Добар ден и од мене. Мајки ве нема...Некако слабо активни на темава... Дете и мм спијат јас ручек правев,па сега седнувам и да искористам додека спијат да пишам. Денеска слеговме во град.На секој чош имаше човек облечен во црвено,кој со насмевки ги поздравуваше луѓето.Сега дури ја почувствував предновогодишната еуфорија. Дете возбудено на секое велеше Дедо Мат. Се сликавме сите тројца со Дедо Мраз,таму беа Меме и Мата.Сакавме сам да го сликаме за успомен,но дете не сакаше.Првин не сакаше да се доближи до Дедо Мраз Љубезно се претстави дедото си направија муабет со дете ,малку се опушти и му даде и пакетче.Се изгушкја со Медо од Маша. Дете пресреќно,очината му заблескаа. Одам дете се издигна. Имајте убав викенд.
Последен викенд од 2018тата, многу моменти и среќни и помалку среќни и убави, но секако ќе ми остане запаметена по раѓањето на мојата втора среќичка. За новата имам една желба да сме здрави и на број, се друго може да се заработи, купи, створи или едноставно се може и без тоа.. Поминаа моите посабајлечки биле на пазарење кај нас во комшии па синко им се припрати за чудо зошто не се одлепува ни за минут. Па ќе им остане до вечер, мама викаше да им го оставам со спиење ама досега никогаш не спиел со други па ќе го мислам, а и како што се буди со плачки по сред ноќ ќе треба во ниедно време да го транспортираме. Бебка спие јас тегнам кафе, откако се породив не сум го пиела врело, цел куп алишта ме чекаат за пеглање и диплење ама нека ме почекаат уште малку. Имајте убав ден и викенд!
Ден мајки Вистина затишје во темава, а и на форумов, се надевам сите си шеткате, дружите, испраќате годинава. Јас стандард, бебе спие, јас си ццкам на мобилен и кулирам, ручекот му се вари, ние си имаме од вчера, значи се е подредено Сабајле беа моите, донесоа и тие пакетчињата, вкупно 4ри, две за бебе, по едно за нас, под елката крца, убаво личи А мајка ептен креативна, за да го перцепира бебе поклонот видете што финта и текнало Ама ништо, бебе чачна и остави Чудно, кај неа бомбони му се хит, а дојде дома не ги перцепира и ги гриза се додека не почнат да му пуштаат благо, му пуштат ли одма фрла, освен на љутите, тие си ги лиже. Кога го видов еднаш со бомбоната во уста срце ми застана и онака си ја лиже како и ние Спојлер: Бони Мм ни вчера не среди дефектот Но сменивме план, собравме заедно алатот и денес пут под ноги го испратив се да купи ново наново. Уште има луѓе на земјава, на ,,лепи очи,, ја донесе ,,стварта,, Не знам кој е и што е, ама бескрајно сум му благодарна, на мм барем еден камен ќе му се симне од плеќи, се стопи човекот Па ајде со среќа во Новата да влеземе Денес имаме и бдеј, ама не знам дали ќе идеме, зависи од мм, да дојде па ќе каже како е расположен. Јас битно имам поклон, пролетта тетка ми ми даде парфем, а јас поради бебе не ставам, а имам и доста начнати, па тој ми е мисла да го давам. Ваљда и вие така си предавате а Само до некој маркет да застанеме и пакетчиња за дечињата да земеме. Јас се смислив, само уште мм да даде зелено светло, плус и бањата сум Уште не сме утврдиле ден кога татко да се облече во облеката на Дедо Мраз и да се сликаат со бебе, ама ај во Новата ваљда ќе избереме некој ден. Не знам ни дали ќе се плаши или ќе реагира некако, он на се се радува, загледува, чуди и смешка Ај ќе пишам кога ќе дојде моментот ^^ ова пишано кај 14-15ч Јадевме јас и бебе, мм пред малку дојде, најаден, весел, расположен, задоволен и ќе идеме на бдеј, па да идам да завиткам поклонот. Убава сабота, гушкајте се
Добра вечер мајки Маж испратив на аеродром. Ќе ја пречекува мајка . И големата ја испратив со него. Малку покасно се враќаат, страв ми беше да не и се поремети сон доколку не заспие во кола кога ќе се враќаат, па си реков голема работа, еднаш како ниеднаш . Секако не е утре градинка, не е страшно и еднаш покасно да си легне. Мајка ми вика ќе сме можеле на раат со мм навечер да испаднеме, алиштенцата да сум си ги износела. Ми фалат вечерните испаѓања со мм, да облечам салонка, на кратко да ја ставам мојата дланка врз неговата додека вози, кратки погледи и насмевки во тишината. Кога ќе размислам и на човек не личам. Сакам да ја средам косава, да се шатирам, ама знам пак ќе ме утнат . Каде да барам некои турчинки, евентуално балканки, они имаат подобар фат од германкиве. Денес со сите три пазарувавме со дм па во супермаркет па на крај во БауХаус(ќе му дојде сваштарија за градење и низ куќа). Јас со една количка со најмалото, мм со друга количка со двете. Кој не виде ни се чудеше на паметот со три толку мали деца толку натварени сигурно. Се донесовме некако ама душа ни испадна додека внесовме дома и додека распределив низ шкафови и фрижидер. Вчера со сите три и во ресторан седнавме. Умни на мајка убаво поминавме. Две во дупла количка една во единечна . Полека да спремам дозерките за млеко и термосите вода па да ги спремам момите за во кревет. Убава вечер на сите.
Моево баш периодов се стресува 20 месеци е. Синоќа му ја ставив раката на грбче демек од љубов ама се штрекна едвај го смирив дури после еден саат. Пред спиење изнесувај го на воздух за да спие поцврсто. А јас ќе прашував како реагираат вашите деца на петардите? На секој звук едвај чекам први февруари. Не знам тука до кога се продаваат, среќа вчера што почнаа, да почнеа порано да ги продаваат до сега на раб на нервен слом ќе бев. Синоќа прво јас го разбудив, па две петарди, па полиција... ми идеше да се фрлам од прозор. Вечерва и кажував дека иде нова година дрн мрн и дека наместо тие нас ние нив ќе ги плашиме па некако ми успеа на последните три ние да ги плашиме. И така си ја замислувам нг дете заспало регуларно околу 21:00, после пука некоја петарда дете се буди недоспано и не се трпи со саати и жими новата година. Леле кој ги измислил петардите и што е финтава со нив еве не можам да сфатам и никогаш не сум ги сакала. Аман аман аман. Нека дојде февруари. Се зезам за февруари таков е зборот, нека дојде 7ми јануари. Ја добив сабајле не сум трудна. Вчера ме прашаа дали ќе можам и денес да одам на работа, можам. Им помагав на тие малку на повисока функција демек па и си направив филм дека ме викнале за да научам и да ме унапредат на скратено работно време. Добра германска фирма е, да знам убаво јазик може ќе ме стават на местото од една жена пред пензија што е. Битно е да се размислува позитивно. За смајлина немам време со овој нет. Новата година најмногу ја чекам за новиот нет. И многу ми е убаво што немаме предновогодишно иди ми дојди ми. Демек крај на светот иде па да се видиме. Најубаво ми беше и најголема радост кога ќе ни пратеа новогодишна честитка. Детска чиста искрена вистинска радост. Ја сум за соодветно и со љубов избрано пакетче испратено по пошта. Гости никако, да ми го реметат раатот. Или да ми речат како тоа елка немате па дали сте нормалн? Да, нормални сме. Ние македонците (кај другите народи не знам како е) по гости и се некоја нервоза од тоа. Домаќинот нема време да спреми, има дупло повеќе за чистење, деца му шараат по ѕидот родителите мува не ги лази, гостите не ја бендисале салатата... Знам дека издрдорив многу, се случува понекогаш. После постов испаднав човек што не сака луѓе. Откако имам дете не сакам луѓе дома. Значи јас не 40 дена туку еве веќе две години не сакам луѓе дома. Да не заборавам нешто да пишам да подразмислам... А да... Смешки е малата. Леле колку се радува кога се враќам од работа. Толку искрена и вистинска љубов немам почуствувано, таква радост без глума, не знаев дека толку многу ме сака, повеќе од мм. Прееска правев список не и обврнував внимание и ми го зеде го згужва го фрли и ме гледа така сериозно. Се смеев и се удирав по нога као демек мн смешно, почна да се смее и тоа и ме удира по нога исто. Многу убаво игра и пее, фаќа ритам. Дојде ли време за јадење, ги реди бебето две мечиња и едно јагне перница и сите по ред ги хранам, па вода, па синоќа среќа со едно поминав за бањање, а несреќа плишано е па го сушев со фен. Надвор обавезно со мече. Кај дете кај торба па и со таа перницата јагне, и ранец на грб, за на мотика сум. Добра ноќ @AngelOfArh Многу убави постови пишуваш па и реални, добро е што зачести. Вака изгледа дека си фина личност штом рекле дека нема да им замериш за подарокот. Познат ми е муабетот.
Еве не и нас! Завршивме со антибиотик, ако некоја вчера беше кај Паскалов околу 7 и слушна дете да вришти, ние бевме. Во кола му зимата крв, таму и го прегледа, многу мали дечиња и бебиња имаше, он со нарушен имунитет, многу болни со вируси и вика чим веќе имате дијагностицирано дај надвор да ве видам. Се чудев скоро на муабетов во друга тема, ама скроз практично ако е вака деликатна состојба. Многу си го сакаме матичниот, и него и неговите колеги, најдобри сѐ. Имаме воспаление на лимфни јазли, ваљда компликација од сипаниците. Тт нема, апетит така така, весел ептен, само со сонот имаме мака, спие многу малку. Мислам не е малку, ама во споредба со претходно малку е. Денес бев вредна, спремив и доручек и ручек и се, само да ми се среќни момците. Ама големиов дечко пак ми е нервозен, нешто го мачи, работа е знам, ама ич не ни треба вакви моменти сега празнично. Во врска со Новогодишното мени сѐ пропадна во вода, ништо не спремам, се мислам дури и за колачите утре дали да ги правам, едноставно не сакам да се замарам и крај. Башка сами и гарант муж ќе заспие пред да дојде полноќ и само да спремам за ништо, не фала. Може на 1ви да појдеме до кај кумовите сами ако причуваат баба и деде дете и толку. Денес однесовме еден дел од подароците, ние имаме добиено само еден и толку. Добро еден од градинка и еден од тато доби, од мене пиџамите и играчките веќе ги заборавивме. Добивме некои парички да купиме нешто ама и тоа пак пиџами ќе бидат, па да ги спакуваме омалените веќе. Искрено мислев дека е глупост ама годинава ќе запишам и кој ни даде пакетче ќе добие догодина, кој не не купувам веќе. Па не е моето помалку вредно. Ова од еден муабет од неодамна а сабајле само ми се потврди, ај ти не замераш, за другите земавме Милка ама за Матео обично, ти нема да ни замериш. Молам?! Па што е моето дете помалку вредно да добие пакетче од 99ден а другите од 500? За мене ич не ми чуе, ама за дете, е богами уједам! Стварно се изнервирав. Може личи дека сум материјалист, ама не сум, само се нервирам што детето ми го тргаат на страна. Пишувам од прееска, ама се загледав еден божиќен филм и паузирав. Обожавам божиќни филмови. Би си гледала преку цела година. Туку одам да гушнам дете, почна да ми замера веќе што дремам овде. Убава вечер!
Го киднапирав пакетчето на ќерка ми. Никад нема да ослабам! Во меѓувреме, таа заспа, ја да свратам на форумов. Утре е денот резервиран за правење руска и сармички, кифли ќе порачам ме мрзи да месам и ќе си дочекаме најклише нова година дома со маж ми и малечката. Со стандардно мени и пижами. Со утредента пуштен телевизор и Виенскиот новогодишен концерт, какао и парче захер торта. И со желби 2019 да е исто вака среќна и плодородна како 2018. Му порачав подарок, чекам да стигне за ден два, ќе се изненади знам, само да го гледам среќен и одморен си викам. Што ми требаше макало од лук и крекери да јадам па! Душава ми корне. Денов со гости до пред малку и гитарче. Сфатив колку се уморувам брзо од луѓе. Ги викаме во 6, најдоцна 7 луѓево и до 9 веќе немам нерви и јас како малата, сакам да си прилегнам. Уште малку и 2019. Здравје посакувам пред се' и благодет за сите!
Добра вечер Чекам да ми испере пералната со завесите да ги закачам и ќе одам да спијам. Немам тераса, во двор не смеам и така дома си сушиме алишта. Знам дека е прештетно а богами и на носот ми штипе ама немам друго решение освен еве што отворам џамови да луфтирам, барем дете спие до утре ќе се подушат по друго е. Мувла има премногу.. Хаос станот Е затоа нема да се мислам при крај на април кога ќе им кажам фајрон а они као демек ај ќе се премислиш. Аха, шипки. Ве читам за гостиве и иста сум што да ви кажам, додека сме биле мк можам на прсти да исбројам кога некој ми дошол а и кога доаѓаат ми е шубе, тесно ни е таму куп луѓе па и гости ми фалат. Се заградувам од гости искрено. Јас би подобро некаде со некого на отворено, бар кафич што год да е .. што вика џокерче, спремај прави кифли руски муски месо чисти а на крај останува хаосот на мене па чисти смукај рибај миј садови Тоа за мене е премногу. Од секогаш сум се оградувала со гости и ќе се оградувам јас би со гости ама некаде надвор Тука па и немам баш гости. Чат пат роднините, ама нив не ги сметам за гости додуши жената ми помага па немам и некој хаос на крај исто и ние кога одиме помагам и јас. Денес сите тројца заедно, па накрај сме и заспале сите, па се шетавме па славевеме роденден и така уз музика, јас жими едно виски се напив па ме удри в глава и сега глава ме боли Кај бре најде оваа колава да не заефркне на сред празници, боље да беше после празнициве вака е ужасни Веќе немам нерви и сили дома Дете секојдневно впива како сунѓер, не стигнавме блокче и боици да земеме уште, преска колку слатко играше со шишињата па претураше па се шљакаше па па Добра ви ноќ..
Тишина. Мир. Сите спијат. Едвај лежам искрено. Преморена сум. Грбот ми паѓа. А ништо не е средено. Само машина пуштив и пружив. И измив 10 чаши. Тензија ме уморува. Морам да се опуштам. Морам. Веќе ме совладува. Диши. Издиши. Ми ги спои мм живците прееска. Ми пројде брзо. Ама Бог да чува, свашта. Сакам еден ден мозок на пасење, може?
Те препрочитав и викам чек, некој ми влегол во мислите. Исто! Заспа, конечно! Мајки на 2 до 3 г вампири трк у темата да ми одговорите, очајна сум веќе! И после во немоќ по чоколадо посегнувам, арно по пицачипскокаколарадлерсмокипакчипсколачињаитристаглупости не посегнувам.
Добра вечер! Пишувам касно, ама може ќе немам време до понеделник, а сакав уште еден пост барем во старата да пишам. До сега мотав подароци за под елката, па мора некој на Дедо Мраз да му помогне, а кој ако не мајка. Се за да ја видам таа насмевка и тој сјај во очињата кога ќе ги види и ќе почне да ги отвара и да се радува. Не е кој знае што, неколку ситници мали и големи, ама секое посебно го стокмив со машни со тракатанци па се насобраа. Намерно направив така и се посебно спакував за да се радува повеќе. Дури и за нас ставив по некоја ситница. Спакував и за две мали дечиња кај кои ќе славиме Нова Година да им однесам. Овие денови во тоа ми поминаа, бирав подароци, а ситниците за деца дури ги избереш богами треба време. И јас не се радувам што со луѓе ќе славам Нова Година, леле како звучи ова, ама толку сум навикната да сме само ние, ретко кој иде и се бев замислила дека во пижами ќе си ја дочекаме Новата ама за радости на детето прифатив покана, нека се изиграат деца и така сега е подобра и веќе го завршивме антибиотикот иако ме плаши носето кое уште крчи чудно. И кога иде некој напорно ми е, од една страна што сум станала недруштвена, од друга страна од што сум перфекционист, а со дете нема шанси се да спремиш како што сакаш и маса да поставиш како што доликува. За петардите незнам, кај нас барем во населбава нема, дали дека не сме во центарот па е мирно некако, ама мислам дека нема да се плаши дете, оти намерно си ги пука балоните по дома. Плус на неполни две години со сиот памет ја однесовме на еден огромен огномет и потоа постојано ги гледаме видеата на телефон и знае што е огномет и не се плаши. Моето не се штрека во сон, ама луѓе едвај се успиваме, многу е напорна, мора се да сум до неа, да ја галам, да ја гушкам, незнам дали и другите така прават или само ова, плус се буди секоја ноќ, откако е родена можам на прсти да избројам колку ноќи имаме преспиено без да се разбуди и да изведува нешто, кажувајте спас. Утре ако станам на десна може ќе приправам некои кифли и благо, сармите понеделник сабајле ќе ги правам. Ми се пријаде вака касно Ако станам на лева ќе си читкам книга цел ден во фотеља и ќе уживам. За крај ми се раздолжи постов а сакав повеќе да се осврнам на годината што измина и да направам едно сумирање на тоа каква беше за мене, ама дури пишувам сватив дека не заслужува 2018 да и дадам толку на значење , затоа што беше никаква, најтешката година до сега, само по болници и доктори се мафтавме, се сменив како личност и станав индиферентна за многу работи а тоа никогаш не бев и се чудев како некој може да ја има таа особина. Затоа не сакам да ја видам, нека си оди и никогаш да не се повтори, а 2019 ќе биде и мора да биде подобра. Како за мене така и за сите вас. Се читкаме во новата!
Значи на раб на нервен слом сум!! Повеќе од саат време изигравам цуцла на бебе. Не сака да заспие, и не сака. А плачи за на цицка. Не надвор, не во други соби, сегде го прошетав, го думкав, задремува и се разбудува кога ќе се освести дека не е на цице. Не можам веќе, се изнаплакав. Не можам во тоалет да отидам, не можам да јадам, не можам ништо да направам. Дури и на дете му се зборувам со лош тон Предложете некоја цуцла што сигурни ќе ја фати, не се издржува ова
Мајка мора да издржиш... Џабе ти се нервозите.. Те разбирам, сигурно душа ти спие.... Доиш лежејќи? Да го легнеш до тебе на цице? Ќе земеш душа и ти и ќе одмориш раце.
Земи од цуцлите како јазиче што се, не од тие пресечените. На Бејби лав во ДМ ги има ефтини се, Авент исто ги има и мислам и Томи Типи. Ама земи за новороденче најмала. Ти кажаа веќе, дој легната на страна, никако да думкаш од соба у соба, тоа не е нешто на долг рок што се издржува. Земи релаксатор да те одмени или лулашка, ако не можеш у транспортер стави го и клати со нога да одмориш малку. Иначе, извини вака, со нервозава и бебето осеќа и се нервира и уште поише те бара. Грчеви, чинам мало беше, може топло да му е многу, расоблечи го, искапи го, затемни соба, легни и дојте се смирено, пеј му, гали го. До пред десетина дена синче на мајка само што ќе го легне на рака, ќе го погалам, ќе ми грабне уше и комиран, од бебе, од раѓање, сега се повампири со сипанициве. Значи само смирено. Од искуство ти кажувам. Јас кога си дојдов дома исфрустрирана дека бебе не цица, се нервирам, јас плачам тоа плаче, оно вришти јас вриштам, дома хаос луѓе, свртев грб легнав со бебе до мене гушнато мислев 8 саати сум спиела а тоа само пола саат, во полусон слушнав дека свекрва ми си отиде и толку. Се извинив отпосле, ама мајка си, ќе те разберат, само ти немој да си ствараш нервози. Маж, дете и ти, толку ти треба.
Добра вечер, добро утро... Фала девојки на подршката. За круната вие сте дел заслужни оти дававте кураж. Дававте поттик за да си ја олеснувам душата кај вас, а богами и дс тренирам цврстина. Ние сме добри.. Пу пу. Малку нос затнат, чат пат повраќаме, ама скрсја да е од полошо. Заминува оваа година. На сите оние кои им беше добра да им се повторува. Јас ја замолувам да си оди. Излегуваме со надеж за позитива, но никогаш повеќе дете да не видам во таква ситуација . Ниедно. Не само моето. Сите да сте ми живи и здрави. Нареднава година, па и да се собереме некаде... И онака некој со понекој веќе и се познава. Лично со никого не се знам, но си имам пи некој ангел чувар, по некое раме за олеснување... Не дека во приватен живот немаме, но овде буквално се бираме по карактери. На непознат а близок повеќе можеш да ди кажеш некои работи неголи на свој. Убав сон и се читаме и догодина
Лежејќи го дојдам. И уште не е заспан Сигурно има грчеви, ставам и топло. Не помага ни затемнета соба. 3 саати се мачи веќе. Душичка мила, грев ми е, ама и мене хормоните ми се хаос, денес сама со него цел ден. Тешко ми е, прееска во нервозата на мм му викам дека ова не бива вака, или мора цуцча да фати, или на Ад ќе го ставам. А не сакам
Да пробаш да му пуштиш од моб апликација со звуци на центрифуга,фен,плима/осека,правосмукалка...или вистински фен,небитно. Мојот,а и многумина,тоа ги смируваше. И не заборавај,ја осеќа твојата нервоза!
И со тоа се обидов, не бива. Плачи, зајдува ако не е на цицка. А не цица. Чмај!! Дури сега заспа пред 10 мин, од 11 се мачиме. Дремнува, се разбудува.
@Корнелија Мајка не се секирај. Ќе поминит. Се издржвит. Само позитивно ни прва ни последна со маките.