Ај од мене пред бегање едно здраво! Вчера на одење од работа паднав свиткав нога, ама убаво свиткав, сега сум заникаде. Отечена нога, болна, колено удрено и модро, болно, едвај се движам. Не бев крива, не се гледаа лушпи од овошје на земја со кал прекриени и се лизнав на нив. Ако сакам можам да тужам ама не ми се замара баш. Дете ко да почнува да се предава, ја прифаќа женана, дури и јадел и се смеел, и заспива без проблем. Со нас навечер ич не заспива, не сака да спие и крај. Навечер баш се разигрува. Вчера и гости имавме и мирен бубачка, а оно си отидоа овој збесна. Мислев како си отидоа одма ќе заспие, ама не, он се разигра. Па мајмунлаци, нејќе да спие во креветче, до нас на кревет, а го спуштиш во креветче вреска. Е кај го има ова. Ајде, време е за домче, ќе ми дојде превозот. Убав ден!
Добар ден. Кај нас убаво врне дожд. Мали спие, јас кафе и фемина. Ништо ново кај нас. Минатата недела го вакцинирав малиот Мрп сега за сега е супер дури и апетитот подобрен! Мака мачевме со јадење сега е супер ништо не одбива. Проблемот со памперот и ние веќе го имаме веќе скоро месец дена се е со молење. И затоа еве сега недела дена само со гаќи сме по дома 24/7 сме на нокшир или по негово,,ТУТЕ". сега за сега р супер. За анонимноста знам и ме знаат четири феминки.(можда се и повеќе што ме знаат,нека ми пишат слободно да се запознаеме) Не се кријам, повеќето ги имам сретнато низ Фб групите и така. Но немам никого на Фб. Друго маж спрема стан кој ли ќе патува сам со синко не ми се ич мрда. Затоа и си одложувам одењето за Немачка го чекам маж да дојде по нас сама не ми се нафаќа со ова мое црвче да летам плус багаж плус плашливко од дете имам. Тоа е позз.
Ај добар ден. Дете желба изрази да спие кај мама во прегратка, тато сакал мама кај него во прегратка и се е во круг Ама изгледа само од дете желбата ќе се оствари, татко му пред сите задрема Не го сакам времево, знаете веќе, особено со воздухов и монотонијава дома.... Пред малку си се изнапишав со една турска страна за облека, јас прво на македонски они туркиш, јас на англиски они пак туркиш. На крај битно се разбравме со фала и поздрав иако моделот што го барав го немале. Синко оди по некој саат кај моите, му поминува таму време, па на час по англиски, па ќе дојде некој... Завчера прв пат во 4 год, спиеше кај моите сам. Јас и порано се имав изјаснето, се додека дете само не посака да остане сам на гости, нема да притискаме... Ете бидна и тој ден, сега сакал 6дена да седи Мм е дома, имаше огромен притисок во главата и вратот од работата, секој ден по болници, плус психички беше малтретиран од надредените, за минимална плата и денес пресече, откажа. Среќа, може во секој момент да најде друга работа а и домашната што си ја има не ја остава. Анонимна не сум многу на форумов, имам неколку пријателки на фб и инстаграм. Да префрлам дете на кревет, нека одморат со мм. Ве гушкам!
@Belabelinakinder сите имаме и вакви и такви периоди тука знаеме и да се жалиме и да се фалиме, ако ти олеснува кога пишуваш ич да не му ја мислиш за негативната или позитивната енергија Ние дома монотоно, дете побесна денес нема веќе што не направи па и малата око нема цел ден склопено. Околу 10 помина патронажната и како што ја разбуди да ја види ми се чини се и се испоремети само кенка ќе дремне десетина минути од нога и се буди, ете ја пак поздрав засега заминав
До сега чистев со правосмукалка и приметив дека моево бебе ужива во звукот мислев дека ќе се плаши а таа зева дури и се приспива,а прилично е гласна правосмукалкава да се чудиш...
Такви звуци им годат и ги смируваат бебињата т.н. white noises на youtube има компилации од звуци на фен, смукалка, бранови и се препорачуваат кога бебе има грчеви како и за успивање
Добра вечер! На кратко да ве поздравам, некако не наоѓам време овие денови, се некои обврски, некои термини,некои договорени средби и така. А и малава ми е збесната па ме изморува до бескрај, немам време да седнам на лап топ, а телефонот го кријам од неа оти нов ми е па интересен и се виде и пројавува желба да го зема. Денес и кај нас снег, деца сите надвор на снежни лудории. Малава се израдува утрово кога виде снег, па по пижами тргна да облекува чизми, ќе одела на снегот. Едвај се разбравме дека по пижами не се излегува надвор, а камо ли на снег. Тантруми ли се што ли се, ама пред две недели беше разбрана и умна, сега збеснува и ништо не слуша, само се инаети и прави се што ќе и кажам дека не треба да прави. Се поуморна и тоа повеќе психички отколку физички сум, не спие веќе извесно време преку ден, односно ако спие еден ден, наредните два нема да спие и така. Друго немам што да кажам еве се успиваме кај и да е ќе заспие, па имам работа на лап топ, му помагам на сопругот околу еден проект. Поздрав.
@Bella* мислам еден период пола мајки од темава ги заспивавме децата со звуци на правосмукалка и фен за коса Секогаш успева @TutiFuti средивте бе тути?Доаѓате конечно или не разбрав најдобро Многу ми е мило ако е така,и време е да сте сите на купче Него, и јас знам само 4 феминки,и еден од модераторите препознав,другарка од детството не сум и се јавила затоа што почитувам туѓа анонимност а и своја Ви пишувам од вц Мали е заспан ама Могли побрзо заспива сама Утре одиме кај педијатар за да не упати каде и што околу одењето Мм замина на раабота,трета работи Ќе успее сабајле да не однесе во градинка а како ќе правам за враќање и оставање мали сам не знам Денес 1 час остана за утре не сум нај сигурна ама би требало час и половина да биде сам Кај нас стариот снег уште не се стопил и денес нов падна уште вее... Ми се здосади искрено,макар да можевме да излезиме и да се санкаме Уморна сум,незнам ни што би пишала повеќе Имајте добра ноќ
Не знам што се пишува после 7 месеци... Пробав да ве прочитам, ама ако пак се натерам да ве прочитам пред да пишам, ништо нема да направам. Од кај да почнам.. )) Ако некоја некаде ме тагнала, се извинувам, имав 148 нотификации кои не ни можам да ги видам сите - само последните триесетина. Од последното пишување милион збиднувања - бевме во Македонија во јуни, па почнав на работа од јули на новото место (фино е, задоволна сум)… па во август бевме на одмор на Форментера (преубаво поминавме)… па во септември пак во Македонија.. октомври пак на викенд.. И после тоа во декември пак. Ќе прашате кога работев... Многу било полесно кога работиш 7.2 саати дневно, иако не делува така. Во меѓувреме имавме различни тури гости (кога бевме тука) и беше скроз весел периодот. Ме фатија некои кризи само пред враќање во Македонија сега во декември.. што правиме, зошто сме тука.. кои до пред недела дена ме мачеа. Се уморив од прашување и себеиспитување, и реков пауза. Штом не доаѓам до точен одговор, мора да одморам малку, да ги оставам мислите да спласнат. Туку... Живот. Се запишав на фитнес во ноември, конечно да слабеам, и демек после празниците и симитите во Скопје верно ќе се предадам на вежбање и УН диета. Ама не знам колку тоа ќе ми успее, со оглед на тоа што видов речиси позитивен тест (премногу бледа втора црта). Тоа е нормално за мене, заради касна овулација. Исто беше и со мачорка првиот тест кога го правев. Made in Macedonia. Ако сме надвор, многу патриотски. Еден обид (кога најдовме прилика), немавме заштита. Маж ми пресреќен уште па ми вика - добро е што вака испадна, ќе се вративме и ќе ми ги шлапнеше кондомите, па ќе се одложеше бог знае до кога работава (како што и веќе се одложува 2 години). Мислам дека му се смачи да ме чека да ослабам. А јас задавена во некоја самосожалувачка фаза која ја лечев со кока кола и чоколада.. никако не успеав да најдам упорност. И сега изгледа сум трудна со трицифрен број на кила. Од една страна си судам, од друга страна готово е. Џабе ќе се нервирам сега. Па решив да си купам фолна, да си закажам преглед, и да продолжам со режим на исхрана, секако без гладување но со огромно внимавање. Си купив уште еден тест за викендов, ама буквално ми е history repeating. И тогаш правев еден тест, па се јавив кај гинекологот, ми рече за една недела втор, па за две недели преглед. Сега тука ми закажаа на 13 февруари. (И тогаш беше 13 ама мај). Се надевам дека е сѐ во ред, и дека и покрај стравовите ќе биде сѐ ок. Не знам што сум целата сега блесава, само романтизам нешто, си замислувам... Ама едно знам - некоја од вас што сте тука ќе ми треба да ја изгњавам во однос на прегледи, чуда.. сѐ ми е ново и непознато. Патем, ни на мајка ми ѝ немам кажано, си велам - да не ја радувам пред време.. нека помине прегледот. Ама не знам дали ќе издржам да не ѝ кажам, земајќи во предвид дека сме блиски. Има на светов дебели трудници нели? Не сум сама... Извинете што не ве имам сите прочитано, се надевам дека нема негативни случки, а јас си бамборам сега чуда...
Со лесно да си ја износиш бременоста а за килажата да не се секираш во твоја моќ е, исфрли од исхрана тесто и благо, ем ке му годи на бебе и нема да ставаш на килажа. Кој најде да ти каже ама ако не ме бидува за применување за совети давање добра сум Јас бев од тие покрупничките бремени, почнав со 85 и јас како тебе имав неколку месеци започнато да вежбам и имав ослабнато некое килце ама марфи и кај мене бидна што бидна еве ми спие на гради нека е здрава и жива. Заминав преку стотка сега сум на 93 ама ќе се слабее. Од толку што сум изморена ми се чини се имам исушено качи се на вага исто стои не мрда. Ама доручекот, ручекот и вечерата ми се на полноќ, а пред тоа преку ден попатно што ми дошло при рака. Ексик за моите 175 висина идеално би било 65кг а јас и со 70 би била маче  Ај валда ќе ме биде П. С. Дебели сме пред и после бременост, измеѓу сме само трудни
@Kaetana Многу ми е мило честитки, те гушкам Еднаш ми пишуваше на вибер.. знаеш за што, ако сакаш муабет за таа работа бујрум. Добра вечер на сите. Денов како и обично турбо. Најдов време да здивнам од се, омекшувачот оној ленор плавиот преубаво од секогаш ми мирисал.. па додека спостирав алишта мирисот ме врати години наназад Подготовки во тек, од утре лека полека ќе почнам да плескам по нешто, кифли мифли. Тоа е меракот е голем. Во петок торта ќе правам Сакам да одам до некој така поснабден маркет за украси и декорации на тортето оти лани со фонданот ја завркнав работава џабе парите све отиде во канта оваа год одам на сигурна варијанта. И кај нас денес снег, само што станавме не да сум се изнанадила и на тоа малкуто што падна и обеле па си вејуцкаше така убаво за да на крај изгрее сонце и све растопи. Толку од нашиот снег од неколку часа. Или нека паѓа или нека дојде пролет нека се реши веќе, ама рано е за до пролет тек уште два месеци Што друго да кажам не знам а и немам концентрација ич.. кај да е да одам да си легнам и јас.
Малата ги бања бебињата, лепевме до сега со колаж, па сега и наполнив кадичката малку да одморам. Да соберам сили за ритуалите за спиење. Денес преспа преку ден, па целиот вечерен ритуал се одвива еден час подоцна. Вечера, миење заби, пиење витамини, пресоблекување, па во спална читање на приказни и пеење песнички. И конечно мир и тишина. Синоќа успеавме убаво да си поседиме со мм, иако бев на штрек само, ама си спиеше мирно дете. Некогаш како бебе да е се потресувам, аман, морам да се ослободам малку. Се учиме уште со трпението, многу ми е важно да научи да е стрплива, знаеме сите колку важна вештина е во животот. Ние сите толку брзо се нервираме, немаме никакво трпение за ништо некако. Не и давам веднаш штом побара нешто, не прекинувам нешто што правам за веднаш да и удоволам. И велам ајде малку трпение, земи поиграј си нешто додека биде ручекот, или додека измијам садовите, Или си правиме муабет додека мијам, некако да си го помине времето без да се нервира. И гледам дека има доста напредок, кога каснам со ручекот и викам дека ќе биде за десетина минути. Ми одвраќа само добро и си се занимава, без да ми виси над глава. Или кога ми бара сокче, а јас мијам садови, и велам да измијам садовите, па ќе и го направам сокчето. Пак нема проблем. Само кога веќе и се спие, е тогаш се е проблем. Умна е, се разбираме, иако некогаш навистина знае да ми ги притисне копчињата, како и сите деца. Многу ми е жал што нема своја соба, а ептен сакам да си има катче приспособено за неа, со сите играчки и без опасности. Ама... Ќе почекаме. Уште не сме начисто со статусот и не знаеме точно што да правиме. Се надевам ќе решиме нешто наскоро. Јас не се осеќам некако затупавено, да, заборавам повеќе, мислам дека е поради неспиењето, но во глобала супер ми е вака. Никогаш не сум била фан до толку на дружење со луѓе, повеќе сум за читање книга или серија и уживање по дома, па немам некои проблеми на тој фронт. За женските деца, што да се каже за тоа размислување, среќна сум што моите не го делат и не нѐ делат мене и брат ми. Сакам и јас за ќерка ми да имам што да ѝ оставам, да има секогаш дом каде што ќе може да се врати. @Chanell* не си веќе другарка со неа, нели? Како можат такви коментари да даваат, ептен ми е грдо, дури и за физички изглед, просто до крај ми е, секогаш избегнувам да коментирам. Додека допишам се средивме и заспа дете, па сега одмор малку. @Kaetana многу ми е мило што те читам во темава и со убави вести. @Mari* се надевам ќе се среди могли со ноџето наскоро, мислам сите од темава чекаме да стапне на него. Имајте мирна ноќ сите.
@Kaetana бее х милион Со лесно и ти посакувам бременост како мојата,повеќе од 15кг ослабев а и јас бев близу 100че тогаш Сеа су џо манекенка Шо и да ти треба тука сум и јас @RainBow ти благодарам Као ќе легнев порано ама шипак ја прочитав каетана и сеа ќе неможам да заспијам
Оваа вечер се враќаме сите на темава изгледа. Поздрав до @Kaetana и со лесно бременоста. За што и да треба пиши, ептен ми е тазе. Јас ве читам кога можам ама за пишување време нема многу Бебето има овие денови поизразени грчеви, а *големиот* батко тера инат, особено кога треба да спие. Вчера го наплескав убаво и после ми беше премногу тешко па си викам ако несака да преспива преку ден нека не преспива, али од друга страна се гледа дека му се спие и станува нервозен како се справувате со овие ситуации? Имавте спомнато за одбивност кон бањање. Мојот несака косата да ја мие. Вреска, плаче мислиш го колам. Ама најдов решение го ставам во корито и со пластично и го поливам Околу анонимноста на форумов немам баш што да кажам, имам некои членки препознаено по групите ама не сум ги аднала а не ни планирам, сепак тука се пишуваат и лични работи и не би сакала некој да се чуствува незгодно. Јас ич не сум активна на ФБ така што неможе да ме препознае некој Ве поздравувам сите и се надевам повеќе ќе ве дружам.
@RainBow Ма најдобра другарка ми е, што ми е најкриво уствари. Се немаме видено со месеци, и она ставила во меѓувреме на килажа многу, приметливо ептен, ама кога ме праша дали била здебелена и реков “не,иста си ми”. Ама она не ме поштеди од тој грд комплимент Штета. Јас само на мајка,татко,сестра и маж можам да искоментирам околу физички изглед. И тоа го правам на шала повеќе. Вака незгодно ќе ми биде на друг да му плеснам. Бебе со Т после вакцина, ја следам цела ноќ. Пред легнување 37.9, во 3 ја разбудив 38.3. Гореше. Цело време се врти, тешко спиеше. Ма не чекав над 38.5 како препорачуваат, дадов Далерон, ја расоблеков за да се разлади, и едвај дочека за пак да заспие. За секунда презаспа. Од кај знам, ако не дадев може во сон да качи повеќе, а да не сетам ништо, па да се мачи дете. Пусто,мајка.. око не можам да склопам. Како ли ќе функционирам утре ...
@Mari* да конечно можам на раат да се издишам. Е сега станот го зема мм скроз празен. Па почна едно по едно да зема да купува.. ноо пари не достасуваат и зема основни работи нешто од наредна плата ќе земе уште нешто. Дај кажете ми дали може да земе на исплата на рати некои предмети? Има земено договор за работа за 6 месеци а од кога ќе изминат тие 6 веќе за стално ќе земе договор. Дали ќе има шанса со договорот да му одобрат исплаќање на рати? Од Икеа,Пако....и други продавници за мебел и покуќнина? Ај малку вие од Немачка упатете ме како оди тоа. ( му викам на маШ немој да зимаш одма машина за алишта перење ,Јас ќе ве перам рачно оти стварно сега е трошок за почеток и тоа да се земе) . Како и да е можно е и Февруари да си го иседам у Мк, дури мм земе уште некои основни работи за станот. Другото после е по лесно. Не е нај лесно ама ќе биде. АЈ ДОБРО УТРО СЕГА! Ги слушам олуците тапкат ли тапкат... Нека врне , сега а после 10-11чадот да престане треба да излегувам и по шалтери да се бафтам плус дете ќе треба да мкнам со мене. Ама чудо од дете е освен што во вц одам некогаш и тоа ретко сама никаде без него не одам. Него да одам кафе да си ставам. Имајте убав ден .
@TutiFuti па во Немачка нема полни станови Има ако јас ти го издавам мојот на 2-3месеци или WG- стан со повеќе соби да користиш една За на рати не знам дали има врска да не е на Пробе цајт -тие 6 месеци што ги збориш.Нека оди и нека праша.Ама мислам пресметка од плата барат и битна им е висината на плата, на ќирија и колку членови живеат.Внимавајте некаде викаат 0% финанцирунг на крај има камата.Ние сега сакавме нова маса да си земеме баш на рати и читам читам вика со годишна камата толку и толку.Па се изнервирав и ќе си ја платиме во готово.Ние се зедовме во готово.Само сушарата на рати ја зедовме по 50 евра за една година не ја осетивме на сметка.Сатурн и Медиа маркт се 100%без камата. Најтешко е да најдеш стан, средувањето ќе оди постепено.Нека види на ебај -kleineanzeige има многу што поклонуваат работи па може нешто да биде ново.Ние го поклонивме нашиот стар кауч .За 2часа од огласот се јавија и одма го зедоа.Така да треба и брз да е. Кога ќе одиш таму и ќе му готвиш на мт сигурно ќе заштедува повеќе отколку сега што си купуваАма плус и од жената топло јадење и вкусно Тешко е сваќе кој не го минал ова не знае ама најважно е да сте сите заедно и да си се гушкате А кога ќе почнеш и ти да работиш ќе нема зима @Kaetana со лесно @Chanell* мене во ист контекст сестра ми ми кажа .Како леле колку си дебела и колкави ти се градитеА јас 63 на 170.Кога доев бев малку подебела отколку цела бременост.Ама бев среќна дека моите големи гради кој не беа само естетски украс ,туку ми го ранеа бебето 13 месеци.Јас се навредив ама сега е таа трудна па енос е 6 месец а е 70кг ќе и вретам.Јас бев максимум 68кг со 57 стартував.Она е и пониска.Ако не те бива за комплименти немој ни да ги даваш е мое правило.Никогаш не можам да приметам кој се здебелил кој ослабнал ако не е екстремно.Ама пак не давам комплимент и за славеењето може да е од нервози и дебелеењето. Стигнав на раб а уште сакав да пишам
^Сваќе не се сите празни станови. На мм другари пред месец дена и двајцата најдоа со минимално намештај вклучен во црната од киријата (кујна скроз опремена беше,спална лежај имаше и еден гардеробер вграден во едниот стан во др дел кујна имаше ама пак затоа спалната и дневната беа фул.) Така да нас таква ни е среќа се од нула да започнеме. Фала на совет .
Ми се спие ми се плаче на работа..сум седнала и дремам од што веќе немам сила за ништо.Многу сум уморна, многу ми се собрасиноќа до ниедно време со малата на инфузија, многу лошо не и се подобруваше состојбата и мораше така...аман што ми направи таа вакцина капак на се ми се јавуваат мали тенал температура и ајде и него да го ѕирнат и крвна слика и искочи реакција од вакцина и среќа за брзо му се смири.... Мислам дека сум како зомби..неможам пак да земам боледување некоја лоша атмосфера има на работа и се мрчи само, па се организираме со татко и да ја чува. Ај да одам само се жалам, се надевам следно ќе биде со позитивен пост...... ај од мене едно може и повеќе
Хелоууу. Една недела на поседок ни се здоарни. Немаав тел во рака фатено,синојка дури ве исчитав па денес да ве поздравам. 2 дена бевме до кај тетка ми во село и помагавме за празнициве,па 2 дена кај сестра ми и 2 дена кај моите. Сме се изнауживале.Јас уморна,фатена во врат од промаја ама битно синко се изнаужива о изнаигра. Како што е болежлив ќе чекам сега некоја тт или некоја кашлица Ќе го оставиш маШ една недела сам дома и кога ќе дојдеш Ете ми иде да го натепам.Втора е неделава,правел стани,замини на раб,врати се ,легни. Дури ни огон не палел,ми иде да го натепам. Не можам да затоплам една недела сега. Имав алишта на тераса кога одев,му реков да ги собере.Ги собрал и си стојат така куп на фотеља.Не му текнало на сиромашкиот да ги здипли и распредели. Го чекам да стане,па да му отпеам песна,да оди отпеан на работа. Да се фалам,жалам немам ништо,да севратиме денес на монотоно секојдневие. @Kaetana друшке Си ме издрадувала. Сестра ми остана со втората бременост со поголема килажа,се поправи само 5 кг,ама после бременоста симна над 20 и изгледаше тип,топ. Одам јас се буди мм Ако слушнете на вести тепачки,ова,она ние сме да знаете.