Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека јас сум седела со скрстени раце дека не сум пишала на форумов дека ете и јас правев анкети и онлајн и по згради, исто бев и за тестирање на шминка, пишував на кафе пауза, добив награда за напишан текст објавена во весник со име и презиме... Кој рече дека јас не сум се трудела? Се трудев за секој можен денар повеќе! Со позајмени пари се запишав на курс за да имам диплома и професија за на страна. Зарем по форумов судите? Јас верувам дека сум мн похрабра од тебе, а ти обратно. Само јас знам колку сум се трудела за да успеам во животот.

    И кај виде дека детето ми страдало? Не само ти туку и неколку членки. Како страдаше моето дете овде? Моето дете ни 1 секунда нема страдано овде. Се му е како што треба.
     
    На orhideea, Melinda85, elcezelce и 12 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.198
    Допаѓања:
    107.356
    Пол:
    Женски
    Ама зошто скокаш? Убаво пишав горе, НЕ ВИКАМ ДЕКА ТИ НЕ СИ СЕ ТРУДЕЛ ИЛИ НЕ СИ ПРАВЕЛА СЀ! Прочитај пак, општо зборам, дека има начин, ете и ти си правела се, сама кажуваш. Сакам да кажам дека има начин да се живее и без да се избега на страна од државава по секоја цена. Ако јас бегам би избегала од загадениот воздух и лошипт систем, за парче леб се заработува. Не се слагам со тебе за некои работи ама не ти судам. Сакам и второ дете, сакам и странство, ама не по секоја цена, второ да направам за да страда не фала, од љубов не се живее, да одам во странство за да си ја пробам среќата, исто не фала, ако немам бар дупло од овде заработка кога ќе платам сметки и кирија. И сама гледаш, скапо е градинка, скапо е да однесеш дете до лекар, неодамна те прочитав дека си размислувала и еден чешел од едно евро да купиш, се радуваше на тенџере и тава, тоа е стварно многу голем стрес и голема жртва за тебе, јас не би можела така.

    Пошто редактираше да допишеш морам и јас да редактирам. Зборам од моја гледна точка, за тебе реков, секоја чест, јас не би можела така. Читај малку повнимателно.
     
    На minneymouse82, elcezelce, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    А детето како ми страдаше овде?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.198
    Допаѓања:
    107.356
    Пол:
    Женски
    Ај те молам пак прочитај ме, ама убаво, не скокај. Цело време пишувам за себе, не за тебе, дека ЈАС така не би можела, не за тебе.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Погрешно го сфатив последниот дел од постот, извини.
    Еднаш директно ми пишаа дека детето ми страдало па затоа исто сум прочитала.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Јас не ве разбирам што се докажувате?!
    Јавно здравство е очај и заради тоа се оди во Систина. Кој може. Кој не може, а сака бара начин да оди. Кој ги исцрпил сите средства, ќе оди на клиника. Не е дека таму нема доктори добри. Има. Мене ме одвраќа врскаџиството, односот, стручноста не ја доведувам во прашање. Зошто да фаќам врски за нешто што е нормално? Пре би да платам на приватно. Софијанова од прва рака можам да ја добијам, ама не е тоа начин на кој треба да се функционира и одбивам во таков систем да партиципирам.

    Без врска се напаѓате. Ај да зборуваме за прошетки во парк, за убави работи. За болници ли бе мајки?!
     
    На minneymouse82, Ingvild, Coco31 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    37.127
    Пол:
    Женски
    Тоа е целта на муабетот.
    Секој може да најде начин да однесе дете во Систина.
    Финтата е што државното здравство она бесплатното треба да е беспрекорно и со стручен кадар. Не дека нема исклучоци, има, зборуваме општо.

    Да зборуваме за убави работи, а не за тоа како јас сум немала бисквити да му купам на бебето. Едноставно 125 денари ми беа мн за бисквити. А компирот ете па бил 20 денари кило. Не било толку црно.
     
    На ZAHRA, Monella, Mari* и 6 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.198
    Допаѓања:
    107.356
    Пол:
    Женски
    Какви прошетки кукле, смрзнавме. Еве се убедуваме со мајка му и татко му на Мацим (Максим) кој кај да иде за да поиграат, и двајцата не се у градинка и збеснуваат.

    Ете да ве прашам, се дружите ли со деца кои сте сигурни дека се здрави во домашни услови? Утрово пак наидов на пост на фб мајка бараше игротека за кафе и играње на дете. Мене уште не ми е сигурно да носам дете во игротека или мол, на страна од тоа што наводно стивнува епидемијата, го читав Филипче.

    И да не отиде постов во друга насока, анимација на деца е само темата.
     
    На Coco31, elcezelce, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.595
    Допаѓања:
    76.827
    Пол:
    Женски
    Секој сака подобро. Но мислам не е убаво на секое да се потенцира колку е земјата заникаде, бедна, итн. Има мајки тука кои сакаат подобро, сакаат да избегаат, но не можат.. па тие ваши постови во колку бедна земја живееле ги дотепуваат, не заборавајте колку и вас ви било тешко (ако стварно ви било толку) и ставете се на место дали сакате некој да ви вика: во каква бедна земја живееш, нема пари, нема работа, нема добро здравство. А секаде има добро и лошо, наше е да се трудиме да стане подобро.. па дали тука ке останеме или во странство ке отидеме. Незнам сликата со чевлите дали ја видовте на фб.. Коментари да читате од луѓе странци... како викаат дека и кај нив тоа да се направи, нема место да имаат по улиците за толку чевли (луѓе што бегаат во странство)... Коментари од Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Унгарија... итн.
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10206276329825137&id=1772663686

    И доста беше мислам. Пожалете се, пофалете се, но за вас моментално како ви е.. како се децата, а не каде како е.. зашто ако за тоа збориме, долго и широко ке стане.

    Инаку ние изолирани дома, малата ја прими ммр во понеделникот и сега за сега е добра. Дај боже без страшни реакции да поминеме. Синчево е подобро, ич не ми се пишува... последниот пат пишав подобро е, па за кратко пак лошо стана. Ама сега долго време е подобро, па се надевам дека и вака ке остане. Ако остане вака, одам докторот во Белград да го частам нешто, жими се. Маливе партнери во криминал се :lol: Незнам уште колку ке издржам сама со нив :rofl: Еве ги ми се испентарија на мене, отидов :) Убав ден и доста се расправате :!:
     
    На minneymouse82, Coco31, duffi и 25 други им се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.417
    Допаѓања:
    126.991
    Мислам се претера,ама која сум пак јас да кажам.
    @gjoker4e
    Верувам дека не беше злонамерно ништо од тоа што пиша...остани искрена и позитивна:hug:
    Мајки ајде барем оваа тема нека остане смирена,зошто се наткажувате и објаснувате.
    Пак снег...
    Скиснавме дома.Па и беба немирно спие,кома сум.
    Пуштив тањирите во машина
    И си легнав до малава.
    Убав снежен ден имајте.
     
    На minneymouse82, Coco31, Melinda85 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Со никој по дома не се собираме. Нит одиме, нит ни доаѓаат. Само надвор неделава што си играла со дечињата.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.417
    Допаѓања:
    126.991
    И ние освен кај моите никаде не сме биле.
    Чекам да поминат 3 недели од антибиотик па ќе ја носам за крвна слика и вакцина здравје Боже.
    Стравот во коски ми е.
    Децата од улица ни едно не е вакцинирано.
     
    На minneymouse82, 24.07, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.515
    Допаѓања:
    288.571
    Добро утро/добар ден.
    Јас на одмор, но некако повеќе умор одколку одмор првите неколку денови, па тек сега си дојдов малку на себе, фатив ритам и си дозволив да поуживам.
    На жалост пишувам од движење
    па не сум ни во можност да вршам некакво модерирање и целосно да ги прочитам сите постови, истото морав да го препуштам овие две недели , но би ве замолила да не се премине во лични препирки...

    Во општо дискусии мислам беше, има тема дали вреди да се напушти државата, со мал осврт и на здравството кое го споменавте, па би било посоодветно истата таму да продолжи.

    Пријатен ден на сите.
     
    На minneymouse82, elcezelce, ivana--aerodrom и 17 други им се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Ние уште никој не примаме дома,ни се најави цела фамилија со деца со се ,но свекрвата културно ги откачила.
    Одиме само кај моите,кај друите не го носам бидејки се мешаат секојдневно со секаков народ.
    Имам некое глупо чуство за татко ми па почесто го носам да го играат и да го гледа.
    Го носам во паркче на сонце си спие во количка гајле нема, има еден куп мајки со бебиња врсничиња со моево.
     
    На minneymouse82, Coco31, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.517
    Допаѓања:
    139.337
    Пуштив машини на скапа да вртат :)

    Како ме нервира снегов у двор аман веќе. Сакаме у двор!

    За 3 недели роденден, којзнае дали ќе правиме или ќе одложиме, аман со вакцината и епидемијата аман!!!

    Психички сум подобра, физички дебела уште :( абе грам да не се ослабело :( сакав викендов да го прекопам дворот демек да слабеам, и снег.
     
    На minneymouse82, Coco31, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.Се уклучив да се реласорам.малку кога гледам тука кавги. Ова ми е омилена тема, зошто бе мајки. Значи баш македонска работа,кој повеќе имал, кој бил похрабар. Зошто. Секој си знае за себе,ама мора да се докажуваме нели. Баш докажување ни стана живптов, кој купил поубаво,кој зготвил побогато, кој направил поголем роденден. За болниците сте збореле. Веројатно повеќето сте од Скопје. Ние во останатиот дел од државава, немаме приватни болници. Но кој сака може да појде нели и кој може да си одделе толкава сума. И јас кога сум била загрижена сум го носела таму. Од друго ќе скратиш. Ве читам и за работа,знаете ли колку плата се зема во помалите градови? Знаете ли дека има мајки што немаат помош од никого? Многу осудувачки народ сме станале,многу. Едвај чекаме некој да се пожали и одма да го растргнеме. Жалосно. Зар оние кои немаат не треба да имаат деца. Искрено, на бебе не му треба многу, не мора сите да се возат во брендирани колички, да им купиме се што ќе видиме,да носат бренд. Ама за сметка на тоа мама и тато ги виделе два часа во неделата. На децата им треба љубов во првите години. За храна секој си знае како и колку ќе си дозволи,но не верувам дека некој ќе си остави дете гладно и босо. Еве јас сум од оние кои не им купуваат се на децата. Три деца растат во иста гардероба,затоа што не е искината и искрено не ми се дава пари за нешто што одрастуваат за два месеца. Не ги носам по игротеки за триста денари туку играат во двор во кал и песка и трева. За храна имаат секогаш се што посакале. Иако не работам, сум работела и ќе работам пак.Сега за сега е таква ситуацијата. Ама за сметка на се што не сум им купила од нивни пари и од наши секако им ставам во банка и планирам да им средам спрат од куќава,за утре кога ќе почнат женски да носат,да не се срамат. Не осудувајте мајки,секој за себе си знае како и што планира. И.што ако немал некогаш да даде на детето. Па тоа ќе се надомести поинаку. Убав ден мајки, и поведри теми.
     
    На Milaаа991, Mari-Ja, minneymouse82 и 26 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.225
    Допаѓања:
    67.729
    Пол:
    Женски
    Доволно е.
    За животот во Мк или странство има други теми. Упатете се таму и без навреди, тука веќе ќе биде избришано се што оди во насока на препукување и лични навреди.
     
    На minneymouse82, 24.07, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    34.205
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Го носам и ни доаѓаат гости. Но не сум од Ск, па затоа до толку не внимавам, кај нас сеуште нема заразени од морбили или грип. Што знам.
    Инаку секојдневно сме излезени еве денес е малку повеќе студено како што реков сабајле даваше дека се чувствува како -16°С. Што е многу што знам ладен ветер имаше ептен. Па го оставив мали дома а јас излегов со колата до центар да земам поклон бидејќи од понеделник кој ќе го мкне со мене по дуќани и да бирам.
    А сега имав баба сервиз па затоа искористив.
    @danichap пушти некоја слика да не стоплиш :sun:. Убаво да си поминете и многу чоколадна да се вратиш :*.
     
    На minneymouse82, elcezelce, ivana--aerodrom и 5 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Темава... Крш.
    На кратко ќе кажам мислење околу џокерче.
    Жената во очај се изгуби тогаш. Она си знае како и било и дали имала на кого да остави дете за да работи. Патем и да имала.. Што ние секогаш правилни одлуки донесуваме!? Во очај колку грешки имам сторено не сакам ни да зборам. Се фативте за бисквити кои во очајги спомна и низ нос и ги извадивте. Човек да не смее да си каже што му тежи.
    Да, јас се понудив да и купам и да и пратам. Не сакав ни фала за тоа. Таа не прифати и се заблагодари. Година дена потоа жената застанува на нозе конечно. Конечно може нешто и за себе да купи. Знаете што стори? Читајки ме по темите сфатила дека сакам да заминеме. Најде работа за маж ми. Истата таа што Лом ја направивте овде памтеше што сум пружила рака и одвои од своето време за таа да ми пружи мене рака.
    И да. Елита е џип и систина. И тоа не е навреда. Тоа за жал е реалност.
    Убав викенд
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На Milaаа991, Mari-Ja, minneymouse82 и 51 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.922
    Допаѓања:
    111.215
    Пол:
    Женски
    Абе овде имало забава :bandit:
    Има уште од пуканките :tmi:

    Јас ич не се навредив од постот на @gjoker4e ама ич и зошто би кога она ме рачуна за ,,елита,, :emo:
    Што убаво така да знаеш дека некој има убаво мислење за тебе, ела да се гушнеме Џокерче :hug:

    Но сакав уште да пишам, но после постот ,,Тажно,, останав занемена, плус други кажаа и се што сакав, па ќе си молчам :x
    А и женски глави мораат да се извртуваат некои зборови, ама ако не се нема да бидат жени, оно со мажите е бетер него ај :lol:
    Спомнувањето на фамозните бисквити не е во ред!


    Облачен ден :rain:
    Исто како вчера, ама не и како завчера :sun:

    На бебе му фали сонцето, а богами и мене, толку убаво се уходавме низ двор и по улици што сега сме тажни и здивуваме по соби :doh:

    Внатре се аздисува, а надвор е бајче или чепка со стапче, или се закача со кутката преку жица, онака не доаѓа во предвид бидејќи куткава ќе го јавне :toivo: или стоиме до пат и гледаме како минуваат коли, па ги испраќа со поглед, им мафта, прави по некое ,,у,, или ,,бм бм,,.
    Љубов ми е :l:
    Човече мало :l:

    Обавезно барем еднаш одиме и до продавница и обавезно се пазари по нешто. Веќе не се лаже со 3во1, па пред некој ден се вративме со изгорени грисини, а пред тој со еден огромен зелен трактор, кој го отпакувавме пред продавница, па го возеше до дома (highfive)
    Баш ни е забавно.
    Некои 200м ги тегнеме некој половина час, ама ако пак ќе одиме :angel:

    Пробува и да бега, раче не дава, ама што му речам ,,бебе јас си одам, чао,, одма иде накај мене :lol:

    И официјално бебе доби траума дека го оставам и си одам :(
    Изминатиов период за било која обврска го оставав на мајка на час/два, јас или неприметно си идев, или они надвор па ќе му речам јас чао ама кучето му одвлекува внимание и не толку регистрира.
    За да неколку дена уназад добие страв дека ќе му бегам :(
    Па не ме остава никаде да појдам, одма трчи и хистерично вика, почнува да плаче и вади солзи.
    Сабајле дојде мајка, ако до вчера си беа другари за игра, денес не дозволуваше да го пипне, мислеше дека ќе го земе и јас ќе заминам :(

    Друго, бебе веќе е во голема љубов со цицето :l:
    Како помал ќе цица и се трга, ама сега може постојано да виси на него, нема да цица цело време туку сака и да си игра со него, па го гали со раче, става главче и се гали..
    Кај 17-17.30 има една епизода каде мора некој половина час да виси на цице, ако не дадам абе тоа е трескање од земја до зајдување, мора ме џапа, ми крева блуза, пика раце :tmi:

    Како ли ќе се одвикнеме :wasntme:
    Да не спомнувам дека ноќеска станува по 5-6пати :|
    Ама па и како кога ништо млечно нејќе да јаде, освен ноќните на Хип :smirk: ќе си имам мака, знам јас!

    За шетање ете бебе шета во двор, по улици, до продавница и кај моите. Дечиња не среќаваме, не знам кај ги носат, а негови врсничиња има доста у комшилук :?:
    Има понатака едни искршени лулашки кај што никат не идеме, па може таму шетаат они, ич не знам.
    А и жениве што ги знам и комуницирам имаат постари дечиња, па на тие врсничињата не ги нешто знам, така да засега сме без друштво :$

    Друго ,,ние,, веќе наголемо се спремаме за свадба :dance:
    Ама ,,ние,, невестава глуми незаинтересираност и све и е рано, мислам чека да стигне јајцето под газот и да хистериша (lalala)

    Мајка рече од понеделник ќе гледа фустани, па и за мене ќе види. Иако она повеќе е со ниет да шие, ама младенциве за моделот и рекле дека не бил за неа :^) јас се запрепастив, што па не е за неа, ниту има гол грб, гради, шлицови, ама не бе они изгледа ја замислуваат во костимче :rofl:
    Млада мајка си имам јас и убава, богами и згодна, јас и реков да си го сошие и ич око да не и трепне.
    А па зетов изгледа не ја вишол каква беше кај мене на свадба, па таква да отиде има шлог да го мавне од бабата :rofl: рака на срце сестра уште тогаш и рече ,,мамо фустанов е за матурантка,, :lol:
    Лага е, убава си беше :l:

    А невестава имала ум да изнајми од Битола :|
    Аиии се сепнав, абе за 100е ќе сошијам некој ама у носен не влагам и крај!
    Кој знае и тоа што ќе искочи :doh:

    Јас не знам што сакам, реков светло плаво може, можеби и краток, ама заправо немам појма :?:
    Ваљда во Ин ќе идам да ми фарбаат косава, ама баш тука читав и за Дарон, па ми се уврте за таму :?:
    Имам дилема и дали нокти да ставам :tmi: све намиривме нели и уште до нокти стасавме :rofl:
    Па да кажат и време младенциве, како се имаат замислено и со време да побарам шминкер и фризер :smirk:

    Битно бебе го замислив каков треба да е дотеран :l: сега уште да се реализира (fingers)

    Чекајте да ве посмеам.
    Едниов внук има девојка и на девојката и дошла другарка од странство, ама на девојката сега и е испитна сесија и мора многу да учи, па не може да и се посвети на другарката.
    Епа внучко солидарен, ја викнал да спие, седи кај него, он ќе ја дружел и шетал да не и е досадно, сигурно и знаменитости низ Скопје и покажува, и секако во иста соба спијат и на ист кревет, ама другарски :inlove:
    Со мм се убивме од смеење, а золвава жива озбилна дека децава си се другари :rofl:
    Ама мене едно ме мачи, како внучко уште има девојка?!
    Што памет ќе имаше девојчето а, или до толку се здала по книгите :smirk:
    Јас толку поверење у другарки и дечко сум немала :shake:
    А да се фалам и внучко е убавец, ама дури не отвори уста, шупелка :tmi:

    И така уште малку си заминува февруари и доаѓа Март, месец кој ич не го сакам, би сакала да го преспијам!
    Некогаш едвај чекав и јас со сите салтанати да го славам 8ми Март, кој знае што мислев каков сјај ќе донесе, првин го славев како девојка, па како жена, а едвај чекав и како Мајка.
    Но лани бев Мајка и беше еден од најлошите поминати денови/празници, никогаш нема да го сакам и да се радувам на тој празник, а сакам празници, но посилно е од мене :(

    Аха да ј да кажам бебе го вратив во ред, у 20ч у кревет |-)
    Но цената е да го будам насабајле и попладне, душа ми е, жал ми е, но повеќе се жалам себеси :$
    Така да еве дури пишам 14ч дојде, а тогаш се будиме, така да отидов да будам, да му доправам јадењето и да го наручам.
    Облачно надвор и тоа е, сепак ќе шетнеме низ двор, а може и само ќе се вртиме низ тераса, ако и тоа го прави среќен, љуљашката ја обожава :l:

    Убав ден, гушкајте се :hug:
     
    На Milaаа991, minneymouse82, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.