Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Дај боже да ја имам и јас таа среќа :l::hug:
     
    На Chantal, galapce, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    5.669
    Пол:
    Женски
    И кај мене а земаше само за спање и тоа чим завлече а плукаше , низ ноќта приплакувањата се смируваа со неа кога како , еве ја 20м пред нецел месец ја *фрлиме* стара била и татко и нова ќе купел. :D и а има побарано 4/5пати и тоа без карневали , сега веќе се залажува разбира и нема проблем , па и чим само за спање ќе неѓате мака исто не се приврзани мн така ви изгледа , не се брзајте околу година ипол ќе разбира и ќе ги залажите со нешто , колку порано толку подобро тоа е точно ама до 2г не е опасно ..
     
    На Chantal, minneymouse82, ivana--aerodrom и 6 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.159
    Допаѓања:
    107.169
    Пол:
    Женски
    Не успеав убаво да ги слушнам докторот Дума, од детска клиника, ама спомна дека во првата година било пожелно детето да цуца цуцла. Го слушаше некој на 0м+?
     
    На Ygritte и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки
    јас рано рано во очиве филџан ко видов колку снег врнит. Кејфој. Ене уште врнит. Убајна.
    Едвај дочекав бебе да средам да преспие и да излезиме. Збунка беше ко излеговме пред зграда.
    Си ја ставив в кенгур, чадорче и пут под ноге. Арно ама новчаникот си го загинав (facepalm):devil: среќа парите в џеп ги вотнав. Сеа мака ми е за новчаникот мн убав ми беше, башка поклон од другарка. ;(
    Лошото по него. Одјавив картичка во банка, а за л.карта утре здравје ќе појдам во мвр.
    Да турниме уш стара нова и Водици, после депресија. Најтапа месец ми е февруар.
    Беба одам да ја будам, се заборај со спиењево.
    Имајте убава ноќ.
     
    На Chantal, TarantulaA, Lolipop23 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.108
    Допаѓања:
    124.325
    На ист начин и баткото мој се откажа:)
    Беше болен,течеше носето,неможеше да цуца и после не ни побара. А само што му бев купила две нови цуцли :)
     
    На Chantal, TarantulaA, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Убав ден, конечно и во Охрид снег и тоа снеггггг. Мм беше дома остана со бебуш, јас со синко во двор па снешко па радости, после го зема мм го влечеше со санка. Дете превозбудено, а мене и те како ми годеше воздух. Помина мајка околу 17 часот беба спиеше на смеа и велам ај почувај ја да одиме покрај кејот, рече важи одете. Саат време останавме како во снежна бајка, градов никогаш не бил поубав, разгледница. Наполнив батерии.. Кога си дојдовме дома ја искапивме малата, се погалија со мама и со синко, предмалку заспаа и двајцата па уживам сега во тишината. Паметно би ми било да дремнам секако беба за два часа ќе е будна па ќе се бориме со грчеви, а ако го разбуди и синко тек тогаш ќе биде весело.
    Околу спиењето мм може од на нога да заспие, јас и кога сум најуморна тешко фаќам положба, па и најмала светлина или звук ми пречи и неможам да спијам и кога ќе заспијам сум како зајак на најмал шум сум на нога а да презаспијам тоа е веќе невозможно.
    Цуцла синко никако не ми фати и многу мака видов, градата му беше цуцла дење ноќе, ниту па од шише со цуцла пропи од града на чаша поминавм. Сега дадов уште во болница на беба после подој ја тргам од града ако е мирна ок ако почне да кенка или плаче и ставам цуцла и не ја враќам на града, така се смирува и заспива па кога ќе подзацврсти сон и ја тргам. За понатаму незнам како ќе биде ама вака ми е многу олеснување, не ми е цело време во раце, си лежи и не е зависна од мене за заспивање, за разлика од синко кој додека го одбив на година и девет месеци еднаш не се случи да заспие без града. Секоја навика е тешка за одвикнување подоцна ама мислам дека нема штета од цуцла бидејќи 90% од луѓето сме со цуцла израснати, сега да не биде претерано до поголема возраст или дете од две години место да зборува цело време да врти лажалка низ уста.
    Имајте мирна ноќ и гушкајте се
     
    На Ygritte, Chantal, Lolipop23 и 28 други им се допаѓа ова.
  7. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки. @Vennera.aa баш те помислив пред некој ден. Во иста каша сме :). Само кај мене едно плус. Деца заспаа, јас наместо да поспијам дури стане малава си гледам турски серии. Ми треба тишина, одмор од денов, од врискање и плачки. Малиов вчера и денеска само плаче. Не преспива никако преку ден, море го нишам не бе бега и.после 18 саат више не знае што прави. Ексик веќе. Прееска му се развикав, ептен се лигавеше, па кога почна уште тплку да се сили. Главава ми пукна. Сега душата ме боли што му подвикнав. Знам дека љубомори заради бебево, дека.му е тешко па и петките веќе душа му извадија. Ама ете пукнав и јас. Па и овој големиов се некој инает тера, толку распустот им здосади.Прееска си седев така и си размислував дали грешиме што премногу внимание им обрнуваме на децава па.после кога не можеш да им посветиш доволно се лутат. Абе јас памтам ние како деца игравме сами, со другарчиња,надвор, домашна никој не седнал да пишува со мене. Сама сум собирала и книги и играчки. Некогаш си велам толку ли лигави ги направив. Не не се некои лоши деца, но ете деновиве ме мрднаа. Или од зимава веќе и нив ги фати сафра. Утре татко им им вети да се санкаат. Се надевам ќе им исполни ветувањето. Ме фаќа и мене некоја криза,сакам да пораснат да можам раат во вц да одам, да излезам раат....А после си велам кој ќе ги мисли по ноќите кај скитаат. И ги гушкам силно. Хормониве изгледа ми полудуваат. Зимава влијае богами. Па и тон снег наврна. Ајде, што биде нека биде. Само си велам здрави нека се, со се друго ќе се справам. Инаку, за цуцла, мојов не фаќаше дур не го одбив од цицање. После фати и уште ја бара.За спиење ја плука кога ќе заспие, но знае и преку ден да ја побара. Две години има голем е знам но не знам како сега уште таа утеха да му ја земам. Зборува се,но си ја шмока.и цуцлата.Кога ме гледа тажно дур цица малава. Ќе пробувам.полека.без трауми. Бебево па не фаќа, а сакам мора ми треба да се смирува некогаш, мора поупорно да и ја давам . Тооа емајкички, гушкајте деца. Извинете на негативности во постов но морав малку да си олеснам. Добра ноќ.
     
    На Chantal, Lolipop23, VedaG10 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Ви завидувам за снегот мајки.
    Баш убава зимска идила, така и си личи овој период од годината.
    Последните неколку години не се знаеше дали е зима или есен, овде уште е така, снег нема паднато, магла колку сакаш а чат пат и сонце како во пролет.

    Мм ај што заспива секундарно, може да спие секаде и во секаква положба :lol: седејќи (на кревет, стол) потпрен на ѕид :D доволно му е само да настрани глава |-)

    Кога сме кај мм, деновиве ми врти муабети за бебе 2.
    Уште малку и ќе ме убеди изгледа :D
    Сакам и јас ама, некако си бев направила друг распоред во главата, сега да менувам планови? :?:
    А и, детето ми порасна.
    Ептен голема разлика па, не сакам.
    Работава е ем ми иска ем ми стиска ]:)
    Кога ќе ми текне пак, какви се дијагнози имам (facepalm)
    Како господ никој не е!

    Туку, почнаа попустите :o
    Кој има пари за трошење нека се јави, во друшто полесно се трошаат. Со маШ не би, поарно дома ќе си седам одколку глава да ме боли.

    Повелете на баклава девојки (жени некако за повозрасни ми е)
    За пушачките :smoke: и чаша вино, да се загрееме :$
     
    На Chantal, TarantulaA, Lolipop23 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.039
    Допаѓања:
    220.439
    Пол:
    Женски
    Добра вечер..

    Истиот муабет од погоре и јас си го правам сама со себе.. се сеќавам дека како мала многу си играв па и сама си играв. Абе ќе излезам на минус 15 надвор и од снегот сама си правев торти па гј шарав со водени боици 8-|(facepalm) и мразулците исто и немаше жива сила што ќе ме натера дома да седам или па ќе се санкавме 5 часа и натопени измрзнати црвени укочени ќе си отидевме дома и не сум се никогаш разболувала.

    Ете се сеќавам и на сестрата моја дека на возраст на малиот мој многу аи заигруваше и загледуваше и си мислам ова мое дете на моменти зошто е такво, може ќе има минути некои од денот кога ќе играме заедно или ќе игра сам ама се моменти ретки ретки.. у глобала го поминуваме денот со фаќање и земање и кршење на работи што не треба, па со убедување дека не може тоа и не треба така и веќе при крај на денот сум исцеден лимон па и ќе свикаме .. имам моменти кога ми ги спојува жичките на момент, да издишам и тогаш одам надвор и го оставам со маж ми и пушам една цигара 2 минути.

    А кога вака заспијат двајцата користам време што викате мозкот на пасење да го ставам и да одморам уши од хаосов

    Значи има моменти и моменти..
    Ама лош е посебно кога треба да мењам памперс да го облекувам тогаш е голема борба ама огромна..
    Се тегне вреска се дави не сака и не сака најчесто уклучувам јутуб на песни дур го облечам ама некогаш и тоа не пали..

    Многу поуморна поистрошена и подепресивна сум од тоа што не сме излегле што се вели цел месец, или одеме само до близок маркет пешки.. периодот ни е хорор посебно со мало дете студ и нокни смени.
    Значи не му го посакувам на душман ова.
    Ми е страв дека каде и да е ј количката ќе се расипе или скрши а и јас дека кила некоја ќе добијам.
    Одговор сеуште нема.

    Уствари никаде не е сјајно, никаде не цутат рози па и тука па и секаде, баш преска зборев со една пријателка италјанка ја плука нивната влада, се насмеав и и викам секој народ си ја плука државата своја :D нит прва си нит последна, дека има пропусти црни дупки и слично има и тоа како многу :)
    Ама ете се живее и ќе се живее како така, никаде не е идеално и секој со своето и своите тежинј на крајот од денот..

    Се распишав, денес чистев дочистка од вчера, се чудам и се крстам како успева тепихот нон стоп да е со трошки, со дамки.. прашина, садеви, алишта.. секој божји ден.. ете тоа е 8-| биче боље кога малиот ќе потпорасне :emo:
    Му се ближи роденден измислив и торта ама не пресеков, ќе имаме две фамилии и комшиите сакам да ги викнам, за други ќе видеме, се радувам ко мало дете, едвај чекам.. посекако ќе се падне викенд а ете сега ми текна дури бев заборавила од проблемите па потоа ќе биде и мојот.. :l:
    Февруари :l:
    Мене убав месец ми е краток плус валемтајн плус мојот роденден :sun:
    Мојот сега 2 години ќе прави цуца цуцка и не го дирам..
    Нека го.. :)

    На крај на денот па и поладнињата кога си се гушкаме мирисаме го сметам како некоја земена доза на хелекс, некој хормон среќа во мене ..љубов.. убавини..

    Имајте убава ноќ дури напишав еден час мина и ми се приспа :f:
     
    На Chantal, TarantulaA, Lolipop23 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Витсминче ако вакс продолжиш јас ке те искарам тебе . ]:) :hug:
    Не ди нсоѓај се по нешто за да те факаат депресивни моменти.
    Нормално е, сами сте, амс не смее да те соборува, ту топлото, ту ладното, ту глуфците, ту колата...
    Немој до тој степен.
    Златни дете, маж со кој се сакате и имате разбирање, еден до друг сите живи здрави, на пат да стварате иднина за детето.. Па има ли поубаво? :inlove:
    Е сопки нема да орестане да има животот.

    Читај во продолжеток..:D

    Се разболе човекот што требаше да не носи за Турција, се залоши ситуацијата на детето, се одложи контролата, ке си поседиме и др недела некој ден сигирно ..
    Организиран грабеж на работа, закомплицирана ситуација за да добијам полномоштво за излегување од државата со детето.. И да оставам да не добројам се. :sweat:
    Со ладна бус вода се бањам а дете немам избањато два дена.
    Сопка до сопка, колената крвови, ми се пуши цигара, ми се оди на работа, ми се шета на снегот..
    Ама па кога се присоберувам, еве како сега дури навечер, легнати двајцата во фант позиција, еден до друг , се нсучи и сам од себе да каже мамооо многу те сакам.:inlove:
    Крај, животот е многу убав..
    Па макар и во четири зида и без љубов и без средбс со луге и без топол дом.
    На моменти се губам ама да се губиме во граници на нормала и да го цениме тоа што имаме.

    Могли стои сама со гипс:inlove:
     
    Последна измена: 9 јануари 2019
    На do-re-mi, Milobebence, blessed.an и 45 други им се допаѓа ова.
  11. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    @supergirlmb како си го кажа тоа само со едно плус како ништо страшно да не е, ме насмеа на глас :) јас со уште едно ќе бев веќе на нервно, не дека и сега не сум за таму.
    Ќе ме полуди дете психички ме манипулира, два пати по ноќ на детско одделение го носев, глуми дете за внимание да привлече. Вчера ја спремам малата за капење и ставам капки во нос тој го наткрена пенливото зема да го пие, скокнав го носам над шоља му пикам прсти да поврати тој се смее и вика нема ничо мама не пие детето ничо. Живот ми скрати дешавки вакви во ден повеќе или помалку сериозни и ќе свикам по него, а тек тогаш плаче дете се дрецка од земја па уште ми е лут и ме доведува до состојба да осеќам страшна вина па да му се лигавам. Авторитет изгубив сосема кај него претходно закон ми беше зборот, сега се што ќе кажам обратно прави ме искушува до крајна граница. Знам дека тоа му е одбрамбен механизам во моментов зошто е многу слаб емотивно кога ја дојам со очи полни солзи ме гледа и тогаш е најагресивен кон неа бара начин да ја штипне, чукне, фрла предмети, шутира топка, пред некој ден бебе цица тој дојде мислев неа да ја бакне зошто нон стоп само вика бац дада зема ме зашмука за града го тргнав кога викна да плаче, врати ја дада во болница, не ја сакам и тебе не те сакам оди во болница срце ми искина. Кога заспива мора да легнам до него, кога станува навечер за цицање и тој често се буди и плаче во полусон се додека не легнам до него. Преку ден исто не отспива и после 17ч незнае кај тера и што да доправи. Долга и широка е можам роман да пишам, размислувам за психолог ама па во градов и нема некој.
    Нека ни дава господ само сила и нерви друго незнам што да кажам. За играњето порано ако беше залепен и зависен од мене сега е 100пати повеќе, ама се ми се чини дека сите деца се такви денес и ние родителите сме криви зошто премногу внимание им обрнуваме и ги правиме зависни од нас и да не правам апсолутно ништо треба да седам до него и да го гледам како игра|(
    Се распишав јас, маж грчи ама буквално, само го клоцам, едвај ја презаспав беба има да го бркам од соба ако продолжи, добра ви ноќ :hug:
     
    На Chantal, Lolipop23, VedaG10 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    во Охрид најдобра е Васка за муабет
     
    На VedaG10, gjoker4e и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    јас сум во дилема околу ова прашање. Имам многупати читано дека цуцањето цуцла лажачка била штетна правела проблеми на виличниот зглоб и средното уво. А од друга страна пожелно е да цуца зашто му се развива рефлексот на цицање.
     
    На VedaG10, gjoker4e и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  14. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Ние само до кј 2 месеца со цуцла и ми ја плукна, а цицат машала...
     
    На gjoker4e, Vennera.aa и marchi-cool им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    среќа па кратко трае

    доволно е,ние до 3ипол годино се мачевме со откажување од цуцла,а ја користевме само за спиење
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2019
    На gjoker4e и Vennera.aa им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Три дена де во прашање, ама после Јануари како шо е долг, оти финансиите се на салдо нула секогаш, ни се гледа како 15 дена пократок . :D

    За цуцлата.
    Ако лекот е и отров и лек тскс и сите работи, има и зошто се добри и причини зошто не чинат.
     
    На duffi, gjoker4e, tincemajmunce и 10 други им се допаѓа ова.
  17. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки
    Се возам во бус за на работа.
    Хаос од снегот во градот. Ни патишта да исчистат ни песок сол да фрлат ништо.
    Деновиве со гости по дома. Се кај нас се собираат доаѓаат му викам на мм па дај ние да одиме некаде на гости а не јас само дома принеси раздигни миј собирај и се во круг нон стоп.
    Деца дома. Беснеат. Малото пие антибиотик од пред 2 дена. Мн кашла.
    По дома си седат деца со татко им и дедо им и знаете дека сега мм сфаќа кога сум била дома само чисти по децата и пак не се знае крајот. Битно кога си идам дома е чисто. Човекот се труди максимално.
    Вчера големиот седнал да кака во нокширот а мм до. Надвор да земе дрво и кога гледа малото зело влажна и бриш газето на батко му ама влажната не фатил убаво и со рачето па каки па едвај го. Измил. Смешки. Деца.
    И тоа мајки.
    Денес ми е роденден.
    Цели 27...
    IMG_20190110_062914.jpg повелете торта. Ваква си порачав денес ќе си ја земам и вечер ќе дуваме свеќи со деца. Да им разбијам монотонија.
    Убав ден...
     
    На Chantal, Верче4, TarantulaA и 30 други им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    36.937
    Пол:
    Женски
    @mariz :hug::hug: цела среќа ви ја пуштам

    Добро утро!
    Ние дури 4 ца на спална стуткани. Дојде внук ми на гости, желба до тетин му да спиел, па ај сите како сардини се наредивме.
    Неколку дена со ред мм не е воопшто добро. Главоболки, вртоглавици, нагон за повраќање, нервозен, поспан. Сношти лежеше и сам побара да го однесам на итна. Значи, стигнал до тој степен да не може да издржи од болки. Одењето по такви работи , се разбира комплициран плус со уште едно дете дома. Да ги носам врие болни, да ги оставам, мали се за сами. Помош од никој!
    Ѕвонам кај една стрина на мм недостапна, старите заспани.
    Среќа се најде другата стрина се понуди да седи,
    На лекар мислам дека јас ќе припаднев. Завчера имаше исто јаки главоболки, дури со отоци на глава, пиеше Бруфен, поврати ама не ми каѓа дека и капки крв:worried:
    Др вика од надразнетост, денес целосни испитувања....
    Цела ноќ не спиев, мисли мисли.
    Секогаш децата ги ставаме на прво место, се молиме, а ретко кога помислуваме на нас, дека токму на нашите деца им требаат здрави родители.
    Негативна од сабајле, ама што да правам, погоре видовте дека и за мака немаме свој човек.

    Нејсе, ако денес не е многу ладно, ќе им правам Снешко. Гостинов спие до после пладне, па ќе ги изнесам малку.
    Јадење ќе правам по нивна желба, додека е он тука.
    Ах, денес официјално почнувам со диета, вежбање, цвесто и одлучно до крај.
    Одам да затоплам соба,ве поздравувам!
     
    На Chantal, TarantulaA, Lolipop23 и 27 други им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Рано станавме денес.
    Мали испи сирупот, му земаа крв и еве го пак завлече.
    Надвор истура, дадов да ни исперат алишта, требс и лекови од дома да ми пратат..
    Многу ја сакам зимата а од неа годинава само отежнати околности. Ми е жал лугето што ги мачам ама морам, се собираат многу денови, иако носам три торби, често го пресоблекувам.
    Белки ке има топла вода денеска.
    Ке прашам докторка до после, до тераса да го озвадам на две минути да се израдува.
    Ми најавија топли мантии и баклава. Најбитно од се е оти е пријател што го немам видено десетина години.
    На еднс минута можсм на нсдворешна врата, од овде проблем не прават, башибузлук, но јас се придржувам на препораки од Турција.
    Влегување кај синко никако.

    Ајде на турско и убав ден на сите.
     
    На Milobebence, Chantal, TarantulaA и 34 други им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Нека минува побрзо @galapce , да си дојдете дома што поскоро. Рекоа ли докторите од што се жлездите потечени? Се надевам имате некакви вести :hug:
    @mariz и тебе многу те мислам драга :hug::hug::hug: Се надевам конечно ќе добиете завршеток и разрешница на проблемот во странство. Пуштам среќа колку треба, само малиот да е добар (fingers):l:
    @muchacha_a среќен роденден, и ти млада мајка си била, што убавко :inlove:

    Дојдов само да покукам. И купив кондурчиња за проодување на малата, со лепенки, со триста чуда, да не може да ги соблече. Инаку, општо познато е за мојава дека кондура и чорапа не стои на нога ни 2 мин, се тоа по брза постапка се вади и се џвака/фрла. Епа јас вчера жива среќна со кондурчињава, ја гледам ги носи и прави по некој чекор со нив, си викам успеав. Аха, важи. Свеки ми се јавува сега и ми вика ќерка ти си ги соблекла (и двете :o), на едната влошката од внатре ја извадила и ја ишмукала цела, жива вода ја направила, и капак, ја скинала на пола :o
    Како ќе носи кондури кога ќе прооди ова мое дете еве не знам :sweat:

    Друго немам што да кажам, се по старо. Со снегов едвај исчистив кола сабајле, смрзнав. Додека не одев на работа до Божиќ, не можеше тогаш да врне снег? Не, сега најде, кога секси на работа тргна |( Марфи.

    Ајде убав ден на сите, извадете деца да подишат чист воздух и да се порадуваат на снегот :)
     
    На Chantal, TarantulaA, Lolipop23 и 28 други им се допаѓа ова.