Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.307
    Допаѓања:
    37.215
    Пол:
    Женски
    Ама ја појше. :lol:

    Не ни помислив дека некој зборот би го сфатил погрешно, а не пак јас навредливо да го пишам. Битно да сме живи и здрави и да се помагаме. Животот поминува со брзина на светлината.

    Со колешката што личен шофер ја носеше со џип на факултет нон стоп се смеевме дека таа е од елитата, а ние доаѓаме со градски превоз и мирисаме на пензионери. Факултетски денови. Ми недостигаат. :inlove:

    @emkaemka Јавно да се извинам ако те навредив, не беше кажано со лоша намера.

    Едвај чекав да завршам на работа да не ми ги соберат играчките од Лидл. Ги има и онлајн ама 5 евра за достава е играчка плус, а Лидл одма до работа ми е.

    Пак ми се јавија за работа. Се ок услови едно друго ми закажа термин одма денес и пред да ми спушти вика дали имате деца, да, колку, едно, колкаво, две години, ах жал ми е нема да може. |( Немало да има кој да ме замени ако барам слободен ден. Се разочарав ама и се израдував што ете има работа. Нели не требаше за деца да прашуваат според некој си закон или ја грешка сум. :^)

    Останатото ќе го задржам за себе. :lol:

    Сакајте се и помагајте. Безусловно! :l: Убав ден! :l:
     
    На orhideea, minneymouse82, ivana--aerodrom и 25 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.424
    Допаѓања:
    108.252
    Пол:
    Женски
    Ама кивавица нормално е да има кога се раѓа дете. Нас така неонатолог ни објасни, дека на почеток е нормално да е затнато, да кива, се со ред. Затоа ни препорачаа да ставаме солен раствор секој ден после бањање. Најди си асален педијатар, нека си го фати детето ко што треба од старт, ако еднаш не делува антибиотик, се менува терапија. Моја блиска роднина не најде чаре во антибиотици и си отиде на хомеопат, година дена го мачеше бебче за на крај да го среди со 15 дена терапија од хомеопат. Исто беше бактерија во носе и очи плус.
     
    На Milaаа991, Seline, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    8.266
    Се враќам од доктор.Цела недела сум на боледување.Грб боли издржливо,шефицата не беше воодушевена кога и реков дека не знам до кога ќе седам дома.

    Синко го фаќа некој револт,некој инат и се оди контра.Па и се треска од земјата.Во градинка пак се врати на фазата дека не сака да оди и од пат кој нормално трае 20 мин. со јавен превоз одиме по повеќе од половина час.Оти несака да оди и се влече по патот.

    Денес леќа за ручек, нема специјалитети.
    Вчера правевме палачинки:mm:.Поточно јас смесата,мм ги печеше.Многу сака да печел и да ги врти во тавчето:D.Ако е таква работата почесто ќе правам,оти мене најмногу ме нервира нивното печење.

    Туку ме изнервира управителката на градинката и ја подбрав и и кажав барем што мислам.Немаше братучетка ми полномошно да го земе и синко и и се јавив на воспитачката и ја замолив дека неподвижна да го дадат братучетката.Жената кај зафатена со работа се нафати и да ни го донесе детето дома,ама управителката не даде.
    А,бев на сличен случај јас присутна каде мајката немаше пишано полномошно,а зеде дете за друга мајка и тоа за да дојдеше со нас на игралиште.Демек имала она полномошно од претходниот пат.Оти таа со мене беше го откажала договорот и со тоа и пропадна полномошното(по мое),ама сплет на околности после година дена пак се врати во градинката и сега старото полномошно демек и важи.
    Нема врска беше изненадена од реакцијата кога и го плеснав ова во фаца,оти не очекуваше и пример да и дадам,ама не попушти и си остана на ставот дека оди само по правилата.

    @danichap како во рај да сте,преубаво(poolparty) уживајте...
    @Mari* не се нервирај,ако сакаш да положиш ќе успееш :nod:.Со две мали деца нормално е потешко.И мене ме фати 1.5 години оти на работа и дете, а нормално е 2-3 месеци.
     
    Последна измена: 25 февруари 2019
    На minneymouse82, Ano, ivana--aerodrom и 17 други им се допаѓа ова.
  4. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.942
    Допаѓања:
    111.864
    Пол:
    Женски
    Понеделник мајки :hai:
    На кој му почнува работна недела нека е со лесно и побрзо да мине, на мене ми е сеедно, јас се осеќам како ден пред викенд да е :rofl:

    Станати со време, убаво појадувани, некој низ нос и кафе испи ама ОК, прошетани и сега кој нани, кој типка |-)

    Бебе у кревет не направил лом од памтивек, епа ноќва беше тој момент :envy:
    А знаев, се препи вода и кога си легнував кај 23ч ми прелета мисла да му сменам памперс ама на тоа остана :doh:
    Се разбуди кај 1 и нешто утоп :doh:
    Он цица, јас го пресоблакам, мислев во секој момент ќе рикне ама јок, дури соработуваше 8-|

    Вчера погледав Буба мара.
    Од никогаш не ми била интересна, па ни овој пат, смешките на Сашко ич не ми изнудуваат осмех, па ни овој пат. Не знам дали е до мене или не, ама така е :smirk:
    Во секој случај убаво, барем нешто и нашиве да направат, па и се трудат, фала богу барем една манифестација врви, сите ги уништија.

    Вчера плус и ѕивра ден :shake:
    Многу ладно бе, ај по ручек кога испадна сончко некако, ама сабајлето беше еднакво на камен!
    Мм реши да ги дружи бебе и кутка 8-|
    Он не верувал дека Беллка ќе го јава, па ја пушти :sweat:
    И вистина, умна кутка, дури легнуваше пред бебе, само троа го подушка и полигави, море она и избега од него, а малово вика, писка, се кикоти и трча накај неа :D
    Ептен беа љубов и убаво се подружија, верувам другарчиња ќе се :toivo:
    И во толку дружби изгубив осет колку сме надвор и колку е ладно, па се сетив кога на бебе носето видов дека стана чешма, за секунда и ќе се омезеше со мрсулите да не му ги зберев :tmi:

    Денес ладно, ама помеко, за наша среќа го фативме и сончко пред да се скрие зад облаците :sun:

    Едвај чекам да стопли убаво, па по цел ден да дремеме надвор.
    Плус дома ќе ми остане чисто :tmi:
    Бебе е како ураган кога ќе мине низ дневна!

    Голем дел од играчките ги наредив во детска и таму се, не нешто ги мкне и разнесува, но оние за редење се во дневна, обично навечер тоа правиме, епа како за беља нели баш тие имаат по 10 и више делчиња |(
    Навечер читаме и книги, па едната полица ја расчистив таму да стојат, ама мора секоја вечер да ги разнесе по цела соба, дури не ги разбута сите не е раат :D
    Инаку јас сабајлечки или по ручек раскревам, навечер па и никат.
    Еве сега уште е лом, ама немав кога, не ќе крадам време од прошетки за собирање коцки, плус кога на крајот од денот пак ќе се вратат со седиште низ цела соба незнам ни дали има смисла да се замарам со раскревање :smirk:

    Не спомнав, рамките за слики оддамна ги стокмив, ептен убаво испаднаа, но никако да им најдам место каде да ги закачам :?:
    Сабајле ми се сони на еден ѕид каде веќе имам нешто наредено и ОК таму, ама па од таму тие ствари каде би ги носела :smirk:
    А некој ќе помисли ѕидовиве се наччкани со слики и ствари, а тоа едвај на некој нешто обесено :rofl:
    Ама немам гз да реметам чист ѕид, а вака и празно изгледа можеби, ама не знам ни дали сакам да изгледа полно :wasntme:
    Ептен сум на тешки маки :whew: :D

    Немам друго што да кажам, а може и не сакам.
    Да изиграм животите на Кенди и Сода, па таман ќе куцне час да будам бебе, па потоа денот иде даље..

    Убав ден и гушкате се :hug:
     
    На minneymouse82, Ano, snegulkata и 23 други им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    Аман бре жени. Едно две само се врти моабетов на тоа како се во МКД не чини, а како надвор секаде не ружи да цветаат туку кога врне дожд долу златни парички паѓаат. Све функционира беспрекорно, никаде никаква грешка нема, мед тече по улица, млеко од фасади, улиците се од чоколадо и се како што пееше Бранко Коцкица на времето.
    Јас сум од тие што успеале во животот според мои критериуми и тоа во Македонија без партиска книшка, со многу труд и пот. Сум живеела и во странство како дел од мојот труд и пот да успеам па знам како е (не е како Бранко Коцкица што пееше). Никогаш не го отпишувам тоа странство како опција во животот, ама не би одела по секоја цена туку само ако тоа значи баш напредок во кариера и навистина поубави услови за живот на моето дете.
    Кој, како и зошто оди е големо прашање, само некако ова помодарствово ми е чудно и смешно.

    Ај поарно што го промашив викендов за пишување.

    Најбитно е секој таму каде што си е да си се чувстува убаво во своја кожа. Ако си сам со себе на чисто секаде ќе ти биде убаво, ако тебе место не те држи тогаш цел свет тесен ќе ти биде.

    @gjoker4e не би смеело никаде да те прашаат за приватен живот. Тоа се смета за дискриминација.

    Инаку викендов го фативме лаганица. Цел викенд си се посветивме на нас тројца. Игравме со дете, шетавме надвор. Е само тоа ми смета кај нас. Плачеме дека воздухот е загаден а во Сабота на чист воздух само ние и уште тројца со деца сретнавме на прошетка во парк кој е прилично фрекфентен. Е да дуваше ветер и ладно беше. Па што? Дете се изнаигра ама цело време прашуваше каде се другите деца? Јас па не знаев како да му објаснам каде се. Нејсе во Недела имаше повеќе деца па се беше ок.
    Денес со плачки отиде во градинка зашто сакал уште да трае играњето од викендов. Душичка мила.
    Инаку носот му е пак затнат се надевам дека нема пак да завршиме со бактерија туку ќе останеме само на вирусот што очигледно го „заработил“ од некаде.
    Јас со прилично работа ама некако немам идеја за едно делче што треба да го напишам па губам време на форум додека ми се склопуваат коцките во глава.
     
    На minneymouse82, Ano, ivana--aerodrom и 16 други им се допаѓа ова.
  6. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Одење во Систина елита?? вие стварно веќе не знаете што да пишувате .
    Па и уште сте разврзале цел викенд дискусија за тоа:?:
    За болници бе мајки ? Тоа е исто како коа ќе прочитам(слушнам) како сум се порагала во приватна ,па скапо па вакво па таков. А бе луѓе уште 5 пати ако треба ќе се порагам во приватно, ниту ви брцам во џеп ниту ви зимам од ваше купче. Нема многу да се навраќам околу таа дискусија не ни сакам да зборам за тоа НО за своето дете не размислувам,го носам кај што сметам дека е најдобро.
    Најинтересно ми е кога вака по теми има караници, одма сите активни членови се уклучуваат, бранат, се расправаат во име на особа Х. :|
    Не заборавајте дека ова е само форум , не земајте се здраво за готово. Ретко кој лик си ја пишува виситината тука.
    Едно време уживав да го читам форумов а во последно време е баш безвезе. :x
     
    На orhideea, minneymouse82, ivana--aerodrom и 19 други им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    17.551
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Се канам да пишам еве веќе скоро три месеци :D:hai:

    Добро бе мајки на две и повеќе деца со мала разлика што не кажавте дека ќе биде така тешко на почетокот :worried::worried: се шалам

    На моменти се чувствувам како мајка на близначиња на едно пелена на друго пелена едно го нишкаш друго нишкаш,среќа едното цица а другото не бара (facepalm):sweat::sweat::|
    Во болница со малото останав малку подолго 5 ноќи 5 најтешки ноќи.Прв пат го оставив малото толку без мене,две ипол години ниту еден ден нема промашено да спие без мене.За маката да биде поголема карши мојата соба во Чаир беше апартманот а во него жена која има синче колку моето.Секогаш кога ќе го видев како доаѓа со татко му држејќи го за раче мене душава ми се параше ;(;(;(
    Кога излегов никогаш нема да му го заборавам тој поглед тие очиња.Којзнае што му се вртело низ главата тие неколку дена знам дека само ме гушна и така на рамо ми заспа.:inlove::inlove::inlove:
    Е дома почна лудилото....Јас таква агресија немам видено во живот он тргни накај мене дур го дојам малото јас ќе речам полека бебето да не го повредиме а он од инат фрли се легни врз него. :punch::punch::punch:
    По кого да трчаш ова го чуваш го пазиш во раце тоа плаче се треска.Ајде помина таа агресија па почна фазата на гласнооооо пеење тропање со играчките и викање.Не ни е скроз надмината фазата ама каде каде е подобро
    Најголемата мака беше што ова бебулево постојано беше на града а тоа со мене сака да спие.Е кога тогаш не полудев тој месец ипол веќе не полудувам.До пубертет после не гарантирам.:rofl::@

    Малово е право ангелче ги има најубавите сини очи и дефинитивно косичка за извоз.Нели викав дека потајно сакам ќерка...Епа овој син не би го менувала ни за 100 ќерки:inlove:
    .Го обожава бато,каде е бато таму он се врти ма врат по него искриви.Во секој случај е помирно бебе од брат му ама па добро како брат му се раѓаат две до три деца во милион.:devil::devil::devil:
    Малото во болница си заработило не една две бактерии но што е тука е за некој ден ќе видиме што сме направиле се надевам барем едната бактерија ја снемало.Ако од нешто не сум задоволна во Чаир тоа е педијатрите и првиот и вториот пат :ninja:

    Е сега многу се сакаат дури големиот не трга нигде без бебо.Се враќа се фаќа за транспортерот да не го оставиме негде.Ги гледаме со мм и си викаме види сега во каков сојуз се а замисли понатака.:bandit::bandit:
    Со маже сме ептен уигран тим се поделивме он со големи ја со мали,а кога доаѓа големи кај мене он го превзема мали и така во еден магичен круг.Ние двајца време за нас никако не наоѓаме ама знаеме дека се ќе помине се ќе се смени и ќе има време и за нас а и за Себе .(waiting)
    Можеби долго време потиснував во себе,не паничев што големи не зборува ама сепак ми стоеше како грутка во грлото.Колку и да пробуваш да бидеш опуштен кога ќе видиш дечиња помали од него како сврзуваат и цела реченица не ти е сеедно,ма не што не ти е сеедно и душата те здоболува.:u:
    Сака нешто да ти каже се трудиш од петни жили да го разбереш и тоа кај него резултира со дополнителна фрустрација,преминува во трескање и плачеше.Е тоа мое дете конечно почна да кажува по некој збор,секој ден се повеќе.И да кажам се топам малку е.Обожава да гледа реклами и само повторува.Од дете кое седеше врз сликовниците и несакаше да ги види стана дете што се радува највеќе на сликовници.Ги носи една по една и читаме цело време.8)
    You tube го укинавме начисто веќе три месеци нема седнато ни минута на моб.Знаеме да пуштиме на тв да погледа ама во секој случај не ги гледа тие глупи ср*ња.

    Имам уште многууу да пишувам ама немам ниту батерија :mp: ниту толку :o: време.
    И покрај сите маки солзи нервози пак би поминала низ истото и не би се покајала.Сега е тешко и напорно ама кога ги гледам еден до друг како го гушка гали и вика ооооу бато бато душава ми е преполна.Сакам да растат заедно да бидат постојано низ животот еден до друг да се сакаат и подржуваат.Ако успеам така да ги воспитам а ќе целам кон тоа ќе бидам пресреќна.
    Имајте си убав ден жени(hollest)
     
    На ma4e1311, orhideea, minneymouse82 и 33 други им се допаѓа ова.
  8. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @simona_baby секако е тешко. И јас,ние поминавме низ истото. Прво болници па немаше кој да го чува поголемото а најтажно беше кога доаѓаше и ме влечеше за рака ими викаше ајде мама дома.
    И тоа помина.
    Па кога големиот излегуваше надвор сам а јас дали дома бебе да држам или надвор да трчам... Не да беше тежок период туку страшно. Не ми се плачеше туку ми се рикаше и викаше.
    Помина некако.
    Сега се најдобри другарчиња си играат и се бараат он стоп.
    Само сила и трпение и ќе се издржи.
    Голема е љубовта. Многу сила ни дава.
    Еве спијат Моиве. Денес дома сите.
    Ќе ме истерат од работа
    Ама што да правам кога децава ми се болни
    Здравјето на прво место. И јас ич не сум добра. Грло ме боли страшно.
    Спремам маж за.на пат.
    Тоа е.
    Убав ден на сите.
    Малее колку кашлаат. Дајте рецепт за сируп за кашлица ама не тој со кромидот. Големиот кашла суво. А малово влажна кашлица.
    Значи полудечу.
     
    На orhideea, minneymouse82, sunshine2015 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Скоро цел ден излезени :sweat:
    Од сабајле први кај матичен,ни брис ни крвна слика
    Дијагноза бронхитис :(
    Терапија инхалирање со физиолошки раствор само :wasntme: (се извинувам ако не се вика така )
    Не знам што е полошо,дијагнозата или терапијата
    Дете повеќе од месец кашла и инхалирање само со физиолошки :|
    Само да оздрави,ми се смачија болестите

    Дури бевме вград зедов на ќерка пластелин и уште некои ситници и дома
    Едно кафе испив и продолживме да земеме дете од градинка и во другиот град :$
    Нас не остави маже впарк тој некоја работа да заврши
    Деца се изнаиграа таму,прв пат онака долго да издржат на едно место
    Ќерка аи најде жртви (две девојчиња по 10-11год) и не ги остави на мира :D
    Кутрите не знаеа како да избегат :rofl:
    Не знам дали ви имам кажано некогаш ама Могли воопшто не се срами и оди кај секој :$ без разлика на возраст таа оди се поздравува кажува име,презиме и дека е 2 год и им се тупнува на сите
    Во ред што нема срам ама не знае да им се тргне од врат
    Имаше и едно детенце мало па бараше вода а мајката не го слушна па ова ја тапна по раме и и вели јас носам
    Ојде и брцна во количката кај детето без прашање и и даде вода :tmi:
    Многу ми беше непријатно,верувајте,многу се усрамив
    И велам стално дека не е во ред тоа и таа упорно ги повторува некои работи
    Многу е тврдоглава и на моменти не разбрана
    И така...
    После паркот бевме њујоркер и деца здивеа,беа преуморни веќе
    Зедов нешто без везе колку да не излезиме празни и заминавме
    Ќе одиме утре додека Могли е вградинка

    Ми се пие кафе,да пуштам едно лате и да чурнам едно

    Имајте убав ден :hai:
     
    На orhideea, minneymouse82, sunshine2015 и 28 други им се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    34.217
    Пол:
    Женски
    Добар ден... убав сончев ден со заби беше сонцево :sun::sun::sun::sun:.
    Но ете сепак цел ден бевме со мали надвор се вративме и печевме пиле со компирчиња.
    Мали цело го бараше на маса и само тоа си мезеше после некое време му дотекна и за компирите.
    Срцка е кога сака, а кога сака се претворува и во мало ѓаволче.
    Но ќе помине и тоа па ќе ми фалат овие слатки мали малки.
    Како велат мали деца мали проблеми големи деца големи проблеми.
    Неекогаш денски неможам да постигнам се а тоа се случува кога не сака да преспие.
    Туку не ви се испофалив викендот другачка ми се омажи толку од среќа како јас да се мажам па и некоја солза радосница пуштив :lol:. Ептен сум среќна за неа ептен.
    Мм е опседнат со тоа што сака се да ми оди по газот некогаш дури и ме нервира тоа негово однесување:P.
    Како Мари што вели за нејзината лепотица и мојот е исти на сите се кажува како се вика од каде и на кого е муабетчија невиден е за срам ич нема. Најчесто глуми продавач во малската продавничка срцка е , а и продавачката му ептен оди по газот најново е што кажува дека ќе оди за Америка ..... што знам можеби еден ден и тој сон ќе му се оствари:inlove:. Како велат внимавајте што посакувате еден ден може ќе се случи чудо:wasntme:.
    Тоа е ново уште нема во текот на оваа недела дури ма два родендена сме еден од сестра дете друг од золва дете и така се на се пак ттошење на големо...


    Туку се спремате ли за 8 Март?
    Најчесто што си подарувате?
    До колку одвојувате од вашиот буџет , и дали само на мајка,сестра,сна,свекрва давате поклони или и на уште некои блиски пријателки?:makeup:
     
    На minneymouse82, Ano, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам на кратко.

    Ние се поднавикнавме, и на климата и на временската разлика, ама малово малку потешко. Цел ден и цела ноќ плаче. Најчесто без потреба. :envy: А јас не можам да станам. Грбот, половината не ги осечам, колкот веќе 2-3 дена ми е укочен и згора на тоа ми се лоши буквално од се, цееел ден. :puke: Со првата бременост не знаев шо значи лошење ама сега ми наплати дупло.:( Термин за преглед дури за 2 недели. Не можам да дочекам да слушнам срцева акција и да знам дека е во ред.
    Малово се научи да се качува по скали. Па цел ден трчам по него горе-долу. Не знам како не му се смачи. Конечно заспа пред малку, па не сакал со мене, со тата. Мене ми одговара. :lol: Веќе не се држи в раце, не знам како ќе се научи да заспива сам. Ај засега не е проблем, ам после со поголем стомак? :(
    Сега оваа мака, после друга. Ама ајде само здрави, живи, друго ќе издржиме.
    Кафе немам пиено 1 недела, ми се пие ама знам само од мирисот ќе ми се слоши, па да не ризикувам. :)
    Поздрав мами
     
    На orhideea, minneymouse82, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.942
    Допаѓања:
    111.864
    Пол:
    Женски
    Аииии што е ова :o
    Јас у сред пладне, ајде ОК пред пладне 11 и 50ч е сте оставиле да послужам кафе и да поклопам добро утро со добар ден ^_^
    Кафе :coffee:
    Торта уз кафето :^:
    Пица можеби? :pizza:
    А во кафето може некија ќе сакака и кап, кап.. :d:

    Ден мајки :sun:

    Станати ептен со време и без будење, со тон насмевки, кикотење, закачкање ме разбуди бебе :inlove:
    Се помоливме за доручек, кој последниве денови го јаде исклучиво плус со соленки, значи јас бутам лажица, он бута соленки :tmi:
    И низ врата :toivo:

    Бебе не баш беше фит и расположен за шпартање, но тоа му е :lol:
    Бевме до продавничка, низ двор со кутката, на тераса на лулашката :sun:

    Пред некој ден он дури се лулаше јас ја замивав терасата со црево, па сега го начека, ја фати прскалката стиска ли стиска и никако да укапира оти не му тече вода, па почна и да вика и да се лути :D
    Се снима и повтара, веќе е ред да се пази што се се прави, а богами и јаде и збори :sweat:

    Да не види дека шушка некое ќесе, одма се лепи до тебе и бара да земе и он. Ако е нешто што му фаќа око може ќе принесе у уста, тоа ако е солено или наполитанки, ако не пак е интересно, зима и растура. Хит е и да земе, пушти на под и да гази, па се радува на моментот (facepalm)

    Вчера татко му дојде со ќесе портокали, кога се обеси да му даде, па може пола саат го шутираше како топка :tmi:
    Па му го зедов и го лупевме да јадеме, епа нормално нејќе ни да фати, нити да проба, ама се уврте на кората :^) па пола кора ја напика во едно количе, стиска, гмечи со прстињата, па вика уф уф, се изнарадува што направил, па ја вози, ѕирка во напиканато, ако подискочи кора он враќа.. супер, ние за тоа време пиевме кафе :inlove:

    Задутре сум на забар, пак ми се скрши заб :^)
    Веќе се загрижив што биднува, втор за 2месеци ми се крши, ако бидне и трет ќе почнам да паничам :(
    Треба да одам и на некои контроли и бебе е на некое контроли ама се одложувам ради веќе не знам ти што, иако паника има само по форумов, не и во реален живот, шубе ми е :smirk:

    Некоја праша за поклони за 8ми :f:
    Си подаваме со мајки, сестри, кума и плус ако некоја знам дека ќе ја видам и дента ќе подадам нешто.
    Оваа година освен мајка ми, другиве ќе ги решам на пластичарска со послужавнуци, подлоги за топло и не знам што ти не за домаќинлук. Мајка купила едни фини стварчиња за сестра, па ептен ми паднаа за око и решив тоа, плус за евтини пари, убави поклони :lol:
    Шминки, за бањање, козметика, тракаташки се е изредено, епа ете годинава тоа.
    А на мајка не знам или од таму ќе си одбере или некоја маичка, блузичка може да и купам :)

    Јас од истите добивам, значи имаме нати го, дај ми го |(

    Мм лани ми купи тренерки, кои и не баш ги погоди, горната некако, ама долните куси и се испоизвртеа, но ако реков да се мењаат носот до плафон ќе го качеше :tmi:
    Оваа година ако ме праша веќе имам смислено што да кажам, но ако не ме праша се надевам ќе избере нешто како што треба (fingers)

    Најверојатно никаде нема да идеме, па најверојатно и ништо нема да купам да се дотерам :^) а видов еден тексас фустан и суќња, една блуска, кошулка, но може да ги купам ама за ,,онака,, (lalala)

    Тоа, ајде да поиграм игриците и да будам бебе, па ручек и на шетање.
    Дури пишам 12.25ч стигна :lol:

    Убав сончев ден, гушки :hug:
     
    На ma4e1311, sunshine2015, TarantulaA и 25 други им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.005
    Добар ден мајки...
    Излегов изутрина надвор,ладно камен.
    Средивме низ дома,доручек и ручек за малата,каснав јас,пиев кафе и облекувам потенкиот скафандер на малата,излегуваме надвор,шок...топлотен удар.
    Една фотка низ трева,назад да соблечиме скафандер,облековме јакна и саат шетавме.
    Омилена игра цртање со стапче на земја.
    Собирање каменчина,лисје и сл.глупости.Влечкање по земја,кубење трева.
    За секунда заспа.
    Да мине ручек и кај моите ќе одиме оти скиснавме дома.
    Ако некоја сретне убаво жолто фустанче,нека ме извести.
    Убав ден мајки...
     
    На ma4e1311, minneymouse82, Coco31 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.942
    Допаѓања:
    111.864
    Пол:
    Женски
    Секоја пролет во Окаиди ги носат најубавите жолти фустанчуња, информација имаш од прва рака бидејќи сум заљубена во жолта боја :l:Верувам и оваа ќе има нешто, не сум била за да знам сигурно
    Сакаш кога ќе идам, да ѕирнам и да сликам?
     
    На minneymouse82, duffi, Carpe Diem New и 5 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас сакам. :wasntme:
     
    На 24.07, Sexybaby86, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.005
    Сликни Емче...сакам малата во жолто фустанче да ја дотерам за крштевка...ја обожавам бојата и на неа преубаво и стои.
     
    На Melinda85, VedaG10, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добар ден!

    Не сум пишала одамна, ве читкав на трчање ама доста и пропуштав, затоа само последната страна сте лајкувани, извинете ме, доста страници има. Се пуштав поретко само ако треба некому нешто да пишам или слично, односно јас сум си постојано онлајн, така сум и на фб а речиси не го отварам. Еднаш ми пишала една пријателка со која немам чест контакт во 4 саатот наутро абе ти спиеш ли некогаш и јас се будам и читам дури во 8 часот, дури и објаснив дека сум си стално онлајн, се осетив ко да не ме разбра баш.

    Едни слики кружат деновиве сигурно сте ги виделе сите, со телефоните во рацете де родителите, де децата, како невидливи, искрено се пронајдов и решив помалку време да сум на интернет. Секако дека е тешко, ама не сакам детето да ми има таков жален поглед и да ме гледа во врвот на очите а јас ни да го приметам дека бара внимание. Страшно е како се расипаа односите со овие нови технологии.

    Па и времето е прекрасно, скоро 20 степени кај нас и сме нон стоп излезени, ми фалеше сонце, уживам дури сум во некое паркче, малата се игра весело, а јас уживам покрај неа. Знам дека ќе ми скисне и сонце и песоци до крај на лето ама сепак поарно си е и за расположение некако.

    Градинка си врви, неделава се маскираат децава, едвај чекам да ја однесам таква во градника на денот кој го одредија. Детево зборува како возрасно веќе, срцка ми е, ја сакам најмногу на свет. Знае и да ме изнервира нормално, почна и јадења да пребира, ама нема се подмачкано нели.

    Видов пишувавте за темата дека некои членки ја напаѓаат Македонија, па имаше некои препирки и навреди, сакав нешто да напишам повеќе ама веќе искрено нема поента. Само ќе кажам дека според мене се е индивидуално и се зависи од тоа каков живот си имал во Мк и со која цел си тргнал во странство.

    Друго немам многу што да кажам, ручек имам од вчера, за малата се крчка, реков од петок официјално ја вклучувам во нашиот систем на прехрана, па нема не сакам, мора да се навикнува, нема сигурно да ја учам и кога ќе порасне посебни специјалитети да и правам.

    Убав ден!
     
    На orhideea, TarantulaA, emkaemka и 25 други им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    28.562
    Здраво мајки!
    Цел ден отварам тема за да пишам , два ред па ги бришам! Не можам да доловам колку лошо се осеќам. Големата кека има мононуклеоза! Убавини! Ова ќе трае, нема да мине од нога како и секој вирус...
    Знаете дека ми се плаче? До толку сум крш со психата.

    Што да кажам друго, ладно многу па дома со деците се гушкав. Пластелин игравме, Росица читавме, коцки редевме... Цел ден разделувам деците да не се гушкат и бацкат... а свесна сум дека е невозможна мисија. Од големата на малото да не се пренесе! Играчки дезинфекцирав, едни во садоперка други во машината за алишта, трери со алкохол ги минав ! Време за ручек не остана, едвај компир салата направив ,па нек комбинират со нешто од фрижидер.

    Ајде чао! Нек биде мирна ноќ за сите!
     
    На orhideea, Kitten, emkaemka и 23 други им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Поздрав мајчички.

    Си дојдовмод работа мртва уморна. Едвај чекам времево да се оправи и денот да е долг. Колку и да сум уморна, шетањето надвор ме опушта.
    @emkaemka и мене забиве хаос! Цел месец поправам. Па и излегоа некои за вадење нерв, а бе мислам скапав на заболекар. Имам уште 2 за средување и ме фаќа мрза. Ама ќе стегнам заби. Бар да беа близу, па на едно да ги решев. Вака еден горе, друг доле, не ми иде 2 анестезии. Значи уште 2 пати одење |( некако партал ми се направија во бременост.

    Бебе главно е во маало :inlove: Ќе ужива во градинка. Ептен е дружељубива :inlove:

    Ајде да и давам да јаде.

    Мирна ноќ мајчички :)
     
    На Melinda85, orhideea, emkaemka и 25 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    Добар ден/добра вечер мајки

    Изгорени како ракчиња лежиме на спална. Маж уште држи рекорд, ние некако поиздржливи. Денес, во момент на очај, додека бев во една работилница ви склоп на курсот кој го посетува детево, он си купил целосен костим.
    Како тие нуркачките, со ув заштита 50. Па сега раат, цел покриен. За право беше малку скептичен од старт, сто пати препраша како женско да не бил(ова слободен превод, он не се изрази така фино:tmi:).
    Јас нее, какво женско, многу си кул:bandit:. Па му се мафтало напред во тоа панталоните, па го убедив дека со црн шорц врз тоа нуркачкото уште по кул е:bandit:.

    Едново дете го апнало нешто на плажа, среќа нема реакција. Другово дете приметив како поткожно тртче зад увото. На допир не ја боли, ама од што би се формирало таму такво нњшто...кога ќе се вратиме на лекар да одиме.
    Март, за нејзе, имаме термини кај еден куп специјалисти, не сакам да мислам што не чека назад.

    Секоја вечер му држам говори на мм колку е убаво човек да пушти ќесето, не само штеди штеди:tmi:. Синоќа му покажував на мапата каде е Сеешел :tmi:.
    Догодина, ако пак уплатиме нешто, ќе ви кажам дали имало ефњкт убедувањето:rofl:.

    Има едно како бара, со фламингоси. Да собереме сили до таму да се одвлечеме, и да го заокружиме денов.
    Деца кога ќе заспијат њден час за нас со пивце покрај базент или коктел на плажа.
    Убава вечер на сите:d:
     
    На ma4e1311, orhideea, Ano и 33 други им се допаѓа ова.