Добро утро друштво. Одамна не сум пишала. Изгинав на работа. Дома дете едвај ме чека да влезам и уште несоблечена вика да ја земам. Играме, трчкаме, вришти (буквално) и после си нанаме. Почна да има поцврст сон. Дали дека се уморува надвор од трчкање, ама се приметува дека поцврсто спие. Најголема "алапача" е во маало. Па и дружељубива. Трча пак по дедовци - деде, деде немој да види некој куче да шета ав ав и по нив ко кутре трча А брза е струја оди фати ја Уличните мачки ги брка мау мау па се лути што и бегаат Го бара сонцето да и го дадеме и за тоа се лути Има и 3 другарчиња од маало. Една дада и двајца батковци. Секако сите ги вика дада Сите деца се дада Тоа дека е во љубов со нашата дада Во план сме на пролет стан да купуваме. Некако тесно ни стана тука. Кога ќе се најде време и за тоа да се бара. Не знам дали сум неорганизирана, ама некако ништо не стигнувам да сработам. Да не пофати мајка ми по дома, црви ќе не изедат. За викенд трка со времето. Што попрво. Кога има скитаме и гајле ми е за се. Ама вака кога е за нигде и ништо не сме. Да не дува само, па да свртиме некој круг надвор. Текстов го пишувам вечност. Дури сега видов што сте пишувале. Трагедија е што преглед на дете се смета луксуз. Сеедно приватно/државно. Одам и јас со џип (SUV поточно) во Систина, ама не сум ништо над оној кој оди со 101 на клиника. Дај Боже никој никогаш да не треба да оди ни на едно, ни на друго место. Имајте убаб ден мамички
Мари не ми беше ништо лошо помислата ниту сакав некому да навредувам. Јас кажав дека некои работи лесно се заборааваат. Плус и јас немам некогаш нешто да му купам на син ми иако мм е во Германија. Па се задоволуваме со по скромни работи. Мое дете не јаде бренд (смоки лино никогаш нема пробано,немам ни потреба , се задоволува со стоби флип ило оние зелените, нема пробано бебешки бисквити но јаде оние обичните кога сака.) Дури и плазма ретко сум му купила. Но ете не е се за на форумот да се сподели. И не сум викала таа и таа е елита зашто нејзинто дете нешто е повеќе од било чиво друго дете.Но како и да е некогаш нештата одат во спротивна насока. Добро утро, ова утро е снежно за нас. Излегувам надвор дрва да земам ооооппп еден ветер што спотера се смрзнав ладно е вика се чувствува како -16°С. А денес имав толку многу желба да излезам со малиша и да одиме да изнакупиме поклони за родендените што ни следат, ама дете дома ќе седи а јас сама ќе одам. Дајте нова тема доста е со оваа.
Аман бре жени ја распнавте @gjoker4e ако не ви се допаѓаат нејзините постови или било чиви прескокнете ги, не мора да ја читате и толку, на крај на краиштата ова е форум, а барем оваа тема ја сметам за место каде сите може да си ги кажиме маките, убавите и лошите моменти и мисли без осуди, и јас пре би била првите месеци со детето бидејќи сигурно му е попотребна мајка на шест месеци отколку бисквити, а од тоа каде е сега таа гледаме дека имала некој план да изнајде начин за подобра иднина за детето пред се. А тоа што уште и е во грло горчината од овдешниот живот не е за осуда, зошто не знаеме низ што таа минувала и не би требало никој да не се дрзне да осудува посебно не врз постови пишани на форум и убаво рекле сит гладен не верува незнаеме што носи животот а најлесно е за друг да кажеме што и како требало да направи. И не мислам дека сакаше да навреди некого со зборот елита. Е сега само од инает и контрање да велиш дека во Македонија животот е незнам каков, кога реалноста е друга и тие што сме останале тука или размислуваме за заминување или немаме м..а да се решиме па се тешиме ќе биде подобро а тоа подоброто валда на желка доаѓа. Оставам Скопје настрана ќе зборам за Охрид знаете колку нема работа, колку е мизерно здравството од немање кадар и апаратура и таа што е никој не ја сервисира па расипан томограф расипана сонда, доаѓаат доктори и анестезиолози, нема педијатри сите се за во пензија па кога ќе си одат нема кадар се вработиле со книшка не што биле способни заминати на специјализација се влечат по 10 години кога ќе завршат ако завршат оди довери им го животот на твоето дете, исто ена гинекологија двајца доктори и прашање на време е кога ќе припадне некој на сред операција и породување сведок бев како докторката што ме породи 3 дена дома не си беше отидена со по некој сат тука спиење, кога поминуваше на одделение крпа бела во лик.. Да се затвора очи пред никакво здравство, пред една циркузантска држава во која кој е на власт го собира кајмакот а народ се тапша по народ ако де овие се нашите ти да видиш какви беа претходните.. никакви вложувања во подобрување на животот и да секаде се случуваат трагедии ама тука се возиме во неисправни возила, по небезбедни патишта и најбитното никој за ништо не сносува одговорност за ништо криминалци, азиланти товари си го магарчето и бегај ќе играме театар као некој тужиме и судиме, кадија те тужи, кадија те суди.. И ве погоди постот од жена, мајка која видела мака, па и со право плука по тоа што ја избркало од домот, зошто сите што се таму накаде од убаво не тргнале, не дека не ја сакале татковината, домот и затоа јас па ич не и ги доживувам надмено постовите и секогаш осеќам нишка на тага позади ваквите пишивања. Се размудрував посабајлечки.. Добро утро, тмурно е времето бебка стана за цице ја преоблеков и презаспа. Синко уште спие, јас тегнам кафе во тишина, секако кратко ќе трае. Денов ќе е долг, затворени по дома па и ваквото време ми влијае на расположение..
@TutiFuti не е наше да одредуваме што е за на форум,секој од нас споделува по нешто што "не треба",впрочем затоа служи форумов Членката овде се искажала за да се чувствува по лесно со очекување некој да ја разбере Него овде е вообичаено да се удира по немоќниот Џокерче и денес пишува како се сеќава кога немала да не набројувам што не...не се заборава тоа лесно Реално,таа е една од најреалните овде Јас се сеќавам на секоја која и понуди помош и секоја чест на две членки кои пишаа тогаш а не скокнаа сега
Дека не цветаат ружи во дежавава е факт, ама па дека МОРА сите да заминеме од овде, мало морген. Понекогаш и самите сме си виновни, си дозвлувамњ луксузи како никогаш претходно( зборувам лично) родителите работеле и во фирми и дома земјоделие за да не доведат на прав пат, штеделе, никогаш не си дозволувале ,, специјални,, храни и ресторани, секој денар им бил важен и го ценеле. Ние денес тоа не го правиме. Сакаме и да живееме багатела и да имаме. Е нече мочи. Вредноста на парата денес е карастрофа. А ако сака некој да има и да работи, може и во Македонија. Само сите се прегледуваме меѓу себе, сите сакаме да седиме на државни фотелји, чудно ни е ако некој работи на нива... Работно време од 8ч е премногу овде, а да сме во странство, и 17 и 20ч да работиме оф нема да кажеме. Е за тоа не не бива. И кај нас не е сјајно, особено периодов, имаме премногу трошоци а приходи од никаде. Не можам да одам на работа, детето ми е пред се и над се, немам апсолутно никаква помош од страна, ама затоа мм сега ќе почне пд утро до мрак да работи. Како и да е, од сите страни сме сардисани. За здравје, се чудам на ова што пишувате. Не знам кој не би влегол во приватна клиника, тогаш не се гледа пари се гледа да се најде чаре. Дури има време да се редактирам, колата е потреба, а денес прилично луксузна кола( довезена од странство) скоро секоја фамилија може да си дозволи. Лично ние еве, сметка на своја шала си правам секогаш, сме цигани во мерцедес И знам дека ќе бидат избришани мислењава, али бре многу падобранци, набиј кавга и замини. Денов денес хаос. Чистевме рано рано шпорет со мм. Правевме мафини со синко, се изнајаде. За ручек уште од вчера изразија желба, макало со праз, црвени пиперки и компири. @fairy88 Денес е втор ден на масажа, вика дека се чувствува подобро, ама уште оди подгрбавен и не може ништо да сработи низ дома( ова нема да го може подолго време верувам ) битно чорапи и патики му облеков. Верувам во болка, ама овој мојов е премногу нежен. Денес ќе мора да се бараат милиони милиони активности низ дома. Убав ден.
Јас не напаѓам, за све имам разбирање ама не може бе да генерализираш, немаме сите тежок живот тука и не сме за жалење. Зашо некој да ме жали дека сум во Македонија? Во секој пост. Еднаш сум помислила да си заминам, зашто мм имаше примамлива понуда од почетни 50евра/саат. И не заминав. Убаво ми е тука. Да. Во оваа вукојебина што ја нарекувате. Во оваа дупка како што викате. Мене цело семејство и пријатели ми се овде. Надвор освен повеќе пари, друго не би имала.
Ај добро утро! Ви ја читам преписката со Џокерче. Јас ја сфаќам потполно, сум била во нејзина ситуација, ама разликата е што сум многу похрабра од неа. Извини @gjoker4e нејќам да те навредам, сега за мене зборам. Ние сме далеку од Елита, иако се породив во приватна клиника (и да не ми платеа од кај маж од работа ќе земевме кредит и ќе се породев во приватна клиника бидејќи државма е кланица) лечам дете претежно на приватно бидејќи сите 3 пати кога сум била на државно сум поминувала лошо, чест на исклучоци, што од услови што од доктори. Пари немам, ама се снаоѓам некако. Живеам на кредит бидејќи ако не беше тој кредит многу работи не ќе можев да ги направам. Ќе отворев и бизнис, земав кредит од државата, ама не ми го примија во градинка па го вратив. И ќе отворам, само да застанам на нозе. Сметам дека само така се успева кај нас иако работам во администрација. Јас сум јадела леб и грав 4 дена ама детето јадеше тоа што треба. Се облекуваше со гардероба на заем, да ми е жива и здрава Дани многу ми помогна, ама ич не ми е испод част. И едно гледам, кога се трудам да заштедам трошам 3 пати повеќе. И пак ќе кажам, овде е далеку од добро, ама не е толку црно. Ми смета тоа што не се најде еден арслан чоек да го смести здравството на место, па да не мора да акаме во Систина. И да, и јас сакам да заминам ако може, за да си ја пробам среќата, од кај да знам, може поарно ќе ми е. Што би значело дека во државава се живее и на минималец, ама не сум сигурна дека во Германија со мало дете можеш на минималец, што викам јас во маалска продавничка ќе се усрамиш ќе прашаш за леб до понеделник дур да земеш плата, ама во Германија тешко дека ќе ти даде некој така. Ако грешам исправете ме. Имаме прилика да заминеме со минимална плата таму, ама не ни брка работ а бидејќи трошоците ќе ни бидат 4 пати поголеми па не одиме, ќе си седиме тука. На кантар се ставаат работите, се вага, се успева. Од успеси овде ќе го ставам на @Cka успехот, на нејзиното семејство, на сопругот нејзин, бидејќи се пример како треба, може и се сака во животот. И нејзе може градите и тежеле на 5м да остави бебе дома 6 саати без мама ама седнала, искалкулирала и сфатила како треба. Не се слагам за многу работи со неа, али за тоа како мајсторски го изведоа со сопругот тоа да израснат прекрасно дете, да имаат по неколку работи, да заработат и направат куќа, ус тоа маж и има и успешна спортска кариера, алал! Пак ќе речам, да не бидам лошо сфатена, лесно е да зборуваш додека не му поодиш во кондурите на некој, ама начини има ако се сака и се труди. На страна од примерот на Џокерче, општо ја фатив темата малце, дека сте збореле де, ама мислам дека елита е далеку од Систина и џип во животот, оти и во Систина одам и се возам у кола нова од ранг на џип и сум дааааалеку од елита. Бар јас така се мислам. Ај сеа д почастам што пие кафана, дете јаде па сеа по два по три од оброците јаде. Ама јас сум сега за никаде. Неподвижна, во колено имам вкупно три топчиња како цисти кои не ќе да се на арно. Изгледа ќе легнам под нож. Ми кажаа се лечеле, тоа е најбитно. Муж е на пат, јас пијам кафе, дете јаде, ечи Пикабу додека ви пипувам, надвор денес нема оти е многу ладно, ручек ќе спреми баба а јас имам една нарачка да ја звршам. Убав ден мајки! Без нервози, овде место има за сите, нема потреба некој да се осеќа запоставено. Гушкам!
Како го извртевте муабетот. На крај испадна дека станува збор за одење во Систина со џип. Ама свесни сте дека го кажувате истото што и јас? Да подигнам кредит за да се породам во Систина па башка има и кредит за породување во Систина? Нели основни и добри услови во болница треба да е нормално да се има? Секој си кажа за себе. Не сакате да го прифатите фактот дека лукзус е да се оди во Систина, ствар која треба да е нормална во животот. И никој не рече сите да одите. Членка праша каков е животот овде и одговорив, што толку ми се навртевте? @AngelOfArh Кажа не ти го примиле детето во градинка и си го вратила кредитот. И моето дури од септември го примаа. И ти ли како мене немаше кој да ти го чува? Доволно кажува тоа кај стигнавме и кај сме сега и дека на оваа пара бесплатно може да добијам нормален преглед во нормална болница. Да ме наречете неработник и ред други работи само за вас кажува многу...
Чекајте сега, Систина треба да ни биде цел и идеал? Не, Систина е создадена и треба да биде првенствено за тие кои можат да си ја дозволат без да земаат кредити, а тоа, сакале вие да признете или не, е елитата во Мк. За сите останати останува јавно здравство кои треба и мора да е беспрекорно. Се додека се мериме по форуми кој колкава мајка е и колку го сака детето по тоа дали го носиме во Систина или во “кланица” нема да не биде. Треба да ни проработи свеста дека јавното здравство е добробит за сите, оти сега може имаш за Систина, утре не, па пак ќе мора да одиш во “кланицата” која до вчера си ја плукал. Во многу работи не се согласувам со @gjoker4e и многумина од тука отидени во странство, кои ептен жустро плукаат по државава, ама... Да кажеш дека тука е супер и рози ни цветаат е лудост и, извинете на искреност, глупост. Корупција, никакво здравство, судство, бирократија, врскаџиство на секој чекор, проста и необразувана администрација и најнакрај воздухот. Ако вас ова не ви смета, тогаш во ред. Мене еве ми смета. Иако не планирам да заминам од тука, пак ми смета. И сакам да се смени . Само изгледа сум малцинство, оти останатите сакаат да живеат во го*на со розовите очила на себе.
@An-na нели со пуканки сеир ќе гледаше? Пак ќе кажам луѓето ја прават државата, а луѓето се ужасни. Само се жалиме и кукаме, а ни пола не превземаат ништо околу тоа. Секоја промена што сакаме да ја видиме во општеството почнува од самите нас.
Сеир фаќав на глупостите кои се изнапишаа како овде е се бајно и убаво А беа пишани за инат, не дека писателите веруваа во тоа.
На мене се сеќаваш? Секако дена не! И знаеш зошто? Зошто во лп ј се понудив, а она по месец дена ми одговори дека заборавила дека сум и пушала. И дај те молам што ја браниш? Бебе не е.
А шо прајме ние шо немаме Систина, господ нека ни е напомош или да земеме потрошувачки кредит, бензин до Скопје напред назад, престој, храна и плус прегледот?? А ако неможеме ни кредит, па има умирачка за сите и така сите еден ден ќе умреме? Здравство мора да има за сите, јавно здравство за секој еден безразлика, тука нема компромис и тоа е муабетот бидејќи здравството е за никаде се бара спас во приватното а реално тоа кошта и неможе секој да си го дозволи или како што милувате да кажете е луксуз зошто навистина е. И јас нема веројатно никогаш да си заминам од овде, најповеќе зошто луѓето што ми значат мк се тука и неможам дс го замислам животот без нив. И со нокти гребеме за поубав живот и се бориме, многу работи не се како што и треба да се кажат и да се работи на нивно решавање. Види @AngelOfArh би оставила дете да ми се пружи животна шанса за работата од моите соништа и на месец би го оставила и душата и градите би ми жежеле, ама оставањето на дете за да одам да бидам касиерка во малсково продавниче и тоа со ''врски'' би ме коштало десет пати повеќе.
Сеир секогаш фаќам на човечката глупост, простотилук и злоба. И уште продолжува. Којзнае што се ќе се изначитаме. Човековата глупост е безгранична
Добро бе значи со мало бебе заборава човек дали јадел. Вчера ја најдов пораката и се сеќавам дека сум пишала ама не сум пратила па пишав од ново. Многу пораки имав, може баш тогаш снемало интернет, може бебе заплакало, и сега некогаш знам да изумам и да вратам по некој ден ете и месец. Пишав дека има и мн полошо од мене тогаш и да се помогне таму, дека нашето не е до толку лошо.
Да, не ми го примија. Ама не седев со скрстени раце. Заработував и повеќе може од сега. Анкети, декорации, одев дури и на тестирање за лекови и креми оти така исто се заработуваше. Одев и чистев станови за пари. Ич не ми беше срам иако имам завршено факултет. Не викам дека ти било срам тебе или не си направила се, туку дека има начин, може не за Систина да се заработи ама за пристоен живот има. И грешка си дека на село се заработува помалку, имам едни познаници кои од коза, теле и две кучиња, едно нивче и куќаре сега имаат многу, ама бесно многу, ама не садат зелки кога сите имаат, или да одат на сигурна варијанта. Направија органско производство, чисти производи, име од тоа што го работеа и сега богами имаат за супер живот и на плоштад да купат стан и од Пелистер да не излезат. Ако дојде нож до коска и ние би отишле во мој крај да зараблтуваме, оти да не. Муж зема поубава плата како за во Мк па пак работи приватно и тоа бере плодови и продава за да има за поише од тоа што имаме. Може, се може, ако се сака. Ама знаеш колку сум им понудила да работат па се откажале, многу, или ќе им понудам ќе отидат кај мм ќе земат анкети нема да ги вратат или ќе ги фалсификуваат анкетите, ќе ме засрамат ама и никад веќе нема да ги викнат. Проблемот е што кај нас има многу што кукаат за работа а молат бога да не ја најдат. Тос е проблемот. И не викам дека си била ти таква, таман работа, туку дека паричката секогаш има две страни. Јас искрено ти се чудам на храброста, не одам ја несигурно, да немам за основни работи, да однесам дете во непознато, не можам, секоја ти чест, ама пре би останала дома или кај мајка додека мм се снајде па после да одам и јас. Не ради мене, ради дете, не сакам да страда, да искуси живот каков што сум имала и јас. Да бидеме малце пореални, општата слика кај нас е даааалеку од идеална, немам здравство, немаме безбедност, немаме правична држава, едни ЕВН мајтап си играат со нас и никој ништо не им може, поштарот само ако се накани ќе ти донесе сметка, ако не мисли се дали ќе плаќаш камата или не... Ама сите не можеме да си одиме од овде, треба и да сработиме нешто за да се поправи ситуацијата.
Ќе изнесам свое мислење во врска со муабетов, не се однесува на никој конкретно, туку ете работи што ги имам забележано. Многу се нервирам кога некој од страна плука по нас тука во МК. Искрено, тоа го сфаќам како навреда, демек глупавата јас што сум одлучила тука да живеам и да гледам дете. Луѓе, не е се до толку страшно и црно како што се пласира по медиуми. Факт е дека сме далеку од цветање рози, ама па далеку сме и од црни судбини и гревови што живееме овде. Убаво кажа една членка, истите тие што плукаат по државава, секое лето се тука по забари, фризери, лекари, па и нокти дури прават тука. Имам такви блиски, од тоа се водам. Факт е дека некој има помалку, некој повеќе во државава, но далеку од тоа дека тука не се живее. Се претерува со плукањето. Лично, имам можности да носам дете во Систина и носам. Имам и џип, и го возам детето во него. И да немав, пак ќе го возев во евтина кола до Систина, задолжена ако треба. Не зашто е елита таму, туку зашто го сакам најдоброто за мојата малечка. Да го сакаш најдоброто за своето дете не е елита. На тоа никогаш нема да штедам! Во државна не носам дете, зошто ете има подобра приватна болница. Факт е дека на државна и треба комплетен ремонт во сите аспекти, но не е се ни таму така црно. Мајка ми се оперираше таму и супер помина. Цела бременост скиснав таму заради проблем со д-димерите и бев одлично третирана. Сеуште има врвни стручњаци таму, какви што нема во ниедна приватна. За дете, сметам дека поголеми стручњаци има во Систина и таму одам. Таму и се породив, од работа осигурување ми покри. Ако тоа ме прави елита, нека биде така. Јас сум среќна овде, услови за живот има и навредливо е да се плука по државава како да ни нема спас на сите тука. Во помалите градови е многу полошо од Ск, и тоа е факт, но сепак се живее. Ме нервира тоа генерализирање како секогаш во странство е подобро, а тука не чини. Секој си го бира најдоброто за себе и фамилијата, а штом сме се одлучиле тука да живееме, не е во ред да се зборува така. Ова е нашиот дом, се ни е тука, нашите најблиски, нашата татковина. Толку на темава.