Прв бел лист од новата книга 2019.... Како ќе започнеме да го креираме заплетот зависи од самите нас. Како и сите, пред се и над се, посакувам само здравје, верувам дека се друго сами можеме да постигнеме. И ние заглавивме за дочекот до 5! Задолжен за прекрасно поминатата ноќ, со смеење до солзи, беше другар на мм, кој што од кеиф, што од алкохол, успеа да не расположи и те како, и на што сите рековме, ќе трае до Стара Нова, кога пак исти состав се собираме, малку појачани тогаш. Стеќна Нова мајки, се знае што еден родител посакува, јас ви посакувам три пати повеќе да ви се исполнат желбите во мир, спокој и благосостојба. Вечерва кежуал во домашна атмосфера со кикирики и пепси ние. Убав почеток на годината.
Ви посакувам Среќна Нова Година мајкички,традиционално додека мезам руска и кифли.Многу насмевки,здравје,љубов ,па може и по некое егзотично патување за полнење батерии Себорат маж и дете у дневна,валда ќе се измори па побрзо да заспие. За НГ,дома си останавме,дочекавме да чукне полноќ и на спиење.Сепак,сабајле едвај се разбудив и пола ден поспана... За вечер се надевам еден филм да догледам и така лабаво да тера вечерва...
Среќна нова мајки, сите желби реалност и само убавини Здравје за сите, се разбира, првенствено за малечките, тие да ни се живи и здрави Годинава да немате лоши предизвици, да се соочувате само со добри и убави работи и да сте среќни. Гушкајте дечињата, без нив не би ни било се’ комплетно Јас заспав дете, сега со телефонов дремам, а ужасно ми се спие. Денов како во магла ми пројде, а ништо посебно не правев. Синоќа си легнавме со маж после 12, не сум уморна, ама страшна дремка ме фаќа. Да дочитам тука и ќе се паркирам во спална и јас со бебка. Добра ноќ, имајте сите мирна вечер и спијте спокојно со малишаните. Гушки
Да се пријавам ... Пројде еуфоријата... Фала Богу. Премногу врева за ништо. Ви посакувам на сите успешна година во секое поле. Најбитно - здравје. Највеќе за нашите најмали и најмили. Прославивме скромно. Колку што се слави со бебе. Се најадовме(читај: прејадовме). Со маж ми се договоривме од Божиќ да внимаваме на исхраната. Повеќе поради него ова. Машала е. Мора да се припази, највеќе ради здравје, мање више за изглед. Бебка ми е умница... Сака деца, сака народ... Снима све со очињата, се разгледува наоколу. Не чека убава година... Полна со убави настани. Нека биде таква каква што е најавена. Имајте убава ноќ девојки. Уживајте во топлината што ја даваат празниците колку и да е студено надвор.
Среќна нова мајки. Ви посакувам многу здравје, мир и љубов. Другото само ќе си дојде. Нека оваа година ни се придружат мнооогу нови мајки. Вчера си поминавме убаво, прв пат дома сами, сите четворица исполегнати во дневна си вечеравме и после гледавме забавни програми, па и малку орце фативме Деца сега заспаа, јас со телефон во рака читам фемина ама ќе легнувам и јас сега. Се надевам на мирна ноќ.
Среќна нова 2019 та Ништо не се менува да не се лажеме. Ете само броило колку да разграничуваме етапи. Да сте здрави ко дрен сите по дома, да боли да поминува. Повеќе трпение и возвратена љубов. Извадив некој дедо мраз и пар сијалички за да малку бар имаме атмосФерА за празник. Кифлички, тазе домашно свинско од дедо компир и толку. Не смееме салати сурови, не смееме салами и ништо што е одстоено. Дете не смее и ние со баба не држиме по дома. И кај нас дојде 2019 та. Не очекуваме чуда ама сепак се надеваме на повеќе радосни моменти. Малку е потиштен, секој ден стигаат подароци но без дедо мраз. Некако краткотрајно и слабо ми се радува на подароците. Се тешам дека веќе три месеци со ред купувам абнормално мн и често па му е здосадило. Сакам со топката надвор да играме мамо јас и ти, немора да има другарчиња.. И сакам дедо мраз да ми донесе добар татко. А кој повеќе сакаш мамино, мене или тато? И тебе и тато.. Значи тато уште си го сака но и пак желба има да му донесам добар татко. На момент ти се спојуваат сите сили во глава и си велиш, ке му се јавам, се од околу ке отажам, ке се покорам, ке трпам,ке го побарам нека дојде. Но дали со тоа сум му нашла добар татко? Не, ке пигрешам. Нема ни прашано сеуште. На човек од моја фамилија кога го прашал, добро бре, син ти е... - Чекам да порасне и се ке ѓу објаснам. На тоа мојот близок му рекол, па оди тогаш најди си азр големо дете. Значи сепак ке го донесам најлошиот татко. Продолжуваме понатаму. Продолжувам јас до мојста негатива. Ај малку на смеа на шала, стројничка некоја? Одам чат пат навечер на работа, низ град по работа.. И едвај чекам да одиме на контрола. Фондот уште немаат платено за лекувањето, болницата мене ме тера да реагирам, а за плакање на контролата ич да не збориме. Се нека е по најтешкиот пат за инаку веќе и не знам, само организамот на малото нека е силен, се др ке помине. Добра ноќ
Среќна нова 2019 мајкички  Најпрво здрави и живи а. Другото по ред. Ние дома си бевме. Маж болен. Крајници и температура човекот едвај мрда Децат буфтаат кашлаат јас си најдов амоксиклав дома и си пијам оти и мене ме болат крајници. Убав ден. Поззз
Сум спиела од 19:30 до 07:00. Се прашувам што ни се случило, не знам "који је дан ни која година"... @galapce Од се срце ти посакувам животот да ти ги спои патиштата со најдобриот татко! Многу ми е убаво кога разведена жена си ја пронаоѓа вистинската љубов. Мене ми беше сомнителна со човекот во Инстамбул... Се ќе биде, се во свое време. Една вујна моја имаше еден и почнаа муабети оние типични македонски и се разделија. Посакувам да и помогнев ама тогаш бев мала. Посакувам да имам храброст да разговарам со неа. Да е форумски лик би и напишала долга лп ама вака во живо незгодно ми е, а многу би сакала. Уште една од темава ми е сомнителна ама нареден пат ќе ја тагнам можеби.
Majki srekna nova od mene mnogu zdravje ljubov i sreka drugo sto si posakuvame da se ostvariPraznicive gi sakam iako se naporni so jadenje pienje gosti galama....ama pa ubavo e se toa inaku kako ke se vidis so luge.Ubavi praznici
Majki srekna neka e godinata Sto stapna na pragot, vo nea najmnogu zdravje, potoa srekja, ljubov, mir, blagosostojba I uspeh. Koja Sto si posakuva da mi se ispolneta. Mojata mala gospogja konecno e podobra, dusa mamina vika mamo me boli temperaturkata. Sega Kako e podobra odma e Dr dete, e take a ja znam I taka na sakam, pa makar Bola temperamentna, ludicka, brza, placka lutka moja si e, na sakam sekako samo da e zdrava!!! Novata ja pominavme vo spienje, istosteni, optereteni, pod pritisok. No Pomona. Ajde zenski cao odam sabajle ki da see sredam, pozzz ubav den I godina!!!
,одамна ме нема,ама ве читам редовно. Среќна Нова година на сите,сакам да ви посакам само здравје за вас и вашите најмили,другото само ќе си се нареди.Ве сакам сите
Ви посакувам НАЈсреќна година што следи на сите!!! Доктор да не видиме, само насмевките на нашите најмили. Денови исполнети со детска смеа и бесценети моменти со сите што ги сакате. Оваа година бидете уште посилни и похрабри од претходната. Најискрено ви посакувам да ви се исполнат сите замисли и планови. Ние се гушкаме под елка, оваа недела нема работа ни за мама ни за тато. Има де, ама решивме да си останеме дома и да се гушкаме додека не го испоизгмечиме детево и почне да бега од нас Ова ми е омилен период од годината, семејните празници од секогаш предизивкувале некоја блага еуфорија и радост кај мене. Пакетчиња поделени, Дедо Мраз дојде, дечиња насмеани и возбудени, поубаво не можеше да биде. Можеби снегче за санкање, мали ја спреми санката од вчера со татко му. Го чекаат снегот денес со скијачките пантолони оставени на столче во дневна. Изгледа ќе почекаат Имајте весели и спокојни празници и да се читаме само за убави работи. Среќна нека е женски...
Абре жени арни сте? Ние и не сме баш ама биче боље Од сабајле рано во хирургија да ни стават нов гипс Незнам како успеала ноќеска го извадила гипсот Во сето лошо докторот рече ако е добра за две недели ќе го извадат Едвај ја снимаа и оправија Седеше мирна до пред некој ден,се влечи сега како полжав се исправа,се превртува... Јас на штрек цело време,кој стресен период ми е ова не можам да ви опишам На мали лузната се стеснува не го боли ама изгледа страшно Се мачкаме со маст и кантарија за да го снема до 6ти,да не одиме така во градинка Мене уште ми касни скоро па сигурна сум дека сум бремена Утре ми е терминот па ќе видиме Уште сега се напнав што ако сум?Сигурна сум дека ќе абортирам А до абортус овде долги процедури...ќе си пукнам Неможам,уморна сум од деца,сакам малку да излезам и да сменам,да работам,полагам.... Си се правдам сама на себе долго ја чекавме ќерка па зборот абортус ми е малку Некогаш така е подобро Друго шо да ви кажам се изнакукав во новата а тек почна Битно денес не работиме ништо за да не ни тргне така годинава Не сум суеверна ама деновите кај шо не се работи ги почитуваме Ќе се мазиме ете Еве се жали ќерка,и ставија розев завој а имало и плав Се надевам него нема да дочекаме да го носиме Имајте убав ден
Сум спиела од 18.00 вчера до 07.00 денес. 13 часа спиење!! Едвај станав од кревет здрвена хахахах. Мм веќе отиден накај работа беше, му ѕвонам, што му даде за вечера на малиот? Млеко. Едвај ред направивме за вечера тој млеко хахаха...полесно му било. Вчера традиционално скијачките скокови пола ги изгледав, пола бебе ранев со ручек. Многу малку јаде по 120-130гр. каша. Не верувам дека ќе имаме некој напредок месецов. Само здрав да е. Носето цела недела мака му задава, јас со спрејче прскам. Првите 2-3 дена влечев зошто течеше, сега само шушка од подлабоко носето. Да мине побрзо само. Епа сега со нови наспиени сили да фатам по дома нешто. Поздрав.
@Mari* драга, ако си бремена, дар од Бога е, сметал дека можеш уште едно да изгледаш, дека имаш сила за тоа. Размисли убаво дали навистина би сакала да ја прекинеш бременоста, те молам. Изборот е твој, секако, но и тоа мало зрнце доколку е во твојата утроба заслужува да добие шанса за живот, со причина се нашло таму. Баш ми е жал што така се чувствуваш Жртва е голема, да, ама децата брзо растат. Нема секогаш да е вака напорно. За неколку години кога ќе ги гледаш тројцата заедно ќе ти биде полна душичката од љубов и среќа Пак ќе речам, твое тело, твој избор, но те молам убаво размисли дали абортус е вистинскиот избор. Што и да е, те гушкам и ти посакувам среќа И да се оправат дечињата побрзо Те молам не ми замерувај што ти се обраќам околу ова, чувствував потреба да ти пишам, иако можеби требаше лп, ама нека стои Ти го посакувам најдоброто во секој случај
Среќна Нова мајки, а во неа само убавини, многу здравје, љубов и среќа, детски насмевки, полни новчаници и врела постелаКреирајте убави спомени зошто само тие остануваат да будат насмевка на лицето кога сите бури ќе минат. Сакајте безрезервно, љубете страсно, смејте се гласно!!! Овие денови сме сите на купче, па ги минуваме во пижами, од кревет на кревет, многу гушки, бацки и топење со малите.
Среќна нова 2019та год мајки Многу среќа, радост, љубов, а пред се здравје во оваа година, само убавини да си дочекуваме, лошо да не видиме Ние арни, новата година дома ја дочекавме, преубаво со друштво, смеење до 3ч беше, а децава спиеја, не ми е јасно на тоа смеење како не се разбудија, до душа и они до покасно седеа и може беа кома поради тоа. И тоа, повеќе немам време да напишам, сама сум си денес со двајцата, моиве денеска работат Што ке правите денеска, тоа цела година ке правите, па пазете што правите Јас го почнав денот со една машина за перење... и да не го правам тоа денес, пак цела година ке го правам и онака И едно прашање за крај... Дали случајно знаете кое студио сликаше на плоштадот (на бина со снешко, дедо мраз и девојка една, делеа и пакетчиња со смоки, соленки и боенка)... ги сликавме маливе пред некој ден, а сликата ја изгубивме и ке пукнам (сликата изгубена е на плоштадот или џамбо ако некој случајно нашол слика) Сакам да се јавам да прашам да не чуваат случајно... да извадам нова
Нееееее... Нема хемија таму, чисто познанство кое ете прерасна во пријателство. Добро утро мајки.. Еден од тие денови кога не ми се сранува од кревет. Малото за се нешто плаче, направив доручек, ручек се вари... А јас се повлеков во спална. Фала му на господ што ја имам мајка ми. Се косиме една со друга за се околу воспитување и друго за детето, но да не е таа, ке потклекнев сто пати. Убав ден на сите.
Ај добар ден! Денес Игнатиј а јас решив да вежбам за цела година да ме држи ентузијазмот. Веќе 10мин на трака верглам, после точак па стомачни. Дете остаив да спие, супа да се вари а јас трошам калории. Ако е детето умно уште спие кога ќе се вратам ќе биде супер и татко ќе го израдуваме малце Баш ко што треба годината да ни биде. Пакетчиња се скриени и се мислам како ќе им најдам крај, ваљда за Бадник ќе раздадам доста па ќе ги средиме. Добро е доби една играчка место пакетче па помалку има за мислење. Деновиве некако брзо минат и не успевам да пишам ама добро, ќе пројдат празниците ќе се стабилизираме. Убав ден мамаситас!