Јас сега го ставив гравот да се вари И така само во мало земјено ќе правам колку за мм јас не јадам ради бебе,ке направам макало и компир салата,другото се ќе ми донесат Ние ептен касно ќе вечераме дури во 10 маж е на работа. И јас сакам кај бебе да се падне парето Убава вечер мајки гушкајте најмилите
Здраво мајки Цел. Ден по дома сукав зелник првпат сама и сега да го исечам. Кажав на маж каков е таков е немој маани да наоѓаш.. Јас сакав да си купам ама тој не ќе сукаш.. Испеков тиква и сварив гравчето и сега се печат лепчињата. Уште рибата ќе остане. Деца спијат ама големиот заспива па се буди со рикање и зборува нешто глупости најверојатно сонува лошо. И синоќа така правеше. Па. Го гушкав галев. Деца ми се рашмркаа кашлаат носови затнати па течат и се во круг се вртиме. Нема што друго да кажам Убав и среќен Божиќ живи здрави среќни и весели...
Dobra vecer majki Sto ubavi trpezi imate bravo za site Vi gi cestitam praznicite na site vi posakuvam zdravje I ljubov na site Jas so cerkicki doma mm na smena e pa ke dojde kasno,da gi banjam I dvete pa da ja spremam cerka za gradinka, edvaj ceka utre prv denmene mnogu mi fali Koga e gradinka ama ona mnogu saka, se zabavuva so drugarcinjata Doma mi è se haos da ne znae od Kaj da pocnes denes perev nesto eve i sega Edna peralna pa potoa uste Edna imam, za denes Dosta. Utre da Pocnam so cistenje malce po' malce da dojde na red malce kujca Imajte ubava vecer I ubavi veseli praznici Otidov Jas da banjam Cerki
Од мерак спремано, многу мерак имам на вакви денови, направив есно повеќе од 10 слики за да не бидат исти за са проатирам тук там по некаде, од мерак, милина.. Толку многу бев ентузијаста за спремањето, па мкнев дур сва пати вчера количка по намирници, ама ете несреќа во среќа или среќа во несреќа за жал маж ми вечер не вечераше со нас, и ако верувате цел ентузијазам ми се уништи.. На сем крај не ни знам каде отиде паричката оти покрај детево што го пазев да не џапне некое стално јабана отиде све, ама битно ете кај нас е.. ја ставив кај богородица икона па нека со стои Нека живееме за оние посреќни моменти кога пукаме од емоција, добра мисла, ентузијазам и енергија кон животот, нека се радуваме и на онака малите нешта и брзинските оти тие поминуваат со брзина на светлината, нека живееме за себе, за фамилијата, да сме со љубов и добра мисла, здравје да не прати.. тоа е најважно.. Животот е куп тежини, калишта, катастрофи за жал, ама ете живееме за некои денови и мигови исполнети со љубов на овој или оној начин, тогаш полниме батериите за оние полошите.. Човек живее од надевање, од желби... Надежта е онаа емоција која што никогаш не умира вез разлика на се. Сите ја носиме длабоко во себе. Денес денов колку празен толку полн, колку што некому му иде убаво од душа толку и ја притиска тагава и вистината во себе. Нож со две острици, од една страна тагата од друга среќата Јас би посакала малку среќичка и многу здравје. Толку. Убав денов мајки, штета што ние од странција не уживаме и не доживуваме ни 1 % од вас, таа еуфорија и магија ја нема 1500 км нагоре, тоа е она што е неубаво, што на вакви денови посакуваш да си меѓу свои и свој народ, да си честиташ, да подадеш, добра мисла, убав збор, твој адет.. За жал овде ништо не се чуствува, колку и да се прави не е ни приближно до тоа што било каде сме се родиле и пораснале Тоа е фактот кај сите, дали го признале или не. Магијата е во својот дом на свое тло во вакви денови.. Поздрав и убава вечер.
Токму така. Баш истото сакав да го кажам. Колку и да се трудиме, колку и да ги почитуваме адетите, традицијата....сепак не е тоа-тоа. Децата нема да знаат што е тоа коледарче, нема како нас со насмевка и сјај во очите да одат од врата на врата да пеат и со сласт да јадат коледарски колачиња. Утре исто, се стартува и со градинка и со работа па ништо и од Божиќ, нема со кој да си честиташ, кој да ти дојде, кај да отидеш. На празници најмногу се осеќа далечината. Направивме адет и ние. Паричката за прв пат кај синко Му стана интересно па сакаше уште парички да бараме, мислеше дека има и кај мене и татко му Се прејадовме добро, остана храна за трите дена Божиќ да истераме Среќни празници мајки. Убав помин со најмилите. Љубете и бидете љубени!
Помина и Бадник, паричката кај синко! Претходно му кажавме дека тој што има среќа ќе ј добие паричката, без лутење. Разбра, ги изброја парчињата и си одбра свое. Негова вистинска среќа! Беше превозбуден, учествуваше во сите подготовки и нетрпеливо чекаше да седндме на маса. Која радост ја видов во неговите очички, кога сите наздравивме и посакавме здравје. Беше и коледарче со татко му, традиционално со торба и стап, тропаше и чукаше пеејќи Коледе,Коледе. Ми порасна детето, среќа моја! Јас мислам дека ќе се распаднам деновиве. Премногу задачи си зададов, сите ги завршив ама преморена сум. Годинава направив неколку врсти слатки, Божиќен колач, кифли, руска, погача, и на крај сарма за утре. Ако успеам и слико ќе пуштм За утре резервиран ручек кај моите, ќе се прошета може уште и на две три места. Ги сакам многу овие празници, сакам да ни дојдат гости, да уживаме во овој голем празник. Нека е за многу години,мајки!
Среќен Божиќ на ситеЗдравје,мир,слога и среќа во секое семејство Ние истеравме вечерата уште во 5 саатот.Синко прескокна вчера попладневна дремка,па едвај издржа на врчерата. Паричката се падна во мене Не знам после колку време ми се падна.Па има сигурно едно 6-7 години,можеби и повеќе.Искрено навивав да се падне на синчетоДоказ дека со текот на време ми се менуваат приоритетите во животот За постовите погоре,точно е дека тука нема Божиќна магија како во Македонија. Сепак како и да е оваа вечера ми е највкусната и најбогатата во цела година,уште како дете секогаш сум се радувала кога се спремало за Божиќ.Највкусна ми е посната сарма и правам плус каша со доматен сос и лукче.Мислам можам тони да изедам од тоа јадење Тука се обидувам да ја вметнам не само нашата традиција, туку и овдешната.Секогаш славиме двапати Божиќ. Оти сепак дете како дете,сака и поклони, а на католички Божиќ се даваат подароци и исто се многу радува.Дури осеќам поголема еуфорија кај синко на тој ден,него ли на нашиот Божиќ Мене во 6 ме фати од виното,па си легнав да спијам.Во 9 се разбудив и сега сон не ме фаќа,а денеска сум на работа,треба рано да станувам Тоа жени ќе се обидам дазаспијам.Лека ноќ
Добро утро Среќен Божиќ девојки , здравје , среќа и радост во секој дом Ние правевме на 24 .Многу убаво ми беше тогаш оти тука сите слават.Денес сум на работа и да сакам да правам од кога сме тука секогаш одев на работа и никако немав време да спремам.А на 24 и мм е секогаш слободен. Си планирам кога ќе порасне малата да ја носам за коледе во мк неколку пати за да се сеќава колку било убаво во мк Мене не ме фаќа носталгија дека нема ништо да знае и таа ќе си има спомени од детството од едњн нејзин Божиќ па какви и да се нејзини ќе се .Секое детство е убаво и реченицата" во наше време" секогаш ќе биде актуелнаАма колачиња за дечиња имавме Туку на работа во петокот ме изнервира таа практикантката.Ми ѕвонеше секој ден кога сум и дали сум на работа.Да, од 9 и кажував.А не доаѓашеМи ѕвоне во петокот , јас во јавниот и не сакав да се јавам со мојот "чЉ" германски да зборам.Па и се јавив од работа во 9:10 и кажав дека сум на работа.Кога дојде и кажав дека секој ден има сигурно тука некој од 10.Еве јас малку покасно доаѓам во петок ама сум тука. Луѓе жената ме ишпионира на шефот А шефот виде дека ме изнервира и почна да ја зеза.Нее ава секогаш доаѓа точно јас каснамЗначи и по 100 ножа во грб пак не ми доаѓа акл да си траам и не се сите пријателиАма ако кога ќе ме праша пак шефот дали да ја вработи ќе кажам Малата вчера како ќе ми паднеше од комодата за пресоблекување ја фатив во лет рачето и го истегнав.Фала му на Бога изреагирав на времеА во сабота кога падна од масата си го повреди дунде И после тоа уште 100 пати се исповреди .Кога ќе ја фати некој малер додека 10 пати не се повреди не мине Ајде луѓе стигнав имајте убав ден и гушкајте деца и мажи
Исус се роди! Паричката во господ. Вечерата малку сиромашна, и мрсна, ама и на режим сме. А вкусна дури чудно. На малиот ну досгаше дремката а дсксв да го издржам за порано да заспие, па плачеше за се нешто дур јадевме . Мислев не разбира ама кога го скршив лебчето и ја видовме апла на средина, вика ова парче на мене. И на негова страна беше плус. На кој и да се јавевме ксжуваше дека кај него била. Мајка ми не замина дома, си остана кај мене и таму си кршела сама . И таму во Господ. За условите ивде нема да зборам, општо познати . Но за она мизерното во човека морсм да кажам. Сестрата наминува да каже дека јадење донеле ама уште малку имало го раземале. А помине и рече такс знај дека е кај нејзе . Не дека ке го јадеме, крв нека и се стори и онака плаксме и за мајка и за дете а носат за еден, ама усул се нема . Има луѓе што навистина се зависни од она што ке го донесат. Едно божикно турско од мене, за расонување.
Христос се роди Ние појадуваме, пиевме кафе тројцата (малата млеко со несквик), па јадеме јаболка, па појадок за неа спремив а ние јадеме од вчера што останало. Галабо јас кога бев на детска клиника, носеа ручек за мајката ( бебињата не јадеа) ама ако доев и не трчав по јадење ми го крадеа. Посебно една мајка викаше дека таму 10 кила ставила за 1 месец ( со прематурче лежеше) оти јадела од сите. Среќа маж ми ми носеше макарони, Иначе ќе загинев. Паричката у куќата пак. Џабе местеше маж ми, по едно залче за сите , за дете пола леб, ама тоа е. Нека оди арна и на куќата, прва година и е.
Христос се роди Јас рано станав,во колку заспав не ви кажувам Могли спиеше па зедов спремив ранче од мали,го разбудив,се спремавме и правец вградинка 7:45 бевме таму Почнавме со два часа адаптација И јас бев во просторијата и поминавме супер Ми рекоа до средина на февруари треба да сум достапна,до тогаш ќе трае адаптацијата Многу ми се виде ама кој ме прашува,се молам да се привикне побрзо,од она што го видов девојчињата се далеку по самостојни од машките Се вратив во 10 а ќерка и тато се гушкаа кога дојдов Сега тој заспа со мали а јас цврчкам едно кафе Морам да чистам денес,нека ми прости Господ ама мислам шуга ќе фатиме или пак не сум навикната на ваков хаос Башка утре идат да читаат сатеви и да не затекнат ваков хаос Друго ништо,ќе чекам да стане маже и да го планираме денов Има попусти и ќе пукнам од мака што неможам да излезам како човек Довиџења
Среќен Божиќ. Христос се роди. Многу здравје во секој дом. Кај нас паричката во куќата се падна. Измесив леб за мерак.Прв пат така убав ми се погоди.На маса нешто од мајка,нешто од свекрва и нешто од мене. Син ми се радуваше кога ја баравме паричката.Ја најдовме ,па мм пак ја криеше за он да ја бара Убава вечерМногу ! Вчера и на коледе бевме.Во 3 куќи. Мама пееше,дете собираше поклони Сега дојдовме кај моите.На брат ми му е име ,ќе има вкусен ручек Гледам му дојде време за спиење на мали.Да земам да го успијам Па после да почнеме со славје Убав ден
Незнам, се е можно. Може собрав непотребно нечив грев, на мене нека се препише, но не е убаво . И онака даденото е оскудно.
Незнам како е на клиника,во Козле беше ок. Ни носеа и на двете исто, ако не сакав жената ме прашуваше дали може да го земе и моето. Во Козле бевме две во соба Сепак,лошо многу
Христос се роди. Паричката кај мене се падна, па и ја дадов на малата од мене за неа. Да си се порадува де. Супер помина ручекот, си седна со нас малечката, си ручавме сите, мераци. Од сабајле си играме, си правевме доручек, се по редот. Сега стандард, седнувам кафе да испијам, попладне треба кај моите на ручек да одиме. Сабајле не можев очи да отворам, ептен ми се спиеше. Она се разбуди и ајде во дневна ми вика, и викам спиј таму ноќе е. Не е мама, не е ноќе, дење е. Лежи уште малку. Пушти ми цртани на телефон, ти спиј, ми вика. Ееее, така не може, телефон на дете не давам, во ретки исклучоци ако одиме во ресторан и сакаме на раат да јадеме со мм. Ама и повеќе дека во игротека сме и тоа не е често. Па си станав ко попче. @galapce другите мајки ги земаат. Земаат повеќе, не само тоа што им следува. Доста често така се случуваше. Јас ако спиеше она не можев да земам и после немаше. Ама мм ни носеше стално и на двете. Не знам зашто им е толку тешко во соба да го донесат додека поминуваат, подади само, аман, не е ракетна наука. Ајде да се куртулите веќе. Убав ден ви посакувам на сите.
Па носат у едно собиче, за сите мајки, наместо по соби да даваат. И треба дете да оставиш само, а не можеш да го земеш оти е на инфузија, и додека се сместиш да отидеш, се изеле . Ако си гладна пиши, ако треба храна ќе дојде некој.
Ако си гладна вика Цка, ме насмеа Не сум гладна мајка. Овде мајки гладни да се дури се чудам и затоа на нив не ни посумљив. За децата нема услови кажсв, ако некој лошо ме разбрал се извинувам. Фала мајки за понудата, на сите Ке донесат и денеска, проблемот е друг. Алек треба да јаде тазе зготвено не смее да е одстоено а за така овде е тешко.
Леле, Христо се роди сум пишала погоре, Христо. @galapce да се договориме некако да доаѓаме да ви носиме што треба да јаде Алекче? Кој може еве, да направиме и да носиме. На нас маж ми ни носеше, малата ретко сакаше од таму да јаде, научена од дома што си јаде тоа. Ако можеме да ти олесниме, верувам ќе има што сакаме да помогнеме некако.