1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Сношти додека го чекав мм да ми донеси тост сама си отворив пивце и гледав филм.А тој се мачел со колата ја туркал, на сред улица "го оставила" дефект. Изнервиран беше,кога и да имаме нешто плус финансии мора нешто да се случи.А и тостот не личеше на тост ладен и внатре празен.

    Со мм се шегувавме дека ни е прва брачна ноќ и дека имаме трема двајцата.Ние малку си се посакавме ,а дете бајче не се разбуди ниту еднаш.Знае кога треба да спие

    И како мала сакав детето мое да присуствува на венчавката наша со идниот сопруг.И ми се оствари..Кога ќе порасне ќе кажува дека и тој бил во најважниот ден на мама и тато.

    И денеска гости ова кај нас за секоја прослава изгледа како искова слава.Но само за убо да е.

    @emkaemka Точно така,сега сме сопружници пред Господ,а инаку во брак(регистрирани) сме скоро 3 години.
     
    На orhideea, Ano, Kitten и 31 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.126
    Допаѓања:
    107.025
    Пол:
    Женски
    Ај и од мене добар ден. Чекам кафе а ми се лади чајче. Дете веќе кај и да е треба да заспива. Туку се навикна на спиење со нас, нејќе у креветче, леле мори мајко. А го ставам у креветче очи пет банки отвара и не сака крај, вика Не сакам. Вечер има да седам пред него да го ставам и крај. Ама и муж е за ќутек, касно гаси светло и тв, касно легнува, а дете без татко не заспива. Кога сме сами дома и порано успевам да го успијам. Ај да не се жалам само од него де, не е до толку лош, во последно време многу ми се наоѓа, го чува повеќе и од мене временски, за да можам да средам се. А за воља на вистината и повеќе го сака оти поише му удоволува.

    Друго да ви се пожалам немам, а немам ни да ви се пофалам уште. Одам во една потрага да најдам еден документ па поскајте ми среќа ;)
     
    На Ano, Coco31, snegulkata и 22 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.261
    Допаѓања:
    37.073
    Пол:
    Женски
    На кратко бидејќи морам да исчистам па до вечер може ќе пишам на подолго.

    Денес прво ја прашав тагесмутерот дали прават крвна слика ми рече дека слободно можам да им речам да направиме ако не се чувствувам сигурна за вакцинирањето.
    Па денес имавме термин на педијатар и го прашав педијатарот викам кај нас пред секоја вакцина се прави крвна слика и рече дека може да направиме и ни закажа и за крвна слика пред вакцината.

    Во Германија сум. Вклучив локација на телефон да се осигурам.

    Увото се уште на почеток на воспалување и ни препишаа антибиотик ама рече дека ако не сакам не мора одма да почнам со антибиотик, да почекам.

    Чекајте уште се чудам за крвната слика.

    Јас сум пак за частење. Пристигнува фрижидерот. :d::d::d: Па задутре земам плата и ќе бидам благословена се да купиме наеднаш, а не секој ден в маркет. Среќата беше во малите нешта, така? :inlove:

    Убав ден кај нас е сончев ден! :sun:
     
    На orhideea, Ano, Leo_29 и 37 други им се допаѓа ова.
  4. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.312
    Пол:
    Женски
    Да од охрид сум ќе си дојдам да се одморам од се овдека сите се дивури не се како нас
     
    На gjoker4e, Sandrin4, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Секаде има и вакви и такви и јас како тебе сум разочарана од на мм блискиве ама одамна ми се ставени на игнор. Време трошам само на луѓе што го заслужуваат, со другите службено, затоа стави се на игнор и опкружи се со луѓето што те прават среќна и те заслужуваат :hug:
     
    На ZAHRA, gjoker4e, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Убав ден.

    Сум шетала со бебе цел саат^_^
    Добро, низ улица, ама не знаете кој успех е ова за мене, бебе да седи во количка еден саат:o
    Од кога имаше 2 месеца не се повторило ова.
    За да биде подобро, и заспа во количката! Се изнаспа на чист воздух, беше облечена добро па не ја внесов дома туку ја оставив надвор да си нана:sun:
    Неколку дена ќе пробувам вака по улица, па ако е мирна како денес ќе се обидам на подолги релации да ја шетам, ми здосаде дома веќе.
    Ми се пешачи ептен многу.
    Со народ да се замешам малку:D
    Амс големко бебе е веќе, си разбира, сака да си разгледува а и се гледа и прија ептен воздухот:angel:


    Туку, како се ближи период за на работа, така е се поприврзана за мене. Имам време уште неполни три месеци, ама никогаш до сега не се однесувала вака.
    Кој и да ја земе, почнува за 2мин да кенка, да плаче, па се грчи целата.. Ја земам јас и одма е смирена, се смее, си бмрчи нешто ..
    Дури размислувам да земам +3 месеци одмор или па дури и отказ да дадам.. Како што работата ми е во две смени, нема шанса да би издржала цел ден без неа, кога би дошла од втора смена она ќе спие, значи по цела недела нема да ме гледа :(
    Ух, тешко ми е на самата помисла.
    Имам уште малку време за размислување..

    Не фати пак некој скок, кенка, слабо јаде, се лути и фрла играчки на земја .. :wasntme:
    Пресмешна е, што и да ставам пред неа го бута на земја, па пак давам, па пак фрла .. И цел ден така ни минува, ме зеза малото :D

    И еве ја спие до мене, сакам да се одмори ама сакам и да ја разбудам, досадно ми е без неа:drunk:
    Ни сама не знам што сакам веќе:D
     
    На Ano, Coco31, muchacha_a и 28 други им се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Синко се обидува да заспие со дедо му ама според галамата што ја слушам од доле ништо од спиењето.Јас пак дур го чекам мм да се врати од работа се излежавам и си замезив малку чоколадо :$ пакетчињава на синко искушуваат мислам дека чокалади имаме во изобилие .Скоро секој ден кога одам сабајле на работа стои едно циганче на семафорот и стално му давам по нешто за јадење дали чоколадо,житарка или кроасан зависи што имам ,дури денес приметив дека мајката стои од карши на другите семафори и посматра цело време :devil: се нервирам многу место да земат да работат нешто они мали голи децата по ладното ги тераат да просат јас незнам што луѓе ќе беа :(
    Леле денес така уморно и исцрпено се осекам мислам одвај одам ,а и времево аман више одвај чекам да се стопли да може да функципнираме нормално да се излезе да се прошета дете здиве дома и тоа кутрото му фали градинката и другарчињата ,здравје уште една недела па планирам да го пуштам .
    Толку заврши одморот одам јас ,иде синко не заспал :)
    @24.07 честитки :hug:
     
    На orhideea, Ano, Coco31 и 28 други им се допаѓа ова.
  8. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    28.355
    Пол:
    Женски
    @24.07 честито крштевка и честито црковен брак.Да сте среќни,весели,поздрави и побогати ,од сега па натаму само убавини да ве следат.

    Имам заприметено дека сите што сме мажени во др град мислиме дека од градот каде што идеме "подобри" се.Сепак мое мислење е до опкужувањето.Секаде има и вакви и онакви.Кој ни чини арно,кој не уште поарно.Пријателите ги бираме,а фамилијата таа е,нема бирање и менување.Ако не ни чини,помалку контакт и ајт наздравје.
    Јас сеуште сум како пијана кокошка,тт на синко му спадна после 3 дена ама носот де му тече,де затнат,па му се слеваат мрсулите и кашла.Па ноќите ни се весели :dance:
    Еве сум на работа,пијам кафе а очи сами се затвораат.Ама кога ќе појдам дома 8-| на олкави ми се дремка не ми иде.
    @elcezelce ми дојде и мене една циганка на раб ми бараше дали сум имала алишта да и дадам,и реков дојди утре ова време ќе ти донесам.Девојчево 12-14 год,повеќе немаше.Дојде утредента и собрав дома се што најдов блузи,фармерки,панталони и трењерки.Дојде утрето пак,кажи и викам,дали имаш штикли и шминки,кармини нешто да ми дадеш :@Е тоа немам и викам.А дали имаш крупни пари да ми дадеш,ми тежат ситниве,дај и викам.11 беше сатот а таа собрала 1800 ден до тогаш.:o
    Требаше таа мене да ми даде,а не јас неа.Јас цела смена за 300-400 дневно ја држам,таа до 11 саат 1800 ден.Е не може.Вишени давам ни ништо.
    Ајде одам јас,доста ви тропам глупости.Месев денес со синко правевме како зелник нешто,сум се најала поштено сега мислам секој момент ќе пукнам.
    Позз лепотици
     
    На orhideea, Ano, ma4e1311 и 30 други им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам пред да се комирам (а тоа е во секој момент).

    Се осеќам ко деновиве да ги туркам со сета сила да поминат. Буквално ко Сизиф каменот. И пак ми се тркала назад, некогаш при тоа и ме сплескува. Работа тон, желба за работа во минус. Од работа секако не можам да пишам, такви моменти се забранети. После работа додека се приберам, капење, капење дете, јадење.. толку. Летна денот.
    Да не заборавам и играње со мачорка затоа што нели, си бара.

    Леле колку е интересна станата. Значи ги обожавам на овие години (полни 4) - само нешто муабетиме, логика детска слушам секој ден и ми го разубавува животот смеејќи се. Црта, бои, учи да пишува, пее, караоке шоу си правиме секоја вечер по дома. Драма ни е по дома во позитивна смисла. Многу сака и да снима и слика со телефоните (за друго не знае) и само нѐ снима. Меморија скоро да немам. Малку се натегавме да ѝ објаснам дека не смее да ме снима додека се облекувам, или во вц. :))) Ама се научи.

    Досега ровареше а јас со идеја да си легне порано да се видиме со мажов. Го пратив да ја успие затоа што јас ако одам, готово е. Отидена сум. Нема враќање. А тој пак ја игра од грижа на совест што се прибираме во 18.00 дома и ја успиваме во 20.30 па сме немале доволно време да поминеме со неа. Се согласувам. Ама не се решава тоа со легнување во 22.00. Не сакам да ми набива грижа на совест што сакам да имам малце време и за себе. Па и за нас. Ма да нешто ми се увртело да не правиме ништо пред преглед. Ама до преглед уште 2 недели. Кај веќе поминаа скоро 2... Уште 2.. многу некако. :wasntme:

    Планирам да си пуштам серии сега - и без тоа имам за гледање - денови веќе тој гледа а јас заспивам после 5 минути и уште го убедувам дека не спијам. Не знам, ама искрено најубаво ми е кога се губам а во позадина оди телевизор и гласови.. знам дека не е убаво за мозокот и не сакам да спијам со телевизор. Ама да заспијам со галама.. преубаво.

    Многу ве поздравувам. Утре порано си одам од работа - убав ден ќе е. :))))
     
    На Ano, Monella, gjoker4e и 27 други им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.809
    Пол:
    Женски
    Ај да се пријавам иако не со добри вести. Ноќеска изгорев од тт, денес цел ден до 39 и повеќе, дете денес после пладне исто. Еве го сега 38.5 има. Зар е можно сите вируси да ги закачуваме?
    Колку само ми се тресе душава за синко, барем он да беше фит.
    Ноќеска дежурство. Му викам на мм проверувај ти, зашто и јас сум топла и немам осет.
    Ќе се пријавам за брзо, се надевам, со позитивен пост.
    Мирна ноќ!
     
    На Ano, ma4e1311, Coco31 и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Добра вечер мајки или добра ноќ за некои. Вечерва сум сама со децава се надевам добро ќе поминеме и нема да се разбудат истовремено. Маж замина на семинар во главниот ни град. Колку и мене ми недостига Скопје. Ете јас имав избор да останам таму, но со мм одлучивме за тука. Убаво ни е. Јас сум човек кој ужива во тишина, а со две деца тоа и не е можно. Да се здрави и живи, многу се темпераментни, многу љубов и внимание си бараат. Барем ќе ме ослабат, по цел ден сум на нозе, да седнам одма се бунтуваат за шетање. Теписи однесов да се перат, уште не се послани, немам време за генералка, а сакам се да биде чисто па да почнам да ги оставам на под, ќе ги учам да лазат. Ми се допадна еден капут на Астибо со црвени точки многу убав, го купив и маж не ме бендиса, ми го скрши меракот. Отидов го вратив и зедов сив, стварно сивиов поубаво ми стоеше и маж ме бендиса. Си купив и фармерки први после пораѓај некако не се осмелував да облечам досега и некако ме прават послаба. Јас заминав на пораѓај со 90 кг, а сега имам 67, уште 3 4 да скратам ќе почнам да си се допаѓам самата на себе. Туку што мислите кога е идеална возраст за деца во градинка. Ми велат на година и пол било супер. Мене некако ми се мали и на таа возраст. Размислувам што би било поубаво државна градинка или престој. Опција ми е и хелен дорон, ако има некоја мамичка искуство нека каже како е таму. Сепак рано ни е, но јас сум тип што премногу размислува што би било во иднина.
     
    На Ano, Monella, ma4e1311 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Добра вечер

    Деца болни и со терапија :envy:
    Денес добивме нов сируп па одма после првото давање покажа резултат
    Само побрзо да поминува
    И јас не сум нешто подобра па си пијам од нивниот сируп :$ не кашлам сега толку
    Прв пат ни го препишува матичниот и задоволни

    Излегуваме само по потреба последниве два дена
    Дека настинати и неподносливи се :|
    Рековме денес да одиме во дм да пазариме и само што излеговме од кола циркузи :@
    Си ги собравме опавчињата и назад
    Успеав само до еден бутик да подигнам нарачка и дома
    А ми се шета периодов многу

    Деца на моменти се заигруваат и секогаш игрите им завршуваат со плачки :worried:
    Ако едниот земе нешто другиот автоматски сака да го има и обратно
    Главата тапан ми е...
    Сложни се само ако се во забранета зона ]:)
    За да ми напркостат неможе човек да ги сети :D
    Со Могли се може,многу е поразбрана ама затоа мали се повампири,чудо
    Што мирно дете си беше :^) се подивјачи

    Мм уште вечерва и утре вечер работи и два дена слободни
    Си правам 300 планови а дали ќе ги реализираме прашање е
    Битно имам термин во четврток на гинеколог и се молам да не добијам баш тогаш,да може брисеви да ми земе и се надевам немам ништо сериозно
    Треба и кај ортопедот да се јавам да и кажам дека пак ме боли рамото
    Инекции повеќе не сакам,мора да има друг начин,уште сега со тоа :shake:

    Чекам 12 за да дадам сируп и да си легнам,а ми годи тишинава

    @24.07 честито крштевка и брак :hug: :* вечни и среќни да сте

    Ве поздравувам :hai:
     
    На orhideea, Ano, Monella и 34 други им се допаѓа ова.
  13. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    :coffee::coffee::coffee::rain::rain::rain::rain:.
    Утро!

    Мали јаде домашен тост со пршута додека јас тегнам врело кафе. Кај нас дождот не запира од вчера!:envy:
    15 дена поминаа од вакцината нема никаква реакција сеуште. Дали е нормално или не ? Ми е чудно....:?:
    Мали секој ден се некоја глупост ми приредува. Најново е се пентари пред тв и во план е да го бутне од комодичката. (facepalm)
    Треба да ја скратам косата , приметувам кога нешто се нервирам веднаш нервозата и ја исфрлам на косата као демек се ми е за кратење тогаш... така и сега закажав шишање од понеделник дури слободен термин. Оффф
    Треба на забна да одам ама кој да појде .. ич не сакам кога треба да мкнам дете со мене секаде пошто тоа ми е плуа трошење на пари секое одење во град нова играчка бара.:devil:

    Вчера едвај го убедив за една да не ја земе ме послуша и одевме вво маркет си купи темперни бои, пастелин блокче и рече јас сум умно дете имам куп играки дома. Срца на мајка е :angel: (кога сака де).
    Туку борба водиме за чорапи по дома да носи,дење -ноќе ,лето -зима се си е бос што почна ужасно да мр нервира и на гости штом влегува внатре одма се фрлаат чорапите.:@
    Си покукав посабајлечки.
     
    На Ano, minneymouse82, Sandrin4 и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Снег утрово, се е побелено, па и вее уште, права зимска бајка. Му се радувам како мало дете, незнам зошто ама кога вее снег некое убаво чувство ме обзема, некоја топлина. Секако дека не сакам да одам надвор кога е никакво ни снег ни кал, ама кога има убав слој на снег убаво ми е да чекорам и да ми крцка под нозете, да измрзнам убаво како кога бев дете, да се надишам чист воздух.

    Ја однесов малата во градинка и кога се вратив образите ми беа смрзнати и носот, ама имав широка насмевка на лицето. Одејки накај дома си направив и селфи со снегот, си реков сега некој да ме види, кај толку рано се селфосувам, кај сум се окезила, мислам само јас бев насмеана утрово. Се радувам на мали нешта што да правам:)

    Детево кај и да е чекам да ми се јават да си ја земам, мрсулава е до бескрај, ама нема ни температура ни други симптоми, весела е и се игра, дури и велев да не ја носам, ама таа веќе сака се повеќе да оди во градинка и ја однесов па ќе видиме. Кога отидов што да видам, секое второ со мрсулите, па имаше и некои што поткашлуваат. Секако ќе ги изнесат на снегот нека се надишат чист воздух па за мрсулите кој ги врти:lol:

    @TutiFuti јас мислев само моето е наопаку родено, јес да навистина беше во обратна позиција во стомак ама до толку дете да мрази чорапи не бев видела. Секоја прилика ја користи да се соблече боса, ноќ секако спие без чорапи уште од бебе, ама и денски кога спие сака да е боса. И ако не и ги соблечам се лути, плаче, па та и ги соблекувам и кога заспие пак и ги облакам. Баш вчера се жалев на учителката дека не дава чорапи, па капак и вреќата за спиење ја исфрливме од употреба од плачки нејзини и еве ја по цела ноќ спие откриена, со сопругот сто пати стануваме да ја покриеме тоа веднаш се открие. А да е до толку топло не е, ние и двајцата покриени до врат тоа голо.
    @24.07 честитки и од мене.

    Станувам да и спремам ручекот на девојката моја па имам нешто работа на лаптоп.

    Убав ден!
     
    Последна измена: 30 јануари 2019
    На Ano, minneymouse82, Sandrin4 и 27 други им се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    28.554
    Ај добро утро!:):rain::coffee:
    Дождливо утро, јас би со големата ќерка на прошетка со чадорче, па да шлапка по вирчињата, па да си муабетиме двете, еххх ми се враќаат спомени кога целото мое време беше посветено нејзе. Ама сега е и беба тука, причина плус за среќа, и причина плус за скратуање од многу нешта. Реално така е! Си се тешам одма, поинтересно ќе биде кога и беба ќе може со чадорче да шлапка во вирчиња. Па ќе почекаме до тогаш! Ќе бидат Пепа и Џорџ, одма ги замислив! :P

    Скорз ненаспиена, едвај ги држам очите отворени:yawn:! Беба синоќа ме уби од нишкање. Од 1 по полноќ се разбуди и ја презаспав, па во 2, во 3, во 4, во 5... на секој сат вклучуваше сирената, аман што и е:envy:! Се разбуди весела и расположена, значи ништо не и е! Е ајде де, цела вечер мрмка, сабајлето среќно дете се буди^_^. Она у главном убаво спие, ама имаме и такви некои шашави денови кога не и се погодува! Интересна е беба моја, од ден на ден се послатка. Ја нанка куклата, пее ,,нан, нан, нан,, , па покажува каде е окото на куклата, каде е рачето... Се учиме по нешто, се занимаваме по цели денови! :angel:

    Големата спиеше кај баба и! Сака веќе во градинка, па од наредниот понеделник секако се враќа таму, кај другарчињата. Пак ќе се вратиме во тој ред, нормалниот, заспивање на време, дремка во градинка, редовни оброци (додуша и дома е редовна со јадење)... И најсреќна сум што ќе го скратиме времето поминато на моб:whew:. Овој месец, дека пукаше од досада дома, ММ и симна игрици на моб и дете ми се навлече па секако 2 часа дневно минува на тел:worried:. Не споено толку време да дреме со моб во рака, ама како и да е ич не ми се допаѓа кога ќе ја видам како се тегне на креветот со моб и се нервира од игриците. Да не зборам колку се закачкаме со ММ околу тоа, стопати му пререков дека е виновен за игриците. :@
    Јас се трудам и наоѓам начин секојдневно да ја занимавам де со боење, де со изработки некои па заедно сечкаме и лепиме, де пластелин играме, а ММ пак игрици ми ја учи. Поубаво искористено време од тоа нема, а не игрици да ми штрака! Абе ајде, се изнериврав. Мобилниот никогаш не сум го криела од дете, слушаше песнички од бебе, и многу научи од тие песнички, ама ова со игириците е само извор на нервоза и зависност и ништо друго! Се надевам ќе се среди кога ќе тргне на градинка и кога ќе подзатопли па повеќе сме надвор отколку дома. Време за игрици ќе нема! Барем досега било така, ќе видам како ќе е!

    Тоа мајки, не знам што друго да ви пишам!
    Имајте убав ден!
     
    На Ano, minneymouse82, Sandrin4 и 30 други им се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    23.514
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте денес?
    Не знам како да ви се умешам во групава, што да пишам кога секој ден е ист со бебо :)
    Вчера го носев на педијатар заради брунчињата што му се појавија, ама др вика веројатно од топло се. А не го облекувам многу ни па држиме дома топло...
    Си напредува добро, смирен е деновиве, не вришти и пишти веќе. Синоќа заспа околу 2 саат, подобро е од 4 секако :)
    @Bella* ние после молитвата за 40 дена отидовме само на ручек кај родителите на мм. Попот во црквата ми кажа дека тоа одењето во 3 куќи е измислено од народот, не дека е адет од црквата. А и секако не ми се малтретираше ни бебето ни јас да одиме по гости наеднаш. Ова зимово не уби дома мислам, само 2 пати го имаме однесено бебо на гости, еве за молитвата и после уште еднаш кај сестрата на мм. Добро, и на педијатар што одиме. Едвај чекам викендот да го прошетам ако е убаво времето. Сакам да одиме и за Кочани, кај мајка ми, да се видам и со другарките. Сите едвај чекаат да го запознаат :)

    И јас сум била вака исто зимско бебе, сега ја сфаќам мајка ми како поминала :)
    Ајде се читаме, останете поздравени :*
     
    На Ano, minneymouse82, snegulkata и 26 други им се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    @Seline хаха обратни деца се денешниве изгледа :rofl:.
    Ние за чорапи од лани февруари битка водиме да облече денски кога е дома.
    А за спиење чудо дали дека со мене спие често знае да ми се напика цел во мене и глава да покрие со сите ќебиња . Т.е две се ама ипак до над глава е умотан :D.
     
    На Sandrin4, Chantal, gjoker4e и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки :)

    Да се пријавам во две групи и јас:

    1. Во ненаспаните
    2. Во онаа чии што деца мразат чорапи :sweat:

    За првото, веќе што да кажам. Детето од одличен спијач по цела ноќ до 6 месеци, сега е друго дете. Знам дека е заради забите, јасно ми е се, ама веќе немам сили за дежурање, нишкање, шетање во раце (пошто мадам така заспива, не смее да е класично заспивање, зошто урла :sweat:)... И мм и јас претепани сме. Ќе и излезат едни заби, ќе спие мирно недела-две, без ноќни будења, па ќе почнат други заби и се така во круг. Кичмава веќе не си ја осеќам, шетам како зомби и пробувам да маскирам подочњаци. Ај се тешам, ќе помине, ама кога? После 3 години можеби? :whew:

    За второто, бебе мое мрази чорапи како најголем непријател. Боса е 24/7, ептен некогаш ако ја залажам да се заигра со нешто, па да и постојат на нозе. За спиење, нема жива сила што може да ја натера со чорапи да заспие. Топлинки некогаш и ми успева да и облечам и да ги носи, повеќе сака тоа, ама најчесто сака да е боса и боса да оди по дома. За шетање кога ја облекувам, фрла и чорапи и кондури комплет. Дека уште седи во количка, не оди, па си ги вади. Кога ќе прооди се надевам нема да прави проблем. Кондурчиња за проодување и облекувам по дома чат пат, чисто да се навикне на кондура, време е веќе. Дете годинка има, а не ги сака :| Ама ги поносува, не дека не. На роденденот 3 саати беше во кондурчиња и за чудо не се побуни :) А пошто хулахопки носеше, не чорапи, почна да се тегне за нив по некое време, ама виде дека не може да ги соблече и се откажа (facepalm):D Башка и беше замаена од луѓе и од се, па заборави на кондурите, среќа :D

    Инаку, бебка има ново бебе играчка и нонстоп и е во раце. Го гушка, го бакнува, го гали по главчето и му мумла, демек приспивно, да спие :D Преслатка е :inlove:
    Се топам кога ќе и речам дојди баци ја мама, па доаѓа и ќе ме баци сочно во образ, ама баш правилно бацува :inlove: Па ќе ми мине со рачето по образот, демек да ме погали, и ќе си отиде кај играчките :D

    Ме мачи помислата за второ дете. Многу сакам, ама и се плашам како ќе биде. Дали сега, дали да почекаме... Ич не знам што е правилно, знам само дека имам огромен страв во себе дека нема да бидам еднакво посветена на двете, барем на почеток, зошто нели бебето ќе биде зависно од мене... И многу ми тежи ова на душа, само думам секој ден дали е или не е правилно да почнеме да мислиме на бебе бр. 2. Па и јас сум хаос во мојата глава, си викам пак сега со стомак, да не можам да си ја видам Стојна :D, па на работа ќе одам, па и дете дома плус ќе ме чека, па породување, па цицање, бљуцкање, капки за грчеви.... Не знам, не знам, хаос сум. Ако може одма да го родам, а да не мора пак да бидам трудна, одма би :D Кој ќе се матка пак 9 месеци по еха, контроли...
    После ваквите мисли ќе си ја чукнам главата и сфаќам дека сум себична што вака размислувам. Свесна сум дека морам да се жртвувам, за нив, за децата. Да стиснам заби и да издржам и истуркам уште еднаш. И ќе го направам тоа, кога тогаш. Ама ете, мозокот ми работи 300 на саат. А најголемиот страв да не го спомнувам, освен вниманието кон двајцата, се плашам и љубовта дали ќе е иста. Знам дека е, мора да е, ама оди разбери се со оваа луда глава во ПМС.

    Не знам што сакам :|
     
    На Minnie-e, Ano, minneymouse82 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки
    Од дом ви пишувам 3 дена сум на боловање. Деца ми изгореа од температура. А и маж ми од вчера. На сите 3ца давам сирупи апчиња и цела куќа ми мириса на оцет.
    Ај поголемкиот е подобро а малово и тоа качува тт ама не мн како што беше батко му. Едно станување си ручка овошје и сам си лупи мандарински и си ручка
    А големиот ништо не јаде и одма омалксува. А маж па цел ден умотан во ќебе
    И што дакажам дека ми скиснало од болести и само со топломерот во рака. Сакам пролет сакам сонце лето...
    И децава дома затворени цел ден не се изморуваат да заспијат.
    И лани ова време беа вака болни добро се сеќавам малото фати ларингит па бронхит.
    Нека не одминат годинава.
    Испеков кора ќе правам трилече.
    Убав ден на сите...
     
    На Skorpija989, Ano, ivana--aerodrom и 24 други им се допаѓа ова.
  20. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    22.566
    Пол:
    Женски
    Терам вторник,некои лоши мислис...
    Детето бар ми е срекни и разиграно.Ама па од овие фамилијарни перипетии преку глава ми е.И тогаш викам можда на тие шо се странство потешко им е околу дете чување,ама па раат главата од баби/дедовци.
    Не би на долго да пишувам,бидејќи само негативност би ширела...
    Дете ми приплакува во сон..Си мислам дане се оетки да растат.Нејќе уста да отвори да проверам ситуација.
    И јас со нетрпение чекам пролет,сонце и мирис на свежо искосена трева.

    Поздрав мајки.
     
    На ivana--aerodrom, mal.ecka, ma4e1311 и 20 други им се допаѓа ова.