Нема потреба да го форсираш за седнување на шоља и слично. Детето само кога ќе е спремно, тогаш. Ќе си осетиш, инстикт е тоа Мојов 2 недели пред да наполни 3 год почна да си кажува. Претходно какви не нокшири и додатоци за шоља не му купивме, џабе. Ко ќе размислам, детево од градинка си се научи по редот, гледајќи ги другите. За ларингитот никако топло. Лижи сладолед, пиј ладна кока-кола, диши со главата во фрижидер Сериозно, малиов на двапати така се излечи од старт. Со препорака од педијатар.
И мојот е таков. Не се секирај. Има такви денови коа губи рамнотежа па се сопнува паѓа итн Мислам дека е најнормално тоа за деца на таква возраст плус може и му е интересно дел од игра. До ладе сте со колите? И јас пијам ладно во такви ситуации.. На бебе мое коа беше бебе му давав к млеко јадеше многу од фрижидер. Летоска сезонава ни е секодјневно вода од фрижидер Лани стариве за глава се фатија. Ние цела фамилија сме на ладно Е сеа под ладно не подразбирам грч ларно туку најнормално свежо ладно си конумираме сите без проблем
Со колите сме на камиони префрлени, сега има камиони во сите можни форми, бои и модели. И ги разликува, кое е камион кое комбе кое што. Последно хит му е еден камион со кафези со животни, веќе 3 има такви, еден тетка купи, еден јас и еден му дадоа. Абе лудило. Да земам да ги наредам еден до друг може вака да стигнеме до кај вас. За ладно моето од раѓање пие ладно, во болница му даваа ладно млеко, неонатологот ми рече не го учи на топло само, млекото ад растварај го со ладна вода од шише директ, не превривај, ја послушав, никогаш мака со грло сме немале. Мајчино вадев на собна од фрижидер и за пол саат го пиеше, никогаш не го затоплив, а за воља на вистината и не го пиеше ако е затоплено. До ден денес топла храна не јаде, топли напитоци не пие.
@PUPICA неколку пати го имам седнато зошто бараше да се качи за да стисне озонер, и коа виде ваљда дупка се ипслаши . Иначе со сила не го седнувам уште толку ќе се испаши. Сега планирам стикери да купам и да лепиме, па да видиме како ќе оди. Мора пополека да го воведувам да го запознавам. Инаку има нокшир кола, и на него не сака да седи, а има пластичната кола која ја вози, кога ќе го извади капакот како нокшир е и седнува на нејзе .Најди му го крајот Мислам дека колата ќе ја праиме нокшир @vitamina @AngelOfArh ќе пробам денес со ладни работи, ќе видам дали ќе има подобрување.Јас прв пат слушам дека така треба Фала ви многу на сите за советите
И ние имаме трактори со кафези и внатре животни Мојов оние багерите пајо ги вика.. Све имаме од прво до последно по цел ден се расфрлани по соба и пола сокршени Мислев мојов како што беше тргнал не си играше со ништо сега се паркираат редат местат исклучиво по линија права Стварно е многу интересен
Во 4:30 - Даде, даде, даде! Сонувам или?!?! И пак - дадеее! Отварам очи, едвааааај подигнувам глава од перница и ја гледам беба исправена на креветче, покажува накај врата и ја довикува сестра и! Море ти мало лигле, спиј тука и велам! Ахаааам, ќе спие после 2 саати. Направив безуспешен обид да ја презаспијам и сфатив дека не бидува. Разбудив ММ, ја направив најжалната фаца што можам и му кажав - седи со неа, занимавај ја, јас ќе легнам во спална. У превод, стани ти за јас да легнам. Маж се согласи, ама бебе Не! Ко си викна по мене, плачеее! Значи си одбра да си се дружи со мене, за моја несреќа а за среќа на ММ. Он па насмејан си се врати во постела, сигурно си помисли - ова нашево бебе е кул бебе, се грижи за мене и за мојот сон. Си седевме до 6. Беба во креветче со играчки а јас дремев до неа на мојот кревет. Ме скубеше, ми бркаше во око, се фрлаше врз мене! Ептен нежана особа е! И одвреме навреме слушам - дадее, дадеее! Супер ќе беше ако ја разбудеше и дадето, ептен ќе ме усреќеше. И ок, заспа во 6, и јас со неа до 9! И да, се успав и денес за на работа. Го туркам денот, нек мине побрзо!
Под насловов на темава подразбирам муабет меѓу мајки, не мора да е за тоа каква била каката сабајле, може и за швалерај да си зборуваме. Иако појаснувањето на темава е за секојдневие со децата. Ама може да се уклопи. На пример денес бев со детето и со швалерот во зоолошка. Ве читкам скришум. Малата не црта сите по ред на пиши бриши табла и по некоја топка и куче. Се заигрува сама малку од малку. А мене ми се одеше некаде ама изумив мм да ми ја остави месечната, тој отиде со точак, па ќе се задоволам со детскиов парк. Ми се пие нескафе во црвена пластична чашка на бензиска со мм правејќи муабети кои оживуваат.
Ве читам редовно барем за тос да не добијам минус, а за пишување некако мрза ме има фатено за пишување ехееее кога ќе почнам летнале мислите Малата си нани, синко стандард со сложувалките на тв песнички мислам ми го сомлеа мозокот Денес сум мрчатор, времево е измислено за шетање а мене ми е мрза. Треба бебе да цица да преоблечам, па синко да го дотерам стокмам па да ги натупкам јакна, скафандер и реквизити уз то да средам торбица по мене што не влечам измеѓу и јас да се подсредам да не сум како од поплава исфрлена па додека излеземе од врата цела вечност Патешествието кое следи е приказна за себе Ама сепак на крај ќе ги извадам од петок гледам дожд па да се искористи сонце максимално Дали во мајчински муабети се рачуна и контрацепција во бракот како се чувате мајки.. Почнав сериозно да размислувам за ставање спирала ама пусто ми е шубе, од вадење надвор еве бебе три месеци ќе прави кондоми некако не ми се опција а па апчиња па ич не ми се слуша уште некој хормонски дисбаланс.. Се си правам филмови дека сега ќе останам трудна па бегам од мм ова сериозно и покрај смајливо ете незнам ми се уврте во глава неможам да си помогнам. Косава на боб ја скратив сега ме мава филм за уште пократка, веројатно дека тоа ми е единствена промена која моментално можам да ја направам и зависи само од мене ама ќе гледам да одолеам иначе вака ќе бидам
Го заборави деталот кога таман отвораш надворешна врата и нешто ти мириса. Бебе се искакало. Се враќаш памерс да смениш... Спирала и апчиња не доаѓа во предвид. Од контрацепција само кондоми би користеле ама не користиме и не планирам. Евентуално после третото дете. Ама нели може да се забремени само ако сврши внатре? Тоа со предсемената течност ептен реткост било. Ќе пазите и не мора контрацепција. Некако не ми иде брак и контрацепција до три деца. После три деца можеби би ми идело. И јас бегав првите неколку месеци. Се мислев да ме пипне и бремена ќе останам. Ние како го заредивме маратонот веќе неколку дена ме боли долниот дел од стомакот. Не е баш болка туку цело време го чувствувам. Не би требало да сум трудна ама можно е.
Епа таа реткост еве ја на цице уплав ме има фатено и ние ја заредивме последно нормално со пазење ама пред некој ден имав крваво кафеав исцедок и тоа само еднаш на влошка и уште на двапати на бришење па сега психа ме пука, за право истово ми се случи крај на јануари два дена траеше си реков менструација ама ќе се тешам дека сеуште се чистам, на гинеколог сум за одење ама само одложувам
Заклучно со времето на правење на синко, и времето после негово раѓање, не рачунам бременост, скоро 5ипол години не сум забременила од предсемена. Така да гајле немате. Шала на страна, не е баш така, ама да се насмееме.
Ама да не ви бил тоа повторен однос? Да имал брзо пред тоа ејакулирано, па при вториот однос има сперматозоиди во предсемената. Другар вака се зезна со девојка му, се чудеа од каде бремена се додека не им светна. Мојот гинеколог вели скоро па невозможно е да се забремени од предсемена. Али ја одам на сигурно не давам без кондом па така со мојов шашав циклус а и подбуцнување од матичната да направам тест оти чудно и било крварењето си увртев дека се скинал кондомот и нормално паники триста, направив тест негативен е ама имам уште еден за деновиве за 100% да сум сигурна тоа е што ти прави страв од бременост Сакам уште едно дете, ама не сега, имам работи кои сакам да ги реализирам а и рано ми е, имам време до 30 да родам уште едно, не многу ама има простор уште Сега огффицијално добар ден Немам пишано мнооогу одамна, ако не се лажам уште пред да се врати мажле од печалба, некаде ноември Немам време ич, цел ден сами со синко, а он е многу захтевен, да не кажам досаден Ново ништо нема, имам уште еден, два битни настани месецов и после може да се здивне Мажле во април иде пак за Германија, ние со синко се селиме кај моиве стандард, а јас да си ги реализирам работите што не успеав минатиот пат кога бевме И така, едвај чекам да помине зимово и глупостиве што идат пакет со него Отидов да си правам чоколино дури сега ќе појадувам
Мамички да ве прашам дали некоја ја има читано Книга за децата од Ошо? И што мислите за неговиот начин и мислење за воспитување?? Може и други книги да ми препорачате доколку ви се допаднала некоја. Благодарам и убав ден на сите мамички. А и сончев е, може прошетка во природа.
Сега баш го разгледав малку на нет, прочачкав за Др. Ранко Рајович и да ми изгледа како добар доктор и човек од кои совети може да се применат и да се добијат одлични резултати, голема помош при станување одличен родител. Фала ти мила
Свекрва ми е воспитувач, и тоа добар, нив од работа ги носат на нивни предавања и ми е останато дека е многу добар детски психолог.
Фала ти. А за Ошо што мислите??? Има знам многу критики за него, па ме интересираше мислење од мајки. Баш него го читам моментално и досега ми се допаѓа. Нема некои посебни совети туку преку примери ти ги објаснува и плус кажува многу општо за детството, каде ќе се прлнајдиме и ние мајките.
Здраво мајки. Чекам да почне состанок, прва стасав, па сеа на моб. мојава еве сеа почна да кажува за веце, и тоа откако и купив додток за шола со пау патрол, дека кучињата биле среќни кога мочкала. Ама за ноќе пак ставаме пелена. У градинка редовно кажува за мочкање, сите заедно мочкаат на мали шољи. Дома си седиме и ние, вируси, невакцинирана, градинка нема... барем има сонце и цел ден е надвор, освен кога јаде и спие. Цел двое е ископан дупки. Сади дрвца Прееска ми се јавва и вика, мајко, јас јадам грицки мицки, сега две си лапнав, ти не си дома да ме караш и се смее. Викам а кога ќе јадеш појадоче? Вика, попосле, мешето не ми кркори сега. девојче е па не си игра со кукли, само со коли и коцки.
Имам читано други книги од Ошо и не ми се допаѓаат. Ранко Рајовиќ убедливо најдобар. Сега на долго и на широко, дека спие. Конечно ја вметнав работава во германсково сиви и сум се насмеала како седмица на лото да сум добила. Иако не ми е јасно зошто го користиме тој израз кога да се добие седмица на лото е едно од најлошите нешта што може да ни се случат. Таман седнав и се враќаат децава под нас кое од градинка кое од школо ќе ја разбудат малава и толку долг ќе биде постот. Се чувствувам како да живеав во градинка. Од сабајле до вечер деца плачат, се смеат, урлаат. Што би рекле старите СРЕЌА. А јас (да не велам ние младиве) се нешто ми смета. Ми смета кога малата е дома и ја разбудат пред 8 затоа што ќе сака да цица, а јас ќе закаснам на работа. А 8 е веќе касно нели, луѓето од 5 се будни, која ми е логиката да ми смета галама во 8 односно 7. Пишувам на лист како ќе се организирам со времето за градинка и работа и би сакала и мини џобов да го задржам па ќе видиме што како кога ќе биде изводливо. Битно да сме живи. Си знаев и претходно ама сега да потврдам. Ич не ми е тешко сама да чувам дете. Другите само ми одмагаа до толку на моменти да се запрашаш и да си одговориш дека не можеш дете да чуваш. Раат сум. Вчера икаше и немаше никој да ми рече дека ика дека немало две блузи на долги. Фала ти животе. Милина. Благослов. На работа два пати ме изнервираа ама небитно. Море три пати со се случаен минувач покрај работа. Како ме изнервираат така и ми помине во секундата. Сакам кога ми е се средено дома иако невозможно е со станов што вика Витамина само што го спомнам ми се повраќа, ама барем тоа што може. Така да ми останува чистење кујна, фрлање ѓубре (секојдневно), пуштање машини, пазарење и ручек, вечера. Каснам со ручекот ама битно да сме живи. Околу домот воглавно сите обврски на мене се, мм пропратно учествува. Не ми е проблем ама со дете не е лесно како порано. А мм од 18 години седи под кирија што значи сам се перел, готвел па тоа е голем плус што не му е тешко ништо да направи, му доаѓа природно. Јас готвам обично, тој специјалитети и тука е да додаде сол и зејтин во водата кога варам макарони. Се мислам да не сум трудна. Цело време чувствувам слаба менструална болка во стомакот. Ама може да е прелада или инфекција. Друго не ми текнува. Кога си одев шефицата ме праша дали е се во ред и како ми се допаѓа се. Имав многу да и кажам ама и реков се е во ред и супер е се. Битно на крај месец плата да земам, другото небитно е. @Mari* ме изнасмеа и ми даде идеја. Кај веќе скокам од лустерот да скокнам со се рачунот од хим. Местово ме потсеќа на селото мое. Чист воздух, сонце, зеленило. Алпите тука некаде се ама ќе треба на гугл прво да видам на која страна се. И ми текнува на Скопје. Секој ден бавно но сигурно се умира и тоа нема да се промени не во скоро време туку и никогаш. Може само полошо да стане. Само си смислувам некои работи и си смеам самата со себе. Исис дошле во Мк и го прашале претседателот. Како најлесно да ги сотреме? Не се вакцинирани. Дај истури една епрувета. #црн хумор не ми замерувајте Убав ден!