Не крај краева ако се работи за здравјето на децата и кредити ќе се подигнат ако треба не Систина и која сака друга приватна болница да е ќе се појде. И немора да се сите елита. Еве јас не сум од елитата ама знам често нешто кога не ми куца на мене и мојата фамилија да одиме на приватно да се испитаме. Па колку сака нека кошта тоа нема сигурно за здравје да штедам. @gjoker4e реков дека лепиш етикети за етичката припадност на луѓето. Значи неколку пати само објаснуваш како и што биле тие другите по различни Од нас. Туку не видов никаде јас да барав помош од тебе. Туку по Лп ти споделив мое искуство со крадење.
Има тука мајка која бебето го чуваат баба и дедо во друг град они работат тука така да сесе може. Тогаш одма ке почнеше на работа и секој први во месецот плата. Нее толку лошо ко што си правиме лошо.
Убаво си кажа во постов. Тоа е тоа тажното во државата. Да треба кредит да подигнеш за здравје. Од таква причина имаме земено кредитна картичка. Тоа е тажното. Тоа е муабетот. И јас бев во Систина со кредитна картичка.
Мајка ми и татко ми не се способни да го чуваат и се на два часа со кола. Свекрва ми е исто на два часа со кола. Сега ќе речеш да живеам кај свекрва ми одделена од маж или маж да напушти работа да се врати во село кај што ќе заработуваме двајцата пола од неговото? После тоа пишав дека не сме во толку лоша ситуација и затоа нема потреба да ми праќаат бисквити и облека. Доволно ми беше да имам што да облече, не беше битно колку и по која цена.
Како го спомна винцево, рипнав и јас си ставив. Деца заспаа, мм заспа пред саат, а јас абер немам... Остави децата кај Моник и дојди со некое "елитно" винце, ова моево не го бива Озбилно премногу се потенцира колку државата била заникаде, колку катастрофа сме живееле, итн итн. А полошото не го гледате... само поарното ви одговара. Секако ние треба да си правиме да е поарно, а ако кукаме и бегаме, ништо не правиме. Малку осет, не планираме и немаме можност сите да избегаме од Македонија.
@mariz а во странство па што цветаат рози ,..... нема што затоа сите странци за нова година велигден и на лето се враќат во МК(од што е толлку мн лошо тука) да си направат заби,да си се испитаат и се итн. Но ете некаде има опции за подобри услови за живот а некаде не во Мк зборам. А и сите ако сме вработени со факултет фабриките па од што ќе опстануваат у Мк. Инаку пари и работа нема за оној кој што не сака да работи било каде да е на Светот пак ќе кука. И ќе се жали дека не му е убаво .
Ние еве може да отидеме во странство, ама јас не сакам. Македонија ми е најубава, не ја давам за ништо
И ја ќе ти се придружам. @gjoker4e Што се објаснуваш?! Жалам за секоја ситница што сум ја изнела на форумов после коментариве. Немаше потреба да потенцирате дали имала или не за бисквити.. Толку ниско!
Таман Тути ќе каже зошто маж и не се врати во Мк туку таа со детето ќе оди во Германија? Тој што му е убаво во Мк не ја напушта државата.
Чекај сеуште не сум отидена. Може да се премислам, од кај знаеш ти? Може ми ветиле некоја позиција тука во Мк. Ама не е лошо и тој странски живот да се проба. Не сум човек што е научен на едно та исто во животот. Ризикувам , пробувам нешто ново. И уживам во животот со маж ми и син ми. П.с дај повеќе од пуцките да видиме како е со швалерите и додворувачите низ темава.
Тогаш зошто чекаш две години за во Германија ако ти е толку убаво во Мк? Јас не би напуштила држава во која ми е убаво.
Реков и претходно дека ризикувам пробувам нешто ново во животот. Можда ќе одам на месец два и пак ќе сум во Мк. Се зависи како ќе ми се свиѓаат условите за живот таму. Може од Германија ќе отидеме на друго место никогаш во животот не се знае што ќе се случи. А и крај краева не сум должна да ти се правдам теебе .
Жално е колку пати ги спомнавте бисквитите. Жално е да се рече дека мајка што немала пари за храна не сакала да работи. Зарем некоја мајка сака детето да и е гладно? Жално е што не знаете дека има мајки што не можат лек да си дозволат за своето дете. Жално е што нарекувате убава држава што носи на душа повеќе од 15 мртви. Жално е што народот нема моќ. Жално е што само на полошо ќе оди, а вие велите убаво е. Жално е... Жално е што искреноста моја била гледана со сеир. И после ретка била искреноста? Жално е што пломба и тука и во Мк е 10 евра, а вие велите доаѓале во Мк на забар, дека така сте слушнале или прочитале. Жално е што извртувате зборови. Жално е...
^Извини ама не сум прочтиала ниту слушнала за забна туку сум видела баш со свои очи дека е така.Не само за на забна туку и за едно шишање не е исто да дадеш 2-3€ со 20-25€ за таму и тука доаѓаат и тоа го средуваат. За жртви секаде низ светот се случуваат не само кај нас. Низ Америка колку жртви има па пак е добра на некој начин државата. Туку уште по жално е што ос целата работа ги извртуваш сама то муабетите и изиграваш жртва. Никој не ти се сити дека детето ти е било гладно само ти се кажуваат некои што многу брзо ги имаш заборавено.
Ок бе, тука е жално и тажно, сфативме. Мисирки сме ние тука што седиме. У црнина и туга облеани. Ма дај. Елита било кола да имаш и во Систина да одиш, абе ај. Не знам за другово што го зборите не знам што се случувало. Ама колку е тука жално и тажно... Немам коментар. Не враќам ниско. Да сакам да вратам ниско, сосема нешто друго ќе напишев. Не се правдам никому, ама дајте ве молам, читате по странство од медиуми, набилдани вести, лоши работи. И крајом краева, да, имаме и тука убав живот и со малце пари и без џипови, без луксузи. Зашто среќата е од внатре.
Жално за што се не се искористува искреноста и сиромаштијата нечија Ова е тажно Некому да му спомнеш што немал бисквити да му купи на дете, @TutiFuti ме изненади искрено Дали некоја мајка е во можност да работи?Вие и понудивте работа и таа ви се заблагодари тогаш ако заборавивте Ти прифати за сеир да не гледаат а дете остави Сте и понудиле помош и прва прилика да се спомне,тоа кажува се
Јас мислам грешка ја свативте џокерче Значи за неа тие шо одат у систина на преглед се елита Значи за неа нејзините примања,нејзиниот статус моментален тогашен да, биле елита или такозвање богаташи И шо и се напнавте толку Уште сто други жени имаат такво мислење оти за нив од нивна гледна точка е така Ајде турите крај и со такви ниски удари да не се служите животот е топка денес сте горе утре доле