Завршивме антибиотик денеска. Ми се врати детето. Се си јаде. Вечерва 2 вечери си изеде и јаболко Купив 10 пара детски гаќи, 1000ка отиде. Битно малата е веќе голема, кажува за мочкање, за какање само на татко и. Уморна сум, среќа петок е. На 10ка штикли на преживеав неделава. Едит- у Систина само богаташи. Моравме еднаш да лечиме таму, 2 дена 750 евра плативме. Епа треба да си нездраво богат без осигурување да се лечиш таму
Касно кафе пиеме, но очекуваме повик, не се баш добри вести, али се молиме да биде бар ок. Дете денес го однесов на час по играорна, радосен беше иако е мал, не знае ни чекори ни задачи ни ништо. Кореографот вели дека ќе го научи да го биде, јас сум песимист Мм е закочен во кичма, и врат и не се поднесува веќе. И домаќинка, и слуга и мед.сестра и помошник за во вц, се веќе сум му Се молам побргу да му мине, зошто јас ќе се побудалам. Викенд пред нас, ама во најава многу ладен, па и ние ништо во план.
Муабетов е дека на членкава трн у око и е "елитата" па многу сака да става етикети. Претходниот пат кога @emkaemka директно вака иронично ја нарече елита прекутев, ама сега? Ај жити се, овде за друго сме, нели? П.с шу праиме шо немам џип да ме возат до систина?
^на таа пара што ја "вртиш "купи си. Нема да го осетиш. . Не само за елита општо за многу работи лепи етикети.
За еден збор се фативте. Со никаква лоша намера немав пишано за Емка дека е од елитата. Тоа ми беше муабетот. Дека тоа што е нормален начин на живот кај нас е елитно. Очигледно јас сум ви трн во око.
И ти си у право. Понеделник е мој ден Деца спијат, виново ми тргна. Боље да намалам ќе се снаоѓаат сами ноќеска
Не дека си трн во нечиво око. Ама очигледно сама се местиш за некои работи. Изгледа брзо заборави дека кажуваше за малото кога немаше за бисквити, сега си во Немачка и можеш кога ќе дојдеш.у Мк да ја испиташ и ти малата во Систина нема да ги осетиш тие 2000-4000 па и 10 000 денари да се. Доколку сакаш де. @wannaBeMomma да си купиш и ич да не ти е гајле, еве јас уште си го возам пежото лупнено во предна десна врата и тоа за инат на мм не давам да го направи. Сакам и ја џип.
Прати ги кај мене,кај мене дежурство е загарантовано Ако одош во Систина си елита,ако одиш на Клиника си крава и крај неможе да се најде
Ајде ќе ги пуштам, да одмори мајка малку. Послугата ми е на одмор Леле мм ја однесе малата пред некое време на клиника, вол еден ќе ти купам и тебе ма, кажи само каков сакаш
Претпоставувам на @wannaBeMomma мислиш за која еве денес дознав дека е од елитата. И како и вратив јас?
Поддршка за ова со релаксаторот. Скоро сме 3 месеци, па кога ќе ги загледа играчките што висат ептен е среќна. Се' уште не посегнува по нив, но мавта со рацете и се смешка, па гуга. Душа Инаку, деновиве имам повеќе време за себе. Бебе си спие, со исклучок на синоќа, едно 5-6 саати споено, а еднаш дури и 7 часа си спиеше без да се разбуди. Ноќта си читам, си поработувам малку, а утре сум и на фризер, малку да си ја вратам самодовербата Се ближи духовден, а сонувам починати. Една ден свекрва ми која е почината мнооогу одамна. Вториот ден татко ми, кој е починат 6,5 години. Многу ми фали. Којзнае колку ќе се радуваше за внукава. Од една страна не можам ни да проценам како ќе реагираше, зашто беше болен и несвесен 3,5 години. Пролетва ќе направи 10 години од трагичниот настан. Многу бев поврзана со него и ден денес ми е идол, сакам да го направам горд, каде и да е. Само што го споменувам почнуваат да ми капат солзи, ете и сега. И после толку време јас не можам да се помирам со тоа Бебушката ми е среќичка, а и среќна сум што маж ми е личноста што ја ОБОЖАВАВ и се' уште ја ОБОЖАВАМ, но загубата на татко ми ми е длабока рана за која нема лек дур сум жива. Живееме во топол крај и го користевме сонцето, иако не претстојувавме надвор многу, сепак, добриот воздух ѝ годеше, па само што излегувавме таа заспиваше. Но, денес одмараме зашто ветерот овде е чест гостин, а и температурите опаднаа. Ретко пишувам, ама ептен се поврзав со форумов, уште кога се зачленив, а тоа е кога прашував за симптомите на бременост Речиси една година од моето присуство овде. За еден месец и ќе треба да прославам Убава вечер, решив да се вратам во форма, па денес почнав со мало вежбање. Којзнае до кога ќе ми трае мотивацијава. И кога си бев слободна и сама, не бев некоја одговорна личност во однос на ова прашање...
@gjoker4e Многу добро памтам тогаш кога пушуваше како немаш на малата бисквити да и купиш. Тогаш немав детенце и ептен ме погодуваат такви работи. Ама ептен и ме погоди тоа што не се потруди да работиш памтам ти пишав за да ти завршам работа за да работиш во фирмата кај што работам јас. Ти не ни одговори и тоа го сватив дека несакаш да работиш. Несакам да се карам како што викаш ти но тоа е мое мислење. Јас знам колку е тешко под кирија и детенце,и јас добив помош од членки за бебето што никогаш нема да им го заборавам ама основните работи можеме да им ги пружиме секако да се жртвуваме да работиме макар и за 10 илјади. Нее до толку беда да неможеш да му купиш бисквити,можеш ама треба труд.
Јас ќе се уклучам, најдобронамерно, да кажам дека некогаш не е убаво да зборите колку е лошо тука. Често се случува, не само @gjoker4e, ама нема потреба од потенцирање колку нам овде ни е лошо. Не да се навредиш @gjoker4e ама еве мене, ми пречи. Башка што, не е толку лошо ТУКА ВО МК и не ја сфаќам поентата на истакнување на истото цело време. Не верувам дека било каде цветаат рози.
ЌЕ треба да манијачам по Феминава. За да ти дадам конкретен одговор, знам дека беше 21 април тоа време. Кога ти понудија помош и плус работа од @monik55 .
@LaDyDoLl исто и јас се укочив во кичмата денес поручек. Плакав два саати укочена на земја со ширум отворена балконска врата.Едвај се довлеков до телефонот да се јавам на маж ми да дојде.Ама додека дојде на подот лежев. Сега ме носи до тоалет оти не можам да мрднам.Полошо чуство нема од тоа да зависиш од некој. Мислам дека @gjoker4e лошо се изрази и не и беше намерата да навреди некој. Приватно во Македонија колку и да е лоша реалноста можат мал процент да си дозволат и сите тие се подобро ситуирани. Државното е катастрофа се нема ниту услови и стручноста на доктори не е на завидно ниво,со некои исклучости.
Мило ми е што ги кажавте вашите мислења за мене. Сигурно не сум вратила затоа што сум заборавила или сум напишала ама останало непратено. Не се сеќавам сега. Ама малата требаше да почне од септември во градинка, пред септември немало да можам. Ама јас личност која не сака да работи? Се трудев од секаде да заработам колку што е можно од дома. На моја гардероба, пишував текстови и за еден добив прва награда со висока парична вредност, на кафе пауза, се запишав на курс и почнав на пракса по 3 часа толку можеше мм да ја чува ама после една недела од праксата се исселивме, а за од септември имав загарантирано место... Што се сте мислеле за мене просто не ми се верува. @TutiFuti А јас што се трудам да ти помогнам и објаснам, а ти ми лепиш етикета дека лепам етикети? Жално.
Здраво мајкички Неделава турбо ми беше па дури сега стигнав да ве исчитам Демек на одмор бев прошлата недела па така се настинав лошо или некој вирус ме фати уште неможам асално да се оправам,кај не ми беше арно па и дете почна од петокот да поткашлува викендот ноќите со плачење поминуваа катастрофа ај демек добар е од вторникот пак одново се кашлање нос плачење по цела ноќ овој пат плус и повремена температура до 37.7 вчера веќе дете супер вратен и форма ама и гледам две запчиња доле пробиле па ете од што била целата ситуација На работа неделава турбо исто се истрошив многу и физички и психички неделава .Па и со овие исчезнувања ,убиства каков страв ме фати леле Едино можам да се пофалам дека уплативме одмор во мај на море @vitamina среќен роденден со закаснување Се одјавувам ,добра ноќ