И јас вака си ја отварав душата, на крај бетер од Џокрече си осетив. И она е во право, и вие. За жал елита е да појдеш во Систина. Нешто што треба да ни е бесплатно здравство ние дебело го плаќаме. Факт е дека Клиника е крш, ама за се не може да трчаме во Систина, а сите го сакаме најдоброто. Имунолошки испитувања се изгор на приватно, а и ако си врзан со терапија мораш на Клиника. А таму верувајте има сеуште добри доктори. Детско гастро на приватна нема, еве и Мариз ќе ви потврди. И некогаш фрустрира што немаш да појдеш во приватна, што неможеш ни да се снајдеш. Жална е состојбата кај нас, плати мали. Има луѓе кои од ништо прават нешто, ама не на секого му се поклопуваат коцките. И јас да имам пари вишок, моја нога нема да стапне на Клиника, а не на дете. Сега ми останува да балансирам, кај можам носам на приватно. Убава е темата, некогаш со мерак ве читам, некогаш очи превртувам, ама имаше некоја магија, но ете полека се претвара во отровна како 40 -ката.
Па зарем не е тажно?Да му се спомнува некому бисквити што немал да купи за дете Повеќе е бедно само што не сакав да навредам никој па ај нек е тажно
Не можам да сфатам како некои викаат мое дете на Клиника нема да стапне. Јас мојата Систина, Ремедика ја носам и кај матична, ама еве не дај боже да притреба Инфективна, кај ќе одите? Мислам Систина нема инфективно и значи пак мора на Клиника. Затоа никад не реци никад.
Еве јас, и стојам на тоа. Да, Систина нема инфектино, нема и детско гастро, ама ете има детски приватен гастро др, па може комбинација.
Ако и се однесуваше на ова конкретно прашањето на @wannaBeMomma нема инфективно во Систина, која приватна болница би се заглавила со инфективно. Немам влезено во темава којзнае од кога ама никогаш не сум начекала вака тензична атмосфера. Некако секогаш било порелаксирано и се зборело за деца. Олабавете малку колку луѓе толку мислења никогаш не можат сите за се да се сложат. Ние арни, деца пораснати, 2 пати во 1 месец малово болно ама некако се извлече. Го имитира брат и скоро во се, за жал почна да му се лепи до него и на компјутер, гејмерка ќе ја правел . Едвај чекам да запролети да си играат надвор повеќе, не дека не излагаат речиси секој ден преку ден по малку се шета ама сакам и попладне да можеме да дремеме пред зграда наместо дома, полудени се скроз. Се надевам сите сте арни, тоа е најважно
Ејјј темава парче станала..Да се замислам и јас што да споделам на форум,дал ќе бидам ругана или не. Срамота за бисквитите што ги коментирате. Пс-викендов лагано тече,ручек завршен,дете спие..Ја божем да зирнам што има на фемина,ама не се дочитува...Журка сте праеле
Која убавина од човек си ти? Секогаш на страната каде треба. И баш не се изненадив која екипа е од другата страна, можно ли е истите фаци на било кои теми во ист состав? Можно е, тоа е матрицата. Џокерче мила не дозволувај небитни ликови да те натажуваат. И радувај се за тавче твое е. И радувај му се на животот. И на тоа што си храбра жена. На форуми имаш секакви ликови исто како и во реалноста едни се како Мари, другите веќе ги прочита. Бебето спие ( во склад со темата )
Здраво мајки,одамна немам пишано. Бебче си расте убаво,напредува е сега преку ден не спие многу 15-30мин дневно,а некогаш пак и ич. Ама стана малку кенкав во последно време. Бевме на прва вакцина и докторот рече дека забите го мачат затоа е нервозен и ја пика раката во уста. Бебе од два ипол месеци заби?? Ни дадоа маст и некои топчиња за лижење за во уста. Што да се прави... Си шеткаме помалку со количка,денес дури брзински и на шопинг бевме. Се на се,добро е,греота да се жалам. Единствен проблем ми е што не сака во креветче да спие. Ни во колевка ни во креветче. Само во релаксаторот. Кога ќе заспие го префрламе,ама кога ќе се разбуди за јадење плаче и кога ќе го вратиме во релалсатор си продолжува. Некој со сличен проблем? Инаку полека си фаќаме некој ред,фала богу. Убав викенд на сите
Прашав кој вика дека негово дете никад на клиника. Знам блек дека не е за мене, затоа орашав кој. А и небитно е, ај доста беше
Чистев wc се "отрув" со солна киселина Изгледа убаво се изнадишав Кашлам не можам ваздух да земам мислам душата ми мириса на тоа чудото. Некој доживеано слично Многу ми е лошо
Млеко напиј се. И диши надвор подолго поседи. Со цилит бенг ми се има случено, мислев хранопроводот го изгорив. Сега порачав некоја паста природна, и ќе фрлам сите такви средства отров се.
Место да се карате тука, извадете ги децата надвор. Кога е загадено ги чувате дома, кога е ладно ги чувате дома. Кога ги носите надвор? Денес времево душа дало за шетање. Соодветна облека и топ не ги бие. Нека го дишат чистиов воздух, оти утре пак ќе се загади.
@Nikita7 мене ми се имаше пред две год исто случено. Но од Доместос значи страшна работа е! Јас завршив во болница тогаш. И сега како последица ми остана тоа штом осетам такви препарати почнувам забрзано да дишам и ми се лоши. Со лесно ете веќе одговориле за млеко и јогурт јас не сум знала тогаш за тоа. Сега научив ако има за следен пат.
Бебе игра низ дома. Ручек набрзина за сите на шпорет. Спиев со бебе пладнево. Преубаво ми е сега Ладно надвор. Малку бевме излезени, план е вечерва дома да ја седиме На сите ни здодеа ама ајде уште малку и пролет... Се залетавме да купуваме поголем стан и се откажавме...ме јадеше црвче дека брзаме и летаме...сега ме јаде дека пропуштивме добра шанса... Бебе зборува - растура. Пола кинески, пола се разбирамеЉубов ми е најголема. Ве читам редовно. Од последниве неколку страни добив чувство како да с(т)ме поделени во групи А како пријателска закрила ја сметав темава... Имам циклус, ме боли стомак. Пак треба нешто за болка да пијам... Диетата никако да тргне... брзиот ручек не оди во нејзин прилог секако.... Откако се породив омам болки во кичма пред и з авреме на циклус...порано никогаш ништо освен малку стомак Отидов јас.... И тука има многу такви што сакам да ги читам.... и да едни имаме помалку, други имаме повеќе...едни сме мк, друго надвор...а сите сме мајки. Да се задржиме на делот сите сме мајки и да не се мериме со друго...
И јас минатата недела се затрув со Доместос. Мислев дека желудникот ми гори што од киселини, горчини што од мирозба. Два-три дена така! И си ветив дека ќе чистам строго со заштитна маска на лице, уште да си купам Гости секој ден имаме, секој ден сме излезени 2-3 часа, но не го носам во затворени простори, игротеки и сл.али еве 4 пати неделно има активности по англиски и играорна, а и си одиме по гости, но не често и на две три места. Нема тука епидемија со морбили, ама има вируси многу често. Внуците од брат ми, едниот во школо, другиот во градинка, овој малиот магнет е за носење и пренесување вируси, па така и синко веднаш ги прележува скоро сите. Му порачав тренерки од нет, стигнаа денес, еве го само се пресоблекува, само пробува. Кога ќе помислам само колку облека, патики, јакна му требаат за пролетва.... Си растат децата, брзо и неусетно, уште две лета и моето ќе трча во школо... Непреспиено дете, нервозна мајка. И од инает вечер пак касно ќе заспие.