@AngelOfArh далеку од ситење е ама додека на човек не си му во кожа неможеш да збориш само кога ќе поминеш низ истото е тек тогаш може осетиш како му е.Нема потешко од болно дете и со двајцата лежев во болница кое од тт а кое со бронхит јас си знаев како ми е. Него ајде било поминало ама некој зборови не се забораваат. Те тагнав оти и јас година дена се измолзував но спротивно добивав многу пофалби за издржливоста и храброста,многумина рекоа дека не би издржале ,ама нели сите сме различни.
Добар ден мајки Не сфаќам поврзаност на вакцини со секојдневни неарноќи, ама нејсе, они си знаат. Се знае од што штити една вакцина и кои болести. Божем вакцинацијата од ммр(пример) ќе го штити да не добие стрепткока. А не дај боже да затропа на врата некоја голема неарноќа, не спасува имунитет, а за понатаму не може да се предвиди како ќе се изборува телото. Кај нас првата година градинка беше хорор. Море мал збор беше хорор, нон стоп беа болни. Ај они па и јас трудна. Па и лечењево со свеж воздух пролонгираше една кашлица или неарноќа да трае до бескрај. Колку пати си викав аман, нека им дадат антибиотик, да не се мачат... Вторава година, да не е за подрек, подобро е. Големава има некоја безвеза 37.3 тт два дена, млку и носето како да тече, ама се надевам ќе се избори организмот. За ситење, од било кој калибар, посебно кога станува збор за дете, немам коментар. Денес стасаа камчињата за на зид. Решив едниот слободен зид да моонтираме такви камења/држачи, како за планинарење. Да се пентарат деца. Што стасаа арно, туку уште да има кој да ги монтира. Кај нас се се завлекува до бескрај. Нарачав и еден огромен еднорог на дување за во вода. ЌЕ гледам некако да го криумчарам во куфер без да види мм оти ако примети дека и такво чудо сум спакувала за на одмор ќе биде бла бла бла. А мене баш . Деца, нека се радуваат. Уште многу би, ама да фатам уште нешто низ куќа. Убав ден на сите.
@VedaG10 Откако сме дојдени на еднава мајка што има четири деца, најмалото и го чуваат другите три. Ја се тресам кога ги гледам. Според мене го тормозат и не го пазат како што би го пазел возрасен човек и јас лично не би се осудила да го оставам надвор на мали деца. Кога дојдовме беше непроодено бебе, кај паѓаше децава го испоутепаа ама оно душичка секогаш беше радосно. Тоа е машко, а трите се женски, како мал принц да чуваат. Какви се коментари сум добила да ти се одмили мајчинството. Да се запрашаш, станав мајка или влегол во пеколот? Од жена на улица што ми открива бебето од количка да не не имало воздух за да диши во Ск до жена тука што ми вика му смрзнале рацете ладно е одете дома. Колку би било убаво кога никој не би удирал рецка на трудни и на мајки. Во автобус нема да ти отстапат место ама ќе ти рече како не си му облекла три пара трењерки на детето ладно било. Се подновив. Многу сум била убава. Парите го разубавуваат човекот. Па не дај боже и на фризер да отидам или некој третман за лице, шминка. Лета времето. Успешно криеме телефон. Мм синоќа прочита дека полесно е човек од дрога да се излечи отколку од телефон. Вчера пак го треснав од ѕид и не се крши и не се крши што чудо ќе беше. Бев да видам за нокиа ама немаше. Треба да отидам во тоа главното може има таму. Се надевам има се уште такви телефони, би требало. Па овој ќе го користам после 00:00 дека е ѓаволска работа. Купив и играчки за малата па со нив се занимава. Уште имам во план ама ќе мора да чекам 28ми февруари. Народот на марс се качи, а јас се радувам на производ од 5 евра. А за вакцините така викаат старите. Појма немаат која за што е и викаат за да е здраво детето. Ако е невакцинирано нема да биде здраво, а реалноста е дека вакцините го ослабнуваат природниот имунитет. Ете нека биде мое мислење ова немој на јаже да ме бесите. Сепак вакцинирам бидејќи сметам дека тоа е помалото зло. Иако кај некој не дај боже може да испадне најголемото зло. Живот. Пак ќе речам, се отиде во некоја измутирана реалност. И така. Денес сум ок. Убав ден!
Сама сум со бебево дома, мм и синко отидоа на роденден, па после се на мекици, ќе се вратат дури за спиење вечер. Кога сум сама со двајцата главата не знам кај ми е , сега пак ми е досадно. И јас не знам кај терам. Голема мака имам со денското заспивање на син ми. Не знае сам да се успие, мора да лежам покрај него, а малава баш тогаш почнува да вришти, да плаче и јас одам во дневна да ја смирам, синко се попратил по мене. Па ќе се расони и после не сака ни да дојде во детска, а не пак да легне в кревет. Ова трае со саати, оди - дојди. Ако не преспие пак не се трпи. Не знам како да се организирам Мм ми се лути, секоја вечер заспивам со малата заедно, тој го заспива синко и дури го заспие, јас кома сум. Стварно и мене ми недостига , ич немаме време насамо да се видиме , да си помуабетиме, ама енергија нула имам. Ја спуштам главава на перница и толку е. Поздрав мајки
Чувај ме животе од најмајки, од најтатковци, од "совршени" родители што се мешаат кај што не ги чеша. Па и ситење и образложенија зошто треба вака, а не онака, па мудросолење и слично. Како да се само тие родители. Кој е овој феномен, не знам. Ми иде некад да им треснам у фаца - ај глејте си к*рот. Се извинувам за нервозниот увод, само никогаш нема да разберам зошто некои луѓе не си гледаат дома какви им се децата, а први ќе скокнат да ти го опраат твоето; синкир севселенска задача им е дадена. 6 месеци сум родител и толку се нервирав за одредени коментари поврзани со моето дете, што на крај одлучив или да враќам соодветно на идиотштината или да игнорирам и да си терам по свое. Едно е давање совет и споделување искуство, друго е солење памет и "чекај ќе видиш," "леле што те чека допрва", "ауу ја нема шанси така да постапам", "аман нека пројде веќе ова со плачењево". Сакате ли бре вие воопшто да имате дете? Како проаѓа време, не можам да се издоначудам колку луѓево си го земаат здраво за готово родителствувањето. Да сакав раат, ќе си купев кактус и мачка. Меѓу другото - почна да ползи мачоркава и ептен и се радуваме. Денес ќе биде наша вечер, ќе направам макарони за вечера и ќе ја дружиме додека она брише паркет со шпилхозните
@gjoker4e знам дека пишуваше за нив . Не ги разбирам еј! Надвор пуштени сами со малото ? Ај ајј . Па да му се сневиди,и тие 'големите' се деца.Од каде толкава сигурност дека нема да го остават негде Тоа прво ми дојде на памет .. Едно е да го причуваат додека напраи мајката ручек,додека е во вц итн. Ама ова со шетањево не и НЕ! @Shelea многу сакам да те читам. до малата тртла . Лежам на пархет со нозете кренати на кревет.Исправам кичма Повремено син ми вози коли врз мене Сакам кафе а ме мрзи да станам а и мм исто така да ќе полежам па после. имајте убава вечер.
Ај и јас да шкрштанм на брзина додека дете се заигра доктор става инекции,му дува со пумпицата и му прска спреј на сите мечки,кучки,мајмуни,зајаци и на пикачу.На зајачето му помина времето,сега омилен ни е пикачу со него се правиме и секаде го носиме со нас. Мм од денеска на одмор цел ден го отепале дома во лежење и играње со дете.Само еден брзинка ручек направив колку да не останеме гладни. Дете почна да кашла влажно,а само пред една недела кашлање суво.Го направив и јас тој чајот/лекот со кромид и оревче ставив.Му давам со шприц 3-4 пати во денот.Е сега ме интересира дали ова можи да го давам и утре или да варам ново. Вика комшиката за на кафе. Имајте убава вечер.
Помина и гинеколошкиот преглед Докторката беше пример за тоа какви гинеколози не му се потребни на општеството, за жал постојат и се перат на стара слава. Да не ја должам многу, од гинеколошки аспект сум здрава, добив зелено светло за проектот бебе. Останува да и верувам на збор, црно на бело не ми даде. Ви кажав, прв пат сретнав ваква флегма Останува уште еден преглед и се фрламе на работа Утре важен преглед и за дете. Сега подобар е од антибиотикот ама многу блед на фаца Сакам побрзо да се среди се', не можам повеќе да го гледам ваков. Февруари месец на вљубените (ние си славиме трифун )па ќе треба поклон да се купува. Јас многу сум по поклоните, утре е роденден на мм а јас абер немам ни торта да направам не поклон да спремам Да станам да направам една брзинска а? Давајте предлог за поклон. Стара сум јас за скокање од лустерот
Ако некој го интересира нека ми пише јас прекинав породилно за работа. Моја блиска на 2 месеци остави дете. И јас и она доевме до 2 години. И мајки сме. И на форум и насекаде не осудуваат, посебно жени. Ама семејството пред другите
Добра вечер Вчера чистев е денес решив нозе у виз коа дојде маж добро делумно да кажам. Алишта секогаш простирам вака навечер кога нема дете да ми се гуши у просторијава скапана. Аман 4 год живеам у кутивка без тераса ќе не окраси ли нас животов со тераса или не Ај во англија 99 посто немаа тераса ами тука од 99 посто со тераса ние овде се забутавме Надвор не даваат у дворот И така Врти сучи пак станот на крај од денот ненормално ми боди у очи И се си викам трпение цигла по цигла кула Еве лавовски се бориме за една среќа, желба, проект Кој знае дали еднаш бар ќе не огрее сонцето Јас сум со ентузијазам голем Друго што да кажам освен тоа дека имам планина садеви Прави фрли прави фрли Малово што фаза ќе беше како сме дојдено ретко да стави нешто во уста катастрофа сме Вчера 50 евра дадов за витамини Ама се е џабе сите можни суплементи ги имам дома И тоа е Ние сме у фаза со ату на нас се ни е ату Диносауруси јастук трактори машини све што брчи По цел ден само животни и такви тракаташки се разнесени по соба Собирај ама нема крај собирањето Порано складирав и местев сеа и тоа баталив Имаме кокошки шатки и све пропосно од животни Не дај боже некој витамин да внесе нема шанси ако сакаш и на лустер се качи све е плукање Теписите лом Се чудам дали само кај мене е вака Ова чистењево да нема крај ама ваљда кај сите е вака Викенд се ближи и се мислам дали нема да не смрзи да шетаме Плус ми иде и роденденот Февруари краток месец Кај нас веќе и по блуза се искача надвор Предвесник за летово кое не сакам ни да го помислам Дрндам дрндам Знаете.. ми се смачува понекогаш од мајчинските муабети Сакам да зборам за друго нешто Ај поздрав... Да станам да досредам па да легнам деновиве де кратки де долги..
Добив преубави вести...другарка бремена со второ а маливе врсничина ни се Биолошкиот часовник минува...да се спремам за второ Мирна ноќ мајки
Dobra vecer majki Kaj mene site spijat pa Jas na femina Imavme nedela Dena so virusaman, prvin mm I cerka pa Jas I Eve i bebus ja banjav podolgo so potolpa Voda I Eve ja podobro dise, ne deka ke trae dolgo Cerka vtora nedela è doma, nema Sila nit jadese ni pieselelee kolku e prebelena I oslabena Nitu Jas nemam sila denes malce uspev haosot da go sredam I da zabrisammi se placese od necisto I mi se placese dodeka cistev nemam veke zivci so ova cistenje o. Cistev cistev I napraviv vecera I ete pak sporet haos, Sadovi Eden kup kujna za nikade Neznam sto Dr da kazam, imam mnogu nemam nisto Ubava vi nojk glavata me zabole Mi se jadeama nekoj da mi gotvi umorna sum se isto pa isto....
Ја многу се плашам кога ги гледам не го пазат баш убаво. Еднаш само Господ го сочува да не падне по скали. Ја гурнаа надворешната врата, а тоа на врата, падна накај ѕидот, ако паднеше наназад... Па и на улица сме цело време коли поминуваат. И тие се деца не може да се спореди со возрасен. Последно надвор капата му ја вадеа, а грч ладно. Да престанам со оговарање. Имавме хорор вечер па какаше и заспа. Добра ноќ
Здраво мајки Одам на работа. Минатата недела 4 дена седев дома. Фала богу подобри се дечките и мм ама уште кашлат. Страв ми е мн од овој вирус. Сите се болни со висока тт и кашлање. Од најмало до нјаголем. Па Моиве дома се со татко им. Еуште една недела изгледа и мм ќе оди на пат. Ама уште не е сигурно. И лани периодов ми беа болни. Вчера кога донесов ќебето дома големиот се израдува мн и веднаш си се покри на креветот. Вика мама тенкју со мач. Го научил во градинка. Деновиве сум преморена. Деца лудуваат до 12 а мене ми се спие и така секој ден функционирам со 4 часа сон а 20 на нога. И сега ми се спие ми се плаче. Ново ништо нема. Вечер сме на роденден кај две сестрички. Им купив бели фустанчиња со цветчиња и ременче. Ајде позз имајте убав ден...
Утро мајки Дете однесено во градинка ,стигнав на работа си направив едно кафе имам малце време па седнав да пишам Денес ќе ми биде малце понапорно на работа колешката зема слободен ден па сама ќе бидам ама ај ќе пројде брзо ,плус уште денес и утре сум на работа од понеделник сум на одмор цела недела .Одморот ќе го поминам дома бидејки и онака ќе бидам дома планирам генералка да правам да си ја светнам куќата не дека ќе биде некој одмор со чистење де ама па и тоа мора да се помине Дете мое ужива во градинка ,сега дури сфаќам колку му фалела градинка одеднаш си се врати во нормала и на време си легнува што е најважно .Вчера цел ден со прстето не кара како што го карала учителката во градинка многу беше смешен ,галче ми е многу сака да се гали и да бацува Друго ништо нема деновиве сум турбо ангажирана им помагам на девер ми и јатрва ми да закажат свадба ,денес ќе одиме да разгледуваме венчаници ,се потсеќам кога јас бев растрчана за мојата свадба и организација какви преубави спомени ми се враќаат Се јавив вчера да закажам да шијам фустан ме одби Фросина од Волково зашто сакав со мој материјал ,шиела само со нејзини Па сега морам да барам друг шнајдер ако имате некого препорачајте Ќе треба да барам нешто убаво и синко да го дотерам да биде најубав Ќе најдеме има време до 9 јуни тек е свадбата Одам мајки посао зове ,побрзо оздравување на сите болни дечиња ,јас од кога прејдов на хомеопатија глава кренав од болештии фала богу . Убав ден на сите
Добро утро! Денот го почнавме во 7! Беба нане, дадето во градинка, ММ свари кафе кое патем од 7 сварено јас сега го пијам ладно. Кај ќе седнам јас кафе да испијам раатски, кога очи отвараат и почнуваат - мамооо дај , дојди, напрај, облечи ме, свари кафе, кај ми се клучевите, кај ми е телфонот... Ма ни дете ни ММ уста не затвратаат од сабајле. Тек пак и беба ак стане да ја презаспивам... Ах маки, слатки, мајчински... Деновиве јас ја земам големата од градинка, па двете пополека, фатени за рака се влечкаме до дома. До дома ми е пат 20мин, ние 40 го тегнеме... Убаво ни е двете заедно, уживаме, си муабетиме... си фалиме една на друга па ваквите моментини значат доста. Вчера учеле во градинка за шумско овошје, па и дома продолживме тоа да раксажуваме. Кое е, каде го има, како изгледа, па цртавме, боевме, па си купивме и јадевме... Ем се подучувавме, ем се дружевме со големото ќере. Малото пак се поинтересно станува, љубопитно, досадничко по малко... Демак прави муабет на телефон кога ќе го фати во рака, па нишка бебе во раце и пее- нан, нан, нан... Покажува каде е рачето, ноџето, окото... Се радува кога ќе го слушне кучето на комшиите како лае, а тоа па едно досадно цел ден лае! И така, деновите си врват, деците си растат! Леле 9 е, ајде бегам сега на работа! Убав ви ден!
Добар ден, ние се занимаваме по дома. Досадно, секој ден едно исто. Мала збеснува, се разлигавила. Сака цело време да сум до неа, ама да не правам ништо, така да си седам. Збор два за попувањата од страна. Ме отекоа од страна со тоа дека слабо сум ја облакала. И сега кога на сите ќе им кажам дека од тоа облакање ми се исипа, дека и доктор потврдил дека сум во право, испадна па може склет дете е. Епа склет е де, секоја мајка си го знае детето дал е зимурлија или склетџија. Од друга страна, познавам еден куп луѓе кои само солат памет, како не и се треси толку, а тие на 35 степени дома, догреваат а децата уште скафандер да им облечат и секако стално болни. Но они си знаат. За хранење исто... не давај ова не давај она... од ништо не го лишувам детето, ама за се има време и место кога и колку треба. Се знае што е на прво место. За доењето, ја доев колку што мислев дека треба, никогаш никому не би рекла зошто толку долго го доиш детето. Зошто?? Мене ми беше најубав период, а дете помирно. Дали некој ќе избере да се молзе, тоа е лично негово. Од такви што им е тешко на детето да го дадат најдоброто, а можат ми е преку глава. Ама за да осудат друг се први. Дека е лесно, ништо не е лесно. Се си има предности и маани. За чувањето, имам една, абе од прв ден друг да го чува, 4 души го бањале.. спие со баба... она да одморела. Кога бе душо моја да одмараат другиве мајки?? Оние кои немаат кој да им помогне. На шетање... мора баба дедо, не може она сама со дете. На гости, ќе плаче по дедо му... готвење? Перење?? Абе наредено и е.. има кој. И таа ќе ти се прави најмајка, ќе дели совети. Него се зазборев јас, сакав да прашам, аман што правите сооблекава од децава, ништо не е износено. Еднаш два пати едвај облечено. Некое и по 30 мин само. Ај ако имам женско и второ ќе искористам. А ептен ми е криво. Се надевав една другарка ќе има второ, ама испадна пак машко. Ќе ги чувам, па здравје, после ако не бидне, ќе ги подарам. Нешто ќе зачувам за спомен. А искрено и нешто веќе имам дадено. И така, треба на забар да одам, сакав да се истуширам, ама ќе пробам кога дете ќе спие. Ако успеам, пошо треба ручеци да се прават, а дете спие едвај саат. Имам и една нарачка да ја доправам, се снаоѓам, што да се прави, ако не врне, капнува некој денар. Тоа е тоа за сеа, да допијам кафе па да се опраам. Станов е хаос, ко да не сум чистела цела година. Играчки на сите страни, трошки... се може да се најде кај нас. Секој втор ден чистам и пак е хорор. Не се постигнува, не се издржува. Крокодили ќе почнат да шетаат некој ден. Отидов сега да мијам дете од чоколадо.
Добар ден . Подчитнувам да видам одприлика како сте. После сирупите нам вака ке прибаме да ни почне денот . Се со сила јадеме, со сила уште спиеме, ама не се нервирам како порано . Кажува паметни работи здувот да ти застане.
Се си велам ќе шкртнам некој збор деновиве, па пишувам и бришам, оти немам ништо ново и интересно за кажување. Деновиве потопло беше, се шетавме со бебе, абе милина .. Ја засака ептен количката, многу, ама многу сум радосна Дури се осмелив до кај моите да ја однесам, пола пат спиеше, пола гледаше те во мене те во небо, и си збореше на нејзин јазик Ајде, нека се стопли пак .. Сафра не фаќа и двете дома. Друго, што правам? Ништо, те едно та исто. Стани, направи доручек на бебе, нарани, заспиј ја, па дур испијам кафе и каснам некоја овошка станало шефчето.. Па ручек за неа, за мене, облечи-соблечи, заплачи,насмеј се, и дошла ноќта. Барем интересно ми е што готвам плус за мене, диета нели почнав, па се релаксирам во кујна малку Мм никако да го убедам да ми се придружи, па он јаде со старите, не готвам за него посебно За коментари од страна како да чуваш бебе, ехеее крај им нема Уште кога си дојдовме од болница ја облекував само на боди на рамки, абе припаѓаа луѓето како само така можам, ќе измрзне .. На сред лето,крај на јули.. И сега мрчат, зошто нема хулахопки секогаш, ракавички .. Зашто така сакам, и сметам дека нема потреба. Па за јадењето.. Се стрвело бебе оти јас јадам сутлијаш, да му дадам да лизне, ништо не му било ни од шеќерот ни од кравјото млеко.. Ок, јас па вас ве чекав да ми дадете зелено светло Пред некој ден на гости бевме кај другарка, коа се запна свекор и дај и та дај и пире и малку леб Мислам, дали се сериозни? Како сакам ќе гледам дете, мое е, јас ќе го хранам,растам и воспитувам и ич не ми чуе за коментари од страна. Па и зошто диета сум држела, не сум била битна јас туку бебе.. Да, она е на прво место, ама фала богу млеко имам, башка диетава не е ригорозна, а и не значи ако сум родила треба до +100 да одам и да се правдам дека бебе имам па немам кога да слабеам. Едноставно, не се осеќам убаво во моја кожа со толку вишок, и правам се што е во моја моќ да го променам тоа. Имам одличен резултат за една недела, пресреќна сум Среќна мама=среќно бебе. Се растегнав и јас до неа дур спие, да стане ќе и ја однесам на свеки за да зачистам малку и да и правам ручече. Секој ден чистам и секој ден е ко бомба да паднала или барем мене така ми изгледа Чувајте си го здравјето, и останете ми добри. позззззз