1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Скопје?
    Локо Кроко има Дедо Мраз, и од фото студијата мислам може да договориш.
     
    На gjoker4e и Milla989 им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Ние од Локо Кроко го викнавме. Си купуваш подароци од таму, плус 300ден за дедо Мразот. А имам и пријателка која блиски нејзини држат игротека и они имаат дедо мраз + маскота 400ден (мислам толку беше, ако сакаш ке прашам, пиши ми лп), подарок си купуваш од каде сакаш.
     
    На gjoker4e, Milla989 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.182
    Допаѓања:
    107.323
    Пол:
    Женски
    Ако е како досега што е добро ќе биде, вади нови нон стоп, ама не се страшни, има само неколку баш страшни големи и се, фактички првите што излегоа, друго се е нормално. Ставам Покс клин и толку. Тт засега немал. Јаде убаво и количински, супа, манџички, овошје обавезно, пие чаеви и течности, многу принципиелен е. И сам вика, не чешај! Срце на мајка!

    Имаш во Локо кроко, ама побрзај, прилично се зафатени. Купуваш играчка од кај нив и они ја носат на детето за 200 денари плус надохнада.

    Моево се што имаше од пакетче изеде, отвори и сега под елка празно. Моиве роднини и пријатели не се нешто по подарувањето изгледа, или сите чекаат последен момент. Јас бев порано многу повесела во тој поглед, ама последниве 2 години гледам никој за мене не се сеќира па ни јас за нивните не сум многу потресена. Лани заборавив кој ни донесе кој не пакетче, па годинава купив за сите, играчки додуша, мислев да одиме во Рамстор ама ај викам да не се трескам од земја, ќе поминам поскромно. Ќе купам уште по некое чоколадо, сокче за беблакот, и толку. Може е и рано, ама па гледам децата под елки веќе редат пакетчиња, ве читам вас, моево сирото мама и тато што купија и толку. А едно од градинка имаше сиротко, го распартали веќе, другите од нас се носат алишта, се играат играчки, нетрпелив. Не сакам да гледам до толку кој ми донел да однесам, не сум таква, ама ме нервира што моето се потценува па се си викам ај ќе припазам сега, ама се тоа на муабет останува. Коа не си таков створен тоа е.

    Варичелка добро ја поднесуваме значи, немаме мака, мене уште не ме фатило, се надевам и нема. Имаме викенд за спиење малку, да одмориме, ќе подсуредиме оти чисто ни е прилично, само да поминеме со правосмукалка и да забришеме прашина, алишта да запегламе и да спремиме менито за новогодишната ноќ, хахахахах, мислиш ќе чекаме цело село луѓе, ние ќе си бидеме евентуално баба и деде да дојдат. Викендов ако сака баба да го причува дечко да идеме да испазариме некоја ситница во Рамстор, нешто за јадење, за пиење, добро ќе е, другото ќе почека, и на тато најавија каснење на плата. Ќе биде забавно додека дојде плата месецов иден.

    Одврт заврт муабет само за пари, тоа е. Нажалост...
     
    На gjoker4e, Coco31, Sandrin4 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Другарка на фб најде Дедо Мраз и Олаф (снешкото од Фрозен) за 300 ден. Побарај по фб сигурно нешто ќе излезе. Ако се одлучиш за Локо Кроко да знаеш дека само крш играчки се останати и се доплаќа 200 ден.
     
    На gjoker4e и Milla989 им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    22.580
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, да уграбам уште некој момент пред да одам да ја земам ќере.
    Само си седам, све ме мрзи. Овие неколку дена со гости, а и наредниве исто, па ми се смачи само од спремање, поставување, кревање. И сега не чепкам ништо!!!!
    Инаку вака добри сме.
    Срце мајкино како ме гушна и бакна вчера кога ја земав од градинка.
    Свесно дојде, ме гушна и ме бакна сочно во образ.
    Читнав горе за пакетчиња, до сега имаме 5, а уште 7 ќе добиеме(ова што се најавени). Што ќе им правам не знам. Купив голема елка као за нив, да и стојат под елка ама ни пола нема да ги собере.
    Дојде викенд, иде нова година, а мм е турбо на работа. Порано оди, покасјо се враќа. Утре е пак на работа. Во понеделник ќе одиме и ние по пакетче. И некоја куклена претстава. Па се надевам тато ќе си го земеме порано ;).
    И кога јас ќе спремам за празнициве??? И за малава треба се да се испазари, ништо нема. Порано купував повеќе и фрлав, е сеа се се дотроши.
    Овој период сеа турбо... сите да ги испочитуваш. Ваљда ќе преживеам хахаха... доста има планови, до кај ќе стигнеме ќе видиме.
     
    На gjoker4e, Coco31, karibian и 20 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Трета ноќ во исто време повраќа. Многу сум исплашена. Не е шлајм. Нешто помеѓу мајчино млеко и вода, повеќе како вода.
    Ако поврати и ноќеска обавезно одиме на лекар.
    Кажав дека повраќаше првиот пат ама не ми ни обрнаа внимание, реакција како да е си е нормално е тоа нели. Ама ова е веќе трет пат, спие и наеднаш и иде да повраќа кај 4-5 сабајле. Вчера тт 40 кога видов на топломерот се заледив. Се јавив и за тоа ми рекоа до денес да почекам треба да поминат 48 часа од антибиотикот.
    Да речам повраќа од лековите не дека и пред нив поврати ноќта. Дали се повраќа од бронхитис? Од воспалено уво?
    Многу сум исплашена.
     
    На minneymouse82, Skorpija989, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас, првите што искочија се големи и страшни но останатите се обични бубулки. Од вчера вечер веќе и Т немаме, се надевам нема веќе ни да качи. Брунките се сушат, нови нема. Нејзе ја чешкаа само на интима, ретпоставувам дека таму по осетливо местото. Кога и викаме не се чешкај, вика не чешкам, се галам :lol: Се плаши. Како и да е, мислам кризата помина :)

    Последен петок од оваа година.
    Дома сум, пијам чај.
    Ритуали на малава ме исцрпуваат. Некако брзо се замарам.
    Си земав вчера Центрум, тие ми даваат сила, ме креваат на нозе некако.
    Дома сум до божик ради малава. Но паметот ми е во сити молл:tmi: има попусти, само вртам на веб страниве манго, зара, страдивариус.. но не знам колку е паметно сега пред нова годона да одам, сигурно има гужви и нема ништо да завршам. Ке истрпам некако до после нова година. Таман и мм ќе биде послободен да се причуваат со ќере:) знам ќе си речете на сета мака нејзе паметот во шетање, но баш кога имам мака само шопинг може да ме расположи:nod: Зарем не е така со сите жени :wasntme:
     
    На gjoker4e, Coco31, karibian и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Можно е од салбутамолот, пошто ако не сум грешка, тој го разводнува секретот во бронхиите и е за исфрлање на истиот. Можеби поради тоа повраќа. Давај течности повеќе и покрај тоа што си цица, јадење не форсирај. Ќе се опорави.
     
    На Skorpija989, mal.ecka, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    5.683
    Пол:
    Женски
    Три и пол години дете имам и пак се тресам од настинати и болни. Пред празници сме и со морбиливе, гриповиве, норовируси и што уште не, ептен сум на штрек, па шетаме само на отворено, не сме посетиле никаков настан, приредба, буквално ништо. Одбегнувам затворени простории иако ладно. Згора на се сега време на гости, иди ми , дојди ми, демек Нова Година, ко крај на свет да е. И да ми дојдат настинати и да ме канат настинати ми е ноќна мора и ме плаши најискрено, зошто ги има без осет на тон. И неможам, навистина не можам да трпам мудрувања за стекнување имунитет од немедицински лица, или лица кои не се оствариле ко родители, ама имаат непроценливо искуство од супермоќните и суперздрави деца на другачките и колегите од работа и се сметаат за компетентни да солат памет, или да си дојдат настинати, оти демек не им било ништо страшно. Нив не им е страшно, но на моето може да му биде, не дај Боже. Три месеци лупав глава со настинки и кашлици in a row, и сакам да здивнеме, а мудрециве нема да им бдеат навечер на децата за чија пуста социјализација се толку загрижени.
     
    На gjoker4e, karibian, Marmarin и 10 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Поврати и ноќта пред да има пиено салбутамол. Тоа ме плаши. Затоа велам не е од лековите дека и пред нив поврати.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.761
    Пол:
    Женски
    Шлајмот иритира, кога се собира во грлото, а тоа ноќе почесто се случува. Не се секирај, ќе биде добра.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    28.355
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e мојот кога е во таква состојба најчесто навачер повраќа.
    Дење кашла,трча се закашлува,лежи не мрда.
    Ама навечер обавезно легнувам со леѓенот до мене.
    Спие кркори,едвај дише,му се слева секретот надоле ќе се закашла и обавезно повраќа,секоја вечер е тоа додека не му се подобри состојбата.
    Ајде добар ден од мене.
    Да и честитам и овде на
    @galapce титула најфорумџика на годината.
    Ма јас би и доделила и орден за најмајка на векот.
    Бакнежи до Алекче.
    Последен петок за оваа година....јас на работа сум,утре пак,задутре пак,понеделник пак....
    :@
    Ќе одморам во вторник само (mooning)
    Ќе одиме вечерта до кај моите па најверојатно фамилијарно ќе ја дочекаме новата,а на 1 ви може и ќе се оди во бољи живот :makeup:
    Вчера на мм роденден,па сестра ми,зет ми и внуците беа,додека суредив,наместив 1 саат по полноќ па уште и добар филм почна само што легнав.Мораше да се изгледа до 3 саат :fubar:
    Затоа денес сум :drunk:
    Од работа дома,да профатам нешто и вечер ќе одам на прослава од работа (hollest)
    Одох јас
    Се читкаме,ако ме нема да пишам нека ви е среќна новата година.
    Само љубов,здравје и среќа и од убавини глава да не можете да кренете :*
     
    На gjoker4e, Coco31, galapce и 17 други им се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Дојдов само да ве поздравам вака петочки, да ви донесам малку позитивна енергија. :inlove:

    Имајте најубав петочки ден мајки и дечиња најубави! :hug:
     
    На Coco31, minneymouse82, Seline и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e ако повраќа само кога спие значи е од шлајмот.Нормално измешан со млекце. Ако повраќа и денски кога не лежи може да е и вирус.Сега прочитав во упатството Салбутамолот нема несакано дејство повраќање.Со лесно и побрзу опоравување:hug:
     
    На minneymouse82, Sandrin4, Skorpija989 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Како мислиш крш играчки се останати? Си бираш ти сам што сакаш од продавницата, поклонот си го плаќаш + дедо мразот, само зашто мислам 300 го доплативме...

    Многу ми се допадна дедо мразот инаку, ептен културен, многу убаво му зборуваше на малиов, ептен го опушти што дури и за раче го фати синко сам го однесе кај елката и седна кај него во скут.

    Едит: видов на сметка, 200 сме доплатиле... дека повеќе работи купував, нз зашто 300 ми останало во глава.
     
    Последна измена: 28 декември 2018
    На gjoker4e, galapce, Sandrin4 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.677
    Се повраќа од бронхит. Мојата многу повраќаше. А и добро е што ги повраќа.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e нема ништо потешко на светот за една мајка од тоа детето да и е болно.Мајка подобро што повраќа, за ден-два од антибиотик ќе биде подобра.Како е денеска има тт?
    Гушки до вас и побрзо да помине.

    @galapce честитки за победата, со Алекс да нижите победи на секое поле во животот.

    @Mari* Како е Моли? Гушки и фо вас.


    Ништо паметно немам да кажам.
    Дете спие,а јас со кафе во рака чепкам низ форумот.
     
    На Coco31, galapce, minneymouse82 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Бираш од тоа што има. Сакам да кажам дека пред една недела и денес изборот на играчки не е ист. Повеќето се распродадени, останати некои без везе а нови не вадат заради тоа што им одговара да ја исчистат робата што им стои. Нели дедо само од кај нив играчка носи па бирај од тоа што има. Бев и вчера и завчера и пред една недела и пред две. Се надевам дека дедо мразот е пољубезен од персоналот, бар да се исплати малтретирањево годинава.
    Едит: да знаев порано за другиве дедо мразовци ќе викнев некој од нив, барем ќе ги изберев подароците јас какви што сакам а не какви што има. И така цената е +100ден.
     
    На gjoker4e, minneymouse82, Sandrin4 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.826
    Пол:
    Женски
    Незнам јас од тој Локо Кроко во Чаир купував, имаше што ти душа сака, дури и пакетчиња со книги, сликовници, боенки. Вчера дотур на играчки направија баш уште, има многу голем избор стварно ваму, незнам ти од каде си купувала... Денес ке одам да докупам подароци за уште дечиња баш.
     
    На gjoker4e, Sandrin4, Skorpija989 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.922
    Допаѓања:
    111.214
    Пол:
    Женски
    Добар ден мамички.

    Мене не ми е добар, да си кажам одма :(
    Петок денес, последен петок за оваа година, последен викенд ќе е за оваа година, вторник Нова и одма и тоа да кажам дека ми е гајле (mooning)

    Нова година, нови почетоци, нови надежи, планови, исполнувања и таги, несреќи..
    Живот, кој знае што ќе се задеси 2019та..

    Елката читава, бебе никако не пројави интерес за неа, убава ми е ама крива :| женчето што чисти ја подбутнала и никако да најдам сходно да ја оправам :smirk:
    Пакетчиња добар дел разделивме, долу се подиспразни само за момент, сега уште повеќе ни е наччкано со подароци, а не ни се ни собрани сите :angel:

    Мм праша кое е негово, му покажав кои две се негови, се разочара, бебе имал 4ри он само двечки :doh: ова од ,,нас,, инаку си има и други :lol:
    Вчера пак му го дополнив пакетчето на мм :tmi: си реков аман барем да му го дадам, ама не на 31ви сум требала, ваљда веќе нема да шпартам нигде, па да приграбам уште нешто :?:

    Една пријателка уз муабет ме ,,прекори,, зашто не сум му купила оддамна нови шољи за кафе. Епа вчера во Тинекс видов едни новогодишни, ми текна дека ќе имам место да ги пикнам во пакетчето и ајде зедов две :angel:

    И јас ќе имам пакетче со чоколади :party:
    Мајка мисли на мене :inlove:
    Една е мајка :l:
    Милка купила готово, ох ох ох (highfive)

    Еј да, вчера ни стигна честитка :inlove:
    Се назнежнив и многу израдував, ех штета изумреа честитките по пошта.
    Порано редовно пишувавме и праќавме..
    Ја адресирале до бебе, ја донел поштарот и прашал има тука некој под ова име или улицата и бројот се утнати :D
    За тука е рекла свеки :D

    Чекам бебе да стане, па да го сликам со честитката и да пратам сличето во знак на благодарност :l:

    Новогодишното мени е смислени, купени намирниците, освен крем заборавив, ама ќе докупам и тоа од моево продавниче.
    Ќе ја правам елката со крем мх мх мх едвај чекам да јадам, оддамна не сум ја правела.

    Мм за ручек изрази лосос да правам, па ОК ќе исполнам желба, го купив веќе, за вечера пилешки прсти, сосови, некое ордеверче, погача, грицки и секако елката.
    Сами ќе сме, мене ич не ми е до дружба, а на мм дабетер!
    Сакам само да си бидеме тројцата во новогодишните пижами, да се гушкаме и заедно да наниме, друго ништо не сакам, не верувам ниту дека 12ч ќе дочекаме (waiting)

    Мм уште работи, уште трае дефектот, аман едно ќе направи, друго ќе искочи, премрзна, се испокилави :(
    Вчера едвај го убедив да влезе внатре, ни доручкуван, ни ручан беше, а 18ч газеше..
    Денес организирав да стане покасно, татко ми го замолив да отвори плацот, не дека пола саат многу ќе му смени, ама идењето, враќањето богами да.
    Еве кај и да е 14ч уште е надвор, слушам бучи, па ваљда се оправил дефектот, аман нека биде веќе, доста е за оваа година (fingers)

    Бебе вчера се побрка со дремки, бевме до кај сестра ми и заспа во кола, односно придрема пола саат, па едвај во 23ч го заспав, може и повеќе беше. Сабајле во 8ч го разбудив, е ама грешка, барем до 9ч да го оставев да спие. Не можеше ни да доручкува од што му се спиеше, измив, сменив пелена, пресоблеков и ајде да го хранам, не и не, плаче, вришти, се тегне по мене, му се спие и крај. Нешто пред 10ч го заспав, уште си спие |-)

    Ехе дур пишав последнава реченица се ококори бебе, па мислам и се наспа :D
    Одам да го нахранам, па да си ровариме :rock:

    Убави денови :hug:
     
    На kukla21, gjoker4e, Coco31 и 27 други им се допаѓа ова.