@24.07 Знам дека сме од ист град, ама морам во нешто да те демантирам. Не е се така црно како што пишуваш. Еве одам често и во Битолската болница, имаме членки, јас полошо таму сум поминала. На орл нема доктор, да, ама па дека сите одделенија се хаос, не би се согласила. Има прекрасни доктори и сестри кои навистина се залагаат за здравјето на пациентите. Да не ги ставаме сите во ист кош. Ете вас ви се погодило да поминете лошо, но јас последниве години што за нас што за блиски, во сите одделенија појдов и имам пофалби зборови(освен само за еден др од хирургија) Има вистина во она што гл пишуваш, но дека сме ептен катастрофа НЕ. И за орл, секој преглед различно кошта. Ние често одиме кај др.Бојан и иако човекот има досие на ,,груб, арогантен, агресивен,, со нас беше сосем спротивно. Препрофесионално сака да ја заврши работата и никогаш повеќе од 500 ден не ни зеле. Пмс на највиск левел ме тресе. Ноќеска имав и страшни болки во матка ли, стомак ли, не знам и сигурно лев јајник ме болеше, тоа знам. Секогаш кога кмам такви болки, веднаш ме фаќа и главоболка, која еве сеуште трае. Ми варат кафе вкомшии кај братучедот на мм, ама не ми се станува а и имам алишта за пружење. Вечер ќе се гледа Бубамара и ќе се спреми некое тропезивче. Како се викаат тие таблетките за несоница, дај кажете да му купам на маШ, зомби е секоја вечер, само да е нешто на природна база и за стрес уште подобро Убава недела.
@Monella мајка ми често ја фаќа сува кашлица. Што се нема пробано од вино со бибер загреано до амоксиклав,панцев и ништо не и помага освен чај со кромид . Земи еден голем кромид измиј го убаво исечи го на две половинки целосно (не ја отстранувај лушпата) и стави да се вари 10-15 мин така со лушпа. Откако ќе се свари извади го кромидот и конзумирај ја водата во која се варел кромидот. Колку пожежок го пиеш “чајот” толку помалку ќе ја почувствуваш аромата на кромид . Мене тоа ми мириса и додека е топло немам пробано но кога би дошла до ситуација да морам би пиела и тоа како. Затни си го носот и уживај во чајот. Инаку мојот додека беше беќар и живееше сам,мастер по готвење невиден. Додека бевме во врска идев кај него и заедно си готвевме,ме научи домашни равиоли да правам. Ги научил во Казахстан. Готви еден гулаш со модри патлиџани и печурки тенџерето да го излижеш. Откако се земавме абе дали два пати има зготвено нешто за три години брак. Вели па несакам да ти ја уништам слободата во кујна таа си е твоја. За каква слобода збориш бе во брак сме,дигни си го газот изненади ме или треба болна да паднам за изедам нешто од твоја рака зготвено .
Добар ден мајки. Јас на гости кај мајка, па слободно време имам колку да сакам, она ги занимава. Маж службено не е дома, го унапредија, но со тоа и обврските станаа поголеми, па за возврат ни во недела нема да е дома. Како и да е мора да се најди слободен ден, сакаме да отидеме до Бигорски да закажеме за крштевка. Ќе биде напорно многу, но желбата и на двајцата ние таа. За нас Бигорски е со посебно значење, а сакам љубовта кон тоа место да им ја пренесам и на малите. Вчера бев во агенција, во принцип сум смирена личност и не избувнувам лесно пред народ освен пред мм, но вработената во агенција се дрзна да ми попува зошто свекрва ќе сме носеле на одмор со нас. Заклучи дека сум ја носела да ми ги варди децата. Културно и одговорив и само еден бог знае колку сум ангажирана за овие деца, на прсти се брое кога сум ги оставила со баба во овие 6 и кусур месеци. А желба му беше на мм да ја носиме како една благодарност кон неа. Жената море нема видено. И така женички немам што друго да кажам, да не ширам негативна енергија.
@LaDyDoLl Незнам таква ни била среќата се полошиот персонал го среќаваме Вчера додека чекавме на очно одд. Друг пациент кажа внука му била вработена како мед.систра во болницата и сега ќе си заминувала Германија. Исто така имаме куќен пријател ортопед,тој кажува дека болницата била хаос. И ќе отвора приватна ординација.А чоеков хуман кај нас иди на гости цело мало се собира да ги прегледа.Јас не знам дали некогаш спија. Во летото од комшиката внучето ќе се правеше операција на ортопедија,го вратиле дека имале само една анестезија а чувале за нивни човек.Доктор од Кочани ќе го оперираше и да, го оперираше ама во Кочани.Тој нивниот пациент овде ќе го умреле му ставиле друг лек и го пратиле под хитно скопје.Докторот од Кочани рекол повеќе во болницата никогаш. Ние на Орл одиме кај Наташа преглед 500денари со камера +150.+ спречиња и сиручиња 2000.Во средата плативме 300 Ден. + уште едно ново спрејче и уште една доза од антибиотик кој е на приватно.Сред недела сме пак на контрола па ќе видиме колку ќе платиме Инаку докторката е многу фина.
Здраво мајки Неделно по дома. Ама и по болници. Мене грло ме боли нос се затнал. Ме боцкаа и амоксиклав таблети си добив. Малото и тоа пак сируп и инхалации му правам но мн кашла од сабајле и носот со зелени мрсули. Ооофффф значи ќе пукнам. Маж за 2 дена оди на пат. Како ќе се издржува незнам. Само господ да дава здравје на сите па и на нас. Ништо. Ново. Ништо интересно. Сакам да дојде пролет сонце и топло. По надвор да го минуваме денот. Деца дома не се изморуваат. Малото денес заспа во 17ч Па едвај го разбудив за 1 час. Сега да ги бањам па ако сакат нека спијат. Убава неделна вечер и мирна ноќ...
Добро вечер мамаситас Избегнувам да пуштам телевизор дома, малата се лепи одма со погледот кон него, а се’ што е екран, нема шанса да и побегне. Имавме дискусија и со други родители на темава, и некако мислам дека малку несериозно се сфаќа моментот дека детето и вака и онака ќе посегне по екран, ама кога веќе имаш контрола дома, редуцирај. Нема погрозно од сликата - мајката и таткото јадат и си куцкаат на телефон, а малото го забавља таблет и сите се демек заедно. Не сакам да стасам до таму, а знам дека некогаш е неминовно. Дома мириса на средство за паркет, нудлс со кари и чили и Бекутан за алишта. Пишувам нешто за работа и сфаќам дека ужасно многу ми недостига таа дисциплина. Фриленсерство и мајчинство некако е тумач на моменти. Мислев дека ќе се сменам малку енергетски, ама напротив. Се отворам ко божур. Сликовницата ја чекам со душа. Цел свет за неа ќе напишам! Од новитет - напипавме запче. Вчера имаше и епизода со неспиење и кенкање, топло челце, ама се смири. Срце ми е она. Не знам ни да ја објаснам љубовта што ја чувствувам кон ова битие што си ги јаде нозете и прди погласно од четири пензионери. Сакам да ја научам да пишува, да раскажува, да готви, да вози велосипед, да препознава цвеќиња и животинки. Да љуби. Какво чудо е да го гледаш и растеш своето дете! Ем е секојдневна, ем највозвишена состојба. Вчера и читав една книгичка за принцези и место принцези, го изменив цел редослед и контекст на приказната. Подарок и беше за мекици, се прашувам кој тоа мисли дека ќе одгледувам принцеза? Ви се молам, разгалени и еднодимензионални карактери нема шанси да и сервирам на ќерка ми. Може да биде Мулан ако сака до илјада и назад. Смрзнувачка е денес, ама топло во срцево. Кога имаш љубов и здравје, имаш се’. Одам да измијам садови. Чус.
Добар ден/добра вечер мајки. После недела одмор заклучив дека ќе ми треба одмор од одморов. Деца пресреќни, пола ден во вода и во песок се, ние се врткаме околу нив. Стандард, маж изгоре, цел е пликови. Сам си даде прекар потпечен компир. Ние се мачкаме со фактор 50, иако мислам и 30 доста ќе беше, ништо не ни е, он со 85 и е страшен. Се мачка со алое вера и пантенол за изгореници сега. Лани, грција, после само еден ден изгоре цел, тука 3-4 дена “издржа” додека не изгоре, мал напредок. Од сабајле бевме во еден национален парк, па на рибче покрај вода, бањање на плажа, кратко во базентот во вилата колку на еден голем еднорог да му се порадуваат... и сега партал. Тука скоро 17.00 а немам сили да мрднам. Деца одмараат, збираат сили за уште една вечерна рунда, а стариве не ни се мрда. Вчера откривме еден бар/ресторан со маси надвор и дел за дечиња со лулашки и лизгалки. Ќе смогнеме сили таму да се одвлечеме. Вчера пливавме со делфините, штета што е само за деца над три години. Навечер, кога деца ќе заспијат, себично крадеме моменти за нас, за еден коктел на плажа и погледи кои ммогу говорат и без воопшто да кажеме нешто... Еве неколку слики Пријатна вечер на сите
Јас имам две деца и различни оскуства со градинката, Ќерка многу брзо се прилагоди,2-3недели,со синко скоро два месеци се привикнуваме и уште сме на 2ипол часа Ова ми останало... Додјодв да ја прашам @danichap дали би сакала да ме посвои Ќе ти чистам нон стоп,мајке ми посвој ме Деца спијат а маШ само шо си дојде од работа После една недела нечистење денес го светнав станов остана некоја корпа за пеглање ама утре здравје Могли официјално е здрава и утре ќе ја паркирам во градинка,дете полуде дома Ние со синко кај матичен да видиме што е со кашлицата 3 различни сирупи испи и не престанува,незнам дали е можно да има некоја бактерија не сум баш упатена ама ќе прашам утре за брисеви или макар крвна слика Ако завршиме на време ќе тркнеме до њујоркер,маШ решил да ме части Друго ништо,зедов едно поголемо парче торта и ќе учам за возачката Ми е срам веќе да спомнувам за таа возачка аман,година и нешто помина Довиџења
Jas prasav za lunerbata vo apteka mi rekoa ne posto ja dojam kerkickata mi rekoa ne inace zeni pomagajte kako da ja izlecime stafilokokus aureus na vtoriot bris pak ja imase malata vo noseto iako piese prethodno amoksiklav inace vo petok polni tri meseci
@AngelOfArh мило ми е што на некој сум му оставила впечаток тука. Ќе пробам да пишувам повеќе,деновиве малава вирус фати од градинка и во трчање сме по дома. Поздрав до сите тука,ве читам повремено.
Добро утро. Вешто избегнав кавги, не ми се замараше нешто Мајчинството ме промени во тј дел, или тужите работи ми станаат премногу грижа на главава или си имам доволно свои грижи, не знам. Ангел, мило ми е што мислиш дека добро сме извеле со сопругот, иако знам дека е така, убаво ми е туѓо убаво мислење за моите постапки, оти понекогаш колку и да се трудиш да направиш како што треба, не знаеш дали е навистина како што треба. У моментов сум растргната финансикси, а згора на тоа, се уште ме измачува тоа што не оди малата у градинка ради вакцината. Треба да купиме нов лап топ, тој на маж ми е крш, а мора да работи на него. Треба да ставиме ограда дома. Треба да ставиме бехатон у двор. Треба да платиме некои нотари, туѓи долгови... Треба да платиме за доедукација на мм. А саакам да однесам дете на одмор, да види море. Здраво е за неа. Сакам и нови чевли, се ми е искинато и срам ми е. Сакам и ново алиште, а треба и дете да има нови патики и нови алишта, пораснати се половината И маж мора да купи патики за тренинг и утакмици, тие сепосебно. А и сите фармерки му се искинати. Сакам и фризер да платам. Сакам и нова постелнина, кога сме веќе кај луксуз. И некако не можам да се израчувам, да извагам, што прво, што последно.
Добро утро Ова дека сонце пече ама со заби. Уште во 8 вц исчистивпа сега се канам ручек да правам ама имам трошка време за да шкртнам нешто тука. Сите полека ве исчитав ама на крај ми текна лајкови не ставив па само последната страна доби. @gjoker4e Сакам да те гушнам ако си до мене.Ти успеа,се избори за подобро утре. И јас успеав.Кога ќе ми текне кога се роди малата бевме само со моето породилно кое не стигаше ни за кредитот а не па за сметките... Борба беше голема.Сите пари што и ги даваа на малата одеа за ад млеко и памперс.Алишта имав обезбедено Доброто од се тоа е што малата беше бебе и не разбираше дека немаме за јадење.Ама преживеавме и застанавме на нозе.Мм се вработи,јас се вратив на работа,добив покачување и се си тргна како песна. Падови сеуште имаме,ама тоа што климата се расипа и купивме нова или тоа што колата ми ја удрија па ја поправавме не е ништо во споредба со двете години кога немав можност за ништо.До душа сеуште немам маса за јадење ама ако,ке седам на гарнитура ама нема да бидеме гладни. Дури успеав секој денар што го истрошив на малата да и го вратам на сметка. Бидејки никогаш не се предадовме А парите знаете што прават,бришат 20 годишни пријателства. Другарка што ми беше како сестра,секоја минутка ја споделувавме,по 10 пати на ден на тел бевме,во град заедно,е точно таа се дрзна да ми каже дека може да ме купи со нејзините пари.А всушност мажот и е во Германија 3 години,а таа е тука троши на велико и си живее живот.Според неа тоа е животот,да имаш пари.А не и е гајле дека тоа дете татко му не си го знае(има 3 ипол годишно дете). Почна многу да ме понижава и пукнав како тиква.Се изнаплакав,дигнав слушалка и ставив крај. Мене никој нема да ме понижава дали имам да и дозволам на малата.Колку имам толку.А она се трудеше да ме повреди на секој можен начин,као види јас ќе купам од 10000 кола за детето а твојата никогаш ќе нема Може мојата ќе нема,може ќе има... Само знам дека ќе ја воспитам да биде подобра од таквите како тебе! Се истажив мајќи а поминаа 2 месеци од оваа случка ама дури сега почнав душа да отворам. Јас сум имала се,па не сум имала ништо,па пак имам и пак ќе немам...А сеуште истиот сјај во очите го имам и истото срце ми чука во градите. Имајте убав ден
Добар ден! Беба будна, се тркала по под, маршира низ дома, сака се што не смее да фати, па се лути, па оди на врата од спална тропа и со најслаткото гласче на светото вика -дадее, дадее, дадее Ептен ми се сакат ќерките ! А дадето , ох мори мајко! Грлото лом, црвено па и со гнојче... Ова е дефинитивно најхорор вечерта која сме ја минале досега. Ми плаче цела вечер, се буди и ме моли - помогни ми мамо, многу ме боли, не можам да голтнам, едвај дишам! Аххх, ова ќе да е бактерија на грло! НА своја рака дадов амоксиклав, се осмелив да дадам антибиотик во очај да и помогнам. Па ангал спреј, септолете бомобнка , малку чајче... Ја носам на преглед подоцна, нашата матична е втора смена! А само што помислив дека од октомври навака (освен сипаницата) друга болештина сме немале! И да, за викенд ни се случуваат вакви дешавки... ах Марфи, Марфи! Толку сум без сила, поспана, кафето го тегнам цел саат... Ме мрзи, а и расположение на ниво 0. Освен ручек, друго не факам низ дома денес! Гајле ми е, само детето нек ми оздрави!
За црвено грло (бактерија) само Оспен. И Амоксиклавот би помогнал, ама Оспен е поделотворен. Барем кај нас.
Od koja vozrast smee da se dava ospen nie maki macime so stafilokokus aureus dva pati ja imame vo noseto iako I davavme amoksiklav na kerkickata
Ако нема симптоми, само локално се третира. Кој ви дава толку јаки антибиотици за толку мало бебе?! И дали се по антибиограм? Амоксиклавот кај син ми на 4 години даде ужасна реакција, никогаш повеќе не би го дала на свое дете. Бактерија се лекува стриктно по антибиограм, не произволно.
Не знам, најдобро на доктор. Ние сме немале стафилокока, ама сме имале два пати стрептокока во нос. Само со орален антибиотик не ни помогна, испи малата цела доза, пак ја имаше. Потоа докторката ни воведе и спреј/капки за нос плус орален антибиотик (мислам амоксиклав беше) и помина. Не знам дали ставаш капки во носето и дали смее на толку мало. Најдобро консултација со доктор, обавезно. Се сложувам за Амоксиклавот, кај ќерка ми секогаш после него се појавува кандида која потоа мака мачам да ја излечам, иако пие и пробиотик. Не се согласувам за антибиограм. Пожелно е да се направи, ама обично се чека два дена, а има ситуации кога не може да се чека па подобро е да се почне со терапија. Плус, искусен доктор може по симптомите и клиничка слика да процени за што станува збор и според тоа да одреди терапија. Сакам да кажам, за сигурност треба да се земе брис, ама со терапија веднаш да се почне, па по потреба да се смени. Иако кај стрептококи (кои се најчести кај децата) нема утка со Пеницилин, во најголем број случаи делува. Ова ми се совети добиени од докторката и други медицински лица, сепак би требало да се земат со резерва и обавезно консултација со доктор.
Da da imase antibiogram ni dade pedijatarot oti nonstop otkako se rodi bese so zatnato nose dva meseci po red nonstop nemozese da dise uste otkako se rodi vo bolnicata imase kivavica