Истата мака со телефонот ја имаме периодов па ако не му го дадеш крокодилски солзи се леат ауу страшно е ,а искрено многу ме секира фазава со телефонот молам бога што побрзо да помине . И јас ја имам маката со неспиење ,од раѓање мака мачиме дур заспие а и дури цицаше стануваше на 15 мин ,пола саат зависи кога како .Фала богу од кога го одбив од цицање прво почна да станува по 3-4пати па станував нишав и презаспиваше ,а сега веќе станува еднаш два пати ама само го зимам до нас на спална и продолжува да си спие .Вадењето заби исто хорор филм плачење ,неспиење нит гел нит ништо не помага едино со грчеви немавме мн мака ,се надевам со второ здравје ќе биде многу полесно Ние денес убав ден поминавме многу бевме надвор од нашиов загаден град на воздух на снег и преубаво поминавме синко уживаше додека го санкавме Утре понеделник мразам понеделници и недела да ви кажам најискрено пак на работа,пак во трка со времето секој ден . Одам да прочитам уште нешто и се одјавувам . Добра ноќ
Јас не сум имала мака со спиење на мали. Од бебе има ред. И уште трае.Да чукнам во дрво . Имаше период кога малку ми смени ама се врати во нормала. Фала богу.Во текот на нокта знае да закенка.Тогаш или нишкам или давам чајче/млеко и продужува да спие.Мислам дека децата си сакаат рутина.Лично мене ми е полесно кога следам рутина.Јас со моиве правила, закони,ритуали и рутини значи Кај нас тв секогаш е уклучен кога сме со маж ми дома ама син ми не гледа ништо.Јас тв мнг мнг ретко гледам. Да е до мене нема да пуштам ич Затоа таблетов го изгорев.Сериоман за лечење На син ми некогаш некоја песна може да му задржи внимание на тв и толку. Ретко куцам на фемина,вибер и слично кога сум со него.Не го бара мобилниот ама не сакам да ме гледа нон стоп со мобилен во рака .Иначе му пуштам песнички на моб ама и тоа кратко трае Одма зима стиска нова песна ,па друга ,па трета ќе му здосади и џитка тел А и јас некогаш се чудам како покрај деца покрај се некои членки се нон стоп активни на многу теми. Убави соништа мајки
Моите две се такви, спанковци од раѓање. Дури и сами се успиваат, легни ги и толку само. Едино малава заби кога вадеше (тие 4 кои ги има), тогаш не зезаше доста, а некогаш ретко знаеше да закенка онака, па да ја земев да продолжи до мене, ама тоа било земи ја легни ја на спална и пак кома за 1мин. Сега нема абер за нови заби и си спие, 15м скоро и 4 заби само Што не чека со забите незнам...многу тешко кецови извади, тек други..
Ајде и јас прв пат да се приклучам и да пишам нешто на темава. Бебка е 18 дена, денес прв пат сме сами. Мм беше две недели на одмор, се породив царски, па ми помагаше, многу. Денес многу тешко ми падна што се враќа на работа. Не дека сум сама или дека нема да се снајдам, туку дека тој не е тука со нас. Се навикнав да сме сите тројца заедно, а и отсекогаш сме биле многу приврзани. Па со плачки сум од сабајле, хормони валда. Се тешам дека за 3-4 дремки на бебе ќе биде дома Инаку едвај чекам да се потстопли и бебка да пркне па да излеземе од дома, мислам дека тоа што сме затворени дома дополнително ме депримира. Толку од мене, ви посакувам убав понеделник на сите
еве ме , ако се сеќавате на мене @gjoker4e јас ти тврдам дека постојат бебиња што ја преспиваат цела ноќ, имав три такви, ама цената за тоа беше спиење во кревет со мене. Од прва ноќ на болница спијат со мене. Друго не сум во тек што сте муабетеле. Денес дома сум со машките, вчера со средниот завршивме на хирургија и си доби конци на главата Збеснати се значи, нема мир ни една минута, само трчаат, се грабаат, скокаат Па и сама бев дома со трите кога се удри, а паничар сум невиден, кога прсна крв да тече, тројцата раплакани, јас во паника, среќа ми текна да му ја притиснам раната со пешкир, го викнав одма татко му и стропав кај комшивката да ми помогне да се симнам со трите до долу. Моментот кога го шиеја и од пред врата слушав како вика Ќе си препукнам од мака и од себеобвинување
@SaNJaAaaAaa ако ти е за утеха јас цела недела со плачење го испраќав мм на работа, особено ако беше втора смена. Не се нервирав зошто бев сама со бебе туку шо мораше со неговите да седам и да слушам "совети". Дур не бев породена ќе си легнев в соба и никому ништо, вака требаше со нив да седам во дневна за да не коментираат дека го кријам в соба, ехе 300 филмој ме маваа шо ќе речеле. После веќе се навикнав, нема друго.
@SaNJaAaaAaa јас па едвај чекав сите да почнат да одат на работа за да бидам сама Поубаво ми беше кога бев сама, си фатив ред. Додека беше толку мало бебето спиев кога тоа спиеше, гледав серии, си лежев.Многу ми беше убаво Честитки за бебушот. Гушкајте се и уживајте.Нема потреба од плачки
Добар ден мајки Две деца во градинка, едно кај баба и. Пуштив машина, ставив ручекот и се скрстив со кафето во рака. Сабајле бевме со мајка до бирото за странци. Па да не го мкнам и бебето таму, го оставив кај свекрва ми. Кога завршивме отидов да го зедам, ама само што заспала, па рековме нека си спие на раат детето, после ќе ми ја донесе. Не паметам кога последен пат сум била без дете дома. Некако празно, тивко, досадно. Сабајле притисокот ми се качи. На визата-дозволата за престој на мајка ми од бугарија стои постојано пребивание, кај тие во биротот стои долгорочно пребивание е услов за да може да добие тука работа/виза. Рекоа ќе треба да проверат дали е и оваа за доживотен престој. Ако е ќе ја заведеме во фирмата и ќе и дадат работна дозвола/виза, ако не, не и следувало и назад. ПАсошот се завлече до бескрај, па се надевавме вака да убрзаме, ама не, нема ништо едноставно. Ходникот полн азиланти, на кој стан му нашле плаќаат, на кој не знам колку пари социјална помош, ама не. Мама која не бара ништо од државата ќе ја гњават. Мм рече адвокат да фаќаме. Јас пепел лута и разочарана, а тек па мајка. Легна малку, не сакаше да покаже, ама претпоставувам цела се растрепери. Да станам и нејзе кафе да и однесам. сигурно и треба некој збор за утеха. БУБАЛЕ- со помин нека е. @Mari* Могли почна ли да чекори со ногата? @SaNJaAaaAaa добро ни дојде.
@♡BuBaLe♡ (И јас сакам ник со срциња!) Колку сакам второ дете ама коцките не се наредени. Кога ќе размислам подобро и за првото да сме размислувале немаше сега да има скоро две години, а коцките постепено се наредија. Па размислувам колкав товар ќе падне на мм кога ќе дојде второто, па барам утеха во стан на приземје во кој се замислувам како сама пазарувам со двете, носам во градинка... И така... Колку напишав и избришав. Мислам дека спијам и пишувам. Ставив кафе, за ручек спремно е се уште во рерна да се стави ама ако станам ќе скрцнам и ќе разбудам дете. Ако успеам после да излеземе некаде да поспие мм ама грч ладно е. Ако останеме дома цело време плаче по мм и нема да може да спие. Во меѓувреме ми стигна мејл од градинката и се расонив. Овие ме молат мене. Мислев откажав и готово ама пак ми стигна за од 1ви мај. Ќе закажам термин да прашам некои работи подетално па ќе одлучам по втор пат. А после автоматски продолжува од 3 години? Дека на мејлов пишува до 30.04.2020. А и само што пишав за скрцањето се запали плинот за гасот и се разбуди па го презаспивам. Најтешкиот дел ми е презаспивање. Подобро ми е да не спие отколку да го презаспивам.
Хелоуу Бебе дремуцка со цице во уста а мноооогу ми се јаде благо, го мислам трилечето што стои во фрижидер, ладничко му е, да тркнам до него да земам да го потстоплам ама не можам, кај дава пијавичкава да и мрднам Бевме на ладново на контрола кај педијатар, вика здрава права е, може да се вакцинира. Јас сепак ќе подразмислам оти не ми изгледа дека е баш здрава. Ручече и спремив, батат ќе пробува, ама она заспа и ене го тенџерето стои сеуште, неблендирано, ваљда ништо нема да му е ако му бидне, ќе варам пак, за тоа сум јас И го купив и најскапото маслиново вчера, сааамо да ми ручка, да не биде како татко и Ги читам понекогаш девојките во +/-40, прееска се зачитав гледам коментирале за препознавање по ФБ. Јас колку имам од феминкиве препознато по фб, ехееее пола Фемина @mariz Ептен често по групиве ја среќавам, @Alishan30 излезе дека ни е замена доктор и мнооогу други. ^Анонимни ли сте 100%? Јас мислам да, никој не сум додала на фб И така, јас уште ни утринско кафе немам пиено, камо ли јадено Да чекам да стане бебе, па да праам кафе оти готово, ќе заспијам пак а долг е денот ..
Добар ви ден Само што ручавме, маж замина на работа па затоа вака порано. Нацицав бебе, преоблеков сега лежи во креветче и шмука цуцла кај да е ќе спие. Синко еве го стуткан во мене гледа кралот лав(по 500ти пат) па и тој ќе се предедаде. Туку што бебе ќе беше ова не заспива на града ама баш никогаш ни преку ден ни преку ноќ, многу ми е чудно зошто синко освен со цицање поинаку и не знаеше да заспие. Ај преку ден не е страшно ама навечер ќе ја надојам, ја држам додека подригне и ја враќам вкреветче и ја ставам цуцлата, прво еден милион пати ја плука па додека ја засмука, додека заспие и зацврсти сон па и ја тргам и ова знае да потрае и со саати. Додека пишав деца заспаа ќе си направам салеп и така цела недела го мислам, кој е за нека повели
Јас 100% не сум анонимна Се имам со доста од тука на фб, доста имам препознаено но не додавам, ми ги дава во People you may know (дури и од други теми членови, не само мајки), a знам дека и доста ме препознале Јас кафе си пијам, синко си игра со Лего, малата спие. Ама ми олесна, 2 недели на раце миев садови, расипана ми беше машината... мислам дека цел ден само во миење садови ми поминуваше. Ние арни, синко како да е подобро, да не го подречам.. Денес ке оди мм ке го носи една крвна од прсте да направат, да видиме како е и крвта. Леле ако испадне дека ова било проблемот ке бидам пресреќна, ама дете се намачи, толку испитувања, снимања, боцкање за на крај да испадне најлесното, ама дај боже да е тоа. И така, толку од мене, сакам да правам обланди, па да најдам некој рецепт. Убав ден мајки Морам и ова да го кажам, зашто ептен си се насмеав слатко Синко сакаше пастелин (а не давам додека малата е будна), викам не може, после ке ти дадам. Се пикна под маса и вика: Е сега сум многу тажен... е викам и јас сум тажна дека не ме слушаш.. и ми вика: ти неможеее да си тажнааа, ти си мајка
@Chanell* Па јас и ти може лично ќе се видиме. Здрави и живи да бидете, нема потреба на моето работно место да се видеме
Добар ден Дури заспивам дете да шкртнам некој ред Рано станати... Спремав доручек за деца дури ги наместив,стокмив душа ми излезе После долго време во градинка денес отидовме Могли некако збунето ми делуваше но сигурно е нормално после месец и нешто пауза Мали ако го прашуваш околу градинката може ама и немора Останавме само 2 часа и беше далеку по опуштено од првите 3 дена Може дека сестра му беше таму И ново детенце на адаптација уште од прв ден половина час сам ќе останел Мислам,шо су ја по малку од мајката на детено сакам и јас со половина час да почнам Па ако било во ред следната ден 1 час само (ова за новото дете ) Ондак сакам и јас така Битно се договоривме на крај да убрзаме малку Баш по овој редослед, само се молам да не плаче мали И завидувам на таа мајка, синчето не ја ни побара Моево чувај ме да не му избегам Могли со нејзината блокада во глава дека ако оди многу ќе ја боли @danichap Ништо не помогна,чак ни магарињата Болки нема тоа сигурно Лази и дирекно на коската се држи,никакви знаци дека ја боли Да згазне не сака никако Јавивме и кај матичен, до четврток ако не прооди да одиме кај него па тој ќе не упати понатаму Друго ништо ново за сега Исчистив детска и кујна и си сварив кафе повелете кој е за Мали заспа,Могли се затвори во шкафот на татко и Таму какушка детето морам да го отворам да се излуфтира Довиџења
Дете спие,мм си дојде од работа и гледа филм,а јас се знае со тел. во рака. Пишувам скоро секогаш кога дете спие или кога ќе се заигра со нешто што за него не е опасно.Инаку форумов го отворам по 100 пати на ден.Кога работам низ дома,кога готвам,кога сум во вц отворам на 1-2 мин да видам што има.Да не сум пропуштила нешто. Имам пишано но еве и сега ќе кажам дека дете јаде само со песнички,цртани или да шкрта во боенките. Му давам и тел сам си симнал апликација со сложувалки и бројки и бои Но еден сат најмногу во денот. Пуштаме песни, се вртиме во круг,скокаме играме трошиме енергија и време. Ама тука секогаш е свекор ми да му дава тел,а јас му го кријам и одма плачки. Кажано му е милион пати,И секогаш кога да појди кај нив соба се враќа со тел во рака.Ме фаќа нервоза ми иди да му го искршам па пак да дава. Да слуша песнички ај ама гледа некои глупости на тел што не се за негова возраст и ете ги кавгите. Кажувајте како да исчистат шкртаниците од дете по Креветот??? Дете да се разбуди,да му дадам да јади и ќе одиме на шнајдер да ми го скратат фустанот и да го купиме за дете комплетот. Сите ми зборуваат да не му купувам кумата ќе го облечела. А што ако не го облечи? Сеуште ја нема да се јави ни за да праша што број носи. Деновите поминуваат,еве го пред нас 27. Сега сите ние облечени погодени а дете да ми биде батал не сакам не сум сиромашка за уште 2000 ден. Секако сето ова што го купуваме за носење на нас е со позајмени пари па тоа што дете ќе собери ќе вратиме. Чувстувам дека многу ве гушам со постовите мои. Но морам некаде да се истишам. Имајте убав ден
Кога веќе му даваат, бар нека симнат YouTube kids, се мести возраста на децата и нема видеа што не се за нив. Мојов до 3 не знаеше ништо што има на моб, ама онаа клиника не натера да му дадеме да гледа цртани на јутуб, зашто кој бил знае, 3-4ч дремење не ни бегало, дете почнуваше да се треска во ходници, мораше да го излажеме некако, па мм ја дозна апликацијата Јутуб Кидс, зашто на обичната како што викаш начекуваше и глупости. Јас не давам, ама како и јас вас, другите даваат. Еве го цел ден менуваме активности, цртани само на тв, ке дојдат домашните и одма бега да собере нечив моб. Инаку со што е ишкртано по креветот?
Прв пат слушам за ова дека можело така баш кога ќе дете ќе дојде со тел ќе побарам. Со налив е ишкртан на повеќе места.
Оф незнам, незнам ни што материјал е. Да испрскаш со течни за флеки, дома имам за флеки Frosch, Avaks, гледам аваксот има мебел на сликата, па пробај со нешто вакво...
Вечер мајки Леле колку било досадно без дете Го пуштив синко со баба и дедо на гости заминаа кај мајката и брат и на свеки на ручек ,мене ме болеше глава многу а мм беше уморен ,па свеки праша дали може да го земат реков може и еве веќе два саати со мм незнаеме што да направиме јас само ѕиркам дали идат ни фали бебе наше Немам нешто друго паметно да ви кажам ,не сум нешто многу анонимна ама немам никого од фемина на фб освен една членка со која се породивме во иста болница во сличен термин, ако некоја ме препознае слободно нека ме додаде отворена сум за дружба Убава вечер