@danichap среќен роденден , чекаме позитивен тест од карибите Оуу дани те збркав.Ова ме фати тресака оти сите се спремат за второА ти пиша како мт знае да ти покаже дека си убава и по 3 децаЈас грешка разврав изгледа Да ве поздравам Немам време и не сакам да имам време за телефонот.Повеќе со книгите се дружам и со реалните луѓе.Читкам по малку кој добие лајк е прочитан. Вчера ми стигна нова книга па ќе пишам и едвај чекам да си читкам. Малата беше многу тажна кога виде дека и ги нема нејните книги.Порачав и за неа .Ама стигнала во фелијалата на ДХЛ Ајде поздрав мајки
Здраво мајки , Јас денес претрупана со работни обврски. Правам пауза сега па да пишам на брзина ред,два . Никако да се стоплам . Вчера бевме на гости кај еден колега на маж ми.Они се пушачи,и цела вечер беше на кип отворена вратата од балконот На два пати маж ми им кажа да затворат ама госпожата не можела да диши и така стоеше.А чуреа со цигарите а бе да се угушиш. Кога си одев дома коски ми се тресеа. Како на тераса да седев.Цело сабајле се чудам што луѓе има.Секој пат сум изненадена. Среќа без дете бевме. Кога си дојдовме дома,не пречека слика прилика.Свекор ми и свекрва ми лути сме закасниле а дете плачело по нас. Се утепало од плачење. Бај д веј отидовме во 7 се вративме во 10.Aма сме кажале во 9 дека ќе дојдеме и тогаш требало. Толку многу се налутив,само го земав син ми и си се качив дома.Па добро бе ,имаат телефони,нека се јават. Зар јас сакам да плаче дете дома а јас да си терам гозби? А баш мм искоментира додека седевме дека штом ги нема да ѕвонат дека гарант е мирен и спие. А бе да ти преседне и искачање и се. Не сакам да се карам и расправам зошто ми чуваат дете , никогаш до сега не направиле нешто што ми сметало, секогаш биле корекни со мене. Ама ова ме извади од такт. Му реков на мм да им каже друг пат да се јавуваат иако секогаш кога го оставам нагласувам дека ако плаче и не се смирува да се јават. Ама кој слуша. И онака сум во некој безвезе период . Мали ситници почнаа да ми сметаат. Сакам да одиме негде на планина следната недела . Требаше неделава да одиме на 2 родендени во игротека .Но се јавив и се извинив дека не можеме да одиме. Ми е страв од настинки и сета ова ука бука околу морбили. Пратив само поклони по маж да однесе. Планирам да го вакцинирам син ми кога ќе помине оваа фама околу вакциниве(ако помине некогаш) па не би да ризикувам . Син ми има нова фаза Не сака да шета надвор Го спремам го облакам и почнува борба.Брканица низ цел стан. Прво почнува на шала и завршува со плачки. На крај се откажувам испотена и изморена и го оставам. Сака да си седи дома да си игра . Понекогаш се прашувам дали е ова моето дете со моторче во газот што не можеше да се смири и да седи на едно место . @emkaemka лесни чекорчиња @danichap Среќен роденден Какви ред два , ова реферат пак пишав . Тоа е мајки од мене за денес, морам да се враќам да завршам работа . Убав ден
Здраво мајки. Секој ден ве читам, но едвај време имам за јас да пишам нешто. Периодов напорен. Славевме именден, деца прв пат оставив со тешко срце да ноќеваат кај баба и дедо. Имавме околу 50ина гости, а во споредба со лани помалку. Мм вели незгодно им е на тие што не дошле на повојница. Којзнае и можеби да е во право иако јас воопшто не замерувам. Преполна сум партали од децава што ги добиваат на подарок, бутик можам да отворам комотно, не знам што да им правам. Пример тренерчиња купени поголеми како за 1 година, а дотогаш ќе дојде лето и ќе ми треба летна гардероба. Де се пофалам малата почна да сврзува 6 часа веќе втор ден денеска од 1 до 7, ама затоа малиот ми наплаќа на 3 часа и навечер. Не знам што му е многу немирни спие, плачи често и само со млеко успевам да го смирам. Од тешки периоди најтешко ми беше и уште ми е што телово ми се деформира и кога ќе се погледнам на огледало не сум задоволна од себе. За вежбање време немам. Едвај наоѓам време за да излезам и тоа на еден час, ја малтретирам мајка да доаѓа после работа за да тркнам до некаде. Елка раскитив, сега следно украсување дури за Велигден. Тогаш планираме и крштевка да правиме. Маж рече да најдам некоја понуда за одмор за Грција, па давајте идеи. Искрено планирам и свекрва да носиме, но не знам дали ќе прифати. Премногу ми помага и без неа не знам што би правела. Постов раштракан ми е, но нема да ми замерите.
Мислев ќе спијам ама додека заспа дете ми се отспа. Лежевме на спална, цицаше, мислев заспива, кога ја сум заспала, чувствувам некој седи до мене и ме гледа така во сон, а тоа малата се симнала од спална стои до мене и ме гледа. Многу е опасно вака да заспие родител, а втор или трет пат ми се случува. Секогаш кога ќе ми се случи си велам нема да се префосирам, повеќе ќе одмарам, ама џабе, пак по старо си терам. Вчера официјално вртеше машината. Пак не е средено да е на наша струја и вода ама жената рече да ја пуштиме па може ќе му текне да дојде на газдата. Мм однесе алишта, ја пушти, ги донесе, јас бев скроз ослободена. Околу помошта имам огромна помош од мм. На моменти се чувствувам дека тој повеќе средува и готви од мене. Буквално нема пауза. А ја сум се поизморена и ми се спие цело време. Барем трудна да бев, да имав оправдување. Можеби ќе навратам со втор пост, многу ми се спие. Ручекот Петко ќе го направи.
11чекори и на газ се важи??? Вежба неколку дена по 3-4 чекори ама многу се плаши. @emkaemka лесни чекорчина на баткото.
Добар ден мајки! Ве читам редовно но, немав време да пишам. Цела недела со гости, секој ден спремај, кревај конечно денес одмор малку, па за во петок се најавија другарки мој да дојдат. Барем бебе навечер си врзува 7 часа сон па одмарам колку толку. Денес се реши и еден проблем што долго го мачеше мм, па конечно полесно се дише. Се разбуди бебе, ќе допишам во друг пост. Убав ден на сите
Ви се јавувам директ од трака, од вежбална, моментално на втора брзина брзо одам. Нозе на ред да вежбаат. Дете дома со татко навива. Денес планирам да извежбам и за утре, ладно ми е секој ден коса да мијам. Многу ново нема, се по старо, освен една добра вест што ја чекаме, се надевам добра ќе е. Дете топ, јас жива ненаспана. Одам мајки имајте убава вечер!
@AngelOfArh пушти малку од мотивацијата за вежбање, денес се качив на вага кај мајка 93кг 23кг ми требаат за тежината пред првата бременост, а 13 да заличам на човек Многу килажа ставам во доење, имам страшен апетит и неможам да се исконтролирам, посебно после подој што ќе ми дојде прво во рака тупам во уста Помина молитвата денес, времето ни се погоди како порачано, сонце, мирно без ветар. Од црква отидовме кај моите и убаво им запоседнавме. Малата остана будна цело време ама беше мирна и како да не биде од раце не ја оставија. Приметувам дека хормоните не ми се уште како што треба, на секој збор се закачувам за кавга со кој ке стигнам. На се одговарам брзо, отсечно и со неубав тон. Се закачив и со тато и со мама, на баба ми неколку пати и префррлив се нешто, а и сестра ми не ја одминав, маж ме опомена ало што ти е па и тој си го доби. Иако главно се што ми рекоа беше како на шала се најдов затекната и се закарав. Богами пракса ми е ова во последно, морам да поработам на однесувањево, откако дојдовме дома и се преиспитав ми е криво толку се имаа спремано да ни угодат и се со кејф, а јас како некоја алапача многу без осет и неблагодарно од моја страна. Околу помош од маж дома не смеам збор да кажам, душа ќе згрешам ако се пожалам, секогаш кога е домами помага апсолутно со се без разлика дали се во прашање деца или куќни работи, најслатка пракса ми е што уште од првата бременост му остана не ме остава да кревам работи, па тој носи дрва, алиштата за спростирање ми ги носи на тераса.. но како што сум кучка во последно сепак успевам да најдам се нешто да префрлам и да се закарам и со него
Дај почасти нешто на другачките, па да те благословиме следно да биде сушара Шала на страна, мило ми е што се среди работата. Наместо да переш, ќе си поминеш повеќе време со чупето Се стуткав под кебе, ај што ми е ладно ама чекам и маж да се пакува како знае и умее и да не ме гњава Се си мислам само мојот е таков досаден, за една недела планира да зема две јакни, два пара обувки ај да не набројувам нерва ме фаќа. Денес се јавив закажав за гинеколог, за некое чудо имаше термин за почеток на февруари Бев и до матичниот, завршив и таму, само не можам да си го најдам неврологот што ме следеше заминал во друг град. Само за консултација ми беше работата, можеше и телефонски ама ништо. Сега ќе треба пак да одам на преглед ( само време губење) за да платам, знам Се загреав за бебе еј, до пред еден месец не сакав ни да слушнам, сега како да немам стрпление Мм е крв ми хипнотизираше Одам да видам до каде стаса овој со пакувањето. Осеќам дека ќе треба да палам цигара
Се стуткав и јас до парно, надвор де роси де иња префрла цел божји ден, неделава ми е никаква, осеќам дека и јас и дете се гушиме у просторот веќе, сабајле си лежевме гледав филм јас он цртан па сме заспале а сега 4 на отворени ги имам ама сепак ќе си легнам и јас а дете ми се чине од досада заспа... Неделава катастрофа. Преска ми текна да правам пицички, сум купила некое друго брашно демек сакав од барила дека е најдобро ама оно изгледа за други раоти да ти било наменето па скоро се отиде во канта И така.. седам и решив да читам во породилни приказни, една приказна доста ме фати за срце, па седнав покрај џамот гледав надвор и гледав додека пушев цигара, немо.. и се присеќав на Англија .. на времето кога јас се породив, атмосферата таа беше како денес роса, влажно, иња, секојдневно. За миг се почуствував ко да се вратив 2 години уназад, колку што потсвесно би сакала уште едно толку и ме плаши кога се присеќам низ се што поминавме со маж ми сами посебно мојот аларм за тромбоза. И така си седнав пак до парно па са ви пишам.. Би требало некој ден да си ги барам моите постови од 2016, 2017 искрено ми недостигаат, да се присетам да осетам, така убаво ми е кога ќе се присетам на некој период или даден момент ама со оглед на тоа дека треба многу да барам а и немам баш време се откажувам од идеата. За 2 недели мојето бебе ќе прави 2 годинки за 2 недели една година ќе помине откако си заминавме од таму и оставив дел, парче од себе во станот што најмногу си го сакав.. Убаво ми е тука, мислам дека ќе ми биде уште поубаво доколку си дадам себе си трпение уште некој месец овде во овој стан и да се збогувам со него. Би сакала да осетам миризба, топлина, сјај некој што таму го ижав а овде го немам за жал. Баш убаво ми дојде на меланхолијата и сето ова присетување вечерва.
Се важи Епа ајде лесни чекорчиња и на дадичка, по дечковци и по автобус никогаш да не трча Прееска демек ќе шетавме бебе во количка, аха, рика, вришти сака да оди, се потегна и да ја бутка количката, па се препелкавме, тегневме аиииии Дома пола-пола е, дел иде, дел лази, ама пред се се пентари
Здраво мајкички. Ве пратам колку можам ама се нешто фрка, 2-3 недели имавме период беба стануваше од 1 и седеше будна по 3 саати, таа ококорена, а јас и маж ми паднати сега се врати на старо изгледа стварно да ти бил скок. Цел ден ми поминува во мисла што да јаде бебо, почнавме и со втор оброк и само нешто сецкам, блендирам, па и водичка почна по малку да прифаќа мислев дека никогаш нема да сака. Од маж е срамота да се пожалам уште од прв ден дежура со мене, а кога не е за цицање он ја успива малата за да можам да врзам сон, а станува у 6 мие садови ми остава чај и на работа. Ама како викаат две арни нема, па затоа во се се меша, како е облечена, што сум ставила во кашата, за се има мислење и кажува закони. Само што и тој е претепан па време за нас воопшто нема. Инаку денес бев на фризер и на гинеколог доле тип топ стање завршив и со таа обврска. Велат сум ослабела и на тоа се радувам знаев ја дека кога ќе добијам ќе почнат кг да лизгаат инаку ко надуен балон бев само имам за симнување уште па сум на некој режим па ќе видиме како ќе оди. Не се сакам ваква морам да почнам и со вежбање само време кога, има една мојафитнесмама на инста, бебемаратон онлајн држи за вежбање со дома ама 1300 ден е за 21 ден, па се думам да земам да се запишам на аеробик пак тие пари и плус причина да излезам од дома и да се излуфтирам. Да пратам гушки за @Kitten онака те прочитав и ме стави на мисла колку мајките знаат да се запостават. Исто така гушки и за @Chanell* и @TeddyGrey помалку да ве нервираат мажите или па вие нервирајте ги уште повеќе. Беба и тато спијат па ќе се придружам, лека ноќ мајки.
Во период на доење баш и диета не ти пречорачувам, само припази. Јади овошје место грицки и гледај на време оброк да ти биде, да не гладуваш, оти тогаш бутаме се. Приметувам а сум гладна јас можам фрижидерот да го лапнам, а кога јадам да помине редот јадам упола. На секои 3-4 саати кснувај по малку и немаш гајле. Најде кој да ти каже, иста бев и јас, ама ете ова сум сфатила. Јас од благо се дебелеам, и смоки стоби флипс, можам тон да изедам, зедов тоа пакетчињата раздадов на Коледе и сега раат.
За диета и да намерам тешко дека ќе ја додржам ама да намалам ма тесто и благо и да изнајдам време барем половина час да извежбам, најмногу волја ми фали затоа си барам изговори. Мидерот ќе го поносам саат два и го вадам, ме стега, па нели и тоа му е функција ама ете, орбитрекон се ѕемне кутриот во остава, се имам од опрема дома и од тие ластиците и тегови за раце и за на нозе, пилатес топка.. волја ми фали. Ама мора да ме биде сакам да се пицнам, да се стегнам
Eve me i mene,periodov pohaos nemozese da bide sto doma so decava ama aj toa i ke go dovedam vo red ne e strasno ama periodov nov na rabova se kazuva znaciiii nemozam da izdrzam nemozam obicno si rabotam i ne se zamaram ama sega preku nekoj momenti nemozam da preminam i moram vo najbrz mozen rok da si najdam rab a na denesno vreme normalna rabota e luksuz baska so dve deca so kredit so troskovi boli glava.Se nadevam deka najbrzo ke projde i ke si se skrasam so nova ubava rab .Pozdravcinja
Добро утро и од нас. Бебе тера дремка,мама да ги ѕирне другачките на Фемина Со тешко срце ја разбудив во 8:30, а она со уште потешко и со плачки стана. Мора малку жртвување,навечер ми лумпува до 1. Секоја вечер заспиваме во 9, она во 10 и пол е веќе наспана! Аман, што и се случува?! Со месеци е вака. Ма пробав и во 7,8 да ја заспивам за ако “дремне” барем во 10-11 да и се приспие. Не упали ни тоа. Мора рано да ја будам. За една недела пола час порано, па наредната уште за пола, и да дојдеме до станување во 7:30, на коњ ќе сум Доручкуваше и секундарно и се приспа. Ич не сака боди да и облекувам, па со плачки и цимолења сме секој ден. Утоп се прави, цела е ишлакана од каша, па и дека вода од чаша пие.. (поише ја плука него ли што пие) Лом се прави И пак е со мрсули, влечам секој ден 2-3 пати само за да не спушти на гради, кој ќе оди по болници пак. И тоа е со плачки, само што ќе ме види дека го држам во раце почнува да мавта и да се брани со рачињата ужасно многу плаче .. Згора на тоа и јас настинав пак. Од седење дома и тоа. ЖенЦки, да не толкува некоја од вас сонови? Сега ми текна, многу језив сон сонував. Баба ми, која има 90год, ја прогласиле за мртва,лепеа некролози дури на таа и таа дата дека починала. Во меѓувреме додека моите кажуваа по луѓето за погреб, она дојде и плачејќи ме гушкаше “за последен пат”. Плачев и и велев оти”ќе се видиме и гушкаме повторно на другиот свет”. Ама она мислеше оти јас сум мртвата уствари не сме блиски до толку инаку, ама многу плачев и силно ја гушкав. Не знам дали потсвесно беше пошо пред спиење прочитав за Јована Огненовска, па се преплашив малку.. Битно на мисла ми е сонов. Језив! Ќе се вратам со пост број два подоцна. @mimiiiii Гушки и до тебе, ќе го нервирам повеќе, мене ми е редот
Добро утро , Јас стаив кафе да се стоплам ајде бујрум има за сите . На кратко само да кажам дека вчера со син ми шетавме низ Капитол за раче. Во Вајкики за раче фатен бираше заедно со мене џемпери.Си купив од карписа новчаник и ранец.Многу умен беше. Уште сум во шок Не трча веќе маратони низ продавници и трговски Си кутам и си трајам и се чудам . Детето ми порасна да се шета за раче Толку за сега се враќам покасно со подол пост и ќе ве читам . Убав ден
Си ѝ го продолжила животот Така викаат, ако сонуваш сеуште жив човек дека е мртов, животот ќе му биде подолг
@Chanell* Си и го продолжила животот ама и потсвесно си сонувала поради тоа што си го прочитала. @Ava84 Многу јако ова со позитивниот тест. Ние не сме нормални. Ја трчам од работа, мм ме чека ќе касни па тој ќе трча, се гушнавме и чао, и се прашуваме зошто се чекавме? За да трчаме и двајцата. Секогаш се поздравуваме како во друга држава да оди едниот. Пречекување, поздравување. Пред спиење гушкање, бакнеж, те сакам, ја тебе појше! Малата има течна кака ама се е ок како да не е за педијатар, ќе причекаме. Течна кака баш онаква што кажува дека нешто не е во ред. Само да не е салмонела си велам. Ама и да е ќе помине. Јануари секогаш ми траел како вечност ама до сега брзо поминаа овие две недели. Ми се пишува ама и ми се одмара на кратко барем. Кај и да е ќе заплаче малата за цицање. Душичка мила лепенка ми е овие неколку дена. Усисива, пружа алишта на парно, "дипли", ги носи во фиока, брише со влажни марамици. Најслатка ми е кога ќе и текне да ги проверува едно по едно на парното дали се исушиле. Мала домаќинка моја. Кога се пресоблакаме или после бањање одма отвора в шкаф и ни дава што да облечеме. Вчера се запна сама да се мачка со шампон. Ајде и дадов, успешно беше. И сама го држи тушот после се плакне. А ја цело време држам рака на тушот да не се смени водата. Ама се уште не сака да седне, станата ја бањам. Не знам дали имам пишано дека месец дена вриштеше едвај ја плакнев со вода некако. Пробав и во соба, со мечиња ама џабе. Сега уште да седне во водата и сме се вратиле на старо. На почетокот ми беше интересно си реков дојде фазата со небањањето ама почна нервоза да ме фаќа посебно кога почна да се чеша па на сила ја туширав набрзина. Друго ништо посебно мислам. Убав ден Требаше да почастам за машината. Има за сите!