Добар ден. Малата спие. Која борба стана дневново спиење уффф... Очите и паѓаат, ама одбива да легне. Некој ден издржува, некој ден не. Денес и вакцина прими. Пресековме со мм дека мора. И така е здрава, и така е дома, па немаше потреба веќе да чекаме. Се надевам лесно ќе помине. За денес планирам ден на уживање. Тоа значи за ручек ќе има шпагети со сосче, потоа ќе си ја заблажиме душичката со топло чоколадо и орео. Ќе си играме, боиме и сите секојдневни активности. Сега веќе она кажува што ќе се игра. Ми вика, чекај, имам идеја! Со една насмевка најслатка и прстето во вис кренато. Во последно време омилено и е да си правиме претстави од приказните. Многу ми е интересна како ги глуми ликовите, па си измислува нешто по нејзино, обожавам да гледам како и работи мозочето. Не ја сакам зимава, ама и убаво ми е вака со неа, си имам друштво. Не дека порано излегував негде по ладното и гадно време. Ајде ќе помине, еве јануари кај и да е, уште триесетина дена и ќе заврши. Нека им се среќни родендените на сите што поминаа, никако на денот да пишам. И побрзо оздравување на сите мајки и деца.
И моето дете е од оние што не носат чорапи. Лето зимо он е бос. А па свекор ми и 2 пара му облака понекогаш Кога се вракам дома од работа прво се радува, рипа скока и му текнува на чорапите и вика : мама чопи и покажува накај нив, и ги тегне Кој што праи јас викам по него за чорапи . Па тајно му ги облакам демек нема да примети Циркузијада
Да шкртнам набрзина додека пијам кафе Прво среќен роденден со закаснување на дечињата на Дани,Витамина и Сексибејб да ви се живи и здрави. Исто посакувам лесна бременост на Каетана. Синко е болен,викам си го урочив детето.Викав оддамна не ми се разболел.Почна со инфекција на очите викендот,па му се појави некој осип и задвчера качи и тт.Исто многу лошо кашлаше и беше целиот затнат. Три дена по ред бевме по доктори.Во сабота на брза помош за капки за очи,па викнавме дома доктор во неделата.Понеделник на матичната и вторник бевме да му земат крв и урина.5 епрувети крв му земаа на кутрото дете Резултати наредната недела. Многу го пофалија и сестрата и докторката,оти воопшто не заплака.Му се познаваше на луцето дека го боли,ама глас не пушти.Претходно го спремав по пат дека ќе го боцкаат во рачето.На крај доби 2 бомбони и играчка кога се вративме на шалтерот Инаку сега е добар фала му на Бога.Осип нема,му минаа и очињата,само што кашла,ама и тоа се смири.Од утре ќе оди на градинка. Туку малку е разлигавен.Не знам што му е,ама бара да го облечувам.А, знае се да облече и соблече,освен облекување на холохопки и да го закопча патентот на палтото тоа не го знае.Дури и јакната еднаш сам ја облече пред мене.Во градинката се прави сам.Веќе цел месец не знаел и бара помош,ако му кажам можеш почнува да плака.Не знам што фаза ќе му е ова.Би му помогнала да знам дека стварно не може,ама не сакам да ме манипулира. Ние денеска цело претпладне во парк минавме.Ги раневме шатките и си игравме.Еве го уште спие до мене. Јас готвам денеска зелка манџа.Извадив дел за синко,оти кај нас ставив лута пиперка.Оддамна не сум ја јадела лута,така ми е послатка. Инаку дефинитивно ќе ја намалам саатнината на работа,уште немаме нова градинка Ајде убав ден стана синко
Јас мислев дека сум единствена на светот што јаде лута зелка манџа Ја обожавам, ептен ми е слатка. А ја пројадов несакајќи Имено, еднаш мајка ми по грешка ставила лута пиперка во зелка манџа, а јас сум сркала лакомо, збор не сум рекла и сум се препотила цела Дете бев тогаш, ама ја памтам фамозната манџа. Она ме видела дека се потам, ама не јадела во моментот од зелката, па додека сфатила зошто се препотувам касно било Од мала сум сакала лутко Оттогаш секогаш пикантно лута ја правеше, се давев од јадење А јас и ден денес во секоја манџичка мора да ставам нешто пикантно лутко, по малце За нас со мм ова, не за бебе
како си ме насмеала Јас не јадев луто пред да се мажам.Свеќи цело време ми викаше чекај имаш време ќе пројадеш и стварно така биде Сакам лутко,ама тука тешко наоѓам лути пиперки кои се стварно лути,а и избегнувам заради синко Инаку манџата стварно беше вкусна,цела чинија сум изела
Денес за малку фалеше да добијам нервен слом Ај станавме мм кафе ми свари некако прибравме да се соземеме од вчерашниот ден брат му си замина . Ај реков денес ќе ја преместам гарнитурата да зачистам додека убаво се затопли па да го капам синко и тргам кога ќе видам ѕидот со мувла воден едниот дел од креветот со мувла се скренав чистев и плачев од нервоза како можеше а последно пред божиќ спиевме немаше ништо. Ајде средив на сета мака и торта правев се најавиа гости за вечер и додека спремам ручек аспираторот пуштен и едно време престана да работи ее уште тоа ми фалеше готово реков се расипа дојде мм викам цркна нека оди вика лошото по него па ај вика да видам да не е некоја фаза расипана па среќа така испадна ми олесни малку. Од сабајле дури сега седнувам да здивнам додека сино не е вратен од кај старите скоро цел ден остана таму. Ете каков ден имав јас убавини невидени
Шефицава моја е врв за оговарање. Еднаш ја оговараше таа со три деца дека често не идела требало маж и да ги чува децата, па една дека барала секоја недела да е слободна, па вчера и даде отказ на една жена и со други две ја оговараа дека секое сабајле каснела, а таа треба да отвори во 6. Мене еднаш ми рече Џокерче ти од Сибир доаѓаш? И кога излегував се погледнаа со таа што и дадоа отказ. ^Ова од вчера останало. Којзнае што сум сакала да пишам во продолжение. А којзнае што сакам да пишам сега. Ја возев малата на тротинет па кога ме сви кичмата. Се надевам се "вози" тротинетот. Јас никогаш не сум немала, а овде секое дете со тротинет е надвор па ај и ние. Додека влегував во градинката заплакав. Денес корне ветер носи се пред себе. Јас влегувам, а група деца над 3 години носат на прошетка. Ова ми е втор шок од ваков вид овде. Првиот ми беше летото кога бањаа голи бебиња на фонтана и ме прашаа зошто јас не ја бањам. Не беше ладно ама и не беше за бебе по памперс да го ставиш да се шлапа во фонтаната. Па уште кога ми рекоа дека секој ден ги изнесуваат надвор по еден саат ја замислив малата на снег, дожд, силен ветер и готово да заплачам. Тие над 3 години надвор беа, а страшен ветер корнеше. Па ми текна на муабетот дека воспитувачките во Мк отворале прозор и викале за да настинат па да нема многу деца утредента. Сега имаа отворено голема врата кај малите исто како надвор да си. Значи нормално си е па и ние дома отвараме прозор да се излуфтира. Многу се потресов што ги видов децата на ветрот. Може да се носи од 7:00 до 9:00, а да се земе од 15:00 до 17:00. Цена 456 евра месечно. Појадок од дома, ручек од градинката. 11 деца до 3 години се само. Па кога ми рече после ручек миеле заби и сите спиеле. Таа ми збори јас се чудам и ја замислувам малата како се противи, вика, вришти... Сега треба да барам работа од 1ви јуни на цело работно време. Во мај ќе биде адаптација веројатно изумив да прашам тоа. И од 3 години ќе има загарантирано место во градинка. Многу скапо. Па ќе видиме како ќе не биде. Како и да е многу се радувам. Инаку кога прашував ми рекоа дека отприлика две години се чека за место, тоа ми го рече главната во самата градинка ама ете испадна за помалку од година да има место. Среќа. Да не се подречам ама за многу работи имавме среќа за стан, за виза, работа... Можеби вистина е она дека среќата ги следи храбрите. Утре плата. Се радувам како мало дете. @24.07 Среќна венчавка и крштевка! @ane-sk Среќен роденден! Побрзо оздравување на сите дечиња меѓу кои и моето. @fairy88 Како е тоа со лекар дома да дојде? Се плаќа? Ни дадоа лист на педијатар и пишува такво нешто ама не пишува ништо подетално.
Ве исполајкнував а не ве исчитав сите сори нот сори немам време Тоа во доцните саати вечер ќе го завршам, оти вака не сум во тек што ви се случува, а не сакам така Бебе спие, па стандард јас тогаш само можам да дремам на фемина. Си спиев и јас еден саат до неа прееска, мераклиски. Тишина дома,топличко,само дождот се слуша надвор .. Убаво ми дојде дремката. Толку издржува бебе, сега пак си заспа, само 2 часа издржува будна. Колку ми е интересна бе, не е можно во никој да не сака да седи освен во мене. Свекор ми ја држеше прееска за да јадам набрзина, она плаче и се тегне накај кујна, ја земав и секундарно штама Ептен ми е галениче Ги чекам моите да дојдат да си ја видат внучка, па да искористам едно кафенце и јас. Вака сама,без друштво, ама ич не ми се пие Заради ова мразам што сум затворен тип и немам пријатели околу мене! Срамота и греота е да немаш со кого кафе да пиеш. Комфорна зона-дома. Или со моите,или со сестра ми, или со најдобрата другарка која си доаѓа во Мк 2 пати годишно .. Што човече ќе бев Ептен бирам пријатели, и некогаш убаво ми е што ги имам малку. До пред 3 години беше поширок кругот, ама со текот на годините ептен го стеснав.. Не знам што сакав друго да ви кажам, ќе се вратам покасно ако ми текне. Осеќам ќе се буди шефчето за некоја минутка. Да легнам до неа, да не ја спишти набрзина Аривидерчиии
@djoker4e нема што да ти е жал за дечињата.Подобро што излегуваат надвор.И кај нас преска косеше ладен ветер па 3 саати седевме во парк на ладното.Видовме исто група деца од градинка,па синко не можеше да им се изнагледа.Му фали градинката.Ќе се движиш повеќе и ќе се загрееш. Така се јачи имунитет.Во градинка до -10 спијат надвор на отворено. За доктор напиши на гугл kassenärztliche vereinigung и името на твојот град.Ќе се јавиш на тој број.Оти за секој град има различни броеви.Бесплатно е се ти покрива осигурувањето.
Јас тука за оваа градинка гледам на фб и не можам да се изначудам колку малку дечиња имаат во групите а како толку многу им се посветуваат. Ама па затоа се плаќа 550 евра парт тајм ако не грешам со се пелени и храна. Што зборувам со мајки и над 3 години ич не е лошо, излегуваат играат екскурзии прават и што уште не, плус храната и е многу добра. Во школо им било забрането да носат нездрава храна само здрава храна смеело како овошје зеленчук житарки и слично. Седнав малку да поседам, па алишта да спрострам, преска спиевме па не ми се спие, дете ми настина и шмрка со носето. Му купивме нова кола па се забавља по цел ден , надвор и немам намера да одам по овие студови. Само со кола со маж преска бевме. Конечно завршивме со колата и се исцедивме бетер од лимони. Не ми се спие а ми се леже на топло и ми се гледа некоја си серија ама луксузи е тоа не бива.. кај нас колку мувла има можете само на газ да паднете ако видите за нас мувла позади кревет е смешка.. ама тоа е. Така ќе е сега за сега, уствари секаде има мувла и не верувам дека ниедна куќа ја поштедува. Па се и навикнавме па бришиме па пак пак и пак и така. Друго што сакав да кажам. Ќе си имаме друштво. Помогнавме на една фамилија, уште пролет да дојде па да дојдат. Иако денес чекав пратка од мк плус братучедот на маж ми требаше кај нас да е ама дали ќе дојде кај нас конкретно не знам можеби утре и можеби ќе поседе некој ден. Ми здосади ладново. Искрено. Сакам ладно ама снегче бе да има како што личи овде ништо нема .. а и скиснува ладното искрено.. Уште месецов да пројде после пролетта убава е.. дава ентузијазам и енергија плус сакам да шетаме со мали сега е поголем па разбира колку толку ќе шетаме помалку ќе се забавуваме а за летото што иде ич не сакам ни да се сетам што се ќе проживееме 2 3 месеци тоа хорори ќе се ама па јас се надевам у друг стан дека ќе сме. Се распишав.. А искрено нит па ми се пишува Уживам во малото во храна во ручек во маж во моемнти.. Тоа е ми е доволно. Се чуствувам убаво. Се мачиме со јадење со храна одбива се живо и диво што порано јадеше.. нит каши нит месо нит зеленчук нит бутур. Едно 10 јадења се вртат дали и 10 се и тоа е тоа. Денес немаше ништо јадено.. на крај дојдов од маркет и правев пилешки прсти очајна од што фрлив 4 јадења дека ќе јаде конечно и изеде месото фала на бога иначе не знам што ќе правевме. Цел ден ништо в уста. Ќе морам да барам низ маркетите нешто ново оти му здосади се.. Ај добра ноќ убав ден.. убави викенди и така.. Ме мрзи и на форум да седам Сакам само со нив 3 јца и јадења да мачкам чат пат. Чат пат серија филм да пуштам.. Јаден нетфликс не можам до кревет да се скоцкам да погледнам нешто
Ние денес бевме на педијатар сме качиле 650 грама од последниот преглед последен преглед беше на 20 дена Буцка моја најубава Утре правиме 40 ќе ја шетаме за првпат кај едните баба и дедо па кај другите и на крај кај кумовите,не сме ја шетале до сега нигде освен по прегледи..јас и татко и си шетаме чат пат среќа имам бабите се понудуваат да ја чуваат на некој саат и многу сум среќна за тоа,на почеток ги бркав секој ден ми доаѓаа да ми помагаат ама немаше потреба,ама сега како што не спијам супер ми доаѓа помош,доволно да ми запеглаат или ручек да ми направат Одам сега да спремам торбата за утре па да ја бањкаме беби па и јас да запеглам коса да заличам малку
Полноќ, јас будна, они двајца спијат. Цицкиве ќе ми прснат. Не сака да цица (немам доволно млеко колку што сака госпоѓицата) и се одмолзувам, а све ме боли. Дополнително ме ужаснуваат сите напори што ги вложувам, а млеко нема доволно и на крај си викам - е па фак оф, од мајка природа и генетика нема бегање. Не знам зошто ме фаќаат несоници периодов, ко во вечен пмс да сум. Вчера паднаа романтики со маж ми. Одамна се немам така опуштено. Дури и ме фати смеа отпосле. Малото спиеше, си знае детето дека не треба да се буди среде настанот . Ме фаќа сафра, знам. Ми се работи и ми се бидува добра мајка. Ама све е школа и мора чекор по чекор. На моменти мислам дека сум ужасна, на моменти суперженка. Пцујам, хормониве не ме оставаат на мира. Прееска читав поезија од Маџиров и се расплакав. Сакам да помине јануари, аман! И затоа утре ќе одиме на изложбата во МКЦ сите тројца. Да го испратиме месецов у бестрага. Еден поен за мене - од денес сум легитимно лице на една нова активност за која допрва ќе се борам. За себе, за неа, за него. Добра ноќ жени, чувајте се и бакнежи до вашите малечки
Вечерва се пријавувам за дежурна, околу 19часот само што ја искапив бебка ја легнав на спална да цица и кога сме заспале двете повеќе од два часа. Сабајлево му ја ставивме петтовалентната вакцина таа што е на 18 месеци на синко, па само што станав го проверив 37.5температура и вика ми студи мама за 15тина минути веќе гореше 39.3, го расоблеков му наполнив коритцето со млака вода и во бунило веќе го разладив но температурата не спадна за момент стагнира и на следно мерење 39.7. Дадов блокмакс пред еден час тек сега му спадна на 37.8. Многу се плашам од температура, ги мразам вакцините со нивните реакции, секогаш после ваква реакција велам нема шанси од здраво дете болно да правам и пак доаѓа момент од две зла подоброто да го бирам, преовладува стравот од болесите. Склон ми е на температура синко знам дека за брзо пак ќе почне да крева, цела среќа што дремнав, вчера вечер два сати ако отспав од 7 бев на нога, барем ќе имам сила да го следам. Се надевам на колку толку мирна ноќ..
Добро утро. Денес јас прва тука - ако не ме претрка некоја. Маж и дете испратив, и сѐ ќе беше прекрасно и идилично ако мојот ден продолжеше со - "сега ќе одам во дневна, чајче, ќе седнам под ќебенце и цел ден со нетфликс и книги". Ама ноу, мојот ден ќе се одвива некако вака - сега за брзо ќе станам и ќе дадам сѐ од себе да заличам на човек особено со косава која е лудило невидено, и ќе смогнам сили да се појавам на работа, кај што пак и не ти бараат баш да си човек, туку машина. Ќе седам во полу-паника дека имам милион проекти за завршување, а саати имам направено, и можам да си одам денес порано. Па ќе заминам. Што да не. Имам многу работа. Гајле ми е. Аман веќе од интерни дијалози. Не знам што е со мене, ама многу се осеќам под стрес на работа, така дека цело време имам нешто за правење за вчера што било. И преку глава ми е од тие моменти "за вчера". Убаво имаше кажано еден професор - не постојат толку итни работи што се за вчера, постои само лоша организација на времето. Ама изгледа денес е модерно фирмите да се трупаат со работа и после да не знаат што попрво. Се изнапишав за работа и мислам дека ви е јасно колку не ми се оди, нели. Стварно уживам кога сѐ ќе стивне, и кога ќе ги добијам моите 5 минути мир. Па малку време со маж, гушкање, филмче. И секоја вечер така среќна се местам за филм, готово, ентузијазам на ниво, и луѓе за 5 минути сум кома. Секој ден сум со надеж, секој ден реприза од претходниот. Се наоѓам некаде помеѓу лудорија од среќа и вистинска егзистенцијална криза. Што знам како е. Интересно ама исцрпувачки. Не знам дали некогаш ќе престанам да се оптеретувам со поенти на животи, барања по среќата, ловење на соништа... Некогаш се прашувам дали пораснав воопшто? Што ако никогаш не пораснам? Инфантилноста е некогаш ок особина ама пак некогаш е иритирачка за возрасни. Еј, Петар Пан(ика)… стоп. Време е да се спремам и да заминам во вистинскиот свет. (Што ако пак оној свет што го мислиме дека е вистински, е всушност лажниот?). П.С. не ми замерувајте. Инспирација посабајлечки. ))))
Добро утро Деца испратени во градинка, кафе испиено, машина врти, друга спружена, мал рид алишта наредени во плакари... уште купот за пеглање остана. Нека стои. Прибрав кафето и истегнав нозе. Почнав да се спремам за на одмор. Од интернет сакав да нарачам млеко за сончање со фактор 100, ама се чекаше повеќе недели, толку време немам, па нарачав 85ка. Попипав човек од мм нема дефинитивно. Две лета по ред, македонија и грција, добива такви страшни изгореници, во аптеката мислеа се залепил/изгорел на оган. Толку страшно, живи рани. А мачкан демек(ќе треба подобро да го контролирам како се мачка оти оваа не ја бива) па и тт качува, . Па од сега нарачав појак фактор, па едно пантенол спреј, па алое вера, да докупам и парацетамоли. Детската аптека ми е секако спремна. Уште сандали/влечки да докупам ќе треба и спремни сме. Вчера и меѓународна возачка поднесе да вади. До сега има возено редовно накај македонија, а немал меѓународна. Сега од туристичката агенција ни рекоа да синизвади, па си рековме ај, нема штета. Леле @gjoker4e многу скапо ова. Третина од просечна плата. Ама важно сте нашле место, нека се адаптира па после ќе можеш и полно работно време. Инаку и тука редовно гинизнесуваат во градинката кај големата. Имам оставено капа, едно како шал и за на гради, нараквици, чизми, панталони за на дожд/снег...ги спремаат и ги носат. Ако ништо друго во дворот кој е огромен. Оваа градинка е нјдоброто нешто што му се случило на детево. 30 деца се во цела градинка а има околу 10 вработени. Плус идат лица од надвор за разни активности и потреби на децата. Листата на чекање е огромна, со години. Се борам да ја пикнам и средната таму. Знаат веќе и за најмалото, и тоа чека на некоја листа за после 3.год. @vitamina и кај вас скапичко Тука нема забрана за носење нездрава храна, ама мислам дека не ни требаат некакви забрани. Мое дете ќе јаде, праќам за него, не поради некакви забрани. Големава беше порано страшен нејадач. Одкако е во другава градинка детево е толку среќно а и апетит и се отвори. И праќам 2-3 кутии за појадок(појадок и две ужинки и се тоа) и секогаш се, до ронка јаде. Плус родителите шпендуваат овошје секој ден, па претпостабувам и нешто плус грицка таму. Првиот месец се чудеа камо можело толку мало дете толку да јаде. Искрено и јас се чудев. Ги препрашав дали се сигурно дека јаде, дека не фрла. Ама сигурни беа. Туку колку сум се смеела вчера кога ја земав. Влевам во игрална, она и другарчето Лука фатени за рака, он крпче вее и ороводец изиграва, она до него, и напрабила фонтана на главата и како скака таа се вее, и играат низ цела просторија а воспитачки раце им чукаат. Беше некое модифицирано германско-македонско оро. Првата година во градинка беше страшна. Глава не кренавме од неарноќи. Вторава веќе далеку подобро е. Чат пат размрсулавени или поткашлување, ама неспоредливо и се од нога помина. Стварно требало една година, или се со ред да прележат, па да се создаде имунитетот. @Vennera.aa со помин нека е @Shelea не зпомнувај муабет за сафра. Нема потешка работа од дома седењево. Браво за буцка @Bella* @24.07 честитки за венчавката и кршевката. Малиот е златен. Многу ми е интњресен на сликите бидејќи учествува со сите домашни активности. Уште многу би пишувала, ама бебе вика. Убав ден мајки
Ме потсети здраво на овој период пред 3 години, не за вчера, за пред една недела беше, ама овој ден ми беше последен на работа и мене ама баш ич не ми беше гајле за другите. Себична зошто и другите беа себични со мене. Таква ни е професијата, јбг, се е за вчера а инвеститорите и директорите мислат дека доволно е да го погледенш мониторот и тој мислите ти ги чита, ахам, Ауто Кад има телепатска врска со мојот мозок, чита и црта, без да мора да направам јас напор. На факултет си имавме една просторија, десно од скалите ако ти текнува, архитектонско биро 5 за 12 си го крстивме, таму се црташе, се спиеше, се јадеше, во вц се миеа заби, се носеше комплет прибор за лична хигиена бидејќи избор немаше, секојпат пред сесија. Ја немав лап топ па цртав повеќето дома, ама се случуваше и да носам компјутер на факултет, десктоп, онака под мишка, па да си цртам едно два три дена таму, без одење дома нормално. Туширање на факултет? Пих! И сега ќе се молам за 300е плата, еј! Синко синоќа имаше епизода, не сака да спие со пиџами, строго гол, си отспа цела ноќ без пиџами, ете така. Ти го облакаш, он се соблака. Смејурии. Уствари си го бараше кај му било ку*ето. И си отспа без пиџами а јас накупив еден куп нови. Нек е жив и здрав само. Толку за сега, изгубив концентрација што сакав да кажам, а и да поработам малку
Добар ден. За мувла и влага не ми зборувајте.Последните 5 години додека си бев кај мајка се појави на секој ќош,во секоја соба.Снаа ми неможеше да диши се гушеше и покрај сите сретства апарати пак се појавуваше. А и сега кај нас не е сјајно зад комода зад кревети дури и алиштата ни смрдат.Летово мора да направиме дренажа околу куќа,така проблемов изчезнувал. Свекор и свеки ќе оделе до село кај едни роднини па ќе го носат и дете.Не ми се праќа но морам. Јас имам работа во град треба и на заболекар да поминам.Еве втора недела ме болат заби да видиме што е дали непца или заби.Потоа да купам подарок на мм,денес му е роденден па ќе се почестиме со еден ручек надвор. Торта имаме од кревката па еден трошок помалку.Вечер можи брат ми да поминат да поседиме и така. Дете сакал татко му да му купи дада.Кој му има кажано незнам.Му велам дада *****да си ја земиме ( од комшиите) -Не,друга дада нова. Имајте убав ден.
@Bella* Машала снашка буцка како буцко мој таман ќе си одговараат Он за 25 дена стави скоро 1.400 гр па дури докторката ме искритува дека многу цицал Истата рута ја имавме и ние за 40 дена,најубаво си поминавме кај кумот ваљда дека таму никој не го закачаше си спиеше за милина а ние уживавме и си мезевме на раат. Ни беше потребна таква дружба,одамна не сме се помешале во народ. Викендов кумовите ќе ни дојдат на ручек па се мислам за менито уствари што да нарачам И ние сакаме да си ја пробаме среќата надвор од Македонија па се надевам дека ќе успееме како @gjoker4e. Едноставно не бива вака си дадовме рок малце да пркне малово и во меѓувреме ако не успееме тука да фатиме маглата и ние. Малото спие се мачеше два саати си грчеви и сега спиејки се витка ама нее како прееска. Надвор намуртено и нема сонце се мислам дали да го изнесам малце до кај моите еден круг или да си седиме дома. @24.07 Среќна венчавка и крштевка на малиот И дада да му купите Имајте убав ден
Температурата била посакувана реакција. Можеби ќе ти е од утеха. Ме потсети на факултетските времиња. Еден другар цело време ме зафркаваше дека на пешачкиот пред Архитектонски и Градежен требало најмногу да се внимава дека сите излегувале ЗАШУМУГЛАВЕНИ. Не и дека не беше така. Таму живееш, учиш, немаш ориентација колку саати/ денови поминале се додека не си го видиш изразот во огледало и се уште не ти е јасно дека си ти. Па три ги имав во генерација елитни секогаш 10ка познати презимиња имаа, а обичен смртник повеќе од 8ка не може да извади освен ако не е супер интелигентен. Море имав и две 9ки и една 10ка. Да ве почастам од платата. Следно е да го усовршам планот за штедење. Цела тетратка потрошив. Се почастив шампон дури од 2 евра. Првите месец- два тука немав чешел. Па првото чешлање ми беше толку болно што сакав дирекно лустер да се ишишам. Не дека сме немале 1 евро за чешел ама храната беше пред се. Едно евро за тоа едно за она и ќе си отидат парите. Заврна снег по трет пат и среќа се задржа овој до кај 13:00 па со малата правевме снежни топки и се гаѓавме. Сабајле состојбата ме потсети на здравје. На детсвото мое. Сакам снег, многу снег и да се тркалам по некоја удолнина. Да паѓаш, а да не те боли. Да ти е ладно, а убаво. @TarantulaA Тоа е најубавото во странство што си раат. (Освен тие 15 минути на скајп кога цело време повторуваш фала ти Господе. )
@AngelOfArh како си ме вратила во минатото.. ние имавме на приземје одма накај вецињата - читална ја викавме, сѐ таму се правеше. Живеевме таму. Сите програми, пресметки, кафиња, по цели вечери спремање и учење пред испит... Преубави времиња. Нашата професија (иако не е иста ама е слична) е супер погодна за групна работа и дружење. Затоа ми е многу некако тажно тука што се сите тивки, недруштвени, ладни... И со огромна носталгија гледам на студентското време... @gjoker4e и ти си од таму? Т.е. колешка? Горе или долу? ))) Јас крадам на пауза да ви пишам - ова е време кога смеам телефонот да го земам во раце. Иначе не смее. Атмосферата е постерилна и од херметички затворени хируршки инструменти. Душевна ерозија ми се случува на работа. А толку поинаква замисла имав.. ајде. Може ќе си ја остварам за некое време...