Хм.. не верувам дека киселината од сокот е појака од желудочната(освен нели за гастрорезистентни таблети,но за сируп ...) Сепак моето дете така ја испи предвидената доза за 7 дена. Проблемот помина,дали од антибиотикот дали сам по себе...апсорпцијата не се случува во желудник секако...
Добро вечер мајки. Еве ме, ако ме памтите. Лошиот период трае, уствари и полош стана. Кај утепана од времево, вируси, грипви сипаници на сите страни. Не знам од кај да се пазам. Згора на се и жената за мали ми откажа. Се чуваат до петок и толку А колку ја сака и колку супер си се дружеа. Плус колку работи го научи мислам јас и мм не сме го научиле толку. Душава ми плаче и веќе не ни помислувам друга да барам. А и нема да најдам така млада спремна и со желба да работи со деца. Ама и она си сака деца, а за тоа и треба здравствено и стаж, а јас немам како да и го понудам. Многу варијанти размислував, ама никако не можам да и најдам чаре да и понудам тоа што ќе го добие во фирма. И така ме дотепа ситуацијата. Светла точка ми е одморот на планина наредна недела, а до тогаш мора да смислиме што после одморот. Ќе улетаат баба и дедо, ама не верувам дека ќе трае исто како и првиот пат. Па најверојатно од мај во градинка ќе го дадам. Барем да си фати ред и без турбуленции. Туку Ова како за син ми да кажуваш. Сите ги знае по име. Се одзива на сопственото име, ама кога ќе го прашаш како се вика го кажува на мм името. Ќе излаже некој на улица @gjoker4e ме изнасмеа со фрижидерот, а богами и ме замисли. И нашиот е таков и еве 7 години тера. Канистер за вода не сум видела, а богами и селен е. Мислам дека таа вода испарува од моторот позади. А може и грешам којзнае. Битно беља до сега не се десило. Дете денес изнашетано. Прееска шетале со жената, па после вечера и ние круг го свртевме. Се изнаоде и после како бајче заспа. Само да трае и да се оправа времево. Толку од мене за вечерва. Имајте убава ноќ мајки
Ноќ мајки Прееска сум пишала ,,сончев ден мајки,, и на тоа останало Бебе ми аздисува Некако ми искочи од ред, па и јас со него искочив како зомби сум, ненаспана и уморна, се викам од утре по ,,шема,, ама пустото ми се спие или на пладне ми се одмара и затоа го јадам стапот секоја вечер и ноќ Едвај да се успиеме, па ќе го фати нервоза, а и мене богами, аииии вечност ми се гледа дури затвори очи бејбиво и потоне во сон Ама од утре мора! Веќе навив саатот во 15 до 7 и ќе го оставам на комода за да морам да станам да го исклучам, ако го ставам на наткасна може и во сон да го згасам. И дури не исклучам ќе ѕвони на 5мин, па ако еднаш изѕвони, по втор, евентуално трет пат ваљда ќе го сетам Ова немало шанси да ми се деси аларм да не сетам, ама тоа беа други времиња (рака на срце ич не ми недостигаат, овие сепак ми се љубов ). Вчера, денес со бебе ги измеривме сите улици, искористивме сонцето максимално Вчера шетавме во тројка и тоа пеш, па третина бебе идеше, третина кај татко му на ушки, а третина мене рацеве ми паднаа Денес јас, бебе и количката, натака супер, среќа не се потегнав да поодам уште 1км за поголем круг, па едно 2км го носев во раце нејќе да седи, нејќе ни да стои во количката, нејќе да оди, сака во раце, па дури дојдам дома ми отрпнеа жими се Мајка Па количката не е возена кој знае од кога, од лани изгледа, се умирисала, прашина, аиии гадна беше, малку ја подоправив колку да свртиме кругот и едвај чекав да ја пикам во машина. Гнаса! Ич не сакам и не шетам бебе со прљава количка. Конструкцијата не успеав денес, ама утре посабајле ќе ја туширам во кабината Инаку бебе и официјално ми е без јакна Кај дебела, таму и наголемо му е мала таа што ја има, има и друга дебела која би можел да ја носи, ама уште ја чувам со етикета, некако не ми се пере само за 1м, а на есен/зима се мислам дека ќе му е мала, па со ниет сум да ја поклањам Има една која би му била ОК за времево ама мислам да ќе му е големка, но баш утре ќе ја проба, па ако не е толку страшно ,,со здравје да ја носи,, ќе ја переме Епидемии, епидемии, бебе лепенка за мама, не се диши без неа, па резултатот е тој, не сум успеала да појдам никаде и да го подновам, да не спомнувам дека и сите чорапи му се мали Вчера/денес шеташе по дуксер + елече, па заправо и таман беше облечен, јас само по тренерка идев, топло 17степени Ама едно бабе даде коментар дека му е ладно, а како примети еве не знам, он се вцрвил во образите од сончко мислиш ќе пукне Ете млада мајка не го облекува доволно бебето, ништо не знае Инаку мислам дека само на форумов се спомнуваат епидемии и се коментира дека не се шетаат дечиња никаде. Во реалноста гледам по социјални мрежи везден се шетаат по Молови, ресторани, кафичи, игротеки, бдеи, зоолошка. Само феминкиве изгледа не шетаат нигде Една снајка со без малку 2м бебе отиде во 3куќи на слава и седеше на маса со се бебе (ОК бебето во ќебе завиткано па ваљда така го ,,заштитила,, ). Пред некој ден во тека на бдеј видов слика, за да денес у ресторан со се бебе се акне До мене е? До Вас? Или до главата?! Тука прочитав многумина откажаа бдеи, колку е точно кој знае, неколку само последниве 2недели правеа во игротеки и ресторанчиња со куп дечиња мали и постари Вчера пак пола од пријателиве се чекирале во зоолошка.. Хммм Да си пукнеш и после епидемија има и трае, епа ќе трае! Вчера ми текна да средувам слики од бебе, да принтам и да закачувам на ѕид, рамки имам купено. Па два дена бирав 10слики, сега едно 3-4дена да ги средам, па еден ден да принтам, па уште еден да ги прикачам во рамка, па уште ден да ги закачувам на ѕид Абе се е мисија со бебе мое Чек, која се жалеше од маж? Епа и јас да се пожалам Абе дај кажете дали мојов е единствен на кој не му текнува ѓубре да фрли? Ќе го скокне, шутне ама нема да го снесе да го стави во канта Не дај боже да му речеш да го собере Уште па кога ќе рече ,,ќе го фрлам сабајле,, ем знаеш дека цела куќа ќе се умириса, ем дека нема да го фрли пошто се брзал, заборавил, не го видел, абе да се пукнеш На нерви ми иде со тоа ѓубре, а по мои гледишта тоа е работа на мажите Како да го научам да има навика да фрла ѓубре?! Утре вторник, уствари и веќе е вторник, ОК ништо не ми мења, освен што ќе бидам ненаспана дабетер друга дешавка и не очекувам да се деси. Тоа, ај да легнам, цели 5.5ч имам сон, со привремени прекини, па кога ќе збереш едно 4ч ќе се Убаво нанајте, гушки и сабајле поставете со време кафе, ќе ми треба, иако не ме расонува мене ни кафе, ни бутур ама нек има, да пиуцкам нешто
Косата помрсна како да не ми била, а во недела вечер миена. Не знам како да ја замаскирам, за миење нема време. Синоќа сум заспала заедно со малата. Го жалам маж кога го видел хаосот кога дошол ама претпоставувам и дека го средил, не легнува тој така. На мажите е само да работат. Ние сме семоќни. Синоќа исправив една грешка. Нели децата сакаат да учествуваат во се. Па со малата се по ред од пазарување на намирници, до замесување и сукање со чаша бидејќи немам сукало и направивме кифли кои не сакаше да ги јаде па си поплакав и со кој памет дури и реков Господе сакам барем една кифла да изеде и си плачам, па изеде една десетина кифла. Остана тесто кое мм се сеќавам рече го ставил во фрижидер. Убав ден! Навистина никој нема на темава. Мајкиве што пишуваат само во 40ка ги чекаме назад со кафе со рака.
Еве кафе Јас не пишувам зашто сум досадна и не можам да се држам на тема само за дете. Затоа во 40 ме има Утро. Се спремам за на работа и чекам дете да стане. Големи сме веќе. Скоро 2 и пол. Доволно голем за нешто а за пелени фрлање доволно мал абер нема. На пролет знам дека побрзо магаре ќе натерам ласта да прај неголи детево пелена да фрли. Се криеме од морбиливе како од лепра. На планина Кога се разминуваме со деца и тие бегат и ние бегаме. Тоа е. Од ново нема многу освен дете што се чува со татко. И одма друго дете е. Посмирен поисполнет Јес да душичката на место му е само ко ќе дојде мама ма друго е. Чудно дете е на баба никогаш се нема радувано мама тата и кучето. Тие сме на светот. А не е да речеш да го чувала два пати. Од година па наваму секој раб ден ја гледаше горе долу. Ама ете. Таков си е. Турете и некоја капка алкохол у кафето, одамна не сме праеле дезинфекција
Добро утро. Еве ме дојдов да пишам збор два. Прво да се пофалам ви пишувам од забна оставив дете со дедо му да се чуваат а јас уште низ ноќ излегов за во забна кога пред мене редица. Еј! РЕЕЕДИИИИЦАААА уште во 08:55.. .. може дури го пишам постот и 09:00ќе ме фати ама ако нека стои така. Ама ако јас со врски преку ред ќе се мушнам а ако го водев синко со мене можда и веднаш ќе влезев ама кој ќе го мава низ ординација. Ново нема ништо секој ден сме надвор пред некое време имавме мал инцидент со малиша ама за среќа е се на место сега . @LiliBoz и мене од истата причина не ми се пишува секојдневно тука некогаш ми здодадува а за во 40+/- сеуште сум малечка . А за памперс и ние мака мачиме се срами кога ќе се покака ама планирам од март месец крај да ставам и напори да створам да ги баталиме. Не е мал веќе на лето 3г ќе правиме ама ете. Туку секојдневно се нешто ново замислува и бара реализација на истата замислена работа. Време се помалку за на нет имам а и искрено ми е здосадено како и една членка што пиша самп тука на форумот за морбили се зборува и напорни сте некогаш поединци све знаат другите никаде ги нема. Некои фалат тука на форумот за да им се восхитуваме па затоа истите тие и ги нема за пост да пишат. Инаку секоја мајка и секое дете си имаат своја тежина во текот на денот. Не пишав баш ништо паметно ама ете тоа ми текна во моментот додека седам и чекам. Ии да еве го 09:02
Дој да се гушнеме сестро слатка, дој, исти сме, до војска сигурно ќе идеме со пелени. Мислев исто и за цуцла се кандисавме некако, ама за пелена тешко. Си како ич не му чуе. Ми се плаче. А знам еднаш да се искака и измочка во нокширче ќе се кандиса, ама нема. Веќе и изретчува мочкање и какање, си има интервали во кои мочка и кака, не нон стоп, ама пак не ми е сигурен. Викендов ќе го оставам малку гол може ќе успееме нешто. Сакам пред да се врати у градинка да го одвикнам ама кој знае.
Добро утро женски КАфе испиено, сега да се фатам за работа, ама прво да се поздравам со фемина, како што е ред... Влезени во шема, на работа-дома. МАли се чуваат со баба и дедо некој ден, ама бабите двете се чувачите, јас на работа се вратив во форма. Искрено, ме излудуватат и морбили и грипови, јас бремена, ама веќе не се замарам. Па ако е нешто да биде, не можеш да спречиш. Да се затворам во регал не можам (зборам за мене лично, а за децата знам дека не може така на среќа да оставите)....И решив не се замарам, па во маркет ако треба нешто да ме фати. Е сега, да не се лажеме, избегнувам некои рутини што претходно ги праев, пример на работа не одам на собиранки од сабајле за кафе, си пијам кај мене во канцеларија, кој сака да ме види - ќе дојде, јас не се пикам во „дувло“...Во автобус не се возам веќе, ...и толку. Тоа избегнувам Времево ме убива, значи буквално. Сабајле кога излегувам е -3...за да попладне се качи на 16/17 степени. Цели 20 степени разлика. Епа ај да не ме боли глава...е боли. Туку ај, работата чека, да не забушавам... Се читаме
Богами баш до војска... И цуцлата малце прави фрка да, а претходно само за спиење ја земаше. Но во болница од глад (на диета го држеа) ја шмукаше цело време и од тогаш.. Нека се живи и здрави само. Кога планираш за во градинка?
Еве сум и јас, ве читам секој ден, ама почесто пишувам во +/-40, иако далеку сум од 40 Мислам дека еден период досадна станав со моите секојдневни објаснувања тука што и како прави дете, па реков да ве одморам малку Се шалам, нормално, па темава за тоа е впрочем Ние сме добри, се чуваме малку во изолација зошто ја прими бебка ммр. Денес 7-ми ден, и сеуште нема никаква реакција, иако знам дека има уште време Се надевам ќе поминеме без ништо. Коски ми се тресат секој ден, на трња сум, ама сега тоа е, ако било пишано, ќе има, ако не - не. Луѓе, бев во Рамстор мол во неделата да испазарам и се фрапирав. Ма каква епидемија, какви бакрачи. Мајки си се шетаат со новороденчиња (да, новороденчиња) по бутици, се буткаат со количките, си пробуваат партали, бебушки си дремат и си спијат... Мене страв ме фати само гледајќи ги. Не знам дали имаат памет, ама се додека се толку несовесни, ќе имаме епидемија. Преполн беше молот со деца, преполн! Се извинувам ако некој се пронајде, ама во време на епидемија (па и не само во ваков случај), не ми е нормално, и во никој случај задолжително да се носи бебе/дете во мол. Треба некои мајки сериозно да си ја потчукнат главата Да се вратам на бебка моја Почна да кажува по неколку зборчиња, чат пат пишувам во темата за смешни и слатки зборчиња Инаку, нека ми е жива и здрава, ама многу е пргава. Поживо дете немам видено. По цел ден се пентари на кревети и каучи, се тркала, се препелка, качи се симни се прави. Пушта и по некој чекор, оди сама, ама не убаво сеуште. Па кога ќе се осети несигурна одма на газе си седнува Не испраќа секое утро со чао со рачето и пољупци, а не пречекува со прегратка и бакнеж во образ Повеќе не' лигави додуша, ама за мене тоа се најубавите лиги Многу сака да се гали и мази, иста како татко и е. И пргава е на него, ист бил и он како дете. Луѓе, ни кога спие не мирува. Клоца со нозете, ќе заземе некоја шкљ поза, ќе го натрти газот во воздух и така спие. За вреќа нејќе да чуе, вреска како да ја колеме, па се будам по 20 пати ноќе да ја покривам. Кој што прави, јас само со ќебињата сум. Имам 4 во ротација во спална, зошто едно завршува под неа, едно надвор од креветче, едно под глава и (надежно) едно врз неа Сега исто и се хит бебињата и играчките да ги успива. Им пее нан нан и се ниша, демек ги успива Или ќе ми ги стави мене во скут, па морам јас да ги нишкам и да им пеам нан нан, а она ме гледа и писка од радост Дури и количките и коцките ги успива Кога сака да ми даде нешто, ми ја зема дланката, ми ја отвара и ќе ми пикне нешто во неа, и ми вика На А кога сака да и дадам нешто, ќе го пружи рачето, чека и вика Да (дај) Вака така, пак реферат напишав за тоа што прави бебка во детали Ај да одам да работам, доста муабетам. Убав ден да имате сите П.С. Ако некогаш ви треба пауза од мајчински муабети и муабети за дете, дојдете во +/-40, ќе се посмееме. Забавно е Ама и дружбата тука останува, секако
У право сте. И мене ми некако како да кажам здосадуваат понекогаш мајчинските муабети. Ништо лошо ама жив човек посакува малку и поразлична дружба сепак сме луѓе од крв и месо настрана дечињава што ни се цел свет посакуваме понекогаш да избегаме од секојдневие цуцки памперси вриштења А најмногу ете од случки понекогаш стравови лоши мисли па мислиме мислиме се преиспитуваме па паничиме во моменти на стравови и лоши епидемии па сакаме малце и главава да си ја оладиме со нешто друго исчистиме тоа црните мисли.. Кај мене има моменти што ми се чини ќе пукнам од превише размислување и не можам ако барем за миг не се фокусирам на нешто друго колку да ми олади мозок од све лошо. Убав ден. Јас кафе
Кога ќе помине со епидемијава ситуацијата, ако помине, во меѓувреме правиме и испитувања дали би смеел да се вакцинира, генетики, чуда, врагови... Никој не јавува за нови случаи а секојдневно слушаме наводно за нови случаи, колешката кај мене паника што направи ипак била од варичела заразена, не морбили, ама битно паника дигна до небо. Сеа дали за да се извади или стварно е така не знам. Дете мое паѓа на секои два саата, дали е случајност или од падот на глава малку му е разместен центарот за рамнотежа, не знам, ама паѓа нон стоп. Дали е случајност или не, не знам. Ама мене блага паника ми крева, ме искараа и домашните и пријателки дека кревам паники, па молчам, ама така се осеќам дека се јадам самата, дека не е добро, ама ќе ќутам за да не им стварам и на другите паники. Во консултации сум со доктор, смета дека нема место за паника, ама мајка...
Син ми нема удрено глава а паѓа постојано, интересно мислам му е. Ај загледај го да не намерно тупка доле...Чудни работи им се интересни на децава..
Здраво мајки Од мене едно топло, најтопло кафе. Си закачив ларингит поштено и сега се нервирам . Од каде не знам ни јас ама ај . Само ми беше страв да не е некој грип, па и во глава ми се сврте да не се морбили и вчера како попче си отидов на лекар. Не за друго, син ми е вакциниран, сега е најосетлив. И син ми е уште во пелени 2 год и 2 месеци.Знае кај се мочка,кажува ама абер нема од седнување.На вц шоља седнува само облечен. Чекам да се стопли малку па ќе шета гол низ дома, па нека осети како е да е утоп во мочки. Ќе почне во градинка уште малку па се тешам дека и таму ќе го научат. Сакам да го дадам во градинка , но и не сакам. Знам дека ќе почнат настинки, бактерии и слично, а цела зима е со имунитет топ. А па од друга страна знам дека ќе му биде супер . Дека ќе му се смени секојдневието. Мислам дека му е здосадено зошто секој ден му е се исто. Со баба и дедо сабајле. Кога го симнувам , почнува тегнењето и вика НЕ баба НЕ деде .. Дури и попладне кога ќе дојдат или кога се враќаме од шетање ако ги види одма почнува да вика и да се пика во мене.Мисли дека ќе го земат Што толку уплав не знам. А колку го гледаат и колку го титрат.Го играат мнг убаво .По 2 пати го шетаат значи луѓето како солза го гледаат. Му викам: сакаш нон стоп да си седиш со мама? и он :Да и вика ехеее и со рачињата покажува нагоре демек многу Сабајле во 6 30 стана , коа го видов саатот ми се сврти. Отиде кај татко му и до 7 и 30 редеа коли Барем ме поштеди да поспијам малку денес, инаку доаѓа и ме открива ,ме тегне и бара доручек И ние се чуваме колку можеме од епидемии,грип, и слично . Шетаме само во природа. Барем сега додека е вакциниран нигде не го носам. За понатака ќе видиме . Него со морбиливе до кај сме? има уште заразени ? Да поработам малку и да си фатам пат порано . Убав ден мајки
Оф мила не очекувај таму да го научат. Нема шанси. Од искуство ти кажувам. Моето не му сметаше да е утоп мокар во мочки и каки направен, си тераше така. Ако имаш ларингит не пиј топло, пиј ладно.
Не ги учат во градинка да мочкаат во нокшир? На братучедка ми малиот таму научи да мочка во нокшир ама беше помал. Мислам дека ќе биде борба Мојов коа го седнувам на шоља стега газе како коала е закачен на мене Многу ми се пие топло, имам потреба од нешто топло.Чај не сакам ич а вчера цело литро испив
Па не се потресуваат ако детето не е заинтересирано. Бар кај нас така ми стои. За ларингит не пиј топло, дури сладолед се препорачува на ларингит, за да не го воспалуваш уште толку грлото. Ова бар така ми кажаа мене од доктор.
Добар ден и од нас денес од 8 и 30 станати мали гледа цртани јас кафе пијам домашните обврски завршени на време. Синко настанат веќе две недели вака ќе биде секогаш кога ќе смениме клима заради крајникот ама тоа е душичка на мама е тој колку само се радува кога ќе ме нема видено некој сат . Од мм кренав раце повеќе не се нервирам нека прави како што сака јас го разбирам дека му е тешко ама има дете и жена секој ден дојди си од работа истуширај се и легни ни дете да види ни жена. А синоќа излезе со вработениот да однесат пари во ресторанот неделата правеше крштевка за децата го нема 4 сати па уште не се јавува кога зборам. А јас пак попуштам да не се нервирам јас и тој денес му е роденден па нарачав торта после ќе резервирам во ресторан да го изненадам и поклон му купив нз како издржувам да молчам ама некако сум посмирена кога престанав да се расправам со него ајде убав ден да досредам по дома имам закажано на фризер да сменам фриз и да ја земам тортата да ја однесам во ресторан