Колку луѓе исчезнаа месецов, а колку се пронајдени? Дали 90% од нив имале фб хаха? Може е наместено за да престане да се шета народот да сотрат морбилите веќе еднаш. Може има некоја "седма" или "полуосма" болест кога сам исчезнуваш.
Хахаха јас уште во труднички те помислив дека си од Охрид нешто за докториве кога дискутиравме.. Ајде со лесно само, се одлучи за кај кој доктор?
Добро утро! Добив малку порано и стомак ме боли, нешто што не ми се десило одамна, да ме боли стомак, а за добивање порано покасно се случувало. После раѓање тоа ми е единствена мака. Циклусот ми се смени. И мнооогу ми е обилен. Хипрсензитивни гради, желба за блачко и мислев имам уште една недела, кога тоа излезе еве го кај било. Месецов многу бргу ми пројде, нема ни една недела до крај а ко вчера да беше први и едвај чекав да дојде. Дете вчера кооооонечно јадеше. И ручек и вечера. Ми дава надеж и денес дека ќе јаде. Ќе видиме. Сакам викендов до Џамбо да тркнам ама муж најави дека ќе оди на пат сабота и најверојатно ништо од планот. Али па затоа сабота нема да се прави ручек нешто посебно, паста ќе направам за мене и дете и толку. Најмногу ги сакам тие денови кога е лаганица ручек за викенд. Вчера се подзакачнавме, ама и јас сум за ќутек. Спомнав дека ќе трчам и дека ќе вежбам и сега секој ден ме прашува зошто не трчам или не вежбам, а јас имам од падот во јануари едни цисти на колено и чекам да се ресорбираат оти од напор ми отекуваат а ме болат постојано ама па тогаш ужасно болат, и он не разбира па се расправа со мене, сум наоѓала изговори. Тој па и да умира болен ќе иде на фудбал та крај да е, не пропушта, е он како можел. Абееее.... Пишувам од прееска, у меѓувреме добив идеа да исклучам фб, ама озбилно, да го немам, и фб и инстаграм и форум дури. Ама нема да го направам тоа сигурно. Еве сеа дискутираме, страшно е, колку ништо не праиме у животот продуктивно. Ајде да поработам оти тешко мене.
Да ве поздравам @vitamina среќен роденден со задоцнување,сите желби да ти се исполнат Ние добри синко беше со ослабнат имунитет претходната недела.Немаше тт над 38,се благодарение на вакцината,ја прими ммр.Го оставив 3 дена дома,некако не ми беше за во градинка. Денот убав сонце припекува,ама јас сум само денеска слободна и морам да чистам Станот е да добие крила и да летне.Се собрале куп машини за перење. Инаку денес посна сарма со кисела зелка.Мене ми е мњам мњам Мм вика пак ќе смрдел станот оти кујната и дневната се заедно.Баш ми е гајле ако не му се допаѓа нека спие на балконот И синко е знак прашалник дали ќе јаде,ама доста ми е по туѓи желби да се водам.Ќе си направам гајрет на душичката. Инаку гледам како позираат мајки со мешиња кои се целите стрии после бременоста.Алал да им е на самоувереноста.И мојот е таков,ама уште не можам да се помирам кога ќе си го видам уништен.Знам дете излегло од мене....но никако да се навикнам на глетката кога и да го видам.Ме прави несигурна во своето тело. Се мислев дали да пишам вакво нешто и ете собрав храброст пишав Ајде убав ден на сите
Да и јас се сеќавам на тебе од таму.... При крај сум, чекам секој момент.... Па ги запознав и др. Јовчевски и др. Мимоза, ама за овие работи некако повеќе им верувам на жени не дека Јовчевски ми остави лош впечаток, туку предходната недела ме задржаа в болница, се погоди др. Мимоза, ептен се посвети жената некако ... Е сега не се договоривме за царски, туку за природно, кога ќе почне процес тогаш .... Ми кажа дека немам индикации за царски ... Здравје ќе видиме .. Исто беа и младове лекари, и тие убав впечаток оставаат, заинтересирани, културни се да можеш да прашаш и да добиеш соодветен одговор ...
Ајде само со лесно др. Мимоза е според мене најдобра, др Јовчески го запознав од визитите јако човече ама пак да раѓам пак би кај неа.. А чекај убаво те разбрав сега не си по потекло од Охрид ама живееш тука
Ми се бендиса, тивка мирна со полека ми објасни што е, како е ... Инаку сум дојденец, омажена сум тука, по потекло сум од Преспа... За жива глава не ги давам езерата во никој случај ...
Да да тие уште немаат и специјализација, ама кога беа на смена, беа океј, не да се некои влези-излези од соба со ќутење... Се надевам дека ќе останат тука, оти со двајца доктори ништо не прајме
Постов го пишував сабајле додека одев на работа. Се читам сега и се чудам. Не е лесно да одиш по тротоар и да пишуваш како лудак и зависник од телефон. Мислев да го преформулирам ама ме мрзи. Зборевме да ставиме интернет 39 евра месечно и во момент на тишина се прашувам зошто човекот би ставил еве и 10 евра нека се, а не би давал по 10 евра секој месец за на забар. Се повеќе се грижиме за надворешноста, а интернетот заедно со се телефонот, таблет, лап топ, компјутер па и телевизор, не уништуваат полека, ден по ден. Кога немавме интернет станував кога се разденуваше и со баба ми ја вадевме леата, бавчата и бостанот. Допринесував за да јадеме домашни пиперки, патлижан, краставица, моркови, лубеници, дињи... Имавме круши, јаболка, мушмули... На нива пченка, грав, тикви, компир... А сега... еве и сега... наместо да зготвам нешто или да ја потхранам душата со напишан збор од книга, или да гледам во сонцето и небото и да размислувам, јас типкам на ова чудо од кое болат очи и мозокот се храни со повеќе црни отколку убави вести. И го пишувам... и утре пак ќе го... до кога вака? Само од фемина патам. Инстаграм деинсталирав, фб не отворам... Касно заспа малава. А до неа и мм. Да се маскирам па да го будам. Па да пиеме кафе. Некој ред муабет. Гушкање. Ми се пика под ќебе и ништо да не допира до мене барем 15 минути. Да направам пауза. Станов е ужасен. И ми се чисти и не. Се натапанив макарони со болоњезе, пица, кроасан, портокал, банана, бејкс ролс, крем бананчиња, шумлива, леден чај... За второ дете треба да закажам на гинеколог и да се вселиме во стан на втор кат. А што ако после тоа ни треба година- две да го направиме? Не дека ме мачат погорниве нешта ама во главата ми се. Како потсетник. @Makedonka007 Имаше прашано за странство. Повеќето во Германија ама има од Словенија, Австрија... Најголема разлика меѓу Мк и Германија ми е културата и тротоарот по кој можеш да гураш количка наместо да чекаш црвено да сопрат колите и да слезеш на улица дека не можеш да ја прерипиш колата што се паркирала кај што не треба, а нема ни кој да ја казни, а и да ја казни секогаш така ќе остане, народот нема да се смени, државата па ич. Овде не е сјајно има секаков народ, па како што е голема веројатноста тука да ме киднапира некој, голема е и во Мк "вонземјаните" да ме киднапираат и да исчезнам. Таман пишав пред некој ден нема кој да ме замара ми дојде една баба да станело детето од скали ќе се разболело. И викам само една секунда седна да извадам вода од ташна. Баш тогаш поминуваше таа никогаш ја немам видено. Кај и да си само во Македонија да не си, освен ако не си од елитата со џип да те носат и земаат од факултет, само во Систина да го носиш детето... Ова е само мал дел од многубројните детали. Муабетот ми е дека Мк никогаш нема да ја биде. Ајде да се фатам за лустерот. @tincemajmunce Ти ли прашуваше за плафоњерки. Имаат и тие малку простор за се фатиш. И ќе скокаш пред да се откачи или со се неа па плафоњерката од глава попаметни да се.
@gjoker4e јас бев со плафоњерките,ама не се осмелив да скокнам,некако непрактично ми беше скокањето. Наместо на едно место,којзнае кај ќе се лизнев па ќе му исчашев нешто на мм.Ќе не слушавте по вести после. Се качив на гардеробер од таму скокнав,како мајмун Ајде доста тропам глупост. Еве сум на раб и денес и утре и секој ден Ама утре после раб одам дома и спремам софра,во најава имам друштво на гости. Така да ќе биде весело. Се надевам децава ќе се заиграат,нема низ нос да ни извадат и седенка и све. Кој е за банана и кафе бујрум. Одам сега па се читкаме покасно. @Ygritte добре дојде на темава.
Пијам кафе и чекам да почне да делува против главоболка,нешто од времево нешто од пристачки муабети од свеки.Не ја можам ама ич. Од тема дете,фино се акна прееска ,цела среќа не ја пукна аркадата.Зајде од плач. Денес петок...Во план ми е фонду од сирење,вино и филм,можда сама може со маж... @Ygritte welcome! Поздрав имајте добар викенд
@gjoker4e Да да Мк не ја бива. Не е сјајно никаде ама барем ќе ги имаш основните услови и плус трудот се исплаќа. Го знаеш јазикот, имаш професија можеш да имаш убава работа. Кај нас два факултети имај, ако не си син на тој и тој нема работа. Жалосно но таа е друга тема веќе. Иначе моментално пиеме кафе со сестричето мое и муабети за бебка (уште 4 месеци отприлика до проѓај). Ве читам сите и мило ми е кога ќе видам жени, мајки споделуваме искуства од секојдневниот живот. Бацкии до сите *
Озбилно ма @gjoker4e ?! Да се возиш у џип и да носиш дете ,,само,, во Систина е поим за елита Е де, дај кога ќе имаш време наброј ги и другите под точки, баш ме занима што ќе пише Но што прашувам и се ,,чудам,, сите имаме различни погледи. За мене ,,елита,, е сосема поинакво ,,светло,, да не кажам со поголеми критериуми ама па да, ако во елита се бројат и луѓето од точките на Џокерче таму сум
Хелоу Да шкртнам некој ред и да се паркирам вспална Мислам,пред да преместам дете,на мали да му направам и дадам млеко,сирупи,капки па ќе си легнам Секогаш 12 ме фаќа и наутро се виткам Прошетавме деца на лулашки денес и мини пазарење направивме Кај лулашките уште е мокро па неможе човек на мира да пушти деца да си играат,се со кал се направивме Могли малку подобра па утре ќе ја пуштам вградинка Незнам дали е утре маскембалот па облеката ќе си ја носам во кесе за секој случај Ми е жал за мали што нема да може да го маскирам тој ќе си седи дома до понеделник,ако до тогаш е подобар ќе почне Ова од вчера па ми беше жал да бришам,и за тоа повеќе од еден час ми требаше да го составам Добра вечер Се њушкаме со деца на кревет со надеж дека ќе заспијат Не ги форсирам за да не заспијат многу рано и да не ми се ококорат во 6 Сум споменала дека Могли ќе оди денес во градинка шипак Ми се раскашла синоќа и си остана дома,додека мали ја преплака цела ноќ Денес од умор ми се лошеше цел ден,од нервоза ништо и никој н гледав пред мене Така се искарав со мм,си ги зедов децата и шетавме дури не се стемни Кога се вратив гледам и тој се спрема за излегување и баш се израдував Подобро,иначе сигурно пак ќе продолжев со карање Вечераа деца,ги искапив и уште да заспијат Јас ништо не сум јадена од сега се мислам што би можела да спремам од како ќе заспијат Мразам да вечерам касно а не би можела ни гладна да заспијам Сега е време да заспијат деца,почнаа да претеруваат @gjoker4e оние кои не можат до државна да си дозволат да појдат,џип и систина им се луксуз Тоа е реалноста во Мк,кој доживеал знае Имајте добра ноќ
Колку и да звучи трагично, елита во МК за жал е тоа, да носиш дете во Систина, оти постои друга крајност да немаш да му купиш еден антибиотик (или било каков лек кој бтв би требало да е бесплатен) а не па приватни клиники. И да, државава ни е толку поларизирана што постои “елита” (не со исто значење како во светот, ама сепак елита) која појма нема како воопшто живее просечниот македонец. Најнакрај, ретки се тие на кои ништо не им смета во државава: или се политичари, или олигарси или бизнисмени блиски до едните или другите, на сите останати нешто им смета. Ако јас се прашувам, не е нормално ништо да не ти смета во оваа скапана држава. Мене лично бирократија, корупција, врскаџиство...