Ден мајки Некако напнатиов период кај нас дома не стивнува, се нешто да се дешавало Ама ќе удрам пепел имам и голем повод за славење Сестра одредија датум за свадба, абе и резервирале! Значи ден, место, време се има Јас ептен се исповозбудив! Инаку покрај улогата, нормално сестра на невестата, ќе имам и уште една, Шеф на декорација Кажав нека каже само тема и боја и за останатото ќе се погрижам јас. Веќе у глава правам планови како треба да биде, што да има, па од каде да набавам ептен ќе бидам внесена периодов во ццканици Како ќе постигнам се и јас не знам, ќе треба добра организација, богами и помош, плус и таму да се среди и намести на денот на свадбата Ќе успееме се, најубаво ќе е Со време треба да резервирам и смештај, од сега и тоа да испланирам колку дена ќе бидеме таму (не е свадбата во СК), па таму да најдам фризер и шминкер, има доста за што да се помозга За фустан останувам на идејата да си купам готов, немам појма дали сакам краток или долг, ама ќе ми треба некој комотен. Не ми е поимливо со бебе да се нафатам да шијам, они викаат 2проби, ама секогаш сум била на 4ри. Па ќе треба да погодам термин кога бебе е фит и кога и шнајдерката ќе може, па таму повуци-потегни со бебе, а мајка у позадина дава сугестии за фустан и се тегне со бебе аииии не фала! Ќе најдам сходно и ќе прошетам, па и ние едни бутици за фустани што имаме што да расправам, у еден ден ,,сите,, ќе ги прошетам. Знам дека ќе ме кошта поскапо ама нека, ќе ми заштеди време и живци Штикли ваљда имам, мислам со нив ќе можам да ускладам тон бои, се надевам ќе успеам, па со ниет сум ниски да си купам, а високи тие да бидат На косата ќе и правам нешто тогаш, мислев сега, ама ќе почекам до пред свадба, да ми биде тазе правена, ќе ја носам сигурно пуштена, па доста ја скратив лани, така да не се ни шишам дотогаш Мм ќе го решаваме откога јас ќе се дотерам со него ќе биде или купување за половина час или со денови и на крај без воља ќе се дотера И бебе ќе треба да дотерам, ама него во 5 до 12, како расте пу пу машала. Ако купам еден месец пред може и мало да бидне, а ако купам поголемо па може ќе го преценам со растот, па ќе виси по него Секако нема да биде во одделце, не ја фураме ние таа мода, панталончиња, кошулче, може трегери и патики, а да и капче и цвикери Најубави ќе сме по невестата Ептен сум хепи, на сите се изнафалив, кој ли ќе го дочека денот Д, а па кога ќе помине ехехееее дури средиме импресии Инаку терминот се поклопи ден пред моите да идат на одмор Мајка вика да презакаже друг термин, ама ја посоветував да размисли, одат касно навечер, па изводливо е да си дојдат дома и на одмор, абе време и за да пододморат ќе имаат. А може и јас и бебе со нив ќе тргнеме Глупо така, парот со кој треба да одат во апартман не им откажа, ама натака иде, а се договараа, заедно беа во агенцијата и мајка со картичка на рати мина одморот И викам ич не се замарај, ние ќе идеме, ќе го платам јас нивниот дел, ионака одморчето е багатела. Е сега ќе треба со бебе со бус да идеме, тоа и малку ме спречува, ако иде и мм со кола ќе идеме секако, ама јас да возам до таму некако не се чувствувам сигурна, моите па нема шанси да возат.. Не знам, ајде ако дојде до тоа ќе му ја мислам Инаку по толку време и јас да направам добро дело за мајка ми и да и симнам голем товар од плеќи Ептен сум ќефна што и јас можам да и вратам барем малку за сите нејзини подадени раце Ја приметив дека е под стрес, приметив дека поминува бесони ноќи и бара решение, а не ми го споделува проблемот, но еден ден во знак на очај и тежина се отвори и баш ми е мило, сега си викам можеби требаше и порано да речам, јас да спомнам, но сепак не беше доцна. Една е мајка, мојата мајка заслужува многу Денес иначе празници, некогаш ги славевме со мм, секогаш и двата, ем се сакавме, ем пиевме винце За жал оваа година денес е и ден на жалост Трагедија, голема несреќа.. Во какви денови си помислуваш дека треба животот да го живееш со полна пареа, бидејќи не знаеш каде ќе бидеш утре! Лоши судбини, многу, кој знае што и нас не чека.. За денес инаку ми се најавиле гости, не лично, преку мајка и првин да идат кај мајка, роднини од нејзина страна, па после да дошле кај мене на кафе и благо. Идат за бебе, на повојница Озбилни се?! Мајка без да ме праша им рекла дојдете, првично беше 4ри возрасни и две дечиња кои идат во градинка, за да утрето станат плус уште двајца и филингот да е подобар, па ај уште двајца ќе дојдат Озбилно?! У време на епидемии со цел памет јас ќе соберам дома 10души Не ми паѓа на памет! Одма и кажав на мајка дека јас гости не примам, ниту бебе го мешам со толпа народ, богами ниту јас се мешам со толпа народ! Кај неа нека дојдат, како им е работа, но кај мене не може, ниту јас одам ни на 5минути таму. Се размисли мајка и свати дека стварно не иде, па ,,скова план,, Не е далеку од вистината, ама не е ни вистина, но кога ти немаш осет, што па јас да имам нели Како поздрав направив цветот со нутела, ќе се јавам да ги поздравам и нека си поминат убаво, а ние со бебе ќе идеме утре кај мајка да собереме поклоните И озбилно, бебе има 15м и баш сега најдоа сходно време, баш сите сега?! Абе ај, не ми се ни коментира.. И не, не ми е ни глупо, ни незгодно, ама ич немам намера да чукам глава утре со болно бебе! Него вчера дури правев благото бебе ми се мота у нозе и му викам да биде умен, правиме благо за гостите, он на нив благо ќе им даде, они на него подароци Мм ме слуша и му додава, ама не се надевај многу на подароците, може благово повеќе ќе вреди од нив Само да тупел и он Аха да, завчера мм си купил пушка, воздушна А плус има една, која како ја купил дреме, првин на шкаф, а оддамна е под спална Никако не разбрав што ќе му е, а па сега што ќе му е и вторава уште помалку ми е јасно Еј да, може кажав ама да бееее ја користи за лов на зајците на бебе Ама знаете како ги лови?! Седи зајко у кафез и он го пука Ами за така и јас знам, за тоа ни нишан не треба И еднаш оддамна пукаше во врапчиња мислам и погоди едно, внучка беше тука и не престана да го вика убиец Ама му требала како не, со еден негов пријател ќе иделе на лов (кога и јас не знам, а богами ни он), ами викам ОК, со две пушки ли ќе идеш И така сега имам две пушки под спална ^^повеќе тракатанци за померање кога се чисти Кога сме кај чистењето пак ми е за чистење, со женчето раскрстив, не ја викам веќе, јас и бебе фативме рутина, но тоа е далеку од генералка чистење. Прозори, врати, кујната па.. плачат за рибање. Па и тераси и шкафови Само на мајка ми текнува да и побарам помош не мора се она да исчисти, ама барем да вртка бебе И таванот морам да го потсредам! После 30години откако што нашле трпале горе, пред едно 3-4ри години го средив, ама ете пак сме го пополниле, не е страшно, ама ден работа има. Инаку прашајте како ЈАС го средив?! Бидејќи горе ништо не беше мое, ниту на мм, ниту па на стариве им беше нешто што користат, во полно наврати и викав на свеки да расчистиме. Епа ај да се стопли, па топло било, па ладно, па не знам ти што И еден ден му реков на мм да паркира камион пред тераса и реков на свеки ако нешто и треба да повели да земе, остало ќе иде у камион утре сабајле. Прво не ми поверува, ама кога почнав да тропам сабајлето богами поверува и помогна. Па наполнивме еден камион со шут. Еден камион со железарија. Еден камион со дрвенарија. Две тенџери и две масички само зема што и ,,требале,, И што чувале со години, па и на таван, од толку објекти и шупи, никако не ми стана јасно, да кажам што се најдов ќе паднете на гз од смеење Друго што да кажам, а да вторникот вечер ја имавме најбурната ноќ со бебе Бевме на гости и заспа по пат накај дома, не беше вечеран, па знаев дека ќе стане кога тогаш. Стана кај 10ч, јадеше, си игравме и кај 12ч му се приспа, ајде да се успиеме, на 3-4ри пати таман ќе затвори они, ќе плукне цуце, значи се успал и од еднаш кога ќе дати да вришти, да се тегне, да се грчи Последниот пат не успеав да го смирам па може половина час леле да вика, да урла, да се тегне, море ме испотепа и испогреба Па накај 2ч ваљда се измори и заспа некако, па откако заспа уште 2ч да липа во сон Бабиве рекоа готово го подрекле дека многу убав Аиии викам седете раат го измив со крстена вода (вистина ова), ама свеки да го носиме на бајачка, мајка да сум почнала да практикувам наопачки боди да му облакам Душа, кој знае што го вознемири, мислам дека е малечок за ноќен терор, не знам, мислам нешто си преживуваше. Душа на мама се изнавриште Леле дојде 15ч и бебе уште спие, а јас се заборавив со моиве 2-3реда, па ај да го подразбудам, да јаде, па да правам ручекот за нас. Лазањи ќе се за денес Мм рече ќе сврател во Меркур, па му порачав поклон за Валентајн да ми купи, ај да видам што ќе донесе и дали Убав ден, сонце тук-там има, ама и ветер, така да ќе си седиме во соба. Гишкајте се
@gjoker4e @danichap Ми донесоа Осанит ама не разбирам упатство дека на германски.. Како,кога и по колку се даваат? Бебе е скоро 7м, чеша непца и набабренко и е. Да давам или сеуште е рано? Кога се почнува со давање на грануливе, од момент на чешање и нервоза на бебе или кога ќе напукне жлебината за да почне да искача забчето?
Почнав да ги давам откако јас пукнав, не жлебината. Во упатството пишува почесто да се даваат ама давај пред спиење од 3 до 5 гранули (почни со 3 ако нема разлика 4 па 5), максимум може 8 ама не мора до толку, директно на јазик да се стопат (ако е возможно), прво во рака или на лажица дека по мн паѓаат наеднаш, максимум 7 дена па се прави пауза (уште не откривме колку долго се прави пауза, баш сега ќе побарам по германскиве форуми за паузата). Се даваат кога е нервозно бебето, пред да избие забчето. Ако нема потреба не мора да се даваат.
Ох мајки може ли тука да се пожалам. Цел ден е чудно детево. А вчера се случи нешто чудно. Две од жениве блиски се. Турци. Едната му го зеде мечето на малава и демек ќе го крие и се качи на прв кат му го даде на таа другата, а ние надвор, и другата го донесе, како договорени и си велам да не му ставиле нешто на мечето, и си велам која лудача сум ако го мислам тоа и ако почнам да верувам во магии и уроци. Па ми текна и кога ги перевме алиштата во нејзината машина да не ни правела некои магии дека многу на лошо ни тргна се. Не знам турциве дали прават магии. Се беше ок деновиве нема од што да се плаши. Чудно е. Цел ден сум под стрес. Ме удира, ме тепа. Еве спие и исто е. Знаете кога мајка си го познава детето. Чудно е. Овде немаме крстена вода. А еднава кога и да ја види плаче, се тресе. Вчера кога ја виде не плачеше туку откако ја узминавме одеше и липташе однемуваше воздух не можеше да се смири и се плашеше. Аман од овие турци како во Турција да си. Па една злобна кога ме виде дотерана се вцрвени во лицето и ќе пукнеше, позелени сите бои ги смени. Што народ се. Уствари не биле турци туку Курди. Колку повеќе живеам тука толку повеќе сакам куќа. Не знам како да и помогнам на малава. Изгледа како дух да ја мачи. Сериозна сум. Ептен е чудно. Не се заби. Не е ноќен терор. Се плашам. Ќе го фрлам мечето низ прозор. Друго не ми текнува. Страшно. Мм вика и алиштата ќе сме ги фрлале сите па ќе купуваме од ново. Се смеам од мака. Добра сум. И не сум. Добра ноќ. Очигледно јас ќе сум дежурна трета смена. Толку чутек немам добиено во животов.
Незнам дал е за верување, секогаш одбивам да верувам во такви работи ама имам една стрина ете не е лоша жената во смисла да им прави магии ама кога да ја видеше синко уште од бебе плачеше дете до зајдување и ден денес плаче од неаи тоа хистерично, а кога беа на повојница и малата исто со темјан чадам ги смирува, избркај лоши мисли од глава викаат тој што прави од главата му се удира, гушкај ја малата, а ако ти е шубе фрли го мечето и ако можеш да најдеш темјан да си купиш убаво смирувачко дејство има и јас кога сум напната ставам на рингла или ако горам оган на жар може да пробаш..
Бевме во болница, ја прегледаа викаат се е ок. Сега дојдовме. Еве спие и удира со нозете и плаче. Како да имам прочитано дека кога растат дечињата ги болат нозете или недостаток на д3 е тоа не се сеќавам што точно имам прочитано. Ама ги уби од удирање. Два пати падна денес мислев да не е мигната ама педијатарот вика не. Скокна од табуретка па се сопна надвор на еден праг на цимент. Па зедов ја масирав ми пружи нозете и се насмеа в сон. А до сега не ми даваше да ја масирам. Ме скрши од чотек. Оваа рече да дадеме парацетамол или ибупрофен ама мн беше неверодостојна и грда па на сета мака мн смешно ми падна дека само таа немала никој за валентајн па се ставила трета смена. Како да сака да ги извади нозете од себе се уби удирајќи со нив не знам... Мм вика човекот ќе излезе од селото ама селото од човекот нема. Не верувам во такви ствари ама ептен беше чудно ова со мечето, може тие веруваат и прават. Пак ни отидоа 60 евра за такси. Секој месец дел од рата за кола. Кога да легнам кога да станам јас. Гладна сум вол би изела.
Добро утро мајки Да се пожалам овде на вас, немам каде на друго место. Оваа недела ич не сум наспиена. Дома е хаос. Од садови до алишта се куп. Вчера се ослободив од работа и директ во болница со мајка ми. Жената ич не. Е добро. Ама ќе биде. Со мм ја носевме. И заврши во Штип во болница. Подобро таму. Се измачи 5 дена. И знаете што. Да верувате во тоа на тв дека докторите врска немаат и само не препраќаат од едно место на друго. На интерно одд. Док. Не сакаше ниту да ја прегледа. Беше толку дрска што вика и ние сите сме такви болни. Се испокарав. А татко ми пак бизнис со тера ни да ја праша како е дали да ја носе не бре луѓе ништо. Не се замара човекот. Ништо не ти е само така и вика. И. Со него се испокарав. И толку мн ме болеше главата мислев ќе ми прснат очите. Над веѓите ме болеше. Аха. Еве сега пак почнува. Па бевме малку на роденден. Деца заспала во кола. Му викам на мм да излеземе во град. Вика може. Таман спијат. Се разбуди големиот и вика и јас сакам во град со вас.. Хахах смешки. Детето не ни спиело. И ништо станаа и двајцата. И така фино лепо до 12.а замислете големиот од 8 сабајле е буден. Од каде му е таа сила на тоа дете се чудиме со мм. И градот и романтичната вечера пропадна планот. Наредна прилика. За2 3 дена тој ќе. Оди н пат. Се наоѓа полека решение за сите да одиме. Во мај здравје се договорија со газдата ќе средат. Секако сега тој главниот човек не е тука. И немам друго што да кажам. Ви посакувам убав ден...
@gjoker4e мила период е ќе и помине , некој вид на тантруми е тоа со нозите и вриштење плус може да има , малата кај мене наеднаш скоро една недела праеше така и тоа ноќе , ќе се разбуди и ќе почнеше да траска .со нози раце па вришти , и самата матична го манифестираше како ноќен терор тоа.. Мечето исфрли го ако ти е шубе ама опушти се психата си игра со тебе ти прае секакви мисли , избегнувај контакт со тие и мирна глава .
Добар ден! Туу ама облачно, у депресија паднав. На работа сум, се гушкам со греалицата, грицкам смоки и чепкам по форумот. Оставив беба дома со баба, големата на градинка. Деновиве дома си седиме, надвор шиба силен ветер, студено ептен па ич не ми се вади беба. Не сме ни за во игротеки, куп деца, кое кашла, кое мрсули брише... тоа е, сезона на грип. Беба ми има бактерија во нос, пак не можам да вакцинирам. Ептен се развлече ова, никако да биде 100% здрава. Сериозно се сеќирам, многу ги касниме вакцините а од ММР сме ептен далеку. Тоа дополнително ме прави неспокојна. За вчера имавме договорено излегување, ама баба сервис откажа, и двете баби ни беа болни па ништо од шеткањето. Останавме дома со деците, со куп боички расопстлани по маса, блокчиња исто така и си цртавме со поголемата ќерка. А да, и пита правевме, големата помагаше. Ќере моја има навика да ни пишува писма, на нејни детски и искрен начин. Особено е инспирирена кога не нема дома, па од носталгија по нас црта мајка, татко, две деца како се држат за рака. Пред некој ден ММ беше излезен а дадата му нацрта цртеж, побара од мене да напишам посвета ,,Те сакам мил мој тато'' и му го остави на прагот од вратата. Баш кога ќе влезе да го види. Ме разнежнува со некои такви детски досетки. И ги чувам сите такви цртежи, ќе бидат вреден спомен кога ќе порасне. Беба пак усовршува техника чекорење, стои на нозе, се клати цела, дава чекор и гледа во мене со сините очиња свесна дека нешто ново се случува. Кога ќе се умори од чекорење си седнува на газе и со ,,скиење по паркетот'' стигнива до целта. Тоа е веќе разработена техника на движење, доста е брза. Еј се распишав. Кој ќе ме чита кога толку на долго и широко пишувам. Доста е толку! Поздрав, убав ви ден , убав ви викенд на сите!
@gjoker4e Мила и јас исто како тебе,неколку работи сум фрлила баш заради тоа што мислев дека еве некој направил нешто.Може да се тантруми ама да си на чисто со твојот ум фрли го мечето. @Marmarin Честитки за бременоста и се најдобро понатака во плановите♥️ @Цвет88 Се надевам дека мајкати е подобро.Издржете,се ќе помине. @kallias Благодарам на советот за алергијата,така испадна во мојот случај.После првото лоратадинче осетив подобрување. Добар ден жени Денес станав да ја испратам малата на градинка и не си легнав повторно бидејќи ми стана лоша навика и навечер кога си идам од работа не ми се спие. А и ручек нема со денови па мм се пожали се на сува храна бил Не за друго уклучив правосмукалка,забришав прашина и сега уживам со второто кафе и некое цигарче.Ова додека се одледат копанчињата па идемо далје.Мора и да мавнам туш оти па и на работа треба да летнам,втора смена сум... Секој ден ми е пресликан веќе.Цела недела не се гледаме со никој и со нетрпение ги чекам слободните денови ако не друго барем детево што испадна од мене да си го видамОд ден на ден се повеќе ја сакам и имам премногу чувства неискажени што ми тежат на срцето.Сериозно размислувам да земам една тетратка и да си запишам се што ми лежи и тежи во моментот и еден ден да и ја дадам на неа да ја прочита.А вака само ќе ме стега срцето и се мислам тон работи ке ми останат неискажени.Тоа спаѓа во нештата што морам да ѓи направам во животот. Татко ми за мене пишувал во една тетратка од денот кога сум се родила,првото гугање,првото запче,првиот чекор,првиот збор... За жал имавме поплава и се однесе водата,ама ми ја даде пред тоа и бев восхитена од таквиот гест бидејки он е човек што не покажува ич љубов,ни кон мене ни кон братми. Со внука му е друг.Еднаш сакав да го треснам со пеглата (ова само си го помислив додека пеглав)кога го слушав како и вели дедо тебе најмногу те сака,ела да се гушкамеА мене во животот нема така ми се обратено. Затоа сакам моето чедо секој ден да знае колку ја сакам.Споделувајте ја љубовта што ја имате да не израснете ладни луѓе како мене.Па мразам и да се гушкам дури. Вчера мм ми вели еј за валентин ништо не ти купив а јас му велам дека се секирам оти заборавил компири да земе а до поклон не ми е дојдено Можам и за него цел роман да напишам.Пиши му земи тие три работи,он си иде со двеАбе ајде ми ти пишав...И како попче пак се враќа на дуќан,кој нема во глава нели има во нозе.Некогаш ми иде да го фрлам од седми и неколку пати му се заканувам.Па малата некни ми се налути нешто и ми вели мамо ќе те фрлам од седми Акл за другпат да пазам што зборам пред неа. Да почнам со јадењето да не испадне немав време пак Повелете кој е за кафе и имајте убав ден
@Manuela. Фала ти, подобро е. Води инает неќе да одмара, па може затоа јас не можам на себе да си дојдам. Преголе е стресот, а сликата од тоа што се случи не можам од глава да ја извадам. Абре инат, не смее рака да замара, треба да мирува, ок е да се движи да седне, ама луѓе бре, она кррва дете, раскрева низ дома, ме швркна... Битно, јаде, пие лекарства, тоа ми е најбитно. Некои други проблеми здравствено од порано па се средија... ете... може колку лошо толку и добро. Малава 4 ден од ммр, сега и тоа на штрек малце за реакција.. и така си се стресувам чат пат.
Имавме напорна и долга ноќ која не сакам повеќе да се повтори,ниту на нас ниту на ниедно друго детенце. Вчера дете крена тт 40 која не симнуваше со ништо,бевме на дежурен ни ставија дектаметазон и ни рекоја дома чепче.Така и направивме и по некое време почна дете да се поти и да симнува тт која беше шок за организмот под 35. Не верував на своите очи тоа што го гледав,дете едвај го разбудивме паника ме фати и на мм му викам одиме на итна.Дома додека се спремавме незнаевме кај тераме што бевме во паника. Таму докторката вели не се става чепче заедно со инекцијата.Да незнаш кој доктор да веруваш,оттаму на детско одд..Таму тт на дете 36.8,не советуваа затоплување на дете и сетоа ова настанало како резултат од инекцијата.Дете се загреј додека стигнавме на ред движеше ама исто како пијан човек. Дома си дојдовме во два по полноќ,мериме тт 35,5.Јас мерам нормална.Дете го покрив се гушнавме сите тројца и се нормализира тт. Сега за сега сме ок дете почна да јаде,да пија и тт ни е околу 37. Се надевам утре ќе пишам позитивен пост. Имајте убав ден.
Од Неофенот е, јас ги фрлив сместа у канта. Знам како ти било, исто ми беше и мене. А нас не не ни боцкаа замисли. Од тогаш уште еднаш дадов блокмакс исто ми се деси, од сируп, и тој во канта и раскрстивме ние со бруфен за цел живот. Мислам дека е реакција на бруфенот, не е од инекцијата, ама ипак доктори повеќе знаат. Баш на хирургија ми рече докторката дај му дома пола доза блокмакс за болки, демек да не го боли, ама и реков за реакцијава и се зачуди, вика можно е. Нас само парацетамол плавиот од Алкалоид ни делува. Јас тогаш го стоплив врз мене, па со волнено ќебе замотан, оти беше многу ладен. Жал ми е што сте прошле низ тоа, многу тешка ситуација е.
По колку време од инексија стави чепче? На малава и ставија инексија и чепче по 2 часа. Мајки малава ми се исипа на дундето.Газето чисто. Читав можи кандида од антибиотикот. Мачкав во павловичева,пудра,бекутан за црвенило,ниш не помага. Дали некоја имала искуство?
Не мачкај ништо од тоа, и даваше ли пробиотик? Нас еднаш ни дадоа крема една за тоа, ама да ти кажам не ја земав пошто кортико и си го мачкав со цинк крема на Панетен, го миев почесто и го проаѓав со раствор од сода бикарбона и вода топла на памукче. Прилично брзо му помина.
@Manuela. да пишуваш почесто Те паметам јас од претходно, тогаш беше поактивна. Се надевам ќе наоѓаш време и за нас другачките од форумот За пишување писмо, чување спомени планирав и јас ама никако да го реализирам. Се мислев да водам нешто како дневник, сакав да почнам од почеток, уште кога сум дознала за бременоста, па слики, тестот го чувам уште од пред 5 год. Сакам да го опишам секој битен момент од неговото детство, за тоа колку бил сакан и какви сме биле ние како родители. Ми се има увртено во глава дека може да ми се случи нешто лошо додека е мал, така ќе си има претстава за мене како мајка, плус прикажена слика од детството Јас и моите паранои Утрово бев кај матичниот (поредовна сум од бабите ) ми препиша антибиотик, имам болка во бубрегот, некоја уринарна инфекција. Така да, претпоставувате како сме го поминале валентајн Поклони исто немаше, се подновивме ние предвреме Денес планирам да правам лазање. Дете три дена бара а тој ретко нешто да побара па ќе му исполнам желбата. Најубави се кога пастата се прави дома ама овој пат земав готови кори, немам толку време. Одам да си апнам малку, па да почнам со обврските.
Убав ден! Ептен ветров го уништува и тоа мало расположение за надвор. Три дена сме дома, се мислев сега да го изнесам ама ветер носи. Дете сложува сложувалки, препредосадно му е, ме бара цело време, залепен е лепенка, а јас основнава работа, раскревање, ручек морам да направам. Мм да не му речеш еден ден да седи дома со дете, па и мигрената шлаг му е периодов, поводи милион за расправии. Ме нервира што не го цени мојот труд, заложби и се што правам дома. Утрово се скачкавме за сметката за струја. Пола јануари спалната ја топлевме со печка на полнење, бања беше, а ја уклучував само ноќе. 1200 ден плус на сметката. Викам не е страшно 3500 ден, а цела куќа топла за мерак беше, и внимавав, штедев. Не признава, човекот, и тоа е, магарешки инат има. Вечер внук ми ја има првата претстава во која е главен актер. Воодушевен е! Додуша ние околу него сме повеќе, сите ќе присуствуваме. Сакам едно мало изненадување да му спремам, и ќе тркнам до град ако мм си дојде во пристојно време. Не можам дете да мкнам и малтретирам сега, башка времево не го бива. @24.07 знам сме од исти град, како така се чудам ви кажале, имам доста искѕство со тт и болницава,пред 4 часа од последната доза никако не му давале ништо на синко, хоспитализирани бевме, само масажи со алкохол и ништо друго, иако имал доста висока тт, на 38.5 не врќале дома и тоа искарани дека не треба да носиме дете со таква тт таму, зашто само плус вирус може да закачи,инекција нема до сега примено за тт иако е фебрилен. Ме зачуди. Ај да видам дете што ќе посака сега. Ве поздравувам.
Да не се редактирам, промивај со камилица чееесто неколку пати во ден и како што ти пиша Ангел, сода. Суво местото да биде, кремовите само повеќе го растриваат местото и ќе ја чеша повеќе
нас само еднаш од антибиотик ни се има појавено дакво дејство на пеленска регија, конкретно препони., Мачкав мелем, невен, креми со цинк, се џабе,. По советување со доктир тенок слој канестен, на 12 саата. Од второто мачкање помина. Консултирај се и со други, ама мислам дека тоа ќе помогне.