Stavav prvo solen rastvor posle efedrin pa amoksiklav sirup piese kerkickata pa se mikrobakt taka nekako e masta sto ja mackam okolu noseto I nizita sprej za nos
Мајки овие два дена малата ми е изгор во главчето и црвена во обравчињата. Ова се случува повремено па престанува па пак се повторува но нема температура,само главата и е топла. Вака си е весела,нема промени на расположение,не е плачка. Од што може да е ? Можно е наскоро да и никне забче па поради тоа да е ваква? Нема уште ниту едно.
Мала помош ако може. Бањањето ни е хорор со малата поготово косата, со мм заедно ја бањаме оти нема шанси само еден пробува да бега. Уште некое време ќе мора сам па ми текна одамна негде видов дека има едни како чадорчиња на глава шо се ставаат каде можам да најдам такво или нешто слично?
Здраво мајки , Ајде на несче со млеко од кокос Ладно е ама превкусно . Ние ја поминавме вакцината.Малку температура, малку плачки ама помина. Сега со апетитот се бориме ама ќе се врати во нормала мојот батко Од 1 Април почнува со градинка, и ептен сум среќна.Мислам дека ќе ужива. За 8ми Март од кога е роден син ми, правиме честитки и купуваме цвеќе. Давам на свекрва,мајка,две баби и снаа.Порано купував шминики,парфеми,марами,накит, ама веќе не. Цвеќе секогаш ми бил најубав подарок за 8ми Март. Секогаш многу сум сакала кога ќе видам како дечиња прават честитки за баби или мајки. Како помала јас мнг правев . И еве сега со син ми заедно.Убавина Оваа година ептен ни се штосни честитките. Кратка сум денес, многу работа Убав ден мајки
Добро утро мајки. Бебе цица па да напишам некој ред. Ве читам редовно ама нема ништо интересно за да се напише. Вчера бевме на Водно малку да искористиме сонцето и слободниот ден на мм (нареден не се знае кога ќе биде). Бебе се наспа во количката, сигурно 2 саати најмалку спиеше. Сега за сега ја обожава количката, си прета, си гледа наоколу па ќе си заспие и под саат време спиење не е во количка. И тоа е добро зошто преку ден не спие ич 3-4 пати по 20-30 минути и толку, ама па затоа цели ноќи ги спие. Бебе наспано - мама наспана . Денес ако се врати мм порано ќе одиме да гледаме кујни и гарнитури, уште тоа остана да се смени и после раат да си бидеме. Блиски другари ќе прават свадби еден по друг во септември па мора и за тоа да се зачува нешто . Бившата ми најдобра другарка денес слави роденден. Ептен бевме блиски порано ама откако останав бремена почна да ми љубомори некако и со време се тргнав од неа. Не ми дојде ни на свадба, се нема јавено ни за бебе. Се видела со мајка вчера и и рекла да ми каже на торта да сум одела . Не беше таква порано, ама желбата за дете ја променила скроз. Бебе се нацица, па денот официјално може да почне. Убав ден на сите, тмурново време да не ви го расипува расположението
Чек да пишам за 8ми март. Минус да не ми пишете Реков лани на никој не купувам, па така и ќе биде. Само на мајка Се друго е отпишано веќе. Кој како сака нека сфати, не ми е за да ми дадат нешто, него што не им ни текнало. Лани бебе мое беше 3 месеци, па на сите им купив. Они време немале. Е па немам ни јас. И така. Ајде убав ден
И јас не купувам на никој само на Мајка ама тоа ке биде посебен поклон и за неа и за татко ми. Не стигнав за неговиот роденден ништо да му купам сега таман за двајцата. Планирам слика од бебе во рамка,да си го гледаат,двајцата се спобудалени по него. Може и на сестра да и купам некоја крема. Другите две нема да добијат ништо,чим немале време за бебе да купат нешто па зашто да имам јас за нив. Или па сакавме ова ама немаше,има друго де
Сте се изнапишале а кафето кај вие?? Никој не понудил Ајде од мене денес кој што сака Ве читам секој ден ама паметно немам што да пишам. На работа сум,луѓе смрзнав,коски ми се тресат. Мислам дека ако врзам пингвин до мене,ќе падне во несвест од студ. Синко и мм дома се вардат.Јас прва,мм трета па не се ни гледаме. Кога сме кај 8 март купувам секоја год за мајка,сестра,тетка ми свекрва ми и од лани и за јатрва ми. Од првите три секогаш и добивам поклон,од свекрва ми никогаш ако 7 години по ред и давам покол од неа ни каранфил не сум добила.Не верува таа во поклони и за џабе фрлање пари.Ама кога ќе и дадеш поклон аааа не требало,не требало и насмевка од 6-ка до 6-ка Јатва лани беше збунето изненадена дека доби поклон па излезе попладнето и во првата продавница од све за 99 ми имаше земено спакувано едно со 3 ствари внатре.Темно кафеави мрежа хулахопки,кармин сличен на тие од времето што ќе се намачкаш и не излегува цел ден од уста,ќе седиш ко со ајвар изизмачкан,и една сенка имаше внатре. Хулахопки ретко па и никогаш не носам не па таква кич мрежа,така да хулахопките неславно завршија во играчките од син ми,облака и пресоблака едно мече со нив,а шминките кај внука се,ги шминка куклите со нив И годинава пак исто ќе земам за сите по нешто симболично. Буџетот толку ми дозволува. Сестра уште пред некое време кажа дека и се свиѓа едно парфемче па него ќе го добие,за мајка некоја блуза,за тетка ми најверојатно новчаник бидејќи ги губи па нон стоп нема. А за свеки и јатрвче ќе размислиме што Одам јас. Бидете ми поздравени
Ај здраво и од мене, убав и мирен ден да имаме сите Синоќа се преплашив од овие епидемииве, де на морбили, де на грип. Сакавме со мм да го прошетаме бебо во Кочани за Прочка здравје, едвај го чекаат сите мои блиски да го видат. Вчера читам 4 случаи на морбили таму се појавиле, ќе си пукнам. И сега не сум паметна што да правам? Ајде и да не одиме сега за празникот, ама до кога да го чувам само дома? Мислам дека и на него му здосади во станов веќе, цела зима полудевме Овде пак, грипот сите ги покоси, и не го мешам со народ. Не канат на родендени по игротеки, културно одбивам дека уште е мал. Не знам дали само до мене е, што читам овде по форумот, или и надвор од дома луѓето се вака исплашени? За 8ми март купувам на мајка ми, најчесто книга, бидејќи обожава да чита, на мајка му на мм и земаме некое цвеќе или колекција, исто и на сестра му. Баш ми е на ти го- дај ми го, и обврска ми е голема. Сега со бебо не знам како ќе имам време да бирам и купувам, а не се ни замарам искрено. Туку, се мислам за Младенци здравје, мора ли да се чека/слави? Работата е што и кумовите и старосватите се младенци годинава, сите лани се омаживме/оженивме и секако нема да можат да дојдат. Татко ми и брат ми уште ќе се во Австрија, и ќе треба само мајка ми да дојде, на мм родителите и сестра му со маж и. А со тие луѓе и онака се гледаме еднаш во неделата. Не сакам да спремам, немам време за ништо со бебо, и стварно ќе ми биде голема обврска тоа. Да им кажам на сите дека нема да славиме? Друго немам што да ви кажам, се надевам болештиниве ќе стивнат наскоро, и да имаме мир сите. Ај поздрав
Да им кажеш. Нека си дојде мајка ти дента за ручек и напрајте едно живели. Ем ќе ќариш ручек. И јас лани за младенци се нервирав, не сакав ништо да правам. Само со родители бевме.
Ние не славевме младенци и воопшто не ми беше незгодно да им кажеме дека не славиме.Со мм си излеговме тој ден се изнашетавме си бевме и на вечера.Свекрва ми не можеше да се помири дека не славиме сто пати праша е како бе така...Е така убаво ако си собираш гости ти со нив да си славиш.И зошто не беше испочитувана нашата желба кога се прибравме дома се поздравивме само со гостите и си отидовме кај нас во соба.Ич да не им се замараш поготово со мало бебче
Мојата се чудеше зашто воопшто нешто правиме, не знаела што да ни купи (а празен стан имаме) Па не ни купи, рече пари ќе ни даде, па не ни даде. Наоштрена сум и периодов
Поздрав и од мене. Деновиве со работа, ама некако добро се чувствувам. Завршив едно делче што ми тежеше ептен па сега сум порлаксирана. Во Март ме чека напорен месец ама не вреди од сега за тоа да се замарам. на тема 8-ми Март, јас не ни имам кому непто да купувам. Само на мајка ми и свекрва ми им купувам по некоја ситница и тоа баш ситница и толку. Со снаа ми не си менуваме поклони, а и јас не сакам да добивам непто поклно за тој празник. Плус сите почнаа да ми чеституваат 8-ми Март откако добив дете. И тоа ептен ама ептен ме нервира. Значењето на денот 8-ми Март е тотално извртен кај нас. Е сега годинава ми е само мисла што да однесам во градинка како поклон. Прва година ми е и не сум баш упатена во тие работи. Жените се навистина топ, презаздоволна сум од нивната грижа и работа со детето па би им дала нешто за фала, ама не знам што. Ќе смислам нешто. Инаку дете пу, пу да не го урочам се опоравува од мрсулите полека, полека само со Синомарин, Тонимер и два дена Оперил во нос. Се надевам тука ќе останеме и ќе биде подобар, ми се смачи од вируси, бактерии и слично зимава. @happygirl бебето слободно секој ден вади го на воздух да не бидете затворени во стан цело време. За одење во Кочани јас би одела ама би се мешала само со ептен блиски луѓе и не со деца (кои се најмногу изложени на ризик да се заразат со морбили). За младенци ако знаеш дека нема кој да ти дојде нема поента да славиш. Ќе се договориш со сите што ти се блиски да се частите по повод младенци некој друг ден што на сите ќе ви одговара и толку. Убав ден на сите.
Добар ден Јас до второ кафе дојдов денес а едно е како х3 иначе не знам како би преживеала повелете Могли маскирана како еднорог замина во градинка Кога зедов телефонот ми рече оу ман,оне фото (оу човек без сликање ) Морав да ја испочитувам и да заминеме без слика Ќе пробам кога ќе се врати Со мали се инхалираме не ми стои на подобро утре треба кај матичен да се јавиме за да го известиме како е па се надевам ќе ни даде нешто соодветно за болеста Тој по цел ден си го носи цревото за инхалирање и се занимава со тоа,се дури не дојде моментот за вистинското инхалирање Уште половина час треба да одам по дете и ќе прошетаме малку Време прекрасно,секој ден сончево и сигуро 16-17° Кокичиња на сите страни права пролет Покасно ќе одиме и кај лулашките дека за утре видов дожд најавуваат Треба и да чистам,ќе дојде еден деугар на мм од Македонија и ќе остане неколку дена па да средам малку И за перење имам многу со тоа ќе се насоберат и за пеглање... За 8ми не купувам за никој,среќа па далеку се сите За добивање ако се сети маже ќе има и некое поклонче Мада што кај нас важи одбери што сакаш подобро него ли да ми купи нешто што не ми се допаѓа И цвеќиња мразам... Толку од мене,да нахранам дете и да одиме по дада Имајте убав ден
Фала @tincemajmunce за кафето, убаво си го погодила баш по мој вкус Ќе си земам и едно парче од пицата, грипот толку ме истошти што последната недела не личам на човек. Одсекогаш сум била слаба ама ова веќе не ми се свиѓа. За 8-ми март не знам дали ќе поклонам ама затоа ми поклонија веќе. Мм ми ја купи ,,фамозната,, електрична четка за фенирање од лидл, синоќа пробав да си направам некоја локна и не е лоша само ќе треба прво да си ја скратам малку косата. Синко подобар, го однесов утрово во градинка само ме загрижува што не сака да јаде како претходно. Ќе го земам порано за да не седи гледен таму до 4, дома ќе инсистирам. Вчера се пожали пак на болка во увото, требаше да почнам да му ставам еден спреј во носот како превентива од болка во увото арно ама, треба да биде потполно здрав ( да дише слободно со носот). Спрејот се вика РИНОЏЕРМИНА и мислам дека е произведен во бугарија само што овде цената му Го има некој користено? Ако го почнам ќе треба да го давам седум дена во месецот, три месеци по ред. Еден има важност само 7 дена Се мислам што да готвам. Дете не сака да јаде ништо, јас не сум ништо поарна а маж е на диета. Реши човекот ќе се топи трчи, вежба и само се огледува, некако нема трпение @Ava.84 што се случи жено? Почнаа книгите да ти се поинтересни од друшките
@Nikita7 имаш во авон мислам исти такви на др местп низ ск не знам каде можеш да најдеш. Дојдов да почастам торта за еден голем принц на тета денес полни 3 г. Прва среќа и неизмерна љубов. Колку само бргу поминува времето да се чудиш на лето и мојот палавко 3 ќе наполни а секогаш кога ќе го прашаат колку години има одговара со 5 ептен бргу му се расте на детето. Ново нема вчера за прв пат беше во игротека синко значи топ си помина беше главен фраер. Инаку прашав за 8 март за поклони но не се изјаснив. Првата година кога се земавме со маж на сите им купив поклони но не добив од сите. (Као немале финансии, аха да јас со последниве пари им земав па не се жалев а тие се немаат) Лани намерно не им земав ништо а и онака маж не беше тука само на мајка ми сестра ми и баба ми им земав многу убави тави. Оваа година као демек ги поправивме односите со "на мм страната" ќе мора поклончиња пак. Ама овој пат ќе ги решам со ситници од Авон исто и онака не се мн замарам ако им одговара ок ако не нека си ги препоклонат на др гајле ми е. Само на мајка и сестра ќе земам нешто поубаво и по корисно. Ах да заборавив и на мојата баба омилената баба ќе и земам исто нешто корисно,не тракатанци . Отидов со мали на шетња плус ќе ручаме во кафана сами денеска така ми легнува на срце а после вечерта на роденден кај нашиот батко!
Здраво женки Денес ваљда ќе стигнам малце подолго да пишам, па и да пооговарам , успав бебе, големото во градинка, најголемото работи од дома во друга соба. Конечно и тој и големата женска добија свои соби, да се намали напнатоста низ дома. Тој сега си има соба за работа, да си има тишина, а големата дада едвај чекаше да се прави важна дека таа има само своја соба за играње, а сестра ѝ нема и мора уште да спие со мама и тато Не дека не ни доаѓа сред ноќ уплакана да спие меѓу нас. Здравје, кога ќе биде готов нашиот стан тогаш ќе имаат заедничка соба па ваљда ќе спијат без да доаѓаат пошто ќе си бидат друштво една на друга. Освен комоцијата што ја добивме, станов ми е слаба тачка зашто не ми е по ќеиф... Слаба дневна светлина, купатило без прозорец, кујна без аспиратор... Затекнав и многу работи од кои сум запрепастена. Машината за перење е стара колку и мојата а закоравена како да е три пати постара. Бигор еден тон кој освен со рачно стругање нема средство кое би го разложило. Во вратичето за прашак начекав вода полно до горе во делот за омекшивач. Женава (свекрва ми) не ни знаела дека вратичето се вади за да може да се исчисти и си ставала омекшивач во водата Кога го отворив можете да замислите колку беше запушено, талог црн и мрсен, стар 5-6 години, срмди труе Одма тркнав до дома да земам од таблетите што ги користам во перење, малце да им ја "обновам" и отпушам машинава. Малце ме плаши дали мојата дома ќе ми ја одржуваат како што треба изгледа ќе мора и сама да правам контрола. Покрај тоа што во станов се живее 25 години и многу ситници и спомени се во прашање, јас и кога живеев 30 години кај моите не сум дозволила да не направам генералка барем еднаш во 2-3 години и да прочешлам сѐ што има по фиоки и плакари, и да фрлам тоа што не се употребува. Тука многу од плакарите се само натрупани со стварчиња и има такво безредие, да сум сигурна дека не ни знаат каде што им се наоѓа и дека воопшто го имаат. Вчера ја средував кујната, си ги донесов моите зачини и теглички од дома што ги користам, и заглавив буквално цел ден чистејќи и прередувајќи. Најдов разни типови брашно со изминат рок веќе две години, пакетчиња на пакетчиња исти зачини забутани на повеќе места, многу неотворени и со поминат рок. Верувам дека ради забутување се купувале нови мислејќи дека немаат. Незнам само после чистењево дали свекрва ми ќе ми биде благодарна или ќе ме мрази Исто приметив дека немаат ниту еден асален сет од чаши или шољи, сѐ е распар. Незнам дали јас сум пицајзла за вакви работи, ама срам ми е на гости да им ставам кафе во различни шољи. Во план ми е постепено во следниов период да им поткупам нови, а тоа што не чини да го фрлам. Нема смисла сега и тоа да селам, а сум оставила убави шољи и чаши за користење, ножеви, тавчиња... Тука во ништо немаат инвестирано со години и години Да искоментирам уште за машината за садови... Купена и употребена дали 5 пати, во моментов блокирана со фрижидерот. Не разбирам зошто Денес ќе ја одблокирам, пошто со години пекам за машина која немав каде да ја ставам во малиот стан. Мислам доволно изоговарав, а? @danichap позади увото има многу лојни жлезди, не би требало да е нешто посериозно, лимфните се подолу, под увото. Баш ви завидувам на фламингосите ако ги видите, а и на одморчето, јас сум летно дете Завчера стигнавме од зимување и искрено ќе си кажам- зимување и ладно време не е за мене Никогаш не сум скијала и кога го гледав народот околу мене во тоа скафандерите, по цел ден на скијање да ги шиба ветер, се прашував како ли уживаат А и големава моја женска неможевме да ја натераме да одиме на санкање, ни викаше-нејќам да се санкам, сакам на базенот И таа е летно дете, ептен се приметува. Само два пати во 7 дена бевме на санкање Откако стигнавме пак малово качи температура. Од никаде ништо. Еве трет ден со т. и никакви други симптоми. Се си мислам да не сме ја преладиле таму. Во врска со приватниве болници сакам да кажам, ситиот на гладниот не му верува. Секој си гледа од свој аспект. Можеби "елита" не е правиот збор, но во нашево државиче со народ кој живурка со мали плати, Систина и било која друга приватна останува на "богатите" или ај подобро да кажам на оние од висока средна класа. Преглед хитен еднаш во неколку месеци се преживува, но редовно лечење, да бидеме искрени сите, е прескапо. Сите мислиме најдобро за нашите најмили, но и во државно здравство (кое го плаќаме секој месец) сеуште има добри доктори. За 8ми март купувам само на бабите, прабаби веќе немаме. Секогаш е нешто симболично, ако знам дека им е потребно нешто, ако не- саксиско цвеќе. Воспитачките од градинка добиваат по еден цвет. Јас за овој 8ми од маж ми барав да ми купи телесна и кујнска вага Ми требаат и двете, барем една да добијам која никако да дојде на ред да ја купам. Права домаќинка @tincemajmunce ме изнасмеа со пингвинот За ладното татко ми вика: пунолетни пингвини падају у несвест Доста тегнам локуми, да станам да пружам некој веш. Луѓе, уште 15 дена сум домаќинка Чао породилно!
@TeddyGrey така и ќе направам изгледа @JoyJoy го вадам надвор на воздух секогаш кога е убаво времето и нема дожд или ветер. Ама пак сами двајцата си шеткаме, мм е на работа, тој не дружи викенди на прошетките. Ќе размислам пак за одењето кај една е мајка, ама како што сум паничарка осеќам дека нема да одиме. Кој ќе ги слуша другарките, и така ми се лути што досега не го виделе Ама ништо не е поважно од неговото здравје, фала Богу