Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    8.155
    Јас јадам пак авокадо со црн пипер и лимон:wasntme:.На времето не можев да смислам авокадо сега по две на ден јадам.И маж се чуди вика што ти стана секое одење во продавница полнам ќесе со авокадо.

    Инаку ние добри.Синко во градинка.Јас сум официјално на одмор една недела:D

    Ама имам многу термини.Денеска имам да чистам,утре ќе го гледаат станот новите ќираџии.После термини со градинка и сакам да средам едни документи.

    Времето врнежливо и никакво.Вчера бевме во игротека со братучетка ми,децата и мажите.Убаво се изнаиграа дечиња и супер си поминавме(poolparty).Си ветивме почесто да се гледаме,ама реалноста е друго.Тешко е да се погодиме со смени и слободно:(

    @AngelOfArh најголема заблуда што постои во Македонија и на балканот е дека на повреда на глава се прави Ренген.
    Како прво со ренген не се гледа крварење и оштетување на мозокот и за чабе е зрачење.

    Ако веќе постои сомнение на крварење се прави ЦТ.Кај мали деца се чека да се појават симптоми:повраќање,поспаност,нерамномерно отворени зеници,па после се прави оти тоа е многу зрачење за мало дете.

    Имам пример за доктор од Србија,каде екстра му се јавија и го прашаа што сака да види со ренген на глава.И после најдобронамерно го советуваа дека нема потреба од ренген за секоја повреда на глава и ако се сомнева на нешто да го прати на ЦТ.

    Тешко ми е станувањето,ама мора да станам да чистам.
     
    На TarantulaA, Coco31, danichap и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро.

    Дур станеме, малово пак заспива.
    Пошо татко и е многу “тивок” кога се спрема за работа, и она почна апла рано да станува.
    Мора некој каиш да тропне, некоја железна паричка да му излезе од џеб и да се растркала по соба..|(
    Утрото со @Shelea ни почна, гарант она беше!
    Бебе во дубак пред ТВ, ја слушаше пажливо што зборува, дури јас раскренам :D
    (Ако грешам извини.) Фала на “помошта” да ми занимаваш бебе додека сработам нешто :D
    .. И она сега ќе спие, јас стандард ќе дремам цел ден.

    Пак неќе да јаде..
    Еден ден сака, два дена не.
    Забче ја мачи, не излегува уште а набабрено е , и со прсте во уста е цел ден.
    Само правам каши и фрлам.
    До душа.. мислам дека овошје не сака, ручек си јаде без проблем. Наутро 5 лажички да касне, среќна сум. Знам дека има нешто во стомачето барем.

    Вчера и завчера шетнавме со бебе, денес дува корне..
    Ќе седиме дома..
    Да чекам да стане па да се паркирам пред ТВ, загледав една шпанска серија.. Ми фалеше јазикот, и аман од турскиве веќе :D

    Му праќам на мм слика
    BB9688FA-F650-49B0-8FA8-D1AA82060FB2.jpeg
    И ми враќа “вечеррррр”
    Ооо господине зарем се препозна??
    Ај, кога вака морам да те потсетувам..шта чу :D

    Ојдов да прицврстам лустерот... :D :D :D
     
    На Ano, Belabelinakinder, TarantulaA и 30 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.167
    Допаѓања:
    107.181
    Пол:
    Женски
    Имаше оток голем на фрактура се сомневаа, затоа ренген, крварење немаше, а ни потрес очигледно.
     
    На gjoker4e и fairy88 им се допаѓа ова.
  4. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене мајки‍
    Ве читам цело време ама не сум во можност да пишувам,немам време.
    Ако малата го виде мобилниот веднаш го сака па избегавам пред неа да го чепкам.
    Повеќето од смените ми беа трети па право спиев и станував кога си идеше ќерками од градинка.Страшно се нервирам дека се немам време да и посветам и овој живот е многу тежок.
    Стани,легни,јадење,работа...

    А само еднаш ке биде мала па го пропуштам нејзиното детство.Некни се запрепастив од неа,си доаѓам во 4 сабалје од работа и несакајќи ја разбудив,леле кога рикна на плачење бегај од тука не те сакам,само тато го сакам...
    Луѓе срцево ми се кине што немам време за неа,цело време е со татко и,и лута ми е што одам на работа.Ми ѓи сокрила шминките и еве 2 дена не кажува кај се,сва среќа слободна се погодив овие денови.Незнам ама неможам така да издржам ама пусти кредит што морам да ја работам оваа работа за да издржиме финансиски.А и јас сум душа,12 години ја работам истата работа со истите смени.Лицето ми е остареано,косата почна да ми побелува,ама го правам се ова за таа да не се мачи утре во животот оти само едначка ми е♥️

    Се пожалив ама не сосема,имам и една друга мака.Носот 4 недели ми е затнат.Испрскав 2 туби оперил и една септаназал и нема подобрување.Мојата докторка само инхалација ми кажа да правам со камилица.А верувајте кивам по 200 пати на ден,а не сум болна.Ако знаете некој друг лек кажувајте оти неможам да издржам.

    Малата е на градинка а јас стокмена со топло чоколадо и лежам во кревет гледам филм,заслужувам малку одмор.
    Ручекот нека биде пица еден ден

    Имајте убав ден
     
    На Ano, Coco31, muchacha_a и 27 други им се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :coffee:
    Кафе пауза од чистење правам ,додуша скоро и завршив за денес со чистењето вредна сум уште од посабајлечки :D Дете во градинка однесов ,а јас сум на одмор леле дури чудно ми е не сум била вака сама дома од пред да се породам . Да потсредам уште малку па ја чекам старосватицата да ми дојде на гости,одвај чекам кафе муабет ми фалат многу седенките со моите другарки за кои за жал се поретко имам време . Викендов екстра го истеравме ,вчера бевме шетавме во парк дете се изнатрча се изнаужива одвај чекам да стопли времето да шетаме цело време .Вчера вечерта синко фестивали праеше некеше да заспие па што рикање удри па плаче и вика бабо бабооо ,па се качи свекрва ми па ајде што плаче детето толку што му направивте па неможеш да се докажеш дека плаче за ништо :envy: Завчера синко ми чепкаше по ташната па нашол едни пенкала и дур го видов тој ги имаше ставено во уста (facepalm) па вчера кога стана сабајле устата отечена внатре рана како афта огромна леле се извадив од памет валјда пенкалата прлјави шо биле немам идеа од што друго иначе би било . Тоа е друго немам што да ви кажам ,се друго е по старо .
    Убав ден на сите :)
     
    На Ano, Belabelinakinder, Coco31 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Na alergija mi lici. Taka bas majka mi bese pred nekoe vreme, non stop zatnat nos, ne tece, a kiva po 200 pati dnevno i i kazale nekoi tableti protiv alergija, od vtorata tableta vekje prestanala da kiva i tolku. Od togas navaka nisto.
     
    На elena.mak, gjoker4e, TeddyGrey и 6 други им се допаѓа ова.
  7. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    33.252
    Пол:
    Женски
    Ми се пија кафе ама не можам да си направам,каде и да е дете ќе се разбуди и одма бара да јади.Како и секогаш ќе излади..ни кафе ќе се види ни ништо.Да завршам со обврските околу дете и ќе си направам дупло,а дете ќе се занимава со новите играчки.

    Денес бевме излезените тројцата,без обврски, излеговме само кафе да пијаме.
    Купивме две играчки дете сам си ги бираше,но тој е скромен на мене,Оди во евтините не сака скапи,дали така се трефнува или има нешто примнато мое ќе видиме понатаму.Сега сеуште е мал...

    По пат накај дома наминавме до кај матичната,само на еден разговор,за среќа немаше никој во ординација и веднаш завршивме работа.Разговараме за проблемот на дете со нос и решивме прво да појдеме на специјалист по орл.

    Ни препорача добра докторка,ни објасни каде се наоѓа и дали знајте дека пола сат се вртевме во круг.На крај мм праша во една аптека и ни кажаа каде се најдува.На мм му велам ние неможеме да се снајдиме во Прилеп,уште за странција сме.
    Таму гужва топ требаше да чекаме два часа,да не дремеме со дете закажавме за утре.Слободен термин кога дете има дремка,па малку ред ќе измениме.Само ќе треба цврсто да се држи дете.

    Додека јас да напишам и дете се разбуди,ручаше и евего сега со микрофонот во раце нешто се занесува игра и пее.

    Ќе се подржиме сами со дете, мм излезе до кај еден другар да се договориле нешто за работа.

    Одам мајки да варам кафе...
     
    На Ano, Coco31, muchacha_a и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Леле 4 дена ме немало

    Ај добар ден
    :coffee::coffee::coffee: кој е за попладнево кафе нека повели
    Ми легна мали на стомак па со надеж дека ќе заспие,да си го испијам кофито дури е топло

    Викендов бевме на гости ама поминавме без шетање :doh:
    3-4дена сончево дури пред да тргниме
    Ко тргнавме дождови,дождови...па некое невреме кога почна :o
    Ужас!
    Се дури не се вративме :mm: сабајле не изненади снег а таман се имаше стопено :$ сега пак сонце:sun:
    Секогаш кога ќе се вратиме од некаде си ветувам дека дури не пораснат не одам никаде и пак прва спремна сум :shake:
    Могли такви драми ми приредува што се каам 100 пати што сум отишла
    Дали од радост или незнам што,нити јадеше нити пиеше а тек когадојде ред за спиење :worried: хорор
    Со часови ја заспивавме од што не можевме да ја скротиме
    Веќе немоеше да гледа и подочнаци лилави а таа уште да си играла
    Мм мораше да ја стегне во раце и со часови да ја држи за да заспие
    Хорор...
    Мислам оние дечињата се радуваа повеќе од мене дека си заминавме :D ги пукна :$
    Никаде повеќе од 2-3 часа веќе

    Сабајле во градинка и од мај во друга група,последното слободно место го чувале за неа,им благодарам :mm:
    Мали од утре по 2.5 часа :$ затнато носе има и ако почнат мрсули во боја нема ни даго однесиме :envy:
    Ми се смачи од настинкиве ама кој ме прашува

    Малку средив низ куќа и да станам да спремам вечера
    Немам идеја што само

    Толку од спиењето
    Да шмркнам кафето на брзина и дасе активирам

    Имајте убав ден
     
    На Ano, Coco31, only44you и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Се мислам за селење. Иако тоа ќе ми е само дополнителен стрес периодов.
    Пробав да видам што има. Ништо ако ви се верува. Уште толку се обесхрабрив.

    Прашање (и тоа глупо) - на прв преглед се оди со маж, нели? Не знам, да не им е премногу патријархално тоа, оти тие целите многу прогресивни (леле колку ги презирам тоа чудо едно).

    Дома сум врзана за кревет, имам време да размислувам за цел живот, и затоа сум ова што сум. Катастрофа. Ми се гади, ми е лошо, пукам од подуеност, киселини и гасови...
    Среќа маж ми сите обврски мои си ги зададе, ја игра мачорка, бојат, играат, готват, креираат заедно, чуда. Прекрасни се да ги гледаш, и малку се фрустрирам што не можам да сум дел од играта.

    Сакам да хибернирам 3-4 месеци. Да го преспијам периодов. И сакам да дојде некој да ми ги одговори сите животни прашања, да ги направи за мене сите животни одлуки. Немам веќе сила да се обвинувам себеси за сите "што би било кога би било" мигови / паралелни универзуми.

    Не знам колку чувства има во мене, и колку светови, болови и љубов. Само знам дека истите во самотија и хормонална бура можат да ме потопат. Да не знае човек дали да ги пушти да излезат или да проба да ги угуши така, внатре.
     
    На Ano, TarantulaA, snegulkata и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден мајки..
    Може не е тука местото за муабетов ама многу сум потресена од смртта на дечињата веќе менувам канал и не отворам фб, кнедла во грлово. Страв ми е мене тек можам да замислам како ви е на вас во Скопје, свекор и свекрва се две недели веќе таму и сега ме пука параноја вакцинирани се ако се со една доза може и не се. Бебе ми е два месеци и навистина незнам како би ја заштитила. Сега најдоа и тие да си прават излети, секој ден по молови, маркети, пазари, автобуси, безпотребно од бес, што ми вреди да се нервирам кога неможам клуч да ставам кога ќе дојдат. Ме интересира дали колку толку преку доењето има некоја заштита и имунитет бебка? Синко го вакцинирав октомвриот па за него сум помирна..
    Денов тмурен па останавме дома малата предмалку заспа по цел ден плачење стомаче ја мачи, синко се навикна овие неколку денови на шетање ама сабајле иако беше поведро дуваше север и не ми се вадеше бебе па останавме дома и незнае што да доправи веќе.
    Нервозна сум сабајле се спукав и со мм за муабетов од погоре за неговите сум била параноја дај боже само паранојата да ми остане, а него не му правам муабет може и кас претерувам ама и неговото к.р ми е двор ми е не го можам.
    Пушти сирена бебе толку од мене
     
    На Ano, azelea, Coco31 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.859
    Добро утро еве кафица од мене :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: . Ме немаше да пишам долг период само ве читав секој ден.
    Ништо ново немам да кажам секој ден едно исто работа дома па чисти готви и се така. Пред некој ден бевме на шопинг во бугарија купив за децата куп алишта а богами и за нас со мм. Во неделата бевме во Берово децата се изнатрчаа времето беше убаво со малку ветер после на ручек мислев деца ке јадат дека изгладнети од трчањето но не по 5-6 компирчиња земаа и толку.
    Дома децата многу си играа има и по некоја плачка од малата ама брзо и поминува. Синока рано си легнаа 21-30 и тоа оти мм им се скара и тие едно по друго во соба секој на својот кревет и заспаа за 10мин.да не им рече он они ке седат до 12 и после за градинка им се спие неможе да ги разбуди мм.
    Друго не ми текнува да кажам долго време ме немаше ветувам ке бидам поактивна во пишувањето.
    Имајте убав ден :hai:
     
    На Ano, Vennera.aa, azelea и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    43.906
    Дуваат ветрови, мене ми се излегува со малата, ама цврц. Коси, ладно е, сонце со заби е.
    Па земав да печам зеленчук и си направив чај. Слушам бејби Моцарт, таа спие и веќе е голема женска што вчера лазејќи извади купче книги од долната полица и почна да ги јаде.
    Љубов ли е, генетика ли е, не прашувам, само прашина бришам :D

    @Chanell* јас бев на телевизија, да да. Разгоропадена и огромна, но шта је ту је. Диета од март.
    Почнуваме активно со здружението, па мора некој да е РR, a jaс немам гајле пред камери. Битно е да се пренесе информација и да не се биде игнорантен. И секогаш по вакви изјави и настани, мене ме фаќа малодушност, како да одново треба да се борам со ветерници. Како да сум светулка во огромна мрачна шума, што и всушност така е. Што се занесувам, се прашувам? И потоа, пак од никаде нигде ќе си дојде одговорот.
    Денес старосватовите ни доаѓаат на гости, сакаат само какао со рум, по мој рецепт.
    Вчера бев на промоцијата на книгата на наша Калина, и покрај тагата, во целиот настан имаше нешто весело, некоја меморабилија на радоста, каква што и впрочем беше Калина. Си поплакав и сфатив дека избегнувам луѓе, не ми се поздравуваше со никој, си седев со мои блиски и за брзо време си заминав.
    Дома кога дојдов, си ги гушнав маж ми и неа, а хаосот во дневната соба ми беше онака, сосем неважен.
    Посакав само да сме секогаш заедно и да сме здрави и живи. Многу веројатно и во друга држава...
     
    На Ano, TarantulaA, azelea и 28 други им се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    36.955
    Пол:
    Женски
    Второ кафе за денес испиено, онака диетално :)
    Ручек по желба на синко, манџичка со телешко и мноооогу грашак и компир. Ќе се изнајаде.
    Во меѓувреме ги пробуваме добро познатите сарајлии на @mariz ако испаднат добри и слико ќе ставам.
    Ново ништо, ама баш!
    Да тркнеме до маркет, маш вика секоја недела сме почнале да пазариме ама пусто се нешто снемува.
    Плус мм е во потрага по уште една работа, сите нудат ама платата 200е никој повеќе не дава. Не ни се исплати ич, ама ако се мора и за толку ќе оди.
    Среќа со оваа од дома се турка повеќе, инаку..... Џабе и тоа што неговите се странство, еден месец не рекле ќе ви пуштиме за сметки, барем од едната куќа. Змија во џеб имаат, ама и мојов е виновен што си молчи. Не познавам друг човек толку многу да ги жали родителите како мојов, иако го оставија сам, без никој, со болна баба која по некој период боледување почина... и ред други обврски...
    За друга тема е муабетов ама ми прекипува некогаш!
    Имајте убав ден.
     
    На Ano, mal.ecka, azelea и 24 други им се допаѓа ова.
  14. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Ајде иди :D
    Некогаш дури ми се плачи од што немам таква личност што ќе можам се да и кажам без да кријам некој работи.

    Прочитав повеќе од 800 постови наназад па ај и да пишам нешто. Ме немаше одамна.
    Игле витамина и ѓокерче фала што ме помисливте :*
    Едвај пишувам имам еден стар телефон на користење, мојот ми е кај мм ми го зема дури е на работа бидејќи неговиот настрада во една кавга.
    Бебе спија кај да е ќе стани, ручек во релна, за десерт бомбици со банана и од вчера имам месено од сирењаците мариз.
    Телефон во рака не можам да фатам од синко, веднаш ми го зема и го фрла или па тој чепка :D Сигурно чуствува дека телефонот ни скратува од нашето заедничко време.
    Маж почна на нова работа со поголема плата и нормално работно време, брат ми е тука ќе работат заедно ама јас не верувам да издржи долго брат ми ама ај ќе видиме.
    Мм ме тера и јас да сум работела а свеки да дојдела да го чува синко :^) Не ми се прави некако ќефот |( А инаку ми се работи па може и ќе размислам.
    Да под средам уште нешто додека стани синко па да играме потоа на рајат.
    Инаку изразот Ќелеш еден и во мое село се употребува :lol: И јас незнам што значи.
    Се надевам ќе ме има повеќе во темава.
    Убав ден мајки :*
     
    На Ano, Belabelinakinder, snegulkata и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    @orhideea :hug: ама силно те гушкам :*

    Добар ден
    Низ куќа не се чекори од играчки и картони
    Секој ден по нешто се купува и не знаеме што е по интересно,играчките или кутиите
    Од толкав хаос јас решив да седнам и пишам на фемина |(
    Сабајле дури беа деца во градинка испеглав и изрибав купатило,толку било за денес
    Џабе чистам кога за два часа се си е по подот

    Очи ми се затвараат,бурна ноќ имавме :envy:
    Мали повеќе плаче него ли што спие,предпоставувам трауми од градинка :|
    И ова адаптацијата вечност,предпоставувам
    зошто,уствари скоро па сигурна дека немаат доволно персонал па ние новите страдаме
    Веќе една недела и директорката е воспитувачка вгрупа :o се запрепастив
    Ама што е тоа е...

    Време никакво па си останавме цел ден дома,искрено и не ми се излегува од што сум уморна ама добро би било за децава
    И тие здивеа,им здосадија и игри и се,повеќе се за надвор
    Едвај чекам да запролети....

    Сакав и @danichap да ја прашам околу кортизонот
    И јас со последица од воспалено уво до оштетен слух :tmi:
    Одбив инфузии заради немање услови да одам да ги примам па ми даде таблети со шема на пиење
    Ми рече дека дополнително ствараат поголема доза на нервоза :D страв ми е да се напијам а треба 3 наеднаш да земам :^)
    Ако можеш да споделиш како помина и дали навистина ствараат толку нервоза :$
    Јас и вака сум нервозна а со нив ќе отепам може некој :D

    Друго што би ви кажала :?: мусака се крчка и во план кифли да правам за деца,без идеја сум веќе што да им спремам за вградинка

    Одам да видам до кај ми е јадењето

    Довиџења :hai:
     
    На Ano, snegulkata, ivana--aerodrom и 28 други им се допаѓа ова.
  16. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки
    Дете се симна доле кај баба и деде да поигра малку ,па малку време за мене и телефонот:D нема шанси телефон да фатам ако е синко тука незнам до кога ќе трае фазава зависност од мобилен ама се надевам што побрзо ќе заврши .Синко е многу смешен кога ќе го прашаш како се вика го кажува името на татко му :lol: му викам не се викаш така ,а тој упорно го повторува името на мм смешки е :lol: Учителката во градинка кажува дека по цел ден со зборел таму како навиен бил само ништо не го разбирале ,од денес почнал и имињата на некои од дечињата да ги кажувал :) Јас денес продолжив со чистење ја почнав кујната се надевам до утре ќе ја светнам :wasntme: Барам рецепти утре ќе правам за ручек печено пилешко во корнфлекс ,па се надевам убаво ќе испадне ,сакам да замесам и гевречиња со сланина ако испадне убаво ќе ставам и некое сликче :D се настрвив уште од сега кој ќе чека до утре. Мм вика да пиеме по еден чај направил ,одам добра ноќ :coffee:
     
    На Ano, Seline, snegulkata и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер, бебе на цице моб во рака, синко гледа фудбал со мм во комшии. Да заспие малава и влегувам под туш. Од сабајле извежбав, чистење, ручек, чистење, вечера измеѓу околу децава хранење, преоблекување, анимирање денов година ми се стори. Се надевам на мирна ноќ па со мм да се пољубиме.
    Со вежбање фатив ред и убаво ми е, ми помина фазата на воспалени мускули па дури ми доаѓа како релакс ама со пусто ми јадење еднаш помалку еднаш повеќе но нема откажување полека ама сигурно ќе биде.
    Одамна @Mariangel не сум ја читнала, фалиш тука некој ред да шкртнеш..
    Бебе заспа дојдоа моите пет минути, ве поздравувам
     
    На Ano, emkaemka, Seline и 25 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.504
    Допаѓања:
    288.340
    @Mari* и тебе истото те снајде:(.
    Се надевам не те боли многу и ќе ти се врати слухот. Кај мене првичното оштетување беше 70% мислам а на крај целосно се врати.
    Јас примар инфузија. 10 термини беа доволно за целосно да се опоравам. Мене ми стави и едно метално(не знам кко се вика) во увото...со пинцета мк буричкаше до среде уво. Болно и многу непријатно чуство, ама без последици, важнонуспешно. Вадењето на истото беше за нијанса помалку болно. Уморот и грижата за се со недоволно време за себе аи навлекхба вакви неарноќи:(.
    Се надевам дека безо и успешно ќе се опорабиш. Искуство со терапија во вид на апчиња немам, само антибиотик пиев, како плус на инфузијата со кортизон. Нервози и споредни њфекти од кортизонот во инфузијата немав....

    Инаку ние добри...
    Дома седат божем за да закрњпнат целосно ама немам впечаток дека е успешно.
    Многу мисли, грижи, стравови, очекувања....
    Убава ноќ на сите.
     
    На Ano, emkaemka, Seline и 23 други им се допаѓа ова.
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Од 4 станав малово пред 2 дена на ножињата го каснало нешто дали комарец пајак ли од кај да знам што и му излегоа црвени брумчиња и го чешаат. И по цела ноќ трие ножињата па збори нешто и се открива. Се исплашив да не е сипаниц ама не Е. Вакциниран е. Дали некоја болва незнам што на 2 3 места има и го чеша.
    Ама од мирно и послушно детенце стана лошко и тепа и апе по брат му. Ама најважно си ручка се. И лимони и салати знчи се. А големиот е страшна работа. Нит јаде ни пие. Дали сте виделе дете да плаче од јадење!? Ако не сте дојдете моето рика кога седнува на маса и се со молење и карање. Аха.
    Вчера купив нокширче и на малото се радуваше седеше м пк се помочка во тренерките.
    Мислам од батко му ќе се научи кога него ќе го гледа и заедно ќе си седат. Ќе видеме.
    Пред некој ги видов мајката и ќерката кои со години наназад ги среќавав во автобус и во градот на факс. Тоа девојчето е болно од нешто и мајката ја придружуваше секој ден до факултет и назад. Незнам како се викаат. Ама истите се не остреле само малку пораснало девојчето и пак беше со мајка и. Која жртва ја прави си мислам. И од каде пари за школување и така си размислувам...
    Утре сме на роденден кај едно детенце во друг град кај едни пријатели. Вечер да купам нешто и здравје утре да отидеме.
    Убав ден на сите..
     
    На Ano, emkaemka, Seline и 23 други им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    36.955
    Пол:
    Женски
    Утро!
    Станавме со прекрасна глетка, партали снег паѓаа, за по некое време да изгрее сонце, па да се соблачува :) Битно цело време дува ли дува ветер. Што време ќе беше ова бре.
    И ние како и времево, ништо во план. Ручек имаме од вчера, денес барем за тоа не мислам. Се јави мајка со вујна ми биле до град, ќе наминеле на кафе. Се мислам некој десерт брзински да направам.
    Мм сакаше синко со воз да го вози, значи секоја желба му ја исполнува на детево, а не знае да биде нежен со него, строг е, го кара, го потчукнува по газе, ама ете ако синко изрази некоја желба, он одма исполнува.
    Пишувам од вц, само тука имам малку мир :) ама еве тропаат врати, а богами да потсредам малку па ќе дојдат гостите.
    Ве поздравувам.
     
    На Ano, emkaemka, tina-63 и 26 други им се допаѓа ова.