Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп тути. Не можам да ти пишам јас.
     
    На TeddyGrey и TutiFuti им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.453
    Допаѓања:
    138.783
    majki bee

    шо се нервирате ако некој ви каже дека сте дебели...
    јас на сите им викам, сите ми викаат. И ао ми рече некој, викам вака сум поубава. Ич не ми е гајле. Сакам да ослабам за здравје, а за лепота маж ми вика дека него сум му убава и доста е. Имам другар секој ден вика, то денескаподебела си. Јас сеогаш викам и поубава од тебе. И знам дека од милост го вика тоа. не дека ме мрази. брат ми ми има речено дебела си. Му реков, мама тебе те роди паметен мене убава.

    Нашето тело порасна, одгледа дете 3 кила, доеше 2 години, ни се смени кичма, мев, колкови, коса обновивме, цицки до колена, кожата ни се смени... СОЗДАДОВМЕ ЧОВЕК!

    И дебела сум била.... не бе, јас сум чудо на природата, какво дебела. Јас во мене одгледав цел еден човек и секој ден давам дел од себе за тој човек. произведував млеко, правев храна за тој човек.

    Не сум дебела, јас сум цела една куќа која 9 месеци беше кујна и дневна и спална и веце за едно човече. Од мевот кујната ми отиде во цицките.

    Како може да сум дебела јас? Јас сум дом. Мека сум и моето дете спие на мене како на душек. Пола спална ја зафаќам :)
     
    На Sanja1105, V.odolija, Mimmi39 и 50 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.259
    Допаѓања:
    37.071
    Пол:
    Женски
    @TutiFuti Ние за машина прашавме во EP Media кажаа само картичката од банка и пасош. Ама не зедовме па не знам дали ќе испаднеше на крај дека не може.
    Во Marktkauf само последни две платни листи, пасош и доказ дека живееме во Германија. За на рати се ова пишувам.
    Може и директно онлајн на рати од многу продавници. Не знам, никаде не спомнаа договор, само платна листа.
    Ако следиш на ибеј и шпок можеш да најдеш исправна машина која се подарува или за ниска цена. За почеток супер ќе е па со тек на време ќе ја купите најскапата во готово хаха.
    Совет ти дава човек што скоро цела година живееше без машина. Ама додека најдов што како за превоз отидоа машините, а три исправни најдов на ибеј од кои две додека пишав одма ги подарија. Треба цел ден да следиш. Така за малата купивме тротинет пет минути откако го објавија.
    Те читам три пати и си викам не е можно да се надеваш на позитивен тест, а во тежок период сте сега. Па четвртиот пат прочитав дека е пост, а не тест. И ја сум ненаспана.
    Не знаев дека имаш и поетска душа. Преубаво е напишано. Пренајубаво.

    Ја многу сакам дебели жени ама така моќни полни со самодоверба кои рушат се пред себе. Значи не е до дебелината. До самодовербата е.

    @Chanell* Може не мислела лошо. Една другарка моја цело време си викаше дека имала цицки како крава и ја викавме Марија млекарата ама си правеше шала на своја сметка воопшто не и сметаше.

    Еј замислете дете заспа, средив пред стан, купатило дури и исчистив, спална и ходник. Уште дневна и кујна ама оставив за кога ќе стане малата. И се мислев дали да почнам пост на фемина да не се разбуди ама видете колку испишав.

    Се нервирам што нема ниедно дете никогаш во паркот. Зошто? Прочитав на таблата да не е случајно забрането одење во зима ама јок нема такво нешто.

    Жената ми предложи вторник и четврток да ја носи како во градинка по 3 саати. Односно таа е убедена дека ќе ја носи, а и ја ама и реков да размислам до денес.

    Денес прашав да си одам порано од работа дека малата на почеток од болна е и шефицата ми рече одма да одам дека децата биле најважното нешто на светот. Прво децата па после работата. Ние сме во потоплиот крај на Германија па и луѓето се потопли.

    После имаме термин на педијатар. Ќе го прашам за осанитот, за следната вакцина, за помош со неспиење и нервоза...

    Многу убаво спие. Може дека долго бевме надвор во парк се изнаигра па сега во топличко дома убаво си нана.

    На времево подобро е во парк отколку во игротека.

    Ќе заборавев. @Poppins или @Lolipop23 некаде имавте објавено линк за важноста на свежиот воздух ама не можам да го најдам. Дали ќе може и тука линк?

    Убав ден!
     
    На Ano, supergirlmb, karibian и 25 други им се допаѓа ова.
  4. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,

    Прво да се надоврзам со темата "дебели"мајки .
    @Cka колку убаво си напишала. :l:
    Кога се породив бев огромна со 100 и кусур кг, висока сум ама тоа верувајте овој пат не ме вадеше :rofl:
    Кога си ги гледам сликите се чудам колкава сум била . Ама си јадев многу, хамбургер од 7ца ми беше на мени 2-3 неделно, чипс со секакви сосови и слично. Тогаш искрено не ми беше гајле, бев пресрекна што бев трудна.Но после порагај ,една операција,па напад на жолчка,па не можев да добијам итн .Здравјето ми се поремети скроз. После порагај ослабев неколку кг, но не личев на ништо. Минатиот февруари почнав со диета, ослабев -15 кг и еве до ден денес сум на истата диета,со некогаш по некоја грешка и сум -20 кг сега за сега.Покрај тоа што сум си убава сама на себе, задоволна, циклусот ми се среди скроз.
    Кај мене тој вишок на кг направи голем проблем со здравјето.И си ветив дека веќе нема да се повтори тоа налудничаво јадење.
    Секој , некогаш имал проблем со вишок килограми. Никогаш не сум осудувала дебела жена, а не па мајка која има бебе/дете. Секој треба да си се сака онака каков што си е.Ако си осети потреба дека е премногу тогаш да превземе нешто во врска со тоа.
    И мене ми беше убаво кога си лапкав сендвичи од 7ца и си бев дебелка ама затоа летото не можев да се облечам ко што треба ми идеше со фротирка покриена да шетам надвор. :rofl:

    Вчера ми беше многу тежок ден:tmi:Сакам само што побрзо да дојде Јуни. Не би да коментирам повеќе околу тоа .На никој не му посакувам ова.:x Има една светла точка и за таа ќе се држам цврсто и не ја пуштам до крај . :sweat:

    Денес и е роденден на свекрва ми . Сабајле и го дадовме поклонот . Се израдува мнг. :inlove:
    После ќе дуваме и торта.
    Не би знаела што друго да кажам, секојдневие исто .

    Да одам да си се спремам и да фатам пат за дома. Да гушкам детенце:hug:

    Убав ден :f:
     
    На Ano, supergirlmb, karibian и 28 други им се допаѓа ова.
  5. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.312
    Пол:
    Женски
    Добар ден се заспиваме со сино лежи на мене да напишам нешто да не ме карате секој ден исто синко е спанко до 10 спие а навечер 11 си е легнат е само синоќа заспа во 10 и 30 во 12 се разбуди па си легнавме во спална очи ми извади само да брца со тие прстината од двај заспа па го префрлив во креветот. Инаку сам заспива во кревртче. Преска го прошетав низ населба сега нека спие денски спие најмалку 2 сати а најмногу 4 :) има време се да направам и да одморам.
    Сте правеле муабет за кг јас на порајѓај заминав со 100 кг сега сум 80 а кога почнав со терапија бев 69 ако сакаш ќе ослабиш и јас не живеам за другите битно мм ме сака секако и слаба и дебела , а за фб имам и ако сака некој нека ми пише порака не се плашам дека некој ќе ме препознае;) убав ден на сите
     
    На karibian, Monella, gjoker4e и 22 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.486
    Допаѓања:
    288.145
    Добар ден мајки
    Стандард. Две во градинка, третото спие, јас со кафето и фемина.

    Како втор ден да почнал од сабајле. Додека спремам кутиите за во градинка на децава, нив да ги спремам, јас да се стокмам за да не изгледам како од поплава избацена...ќе ми се смачи:tmi:.
    Стандард бев и до Лидл, па и свеки ме дружеше. Си купивме исти панталони, многу модерна свекрва имам. Секој ден иде со разни јакни/чизми/фармерки и секогаш во тон :makeup:.
    За право дома кога стасав и мајка ги бендиса, па нејзе и ги дадов, јас други ќе си купам, наредно испаѓање.

    Составувам листа за пазарување. За ручекот во надела, за роденденот не толку, туку понеделник што ќе носиме во градинка.
    Две три врсти на мафини и овошје зеленчук. Ама да биде декорирано, интересно.
    Лани ананас носев, боцкан со дрвени на кои има различни овошки. Сега се мислам еден крокодил од краставица и воз од паприка. Да доразгледам слики на нет, па ќе ја финализирам листата.

    Синоќа таман легнавме момите, си прибравме мезето, еве ги една по една, слушаме на бејбифонот, викаат. Па на крај со малото и средното до полноќ се дружевме во дневна:envy:. НА систематскито на средното, докторката рече нормално било такви ноќни излети. Да се буди, да плаче некој саат, и другиот ден како ништо да не било(освен сите што сме како со воз прегазени:devil:).
    @Kaetana со лесно. Да не дружиш повеќе, многу фалиш. Кузнее колку од нотификациите ти биле од мене :tmi::hug:.
    @sunshine2015 мило ми е и ти што пиша. Се надевам нема пак да не заборавиш:hug:
    @TutiFuti ептен ми е мило што полека коцките се средуваат. Ќе живеете блиску до моето некогашно живеалиште. Ако ме носи патот накај трговскиот до вас ќе :mp:.

    Тука прска снегче. Се надевам нема да се стопи, деца да се радуваат на санката викендов.

    Убав ден мајки:coffee:


    Едит:
    Сега прочитав маубетов за дебели. Се изнервирав што се си дозволуваат сите да кажат. Како трн во очи да им се мајките. зошто ова, зошто она, зошто вака зошто така...
     
    Последна измена: 24 јануари 2019
    На Ano, Верче4, do-re-mi и 32 други им се допаѓа ова.
  7. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    707
    gjoker4e хахахаха на цела мака ме насмеа со позитивниот тест (пост) :rofl: не ни очекувам такво нешто. Доста е од мене деца, јас викам господ нека дава таму кај што нема...
     
    На gjoker4e, tina-63, Vennera.aa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    2.841
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Бебе заспа , кафето до мене и листам на фемина , да проверам ново што има.
    Од сабајле дојде свекор ми ролетната една ми се откачи па ми ја местеше , со него и свекрва ми па малиот радосен ептен дека гости имаме. Многу се радува детево на гости , само чека ѕвончето да заѕвони и одма кај вратата трча и рипа од среќа.
    После ги испратив па со мали до локалниот парк да си поигра малку , испазаривме и дома , ручаше набрзина и неможеше да дочека да легне од што беше изморен и му се спиеше. Се договоривме со мм и поручек да го изнесеме , оти кога е дома луѓе неподнослив е .
    Вчера цела поручек трча рипа неможеш да го запреш , незнам колку пати падна и на крај малку поврати , ама не мирува ни една секунда значи. Плус и заби растат и нервозен е нос му тече , кога ќе си дојде мм ми вика како поплава да те избацила , викам па не поплава ама денеска неколку пати ураган помина.
    Се се фрла наземја , се растура , значи порано ако можев повеќе работи да направам , сега одвај еден ручек правам. Период ли , што ли е незнам. Плус и не јаде како што јадеше порано , се нервирам и тоа , се со молење да биде , аман веќе.
    Зимо завршувај , пролет доаѓај побрзо, да можеме да излегуваме секој ден.

    Друго и од мм да се пожалам, деновиве го боли грло , мислиш којзнае што му е , лежи дома , молчи муабет не прави го гребело грлото (facepalm) и вчера пукнав кога сум подвикнала , денеска како маче некое , 100 пати ми се јави по телефон па после ваму да сме оделе , таму , викам не ќе идеме во парк да се истрча бебе и мислам дека така и треба да остане , ако не вечер пак ќе пукам :devil:.

    Евее сега од како се пожалив полесно ми е :D.
    За анонимноста , мислам дека сум анонимна (ако ме има некој пропзнаено нека пише ):), јас имам неколку членки препознаено ама ги немам додадено , затоа што сепак ја почитувам секоја приватност.

    Друго и јас уште сум дебела , ама почнувам да пазам на храна и од почеток на нареден месец почнувам со теретана , мм ми вика убава сум му била , ама јас не се осеќам убаво и задоволно , неќна ми беше кумата на гости и вика како крави сме двете огромни па тоа беше доволно поручекта да тркнеме и да уплатиме во теретана за нареден месец. После манекенки (hollest).
    @VedaG10 ако не ти смета може да ми кажеш на која диета си , прочитав дека добра килажа си симнала браво :clap: и мене толку ми требаат едно 20 кила и презадоволна ќе бидам.

    Тоа е тоа од мене.
    Имајте убав ден мајки .:hug:
     
    На Ano, karibian, Monella и 26 други им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :coffee:
    Здраво мајкички ајде на попладневно кафе да одмориме малку и да помуабетиме :)
    Како викаат мечка страв нас не денес синко ја прими фамозната мпр ,со господ напред се надевам само дека се ќе биде во ред (fingers) Дете добро помина не плачеше многу ,умен беше златен на мајка :l: Мене ми доаѓаше да рикам да вриштам таму толку бев некако вознемирена :(
    Сега синко спие јас кафе и малку по форумов да се позанимавам .Да разгледам сакам да резервирам негде на планина за следниот викенд да појдеме да подишеме малку чист воздух ,пошто во гадново Скопје се угушивме .
    Јас бев многу среќна со градите додека доев ,тогаш бар имав гради сега сум рамна како даска :lol: Јас околу килажа не се замарам многу имам плус некое кило ама не е страшно останав трудна со 76кг ,а отидов на пораѓај со 98 ама имав мн отоци ,сега сум вратена пак на килажата кога останав трудна да бидам 70кг би било идеално ама здравје само :D @Kaetana со лесно :hug:
    @Cka значи преубаво напишано секоја чест :bow:
    @*Лорена* а не разбрав женско или машко носиш сподели со нас нема на никој да кажеме ние :D
    Убав ден мајки :f:
     
    На Ano, Monella, gjoker4e и 24 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.118
    Допаѓања:
    107.001
    Пол:
    Женски
    Ај и од мене добар ден!

    Во врска со дебелината, дебела сум, не се штедам, ама вечно сум на диета и вечно сум дебела. Кога се гледам сега во средно колку сум била слаба ми се плаче. Искрено зависна сум од благо, ама зависност левел болесник, знам да збутам цела чоколада или да си купам кутија сладолед во лето цела да ја мавнам за еден ден. Сакам да ослабам и се трудам, ама тешко ми оди. Сега сум на вежбање, завчера ќе одев ама нели паднав па два дена не отидов, денес изгледа ипак ќе одам. Не ме боли нога а и да не забушавам многу. Деновиве башка и со кола идам на работа и си одам, активност послабо. Ќе вежбам со помал напор и така. Од диетава две недели ко подобра да сум, некако осетив ко да попуштив, а во пмс сум, ама се осеќа по фармерки и по облека. И по желбата на мм за кока кола искрено, кога сум послаба поише ќеиф му е :lol:

    Дете ко да се враќа во ред, да не зборам предвреме, ама еве го неколку дена заспива на време, станува убаво, синоќа дури и во креветче спиеше, за чудо. Станат е мазалче невивидено. Вчера се скаравме, му се налутив и ќутам, он ме закача да се насмеам и само што се насмеав се опушти и толку, пак почна да скока. А плачеше дека го карав, и го плеснав, знам може грешам ама кај мене воспитуваат многу луѓе, уствари воспитувам само јас, другите галат, ама полесно е да се прифати тоа што го галат од на мама лекциите и некако мора да бидам построга. Не сакам да сум лошиот родител, мм треба ептен да го налути да го плесне по раче ама ептен нежно, а јас и за помали работи избувнувам, пример вчера откако собравме се сакаше пак да расфрли играчки а не игра со нив, никако, само ги расфрла, да истури цела гајба со коцки од висина, интересно му е, и толку не игра после, после јас пак собирај. Е не може така. Ако не си играл цел ден значи нема ни сега да игра. Го скарав и таков заќуте, потплакнува и ме гушка, што кај него е рамно на извини мама крив сум. Навечер татко му го збеснува и скокаат, рипаат, се глупираат, мајмунлаци, ако си дојде татко му дури и вечера втора тура со него, пие сокови, јаде салата, се прља, мислам дека нема мајка што пере повеќе од мене, минимум 4 машини неделно се. Стварно за никаде. А немам сушара и ги сушам во соба, па се прави влага и се е лом. Не сакам така и крај!

    Летово сакам да се средиме бар малку, да направам спална бар, а ако е во можност да средиме и се, ама ќе видиме. Треба да се седне да се направи пресметка. Најмалце 6000е ќе не кошта ама јас мислам и до 10 000 ќе одиме, фасада, спални, бања, столарија, двор... Не е малце. Да направиме проценка, мајка вети дека како надохнада ќе ми дава секоја година по некој денар па да исплаќаме така, ама ќе видиме. Не планирам од пари на вересија, ако немам да платам не сакам да зимам на несигурно, што ако нешто бидне и не можам да плаќам, чаре? Нема. Така да имам да плаќам па се плус ми е само плус. А и во очекување сме за заминување во странство, така да ако излезе и тоа овој или другиот месец, сите планови од погоре одат во аут. Искрено како е сега засега ситуацијата овде јас сум за тоа да идеме во странство, ама морам да си планирам нели. А и јас сум човек кој планира од секогаш и секогаш имам по 2-3 плана во оптег. Што би било кад би било.

    Тоа е тоа мајки, едвај чекам дома да си идам да пружам нозе до дете, да одморам малце, па кога ќе си дојде тате да одам да вежбам и вечера нешто слатко да каснам оти таков е денот, да се испоштува. Убав ден!
     
    На Ano, supergirlmb, Monella и 23 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.583
    Допаѓања:
    76.821
    Пол:
    Женски
    Аиии :inlove: Со лесно да си ја истераш бременоста, дај боже се да биде во ред :hug: Ептен убава вест!
     
    На supergirlmb, gjoker4e, tina-63 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh се сеќавам уште порано пишуваше како сакаш да одиш во странство и сега желбата ти се остварува. Со лесно нека е што и да одлучите.
    А инаку јас пуштам машина секој ден, некогаш и по 2 ама имам сушара, ептен е благодет. Да си земеш ако си во можност, по 12 000 ги гледав сега дека се, а може и на рати.
    За странство јас никогаш не бев но какво време доаѓа во Македонија ми се раѓа и нене желба да си одиме....ама со бебе и дете скоро 3 години тешко малку
    Денес ептен продуктивен денов. Смукав, сушара и машина за садови местев, па нешто што остана на рака измив, се бањав(не прашувајте како), алишта редев, па фрлав хартии и сега со кафе седам и бебе во рака, а баткото скока наоколу.
    Треба да ослабам едно 10 кила се поправив вторава бременост повеќе, што е право и благо си јадев многу па сега ќе си пазам.
    Одам јас, дете наполни пелена. На секое нејзино какање се радувам знам дека и олеснува па мислам дека можам и шампањ да отворам од радост.
     
    На Ano, Monella, Belabelinakinder и 22 други им се допаѓа ова.
  13. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    @Aneta92 на ун диета . Тие 90 дена кога симнав 15 кг многу малку грешев скоро ич . Ептен бев дисциплинирана. Мислам дека уште 2-3 кг можев да симнам ама ми се здосади некако . И малку се опуштив после тоа. Но еве до ден ден уште сум на тој принцип на исхрана и симнав уште 5 :) Сега сакам уште 5, никогаш не сум задоволна :)
     
    На ZAHRA, Belabelinakinder, ma4e1311 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    22.566
    Пол:
    Женски
    Денов тмурен и облачен,јас едвај очи држам отворениСве мислам дека е петок.
    Многу сум уморна,а ништо неправам посебно.Мислам дека времево ептен ми убива расположење.
    Ми се шета некаде ама коа ќе се стемни само мисла ми иде на пижами и филм.
    Бар дете ми е расположено,скока рипа и неседнува на едно место.Права борба е да се смени памперс.Дефинитивно е зрел да се извади памперс ама нека се запролети.
     
    На supergirlmb, gjoker4e, VedaG10 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Добра вечер.

    Се возам накај дома.А префла по некоја снегулка.Наоѓам се во една населба многу е убава и романтична ми е.Или замаглен ми е погледот од капките:D Бев на очен, малку ми е зголемен диоптерот .Ставаа ми едни лути капки и сега се ми е пуно се ми е рамно.Многу ми е чисто :lol:
    Ништо не гледам ама Ајнштан кафе од 1км го видов|(

    Не јас не се замарам со килажата оти сум послаба од пред.Уште да вежбам треба и ќе бидам топ здрава и со сила.Мислам:rofl:

    Денес сум со локни си се извиткав со партали да си личиме со ќере.Дури и воспитачката ми кажа дека имам локни , а јас и викам како Авче:D
    Сите ме гледат сабајлево :^) и сакав транспарент да си пишам бркнав во штек:rock::D

    Ма што ме гајле си имав удварач преска.Ми вика убави локни.Викам да.Како се викаш.Викам Ава.Од кај си? Викам не знам како ми се вика државата сега и мењаа име.Вика Македонија:rofl: Вика, да одеме на кафе викам не јас мажена сум имам и дете.Ако вика и јас имам деца.Викам убаво.Епа со мт да одеме.Викам не не сакам да се дружам и само со мм сакам да си седам.И едвај го откачив:whew:
    Удварач т.е додворувач не сум имала одамна може 3 години:$

    Инаку секое утро кога ќе се качам на бус си викам и денес помина денот.Спремањето со малата носење во градинка па сака не сака количка ,сака палто не сака итн.Тешко станува наутро поготово на десна нога:D
    После градинка ми е лепенка не можам ручек да направам и само плака.Што и е кој ја знае.Гледам една жена со бебе па може 6 месеци па не сака во количка па го држи кутрата.Си викам мојата овака или онака ќе ја излажам ама ајде кажи му на бебето да те разбере:whew: Пак си велам најтешко е бебе мислам цел живот ќе мислам исто.

    Кај докторот имаше една мајка, баба и 6 год дете.Мајката уште на кој не се јави те на германски, те на англиски.А детето бабата го чуваше.Се јачува по стол нешто збори сака внимание.Мајката само му кажа седи доле да завршам со разговорот.Ама кој разговор:wasntme:На крај си помислив зад успешна жена стои трперлива мајка што и го чува детето8-|Со ваков бејбиситинг 3 ќе родев.Ама моите не сакаат да чуват се си измислуват нешто.Па затоа и не им се надевам веќе.Едноставо на мм сум потпрена.А бабите можат само да си зборат второ кога ќе дојдат да го чуват:devil: Јас и мм не можеме сами да останеме да прошетаме , а и овој мојов не сака.Секаде сака со неа и да плаче и да се смее:inlove:Татко за почит е:bow:Морав да го пофаЉам сега се чуват дома:D

    Уште да пишам или не...
    Стигнав дома.Добра ноќ на сите:*:
     
    На Ano, supergirlmb, karibian и 29 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Добро вечер мајки :)
    Дојдов да си се пофалам дете ми прооде8):l:
    Ма каков страв бе воопшто не се плаши, си се пушта шпринт 15 чекора:party: бап на газе и дигање назад8-|
    До роденден има да лета:P сам ќе
    Си отиде:D
    да не го урочам, ама како за дете родено со димензии за 34 недела, ептен си е напреден пупу :l:(lalala)
    да му се лесни чекорчињата, само кон убави работи да чекори, мајкино синче мое :hug:
     
    На Ano, ZAHRA, supergirlmb и 36 други им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @ludoto19 аииии :inlove: Лесни чекорчиња на бебуш :inlove: Сонце, машала рано си прооде баткото :l:
     
    На supergirlmb, 24.07, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.785
    Пол:
    Женски
    Џабе ако сопругот вели дека му сум убава, кога другата во мене пред огледало спушта поглед. Отсекогаш сум била незадоволна од својот изглед, и сега кога ги гледам сликите назад, си викам ех Лејди будалке една, ти си била манекенка.
    Периодов посебно не да не се сакам, туку се мразам, го запоставив своето тело, и нормално накачив доста кг. Е ама памет ми дојде, со 1ви сум на свој режим, а од 1ви почнувам со ун. И јас ослабев доста и тоа за само два месеци,сега планирам барем до лето да стигнам до саканата цел и наесен одиме со подготовки и за странство и за бебе бр 2.

    Денес ништо посебно. Однесовме дете на село да подише малку чист воздух, дури и точак возеше :)
    Инаку, пмс ме тресе цела недела и може затоа немам ништо паметно да кажам.
    @Kaetana Прекрасна вест, со лесно.
    Она што си го напишала како да ме опишува во потполност, само немој и кај мене да испадне обратна ситуација :)
    @ludoto19 лесни чекорчиња на малото.
     
    На Ano, Верче4, supergirlmb и 24 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.101
    Допаѓања:
    124.302
    @LaDyDoLl се сложувам. Ништо не е изговор. И мене ми фали цврст став да прекинам со благо пример:sweat: Ај барем почнав со вежбање. Тоа оддамна си го ветував и ме исполнува. Кога ќе ми текне на моите 48 кг ;(

    Ги правам сирењаците на @mariz цела доза,да има и за мама и тато :rofl: Шмркам кафе додека стасуваат и се нервирам за будалетинкава моја. Му купив ново шише , исто со цевка не го сака и не. Само тоа едно од чико,од ова нејќе ни да повлече (facepalm) Мн е тежок на промени. Конечно решив после работа да тркнам до пеко ,купив два пара чизмички :d: Немам време за бутици ко порано :( Може и подобри ќе најдев :worried:

    @ludoto19 лесни чекорчиња(highfive)
    @Kaetana со лесно :l:
     
    На Ano, supergirlmb, karibian и 23 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    Жени ве читам овде еве по фб гледам одредени персони нели што ги познавам плус мои познаници или се селат или се иселени или ќе се селат.
    Се запрашувам само едно зарем до толку е гнило бре во мк?
    Мислам знам дека е гнило да не се разбереме погрешно ама во скопје бе? Нели као на нас од помалите места кажуваат таму сите оделе ако немаат кај кого во странство
    Мислам не дека не ми е јасно и се тоа ама кога бре попис ќе направат колку ли тоа останавме таму македонци се уште се чудам ако нема над 600 000 иселени еве плукнете ме татко ми вика повеќе биле.

    Па и подобро, странството може на почетокот човек ќе се изнамачи како некое си пропишано правило ама потоа у глобала е океј. Според мене, мислам јас задоволна сум а и не сум слушнала за некој што му било лошо и се вратил..

    Мислам ..во мк остануваат само пензионери и политичари, луѓе што земаат милиони од народот па арно им е ами на другите што?!
    Ма поарно младите да заминат според мене..
    Јас вака не дека не гледам и слушам што се дешава ама сепак сите работи нели не ги знам не ја знам вистинската слика.

    Уфф.
    Така си офнав дека цел божји ден плескав кифли, сега пак седнав на пауза па да исчистам дневната, утре торта.. маж турбо на работа деновиве заспа уште во 6 и така.

    Сте зборувале за килажа, јас од 55 на пораѓај отидов со скоро 80 :x
    Мислам така беше..
    За рок од 3 месеци се вратив на 55.
    Сега сум и помалку..
    Дека пазев пазев и ден денес си пазам односно сум навикната па и не е тоа нешто пазење.
    И јас јадам благо само на етапи се дешава 4 дена ништо да не јадам ама 5 тиот се прејадувам благо..
    Сокови газирано не пијам.. леб рертко...
    Јас си имам етапи кога јадам и кога не јадам..
    Во пмс јадам факт е :D

    Ај да станам да се доработам аман веќе
     
    На Ano, supergirlmb, TarantulaA и 27 други им се допаѓа ова.