Охх мила @galapce, притисокот околу реновирањето и селењето е неминовен, инвеститорот кажува кога ќе почне со доградба и не можеме да останеме тука. Делот каде што ни е кујната ќе го срушат, плус мора да бутнеме ѕидови за да не живееме во карабина и во темница. Ќе почне доградбата баш кога ми завршува породилното, затоа уште сега ќе почнеме етапно да се селиме за да нема многу нервози. Без мебелот. Го чекавме ова 5 години и ќе беше многу полесно да се средеше кога бевме со едно дете, но не бираме ние. Ќе биде напорно и зезнато, знам. Но поголемиот стан на свекор ми верувам ќе ми олесни. Големата ќе има своја соба па дневната соба веќе нема да биде игротека. Чистачка обавезно ќе земам за неделно чистење. Садови нема да мијам, ќе пикам све во машина, нештото што ми фалеше во овој стан а садови со мали деца се собираат до плафон! Подобро финансиски ќе се стиснеме (и така тоа нѐ чека) отколку ментално да попуштиме. Мора да се средам со депресијава. Запишав и пилатес-аеробик да исфрлам отровна енергија. Ништо не помага како што помага физичка активност Малово цицалче еден оброк ќе му пребацам адаптирано млеко наместо мајчино...мора малку и тука жртва, за жал. Се надевам ќе го прифати. Ќе стискаме заби додека да помине периодов, а до тогаш нека не служи само добро здравје и здрав разум
Здраво. Дете подобро нема повратено 40 часа,сеуште го држам на диета. Почнува да си биде активен како предходно,да беснее по дома,да се качува секаде...да си ги прави неговите луди идеи. Неможев да го гледам како лежи омалаксан или ако станеше одеше како пијан.Немаше енергија.Татко му кога ќе си дојдеше од работа се обесуваше за него не го оставаше да се издиши. Сега нека беснее,што сака нека прави само здрав да ми биде. Се ближи денот за крштевка и венчавка...Незнам зошто на сите му велам крштевка ќе правиме а не двете.Така ми иди. Сите ми велат морало венчаница да облечам и морало венче или цветче во косата.Најважно било бидермаерот,морало невестата да носи.Да не треба и да го фрлам.Ау, жени нервози колку сакаш.Да правевме свадба ќе ги имаше уште повеќе вака требало онака. Но јас му кажав дека не сакам такви работи,дека јас сум скромна, ќе си купам некое фустанче да можам да го изнесам. Е тоа кога ќе излезам е прашање голема а деновите се намалуваат. Ако го оставам дома можи секој момент да ми се јават,да го влечкам со мене нема шанси ладно е. Мм вели дека деновиве ќе излезе порано за да го чува дете,а јас да излезам да купам. Тој сега си дојде се истушира и пак замина на работа,ако можел мегу време да појди па купи костум.Не сакаше и тој костум но го кандисав некако ќе му се најде. Мм сака и јас да одам ама никако не е изводливо. Освен стариве треба дете да го носат дете на гости па ние да излеземе заедно но не сакам заради епидемијата. Да станам дете да префрлам во креветче и да одам на пуш-пауза.
Значи што све жена поднесува на свој грб. Алал да ни е. Секоја од нас се справува со нешто и сите го правиме тоа одлично. Посакувам здравје, мир, слога, разбирање за сите... А моево бебе се пренаспа... Цели 20 минути и ова остана недоречено мислење.
Баш така. Мојот стално ми вика дека ако почне да готви и чисти ќе било дури и подобро од моето работење. Па викам што чекаш? Па не си побарала такво нешто ми вели. Па и ти не бараш од мене да си испран,пеглан, да спиеш на чисто, да седиш на чисто.. Ама си. Оти он мисли дека јас можам се сама. Сме збореле.. не дека ќутам, јас зборам и се расправам за се што не ми чини, но според него не е така, туку преувеличувам. Он “работи” знаете, а јас “ така седам по цел дома”, па јас имам повеќе сила и за дете и за се низ дома, он кога ќе дојде треба да се одмори. Сум нервозна особа, со самотијава уште толку, се ми смета и ме нервира, сакам да добијам веќе еднаш и да ми се средат хормоните. Може и не е толку крив, може и јас преувеличувам, не знам. Да не испадне дека го правдам сега, ми треба долг туш и добро размислување за случувањата. Без нервоза, да се средат работите. Бунтовник сум невиден, ни бебе не ме смени
@Chanell* немав до толку вакви проблеми со мм, ама еднаш се закачивме за кој колку работи дури бев на породилно и престанав да му перам алишта, правев јадење само за мене, дома бомба, а јас си ќутам. И така му стана јасно кој колку и што работи Да ве поздравам сите, јас читам шпионски
Ма исти се сите..Се прават дека само они работат,само нивната работа се цени,а остај го дома сам еден ден ќе се шекне А не дај боже да настинат малце,бетер од мали деца-лежење,терапии 10 вида апчиња,масти..а ние нели херои - еден чај,парацетамол и терај даље..никој нема да те разбере- вундер вомен
Мм во саботата ги чуваше пола ден, не му е прв пат ама обично ги носи негде, ги шета ги анимира, ама овој пат не сакала малава да мрдне од дома. Се враќам од работа и ми вика, ова фул тајм работа било бе не е лесно, малку и плаќаме на женава да знаеш . Гуд морнинг му реков, што друго да му кажам И јас овде шпионски чат пат. Користам малку сама дома па прелетувам по некои теми што не сум ги посетила одамна. Арни фала богу, деца збеснати до максимум, зимава е досадна, малово па некако ич не сака да излага, мислам дека и смета облакање тунтање, она си е летно дете, блузиче пантолони и патики сака, мрази јакни капи и шалови. Му се испорадува малку на снегот ама пак секој ден прашува на плажа кога ќе одиме. Поздрав девојчиња, се надевам сите арни, ве читам чат пат колку можам
Они не се ни свесни колку работа завршуваме за еден ден.Ни пола од тоа не можат.Одма ќе почнат да дуваат да туфкаатИма и исклучоци ама се ретки. А први се да коментираат како свекрви некои
А мене сега се труди да ми "подметне" едно од децата кога излегувам Ама нече мочи ове ночи. Јас сум постојано сама со двете и тоа малку време што го имам, сакам сама да прошетам. Само поглед и сфаќа дека згрешил и што спомнал воопшто
Добра вечер женски Јас возбудена сум исто како да сум добила на лото и утре треба милионче да ми дадат Утре ќе ја снимаме ногата и би требало и гипсот да го извадат Нема да можам да заспијам вечерва од возбуда Могли веќе на работ да полуди Тегне,турка Чак и со заби проба да го извади Се молам се да е добро и коската да е зарасната Мали стандард,лепешка... Освен што ќе поигра 15 тина мин на омилените песнички друго ништо не го интересира Мама,мама,мама,ден и ноќ само мама Колата направена фала му на Бога па едно гајле помалку Јас се настинав,кашлам,буфтам,шлајм ови Ме фати и жолчката и веќе 3 ден како живеам на чаеви Неможам ништо во уста да ставам А се нешто ми се јаде...имам приметено кога претерувам со благо подолг период тогаш почнуваат болките Срам ми е да појдам на доктор веќе,мајке ми Ко некоја баба Друго исто,дојдов само да ви се пофалам дека утре сме на долгоочекуваната контрола и држете ни среќа Одам да се избањам дури не станало некое дете Добра ви ноќ
Во најава дете будно со саати ноќе. Заспа во 20:00 ама баш онака како што заспива кога се знае дека ќе е будно ноќта. Кога ќе заспие знам дали ќе е будно ноќта или не. Искуството си го прави своето. Во најава беше и ручекот за утре. Се спремив ама страв ми е да не заспијам па да се запалиме. Утрото е попаметно од вечерта. Постов мислев напишан ќе е до сега ама презаспивав дете. Мислев ќе се маскирам вечер и ќе се ама тешко дека ќе падне кекс. А веќе онаму кај 2-3 едвај ќе чекам перницата да ја гушнам. Не спијам на перница ама таков е зборот. Откако се породив баталив перница. Од безбедносни причини. Па се навикнав. Ние жените се можеме па затоа минимум еднаш годишно полудуваме. Втор пат презаспивам дете и после вие пишувајте по форумов дека жена можела исто да се средува како девојка. Ја не можам да мочам, а не да се средувам. Се нервирам со машината. Од дете исправ се ама наше не. Не знам дали пишав дека мн облека ни фали од последното носење во пералната. Не ми се веруваше ама вистина е. Дури и на малата бодиња. Што се нема на светов. Се чувствувам како да не соголуваат од секоја страна. Количката, облека, еден салотејп кога го лепевме доле презимето одма го снема... Добро е што работава ми е кога е мм дома. Инаку сигурно ќе добиев отказ до сега. Тагесмутер со дете не е идеално решение. Ама веќе пишав дека ништо не е идеално. Инаку стомачен вирус имало детето на жената. Еве не оди малава два дена ама во петокот заедно беа. А веројатно во петокот веќе заразено било детето. Не ги знам овие математики. Само знам дека според примеров му доаѓа дека не треба ни во градинка да оди бидејќи секогаш некој е болен. Ако не во градинка колега на родителот од работа. Во маркет. Било каде. По оваа логика треба да ги чуваме децата затворени дома. Не ми е јасно. Така ми текна кога дојде мајка ми од болница со помалиот брат. Ја имав 5-6 години. Само што слегоа од кола и цело мало се собра и сите го земаа во раце. И стари и млади. Како да не се пазело до олку порано, не знам. Ја со сипаници бев на поседок кај што имаше три мали деца и плус други што доаѓаа од фамилијата. Бев 4-5то одд ама не знам какви сипаници, знам овчи, ама не им го знам модерното име. Многу ми е убаво тука. Ми фали нормален стан и многу други работи ама постепено. Некогаш се жалам самата себеси без машина, машина за садови, џогер, жена за чистење... Кога ќе имам се што ли ќе правам? Ќе бидам многу поодморена. Следно ќе купуваме фрижидер и телевизор. Оваа ми е 6-7ма година без телевизор мислам, може сум потупа од тие со. Ама има народ нема леб да јаде, така да ништо не е ако се нема телевизор. И онака претежно црна хроника има. Навистина е жално, посебно кога некој нема за да ги нахрани децата. Велат храната што ја фрламе е онаа која му недостига на некој. Дека во светот за сите се има ама не е рамномерно распределено. На пример некој оди во една блуза, а некој има илјада блузи. Горе долу се ми е јасно во животов освен вирусите. Зошто нема вакцина што ќе штити од се? На сите ни е преку глава од повраќање, тт, омалаксаност... По втор пат презаспивам дете. Така пробувам да се разбуди барем па покасно да заспие пак ама јок сака да го презаспијам. Цело време го презаспивам. Не ми е јасно зошто не е будно колку што мисли па нека спие колку што му се спие. Чекаме едно писмо се надевам убаво ќе е. Ја имам првата платна листа, се гордеам со себе. Во исчекување на втора целосна плата. Посакував со вистинската љубов од нула да почнеме, дома и во тетратка имам напишано дури, во тинејџерските години тоа. Многу се нервирав кога замислував маж ми кола да има, а да не сме ја заработиле заедно. Се чувствував неубаво. Ми се исполни се. Баш од нула. Со шишињата што ќе ги враќаме ќе купиме тава или тенџере. Цигла по цигла. Убаво ми е. Во случај на развод за секој по една цигла по глава. Денес сум на кифли и кроасани. Ми се пријаде сега. Каде е Емка со чајната? Секоја вечер ми се јаде чајна. Јадењето не е како кај нас ама ќе се навикнеме. Мислам дека сум доста ослабена, ќе се измерам во аптеката до нас видов вага. Доста е, а можам уште да пишувам. Добра ноќ ми се јаде
Добро утро.. Се прибрав од работа, се дезинфицирав, пофатив нешто по дома, дадов сируп на малиот, со сет страв да не не продолжи со спиење. Едниот сируп му е одвратен, но нели децата се посилни и од нас. Неможам да се оправам на работа, куп работи за средување што заостанало а и ново надоаѓа. Малиот го гледам многу малку, како издржува и мајка ми и јас не знам. Секоја ноќ си велам да имам од утре повеќе трпение со неа, и пск неможам да издржам утре дента, реагирам мн бурно. Некој страв ме обзема на моменти, како да нешто ке се случи.. Нешто слабо сите ве има. Мари стискаме палци за гипсот.
Добро утро мајки Во бус сум за накај работа. Кога беше понеделник а сега среда. Времето не да ми лета туку литнува ептен брзо... Деца одат во градинка од пон. Ги носи татко им јас спремам алишта одвечерта и ранците се што треба. Им правам аларм и така. Сега сме во фаза кога големиот се смирува а малото се тепа и апе и плаче за глупости. Ама го оставам 5 мин и престанува. Ама мн збори по цели реченици кажува и мн е интересен и смешен па го гушкам стискам па се смееме играме пееме... Со мм е се ок може да се каже дека со мене е се ок откако тргнав на работа. Не викам и не се дерам веќе како порано. А и маж ми чисти по дома прави јадења И немам забелешки. Па му текнува на моменти сакам ќерка ми вика а јас викам нема шанси. Немам сила живци ни трпение за ново бебе. Не раѓам други деца. Сега ми е најдобро до сега. Работа дома деца 2 доста се. Кога се затепаат па се турнат на земја па едно врз друго се борат оди раздели ги.. Ново нема ништо. Ви посакувам убав ден....
Добро утро мајки Да частам, денес ми е роденден Деновиве ве читам, ама се некако на рати и од нога. Ќе го прелистам форумов, ако шкртнам неколку реченици некаде, ама се кнап со време на тенане да си пишам и тука. Важно бев на гинеколог, обврска помалку. Покрај папот си платив и за ултрашал на матка и на гради. На гради правам прв пат, ама си викам деца сум доела плус годините си минат, треба од време на време да почнам и вакви проверки.Малку псоериозно да си фатам со здравјево, а не се не иде ред за мене. Завршив и со промена на пломбите и третманите на парадонтоза. Мислам дека забиве никогаш не ми биле во волку добра состојба. Бидна и ушното, пак се врати слухот, уште и тироидата да си проверам наредната недела. За ремонтот да биде целосен ќе треба уште неколку лекари, ама арно и волку. Роденденскиот поклон(и) ги добив порано. Минатата недела тргнав по обетки, ама се најдов освен тоа. Ама мм ме изненади со една прекарсна огрлица во сет со обетки. Денеска шетање на дневен ред. ПРвен со мајка и бебушка, вечер со мм. Го прашав брат ми и внуците што да ставам во пакетчето што го спремем, па покрај најомиленото(пари), имаше и некоја желба плус, па да докупам. И мајка да ја дотерам, се она се си има, да не ме трошела. Знам и јас покусо нема да останам. Вчера имавме ориз за ручек, му реков на мм да дојадува а јас со мајка ќе одам некаде на ручек. Вечер мексиканско ми е на дневен ред. Имам желба за начос, коктели и некој тапас Во однос напомошта од мм. Големиот дел од обврските низ куќа и деца е на мој грб, што е и разбирливо бидејќи он работи, плус приватното е, со и те како продолжено работно време, но гревота е да се пожалам дека не добивам помош. Заминувал на работа во 04 за нешто да одработи и да може да се врати на време да однесе деца во градинка. Колку и да бил на оддалечено бауштеле секогаш се трудел да се врати на време за зааедно деца да спремаме за во кревет. Малкуто слободно време ама баш секогаш го користи за нас, со мене или зааедно со децата да го помине. Кога гледа дека сум на крај со силите или дека едноставно се гушам во четири ѕида шеткаме(не дека е лесно со сите три, ама ќе смени човек)...да не редам. Најважно ми е најголема поддршка. Никогаш не заборавал да каже и покаже дека сум прекрасна жена и сопруга . Кога сум имала тежок ден тука е да ме гушне и бакне. А после три породилни едно по друго и продолжено седење дома едноставно некогаш се добива чуство дека само се вртам во оној магичен круг на домаќинка и мајка, заборавајќи на другото. Он е тука во таквите моменти да ме потсети дека сум многу повеќе од тоа. А не ми треба многу. Убав збор, прегратка, да спрема деца додека јас се потсредам малку пред огледало и да испаднеме на воздух. Одма е друго, ќе се наполнат батериите. Со сите обврски и термини кои ги имаме да не бевме волку уходани мислам дека одамна ќе попуштевме со здравјето. Да ставам кафе па да почнеме со спремање. Убав ден мајки
Добро утро мајки! @danichap Среќен роденден,само убавини. Одамна не сум ве читала, сега пролистав набрзина,горе долу на сите ни е исто. Деца мали, домашни работи кој на работа оди, време за себе ич. Кај нас иста песна, утрово спијат, додуша бебе преспива, цела ноќ нешто се нњрвира дали топло и беше, мене ми студеше па ја припокрив, дали друго ја мачеше кој да знае. Два дена по ред имаше плачки, веројатно грчеви, па кај таа ајде и мали плаче како бебе.Љубомори многу но се контролира, вчера вели дај ми го бебето да го држам. Па му ја ставив во скут,се прерадува дете. Толку мало а толку големо се прави. Тешко ми е за него,што многу од вниманието му се скрати, но ајде ќе помине. Па и многу галење не е убаво,нели. Овој јануар веќе ми.здосади.Камен ладно, снег има многу, дома пикнати. Едвај чекам топло и суво време. Големиов веќе не знае што со себе, многу им е три недели распуст. Прочита и лектира, излегува до кај другарчето ама сепак им е досадно, врти сучи на таблет. Незнам веќе како да ги тргнеме децата од тоа. Му купив еден куп друштвени игри,поиграј поиграј пак технологијата. Тоа е мајки, се осеќам како на преживување да сум дома со триве деца,ама ќе помине ајде. Убав ден
Добро утро мајки. Овие денови каква мрза ме има фатено не ми се станува од кревет, ама мора да се стане. Децата на училиште вградинка а јас го тегнам кафето и дремам на телефон.Моите деца многу ретко покануваат деца да дојдат дома да си поиграат затоа што нон стоп имаме некои обврски и не можиме да погодиме слободно време.Ама има едно дете што учи со мојот најголем син и нон стоп му велел на моето дете јас многу сакам да дојдам лај тебе на гости прашај ја мајкати и така секој ден. Па вчера ми се јави мајката и закажавме утре да ни дојде на гости.Го прашувам син ми зошто сака да дојде другарчево толку дома , син ми ми вика мама ти секогаш ни правиш убави јадења и тој затоа сака да дојде . И многу се радуваме дека ќе си имаме гостинче.Имам забележано овде децата сакаат најчесто да одат на гости кај другарчина ама да викнат другарче дома некако не сакаат. Сега има многу попусти па секој слободен момент шетаме за да си најдеме нешто.Јас моментално незнам што сакам дали да се пријавам за работа во училиште или да си најдам некоја работа во фабрика.Многу ми е страв овде да работам во училиште многу се различни децата многу се различни родителите. Проблемот е во мене многу сум емотивна плачка и некои работи ги решавам со срце. Овде така не може. Мислам дека би се уништила психички.Кај моето второ дете во неговото одделение на едно дете му почина мајката.Па се организиравме собиравме пари како мала пажња од одделението. Е сега јас кога одам да го земам син ми од на училиште секогаш кога ќе го видам детето ми навираат солзи на очите иама плачам.Децата викаат абе мама што ти е гајле ние не ги познаваме не ни се роднини зошто плачиш им велам жал ми е. Овде луѓето не го сваќаат тоа така. Општо многу ладни се луѓето - камења. Ништо не допира до нив. Многу голем мекуш сум и ми смета ама неможам да се сменам. Малку се распишав. Имајте убав ден мајки.
@danichap sreken rodenden, se najdobro vo 2019 @Mari* со среќа за гипсот. Јас на работа во гужва, ама тоа е навикната сум дека овој период е ака малку понапорно и стресно. и јас како и сите вие сум за во болница да ме остават детални прегледи и анализи да ми направат па да ме вратат дома. Во последно време забележувам мн често се случува нозе да ми се затресат, наеднаш вртоглавица мислиш готово се онесвестувам и се тоа додека малата ми е во раце, друго пред неколку дена ми заврши циклусот, а еве пак имам некои слаби менструални болки, па и розеникав секрет, се плашам да не ми е нешто некоја болештина, ајде барем забите почнав да ги средувам, кога ќе си ги направам сите, па кај што ми фали да ставам некој заб, па отстранување забен камен, па полирање ќе бидам со насмевка на филмска ѕвезда, малку се занесувам ама добро мора и тоа хахах, би требало да си ја исконтролирам хипофизата, диоптријата ауууу ептен сум за во болница, некако и јазикот ми е чуден ма и цела уста, ај доста е ова не личи на жена од 30тина, звучам како баба ццццц. Вчера имавме гости, уствари имав, другарки мои, лично и персонално мои од детството, си поседовме се посмеавме си заминаа, децата поиграа, малку пола куќа хаос ама убаво ми е, сакам да ми доаѓаат гости, не често ама сакам! На малата и купив нови темперни и блокчиња, старите ги потрошивме, така највеќе до сега седела на едно место, па за поручек тоа ми е план за анимација на дете, фино лепо ке си седнеме на под блокче боички тип топ ем она анимирана во вистинска смисла, ем нема трчање за без веза, ем ќе помине саат време, а тој саат седење за мене мн значи па и јас со неа ќе се релаксирам. Од што е настината и кашла мн, а не знае баш да исплука, вчера ми поврати шлајм, она малку и се уплаши ама барем нема да и стои на гради и да и ствара тегоба. За маж помагање низ дома, не е дека немам помош, ми помага ама знае и да ескивира но со оглед на тоа што работи многу знам да му прогледам низ прсти, иако некогаш и се лутам, и јас работам ама и дома не занемарувам ама јас сум жена а жените другачије се организираат, јас можам мултитаскинг тој не. Сите ми се запнати мн сум била ослабена, епа реално сум од напор, стани сабајле оди на работа, таму со секаков народ и се разбира некој треба да е крив а кој ако не јас, дојди си од работа нема одмор ни 5 минути јадам, она виси на мене со паролата мамо не јадиии ооууу не нееееее јади, па ај си играме, а куќа со 1 000 000 скали, нагоре надолу по незнам колку пати, па алишта за перење, па за пружање, па за пеглање, па садови, па куќа за чистење а голема е, мети, џогирај, завеси, прозори милион кои од секогаш сум ги мразела кога требало да се бришат ауууу хорор, од никогаш не сум имала желба за голема куќа ама тоа е тоа марфи е тука... па пропратно некои нервозички, па ајде нели треба и да се излезе, треба и дружба да има, а за себе средување најмалку време имам, не доволно сон, дека според девизата на мм треба денски додека е будна малата да играм со неа, а кога ќе заспие да работам и чистам, за да не ни порасне детето а ние само во работа да го поминеме времето, до некаде и во право е и тоа е, не дека дугите не го прават ова да не се лажеме но мојот организам е таков и слабеам и се трошам во секоја смисла. Ај доста го тупам, убав ден на сите.