Здраво жени. Деновиве сме како во карантин. Или дома или до паркче или кај моите на гости. Ова последново ми е најубаво. Моите родители се најдобри на свет. Колку и да ме нервираат со претерана грижа, свесна сум колку ми помагаат, а сестра ми ми е како Џемини од Пинокио, совест, другарка, тетка од злато на мојата ќерка. Па ручеци по желба, па ја чуваат со мерак. На раат бев на козметичар, на шопинг, завршив со пишување проект. Сето тоа без нив би ми било стрес и би се нервирала многу. Да ми ги поживее животот. Деновиве ми се горчливи поради трагедијата што ја снајде земјичкава наша. Толку ми беше мака и жалосно кога вечерта по несреќата слушав болнички коли како движат накај Тетово, хелихоптери. Сирени... Грозно. И животов е миг. Денес си влегол во автобус, утре те нема. Ме потресе сето тоа. Да чекаш листа со имиња, да се тресеш. Па згора на се' лешинари вадеа од контекст работи и ги разгоруваа националистички сите вести. Проклети сме, што само болка и трагедија не' обединува. А сабајлево имав час по семејна историја со моите. Какво богатство имам од приказни, почнав да ги запишувам. Силата е да си ги знаеш корените, а слободата е во крилјата да полеташ. Ќе и ги пренесам сите овие нешта на ќерка ми. Да биде богата.
Ден мајки! Добро бе има ли спас од прашина,ѓубре,валкани садови и ридови алишта. Секој ден,секој божји ден. Па ексик веќе. Се чувствувам како Пепелашка. Големиот на школо, малиот го пратив кај моите,малава заспа, јас фатив прашина, подови, наполнив машина за садови и толку ете ја стана. А уште колку планови имав да досредам. Ич ама ич не спие. Мене не ми успеа ниту едно дете да научам да спие во галама. А ги учев верувајте сите. Особено малава. Мислам можете и да замислите колку е тивко дома со двегодишно дете и уште едно.поголемо. Спиеше дур спиеше сега да шушнеш ете ти ја. И уште кога ќе ми речат ти така.си ја научила. Абе да ви зачукам една . Многу се нервирам околу домашниве работи, многу ај.ќе средам за два саата пак е хаос. Изгледа јас многу дозволувам да растураат. Сега ќе ги скријам играчките и онака игра малиот со две три коли. А куп расфрлени.Ама.оди собери ги пред него. Одма истура. Вака таман не е тука. Не можам веќе. Колку време наместо со нив да врвам јас со крпата и метлата. Аман. Ако имате некое чаре кажете..Или па да фатам се да соберам, и без ништо само тв на ѕид и чао. На мм не му се свиѓаат моиве идеи. Секако тој не р дома да го нервира секоја трошка и прашинка. Не бев ваква, сега мн ми пречи. Може.иод седењево дома. Окапавме. А кај да одам со бебка. Студи. Плус ја пазам заради вакцината. Да помине тоа паќе се опуштам малку. Сабајле маж расположен , гледа понуди за одмор. Опа викам. Сега имало.попусти големи ако уплатиш. Си викам.кај сака нека е, да се издуваат деца на море, да подишат малку, а и ние да смениме. Па да почниме со пасоши вадење,ни истекоа мојот и на малите. Да се разведриме малку со фантазии. Ќе ме убие монотонијава. Се мислам малку другата недела да ја ангажирам свеки да поиде, да се рашетам малку. Колку ќе дозволи госпоѓицава секако. А нема многу, на секое цица. Некогаш на пола час. Как сите на зима ги родив, ова време секогаш ми се смачуваше. А кај е април, мај. Ај.ќе дојдат. Ај да пробам да презаспие, бар уште купот алишта да расфатам. Дури сега се средуваат од викендот, а корпите полни. Мора машина да се зема за сушење. Инаку полудев. Убав ден Мајки
@AngelOfArh Прв пат олку дете да крени тт и тоа наеднаш од нигде никаде,се во ред беше и наеднаш клапна,овена. Тт секогаш ја симнуваме со ефералган чепче или далерон сируп.Ама чепчето последно го потрошивме а сирупот веднаш го изповрати.На мм во аптека му ги дале овие неофен. Нас сите ни кажуваат дека е од инекцијата но можи да биди и од чепчето пошто е појако од другиве. Ете и вие имате лошо искуство со овие.Денеска ќе купиме ефералган за секој случај. @mal.ecka Ни рекоа одма кога ќе си појдеме дома.Имаше поминато сат и десетина минути. @LaDyDoLl Точно е дека ова е за чудење,кога немаме медицински кадар.Докториве учеле од иста книга а во пракса кој како сака применува.Не се работи за предмет па ај сега што ќе биде нека биде се работи за дете. Толку многу сум разочарана од докториве наши. Па кога појдовме на брза помош и им кажавме сестрите си се насмеаа.А толку немаат ниту почитување,ниту страм.Едната седната испружила нозе,а другата седната и расчекорена. Моја грешка е што директно не го однесов на детско одд. Но тоа веќе се направи грешката.
Мораш првин Брза помош,инаку не те примаат. Со над фини беа,дали дека Нова Година И јас Ефералган давам. Беба уште спија,пукнав од досада. Ако мрднам ќе се разбуди.
@24.07 итна медицинска помош реално и за тоа служи, да те испрати на соодветно понатамошно лекување, во одредено одделение. Секое одење со деца, веднаш ни даваат упат за потребното одделение,никогаш не ни направиле проблем. Во право сте, зависи како ќе се погоди смената. И горе на детско не е нешто посјајно, ако ти се погоди намќор доктор, нозе да ти се вратат со мерак Трагично, али за жал, вистинито. Само ќе речам, добро е и колку толку што ги имаме, сепак доктори се и знаат нешто повеќе од нас. Ајде да ви мине побрзо, тоа е, мајка на се ќе е спремна, вас можно е и овај вирусов со висока тт да ве фатил.
Добра вечер Конечно се најде време да напишам нешто, а не само да читам. Деновиве сите ми се исти, станувам, средувам деца, појадок, раскревам, маж на работа и јас продолжувам со две деца. Бебево само во раце е има грчеви и ако пробам да ја легнам на креветче одма вриска. Некогаш со неа и во тоалет одам ама тоа е, ќе помине. Големото е друга приказна, си тера по свое, почнува да се инати па секој ден се караме и ќе го удрам па после ми е жал ☹ ама некогаш стварно на глава ми се качува. А и времево надвор не ми оди во прилог. Туку ајде се тешам ќе се стопли и ќе шетаме барем. Треба да одам на шопинг...ама кога и како не знам. Маж стои на располагање ама бебе бара да цица и неможам многу да ги оставам. На моменти ме фаќа таква сафра што ми иде да се изнавикам и истрчам некаде...ептен ми се собра периодов а помош од никаде, само јас и маж сме, дури ни кафе нема со кого да испиеш што се вика. Туку доста се жалам, ќе помислите дека сум некој мрчатор ама не сум период е само знам. Ве поздравувам сите.
Каде сте? Два дена по ред е пролет, 16 степени, па паднав во пролетна депресија. Чудно ми е во главата од промената на времево. Со малава сме најдобри другарки. Сакав барем уште едно, додека малава ми скока на стомак тоа на глава да ми скока. Да се гмечиме од љубов. Многу ми е нечисто дома и тоа ме мачи. Треба да пуштам уште три четири машини во превод уште три четири пати до шести кат со дете во рака. Од кујната ми е гад. Ќе купам нешто готово за дете, не се готви во ваква состојба. Да стане дете па да одиме до маркет. Ќе пијам кока кола за да се чувствувам подобро. А како би во некоја викендица на 0 степени по темно зелена наметка и со јегер во рака. Некој ни ѕвонеше ноќеска во 2 па сон не ме фаќаше. Сабајле ѓубре во нашата канта. Страшно. Не не оставија на раат. И така.
Убав ден мамаситас! Не дека видов нешто од денот, наопачки се. Пазарев и како да ми пројде цел ден во средување, готвење и спремање за утре. Утре ручек ќе спремам фамилијарен, риба, средена во маринада, ќе чека до утре за печење. Којзнае како ќе биде, прв пат ќе ја правам на овој начин, башка и големи парчиња се, ме фаќа страв, ама тоа е, ќе ја спремам некако. Со путер со билки и потпечени лепчиња и голема салата од свеж спанаќ и јајца поширани. Возбуда ме фаќа. Дете ми се плаши многу некако, само срипува и вика урла за ич ништо. Ако стропа врата или заѕвони ѕвонче се крие и вика Киј се! Денес нит доручек нит ручек е јаден, не му е ден. Вчера и ми икаше многу, а кога ика... Не е на арно кога ика. Синоќа од памет ме извади, си игравме и го штипнав за нос, кога рече да му тече крв, да шика, кивна и извади како две парчиња засирена крв. Изгледа од падот му е. Се надевам не е од спрејот, што знам. Ако се појави пак ќе го стопирам. Хрчењето е мноооогу намалено. Да ставаме редовно ќе биде и изгубено мислам, ама се нешто ни се дешава и не ставаме. Ние нашата комода за дневна, нови летни гуми, ѕидот во нивата соба и куп работи ги дадовме во струја и жена за чување. Не знам како успеваме секогаш кога нешто се случува да ни излезе некој трошок. Место да се стабилизираме конечно ние уште е заглибиме. Да сме на чисто е битно, да немаме долгови сем оние каматените кон банка, друго не ми е битно. А немаме, за воља на вистината за 7г заеднички живот немаме долгови кон никого сем кон банка. Муж и за тие е лут и не ги сака. Ми се јавија да го рефинансирам, нејќе да чуе. Ќе се обидам да пикнам нешто на дете, ако успеам, ако не здравје.
Здравејте мамици! Додека е тивко дома да ви пишам, ова е моментот кога успевам кафе да се напијам и на Фемина да ѕирнам. Спијат деците, јас ставив јуфки да се потпечат , си сварив едно кафе, ете и за вас , па нек почне денот. Мислам убав ден ќе е ако се оди по планот, планирам прошетка, па ручек спремање, па пеглање еден огромен куп, па бањање дечките и ете отишол денот. Инаку сами сме , ММ тек вечер ќе не дружи, ќе учествува во бањењето на дечките и во гледањето цртани. Навечер пред спиење поголемата ќерка бара цртан филм, па заедно си гледаме, верувам дека и денес ќе е така. Тука ќе кажам Чао и Убав ден! Немам што друго да додадам!
По ,, активноста,, на темава може да се забележи и расположението од денов. Вистинска пролет! Се изнашетавме со синко низ парк, деца полно, сите со зацрвенети обравчиња слатко си правеа кули од песок. Убавини! Вакво време сакам.... додуша сакам јас време жешко пекол, да седам под некоја сенка со лимонада и ладно несс и да уживам, ама и ова ми полни душа. Имавме и гости, мојата пријателка со детенцето, си се изнаприкажавме, а деца се изнаиграа. Средивме и низ дома, постелнина освеживме на балкон а маШ уште не е вратен. Фудбал тајм денес има. Се закачкавме утрово, ама што да му правам, и него недела му е ден за одмор и релаксација. Јас таков ден сум немала еве 4ипол години Синко секој ден е кај бабата и дедото на мм. Ви имам пишувано за нив, Господ да им даде живот онаков до 100ка. Активни, расположени,дури и заљубени еден во друг и на 85 год. Изгледале тројца синови, направиле три куќи сами со свои раце, бабата раскажува како децата со неа ги носела и продавала на пазар зеленчук од бавчичката своја, додека дедото бил на дежурства во полиција. И уште се способни да го занимаваат синко, ги обожава, завчера правеле сутлијаш, вчера правеле торта, што да ви кажам, старинска, памук мека, порасната, вкусна, алал да им е на двајцата. Си се замислувам, дали ние ќе дочекаме баш таква старост, да гледаме правнуци, да се радуваме на секој ден кој Бог ни го дарува,да не живееме во стресови, кавги, финансиски проблеми.... ....Се чувствувам дека сум преморена, а и доста денес сработив за кратко време, до вечер сите 4у вис и ќе легачиме. Ве гушкам!
Знаете шо се дешава кога маж ќе ти го дремне бебе во 19 часот со објаснување - абе само дремката да и мине! Се дешава да бебе си седи расположено до полноќ а ти да паѓаш во несвест за сон. Излегов на кафе со другарки, деца оставив на ММ и се вратив за два часа. Беба само што станала од втора дремка. Не велам дека не и се спиело ама тоа е период од денот кога баш секој ден и е кризен и бара повеќе внимание. Ама ММ решил да ја дремне, па до полноќ беба мене ќе ме дремнеше. Ејјј се изнервирав. И не, не сме од оние кои рано легнуваат , ама сепак дремка во 19 ич не е прифатливо дури и за такви како нас што касно одат во кревет. И да, се испокаравме, и да сега од нервоза не можам да заспијам. Важно кафето со друшките бидна, а дома за тоа време се нанкале... Ох Боже мој! Леле двапати јас на иста страна! Оти не пишите бре!
Поука: Прво стап па остави го да ги чува децата. И мене не ми се пишува како сама со себе да си праам муабет, не знам што им бидна. Понеделнички ич не ми се оди на работа. Чекам погоден момент да се извлечам од кревет, а да не разбудам дете. Мислам дека еден маж ме свиѓа. Доаѓа секој ден во 10 на работа ама не знам дали знае дека сум мажена, дека нашминкана на 20 годишна изгледам, а во телото на 16 (си праам филмови), значи педофил е. А многу е привлечен. Мм вика едвај сум чекала 10 саат за да го видам. Ајде да станувам да се поддотерам и поднашминкам.
Утро мајки! Понеделник. Сончево убаво утро. Кафе сам и во тишина. Сите тројца спијат. Мене ми е ден за одмор право да ви кажам. Викендот ме уморува. Два дена работа еден тон. Да средам куќата, перење,пеглање,вчера и гости имавме.Ми се завртува умот од алишта спружи,дипли, пеглај. Ајде сега е топло деновиве ќе се испере се што ќе се најде. Дали и се гледа крај на зимава веќе. Или лажно е ова. Сакам да се затопли, да престанат веќе овие трагедии во земјава, што ли се случува. Годинава како почна,епидемии,грипови, несреќи. Редно е сонце да не огрее. Вчера маж негодуваше зашто порачав нешто за дете. Навистина не му е потребно но ќе се радува знам. А тие фаци мене живот ми значат. Му реков само дека еднаш се живее, дека пред се д сме здрави и живи а пари се печалат. Мене сите овие настани многу ме испотресоа. Како само животот го снемува за миг. Ама тој не размислува така. Такви се фамилијарно, негативни,песимисти. Се плашат од трошење пари. А јас па тотална спротивност. Па ако не си дозволиме некои задоволства сега,кога. Не ми треба ништо кога ќе остарам. Само здравје сакам и здрави деца. Друго ништо. Тоа е мајки. Денес ќе се дојадува се од вчера, има руска, мафини,пилешки прсти. За деца една убава супа ќе сварам и тоа. Ајде одам да мавнам еден туш и да си јадам дур не се уклучила некоја сирена.
Добар дееен! За мене ли прашувавте кај сум?!?! Еве меее Одамна ме нема нели, па да не ви недостигам, ај да ви пишам. Как дрогирена сум од сабајле. Тропам глупости , еден здрав муабет немам кажано... Ненаспиена ! Се успав сабајле и денот без кафе почна! Гледам и виртуелно кафе немате сварено па ај нек е од мене Убаво би било да ви кажам дека после работа ќе спијам, ама таков луксуз за мене нема. Ќе си прам ручек, ќе си акам по дома, евентуално ќе прошетам деците низ маало. Оти нели сончев ден со закон е забрането дома да се седи. Демек де! Џокерке многу си скромна со мислењето за себе Ама јас ти верувам дека си лично моме, овааај жене Ете гушкам те Главни сме на темата јас и ти! Доста е со глупости! Има и полесен начин! Чао! Убав ви ден!
Добар ден Надвор сонце грее и одма расположение подобрено. Викендов шетавме па бебе сега спие, уморна е изгледа а баш сакав да прошетам малку со двајцата ама ништо, ако стане до кај 1 ќе ги свртам едно кругче. Треба да си купувам гардероба па барам по нет продавници што праќаат по карго ама избор слабо некако. Ако знаете некоја добра продавница пишете ми да разгледам. Ми се оди на одмор, се мислам од сега за резервирам ама па со две мали деца не знам колку е паметно тоа да го направам, а од друга страна од море нема штета ај баш ќе разгледам. Требаше пократок да биде постов ама ништо од тоа. Имајте убав сончев ден, јас зимава со радост ја испраќам, доста и беше.
И ја многу тресам зелени кога не сум наспана. Денес не дојде овој мојов потенцијален швалер. Го пуштив во функција фрижидерот. И одма едно #прашање кое ме мачи, некоја нова мода е внатре вода да тече на задната страна или нешто не штима? А доле има дупче и косини кон него за баш тука да тече водата. Ама кај оди? Како вода во фрижидер? Назад сум со времето или не е исправен фрижидеров?
Не е со воздушно ладење значи. Постарите модели се такви. Гледај да не се запуши тоа, оти ќе ти тече водата внатре.
Ај кога веќе зборувате за тоа да си прашам и јас. Изгледа мојот е како на gjokerce. Еднаш се запуши па со чепкалка го отпушив но вода никаде надворешно не видов да излева. Има некој дел внатрешно што се собира водата. Треба да се чисти, како е?