Дојде мајка, бебе спие, синко живи радости со бабаму јас пак на фемина, зараза е.. Овде ми е најпријатно за пишување а богами и за читање, некако сите една со друга се разбираме и сочуствуваме зошто горе долу низ исто минувме и со истите предизвици се соочуваме. Многу често добивам осудувачки и прекорувачки коментари од другарки кои не се мајки и од такви кои не се ни мажени и само ќе се насмевнам и им велам назад ви е зимата ќе прајме пак муабет.. И јас некогаш гледав деца кои плачат на сред улица, а мајката се обидува да допре до него да го прибере порана на таква сцена го гледав детето и си велев леле кутрото сега упатувам поглед кон мајката и со насмевка и кажувам ок е те разбирам.. @mal.ecka синко мој неќеше кај никој освен мене, милион коментари така си го научила, дури еднаш свеки му рече дивјак еден на бебе 6 месеци седи си кај мајка ти златна е таа епа да златна сум му
@mal.ecka помири се, таква ќе си биде женската Ние секогаш буткавме празна количка, дете не сакаше ни во неа, ни во раце. Секое излегување беше хорор. Имаше период кога, освен во парк на друго место со него не одевме. На пазарење сеуште оди еден од нас, другиот седи со него, јадењето исто, уште ми оди во грбот Такво си е детето За антибиотикот, водев инает неколку денови за на крај пак да му дадам Додека не беше тргнал во градинка само еден, сега за 5 месеци 4антибиотици Од кај се јави сега овој проблем со ушите? Освен воспаени уши, друг проблем нема. После подолг период, утре се враќа во градинка. Јас утре имам термин на гинеколог. Се надевам ќе добијам зелено светло за проектот бебе Конечно излегоа док. за колата, сега барем нема да се макнеме без кола, еден проблем помалку Ми здосади од зимата. Сакам сонце, трева, детска насмевка во парковите. Сакам пролет!
Вчера пишав деца здрави? Епа сега полни шлајмови Што да им правам веќњ незнам,се плашам,загрижена и нервозна Ама вистина аман веќе... Могли се држи,мали за греота,миалам дека душава ќе ми пукне од тага и немоќ Кога би имала волшебно стапче да ги истерам болестите преку ноќ Очите ми паѓаат за спиење а од грижи неможам да заспијам Денес воапитувачката ми вели носи ги,сите деца се мрсулави и кашлаат со недели Само ако крене тт да седи дома Многу се плашам да не спушти на гради,мали секој втор месец е со бронхит Друго што да ви кажам,дојдов да си олеснам дека ќе прснам...и можеби после постов и ќе заспијам Имајте добра ноќ
@Mari* Направи им чај од кромид нема ни ш од шлајм да има. Направи им салеп. Свеж воздух. Луфтирање дома. Преку ноќ кромид на парчиња до нив. @mal.ecka Моето таман почна да седи останавме без количка. Па еве се во раце си ја носам. И дете, и ранец, и торба и по некоја играчка, а понекогаш и повеќе. Не се учи дете да седи во количка. Ако го оставиш да плаче за да се научи нема да престане ни по четврти пат. Ќе дојде ден кога самото ќе сака во количка. Како моево. Сега само се качува во тие паркираните доле. Мислам дека живците ми се истренирани за второ дете. Со две знам ќе можам ама со три тешко, да не се лажам самата себеси подобро ќе е. Нешто не ми беше добро околу 17:00. Можеби хормониве се враќаат на место. Или пак ситниците пред кои замижувам. За се велам ок, а не ми е баш ок. На работа што и да ми речат викам ок, а природно ми иде да им објаснам зошто не е ок. Ама дали ќе добијам нешто? Не. Па си викам ок и си терам по мое. Ме нервираат особи од странава на мм. Што народ ќе беше немам сретнато такви луѓе. Страшно и жално. Пред се за самите индивидуи, а потоа за општеството. Добра ноќ
Синко спие,мм трета јас Кој е за филм,пиво и стоби флипс бујрум. Синко кашла сеуште,далеку посмирено е од кромидот,тт више нема.А јас средно жалосно.Битно ќе се преживее. И јас сум од "немајките" 3 дена имаше тт,па почна да кашла,а го лечев со сируп против тт и лекот со кромид Моето е болежливо од 3 месеци од ко направи секој месец беше со антибиотик,прво дете незнаеш,што како...Ама пресеков нема више.Лечам дома ако не бива носам на болница. И мојот беше од тие што не оди кај никого,не спие без мама,не седи в количка.Ама се си дојде со тек на време.Знам со @AngelOfArh тогаш се дискутиравме.Ме убедуваше дека на дете режим му се ствара,дека таа на нејзиното му створила.И пишав само чекај мало е,скокни па кажи оп.Дека ако и се погодило бебето помирно слободно нека мисли дека таа му створила навики и го довела во некој режим. Имам пишувано на долго и широко,можев и на клепки да застанам џабе ми беше.Ама сега сме најдобри другари.Се ме слуша и ми помага Малку се уценуваме дека ќе се налутам,ако не е послушен и одма иде се гушка и извинува. Одам засега ми почнува филмот. Ве гушкам и ви посакувам мирна ноќ. @Mari* побрзо оздравување на лепотаните.
Еве ме и мене Држам бебе во раце и куцам. Не сака да спие без мене дали е некоја фаза дека има грчеви не знам, ама големово памтам ќе го ставев во креветче и спиеше. Ама да не се жалам, навечер само еднаш станува за цицање Деновиве сите исти. Цел ден околу деца, таман ќе го заспијам бебето доаѓа големото и го буди па ајде го карам, или ќе го плеснам по раче и ќе се договориме дека нема и пак само што ќе се тргнам иста приказна. Си се тешам дека после година полесно ќе е со бебето, барем нема цело време во раце. Инаку за муабетот дека некој научил деца да седат/не седат во количка/седиште мислам дека нема прАвила. Мојот беше со етапи, еднаш сакаше да седи и да се вози а после не, е сега веќе во седиште седи без проблем. Ве гушксм сите и ви посакувам мирна ноќ.
И јас го направив тоа со кромидот. 4 дена со температура, кашлица па и конјуктивитис. Испадна грип, сабајле испитавме. Од синоќа нема температура, па само за имунитет и спреј за нос добивме, и за очите секако. Ништо не сака. Како со мечка се бориме. Утре сама не знам како ќе му давам, плаче, рика, плука. Некни со 39 температура го гризеше шприцот да не голтне. Ужас.. 5 дена беше в градинка, цела недела болен. Не знам како ќе продолжиме понатаму, па и вакцина ќе ставав. Само да поминува кај сите.
Ама јас уште стојам на моето и убедена сум дека самата сум му го створила редот на детето зошто знам сама колку сум се вложила во тоа, а немам појма твоето какво е и не знам ти како си го научила па за да ти кажам не си во право. Пдобра мајка од мајката на секое дете нема, за моето јас сум најдобра, или добро јас сум му се паднала па тоа е, ама секое дете ја има најдобрата мајка. Одлуките не се лесни, ги носиме често понесени од емоциите и околината, ама сепак им сакаме само најдобро. Добар ден! Пијам кафе и турпијам нокти, ко права администрација. Имам работа ама со кафето ќе ви се посеветам прво вам, и на себе малку, па ќе почнам. Утре сме на ОРЛ, да најавам на работа дека ќе доцнам, страв во коски имам, како ќе го додржам тоа дете таму не знам. Ко за беља па и прекина деновиве да хрчи, у три лепе. Ми најави муж гости уште пред да се вратам од работа, свекрва ми ќе ги пречека, епа добро ако до толку не сме интересни да се дојде во нормално време така ќе бидеме и пречекани. Ова е трет пат вака, е ако де. Трета среќа. Убав ден, кафе испиено, почнувам да работам
Морнинг. Ајде има кафица за сите И за тие наспаните и за ненаспаните што дежурале цела ноќ. Јас еве на раб кафето и ролна тоалет до мене.Кивам,кашлам носот ми е чешма Ама мора да се иде на работа,иначе ќе лежев стуткана до синко и мм домче. Сабајле ме испрати на врата,ме гушна и ми рече ќе ме чекал да дојдам да ручаме Проект бебе бр 2 сеуште ништо. Така одам сега да поработам па се читкаме покасно.
Добро утро , Како сте денес? Пиевте кафе? Јас пред пола саат дојдов на работа.Па сега дури пијам кафе . Денес на маил ми стигна мнг убава вест поврзана со работата. И горда сум на себе за секој успех на работа. Иако е фамилијарен бизнис сакам да се искачам на највисокот место.А има уште многу, ама ако пополека Околу коментирање на мајки околу грижа на туѓи деца не можам да разберам. Што им е бе ! Може совет да ми каже,да ми предложи нешто, да ми посочи.Ама да ми труби и да ми соли памет,не фала. Имам една комшика таква, во се е она најдобра. И ново ,ми рече како така син ми плачел по мене, нејзините кога биле колку него останувале сами ,она идела на патувања ..... Никој не ја прашал што е најтрагично ама ок ! Кога ќе ја видам се кријам не можам да ја слушам како нејзините деца се нај нај ! ми се искрено ! Сега има бебе 2 месеци, и кога идела да заврши работа ја оставала малата со големата ќерка која има 10 години. Ми се фалеше како 4 саати и ја оставила! Не знам дали јас сум ненормална зошто ова не ми е нормално ?? Син ми од мал има ред на спиење, јадење. И еве 2 години така си тера. Додека беше бебе сакав некоја рутина да му наметнам ама не му одговараше па оставив да видам он како ќе сака. И за среќа одлично е до сега. За спиење гледам да е легнат во 8 а заспан до 9. Со исклучоци нормално.Но на неговиот биоритам и моторче во газ му одговара тоа бидејки кога ќе стане од спиење не е застанат ни 5 минути. Не знае да седне , да си игра седнат. Се е на нога. И кога вози кола, вози на кревет, на комода за тв, на ниски полици За се попуштам, ама за спиење не. Сакам да го има тој ред додека е мал барем, за да имам и јас време малку да одморам, да се средам, да се видам со маж, да излезам некогаш со другарки итн. Да чукнам во дрво ,добро оди до сега . Како мал обожаваше да се вози во количка.И ми беше чудно кога некој ќе ми кажеше дека детето не им седи во количка.Јас уживав во тој период со син ми.Ќе го седнев во количка и шетавме нооон стоп . Лепота ми беше.А никогаш дома не сум го успивала во количка. Количката беше за надвор. Еднаш или два пати имав пробано ама не сакаше. А една другарка , има 6 месечно бебе цело време го успива во количка,дома. Секој различно, и секој си праи како им одговара. Веќе неколку месеци не употребуваме количка. Кога искачаме да шетаме, шета и он за да се измори да се истрча. Количката не ни е потребна. Едвај чекам да возиме ново бебе во нејзе Сега хит му е тротинет . Го вози, па го бутка па го улетува и го пушта Се мислам дали да му купам онаков точак со рачка за буткање. Тоа само немаме А и толку многу ми е на мисла на крај знам дека ќе купиме Тоа е мајкички од мене за денес . Убав ден
Добар ден мами Денов почна пред 3часа кога мораше итно да ја капиме беба затоа што се искакала до врат буквално. Па трчање околу неа, се лути кога ќе ја облекувам, не додека ја капам удривме доза плачење и еве ја до мене си спие. Вчера бев на второ интервју за работа Месецот кога останав бремена бев на интервју за работа за која чекав да отворат позиција повеќе од 1 година, од мало место сум, дознаа каква е работата и не ме примија. Сега пак нова ситуација, бебе 2 месеци, оглас за работна позиција за која во помалите градчиња може да начекаш еднаш во 5 години.. Огласот го видов на 11ти јануари, разговаравме со мм колкава промена би донела оваа работа на долгорочен план, па аплицирав веднаш, на 14ти ме викнаа на прво интервју, вчера бев на второ. Интервјуата течеа одлично, додека им кажав дека во моментов користам породилно отсувство. Луда ли сум ако оставам дете од 3 месеци и почнам на работа??? Оваа работа може да обезбеди многу за моето дете во иднина. Мислам дека покрај се ќе ме побараат да почнам од следен месец на работа па тогаш ќе почнам да си ја тепам главата... Ама верувам дека ќе го дадам максимумот од себе затоа што прво ќе придонесам за подобра иднина на беба, а друго ќе се чувствувам многу поуспешно отколку на моменталната работа.. Возбуда и страв во исто време Стискајте палци да ме примат па после ќе читате овде како сум преморена и капната секој ден Колку големи работи ми се случија во последнава година Бебичко ќе биде бебе и после 5 месеци кога ќе морам да почнам на работа. Оправдувања или реалност
Не си. Не си ставај вакви мисли во глава и не слушај муабети од чешма. Се додека имаш подршка од сопругот, ќе успеете. Сигурно ќе ви биде тешко на почеток ама ќе стекнеш рутина. Ти посакувам среќа, да ја добиеш работата.
Во многу земји породилното започнува на 4м Имав колешка во сн бебето и беше 3м она идеше на работа. Ако има кој да ти го чува зошто да не.
Мислам дека ти одговарав на фб за друго прашање, ако беше ти што и да ти треба прашувај. Јас би тргнала, со договор нормално со најбликите и со работодавецот, бар до кај 6м да одам скратено, па до кај годинка саат време порано дома, нема да користам пауза, ќе се трудам максимално. Не сум сигурна дали би си одела баш така лабаво, ќе ми е тешко, ама за дете се ќе направам.
Не сум била јас. Ви благодарам на поддршката жени.. незнам зошто уверена бев дека ќе наидам на осуди Семејството ми е огромна поддршка, со работава ќе добиеме стабилност и тоа не само финансиска. Се надевам дека ќе биде се во ред
Каква осуда, таман работа. Ако се доите и те интересира како да складираш млеко, пиши ми порака ќе те советувам. Никој не рече дека е лесно да бидеш мајка.
Добар ден Могли во секој момент ќе стигне од градинка па чисто сумјам дека ќе го завршам постот брзо Вечерите ми се хорор,преку ден деца како нови освен што носињата им се како чешма друго ништо,се додека не дојде ноќ... Уморна сум од болести и настинки Чаеви со кромид/билки,многу мед и лимон,супи,овошје и зеленчук,свеж воздух Облечени топло,прошетани,сирупи на време... Каде грешам?Зошто толку често се болни Се чувствувам немоќна... Нејсе Могли почна сама да се заигрува по еден час Деновиве се вративме на пластелинот и некако по интересен и е него порано Прави фигурчиња,торти,слави родендени Куклите исто знаат да и привлечат внимание,ги облекува и храни...се облекува и таа во нивните алиштенца И уметник голем знае цвет да нацрта,сонце,трева и без тато цртеж не поминува Најново и коса му црта а тој кутар ќелав Синко по цели денови ги чува скалите Само бара шанса како да се качи горе и на штрек и со него Од игри не го интересира многу освен количиња со механизам Во градинка и денес бил добар,подобар него ли вчера ама не доволно за да зголемиме на 2часа и 30мин Битно се подобрува Ми недостига другарка за муабет,искрена и да чува тајни Без перде на уста да изнакажам се што ми лежи на душа,да ме разбере... Додека пиеме кафе и зборуваме на македонски Имам пријателки ама не онолку блиски и морам јазикот да си го прекршам дури се разбереме Можеби викендов ќе тркнеме кај стрико му од мм па ќе сменам малку Ако успее да се смени на работа добро би било да излеземе и видиме нешто по различно Тие се опколени со поголеми и убави градови кои ги обожавам Еден од нив е Хајделберг и обавезно шетаме покрај кеј Друго ден2с ми стигна лампата и едвај чекам да најдам време да си ги средам ноктиве Се радувам како мало дете Се распишав јас,би било добро да се напијам едно кофи ајдекој е за Оддамнане сум напишала саглам како сега,само вишок е делот со болести Излезе и сонце ќе падне и прошетка Имајте убав ден мајки
хело мамички Ве читам па морам да пишам и јас,што вели џокерче никој бе не побарал @Mari* и моиве се болни нон стоп,не сирупи не овошјез,не ти свежа храна домашна готвена и пак се кашлаат или пак тт. Ќере лани нон стоп имаше тт сега р за нијанса аподобра ама па затоа сега е ред на синко,пред некој ден видов кај матичната имаше дека е нормално до 10 пати годишно да се разболуваат да стекнат имунитет. секогаш има некој што збори повеќе мене лани доста ми се дрзнуваа од типот" леле пак ли е болна па нон стоп ти е ,многу често има тт,па нели проверивте бубрези" а јас ќе си пукнев од мака,едино што ти си имала среќа што твоето не е толју болежливо и што не пило антибиотик е друга тема ама еве сега истата таа ми ср жали како лошо и почнача годината и ќерка и малите(близнаци) се доста често болни епа мислам ....чек да видеш како е ,може сум лоша мм ме искара како така коментираш е мене лесно ли ми беше, божем јас сакав да е болна. Него ајде нека поминува само брзо се и заборава еве кај е пролет уште малку од следното зимо ќе биде подобро. Е уште ова,ќере обожаваше количка и сега е голема и уште би да се вози да не мора да оде,а како мала по 6 саата се шетљв во трговски ќе ха наранам и опет, толку беше мирна сегде шетав сп неа без проблем,е ама затоа синко не сака количка више би да оде или во раци,тешјо се нафаќам со него да шетам подалеку ни во кола не сака во седиште. ај убав ден
Мене сите што ми кажуваа, Леле па нон стоп е болен, нели не го вакцинираше, од Козле не излегоа. Не се ситам, далеку од тоа, на мали деца па, ама родителите им се за никаде. Како бе така, на мајка се кажува ли така. Или кога ќе кажев се молзам, јас не знам како можеш тоа, многу е напорно, дај му АД, што си ја мачиш душичката, ем мајчино ем се ти е болен. Како знаат магично да те чепнат значи, абе да те докусурат. Дур научам да не се замарам, многу нервози изедов. И не додржав на една, и кажав, аман бе, па нели ја вакциниравте, што пак е болна. Не можев да издржам, нека сум лоша, ме изеде за тие вакцини, ко мислиш нејзино е. Притисокот ми е гарант испод 60 долниот, а горниот поише од 80 не ми е. Изедов 100 грама бадем, солен, за инат не пијам кока кола. Јадев трици дека не чекам гости ко што треба, ама пак залепив 1000ка за мезе у Камот. Има да ги пречекам ко што треба. Мука ми е мм што нема да дојде, ќе остане на работа, ама па сеа тоа е.