2300 ден е обичен преглед од прилика ценава. Што е многу, многу е. Ама јас еве таму родив, 3 прегледи бесплатни, па и за уште два не ми земаа денар. Ако имам нешто проблем вртам и достапни се 24/7. Не е само да се плати таму, треба да се бира и кај кој да се оди. Ептен недај Боже кога е алармантно, немаме избор. И нам не ни беа вишок, ама кога се два животи во прашање ...
Почнав да се движам по малку.Уште имам болки во половината.Барем не го барам мм да не носи до тоалет Вчера докторката дојде во никое време во 9 и пол вечерта,ми стави трамал инекција и мислам од тоа ме подопушти малку. Туку кога се движам сум како бремена во големите месеци.Мм се смее вика да не било некој знак.Човекот е ептен запален за второ дете. Се пријавив на работа повторно болна.Аман веќе како ме потера или дете или јас болна.Викендот требаше да работам.А ми стои дека и неделата цела ќе ја преседам дома. Инаку денес го искористивме сонцето.Бевме надвор на сонце,убаво беше...заличува на пролет Одам да си легнам касно е веќе
Неодамна се остварив како мајка па реков ај да видам за што најчесто пишуваат мајките. Што да видам цели дебати,книги, реферати Па ај и јас нешто да пишам. @fairy88 имаш среќа,мојов за второ нејќе да чуе се излежава и пак поизморен од мене е а јас очајно сакам да си има бебе друшка да се докусурам наеднаш а не после 5-6 год да доживувам реприза. Инаку за некој месец треба на работа да се вратам бидејќи работев до последниот ден и завршив во Чаир породилно среде работно време (колега ме однесе) добив + 28 дена платен одмор (односно оние задолжителни 28 дена пред раѓање кога работничката мора да започне со користење на породилното отсуство ги договорив интерно со основачот да ги искористам по породувањето) + 10 дена неискористен дел од одмор. Некаде во Јули мора да почнам со работа. Што ќе правам со малата незнам,немам на кого да ја оставам,не користам “баба дедо сервис, и тие си работат не се слободни” Ќе мора да ја запишам некаде. Кај ги запишавте вие вашите бебиња и како го пребродевте тој период на утрински разделби и плачки ? Уште од сега паника ме фаќа несакам ни работа да напуштам ни бебето да го оставам на некои таму што не ги познавам. Мала е,ќе има 10 + месеци. А некако не ми се остава клуч на некоја си бебиситерка да доаѓа и да ми “буричка” по дома. Најдобра опција ми е пак да забременам и тоа итно и штом почнам на работа пак породилно да користам но ете мојов ме пази вика што си се залетала почекај барем 2-3 год две ли наеднаш да чуваме и да се заробиме дома цело лето па после мислејќи кај да го оставиш второто и трето да начукаме . Што ќе правам незнам ме убиваат мислите
Ќе ја запишеш во градинка иако незнам дали ќе најдеш место зависи во која населба си. Мојата почна на 10м и тоа со врски инаку не ми гарантираа дека ќе биде примена сигурно. За прилагодување шо да ти кажам зависи до детето Помало побргу се уклопува Сум немала некоја мака со мојата за привикнување еве ја 3год без проблем си оди. Со среќа
@Mama993 и јас мислам дека 10 месеци не е мало.Синко почна на 13 месеци во градинка.Сакав да почне од годинка,ама немаше место.Многу тешко да добиеш место. После тоа одкрив дека во рана бременост треба да го пријавиш детето во посакуваните градинки за да имаш шанса и пак не ти е гаранција. Тоа ти се вика на нероден Петко капа му се крои. Сепак секоја мајка си знае најдобро дали детето е спремно за во градинка. Инаку на тема второ дете си го држам ставот не.Јас па баш од тие причини дека пак треба да останам дома две години-една во тек на бременост и една породилно,и ќе забравам многу работи.После кога пак ќе треба на работа ќе бидам како од почеток. Убав ден во најава пак припекува сонце.Можеби ќе тркнеме до еден парк да раниме лебеди и шатки,синко им се многу радува Колата беше за поправка,ама после ова што ми се случи мм откажа терминот.Ке ја носел наредниот викенд.Му требала за до работа. Туку не знам од кај се научило ова мое детуле сакало на море Нема нема ми вика да одиме на море,цел на мајка...само да шета. Ќе видам како се финансии.Ќе почекам уште некој месец да завршиме преселбата и да почне кредитот и ако остане некоја вишок пара,одма резервирам некоја ефтина понуда за море.Дестинација оваа година не ме интересира.Со ограничен буџет само да е песок и море,да се радува дете,не дека и на мене лошо ќе ми дојде
Добро утро на сите,бебе цела вечер се дереше ми се плаче за спиење. Дали се заби во прашање пошто најадена напиена во чисто и суво си лежи или дека вчера гледавме Звезде Гранда па уста не затвори тоа гугање тоа пискање тоа смеење цела вечер. Ми фали спиење и тоа да се наспијам убаво што велат не како бебе туку како Маж. Они си спијат гајле немаат. А најмногу ми фали да изгледам како претходно. Една минута молк за нашиот претходен изглед Денес не помислувам на второ ! @fairy88 зарем имало и такво нешто? Како бе да запишам неродено дете во градинка до толку ли станавме напредни се ни е средено во државата па уште однапред да мислиме кај ќе си ги запишуваме децата? Инаку сум од Карпош ама поважен ми е односот на воспитувачките отколку локацијата на градинката,со кола ќе ја носам. Незнам давајте предлози. @Nikita7 колку време траеше прилагодувањето кај вас? Како да му објаснам на 10 месечно бебе да не плаче и да ја чека мама после 4?
Мајки бебушка има многу грчеви. Дали можам пред доење наизменично да давам капки колиеф, па следно доење бекутан чај со 3 зрна ким, па следно доење пак капки? Дали некоја прави вака или не? Душа ме боли многу жално плаче завива се додека не прдне. И дали знаете после колку време ќе има ефелт чајот и капките?
Еден месец Првен по пола саат па саат, два и се додека не видат дека е спремно да почне и со спиење. Првата ден ќе биде само пола саат нема ни потреба да одиш до дома може во чекална да почекаш. Сега се потсетив додека чекав имаше многу што плачеа а јас така жалослива ги исплакав туѓите. Има многу деца може нема да те бара Пак ќе кажам секое дете е различно, јас можам да ти кажам пример само за моето и како ние сме ја доживеале градинката. Има деца неразделни од мајките има што можат со секој.
Ај како најбрзо за добивање на одговор е тука па да прашам доколку некоја мајка сака да одговори. Дали некоја има пробано лунебра таблетки и дали навистина делуваат, и дали смее да се користат дури се дои?
Делуваат да а дали смее додека се дои незнам мислам дека треба да пишу а во упаството. Ако има некоја Мајка дома нека прочита. @duffi Мислам дека може да знае.
Јас сум во Германија,ама адаптацијата се одвиваше слично како на детето на Никита. Секако нема да оставиш дете од прва да седи по 8 саати. Нашата адаптација траеше два месеци.Проблемот беше што беше новоотворена градинка и самиот тим на воспитачки не беше добро координиран и требаше да се направи точен ред како ќе се одвива денот. Сега здравје ако мениме пак градинка ќе оди пак на адаптација.Само ми рекоа дека оти има искуство со градинка ќе биде тоа околу 2 недели. Помалите деца мислам дека се полесни да се привикнат. Ќе се средите не си прави стресови непотребно.Нема дете што не усоеало да се привикне на градинка.Само што кај некои е побрзо,кај други поспоро.
Моето почна во градинка од 9 месеци ,оди во Пролет градинките ,супер се адаптираше на почеток по пола саат па постепено зголемувавме ,супер му е во градинка многу сака да оди ,само мораш да бидеш спремна дека на почеток една две недели градинка и одма се разболуваат и тоа трае се дури не стекнат некој имунитет. мајкички Пијам кафе синко заспа уште рано рано денес стана ,пак ноќите со плачки последната четворка доле се мачи да пробие ова мое дете толку се измачи со овие заби страшно мене ми се плаче дури толку касно му излегоа четворките и двојките на 19 месеци дури ,а тројки и петки кога ќе почнат нели тие полоши се поболно кој знае како ќе биде тогаш Времево надвор смрзнувачка сабајлево ,ај се тешам од среда ќе затоплело викаат Не сакам да коментирам на темата предходно не треба да се караме во ова наше убаво катче треба да си помагаме и да се дружиме сите го сакаме најдоброто за нашите деца и се бориме за тоа Јас се породив во систина и го носам детето таму затоа што можам да си го дозволам тоа ,дај боже сите да можеме да си го дозволиме тоа или уште подобро дај боже државното здравство да се оправи и да стане како приватното . Убав ден на сите
Фала ви женски, ќе се консултирам со матичен утре. Имам проблем со несоница па затоа , мали цица само навечер денски не затоа барав плус искуство.
Поголема неаоница од маж ми сигурно немаш, со 2 саати сон беше со недели. Му помогна многу. Прекина да ги пие кога де регулира и си продолжи да спие.
@AngelOfArh секој си знае за себе, инаку јас едвај некогаш и по 1 час сврзам да спијам. Во последно време сум ко зомби но ќе пробам ништо не ме кошта, а чекајте има и едни против стрес . Или дајте нешто на природна база за смирување. Фитиљот ич не ми држи некогаш.
Градот во кој живеам е еден од поголемите во земјава,кој болницата нема ниту доктори ниту инструменти а да не зборувам за лекови.Пациенитите сами си ги купуваат.Кој има пари ќе оди во главниот град по приватните клиники,а тие што немаа само се молат на Господ. Доктор по орл е еден и тоа на работа иди два дена,три седи дома.И секако на повик за итни случаеви,но операции не прави. Сега за дете кога ни требаше доктор по орл бевме на приватно и сеуште таму одиме еден преглед 650,а контролите од 100-400 ден.И недај боже ако треба да го вадиме третиот крајник треба да одиме или Битола или Скопје. На мм во петокот му влезе шпон во око и замислете немаше доктор на очно.Сестрите изиграва доктори...Пак вчера бевме требаше во 11 да дојди докторка од битола каснеше пола сат и во 12:30 си замина пред нас.Докториве работат еден саат дневно и заработуваат цела дневница. Исто така и во другите одделенија,доктори идат од други градови или тие доктори што се ќе си заминуваат во странство или ќе отвораат приватни ординации.Така да здравството наше е катастрофа. Секој сака најдоброто за својте деца,но што е многу многу е за еден обичен преглед 2500ден.да се плати во приватните клиники. Еве сега ние едно одење кај орл 2000денари,преглед,спрејче вакво,спрејче такво,суруп ваков,па таков парите си одат.Кажав една контрола е пола дневница на мм.А контроли правиме на една недела. Трошиме од парите дете што ги собра од крштевката,ако не беа тие мм ќе го обновуваше кредитот.Но само да е здрав и жив. Денеска со мајстор нели имавме проблем со струјата,па наново ја врзуваа таблата.Стариот мајстор направил каша попара. Господ не чувал до сега.
Искрена да бидам чекав да помине бурата, не би ја да солам памет. Само, од некои членки не очекував ваков низок удар. Ваков грип со години ме нема натиснато, се заљубил пустиот во мене, не може да ме напушти Во петокот осетив како е да имаш тт 39, сироти деца како издржуваат само тие си знаат. Да ми кажеше мм да ме тушира ќе го убиев, толку ми беше ладно, мислев ќе прелетнам. Туку, лек некој за сува кашлица? Утрово од многу кашлање се исповратив мислев дробот си го вадам, многу гадно чувство. И нели, кога жената не а арна мажот работи низ куќи Шта да вам причам? За да свари две чинии шпагети го ставил најголемото тенџере (мислиш дивеч ќе динста)кога посолува пола в тенџере, пола по шпоретот и работната маса а богами и по земја Кога тој со право си земал најголемото тенџере, погодете за колку души зготвил? За цело село. И сега, го гледам на жм и крај Тој мене ме гледа нешто меѓу изнервирано (демек неблагодарна)и заљубено (жал му е оти грипот не ми откажува љубов). Го познавам јас него, сака тој нешто Толку со глупости. Малиот подобар. Утре планирам да го пуштам до 12 во градинка. Убав неделен ден жени