Здраво и од мене, од кога не сум пишала... Полесно со две деца станува после 3-4 години кога ќе наполни малото. Да ве "утешам" вака најискрено... Полесно во смисла дека има разбирачка колку толку, ама ако се сојуз како моите... Не рекле џабе дека едно е ко две, а две како десет. Стекнуваме навика со тек на време, таа е разликата.
Шо бе, и други охриѓанки имало а јас да не знам Вчера прочитав дека третиот понеделник во јануари бил најдепресивниот ден во годината. Така да, до датумот било, не до нас Малиша е арен, се чуваат со баба дедо, јас на работа.
Си мислев без маж ќе ми биде поубаво (помирна главата) ама не бе, ми фали! Нема со кој да се закачам Како дечко и девојка бевме разделени 3 ипол год. ама еве во овие 8 години не сме ич делени и сум се одвикнала. И на синко му фали, само бара да му се јавиме и му вели тато треба да си овде Деновиве сум крш. Ми дојде циклусот, ме боли половината, немам сила а синоќа ме фати и мигрената Не да боли глава! Ми идеше да си ја одсечам од раменици и да ја фрлам Среќа што беше веќе време за в кревет, спремив дете на две на три, едно апче и сум дремнала 15 минути па кога се разбудив подруго беше. Не сум наспиена воопшто. Дете си заспива редовно во 8:30, јас дремам на тел. или на телевизорот до 1,2 како некој страв да имам. Ај што не спијам па само се шетам од кујна до купатило. Така некни вечерта на полноќ ми падна детето од спална Се изедов ко кучка Џабе беше. Не очекував дека може и тоа да се случи, голем е веќе ама ете... Сугурно се завртел да ме гушне а јас у купатило бев и се струполи на плочки. Секаква се направив во тој момент, сама си зборев ама џабе, дете си поплака Денес бев вредна, направив домашна паста. Ѕверот ја обожава и нон стоп ми бара. Направив со пола кило брашно малку таљатели, малку шпагети. Ќе има да шмука
За оваа тема експерт би била дефинтивно @danichap она нек се произнесе, она со 3, сите во 3 години период, хммм... Јас сега да забременам, а нема уште некои 6м сигурно, ќе имаме разлика 3ипол години, таман. Ама сигурно ќе бидат поише додека да забременам, па родам, до кај 4-5г ќе дојде. Ако де, ќе ми го исчува, или се лажам
Јас кога имав пет години се роди вториот брат и јас го чував. Додека не порасна викаше дека јас сум му мајка. А и ден денес сме многу приврзани, на брат ми најпрво му кажав дека сум трудна и барав совет и помош како да им кажам на мајка ми и татко ми.
Моите се по 2 години разлика. На помала разлика може помачно е на почетокот за родителите ама кога ќе помине периодот на пелени е тогаш е мераци, трите се друштво, рај за очи се кога се во фазон заиграни.
Ден мајки, ама како е тмурно може ноќ да пишам подобар синоним ќе е Бебе нани, јас јадев Тук и сега штракам на мобилен Деновиве бурни, викендов турбо Во петокот не спопадна една несреќа, уствари еден работник ни направи штета, па за да се донервираш се прави на тошо, за да на крај и си признае Го фати мм у тесно, не беше свесен дека се е со камери и поставен уред за следење бетер сме од Циа ама шта чеш, сигурно има ,,зашто,, Да не си раат, аман! Имаме уште неколку битни компоненти околу фирмата да се завршат периодов и кога ќе е ,,крај,, мислам помирно ќе спијам, ајде коцките се редат, ама дури се наредат.. Во неделата мм решил цел ден да легачи, супер, значи слободен ќе е, таман да си поигра со бебе Јас вредна, се распостелив со правосмукалка и џогер Цела куќа ја минав, ама како поздрав што бев толку вредна на десната рака имам плускавци, викам не сум јас за такви ми ти работи, нежна сум си Мм се утепа цупкајќи, сум му ја расипала неделата Бебе дел играше со татко му, ама дел ми ,,помагаше,, Јас пресмукувам он ме грабнал за нога и иде по мене, демек заедно чистиме, ама и бега од четката. Јас парам теписите он се радува на пареата Јас џогирам он иде по мене и добришува со тренерките Интересна му се виде правосмукалката, па не дава да го тргнеш, рика колку го држи глас, нејќе ни да ја пипне, туку да ја гледа само И едно 10пати ме соблече по гаќи се тегне, влече по мене, а мене широки тренерките, па нема, нема оп ми ги свлекол Инаку станавме во 7.20ч па ми се чини вечност траеше денот, море колку работа испозавршив се гордеам на себеси, само плускавциве Активирав и терасата, измив, уствари ја ззмачкав, ама доволно да пиеме кафе на сонцето и бебе да се љуља на љуљашката. Леле кои радости, па што викање и ,,зборење,, мавна и да кога стана мораше да ја прошета цела тераса и се да пофати, ќе биде интересно Вчера таман си реков денот ќе протече мирно и без поголеми инциденти, кога пред спиење бебе наполни пелената, ај што наполни не дава да му ја сменам леле кога фати да рика, да се треска, леле колку беше жален, одвај го спастрив некако на сред рикање се смири во детска да ја гледа ноќната ламба и окапавме до 22ч гледајќи ја Цела вечер се штрекаше и цимолеше во сон, душиче И да бебе веќе сака да си седи кај него во соба, интересна му е, дел од играчките и таму му седат, шарено му е, џиџано, па едвај чека прилика да кидне натака. Ако, нека седи таму, ќе седиме и двајцата, само деновиве под итно да купам некое теписонче, грев ми е на ламинат да си игра.. Веќе иде навелико, кога прооде, кога почна да шпарта низ цели соби, многу брзо растат, многу Журка по повод проодување и стапалки уште немало, чекав еден момент да мине, ете помина па деновиве ќе се организирам. Со ниет бев после да правам, но може ќе идеме да си ги земеме сликите од крштевката аха од крштевката од август месец Пред Нова едвај избрав кои слики ги сакам, ама девојчето културно ми кажа дека се во гужви со сесии, ОК реков ќе чекам, не ми е зорт Прееска ми ѕвони, гледам Фајри, еј викам што ме бараат од таму, па онака зачудено и викам повелете па ако може мм ќе тркнеме да ги земеме КОНЕЧНО Ако не ќе се плескам со стапалки Барем една доза да направам, уствари не ни знам колку ќе ми искочат, па може само и на тоа ќе остане. Најмалото калапче го оставив за себе, со другите две тетка ќе прави и реков јас со чоколадо и мрвици ќе се занимавам, она нека се плеска со фондан и слични пипавки, нека дојдат нејзините до израз, она нек се покаже Сакам и елката со нутела да ја направам, но да не е елка секако, па цвет знам, ама за стапалки ли цвет па никако да ми дојде идеа како да ја обликувам или да пробам ноџе а ама не верувам да имам толку време да осмислувам ноџе, па да кројам и виткам, би на нешто проверено и лесно И торта мислев да порачам На форумов сум прошла покрај анонимна Имам неколку на фб, а чим една имаш отиде анонимноста, така иде тоа море после френд @joy1 на фб нема кој не ме позна нема, нема само оп те видов на фб ми стига/ше лп. А па што глупо така, ако си ме познала и сакаш адни ме, ако не што мислиш да ќе правам јас со информацијата дека си ме познала wow ќе ти речам или Море и јас имав ,,очигледна,, слика на профилна и од зад, па ми текна скоро и сменив Може наскоро и ,,повеќе,, ќе сменам, ама да најдам убави сличиња, поточно да се сликам Инаку не нешто сум активна, ни на фб, ни на Инста, овде сум најактивна и најредовно следам, таму може едвај еднаш дневно да отворам и колку да сум у тек да пролистам. Ретко и постирам било што Еве кај е 14ч, тогаш ќе стане или ќе будам бебе, па да го наручам, јас кафе и чај ќе си шмркам и ќе си ровариме Деновиве хит му е да отвара/затвара теглички, кутии со капаче, шишиња, па везден тоа се прави, а му изгустира ново барам, па во палетата со глупости се вброи и шишенце од капсули, кутивче од маргарин итн итн Убав остаток од денот, гушкајте се
Убав ден мајки. Мене ми е досаден, а да ме гледа некој од страна не знам што ќе си помисли. Прво заспивам едно бебе, другото чека ред во креветче и додека пејам на едново да спие, другово ми се смее. После иди наредново бебе, додека заспие станало другото па го кревам в раце да поспие уште малку, а јас на фемина да чкртнам нешто. Завчера роденден на свекрва па и купив тава од металац, ептен се израдува. Нека готви за сите. Сега во план сум еден готвач на пареа да земам, мажот ми ме зеза дека свекрва готви на плин, ќе ја зголемам сметката. Јас активна сум на инстаграм повеќе посматрач и гледам периодов многу инстамами има, отекуваат. Реклами си прават, си се фалат меѓусебно, блогови некакви, шо знам дури и лајф видеа колку им какала бебушка. Валјда фаќаат и некои спонзори, ептен се актуелни. ова е некој тренд моментално. Поим за модерна мајка. И ај да не превртувам очи, не се сите такви, но повеќето се антипатични.
Добар ден мајки Малото спие, двете дади во градинка, јас истегната со кока кола и сончоглед. Кафето и тирамису веќе ги лапнав, да не ме мислите . Сабајле бев да прашам за торта, за средново, за роденденот. Можеле името да и го пишат, ама за се друго немало време. ОД Берлин морало да ја нарачуваат тортата ако е покомплицирана. А не сакате да знаете преку колку ридови и реки од Берлин сум јас . Сфатив дека во старото село малку поарни беа, па од таму ќе нарачам. Ама едни лебчиња што имаше, душа меки, па и благце, си купив. После, пред да ги земам момите од градинка, ќе нарачам од другата. Стасаа и роденденските поклони, ама ги скрив. Ако им се во видик нема да преживеат до недела. Треба да стаса и боца со хелиум, да полниме балони. Се надевам нема да утнеме нешто. Не сме белким до толку завалкани. Сум поминала и јас од кај анонимноста. Имам некои од тука на фб. Ме потсетивте дека немам проверено во поканите за пријателства. За деца на блиску да не правам ич муабет. Големата беше 9 месеци кога останав трудна со второто. А второто беше 4 месеци кога останав трудна со третото. За нешто плус од 2.5 години три деца родив Па и третото беше итен царски, како шлаг после два спонтани. Нема да заборавам, лани зимото. Двете деца со 40, маж 41, јас со стомакот толкав пред пораќај исто болна и горам. Мора цела трета бременост на клоци ја истерав што викаат старите. Не препорачувам. Ама кога веќе дал бог(ај да не речам сме го направиле), нека ни е живо и здраво. Сакано и гледано секако ќе биде. Ништо паметно не кажав. За крај, да ставам една парола, шега на моја сметка, користете кондоми. Убав ден мајки.
Ти си супермама, едвај чекам да дојдеш една маица да ти испринтам и да си ја носиш со гордост, ма ја заслужуваш 100% Кога е нешто веќе да викам не можам и маж ми веќе ми вика, а на Дани како и е Затоа те наградил Бог со три прекрасни моми, која од која помили и позлатни, убавици на мајка, а еден маж да ве слуша сите 4 Јас ако останам една жена на све мажи, ќе биде весело богами, со машкуданци по дома, сакам една мома да ме израдува.
Сваќа ако не ме пофали кој друг. Верувам дека голем дел од нас имаат проблеми и тежини од различен калибар. Дека секојдневието не е секогаш розево, дека некогаш и со последни сили ја ставаме насмевката на лицето за најмалите или ги обавуваме куќните обврски... Посакувам никаде да нема проблеми, сеедно здравствени, финансиски, брачни...но на жалост животот не е секогаш розев. Секоја планина со својата тежина. Тука сме барем малку да си олесниме една на друга од тој товар преку пишан збор, утеха, совет. А вие сте тука секогаш за мене и сум благодарна за ова виртуелно катче. Сите сме супермами за нашите најмили.
Да се пријавиме и јас и куклево мое во тимот врискачи. Ми ја пукна душава шо би рекол Серѓеј... В раце е 24/7 само кај мене нормално! Модрее во лицето од плачење ако ја легнам во креветче. Спиење дење по 15мин максимум на 3 часа плачење му иде. Капки за грчеви и давам Колиеф, девојчево се прецицува пошо само така се смирува, па после тоа една тура какање и повраќање и пак почнува со плачки. Лиценцето и е цело со мозолчиња и црвенциња, незнам дали од топло или од едно плетено ќебенце ама мислам од топло е. Моментално спие кај мене во скут, ставив перница и ја легнав така, ако ја ставам во креветче одма ќе се разбуди.. Наполнивме 40 дена па од утре веќе ми се најавија гости и тоа и за попладнето и за вечерта, а јас катастрофа, немам време да исчистам а не пак гости да чекам. Најтешко ми е што кога ќе ми дојдат луѓе нема каде да ја дојам малата, свекорот е во дневна, во спална е ептен ладно.. Аман да најдеме стан веќе еднаш! Од една страна пекаме да најдеме стан, од друга пак сакаме да си одиме од градов. Мртвила е луѓе! Жив човек по улица нема! Останати една рака луѓе, работат за мизерни пари и одвај преживуваат, останатите заминати во Скопје или во странство. Ај да смислам шо да ставам на маса за луѓево утре, да не си трујам душа со глупостиве па се надевам свекрва ми ќе ја причува малата додека пазариме со мм зошто кога и да го пратам купува сам се од најскапото шо ќе го види зема, па кога ќе му се тутнам вели дека ако купел друго ќе сум му викала дека глупости купувал Не ја однесов малата на голема молитва , ладно е, доволно е плачлива уште да ми се разболи ми треба Почитувам вера ама неможам да малтретирам тоцкаво детенце на овај студ и загаден воздух да ја шетам, а и сметам дека доволно е да ги почитуваме божјите заповеди. Ајт со здравје! Дојде време и јас да се искапам
Ден ДојдоФ да се пожалам немам никој на фб освен братчеда ми што знам дека е она.Дали сум анонимна не знам не ми стигнала лп ТЕ ЗНАМ На фб не ставам слики и многу слабо го користам .Се решив од таа зависност.Го имам од 2007 еден колега ме зарази.Кога во 2017 ми стигна 10 години на фб ме удри како сум истрошила драгоцено време за глупост.Па го исклучив и ми беше 1 година исклучен, ама изгубив контакт со многу луѓе и пак го активирав и пак не кимуницирам Јас лани бев најакивна во темава за неспиењето на малата заедно со Реин. На малата пак и се растече носот , а што убаво си бевме здрави.Читај и мене исто Одам накај градинката и типкам.Абе ладно оваа недела до -5спаѓа. Снег не ни заврна за да се лизгане ама колку прашина да има стои цела недела Ај поздраФ во градинката не смеам телефон има натпис "Зборувавте ли со детето денес".
@Sandrin4 ние од Охрид нема шанса да не се знајме, ако не поќе од извиџење п.с. косата за 5ка ми испадна, си се кејфам, фали уште некаде да ја прошетам
Се вративме на старо... А не можам да и сменам памерс на сила се чувствувам лошо. Некако ептен насилно ми е... па еве пола саат зборам за да легне да и сменам памерс и ќе се вцрвеми и маркетите ќе затворат... не знам што да правам. Ова со памперсов ми е врв. Пукам. Ја оставив да плаче и пишувам. И ја сум за никаде.