Добар ден почнав на работа и таква депресија ме удрила што воопшто не ми се оди...ова вака во последниве неколку месеци Деца сега за сега добри после фамозната примена вакцина (иако со страв им ја ставив) па ќе видиме како ќе се одвива зашто секој различни кажува. Подготовките за роденденот на мали се при крај, слатка маса обезбедена од другарка, мама само купува што треба уште торта ми остана да нарачам сеуште се мислам од каде Ми фали малку шеткање повеќе, но се околу деца и се нема време за себе, сакам да се дотерам, да одам на пијачка со мм, но се нешто излегува и само одложуваме. Си викам ај ќе дојдат подобри денови Со селењето уште ништо, еве чекаме некој документ зашто нели се многу брзи од институцииве... гушки мајки
Мм си дојде од работа порано и си го фати креветот,исто и дете спие,а јас лежам покрај нив и сон не не фаќа. Вчера бев излезена за фустан,но за жал тој што го гледав на фб нема бројче.Не само од него да нема туку од сите што ми се допаѓаа.Изгледа ќе си останам гола.Мозоков шашма си го направи,сега незнам кој фустан во кој дуќан беше. И денеска ќе одам во уште два-три вчера што настинав, па се надевам дека некој ќе најдам, ќе купам.Морам да земам каков и да е,пошто ме брка и времето.Е вака е кога одам во последен момент да барам,но за друг пат ќе си знам. Вчера прво излегување во детски бутик влегов,па се знае кој е главен.Видов добар комплет за дете е сега незнам за бројче дали 2-3 или 3-4.Едниот мал ми се гледа,другиот голем.Ако не заборавам да земам да носам од дома пантолони и да мерам и да земам. Ако стигнам и тоа да го купам супер ќе биде. Дете пак ќе се дружи со татко му,вчера супер поминале со тоа дека мм беше омалаксан и имаше тт (читај 37.5).Денеска ќе оделе да се стрижат заедно со еден другар од мм.Се молам да седи дете да го истрижат ,оти целиот е скали скали и изгледа како перика да носи. Доста ве замарам со глупости да станам да ставан дрво во каминот. Лесни чекорчиња на дечињата што проодуваат сега. Денес петок...имајте убав викенд.
@gjoker4e твоите постови посебно ми се мили се сеќавам на многу постарите постови кои ги читав со грутка во грлото, а денес што ми е многу мило ги читам со насмевка, само убавини да те следат низ животот и тебе и сите тука.. И годинава ако не со бебе број 2, со меше сигурно Ден мајки се гушкаме со бебе, синко стана со плачење да оди кај моите па како што е мајка на распуст слободна е па може и за викендов да остане да го извадат утре на пристаниште за фрлањето на крстот, ма да не сум оптимист до сега никогаш не сме спиеле одделно(освен кога бев во болница) поточно не спиел надвор од дома, па подобро да си спие дома а сабајле да поминат да го земат и да излезат. Денес ми е ден за неправење ништо, го чекам мм да си дојде, да ручаме па и него да си го погушкам
Здраво мајки.. Излегов од работа порано,неможев повеќе,страшно сум прехладена а изгледа имам и тт..Само дете да е ок.... Лош тајмингов со прехладава моја,сакав вакцина а и да го одбивам малово од цице.Психички спремна сум,ама физички да неспијам ,не сум баш.. Сакам викендов да го одлежам со чај ,книга и филмови,да закрепнам. имајте убав викенд <3
И јас да ве поздравам набрзина. Одам по дете сега, ич нејќе да седи со мајка. Она има таква милост, насилна, тоа е. Од понеделник ќе се чуваат со жената, ќе видиме како ќе биде. Страв имам во коски, ако не ја бидне работава ич не знам како ќе се снајдеме. Градинкава не зезна поштено. Е сеа диетава си ја терам и за чудо немам проблем, не ми се јаде, ама имам воспаление на мускули. Денес не одам да вежбам, палачинки ќе вечераме, купив Линолада и журкааа... Мора да се ослабе, сакам да се вратам да вежбам на старото место, ама прво ќе ослабам да не се брукам што не успеав да одржам килажа. Толку мајки, јас и по дете дојдов и татко чекаме, убав остаток од денот.
Здраво мами Кој ќе вари кафе, мене ме мрзи Класика -бебе стана во 6ипол (леле кое бебе, дете е), се гушка со татко му и телефонот, јас да искуцкам нешто. Од понеделник враќање во реалноста Убав одмор истеравме, додуша кај мене малку напето бидејќи ми доцнеше , па готово мислев второ е на пат Кои филмови ме маваа, страшно Ќе треба да размислам за некоја заштита Дете и сакаше и нејќеше да се санка . Т.е само што ќе го ставевме ,он заспиваше Па ајде внеси го во хотел да отспие па пак назад Смешки Колку е подруго се кога си со дете. Искрено ми фалат некои моменти со маж ми, сами излезени,муабет,смеење... Сега кафето на нога го пиеш,со една рака го ловиш детето да не падне со друго на двапати гледаш да го шмркнеш Ах,па и шопингот Нејќе и не по продавницин На враќање, застанавме до икеа,декатлон леле вришти,пишти,маж се поти се нервира и ај цртаните за да купам нешто Али по пат,дете бајче На два пати си заспиваше,а онака си седеше и гледаше низ прозор. Не осетивме дека има дете во кола Само кога застанавме на граница ,заплаче малку оти нели застанавме Вчера го оставив на мајка ми па акавме 4,5 саати по молот Друго било на раат кога ќе разгледаш Си најдов капут иако не ми требаше,маж се поднови и тој , а за чудо , на дете ништо не купив Инаку,лепенка си е за мене.Ако влезам во тоалет тропа по вратата , па сега со мене го внесувам Еднаш влегов да сс истуширам, тој сакаше да влезе во туш кабината по мене па морав да ја затворам ,лелд кога викна да рика неможеше да се смири па ни туш ни бутур видов Кога ќе не види на врата дека излегуваме за работа,не тегне,знае дека ќе не нема, а кога ќе излеземе душата ме боли,плаче до лифтот се слуша Почна да си се заигрува со играчки,телевизорот му е омилен,нема нема па ќе фати да го лиже , цел е лом неможам да го опраам И огледалото го лиже,т.е се гледа и радува и почнува да лиже Чевлите ни ги разнесува низ станот како куче некое,влечките исто И многу други слатки бељи Имајте убав викенд
Утро мајки ,Ели ајде кафе од мене и јас станата како тебе рано рано ама од дете неможам мобилен да извадам луѓе одма писка вриска по телефонот и вика многу жално како ,како или ќе застане пред телевизор и ќе почне пак како ,какооо леле дури протолкувавме што е како аууу ...како бил Петко 5+ фамилија . Ме нема периодов ама мајки јас се опседнав со вакциниве и само по тие теми читам и демнам искрено сакам да го вакцинирам синко ама периодов шанси нема многу ми е страв Па сега пошто не оди во градинка само се менуваме кој има одмор сите баби ,дедовци по ред се менуваат и го чуваат ,по зимовање не сме многу многу па не размислуваме за зимски одмор онака само некој викенд до Крушево може да протераме ,ама затоа од сега почнав да барам за резервирање за пролетниот одмор дури и датумот го одбрав онаа недела кога има продолжен викенд крајот на мај се надевам само дека ќе ни се погоди времето како лани Што да кажам друго дете расте и секој ден новини ни кажува ,многу е интересен многу сака да гушка и бацува ,а знаете бацува како старине баби онака сочно што би рекол маж кога го заспива дури заспие дете од толку бацување и гушкање мокра ми е дури перницата Љубов голема ни е кога ќе се вратиме од работа по цел ден само оди по нас мама ,тате лепенка мала наша Инаку рачки во кујна немаме веќе рачки сите ги извадивме пошто дете почна се да ни вади надвор ,вака мирна ни е главата раат сме @emkaemka лесни чекорчиња на баткото, чекам слики од постаплките @danichap среќен роденден Убав ден на сите
Добро утро мајки, за многу години празникот Богојавление. Сакавме да излезиме со сестра ми на пристаниште ама малово само шо заспа, па ќе гледам од дома. Не дека многу ми се одеше по гужва ама ете да не сум дома. Пред некој ден нели пишав дека малку му фали за да прооди, епа другиот ден веќе трчаше. Сега не можам да го запрам, по цел ден шпарта низ сите соби. Па ако не сум дома вика мама, мама, па ќе види не сум тука, ќе воздивне и ќе се врати назад. Почна по малку да игра сам, послушен е ко ќе му речам седи тука, па вика си збори нешто сам, ама сепак омилени играчки му се шишиња, чаши, влечки, алишта, само ги префрла лево-десно. Ноќеска се разбуди кон 4 не сакаше сам да спие и го зедов до мене. Сабајле пак ме гушкаше, се галеше, ме бацвеше, па и цуцлата проба да ми ја стави в уста. И ко ќе го прашам колку цуциња имаш, вика де(две). Туку кажете како да го научам сам да заспива, 15 месеци раце ми паднаа. Веќе претежок е, секој зглоб и коска на рацеве ме боли, плус 3 пати во денот го заспивам. Ај преку недела само навечер го заспивам јас, ама тогаш пак ми наплаќа за цел ден. 30-40 минути минимум треба да го нишам за да заспие, а ако седнам одма се турка со нозете за да станам. Мислам секој момент ќе ми падне. Шо се немам пробано и пак ако не го земам в раце не заспива никако. Туку да видам кој го фати крстот. Лесни чекорчиња на сите проодени дечиња и среќен роденден на @danichap Убав ден на сите
Убав празничен викенд на сите! Дете гледа цртани јас после двочасовно чистење,кафе раат да пијам. Откако се ослободивме од овие новогодишниве тракатанци, мислам собава почна да дише Поручек сме на роденден, вечер брат ми во најава на гости, па треба да спремам вечера, ветена ми е одамна. И јас не сум за зимски патувања, толку многу мразам ладно време, што малтретирање ми е до маалско дуќанче да отидам, а не да мрзнам по планини Знам дека тој чист воздух е пола здравје, дека и такво време им е потребно на дечкиве па затоа беше во план нешто утре да тркнеме до Крушево, дете сака Пелистер, утре сигурно ќе биде џган, ама ќе се исполни желба сигурно. Друго ново ништо, монотонија левел но1. Ве поздравувам и ви посакувам убав празничен ден!
Убав ден, за многу години да е. Секогаш овој празник ми будел спомени од детството и некое посебно чувство на мир. Сабајле уште од осум дојдоа моите да го земаат синко за на пристаниште ама кога рече дете не и не па и нив ги запна да влезат дома и не ги оставаше да одат. Традиционално пивтија, мезе, греана ракија и вино и на тв ја изгледавме церемонијата. Искористив гужва па на инсистирање на дете ја собравме елката, бидејќи вчера ја собирале кај мама да не сме сега ние покусо. Барем ми се тргна непланирано, смукнав, пребришав сега собава празна ми се гледа ама веќе почна да полни простор со играчки Деца спијат јас и мм во тишина кафе пиеме тој гледа фудбал јас си типкам по телефон, за ручек ставив да се печат свински дробенчиња и компир. Како што си се запија ми зафали чашка винце со цигарче реков нема да пропушам после вторава бременост и доење ама сега не мислам така ма да додека завршам со доење може ќе се премислам, или сепак не. Единствено кога останувам бремена и дојам оставам цигари без збор. Маж вика ќе те напумпам пак ако пропушиш тој па дека е непушач му смета, а за право јас не пушам многу една кутија по три четири денови ми траеше и пак ми галамеше мирисаш на цигари, облеката ти мириса маки Ми фали сонце, топло време како за зимско дете не обожавам зима и маж исто, мм има роденден за некој ден, во февруари и јас. Ај да се фалам после некои си 8 9 месеци конечно бидна кекс валда затоа денес сум поприлично расположена вечер пак сакам мора да се надокнади бре време мина
Денес кога не умрев ќе поживеам уште малку. Мајка ми кога доаѓа ми е најголем стрес, хорор, многу сакам да доаѓа, ама многу е напорно. Од сабајле дојдена и се ајде сега, одма, брзо, побрзо, дај ова дај она... И ај ручек да направам, стаив се што треба, арно ама лошо сум искалкулирала време, па ќе доцни, па ќе испушти бус... Нервози левел 300. Се би било супер малово ако не грабнеше едно прокељче и да го напика во уста цело, ама цело, онака да џвака и да му е полна устата. Си џваќаше дете, си подголтнуваше, ама муж се нервира и запна да му го извади, е ај ама тој плачки удри, па почна да се дави... Хорор! Животот ми го скрати. За да биде впечатокот поголем госпожа мајка заедно со зетко ме напнаа ти си крива и крај, ко у рака да му го дадов јас, од 3 возрасни дома мора јас да пазам на се. Абе ајде. Стана од спиење шефче, одам да го гушнам и да му дадам да јаде. Убав ден мајки, за многу години празникот!
Добар ден мајки Ние стандард сами со бебе он си лежи до мене јас пијам капучино и одмарам. Беве навечер после еден часот има грчеви и само кај мене на гради е мирен и заспива стомаче со стомаче и се топлиме но ноќеска и ја сум заспала и незнам дали ми се лизнал или јас сум се свртела го најдов извртен до мене на стомак легнат Несмам веќе така да го легнувам навечер над мене мал е неможе да се сврти ако се лизне Иначе супер си напредува како квасец расте веќе и 56 ките ги надраснавме и тргаме на страна. Се спремаме за 40 дена ќе шетаме по гости цел ден,малце кај свекрва ми малце кај моите и на крај кај кумовите. Бебе го дотера дедо му ( татко ми) со фармерки утре ќе оди и блузичка да му купи и бебе е спремно Иначе во врска со бебе сум многу опуштена и за ништо не паничам си го гледам и чуван како јас си знам и гледам на него му е супер Јас сум многу неодговорна за моето здравје,не отидов после пораѓај за д-димери нит за крвна слика Убава вечер
Добра вечер пријателки Викендите ги обожавам бидејќи сум по цели денови со бебето мое (никако да сфатам дека е цело дете од година ипол). Од друга страна ми недостига да отидам на работа и да правам се она што правам таму. Мислам дека сум воркохолик по природа некој благ степен Нормално покрај работење едвај чекам д аодам поради колегите/пријатело, паузите, муабетите, кафето...се она што е друга средина а не бебешката во која сме западнати дома... Добив покачување на плата частам мартини, а се надевам за брзо ќе частам и за унапредување и уште подобра плата Денес бевме пак до водно. Бебе не сака нешто многу санкање ама му носам кофичка и лопатка па седи и претура по снегот. Уживање и мир и сонце. Супер ни дојде. Не знам зошто решив да скокнеме зимување годинава и ме испчанорв ништо. Мислев ќе е напорно со мало дете Тешко дека ќе испланирам нешто тек сега па ќе продолжиме со одењево до Водно и назад. Со бебе е многу полесно откако кажува мал милион зборчиња. Преслатко звучат од неговата устичка. Ги прави најубавите фацички, а јас се топам. Понекогаш ми доаѓа да вреснам од тоа викање мама мама за се нешто, но потоа се каам знаејќи дека во неговиот свет јас сум неговото се. Обострано е. Успивањето последниве три месеци ни е борба која трае по еден час. Ги гасиме сите светла во станот. Татко му глуми дека спие. Има една слатка овца која ја зема со себе за да спијат. Ја покрова, и дава млеко, па ја нишка за нани нани. Па јас го нишкам. Па му давам млеко. Па го нишкам. Па се бркаме низ стан во темница. Ако не сум собрала играчки нагазувам обавезно на некоја. Па одиме на кревет. Се препелкаме и на крај го совладува сон па или заспива вртејќи се на кревет или ми вика мама земе за да го нишкам и по кратко заспива До утрото станува уште два пати. Сум заборавила што е сон без престан И толку сум навикната што доволно ми е станувањето да ае сведе на максимум два пати, а вкупниот негов сон да е 9-10часа. Сега по малку се загледува во тв, песнички од златно славејче сака да скуша, за цртани уште не го фаќа мерак. Ама и за песнички не сака да е сам туку да сум до него и да играм и јас. Дома од играчки имаме се можно. Со ништо не се заигрува. Сакам и трамболина да купам ама немаме место...се надевам за година ќе земеме стан поголем од овој. И неговата соба е многу мала...не е ни опремена за да биде детска соба бидејќи планот секако е да го продаваме станот... Со мм не сме нешто во ок односи периодов после празнииците...се однесува како човек што нема семејство, се он заморен, се опушта, гледа тв, и низ дома веќе не помага туку како дополнително да прави неред...за нас време воопшто, работи нешто хонорарно па као тоа му е терет ама ептен сме заледени со односите Не знам како ќе не биде. И секој месец се стресу ам пред добивање. Не сум воопшто спремна за второ дете, а кога гледам слики од бебе број 1 многу ме фаќа мерак за бебе број 2, ако може девојче овојпат Сакам да ослабам. Никако да ми тргне со диетата, а некои 4-5кг сум вишок. Не си се сакам вака. Еве од понеделник нов план за диета. Се надевам успешно овој пат Денес за ручек фудио бургер нарачав... па и една чоколада по него...е така ќе е диета Се спремам и за добар шопинг здравје другата недела...се надевам ќе си најдам што сакам. Ајде се одјавувам сега
Здраво на сите Да скртнам нешто. Да ја поздравам сваќата и зетко.Сваќе да не ми го измрнете зетко, а сигурно и вака ќе каже@24.07 Ние во мај ја крстивме па пак измрзна кутратаА колку плакше Сваќе сигурна сум ќе бидете тројцата прекрасни Лесно чекорчиња на сите малишани.Кога ќе прочитам како некое детенце преодило одма ми текнува на мојата како се отпушти одеднаш од вецето и претрча во ходникот 3-4чекорчиња, а јас ќе се онесвестев мислејќи ќе падне.Па после скокав и летав во облаци од радост цел ден Денес бевме да гледаме маси и столови.Јас од интернет ја видов бевме само да ја видиме.Помала е од сегашната има механизам за проширување до 150см се шири.Немаме простор за поголема за жал.Не е битна масата како поминавме.Како со дете Прво пред да ислеземе плакаше се трескаше од земја поимам немам зошто.Па кога стигнавме во маркетот си ја буташе количката и си легна на сите кревети, се качи на сите маси и на крај кажа дека и се кака.А вецето на крајот од маркето.Ние носевме нокшир ама детето не се додржа и хорор Па среќа носев гаќи и мајца па ја забришав малку и одма правец дома.Инаку сме без пелени 2 недели и навечер и не прави гршка за какање кажува и си врши нужда кај треба.Ама ете денес згрши од што не можевме вецето да го најдеме одма, а и далеку.Наравоучение:За друг пат со пеленаМи останаа вишок пелени па не знам што да правам ќе ги дадам во градинката или на СОС деткото село. Вчера имав термин во градинка за малата.Ја пофалија за се само кажаа многу била гласнаПа македонка што сакаат мора да каже гласно Ама не сакала многу да се гушка Не ги гушкала воспитачките , а децата само кога она сакала Ако некое дошло да ја гушне му викала стоп и не Исто кажаа дека не сака многу на едно место да седе и да си игра повеќе сакала да трча.Па дома седе цело време и реде или сече нешто.Па мора некаде да се издува Прашав да не се тепа со децата фала богу рекоа дека не е воопшто агресивна значи има плод тоа што и зборам децата се гушкаат и саакаат, не се тепаат и апат Термини по 3 имам во месецет само за доктори за мене.Решив и јас да се потстегнам Е гиниколог чак во март.Ако не ми дојде баш тогаш.На сите им касне мене по цела недела порано ми доаѓа .Страв ме фаќа климактериум да не ме фати Бев за дијабетолог и не ми дадоа терапија Шеќерот 4 ,3 ми беше.Др пресреќна .Ама пак морам да идам на 3 месеца да ме следат.Нареден пат имам контрола на крв, урина и стапала. Оваа недела имам очен доктор , а подругата сум на забар.Толку не ми се оди на овие германски забари како некој мајстор за малтер се не заболекари.Заб праев еднаш и уште ме боли а поминаа 3 години.Пак ќе одам за истиот.А од мк имам пломби по 10 години абер немаат.Ете затоа сакам во мк на забар да одам иако плаќам приватно, а овде ми се бесплатни. Тоа е луѓе да одам да соберам алишта ми заврши сушарата. Таман и малата ќе вечера и да ја легнам, па да гледаме некое филмче со мм гушнати како дечко и девојка Добра ноќ на сите
Добра вечер Не сум шкртнала од средата немав ни што искрено Во главно сме дома Денес излеговме да пазариме и седнавме да ручаме во мекдоналдс Мразам да јадам таму ама Могли 3 дена живее на млеко и бараше хепи мил па ојдовме Дете нити јаде нити оди многу сме загрижени Маже секаде ја однесе каде би можела да се опушти ама неуспешно Уште базен да посетиме,тоа ни е последна надеж Болки нема,на креветите се превртува,лази ама никако не сака да згазне на нога Мали цела недела на го однесовме во градинка,јас се настинав а со мм не сака да седи Во понеделник планирам и двајцата да ги носам,може и Могли ќе се опушти таму со децата Потребен ми е одмор,едвај чекам да се адаптира и да се одморам од деца Скоро 3 години се направија,ден и ноќ само деца Истерав и онлајн шопинг изнарачав од маркетите кај шо има попусти, одам на филијала ги подигам нарачките плаќам таму и се што не ми се допаѓа можам да вратам Подобро на кино Могли е спремна за следната зима се и купив освен чизми За машки изборот беше потесен ама се што се најде купив За себе поминав со неколку парчиња дека се запнав да се комплетирам со гелови за ноктињава Уште геловите и лампата ми остана да се одлучам,рест нарачано и примено Се радувам како мало дете Друго исто ,мм слободен денес и утре и се мислиме што и каде Могли нема баш воља за излегување а и со неодењево отежнува многу Нешто ми се јаде и пие а не знам што Уствари знам ама или нешто фали или ми е мака да си направам Да пуштам Преспав да се посмеам малку Довиџења
Добра вечер или добра ноќ да кажам. Ме нема и мене периодов, не дека нешто толку повеќе ме прокупира, ама некако како да не знам да се организирам. Се ми фали време уште нешто да завршам. Незнам ни дали ви честитав празници ама да се за многу години. Еве фатив последен воз со денешниов да честитам и онака до велигден веќе нема друг, барем не неработен Дефинитивно ја мразам зимава. Ај што е ладно, па и скопскиов воздух, човек да не може да мрдне на раат. Сакам да заспијам и да се разбудам на пролет. Знам пропуштив многу за честитање па само ќе посакам на сите среќни родендени, бремености, бебиња и се останато што има за честитки. Синко нг ја почна со температура, три дена шеташе 37.5-38.5 - вирус. Заврши тоа после ден осип, од памет се извадив, ама изгледа од тт беше и се повлече за еден ден. Таман пркна, во вторникот почна да кашла како куче. Ајде пак по лекари - ларингит. Кс мирна, па само со инхалации поминавме и се надевам тука ќе застане. Другото по старо. Работа, дома и така во круг. Битно зимовање закажано за крајот на фебруари. Ќе се санкаме во Боровец. Одвај чекам да излеземе од градсково сивило, а може и шопинг ќе падне во Софија ако се исполни планот. Кај зима и ладно, па уште и месецов предолг. Сметката веќе ми е жална, а уште колку има до крај. За стара нова направивме убава дружба со драги луѓе. Па и 5 дечиња низ дома, мали се спобудале. Многу сака деца. Наредниот ден се разбуди рано рано и само жално кажа - деца аш и со рачињата прави демек ги немало. Да се стопи човек Периодов е папагалче. Секој ден нешто ново учи и кажува. Само повторува. Само за себе и мене не кажува како се викаме. Тешки му се имињата, моето дури и во скратена варијанта му е тешко да го каже. Ама мама е една и како ме покажува со прсте кога ќе го прашаат каде е мама. Изгледа само јас имам дете дифтарче. Ниту плаче ниту се влече по мене. Се гушка само ако го фатиш расположен или рано наутро кога се буди, а и тоа е се поретко зошто поспива наутро, па кога ќе стане јас веќе сум замината на работа. Ама ако и тие ретки преграти и бакнежи со кои не почастува одвреме на време се скапоцени Друго паметно и немам што да кажам, а и онака веќе многу се распишав па само ќе ве поздравам па ќе се навратам повторно во скоро време. Може ќе имам нешто попаметно да кажам. Имајте убава ноќ мајки
Majkicki kskov.raspored.na.spienje imaat vasite mali na 10 ipol.meseci? Stanivaat li cesto vecerta? Jas.nemam raag uste.. ne spie ubavo, place vo son se razbudiva po 10 pati.. I denta.spie.po 2-3 pta.po.malku . Kako da go smenan toa
Се самопрогласувам себеси за мајка со најкраток фитиљ илимити мајка што е најлоша од сите! Дали дека сум научена да е мирен и тивок, спиеше секогаш без исклучоци на време и мирно, не извољевал и слично, ова што моментално ми го приредува е прав мал циркуз. Инает за јадење, инает за спиење, инает за сѐ! Можеби и му е некој револт, нема градинка (јас стварно имав разбирање за градинките ама трпението ми се множи со нула), нема дружба со дечиња, дома затворени, без контакт со надворешен свет и се тоа се собира. А може и само сум во ПМС?! Којзнае! Шала на страна сега, како се спрсвувате со овие полноќни излети на децата? Јака ви душа на сите што ги имате подолг период, кај нас се едвај месец дена и јас пукам по шавови. Од неспиење до касно, станување касно, желби пред спиење за се и сешто, инат водење за светла и палење низ цела куќа, па се до облакање и борби за мењавање пелена. Ова не е моето дете што до пред месец дена го имав, најмило на свет, мирно и весело. Аман заман да не потрае! Да се вратам на шегата, ако за две недели се фалам од него, ПМС било, чекајте ме назад за месец дена. Што и да е многу е, не сакам вака, си го сакам старото детуле, ама да е вакво како сега дрдорче. Расте детево, и јас па што се трескам од земја, за некоја година ќе ми фали ова кога ќе ги претресувам сите џебови да не најдам некоја забранета работа и кога ќе ја читам снајка како се жали од мене. Дај да си поќутам, да ги гушнам заедно со Дедо мраз од гума и дватринаесте играчки од киндер јајце, да не му текне пак за сијалицата што ја изгаснавме во подрум. Добра ноќ мајки!
Се што наброја пројдовме. Па се смири па влезе во фаза се да сака да крши. Поминува - ако ти е за утеха. Јас дур менував пелена скокав на колена на спална и пеев бог да Чува песни за да се чуди и да седи мирен.
Мајка 14 месеци е малиот и уште станува по 10 пати Заспива на време ама со будењето и ние го имаме истиот проблем