Ја чекам да стане да ја шетам. Се чуди надвор какво е. Душиче. И мојава почна да соблака чорапи и да ги џвака. Одма на тебе ми текна кога ја видов. И оние со ногавички ги тегне. Хаос. Комедии се.
Девојчево неодоливо ме потсетува на малата на @mari, значи ангел е. http://www.femina.mk/новости/занимл..._OWcFF6WeR6DGn1KlU6oIgO2CBXzLynXSdbfo05x6-flc Јас на кратко само, за пол саат си одам дома, уште денес и утре, после ќе си седам до крај на работно време. Не знам искрено како ќе биде ова со чување на детево се некако се искомплицира. Под страшен стрес сум. Затоа и не сум за пишување за да не направам мал џумбус со мислења и овде.
И тие со ногавички, и се живо веќе @TeddyGrey Сега се научила и долни тренерчиња/панталони, што и да е, си ги тегне горе кај бутовите и ги засукува нагоре до колена, да и се голи потколениците. И така седи и се смее Само гола да е, што дете ќе беше
Добар ден мајки. И кај нас снег. Премногу снег. Облеков бебуш и ја изнесов надвор. Гледа нагоре од каде паѓа снегот и се чуди, само трепка со очињата Десетина минути колку да вдише чист воздух, ја внесов дома и се комира на цице за секундa Се измори детето Свекор ми запна да ја сликам во снегот, абе ладно е викам а и ќе ја исплашам.. Ставил пешкир еден и ја легна, јас шкрап шкрап две слики за една секунда као демер атер да напраам, ма се попишманив. Земав бебе и дома. Ќе се глупирам со дете во снег, како не. Башка и скафандер нема, не ми треба нова настинка. За мажи цепачи, и мојов го пријавувам. Во буквална смисла на зборот, една секунда му е потреба за да почне да хрчи. Па и бебе се буди на тој звук, и одма нервозна јас. Минатата вечер заспав бебе со последни сили во 1 по полноќ( се закашла во сон и во 11 стана, па немаше шанса да презаспие пак), и он ја запали моторката. Во 2;30 заспав! Го исклоцав убаво да се свести и да не хрчи па прекина Таман сум завлекла и бебе пушти сирената во 3ч. Ауу не знаев кај се наоѓам Маки мајчински Ме чека преполна машина со алишта за спружање .. Ама малата ми спие во раце, па ќе почекаат.. И кујната сакам да ја исчистам.. ма се ми е за чистење уствари. Ако успеам да се организирам некако дури бебе глеа цртани оптегната во дубак може, во спротивно ќе си почекаат уште некој ден Нит кафе не сум пОена, немам време ич за себе. Останете добри и имајте убав ден.
Која радост вчера у снегот. Дете прв пат гледа снег, ние неспремни, ни санка иаме, ни шушкавци скока рипа исчука тоа мрсулите. Вечер пак ќе одиме на снег. Ладно надвор одвај до работа. Вчера успивам дете и за 3 секунди сум заспала со хрчење . Маж ме буди 2 пати јас слушам дека хрчам ама ко отепана заспивав. Сабајле станав маж веќе запалил печка ужива, пие кафе. Викам шо така рано вика од тебе од хрчење не се спие па станав да средам. Гледам усисано аууу срам ме фана.
@wannaBeMomma свеки е муабетџика тешка, 24/7 е на моб. Детето си игра пред неа, не е сама оставена, ама кој ја глеа е друго прашање Рече за роденден она ќе и купела
Добар ден кј нас уште паѓат снег. Прекраснотија. Неможам да му се изнапулам на снегов. Ко нетокму само низ прозор се пулам. Беба спава на моје рамену. Да зацврстит сон и да ја ставам во креветче, да подзсчистам. Па после опет со санката една вожња, да уживаме малце на воздух. Ручек имам од вчера само ќе успржам некое колбавче, зш мм со 2 желудници е. Елкава ја глеам и ми се темнит ко ќе ми текнит дек требит да се спастират Тоа е тоа. Имајте убав остаток од денот.
Здраво мајки Многу сум напната ко ќе сум на тендер, цела се препотувам, се тресам ко кој знајт шо да е. Да се чудиш колку злобни луѓе има, се ќе сторат за да ти ја намалат цената. Знам дека то е дел од работата нема шо да се чудам. Ама и јас инает пак ако не победам се нервирам уште толку. Снег имаме колку да сакаш, преку 30 цм и уште паѓа. Е ама јас ич не го сакам. Убо си е се, бело, чисто, ама дома да сум. Сношти излеговме со малото и внуците, тие пресреќни, јас се нервирав шо ми прска в лице. Ова моево се чудеше шо се дешава. Едвај го натеравме малку да се полизга на санката, изгледа ко мене е шо не сака снег. Маж пак тотална спротивност, него да го закопаш во снегот не му смета. Остана 2 сати долу со поголемите, јас и золва ми си се качивме на топол салеп да се исушиме. Колку и да е убо, не сакам снег, уште помалку последиците од него. Вечер кај мајка на роденден, сакала да прави вечера не знам шо таму. Ај и викам да не прајш ништо, доволно е една торта. Нека одмори и таа еднаш, стално трча горе-долу. Секако на кратко ќе поминиме, толку ни е времето денес. Имаме еден разговор вечер па се надеваме на позитивен одговор до крај на месецов. Ќе видиме, само здравје. Среќен роденден на @muchacha_a Да одам јас да поработам малку, заврши ова. И победив. Поздрав женски
И јас сум една од тие што го сакат снегот,ама кога ќе почне да се топи и секаде ќе биде шлакутници е тогаш го мразам и ич не ми се излегува од дома. Најубави ми се зимските пејсажи,убо ми е да го гледам кај што паѓаат големи снегулки,да одам по него и да слушам кај што крчка.Така сношти додека одев до малскиот маркет паѓаше снег,убајни.Се потсетив кога со мм бевме дечко и девојка.Гушнати си одевме по снегот и слушавме музика на слушалки.Се гајѓавме со снежни топки.Убави времиња беа... За дете што да пишам состојбата е иста со мрсули зелени до колена.Денеска излеговме малку и ние надвор да се повозиме со санката.Се радуваше дека се возеше ама му беше страв да не падне.И снег не сакаше да фати,мм го заплашува со него.Му вели ако не си мирен ќе те стркалам на снег.И сега си има сфатено дека е нешто страшно. Не направивме ни фотки телф дома сум го заборавила,ај утре ако потрае снегов. Исто и ние така ја откажавме цуцлата.Некаде пред да наполни година и пол,дете многу се разболи.Беше затнат и не ја сакаше.Јас упорно му ја ставав,ми беше страв да не неможам да го призаспивам ноќе.Но си реков некој маки мачат да откажат а ти упорно му даваш.Еве го скоро една година не ни побарал. Се додека пред некој ден со мм не буцкаа во една купија и дете ја нашол. Се израдувал кога ја видел и ја ставил одма во уста.Си ја цуцаше не ми ја даваше и кога заспа ја фрлив.Оттогаш му нема текнато да побара. @muchacha_a среќен роденден
Снежен ден мајки (епа нема емотикон со снегулки, па ете облаче со капки ) Стандарт бебе спие, а јас кулирам и се нервирам (ама за нервозата нема да зборам, само ќе кажам аман ). Вчера санкав бебе на -3, па што да не и денес кога е 0 степени Вчера се поднамокривме од снегот, ама денес утоп се сторивме, паѓа ли паѓа.. И заклучив дека на бебе му треба капа со тремче, мокро му стана лиценцето, ама на трепките му се закачуваа снегулки, многу беше сладок. Снегулко мој Воздухот чист, сјаен, па уште не сме влегле дома бебе ме тегне да го успивам Вчера ме зезаше за ноќното спиење, па со ниет сум вечер пред спиење првин една тура санкање да има Поклонот од тете баш ни се најде, мислам пофенси санка у маало никој нема Завчера бевме у провод со мм Жити проводот де, у игротека, ама ај сами бевме И да некои прашуваа дали работат игротеките и некој дали иде, епа на бдејов беа некои 20+ дечиња Бебе од повеќе ,,среќи,, не го однесов. Вируси, сипаници и капак таму беше смрзнувачка! Па уште кога приметив дека ниту едно од дечињата немаше топлинки, сите беа по чорапи на оние гумиранине подлоги, па и фино лепо идеа кај масичката која беше на плочки, додатно ми стана студ Седевме точно еден час, ама поштено измрзнавме, повеќе од 15степени немаше сигурно Најдовме и најкул тротинет, детенцето се подмоча од среќа Кога возиш му светат тркалата, од зади испушта пареа со светла, тој цел џиџан, абе ептен мерак ми се стори, па и балони му закачив, пуштивме светлата и така влеговме Па уште кога мајката искоментира дека пред некој ден некое комшиче за Нова добило тротинет и го возикало низ маало, а он прашал оти он нема такво, се стопив, вистински подарок во право време Ама поштено измрзнав Му купивме и нови колички на бебе, па кога си дојдовме дома му ги дадовме, првин едната, па дргата, аииии радости, радости и он почна да се радува на играчки Па ги превртува низ раце, ги изнавозе низ цела соба и на крај со едната заспа гушкајќи ја Вчера прибирав дел од пакетчињата во вагонетката и што да ви кажам, сега пука од блажина Ама јок не стравуваме ние за линија, ние и онака за благо сме како тафтабити Бебе добил 12 паковки со по 4 чоколатца животинско, а он жимити едно чоколадо јаде една недела. Па кога прерачунав заклучив дека до догодина ова време не опремисле со благо за бебе 100пати сум кажала дека бебе јаде само Хип, Холе, ДМ каши, ама што дека, пак донеле Фрутек, Лино и едни НО нејм Па уште толку пати сум кажала дека сок не давам и пак упорно носат. Сум можела во водичката да ставам по малку, така поубаво ќе пиел вода или ако де чувај ги некогаш ќе дадеш Јас ги решив веќе, си ги испив Мене елка не ми смета, ниту имам намера наскоро да ја вадам, мислам цел јануари да си ја гледаме Бебе не ја регистрира, а мене ми е убаво ми краси, ми светка, па нека стои. План е оваа година да ги пикнам сите лампиони во една голема кутија, може по ќеси само да сортирам, веќе и ги фрлив засебните, па не ми изгледа тешко. Иако ќе има куп светки, ама ипак ќе се збира пред смукање И куќава пак е за чистење ,,Чудно,, алишта нема за средување Тоа, ме домрзе да пишам повеќе, а и доста е, да не замарам и секогаш нели Плус и гладна сум, едвај доручкував, па сега прегладнета колку и ќе јадам за ручек, кој патем не ни е готов Убав снежен ден
Ми се тресе телово за спиење. Пиев кафе ама само полошо направив. Кога е телото изнемоштено џабе е се. Дали дека ја бањав навечер завчера, дали избиваат петки, дали ќе ја фаќа нешто....дали, дали, дали... Страв ми е дадам од тие хомеопатските. Дадов само едно вчера. Ама веќе е алармантно. Може ќе дадам повеќе мислам 8 беше максимум. И секогаш знајте дека за се што ќе кажам може значи дека нема да го направам. Па дури и на лекар не бев, утре не можам, а до понеделник може и ќе оздравам. Имав термин за работа. Работно време од 6 до 16. Преку два града ми е со бус ќе треба во 5 да излегувам од дома, во 5 да се враќам. Да имам возачка и кола подобро ќе беше. И тоа не е се има и други причини. Нема да прифатам, за среќа или за жал, нема ни да дознаам. Во базен знаете како се скока? Епа така скокна на паркет. Директно на нос. Се размачка со крв, гледам и мозоков не може да прими информација од кај тече. Од горната усна. Само носот да не е скршен. Исто вака рипна во воздух пред некое време ама директ на глава. Си реков сега нема да може да цица, ќе ја боли само ќе се одбие. Ама јок цицаше без проблем. Сега спие, не можев да ја рассонам, вечер односно ноќеска пак исто. А ми се спие, и на мм му се спие... и друго ни се прави. Едно ладно надвор па и се стемнува рано кај да шета човек во темно. Бетер депресија ќе го фати хаха. Да стане и ќе одиме по кока кола. Или ќе издржам до ниедно време вечер или ќе паднам. Ќе ризикувам. Уште малку го будам демек да има еден циклус сон 45 минути да е помирно. Мм ноќеска в дневна спиеше. Многу сум хрчела. Кога ќе сум оздравела ќе се врател спална. Па убаво спиел тој ќе е поодморен за вечер. Често плачеше малата па ја исто ко да не сум спиела. Би требало да се петките.
Прекрстете прсти дете заспа у 9ипол. Вчера заспа у 8, стана у 10 кукурек, до 2 пак ораше. Денес татко му нека јаде надвор или ич нека не си иде, не ме интересира, ако го разбуди тешко него. Ме нервира, му се најде ситуацијава, мерак, излези од дома во 12, дојди си во 12, никакви обврски. Уште утре, од понеделник белки ќе се вратиме на старо. А и како би се вратиле не знам, една недела мајка овде, ама поише тешко. Мене денес ми пререкоа на работа, изгледа настана проблем, ќе ми одбијат за цела недела сега исто како да не сум идела ич. Само да не ми го прекинат договорот, што ќе правам не знам. Ми се урла. Нека зимаат боледување другиве, да прогураме, оти тешко нас. Барам понуди за градинка, се е над 200е, многу е бре, кај да ги најдам. Жена да најдам да ја плаќам до 10 000 за 6ч работно време, и тоа не знам дали ќе најдам. Имам разбирање за градинките, ама ова не е решение за долгорочно. Ќе биде ова тежок период. А си го сонив сонот, тој што мислев дека е убав, бил предупредување. Ах татко, дај ми сила како во сонот! Туку дај да исечам нокти дур спие цврсто оти и тоа не даваме веќе на будно, па да мавнам еден туш дур спие и да легнувам. Убава ноќ!
Прекрасен ден Нека потрае снегот Првпат баткото на снег Го облековме во новото комплетче,капа,шал ај некако,ракавици џитка одма... Му беше чудно ама и убаво Газеше кај што е најдлабоко,се чудеше што е тоа, ќе го фатеше со рачињата па го тресеше Душа На враќање, бидна првото шишање Не оти има многу коса,туку некои прамени му пораснаа доста и му немаше форма косичето, е сегами е многу смешен со фризура Ах дури го шишаше,крокодилски солзи, ни цртани ни ништо не го интересира , плаче ,рика,солзи ,тууу срам да те фати Ај бидна тоа, па кога му се сврте на фризерот да го кара на негов јазик Ние излегуваме,овој не престанува,уште му се врти накај него и право во очи го гледа и кара ли кара Е,прво тргнавме по санка. Во две продавници продадени денес се отишло Утре ќеодиме во локо кроко,таму имало... Сои дојдовме дома леле кога. се вцрвени во лицето ,жар За саат време му помина. Нашите пакетчиња уште стојат. Кога ќе тргнеме на зимување ќе индадам клуч на мајка и задача. да раскрене елка и пакетчиња Моите се придржувале стрикно што јаде дете тоа ставиле, а другиве ма јок. Што се нашло тоа ... Ќе јадат мама и тато Јас едвај допишав. Ми се спие премногу,добра ви ноќ
Добра вечер.. Ми се спие и на мене.. Глава ми фучи.. Испив еден парацетамол да пишам и ќе одам да спијам.. Таблиците излегоа денес, само нашите и толку. Се друго е препратено да се одјави доле низ државите наши на балканот па да се донесе во спротивно не сакаат да се замараат. Нашава не е среќа туку сме имале човек што најдовме да би донесе среќа во несреќа, човек кај и да оди со колку и маки да трга со себе си ќе се најде некоја добра душа и ќе ти пружи рака. До сега беше овде, разговаравме за се. Ми рече дека ми стои на располагање за било што и дека знае и може да претпостави како ни е. Му купив бомбоњерче и вино исто и на жената купив да дадам утре кога ќе одам да земам таблите. Треба сами да си ги закачиме и можеме да воземе од утре оти осигирувањето од сега почнува од 00 00часот . Хаос направија, странците хаос и правеле, им рекол јавете се и кажете и дека си странци и дека се срање. Ама не.. ќе не казнат ќе не пријават Ааа така ли? Ако они не можат да се бранат јас ќе ги бранам оти им одете против закон и ќе ве тужиме Добро добро ќе ја рагистрираме ај... Ама ти адвокат си?! Не, јас сум човек у буквална смисла на збор Каква милина ме огреа.. И таа жената е предобра.. Во 4 ипол скокав од среќа, за маж ми најмногу сум скокала. Добра ноќ и убавини @galapce
Ма супер ми е мене вака у 5ипол. Бебуш се разбуди во 4ипол, ај го надоив викам ќе заспие одма. Мхм. Се смее, си гуга, па почна да плаче па све јаче и јаче. Ајде и млеко му дадов, не бре брате. Па песни, па нишања, па шо се не и фала богу сеа заспа. А ја се расонив. А мм се нечка, фучи со нос, ама не збори нишо, божем детево знае колку е саат. А ти мамо ќути си, ти треба да си навикната на ова јер си мајка. и автоматски не смееш да се жалиш и не треба да си уморна зошто не работиш. И да работеше пак немаше да смееш да се жалиш зошто си мајка. И така си се распишував, 6 ќе ме фати, бебе пак може ќе стане дур си легнам Ај добро утро!
Добро утро мајки. Ние по дома се топлиме. Чекаме да куцне 11 и да излеземе надвор да се санкаме и играме на снег Нема ништо послатко од среќата на син ми кога ќе го слушнам како се смее радосно на снегот. И он како мене ужива.Вчера дури 2 пати излеговме на снегот.И денес е таков планот.Воздухов лепота . Имаме мал проблем ракавици не сака да носи , ама гледам кај сите дечиња е така . Кога се вративме дома седеше на санката ,сабајле исто Смешки е . @eli25 Во Бисер,во продавницата за играчки Лион Кинг (така мислам се вика)има санки. Јас вчера купив.Класична убава голема санка. Елката ја откитив по брза постапка во вторникот. Ова е најрано откитување на елка. Но веќе не личеше на ништо.Дупки на сите страни.Неколку лампиони на една гранка.Дете вади лампиони фрла,крши. Од старт се помирив дека ќе биде така Затоа заедно откитувавме му го дадов тоа задоволство да растура Иначе не сака кога е се средено и наместено.Кога количките и сите играчки му се наместени под ред. Одма фрла, растура.Детето си сака хаос Мајкава Околу спиењето јас сум поголема спанка. Маж ми е човек кој може и со 2 саата спиење да истера ден.Ретко да заспие додека успива дете ,ама се случило Не се лутам , тогаш уживам во тишина и мир. Сега да исцедам сок , да се освежиме. Па да редиме коли и да брмчиме . Убав ден мајки
Добро утро.. На исто место на иста фрекфенција, малку поарни и во исчекување на еден резултат денеска. На работа ми настана хаос, во рок од еден месец ми се откажаа многу персонал. Бар тсму да сум ке е подруго, вака од овде организирам крпиме некако но како врзана сум и се чувствувам да губам воздух понекогаш. Не знам по др градови како е ама кај нас нема луѓе за работа во скоро секој сектор дефицит. Само државни службеници во изобилство, ем ништо не работат ем најнезадоволни. Друго немам што да напишам,мсли спие ке го будам за сирупче. Убав ден мајки..
Dobar den, Da mozam da go prespijam snegot najsrekna ke bev. Ic ne sakam sneg,ic. Ama za decava radostii. Vcera se sankaat li sankaat. Pustoto edna sanka, a oni dvajca, a nikoj ne saka pozadi da sedi. Maloto e kne, sednalo maloto napred, fatilo volanot na sankata i rze na sekoj obid da go stanes. @emkaemka da ne bevte vo igrotekata vo gorce do poliklinikata. Bevme tamu i so mm posteno izmrznavme. Sreka deca ne ponesovme.