На поминување сум Да ви кажам дека Могли оди по малку Како ја натеравме? Пари лекот бил 10 евра Уште од сега бе вака Ама добро е,евтино поминавме Сега со татко и се санкаат надвор а јас го заспивам синко Ми се спие и мене ама морам да активирам перална денес 3 машини треба да пуштам Да ја средам и кујната,правев бурек и лом се направи А во меѓувреме ќе шмркнам и едно кафе Мм трета смена и се токми да одиме на базен,воопшто не сакам да одам,повеќе сум за игротека Има еден салон за мебел,во склоп со ресторан и игрална,повеќе би да одам таму Да ручаме на раат дури деца се забавуваат Убав ми е денов (сончево не е ) Го чекам гелот за нокти да ми стигне и се радувам као мало дете Неможам да се одлучам за лампа,уште тоа ми фали и да средам нокти Се изнапишав глупости @karak гушкај ги двајцата иатовремено Љубомората за жал кај сите е присутна,макар кај нас беше така Еве сеа мали 14месеци направи па полесно е со ќерка Сега таа сака да игра со него а тој ја избегнува И тоа што го чувствуваш е нормално,ќе се среди Ај одо да перам,заспа лепешчево
@girl-miri Среќен роденден на дадата, многу да ве радува! @karak мислам дека е нормално што се осеќаш така, може не сум компетентна да коментирам јас (немам две или три деца) ама од тоа што сум слушала и читала така е. Гледај да минуваш колку што можеш повеќе време и со двајцата, вклучи го баткото во обврските околу бебка, вака ќе нема ни љубомора. Во врска со килажата јас немам проблем, маж ми е тој што ги помина сите граници Па така и јас како пријателот на лејди во последно време го уценувам Не дека стварно ми е срам да излезам со него, се плашам за неговото здравје. Јесте да е висок, ама и 100че не се малку, скоро на половина повеќе од мене Синко синоќа од никде никаде крена тт. Преку цел ден си беше весел, вечерта во 12 крена 38 и се до сабајле така. Се жалеше малку и на главоболка. Денес е добар ( барем досега) други симптоми нема, се надевам на тоа и ќе остане. Со маж почнавме да се однесуваме како тинејџери, ма бетер сме. Вакви пораки не си праќавме ни тогаш Инаку, се враќа во понеделник. Убав викенд мајки
леле @karak малце ме замисли со постов,јас ги имам истите мисли.Немам сеуште бебе бр.2ама мн се плашам дека така би се осетила.А реално,мајки сме и секако дека најдоброто од себе гомдаваме,само ете,женска глава незнае да одмара.И моево коа ќе заспие си лежам до него и го гледам и се јадам зашто дента сум кукала дека ме преморил.Тоа е,жени,незнаеме да се опуштиме ко мажињава Од сабајле сум задоволна сама со себе како зачистив.Брзински ручек ќе има денес.Сакав да шетаме некаде ама мн некако ми дува. На тема странство-моментално ни е супер,добра заработувачка.Незна како ќе биде во иднина.Странство е секогаш отворена опција,мада јас не би никад. За тежинава,кога се породив,од болница излегов со 5кг плус.Ама ради доењето година дена неможев да ги симнам.Не ни се обидував диети зашто имав мн голем апетот.Е поле 9м кога ми се врати циклус,некако се стабилизирав,ми се намали апетит и сега сум исто ко пред да затруднам.Да признам,имам ред во јадење-обавезно 3главни оброци,измеѓу кафе или овошје,и еднаш во ден блашко си каснувам.
Здраво мајки. Колку е убо кога дете спие а јас сум сама дома Мир,тишина во куќа... само слушам како чука часовникот и дрвата кај што си горат. Заби ме болат дали на нервоза дали од непцата дали од неквалитетно сработени незнам. Дете еве скоро цел месец со мрсули од бели течни до густи зелени само наутро до пладне.И се така само во круг се вртиме. Мм турбо на работа овие денови си иди во 7 вечер уморен и неможеме ниту да се видиме,ниту да седиме да се видиме на рајат да разговараме.Па и дете не не остава да се видиме,заспива касно некогаш го фаќа 1 дури заспие.И секогаш некој од нас е заспан или мм или јас.Но има денови ќе надокнадиме за се. За дебела не сум,имам слаби нозе а стомак малку повише.Секогаш сум држела диета,држев и откако се породи и симнав некое килоспие а ти си сама дома и незнаеш што да. Но јас си се здебелив пред да останам бремена 5 кила,бременоста ја почнав со 63-65 не се сеќавам точно а на пораѓај појдов со 80 кила,а сега незнам колку имам.Одамна се немам мерено последен пат имав 66 мислам. Сега сум на режим еднаш дневно јадење и нешто измеѓу грицки и благо.Уште ослабувам во нозе,лице,а во стомакот ист ми е.Не сум тип на што сака да вежба А за темата странство си го кажав моето мислење пред некој месец и да не се повторувам. Ова е пишано од вчера и не стигнав да го испратам. Денеска дете се разбуди со зарипнат глас,се жали на грлото и кашла како куче. Зарем ни требаше ова точно пред крштевка. Денеска сум како на трки се да средам дома,па вечер јас да се средам. За утре треба аларм да направам рано,дома маса да се намести,на фризер да појдам....уф паника ме фаќа.Но најмногу ми е за дете,да не му се влоши состојбата па ништо да не се види. @girl-miri среќен роденден на ќеркичка. Имав уште некој да тагнам но заборавив. Имајте убав викенд,ве читкам а мој нареден пост после понеделник.
Добар ден денес порано станавме мм оган запалил не замина на работа од снегот замина да испазари и да види до каде е калапот за на работа ние сабајлечки се полизгавме со сино го возев со камионот се прибравме го нахранив искапив и сега спие. Синоќа вопшто не спиев се изнервирав бевме во комшии јатрвата и кажала на комшивката дека сака таа да оди да ја испрати а испаѓа за мене да нема место така да не сум битна јас , ако трчав и правев се за нив и ги поштовав стварно ми падна многу не убаво ама тоа е вечер се пак на вечера кај старите му реков на мм да ги викнеме и ние не сака . За нас нема време или ќе излегува а за пријатели има време да ги собере дома ама голем е господ на сите ќе им врати . Утре сме на роденден па здравје од понеделник натака планирам да заминам кај моите да се одморам од се ми се смачи веќе од никој не поштован ако се сам правиш и никој не си навредил многу сум разочарана од луѓево а посебно од роднините убав викенд на сите
@girl-miri среќен роденден на малата веќе голема девојка, секогаш да ве радува @karak истото го поминувам моментално, кај мене синко ги отежнува работите, многу тешко му паѓа вклучен е во секоја активност но цело време голта солзи да го допреш мислиш ќе рикне, па на крај ќе ја надојам, преоблечам и ја оставам на кревет. Многу ми е тешко и за него и за неа, последно пуштам дете кога е мм слободен да подизлезат да и се порадувам, да ја пољубам. Баш ми беше дојдена вчера другарка и ми вика немам видено бебе олку мирно да лежи, а што да прави душиче така е научено, плаче само од грчеви. Свесна сум дека ова не е е решение и е моментално како расте и потребите ќе и растат ама се надевам ќе ка надмине синко љубомората. Цело време му зборам има подобрување од првоте денови ама и тој е бе бебе 2ипол години е незнам што очекувам и јас од толку мало човече. Нека се здрави и живи само се друго ќе се среди, а за мајчинските чувства и ноќите полни со прашања дали правилно постапуваме мислам никогаш нема да поминат тоа ќе си не следи додека сме живи. @Kaetana постот хаотичен како и хормоните, позитивно само гушкај дете и гали меше, на крајот на денот тоа е смислата на животот Добар ви ден маж и дете излегоа, јас и бебе на спална, се изгушкавме и заспа, пијам салеп повеќе за грлото ме гребе страшно, само да не е нешто што ќе ги префати децава. Сама сум крива воопшто не се чувам, често заборавам да облечам чорапи, зимава ја минав на кратки ракави, па често си излегувам така и на тераса да подземам нешто, речиси и да не спијам, еве на пример сега можам комотно ама не и се нервирам ама па преку ден од никогаш не сум можела да отспијам, а ноќите ми се резервирани за дежурство. Се ижалив и пак ќе си терам по старо да не ме мислите ова само да се најдам во муабет За ручек макарони со мелено месо потпечени, ептен набрзински мрза ми е денес машина врти да ја спрострам и ќе чекам да си дојдат мажите на мојот живот да ручаме. Убав викенд @Belabelinakinder батали ги не си ставај при срце нека си тераат ко што мислат и не им покажувај дека ти е важно и ич да не ти е, дојди си во Охрид убав мил да си наполниш батерии (валда убаво те разбрав дека си од тука)
@Kaetana Како да си ископирала некои мои мисли. За дебелина гарант сум најдебела од сите. Емотивен јадач+седење дома, хаос се направив. Од секогаш дебелка сум била, ама ова е врв. Од понеделник диета, мм 3-4 дена е слободен, кризите да ги пројдам, се мислам УН или како лани броење калории 26+ кила симнав пред инвитрото. Времево крш, не можам кафе и цигаре на тераса, дува, носи, у коски. Малиов деновиве цмиздри, со јадење зеза, па кога ќе почне да се дере не, не! Прв збор не! Втор мама, трет баба. Само не мислам разбира што значи. Кажете од кој мост или зграда са се фрлам, ја сонував песничката Деда Миле има фарму, до таму е дојдено.
Добар ден мајки Користам бејбиситинг додека се врткам околу мм. Пола игрална стоеше 1.5 месец несредена. Тапетите купени а незалепени, а они кога не се залепени и деуги дрнгалашки за на зидовите стоеја незакачени. Денеска конечно тоа дојде на дневем ред. Првен новиот тв(и тој некоја недела стоеше во кутија), па од подрум качивме некои работи, па сега лепи тапети. Леле колку било тешко. Се надевам ќе има сили(и нерви) да ги залепи сите. @karak ммогу добро знам како се чуствуваш. Понекогаш мислам дека водата едноставно ме носи, и добро е кога е така. Како да сум потојано во вода и се борам да останам на површина, да не потонам(описов ми е страшен, знам). Повеќе пати имам пишано дека имам грижа на совест и се чуствувам како најлоша мајка на свет. Некогаш за најголемата, некогаш за средното, некогаш за најмалото. Големата има 5 термини во текот на неделата, башка и викенд еден. Да не спомнувам доктори, прегледи, болници. Колку бреме но и енергија, ментално и емоционално, ми одзема. Најмалото, сакал нејќел, бебе е уште и си има обврски... па најчесто за средното сум во фазата дека “жртвата” помеѓу. Се борам со сопствените мисли и демони и се трудам заеднички поминатото време да е квалитетно. Ретките моменти еден на еден не дека нема, ама поретки се. Најчесто со најмалото. Еве, сега, мајка е тука и имам помош, ако ништо друго околу куќата. Гревота е да се пожалам. Но предходно беше баш борба за воздух и да не потонам во сите обврски. Но кога станува збор за квалитетно поминато време со дете не помага ни баба ниту некој друг. Нема втора мама, а да се дуплирам не можам. Се трудам да имаме заеднички активности и сите да се вклучени во тоа што го правиме. Тек сега, месецов, двете почнаа да си заигруваат. Предходно очи си вадеа. Многу љубоморни. Немам приблем со тежина. На 172 сум 60, што ми е ок. Последната бременот качив само три кг. Не дека пазам нешто посебно на храна, ама си знам дека тешко симнувам. Се трудам да има манџа секој ден, и колку можам стрвосот(сеедно благо грицки) кога можам колку можам да го заменам со овошје и зеленчук. Пред се поради децата, да стекнат навики за поздрава и свежа храна. Знам дека може и скришум во кујна да лапнам едно чоколадо или цел чипс, или па полошо, кога ќе заспијат. Но сакам они да јадат брокула, морков, јаболко, јагоди... па седнуваме и заедно јадеме на пример. Моментите кога “грешам” и си кркам покалорично, е со мм, навечер, кога се мезиме. Барем знам е две во едно, заедни уживаме . Цел живот бев 45-50кг. и добивав сижалувачки погледи а често и коментари од околината. Сега имам мал вишок, 3-4 плус, но добив облини и ми е мило за истото. Искрено никогаш не сум била позадоволна од соптвеното тело иако е далеку од идеално. Никогаш не мислев дека после трети дете ќе кажам такво нешто, ни мислам дека навистина долго ми требаше да се прифатам таква каква што сум, со сите несовршености, без да се комплексирам. Утре роденден на средното. Се надевам вечњр ќњ имам сили да китам. Море мора. @vitamina @Sexybaby86 чекам роденденска торта утре и од вашите малечки. Уште би пишувала, ама маж вика да придржувам тапетата. Убав ден
Здраво мајки . Денес се изнашетавме . Уште во 10 излеговме со мм и мали. Играње на снег ,па возење со санка. Милина. За чудо успеав да му облечам ракавици.Прво шеташе со една ,па кога му стана ладно си побара сам на другата рака Кога се вративме ,2 ипол саати спиеше. И јас со него Сега збеснува не знае што со себе ,па на ум ми е да ги пратам со мм да свртат еден круг да го фати воздух.Може и јас со нив ќе видам. Поминувам низ мнг емотивен период.Срцево и душава ме болат за една блиска личност.Пишував во други постови ,си олеснував тука.Во понеделник почнува со хемотерапии Поддршка сум и во секој момент ама срце ми се пара.Си плачам на само,пред нејзе насмеана позитивна Да ти пукне главата . За провинцијалци не би да коментирам Тоа е тема без крај . Џабе трошење време. Планирам неделава да го носам на вакцина мали . Ммр .Ми е страв за ситуацијава со морбили.Не е баш за потценување и чекање.Се надевам ќе поминеме лесно . Одам да го симнам од маса ,и таму се испентари Да го облечам и искачаме. Убава вечер
Vi blagodaram na site za podrskata ete navistina sakav da pisham kako se osekam i gledam deka ne sum sama. Vprocem navistina taka na nekoj nacin e komplocirano majcinstvoto srceto dushata da se podeli na dve. Sepak znam deka eden den ke porasnat ke bidat svoj ama do togas 1000 prashanja 1000 odgovori dali e se dobro i dali postapuvame ispravno. Dali mozebi so nasheto odnesuvanje ke ostavime beleg vrz tie mali dushicki.... Gledam da gi zadovolam site sinko i ne e tolku mal ama zalam sto moram da ja prekinam negovata igra, gusjanjeto, ona sto sme go zapocnale zatoa sto bebe stanalo placelo.... I taka se vo eden Krug. Vi blagodaram najmnogu na site za dadeniot sovet za del od sebe
Добро вечер мајки. Конечно седнав после долгиот ден. Како два ми се чинеа. Детево стана уште во 6. Се чудев зошто толку рано, а тој помочан до гуша. Почна да ме фаќа страв дека ќе се испоразболи. Скоро секоја ноќ е мочан. Што пелени сменив и ништо не додржува. Голем мочко е, ама па и пие многу вода. Ќе мора ноќе да намалам да не му давам. Ама кутриот колку голта, како цел ден да не пиел. Цел на мајка му со водава За килажа сте зборувале. Јас со кила сум сигурно колу пред да останам трудна, а може и помалку. Само ми фали малку да повежбам. Ама изгледам чекам пролет за да се разбудам од зимскиов сон. ММ цело време ми зборува да си најдам нешто за вежвање, ама јас ни пред дете не бев по вежбање во затворено и по правила. Единствено што сум спортувала е возење ролерки и трчање, понекогаш од работа се собиравме за одбојка и тоа. Па така и сега ќе чекам пролет да излезам да трчам. Планирам да се пријавам на скопски оваа година. На 5км, да не помислите 20км дека се силам да истрчам. За оние од други градови што се доселуваат во Скопје ги разбирам кога го прават тоа за подобри услови исто како и оние што одат во странство. Ама не можам да разберам на некого да му нудиш иста позиција, иста плата во сопствениот град, упорно да бара во Скопје. И тоа не е мало градче туку еден од поголемите градови во државичкава. Мислам со таа плата и помали трошоци дома, многу полагоден живот се живее отколку во Скопјево каде целата живеачка е многу поскапа за жал. Ова чисто како пример што сум го видела со сопствени очи на интервју. Стереотипи никогаш не сум сакала па така нема да ги прифатам ни тоа дрка сите доаѓаат заради подобри услови во Скопје. Јас за сега не се предавам и сеуште си ја сакам Македонија или сега по ново Северна Македонија. Се ми е тука, сите ми се тука. Живеачката ни е солидна научена сум да функционирам во овие прилики и неприлики. Само уште со воздухов да ни го решат проблемот, тоа е нешто што најмногу ме иритира. Добро сигурно фалат и други работи, ама ова најактуелно ми е сега. Побудалевме дома. Имаше уште работи што ми лежат на срце, ама ми се приспа. Одам да гушнам маже. Имајте убава ноќ.
Добро утро. Што убаво сонце грее. Да јадеме и ќе свртиме кругче надвор. Скапавме дома. Па и детево а види некој за врата се фаќа одма рика и сака да ја земе. Кој знае дали ќе сака да се вози во количка. Среќен роденден на девојчињата на @danichap @Sexybaby86 у баткото на @vitamina. Убава забава со драги луѓе Утре се враќам на работа. Се радувам, ќе здивнам малку и кафе на раат ќе пијам. Само да не плаче бебе кога ќе одам ептен се приврза деновиве и само во мене оди Врти сучи само во корпата за ѓубре ровари. Не знам што и е интересна толку. Ќе грабне капакот и бега. Се научила вратите да ги отвора и секаде ја има. Па и во вц. Па и во шољата сака да пика раце Ајде отидов да јадам па да шетнеме
Само блиц да пишам па вечер утре поубаво. Пијам кафе, па се враќам да чекаме мили гости. Вчера се натокмивме, да одам да се нашминкам и исфенирам и спремни сме сите. Убав, преубав ден.. Пред две години токму во овие моменти се роди моето најмило а чинам со @danichap околу пола час се само разлика со средната мома Дани.. се подржувавме многу тогаш.. Среќа.. многи среќа денов Најсреќен нека ни е на сите, на моето на Дани и на @Sexybaby86 да се живи и здрави и најумни и најубави 101 и назад. Поздрав женски да си имате убав ден
@vitamina @danichap нека им се најсреќни родендените на нашите најмили, големи да растат и да не радуваат секогаш Ќе ве почастам утре, денес во фрки сум Ве гушкам и благодарам за честитките
Добро утро. Додека сум тука да честитам. Најсреќни родендени на прцлињата на @danichap , @vitamina и @Sexybaby86 . Да се здрави и среќни, а и вие со нив. Убав помин на сите денес. Умајте убав сончев ден. Јас чекам синко да стане од дремка и одиме на сонце.
Добро утро мајки @vitamina @Sexybaby86 среќни родендени на најмилите. Здрави, среќни си спокојнк цел живот. Благодарам на честитките за мојата мома. Синоќа, до полноќ, китевме и дувавме балони. Сабајле алармот во 06 за балоните на хелиум. Фацата на момите, кога станаа, кога видоа балони насекаде беше скапоцена и бесценета. Кога ќе остарам и ќе прабам ретроспектив на животов, знам дека ќе биде со такви моменти. Ги сликав, за право во пижами к бушави, ама секако насмевката само е важна. После, за ручњкот, ќњ дојдат баба им к дедо им. Ќе ги дотерам а се надевам ќе успеам у јас да заличам на човек. Ќе им облечам исти фустанчиња кои свекрва ми ги шиеше. Знам дека со љубов ги кма правено, тоа е најважно, не дали се последна мода. На жалост мм замина на работа, се надеж да се врати за неколку часа. Среќа беше тука за будењето на момите. Убав ден на сите
Добар ви ден мамички! Мирно неделно утро. Среќни родендени на сите дечиња,да се здрави,живи и среќни. Поспаа деца, па здивнав и јас малку.Додуша,здивнување,испив кафе во тишина,една машина пружив,друга наредив,исто и за садови,им наместив доручек и ете ги сите три по ред.Па менување пелени,миење,се по ред. Сега бебе тера прва дремка,големиот си излезе до комшивчето,ја и мали слушаме музика,па се заигра со една бомбоњера,претура бомбончиња,па си реков да ви пишам. Ме трогна постот на @karak . Исто и јас се осеќам.Осеќам дека бебе добива премалку љубов,неа секогаш последна ја оставам,се гледам на средново да му угодам.Со големото немам мака но и нему му требам.Пред некој ден го пречекав од школо,светкањето на очињата и фацата кога ме виде доволно ми кажаа колку му фалам.Не дека сум некаде,но љубовта која само тој ја имаше,сега ја дели на три. И мене ме боли душава кога некогаш престанувам за доење за да сменам пелена на другово,кога со една рака го држам бебево,со друга го хранам малиов.Боли и кога сме се заиграле со поголемиве а бебево вриска и мора да го кренам.Но,тоа е.Си викам некогаш,колку беше лесно само со едно дете.Сепак,јас не сакав да го оставам само. Е,третово дојде неиспланирано но ако. Што вика @danichap ,тие некои фацички и мигови ќе не греат кога ќе остариме,кога ќе нема кој да ни ги полни прегратките,кога подовите нема да бидат полни со играчки,кога ќе пуштаме една машина до две неделно,кога нашите деца ќе ги гушкаат своите,а ние како баби ќе се радуваме со нив.Но,далеку е тоа време,јас така се мотивирам. Ми фали,не дека не ми фали,време за себе,да изгледам некој филм без прекин,да јадам ко човек,да се средам,ама ќе почекам малку.Додуша утре си закажав фризер,па нека поседи маж дома. Овој месец напорен многу,башка трошкови,празници,блиски родендени,аман нека заврши веќе.Денес сонце ѕирка,но не можам да излезам со мали,поседовме сабајле на тераса,фати малку воздух.Додуша и ептен е калливо и расшлакано,ајде ќе издржиме уште малку. Јас бев мајка што не верував во тантруми и скокови во развој.Но, овие две недели и те како ги осетив двете.Малава ама баш ич ич не спие по цел ден,десет до петнаесет мин и толку,средново плачеше,се дрецкаше,петки му никнаа,љубомора.Но се смири некако.Кога плаче од ништо и се дрецка,игнорирам,скроз освен ептен ако не се мсирува.Кога ќе види не реагирам,престануваше.Сега да не е за подрек,арен е. Се запишував и јас мајки.Да видам батаците до кај се,ќе правам и ориз.Толку бебе,се разбуди. Пријатно неделно попладне! Да се редактирам,за темата слабеење,доколку се мотивирате на некоја тема,викнете,имам и јас бааги за симнување.Не изгледам дебело,но мене ми пречи ова.
Навратив само да честитам родендени на малите сонциња. @danichap @Sexybaby86 @vitamina многу да ве радуваат! Кај нас се по старо. Уште се бориме со некоја безвезе тт. два дена веќе крева така без други симптоми. Утре нема да оди во градинка, нека оздрави убаво а и, баш утре имаме еден важен преглед. Убав ден жени!
Добар ден! Среќни родендени на малите на @danichap , @vitamina и @Sexybaby86. Нека се здрави и големи и среќни да растат. Ние сме во игротека, јас пијам кафе а малата е со татко и. Па ќе се смениме тој да испие и после пак заедно. Таа пресреќна дека одамна немавме дојдено па нека ужива. И ние покрај неа сме како деца, играме, скокаме, се лизгаме. Забавно е, ама и напорно, а кој нема кондиција како мене тешко е. Денес за ручек изгледа ќе се купува нешто, веќе немам идеи што да јадеме. Ќе биде пица некоја најверојатно, па утре ќе морам да засукам ракави и да зготвам нешто свесно. Убав ден!
Среќен роденден на момите на @danichap и @Sexybaby86 и баткото на @vitamina Да се живи и здрави и да ве радуваат секогаш! Имајте весел роденденски ден