме со новите коли во раце. Незнам дали со мм денеска ќе се видиме.Го остави дете и одма замина да работи приватно.Потоа ќе си дојде да се истушира,ќе оди на полагање и вечер на забава од работа. Да станам да го расчистам нередов од алишта што го преслекував дете.
Здраво мами, Денес малку посвежи од предходниве денови. Ноќеска мм ја заспал бебка и ја ставил во креветче, се будеше на 3саати да цица ама сепак кога спие во креветче многу поубаво спијам, без да се штрекнувам да не ја згмечам насекое. Утрово каснав некое кифличе, свекрвица зела одмор да ми помага а у ствари ја немам видено, од рано утро е со некој проект, откако сум дојдена од болница по цел ден е во село, ја средуваат куќата, онака без причина.. Вчера остана дома па цел ден месеше кифли, денес прави сок од јаболка, утре и задутре ќе правеле колбаси... Па на крај мм ќе ми каже дека мајка му зела одмор само за да ми помага. Мојата мајка не е ништо подобра, дојде само еднаш откако се породив иако живее две улички подалеку, изговор е секако дека несака да смета затоа што живееме заедно со свекор и свекрва. Настрана од глупостиве, чувствувам болки од десната страна над резот, кога ќе поминам со раката местото е екстра чувствително, знам дека требаше повеќе да се пазам барем првиве две недели а не да ринтам ко коњ низ дома и да работам и што треба и шо не треба. Вчера ни дојде кумот на гости, сакал да ја види малата. Уште од врата го надушкав дека корне на цигари, а тој сам си кажа бил во кафич предходно. Влезе и веднаш оди кај креветчето и пушта рака да ја погалел малата за лице , леле кога ми летна гласов неконтролирано: Нее! Раце миење и за лице и раце фаќање никако! Се смршти веднаш, чист бил.. па замина се изми.. Сто пати зажалив што се согласив да примам гости толку рано. Поминаа патронажните сестри, лапнаа по една торта и си заминаа. Запишаа податоци, ми кажаа на 6 недели да ја осам на вакцина и толку.. Чекам маж од работа да зборнам со возрасен човек Убав ден
Добар ден. Редовно ве читам , ама немам ништо ново да пишам , а искрено немам ни желба , ме мачат некои мисли тешки , навечер неможам да заспијам , а насабајле неможам да станам. За несоница да не имате некој лек , видов чај на good nature за добра ноќ , па планирам да го земам. Во понеделникот бевме скопје во државна и таму да провериме за бактеријава на дете , докторката се сомнева дека резултатите од нашиот град не се точни , па утре ни рекоа да си ги земеме резултатите, Веке и од тоа душа немам , само читам по интернет и си правам дополнителни стресови. А бебе е супер , нема никаков симптом дека нешто не е ок , затоа ако треба уште на 5 места ќе однесам само да бидам сигурна дека се е ок, Друго нема ново ништо , со мм слабо се гледаме неделава , на една прослава , на друга , па и наработа заглавува , ама сака се да заврши па до 20 јануари да не оди на работа. Се надевам дека така ќе испадне , ми треба психички одмор , само ние тројцата да си се гушкаме. За нова година договорени сме со друштво , ама не ми се мрда од дома. Цел ред на дете треба да му го поместам , а тогаш е неподнослив. Од сабајле дојде свекрва притисокот 500 ми го качи , значи незнам луѓево немаат ли осет пред кого што кажуваат. Ваа мојава дефинитивно нема осет ! Ама ова сето треба да оди во друга тема. Денеска грашок за ручек направив и плус со бебе се прошетавме и си заспа сега , ама немирно спие . Бебе стана , одам.
Полната месечина наѕрна и сите се скривме. Понеделничката магија се преобрази во бронхитис и воспалено уво. Салбутамол и антибиотик. Можам да кажам дека прв пат ми е болно детето. Тоа до сега уствари не било ништо. Не сме одвоени неколку дена, цица, лежи и спие на цице, се во раце. Прошетавме сега по кока кола и леден чај да се освежиме. Нит сме спиени, ни јадени. Сабајле едвај направив за дете да јаде, таман спремав тоа заспа. Ама џабе нема апетит, не јаде. Во понеделникот се опремивме со храна, а жими едно јајце варено што изедов, желудникот ме боли. Сега имаме пари, имаме дома за јадење, а мртви гладни сме. Значи и до парите и до здравјето е, ама пред се до парите. Се надевам од утре ќе е подобро. Заспа по четврти пат за денес, а јас ако успеам да се искрадам со се цицето да наполнам енергија со кока колата. Штом ќе пијам кока кола значи стварно ми треба енергија. А еве нас од прва ни дадоа антибиотик. Воопшто не се израдував, кога го слушнав зборот светот ми се преврте. И знаете како се чувствувам сега? Како лоша мајка што дозволи детето да и се разболи. Знам нормално е ќе се разболува ама го враќам филмот наназад и барам маани, дека не го чистев носето со пумпица, можеби не го облекувам доволно за надвор и го шетам на ладно, дали не го хранам доволно здраво, да не падна имунитетот после ММР вакцината... Во ова време не беше тишина и не сакам да биде. Ја слушам само чешмава што капе и плинот повремено како се пали. Сакам само да оздрави.
Мајка не си лоша мајка, разбери го тоа, се случува. Оди со друг деца ко што разбрав кај таа жената таге маге, шетате, нормално е. Се собрало се. Повеќе овошје и зеленчук, супи, течности и ќе се исчисти. Мене на 8м прв пат бронхит ми доби, што да кажам. Плус и паднат имунитетот од вакцината, охоооо... Само цврсто, храбро, повеќе течности, цице и шетајте облечени убаво на воздух, не во молови. Ние јадеме супа, со лепче, само тоа и сака. Манџата ја и тате ќе си ја јадеме изгледа. Душа е, го чешаат ама не се чеша, баш е принципиелен. Главата му е полна, огромни се. Гледам и на чело има, леле мале. Не се плашам од варичелата, само да не закачи уште нешто после. Сирупче земав, сега со милкшејк и омегата ќе ја дадам, вечер имунибустерот и ќе се бориме со сите вируси. Сте имале искуство со варичела на стари години? Мене се ме чеша, дали од што мислам или ќе ме фаќа којзнае.
Добра вечер мајки! Ладно некако денес. Вчера му велам на мм дај поседи дома малку да прошетам негде,ми вели ладно е седи си на топло. Не дека ми се оди којзнае каде,ама онака да мрднам малку, се едно исто дома со бебево и децава. Ајде утре или задутре ке шетнам макар и до некој маркет, доволно е. Дома исто ко и стално, да ми кажеше некој дека ќе се справувам со три деца не, немаше да верувам. Има денови кога го дојам малото, со другата рака го хранам средното. Или учиме со големиот дур цица бебка. Наутро е најнапорно, некогаш стануваат во исто време, па мени на едно пелена па на друго, па појадок, па се покакале. После таа заспива, па потсредувам низ дома спремам за ручек, го испраќам големиот и ако заспие и средново одмарам или зачистувам. Копнеам да ви кажам право за една добра генералка, ама се нема време. А богами и ладно ми е да се препотувам па туширам. Вака секој ден основното и чистое. Маж помага колку може не можам да се пожалам, барем секој ден легнувам туширана, им дава вечера на големиве и тоа е. Времево лета, уште малку правоме и четириесет дена. Па ќе не нападнат гости. Иако се плашам од вируси,сакам луѓе, не сум јас за осаменост. Особено периодов ми фали муабет со млади луѓе,се со баби сум. Си викам ќе шетаме после , а после си велам кај ке мачам бебе по студов. Се знае, до кај мајка и назад. Барем нејзи ке и ги оставам, ја два саата ке поскитам. Тоа е.Ми се пишува уште ама немам сили искрено . Ве читам и се тешам дека не е само моето секојдневие вакво. Убав ден!
Јас прележав на 31 година и тоа трудна. Фала богу мн лесно поминав. Витамин б комплекс, овошје,свежа јрана и течности.
Бронхитис и бронхит исто е? Никогаш не сум била на лекар и појма немам од ништо. Сега си велам подобро да сум се разболувала барем ќе имав искуство и знаење за некои работи.
Исто е. Не е лошо да прочепкаш низ темиве што се те чека во социјализацијава, а дајбоже ништо од тоа да не ти се задеси. Вируси, бактерии, детски болештини, се тоа е нормално. А најубаво да не закачите, ама да си имаш на ум. И дајбоже со имунитетот на тебе да се метне да не знае и она за болести. Ве гушкам!
Јас имам, на 25 + трудна 28ма нед. Симптоми баш никакви немав се до пред да избијат денот. Не измерив тт, а сигурно имав.. не спиев цела ноќ се вртев, мислев нешто со бременоста поврзано дека е. И ме акна една страшна главоболка плус, сабајлето прво ми изби на гради и на интима..Имаш прележано? Ако немаш 80% ке фатиш. Од мене фати и сестра ми, она беше 21год. Јас не поминав баш лесно, бев и на инфективно, не ме задржаа дека трудна да не закачам нешто плус, ама таблети ми дадоа да пијам, осипот језив ми беше, тт имав. А сестра ми со 10тина помина, прелесно..
Сестра ми крводарител, често дава крв и плус многу јак имунитет има, најверојатно затоа лесно помина. А јас трудно нежно. Витаминизирај се периодов, ако фатиш лесно да поминеш и со лесно на малиот Доста дечиња периодов слушнав имаат... @supergirlmb има детенцето со кое си фатила во бременоста прележано пак? Дали ти спомнаа дали се важи како прележно додека се во меше или ке си фатат понатака во животот пак? Еден др ми спомна дека и бебето го прележува истовремено вирусот, малава дури и тахикардии имаше додека бев со сипаниците, баш рече др вака е дека и тоа се бори со вирусот..
@AngelOfArh прележав и јас како поголема и тоа два пати, еднаш на 3 години ама дека моиве ме однеле во бугарија на море баш тогаш па од солената вода не сум можела да ги прележам за 2 дена ми поминале па ме задеси кога бев поголема. Јас многу тешко поминав па тек одпосле докторката ми даде апчиња некои и после апчињата по цел ден спиев дека полесно ми беше Да така се е можно. Добра вечер Јас преска имав напад со јајници, имам од секогаш хорор екстра јаки болки ама пред време пијам апчиња оти со траума сум не чекам да ме здоболи многу, арно ама денес го испив така кога имав мали болови и апчето не ми дејствуваше воопшто 2 часа, во тие два часа господ го видев од болки, повраќање.. Среќа маж ми дома па изми садеви нарани дете а јас несвестици имав у кревет исто ко породилни болки, среќа после 2 часа поминаа па станав присредив и пак во кревет омалаксана од болките Гледавме еден филм ао дедо мраз интересен за деца бекој нов И така Сега успивам дете, одморот од 3 ипол дена заврши на маж ми, гости пречекавме испративме уште утре да видиме каков абер ќе ми пратат за таблите дал ќе ги земам или и за нова година со празни раце за на никаде ќе останеме Овие 2 недели долги ми се видоа Ама вчера ко загледав дека за неколку дена е нова година не можев да се свестам Ќе правиме роденден во сабота на маж ми, со се торта со се сите тракатанци, за нова година по дома најверојатно на купче со некое ручече Сакам да направам од се по нешто да има на маса Ќе динстам и некое месо и некое благце и така Па после ќе се спремаме за бадник уште сега сум ентузијаста да одам да докупам работи, дел купив дел не, плус утре ќе земам и за роденденот ситници, сакам убаво да ни е на душата а убаво мие баш од малите ствари Од атмосверата и хармонијата низ дома. Ептен се радувам па разгледувам филозофирам се мислам што и како да купувам и така тоа е.. Времево крш, магла магла не се дише надвор, дека тука ниско е.. ладно... Вчера и денес ништо не работеше утре ќе одам до маркет да прикупам нешто плус ни вода немам па може и две тури да правам Да земеме колата и трк накај алпите, уште снегче да падне таму Убава ноќ на сите.
Ве читам редовно ама некако ни време ни желба за пишување. Си се пожалив и во друга тема, синко после само една недела фит, закачи нов вирус. Прво он им даде на батковците, после они него. Така се смееме на маката со снаа ми Какви нови вируси, неколку дена висока тт, одвреме навреме, среќа без сируп поминувавме, дете весело тоа беше најважно. Денес кашлаше како куче, неколку пати исповрати грстови шлајм. Вечерва со глас фатен како вчера да пеел на предновогодишна забава. Плаче, молчи не сакал со таков глас да биде. Згора на се, денес падна уште една крушка, мм. Ама он е колку за 10 болни деца вреден. Се молам од утре да бидеме фит, да однесеме пакетчиња, да доукрасам куќа, да подновам дете, да спремаме за Новава. Додуша како традиција ни стана, секоја стара година да ја испраќаме болни Ете поштено си се пожалив и искажав. @AngelOfArh Со лесно да ви мине.
Добра вечер мајки. Јас успав деца сега да одморам малку да ве читнам. Прееска се спукавме со мм. Имам пишано дека малиот во 20ч ми заспива, ама ете и малата побара тогаш да дремни и морав со неа, а малиот со мм. Завчера ете се случи чудо изгледа преморен беше и само го погали мм на лице без да го крева и тој заспа. Денеска мм сакаше пак така да го успие ама бебе не можеше да се зацврсти во сончето и плус мм го остави така на гарнитура. Јас имам обичај пејам приспивна, нишкам и си го ставам во креветче. Сто пати му реков на мм крени го да те почуствува он не нека се учи така. Во ред оставив така да биде и излегов од собата да средам домашни обврски. Кога му писнала малата, а му реков да очекува зошто она кај 21ипол цврсто заспива и после јас крива зошто сум излегла од соба, зошто се разбудил малиот, а кога тој е зацврстен во сонот ни сестра му му смета ни никој. И така дојдов на темава да си се олеснам. Криво ми е што маж не ме послуша. После си ги заспав сама двајцата. Мене не ми е јасно зошто да ми биде тешко бебето да ми биде во раце, зошто да го заучувам со галење, уште е бебе и воопшто не се жалам на болката што ја имам во половината... Сега ни се моментите да ги милуваме и гушкаме.
@LaDyDoLl периодов нема куќа со сите здрави луѓе, хаос. Мм затнат малку, малава малку подкашлува два дена, па дај боже на толку да останеме и скроз да оздрават. Да ви пишам додека ми се топи восокот, се пикнав во вц ке се депилирам на нозе Јас имам нешто да се пофалам, богами за фалење ми е Синко 7+ дена не ја цуца цуцлата, не ја бара ич, без неа заспива, фрлив две, една ја оставив за успомен во кутијата со спомени Падна пред да ја одбие и го скина муцето малку внатре и неможеше да ја цуца два дена, среќа во несреќа работава, но не ми се верува дека така лесно ја батали Ние новата година домче ке си ја чекаме, сами или со кумовите (ако не е на раб кумот). После Јан во план сме некаде да шетнеме, гледав убаво местенце во Боровец, како приватни дрвени куќички, па ке видиме Ако не таму, Сандански, убаво е и Банско, ама за со две толку мали деца мислам не е, ке ми биде претешко. Кога ке пораснат таа дестинација ке ни е погодна, да учиме да скијаме сите, мм знае, па затоа и јас ке учам Утре мм да го пратам на шишање со синко, па да им удрам една фотосесија дома, ке правиме колачиња, сцена, каминот битно готов, ке биде весело, има два дена да ги шкрапам знам Инаку на род на малава бев 67кг (пред два месеци), а сега сум 72 Јас се чудам зашто тесно ми е се, си викав се смалиле со перење работите, се тешев... ама вагата денес друго кажа Така е секоја зима, си качувам обавезно. И така се стопи восоков, отидов јас. Убави празници мајки, убав помин за нова година, како што сум активна.. тешко да пишам пак во темава И пред се побрзо оздравување на сите, новата година дај боже здрави да си ја дочекате
Нема досега. 2 години е и не оди уште во градинка. Кога бев тогаш сите доктори се испаничија, мојот матичен, гинекологот, па бев на инфектолог. Тој ме утеши рече дека нема да има последици и дека бебето ќе стекне антитела од мене и од вирусот. Ваљда тоа му значеше, па ќе видиме понатака. Мора тогаш на имунитет да се работи многуууу.
Да истото и мене инфектолог ми го кажа. Мене доктор и гинеколог во Грција ме виде, двајца доктори тука, гинеколог и инфектолог, освен они и јас како бев испаничена, се додека не ја родив и видов дека е се ок, само на мисла ми беа сипаниците. Како и да е не се плашам, нас како мали намерно не мешале, ама ваљда јак имунитет не фаќавме со сестра ми. Ретко да сретнам некоја што бремена прележала, кажи ако некогаш фати детенцето, запамти ме
Ми се јави една другатка, утре сакале да дојдат со старосватицата, друга другатка со маж и и детенцето. Ептен ми се блиски, а и не дека чекам 40 денови, ама ептен брзо ми е за гости. Мајка ми, свекрва ми, сестра ми, кумовите, сега другарките... Што да правам, незгодно ми е да им речам да не дојдат.