Не е ,,до толку гнило,, Најверојатно такво ти е опкружувањето, околу мене ама баш никој не иде некаде, сите се тука, си работат, шетаат насекаде, купуваат сва и свашта, дружат, живеат, има подобро, многу подобро, ама па има и полошо, најверојатно се задоволни со животот тука Вечер Правев постапалки, ми испаднаа 64 а само 24 успеав да ги ушлакам ама баш ушлакани, на сличе не се до толку лоши, ама у живо леле мори мајко, шлакани, мачкани, збрчкани, па и не ми светат, заборавив во чоколадото да пикнам зејтин Мајка рече како за прв пат биле супер, ама не ме убеди Од друга страна си викам, а какви па да бидат?! Главава ми е тапан, време кнап и мора да се брза, јас се обидувам да мачкам убаво, а слушам бебе вика мама, мама, па опппп ќе ме повлече за ногавица и се крие да не го земат од мене, а на мене раце ми пружа Ама најбитното, правени се со многу љубов па ај најубави ми се/ ќе ми бидат Нели утре 40че треба да се мачка Ајде на тета ќе бидат поубави ваљда па со нив ќе се фалам по фб Иначе јас ,,слаба,, сум, може и више него што ,,треба,, и ме личи, барем мама вика така, па и се подзатегнав, море што км имам изодено и тоа доста значи, аха нозете ги средив со думкањето Не сум фит ама на чекор сум до фит Јас ич не чекам некој да ми подели комплимент колку сум згодна и убава, па да ми качи самодоверба. Такви комплименти мене и ме нервираат. Ниту ги добивам од мм, ама знам дека гордо парадира држејќи ме за рака, па што треба и да рече.. Самодоверба имам до плафон пошто јас знам дека сум згодна и убава, кога ќе се погледнам во огледало се сакам себеси. Не се стискам да прошетам во купаќи, гордо носам најприпиен фустан без да се замарам дали или не треба мидер, не се нервирам дали некој ќе помисли дека сум трудна пошто имам виснат мев итн итн.. Да се разбереме не е се во слаби/дебели туку во тоа ТИ прво да се сакаш себеси каква и да си, па после другите нека брмчат. Јас не се вратив на килограмите од пред бременоста, туку се вратив на килограмите од пред сите инф. Си заработив некои плус 5- 6-7кг низ годините и си ги носев. Во бременост се поправив 14кг, ги ставив од 4+ до 3ти симнував, 4ти стагнирав и во 5ти почнав да качувам И тоа, бебе нани оддамна, па да се комирам и јас, вчера имавме бурен ден и ноќ, денес на штрек што како ќе се одвива, па ми треба одмор и сон. Башка утре ме чека доста работа Убави сништа, гушкајте саканите
Здраво Брзински да напишам две, три реченици. Немам баш време... а вака навечер сум утепана. Бевме до Ситимол сите комплет, за јас да купам јакна, мм фармерки.. кумот со него, кумата со мене и децава, завршивме работа, брзински шопинг, ама добар избор, неможев да ја поднесам веќе старата јакна.. две години ја носев, а како 10 да сум ја носела беше. Највеќе пишав дека се загрижив за @galapce читкам, ѕиркам, нејзин пост не сум видела, па ѕирнав, видов одамна нема пишано на Фемина. Добри ли сте Галапче? @eli25 како испаднаа? Отидов јас, да ја пуштам низ една вода јакната, па одма да ја ставам да се исуши. Добра ноќ
‘Вечер мајки. Бебе нана, 3та вечер по ред како легнува во 10, и не се буди за пола саат .. Чудно. Долго и траеше таа фаза, ама ја надмина. Не и давам да спие колку она сака, ја будам после кратко време и еве ја си заспива порано. Сабајле спиеше до 10, ма и јас и мм не можевме очи да отвориме, он заспа сношти околу 4, ама мене може и 6 ме фати дури склопам очи. Денес немаше Т, добро е. Бевме на бдеј, ама мое бебе докажано не сака гужва и нови ликови, плаче колку ја држи глас,па едвај некако поседовме 40тина мин, и дома Успат, и купив многу слатки тренерчиња за “утеха”, пошто многу разбира она нели Многу ме нервира кога ќе искоментираат “лелееее плачка, лигла, па не може само во мајка ти мирна да седиш” ! Ма може, и не ја мкнам никаде више. Се налутив искрено, овие зборови вујна ми ми ги кажа, криво и падна дека бебе плаче од неа, па како не би кога два пати во овие шест месеци дојде да ја види .. Си земав бебе и правец дома. Зошто би објаснувала јас зошто и како плаче?Едноставно такво си е детето, сака со мене, мало е, што разбира .. Туку, за дебелина-дебелка сум си сега после пораѓај, телото ми е ишарано со нови стрии и воопшто не се сакам. Немам самодоверба. На мм сум му била најубава, ама треба на самата себе да си бидам не него. За коментарот на другарка ми, немаше да ме навреди да ми каже дебела, здебелена,изменета.. ами крава ? Ај,помина. @VedaG10 Ун се држи ли додека се дои? Очајно ми треба Пробав со Кето,ама млекото ми намали, не бива без овошје. @emkaemka Јас баш така те замислувам, згодна, слаба, убава, дотерана, со крената глава цуп цуп цуп Не те кревам високо само да се искажам. Таков впечаток добивам читајќи те, и гледајќи што последно си купила Мајки, одам да си гушнам бебе и да нанам и јас, еднаш бар да заспијам пред 1 и јас. Машина пуштив ама не ми се чека уште пола саат. Добра ноќ
Добро утро мајки Ич немам време да пишам а ве читам. Ново нема ништо. Освен што сум настината ама се подобрува. Деца во градинка после дома. Малото стана многу лошо се тепа апе и плаче за ништо. Па кога се закачка со батко му е трипати полош и му надвива. Па оно почне да рика и. Се така додека да се заиграат. Да мине само зимава оти дома децава не се изморуваат да заспијат. Ви ги честитам на сите родендените и убавите прослави а на болните дечиња побрзо оздравување. Убав ден на сите...
Држев УН и ми се намали млекото. Јас ти препорачувам режим кој ти одговара тебе, не ун, кето, хроно, режим кој ти одговара ќе си тераш. Нема благо, нема леб, нема газирано. Благо еднаш неделно. Јас пробав УН ама не, ќе си терам по свое. Од денес и тоа, не од утре, не од понеделник, овошје насабајле и тоа само цитрусно, доручек јајца во било кој облик ама ако изедам 3 јајца од нив само една жолчка, другите две у канта, кајгана, омлет, варени, печени, било како, за ручек манџа со салата пак без леб, до вечера пак уште еднаш овошје некое, вечера пуканки, зеленчук или кашкавалче така без ништо. Без леб, благо еднаш неделно да смеам да си дозволам и да видиме дали вака ќе терам.Инаку обавезно темно чоколадо за да се заштити срцето. И вежбам нормално. Најди на Плеј стор апликација за губење тежина за вежбање и терај. Јас еден месец така така се влечев и едвај 2 кила симнав, сега појако малку. До роденденот на дете (април) сакам да ослабам бар 15 кила, ако може, ама и со 10 ќе сум задоволна за почеток. А на лето проект дебелеење од причина бебе број 2. Полесно ми е вака кога ќе си кажам, цел живот сум на диета, слабеам, нешто правам, ама смачено ми е веќе. Толку убава гардероба ми стои во плакар, ми се плаче дури. Имам еден фустан кој МОРАМ да го натнам на мене за роденденот на дете, црн краток со преубав ракав, со бисерна оргличка, со бисерна обетка, ама МОРАМ да се пикнам во него, од него ме делат само -10 кила, шо се 10 кила, ништо. Сакате да ви отворам тема во диети? Да не трупаме овде, тука има и згодници што немаат потреба да слабеат. Ќе ви бидам гуру, ајде можеме, кип гоинг грл, ајде, ќе ве карам коа ќе посегнете по милка со лешници, се ќе праам Пијам кафе, банана изедов, портокали останаа да се изедат па после кај 12 ќе појадувам. Глава ме кине, ама знам од што ми е, ќе помине. Туку да сработам нешто па ќе ве поздравам пак
@Chanell* јас ја држам ун диета ама модифицирана, јадам повеќе овошки и неколку јатки сабајле до ручекот јадам и зеленчукова супа без фиде и коцка, за овошниот јадам исто супи, веќе 3 та недела терам, млеко имам и помалку 4 кг. И јас сум дебела ама не се тешам со тоа мајка сум и убава сум. Многу мајки има што се згодни и фит, мајчинството не е баш изговор за бутање благо и леб. Така мајки ќе ви кажев уште нешто ама еве ја беба стана.
@Chanell* јас лично не сум држела никаква диета кога доев иако мнг кратко траеше моето доење. Моментално братучетка ми ја држи и ќе ја прекине зошто дои и млекото и се намалувало. Не ми е сигурно . @vitamina и јас мислам дека опкружувањето ти е такво. Околу нас само на мм брат му си отиде пред 6 години ама они од сосема друга причина. Со луѓето кои се дружиме секојдневно задоволни се од животот тука. Ние исто Но реалноста е таа , многу луѓе бегаат од тука за жал . Добро утро мајкички Како сте ми ? Денес работно ама некако опуштено . Јас до кај 12 и си бегам накај дома. Т.е ке одам на фризер . Вечер искачам со другарките на пијачка. Морам, после толку стресни денови ми треба убаво друштво и муабет. А и ми се искача бе Вчера бевме на роденден,син ми се надмина. Едвај го собрав да си одиме. Брканица си игравме низ игротека од 6 30 до 9 без престан трчаше,играше,се лизгаше, се пентереше кај стигне и ноќеска изгледа преживуваше се во сон. Кенкаше и се вртеше целллааа нок . Ама ок , не е страшно фатив некој саат сон . Се надевам дека снегов ќе натрупа и ќе се возиме со санка пак . Обожава мали .Дома седи на санката и си игра Многу ми е интересен како си прави некои интересни игри Тоа е мајкички од мене за денес . Имајте убав ден
И јас истово ќе го кажев. И едни блиски што решија да заминат им искочи тука супер прилика, па останаа. Барем ние луѓево што се дружиме, не се спомнува политика, немаат бг пасоши, не им е "гнило" тука. Баш напротив. Дури и од кај мм страна што се дружиме исто така. Никад не сме спомнале странство. А често читам на форумов како е се тука лошо. Лошо е на вести ако гледаш и платени медиуми. Имам најблиска другарка замината, ама од др причина, баш добро ситуирана е тука. Едноставно има крила девојчето, сака да го освои светот. Има и такви луѓе. Мене ми е ок. Сфаќам и тие што заминале и тие што останале... На тема згодноќа и килограми... Не би да навлегувам. Не бев слаба ни пред бременост. Качив 14кг. Ги симнав за 2 месеци. Ама тоа од претходно си стои. Раздвижена сум. Цврста сум. Ама "ме има" машала. На 170цм 72 - 3кг се машала. Ама убава сум си. Си ги носам. Мои си се и не ги давам. Апетит имам од доењево невиден. Не знам како воопшто ви се помислува на диета дур доите. Слон можам да изедам. Не би издржала на диета, ќе јадам живи луѓе. Диета од ко ќе тргнам на работа. Ко ќе фатам ред. Ќе трчам годинава и женска трка и маратон. Ќе биде очајно ама у најмала рака ќе ги изодам. Имајте убав снежен ден. Пак побеле и пак е убаво... Има нешто убаво и во зимата, не многу, ама сепак има.
Во Скопје можеби не е лошо за живеачка. Но во помалите градови и те како е лошо и гнило. Ако немаш добри врски нема да си на убава позиција вработен. Тогаш ќе рмбаш за 10 000 ден во конфекција од јутра па до сутра! И ќе се тресеш да не те измаваат од работа оти дома нема да можеш да седиш имаш фамилија за хранење. Во мојот град се знае колку фамилии живеат без да мислат дали ќе имаат за утре се знаат и се бројат на прсти. Додека другите се испозаглавени во кредити до гуша. Голем дел имаат бг пасоши а во последен период скоро сите мажи си ги повлекоа своите фамилии во странство дали било тоа во Германија,Данска,Италија има дури и во Франција од мојот град... само за подобро на своите деца се жртвуваат. Сите зборат дека само лекот е на страна подалеку од тука... ретки се тие што се задоволни од овој ЖИВОТ ТУКА во Македонија! Значи реков во Скопје има живот бидејќи имаш повеќе опции за работа бираш, а јас пола и повеќе што знам живеат ос кирии од сопствени станови и дуќани што ги издаваат. А друг дел имаат сопствени бизниси и доста се во државна администрација. Дојдете да видите во малите места низ м Мк колку е мизерно и бедно за живот само старци има. Да старци останаа само барем во мојот град.
@emkaemka Вие сте од елитата. Најчесто се исселуваат луѓето од источна Македонија бидејќи секој втор има бугарки пасош, а секој прв чека да му излезе. Јас од мало село се преселив во Скопје, па од таму во странство. Од тука би се преселила во Австрија во комшии кај @orhideea и тука би живеела до крајот на животот. Тагесмутеров си го бара со боринче. Градинка е најдобар избор! Као демек не знаев ама ај да си потврдам пак јасно и гласно! Во понеделник имам термин! Има ли некое дете што седи 10 часа во градинка? Бидејќи градинкава ни е од 7 до 17, тоа е премногу значи, кога ќе си го видам детето? Нема на скратено па ќе прашам дали ќе може да го земам порано барем во 15:00. Вчера педијатарот ме изнервира ама не беше истиот некој нов. На крај викам дали имате време за три прашања. И гледа на саат као демек се брза и вика ајде ако е брзо. И го прашав ама лошо сум изброила. Четвртото ми беше за крвна слика ама кога ми одговараше на третото веќе излегуваше низ врата. ^ Мислев вака ќе го почнам постот и заборавив. Синоќа дадов Осанит бидејќи го прашав и педијатарот кажа да и дете спиеше цела ноќ! Е сега може и случајност да е нели, ќе видиме деновиве. (Од фалбава може ноќеска цела ќе ја преседи. ) Реков ќе седнам со кафе на фемина и не мрдам и замислете немаше кафе! Ама седнав и без кафе веќе 40тина минути седам. Убав ден!
Мене осанитот ми стои неотворен....набобрени де непцата долу ама не ми делува нервозна...а викаш спиеше села ноќ?да дадам и јас ако не
Не знам кај живеете вие, ама во моево Скопје кај што живеам се живо размислува за странство, освен програмери и банкари. Вчера баш видов, колешка моја од факултет која заврши со 10.00 просек, инжинерски прстен, втор факултет со 10.00 просек и замината во странство, ваљда не е до мене што тешко наоѓам работа по струка, а? Од политика, криминал и малоумни министри нема дерман. Живееме на кредит, со рата пола плата и пак несредено дома, не ми е баш дека е бајно. Во провинцијата моја кај што сум родена е рамно на зона сумрака, мада во последно време ко да е малце пркнато, до лани во зима да паднеш на улица нема кој да те собере.
Добар ден иако не е баш добар се наближува денот кога ќе си замине девер ми уште вакви луѓе во животот немам сретнато страм да им е ни еднаш не се јавија да речат ајде да излеземе или да дојдат да кажат што како мислев дека мм се помири ама не синоќа плачеше како дете мало главата го боли два дена ме плаши како ќе биде понатака сите знаат кога заминуват во колку саат ние ништо не е убаво . Дојдоа само за божиќ пола сат и замина толку било времето а за кај комшиите со сати седеа нз што да кажам не убави работи и јас плачам не за нив за децата тоа малото колку ме сака само кај мене не плачи кога ќе ме види само се радува секој ден се тука а тие ни еднаш не дојдоа да поседат со внукот чудо од луѓе ама јатрвами е опасна а девер ми теле не видено е . Незнам како ќе биде понатака си викам кога ќе излези работата ќе се смири мм сега е се на негов терет лудница е ајде си викам господ ќе ни помогне. Синко е супер долу е свекорот го зеде да си игра со внуците убав ден на сите
Дека не е сјајно во државава е факт! И во мојов град работа по струка нема шанси да најдеш. Ама па жени и трошоциве и тоа основни се огромни. Зборувам за сметки, храна, гориво. Настрана ако излезе друг трошок. Парите немаат никаква вредност. На оваа скапотија, реално 12000 се ништо! Мм е локал патриот( иако добро знаете дека неговите се странство) а јас периодов сум да заминам и не знам дали ќе посакам да се вратам. Дури и пополнив апликација за странство. Мислам дека ќе ни биде олеснителна околност што имаме свои настрана, ама мм не сака ни да чуе да седи со нив ( зетот малку е со повисоки приоритети и лимон табиетлија). Како и да е, не дека сме дно дна, убаво ни е, ама психички ме уништува помислата што некој упорно си игра со моето знаење, труд и заложеност. Дден! Мини грнералка со немирно дете низ дома. Пред малку си прсна парфем во уста, сега плука на сите страни, е до толку му е досадно. Мм запна да сме го запишеле во престој, ама периодов ич не ми се почнува, не е за адаптација. Трпи си до пролет ми вели Ќе имаме приквечер гости, јас да спремам мојот спрецијалитет крап во сос, исчистен е, само да се испече. Убав ден!
И јас го чував за украс. Ама вчера го прашав и педијатарот (мислиш антибиотик требаше да дадам, а не природни хомеопатски гранули) и кажа да па дадов 5 зрнца, а тој ми рече од 3 до 5 да давам.
Па искрено без љутење но вие што сте од помалите градови па баш и не сте за жалење. Во зградиве кај што живеам 80% се од помалите градови и сите до еден се со нови коли дотерани средени и работат во државни институции и сите до еден се партиски донесени. А колку од нив се школовани е знак прашалник. Во друштвото наше се сите факултетски образовани а да не спомнувам какви работи работат Мм беше на интревју за работа во државна институција и вика дека пола и повише биле од страна.
Сите провинцијалци да се иселат од Скопје, празно ќе остане! Можда и за стати скопјани ќе има тогаш соодветна работа! Епа дојди кај нас да видиш колки ни е убаво мераци! Ако маж ми не се потруди сам да заработи нема ниту да имаме за одмори и слични луксузи! Проба тука да работи за што за к*рово здравје( со извинење на речник) . Работеше три недели трета смена и за да на крај не го исплатат патуваше во друг град со сопстврна кола во фабрика која што му ја најде нашиот ЛИЧЕН ГРАДОНАЧАЛНИК! И се откажа виде не виде мораше да ризикува пак за нас. А ова со новите коли секаде го има се земаат на кредити и ќе возат!
Добар ден мајки.Ние здрави живи сите на број.Ја завршивме оваа недела сега малку ќе лумповаме а и ќе шетниме.Сте збореле за станство - мојата тема.Морам да кажам многу луѓе што ги познавам заминаа или се мажија женаа странсто или Бугарски пасош или последна варијанта со работна виза.Не би сакала во оваа тема за то да зборувам ама и тоа е тема од секојдневниот живот и секојдневните случувања. До ден денешен некои луѓе не можат да замислат како ние заминавме.Реалноста е таа и јас и сопругот со убави работни места можам да кажам дека многу добро напредувавме (да напоменам живеевме во помал град каде сите вработувања беа партиски) ама верувајте дека не бевме исполнети не бевме задоволни и не можевме да живееме во тоа опкружување.Секој те гледа да те искористи, да ти земе нешто, а да не врати и се така само некои мајмунлоци кои ги искривуваат вредностите на живот.Херој си ако лажеш,крадеш, си нечесен.Моето лично мислење е дека во Македонија се искривени сите човечки вредности на живеењето. Кај нас луѓето се зависни од родителите сите имаме некој кога ќе ни притреба некоја помош, и доста млади луѓе живеат и чекааат некој нешто да им даде ја чекаат пензијата од тато,мама, баба,дедо чекаат некој да умре за да ги земаат или наследат нивите или становите па да ги продадат.Имам многу примери.Како и да е да се дојде до пара или со еден збор купи ден помини. Верувајте во помалите градови е алармантно нон стоп некој заминува или е во процедура. Во Скопје можеби за нијанса е подобро ама мислам секаде е исто. Е нас не ни се допадна таков начин на живот и собравме парталите вкола и заминавме. Склоп на околности заминавме и не дека се е подмачкано и овде, ама за разлика од кај нас е многу подобро.Мене лично ми недостасува домата и сеуште викам кај нас, ми недостасува најчесто за празници и дружби. Ама јас дојдов за подобра иднина на децата на нас.Мислам дека децата ќе имаат подобра иднина и се надевам дека не сме згрешиле. И така натака можам до утре да пишувам а и мислам овој ми е најдолгиот пост што го имам напишано.Ви посакувам убав ден ама и убав викенд.