Neka donese nekoja clenka koja moze domasno taze zgotveno za Alek, on e najbiten sega, vo Skopje ste pretpostavuvam, koja e od tamu eve neka se prijavi da pomogne. Jas sum daleku od Skopje, da mozev sekoj den bi mu gotvela speciualno i bi mu nosela vo pisebno taperce, od srce.....ama ne mozam Go citam postot sega i tolku se iznasekirav, sto ne sum blizu ni malku da mozam da vi donesam se sto treba....
Ја изгледа сум посебен човек. Вчера цел ден си повторував фала ти Господе што овој Бадник нема да биде како претходните. Изгледа до толку ми беше лошо во Мк. Нашите деца ќе се радуваат на поинаков Божиќ и нема да им биде тешко за македонските обичаи бидејќи нема да ги познаваат и нема да растат со нив, само на родителите ќе им биде (ама не и мене). Но, тоа не значи дека нешто им ускратуваме на децата. Што е подобро? Да оди на коледе или да живее нормално? @galapce Ти здосадивме со тагови, знам. Добро е што можеш да се потпреш на форумски лик, кога веќе не може на она за кое си платил. Во Чаир на родилките до секој кревет носеа, ова и тоа баш кај што има деца е страшно и жално. Да дојдат тука моите родители и браќата одма вадам германски пасош (треба да почекам, знам, не може одма, ама додека дојдат би поминале тие години) и никогаш не би се вратила Мк. Е до толку сум патриот. Може само пред да добијам ќе ми се пријадува сендич од Вили, тоа би било се. Јас сум пет дена со тт 39.5 се надевам не се умира туку така, денеска не можев да отидам дека сум глупа, утре морам да одам, многу ми е лошо. Имам и добри и лоши вести, ама Божиќ е. За многу години нека е! Денес бев на работа и толку работи ми пререкоа ама за се во право беа, за жал. Ама па и јас болна, како мува без глава. Само ми рекоа она германското "жал ми е" (одјебување на фин начин). Во основно наставничката ни викаше некогаш ќе сфатите кога се користи извини, а кога жал ми е. Сфатив, наставничке.
За многу години...Христос се роди..Навистина се роди...радост да донесе во секој дом. Да бидите живи и здрави пред се, Вие и Вашите семејства, да имате многу заднички моменти полни со љубов, хармонија и благосостојба... Среќни празници и во новата година да имаме што е можно помалку болни дечиња, тешки моменти,разочарувања и болка... Само насмевка на Вашите лица
Тетки да не не мислите. Остајте јас што звучам празно, спастрени сме. Извинете ако прозвучив лошо уште еднаш. Пристигнаа и подсроци за дечињата од некоја германска фондација. Убав ден на сите. @eli25 кај тебе дома ке дојдам за јадење, само да не ве мешам со другата Ели не знам.
@galapce душа мала, на здравје да му е. Среќен Божиќ мајки кај сите, Христос се роди, за многу години да ни е. Да сте здрави и живи сите.
Христос се роди! За многу години празнициве и Господ секаде здравје да дава а другото само ќе си дојде. Ние ставаме паричка за Василица. Сношти ниту вечера се види,ниту нешто друго. Дете си ги изгоре трите прстиња на стаклото од каминот. Не е нешто сериозно,само малку е џишнат на јабокчината.За него е многу... Мене душата ме боли како не реагирав на време.До сега никогаш не покажал интерес кај огнот.Но дете се лизна и за да се исправи се фати за стакло. Вчера од 5 до 8 плачеше,викаше дека го боли.Го кријавме рачето во крпа со мраз.Се мачкаме со маст.Ми ги даваше прстињата да ги бакнам да поминат. Дома не сакаше да седи и се возевме со колата низ град само да не плачи. Си дојдовме му дадов една доза далечен и заспа.Ноќеска неколку пати се разбуди, кај рачето што го болеше па и се затна целиот. Денеска е подобар со рачето почна да го користи,фаќа до него. И јас не сум ништо подобра од него глава тежи грло блокирано,мрсули еден куп. На мм очи му немам видено од јутра до сутра на работа си иди на сат-два колку да јади и пак заминува....На терен е а надвор е многу студено уште тој пак да настине и маф ни е планот. Па и свекрвица ми го на*ука убо,си заминаа во село покани да носеле.А месо одмрзнато за правење за ручек требаше сарма. На мм му се јавив сакал тава со свинско и мелено со печурки.и на крај на место сарма ја направив тавата ене ја се крчка во релна.
Христос се роди - Навистина се роди. За многу години да ни се празнициве да сме поздрави посреќни побројни.Јас немам пишано од лани значи исто и Среќна Нова година. Нас одморот ни заврши денес децата почнаа кој на училиште кој вградинка сопругот на работа. Мене лично секој празник ми е исто - чувствувам празнина затоа што не сум дома во Макединија.И нормално некој ќе речи па оди Мк кој ти брани, ама верувајте не е така.Секој човек е различен со различни чувства. Не е исто и морам да кажам дека мене ми недостасуваат празниците во Македонија. Исполнетоста на срцево не е иста. Ама секогаш брзо ми поминува.Моите деца се малку поголемки и малку поразлично гледаат на работите.Ете на пример денес учителката ги прашувала на сите деца што подароци си добиле за Божиќ, а моете дете одговорило чоколадо и дека за нас денес е Божиќ и ние не даваме подароци за Божиќ него за Нова година. Навистина и за нив збунувачко и за децава збунувачко. Моите деца знаат дека ние сме Православни Христијани и кога се нашите празници, во што ние веруваме што како и кога ние празнуваме. Како и да е ние сме дојдени во оваа земја и јас се прифакам во нормала, многу ги почитувам ама секогаш си се држам на моето и не заборавам од каде потекнувам и од каде доаѓам. Постов малку патриотски звучит ама нема гајле. Ви посакувам убав ден.
Добра вечер. Реков да пишам. Среќен божиќ за многу години да е. @gjoker4e многу ми се допадна твојот пост, реалноста таа е. До вчера било едно, како помали друго, денес сосема трето. Нека ни е убаво каде и да сме. Магијата е таа, во душата и нашата хармонија не е во ништо друго! Јас после 12 години во странство можам да кажам дека не се пронаоѓам во македонија. Бев, видов. Си заминав.. Би сакала така на лето чат пат после некое истерано одморче на недела дена са се симнам и опет назад. Тоа би ме исполнило само. Во скопје приказката претпоставувам малку подругачија е, уствари не знам не сум ни била едно можеби 10 години во скопје, ама во помалите градови е страшно, ко некоја да војна.. епидемија да настанала па никој никаде нема од 2011 па даље, ништо не е тоа што беше, народот се истреби скоро па и една третина ќе кажам, кој у странство кој у скопје кој оди на сезонски кој се моли и чека за бг пасош кој чека да замине кој се спрема, останатото е пензионери, 20 тина луѓе што раководат со градчето а ги има и оние што неможат крај со крај да скрпат. Жално е и тоа секој ќе го потврди таму каде што сум. Вака кога ќе се замислам моите роднини и пријатели повеќето се во странство отколку во мк. До 2010 година беше океј, имаше живот, имапе провод после тоа се падна во вода. Се е испозатворено. Пазарат со картончиња и тоа е тоа. Таа е реалноста.. Јас си вклучив парното и си дремам.. немам чај а ми се пие е утре ќе си купам Глава ме боли Денес изгледав еден документарец на дијана и тоа.. Ден за ден.. Поминува. Убава вечер
Среќем Божиќ мајки,многу здравје и љубов. Убави празници...ја не сум религиозна,ама кршење погача со париче ми е традиција. Од утре стара шема и работа.Како ќе преживеам уште сега се мислам...не за друго,него се навикнав обавезно на пладне со дете да преспивам и јас. Син на мајка,за месец дена две ќе ми прави.Почна реченици да составува но без сврзници и предлози. имајте пријатна вечер.
Добра вечер.. Да осимне веке еднаш, белки ке испаднат резултатите, белки е само настинка не реакција од борба на клетките, треба да нема.. И да си одиме дома. Да се препакуваме и да се оди на контрола во Турција . Се приметувам дека сум многу негативна не дека не, и одма си наогам изговор дека е оправдано што сум така. Ааа нече мочи овај пут. Стварно поарно беше кога знаев и да се подскарам чат пат, па и почесто . Тогаш неможев да ги поднесам луѓето кои постојано кукаат како јас сега. Ми е скиснато од болници да, ама ја ако немаше спас? Не сакам ни да помислам. @JuLleE си ме спомнала во 40 ка. Не би да влезам и таму оти се е жива зараза. Овој да видам како е, оној да видам како е и... Туку имам еден дерт на душата денес па да си го кажам. Без потреба изгледа собрав гревот на сестрата. Дојде во раце со јогурт, млеко и житарици, порачала да донесат уште едно Не за џабе е кажано, на лошиот со арно па да се засрами од сам себе, така и јас денеска. Ништо од тоа не земав од причина што дете не смее семки, а од тие наливни јогурт и млеко па ич. Понекогаш сите ми се криви... Дете уште не заспива... Ја пее Шушана а јас се чудам како толку запамтени зборови. Колку и да се трудам нешто смешно да ми текне нема, не дека сме тажни ама муабетот е тој. Завчера вака изгасено лежиме, мислам заспал а он ме прашува, мамо.. Кажи зошто ме истрижа? Молчам демек спијам, мамоооо, зашооооо ме истрижа кажувиии. Не дека нема изговори ама ти се кочи устата прво и после почнуваш прикаска . Добра ноќ мајки, поздрав и до 40 ка. Не се ни сомневам дека што и да ми затреба а немам кому, можам овде да се обратам. По студенстки и станови кога живеевме се јас готвев, сега нека се раздолжуваат цимерките, гостинките. Носат од цркви и школи, фондации, пакетчиња, дури не кажуваат од кого се... Така да спремив и јас од сите, две пакетчиња за двајца батковци кои пратиле по мајките кои носат готвено од нивните играчки. Да им пратиме и ние поздрав.
Христос се роди Добра вечер мајки. Деца спијат, маж доработува а јас не можам да заспијам. Средново вриштеше три саати. Со тоа гранулите го надминавме(се надевам) проблемот со вриштењето во текот на ноќта, ама сега вришти пред да заспие. Па по нејзе и најмалото, па и големата ја рикна оти се уплаши од нив... и усвет некаде да може да фати човек. Со месеци вака. Море со години. Градинките две недели одмор. Едната и денеска плус затворена, состанок си имале. Кај го има ова кога родителите се на работа не се државнк лразници две недели да си земаат ни јас не знам. Ама дома здивеа деца. На големата месец и се фати па си поплакала кога стасала во градинка. а средното дека ќе плаче утре сум сигурна. Може ја мачат петките, не и се пробиени уште, плус и цуцлата преку дем и ја скрив, само за спиење давам. И покрај целодневното рикање за се и сешто решив да не попуштам бидеќи ептен се пушти со говорот . Пустата по цел ден кажува : во ист шнули( нагалено ќе му дојде каде е цуцлето. Си го бара. Пред две недели кига бев во веце, она стандард обесена за Мене, додека ѕиркаше во шољата дали сум готова за браво да ми каже и падна внатре цуцлата. И од тогаш тековме готово, нема веќе. Денеска пак во веве, она пак во позиција за браво да мимкажува и се сети, си го бараше цуцлето. во шољата. Да не бев таму и ќе брцнеше. Денес на заболекар. 1.5 -2 саати корењата и пломба. Другата недела третманите за парадонтоза. Утре ушно а четврток гинеколог. Од него ќе си побарам упут и за тироида. Решив посериозно со здравјево. Уморна сум. Преуморна. Не знам одмкаде сили секој нов ден да станам и на ново ... Пријатем сон на сите будни.
Јутрооооо и цели -15!!!!!! Чај денес од мене, да не стопли на ладново. Се стуткавме сите тројца на спална сношти и сега никако не ми се станува. Ова пред саат сум пишала. Оган стокмен, соба затоплена уште кафе и чај да ставам. Денес се оди на гробишта,како ќе биде не знам, дете на ладново да носиме. Вчера квалитетно поминат ден. Ручек отепавме кај мајка, узпат поминавме кај неколку пријатели. Вечерта гости, смеење до солзи, другарите на мм се толку друштвени, забавни и секогаш си поминуваме топ. Шегите се најдобронамерни никој не се лути. Сармата за ручек е скрчкана, уште шопска да направиме и тоа за денес. Мм вечер е трета, па ќе се одмара денес. Ааа и си се пофалив во соодветна тема за моите кучинарски вештини, а богами и мм ме исфали за чудо годинава @galapce не напнуваш воопшто и членките кои се понудија да помогнат секоја им чест. Мислам дека срамот и гордоста се неважни во овој момент. Ако дете не смее да јаде одредена храна а нели МОРА и уште подобро ако ИМА апетит, нека ти се носи готвена и свежа храна. Болје ишта него ништа Штета што сум многу далеку, со драга волја ќе готвам и за Алек, секако јас секој ден за мојов јунак готвам различно јадење, што би претставувало ако зготвам и за уште едно устенце. Ви посакувам да добиете позитивни резултати.
Добро утро. Галабо јас прашав дали ти си гладна оти знам сите детњ гледаат, никој тебе, а му требаш здрава на детето. Плус јас таму кога бев прегладнев а не мислев на дете оти доев и оно најадено си беше. Сериозно, ако треба нешто у работен ден пиши. Вчера правев муабет со маж ми. Сериозен и убав. Си поставив цели и ми вети дека ќе ми даде поддршка. Морам да направам нешто за себе. Откако станав мајка престанав да бидам се друго. Дури и сама себе престанав да бидам. Да видиме до кога ќе ме држи. Денеска на контрола кај педијатар, рече вирус е, од тоа мрсули има, ама станаа зелени викендов па ќе треба некој антибиотик.
Добро утро.. Немаше сон вечерва. Мали стануваше за какање за мочкање, децата плачеа многу, персонал од сабалје кој му текнува влегува. Дур да кажам маски да стават се прошетале и сватиле дека не сме нивен пациент, а на врата си пишува. Башка сон не ме фати се чудам од што, оно ме потсети фб, на денешен ден сум се верила. Сега незнам дали да частам, или на другата дата.. И покрак се пак жеже во градите. Жеже неуспехот, жежат очите на малиот секогаш кога му текне и го спомнува.. Да можам и презиме ќе му сменам. Уште се мислам дали да поднесам постапка за алиментација, сурово или не, јас би да му идземам родителско право попрво. Нема ни прашано, ни преку социјалните служби.. Чекам визита. Белки не е ништо па макар и останале уште. Убав ден на сите .
Дојдов да честитам празници, за многу години нека е! Здравје пред се, среќа и мир во домот. Се друго ќе си направиме, не мора ништо гратис. @Cka мојов моментално има зелени мрсули ама не да речеш да му тече нос, туку од ладно надвор кога се чисти. Свесна сум дека носи некоја бактерија ама чим не преовладува и имунитетот не се предава-ич не ни помислувам да дам антибиотик. Претходно кога кревал темп од стрептокока го оставав ако до 3 ден не се опорави-тогаш лечење. Така поминавме 2 пати за стрептокока и 1 за мораксела. Со антибиотик во фрижидер ама неотворен. @galapce секогаш можеш да му смениш презиме. најмал проблем е тоа. на твое место би поднела за алиментација па макар и да не ми требаат нека седат на сметка. Колешка моја секој јануари после празници се тужи со бившиот сопруг. 3 год по ред ова го прави а 13 год е разведена. Еднаш немал платено алиментаицја за децата а си стои со пресуда дека треба да плаќа. Првата год кога тужеше за 10 год требаше да плати. Јавен обвинител го превзема случајот и буквално мама му е... Е од тогаш наваму секој јануари на суд, и година за огдина да си плати чим месец за месец не сака. Плус адвокатот нејзин да го плати плус и извршител. Чим така сака типот ете му го. Претерано неодговорни луѓе има. Страшно нешто. Ние иначе арни. Мали е по дома, стандард, нема градинка... планирам здравје боже на пролет пак испитувањата да се повторат и ако се добие зелено светло да се вакцинира во Солун. Така е планот, па сега ќе видиме. Само се надевам дека ќе смее да се боцка. Убав ден мајки.
ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!!! Нека е за многу години празникот, за арно за убаво, на сите па и на себеси посакувам најмногу здравје, па после среќа, љубов, мир, благосостојба, успех и бериќет. Ова се најубавите празници, но ете никако да почувствувам празнично расположение, се некако напнато, овој уморен оној умрен, тој болен, јас болна, згора на се и нервозна.... Се трудам да најдам начин да си ја контролирам нервозата, ама некако тешко ми оди, посебно во ПМС, во останатиот дел од месецеот успевам некако на крај да излезам, а секој втор месец сум леле мајко, бегајте од мене. Не не се до толку др виновни колку што сум јас, понекогаш си мислам дека сум ептен немајка и немам разбирање за сопственото дете, но во тие периоди како да не сум јас, како некоја др јас од внатре да излегува.... Морам ова да го надминам!!! Инаку дома детенцето презадовлно ми е со гостинчињата, внуцитени се гости а она гиобожава а тие па премногу ја играат, би сакала почесто да се гледаме но далечина, работа, школо...обврски...тоа е... Малата оваа година не ја сликавме за нова година, па сега сакам со децава да ја сликаме, кога ќе пораснат ептен драг спомен ќе им е, а сакам и ние со децата. Од друга страна сега замислувам и не можам до крај слика да си претставам како излегуваат на крај мајките со три деца, мене само едново ми е главна обврска, за внуциве, пошто свеки прави и онака ручек она ги превзема, бањање, облечи соблечи, ова сакам да ја јадам тоа не, па зошто е толку пржено па зошто е поживо, па не било во 12 било во 12:10 аууу, поклон до земја на родителите со повеќе деца, јас мекуш со едно и се уплашив. Незнам искрено дали сум спремна за уште едно, не дека не сакам, ама мислам дека нервите ми се истрошени. Ајде кај е Господ никој не е, па и настинкава ме загрижува со сериознава кашлица.... кашлам леле мајко, ај ќе помине не е крај на свет. Што да кажам друго, незнам како да се мотивирам и да се вратам на факултетот, мислам немам меморија за учење, а морам, се нервирам што вториов не си гозавршив...а ми треба ептен.... Ај ке соберам сили и точка. Поздрав до сите, болни оздравете, нервозни смирете се, среќни бидете уште посреќни!!!
Може ли само да пишам дека ќе одам на лекар сега? Да ми олесни. Леле ич не ми се оди. Не знам што ќе ми прави. Што ако ми рече да се соблечам? Мајко мила. А ич не го сакам, ако не ми се свиѓа и сега ќе го сменам. Ајде отидов мечка страв мене не страв... Нозете сами ми се враќаат...
Добар ден. Пијам кафе, малата го рани динсаурусот. Повремено му ја отвора и затвора устата и ја пее Кога заоѓа сонцето, он демек ја пее. Претходно го бањаше бебето, направи све вода, претураше во чашки, па готвеше во кујната, диносаурусот варено јадел. Мајка ми и купила малечки папучки за по дома и не ги соблекува, колку се радуваше... Дека сите сме носеле папучи, а она немала, кај го има тоа. Се мислам накај два-три да излеземе до двор малку воздух да не фати, убаво наоблечени. Попладне може ќе дојде на кафе една другарка, па ќе видиме. Инаку, се согласувам со @gjoker4e, нема што да ви фали од тука. Магијата е со најблиските, не е до земјата. Ви фали дека не сте тука. Нервозен народ се турка на сите страни, скиселени луѓе... Апсолутно не ви треба да чувствувате носталгија. Иако е нормално, ама немојте да си ја правите сликата порозева отколку што е. @galapce чекаме и ние да слушнеме добри вести од визитата. @gjoker4e ајде се да биде добро.