Не е дека сит на гладен не церува, туку дека се лепат етикети. Иронични етикети. Како јас на тебе да ти залепам некоја глупа етикета дека детево кај матичен го носиш. Те земав трбе како пример и карикирам за да ти ја доловам поентата, која и многу не ја сфатија
И ние мака мачиме со бањање. Посебно коса. Кога сум сама само газе мијам, Иначе ќе ми избега. Пак прва на состанок , си седам и си чекам. Колку ми фали дете кога сум на работа треба да има градинки у секоја институција. Мразам кога ќе речат рамноправност меѓу мажи и жени. Нема и не може да има. Да ги видам они да седат на состанок со бебе у стомак, кое мава у дијафрагма и молен меур у исто време. Да ги видам со преполни гради како одат на работа, додека тече млеко од едната града а запишуваат што кажал директорот. Да ги видам после цела ноќ доење да прават извештаи. И да мораат да бидат убави, со средени коси, на 10ка штикли, и добри во работата како колегите кои пувале цела ноќ. Не сакам рамноправност! 3 чекори сум напред.
Сончев ден, а сѐ што посакувам се црни ролетни и удобен кревет. Не знам како на толку црнило во душава уште го гледам сонцето надвор. Пијам чај од бел слез, затоа што имам некој секрет на плуќата, ме полудува. Цело време додека дишам ми свират градите. Никако не можам да го искашлам. Може и тоа да ми е на психичка база - како што ми било лошењето, киселините и гадењето (тоа според мајка ми). И маж ми кога ме слуша како свирам во градите и него му е на психичка база. Ај. Нека е. Си вријам и си собирам, а понајмалку ми фали уште тоа на сите нервози што ми се собрани и ми вријат во мене. Еве од утре лошење, кашлање или не, ќе се вратам на работа. Оти према мерките на другите, не смееш да седиш дома и да здивнеш. Повеќе се засекираа дека не сум пешачела. Дека дебела а трудна. И ако поседам и не пешачам готово. Поминав една бременост така - со милион предрасуди дека бев дебела, и милион претпоставки во тој поглед. Освен нервози и плачки, сѐ беше во ред. Значи можев и без нервози и плачки. Тоа ко еднаш една особа што индиректно ми објаснуваше да сум одела пешки на работа дека блиску било (зима, почнував на работа од 6.30ч). Индиректно алудирајќи на тоа дека со пешачењето ќе ослабам. Понекогаш мислам дека највеќе од тоа избегав - од неможноста да се справам со туѓите наметнати мислења, кои се тука да ти висат над глава, а при тоа со комплетно промашена поента, абортирана можност за дијалог. Едноставно - никој не сака да те сослуша, а секој има потреба да ти го сподели мислењето за ситуацијата, и уште така, не сослушувајќи те, да ти го наметне она што си го мисли. Драга моја, толку работи ме мачат, ама ти си презафатена да ги слушнеш, облеана со потребата да го свртиш светлото и да се качиш на сцената, да ја украдеш публиката и да го раскажеш твоето патење. Барем тргнете ја лажната скромност дека се грижите. И дека ви е гајле. Не. Човек се раѓа сам. И заминува сам. Факт. Тешко на тие што не го сфатиле тоа порано. И што вака како мене идеализираат заедници, меѓучовечко подавање раце, бивање едни за други тука... Не. И да - ако сама не си помогнам, никој нема да ми помогне. Единствено што ме мачи е што оваа идеологија се коси со моето сваќање дека никогаш не би сакала ова да е размислувањето на моето дете. Сакам да сум тука, да слушам, да разберам. И се гушам од таа дуалност. Како да се оддалечиш, а при тоа да останеш човек. Како да си добра мајка - со стискање заби и потиснување сѐ во себе, или со работење на себе и на својата психа со цел да си среќен родител кој на своето дете ќе рефлектира само среќа.
Мојава на секое идење кажува како гледала нешто, ама не знаела дали да купи. Се мислев, не знаев за број, па дали ќе го бендисате.. Буквално на секое идење е муабетов. Не знам веќе како не и е срам. А само прашува кој што и купил. Леле колку убави патики? Кој ти ги купи? Тато, мама, баба? Последно и викам кај мама можеш да завршиш. Само мама и тато купуваат
На последната изјава ми текна на твојата и се изнасмеав Кај нас е битното моите дали купуваат и што купуваат Последно и е бев во Џамбо сакав лавче да му купам ама немаше Татко ми вика што не купи тигар Битно подалеку сме една од друга и многу ретко доаѓа истера некој си адет и толку беше
Мене не ми ни треба да ми купува. Мое дете. Јас треба да обезбедам. Ама ме живцира тоа потенцирање нон стоп. Сакав, ама.. па и прашува (демек неа). Кој ти го купи ова? Ја интересира дали се моите за да се мери.
Добро ден Идна сваќе @Monella другачките пред сеФала што ме мислиш Вчера пишав пост не го пратив денес исто Ова од утрово. Малата ја однесов на градинка.По патот се радуваше на новите садалки и само викаше тате купи. Кога ја соблеков вчера гледам на малите прстиња плуски.Ми се стемниМислам од чизмите, а мм вели сигурно од сандалите нив ги носи по цел ден.Па отиде муж после работа и и купи нови. Па сега кога и ги споредив 24 и 25 број исти ми беа на големина. Ај ќе видеме после до душа другите чизми и ги облеков. Малата цело време се мама мама.Ама за делење комплименти само на тате му дели.Вчера го гушка и гали оти немаше брада му вели тате сладок А мама? Дете Си велам оти личиш на тате затоа, ќе си родам јас друго па ќе видете вие кој ќе биде зус(сладок) До 8ми Март имам уште 4 термини додека да дојде.Два на заболекар, на кожен, на гиниколог, ако не ми дојде пошто ми доаѓа се порано Денес малата има заболекар во градинката.А другиот вторник маскембал и појадок од родителите.Ја пишав со леб тоа беше слободно.Ако имам време може и нешто да направам блачко или пуканки Е сега 8ми Март ,добивам поклон само од муж.Инаку порано давав на свеќи и на мајка.Кај нас во нашата бундес земја прва година 8ми Март е празник неработен Видоа луѓето само кај нас 5-6дена празници па ставија уште два. 8ми Март и во Ноември не знам ама кога. Така да може еден продолжен викенд, муж да частиСкромна сум нема што Вчера убаво украсиле во градинката со изработки од децата.Закачиле еден лист со дете со раширени раце и пишува" Шарак" го чекаме со нетрпение болното детето да ни се врати и да си играме заедноО не во нашата група има шарлак.Одма поврзав со хенд фуд мунд ама не после доле прочитав дека шарлакот бил бактерија се лечи со антибиотик.Која среќа од цела градинка баш во нашата група Моментално се враќам од работа преубаво време.Утрово беше магла . Шефот ми вика леле кој ќе прегледува сега тестови ,а златно време надвор.Јас му викам шефе јас ќе ви помогнев ама не знам германски .Еве го ми носи тест и вика се бројки е не ти треба германскиПогледав малку и му викам досадно е ова јас ќе си одам Си одам јас и ми вика ако оди си ти јас ќе си седа тука тажен и ќе си гледам тестови, а надвор сонце.Па му реков и вие можете надвор да бидете земете си го столот и прегледувајте ги тестовите надварИ си отидов На работа така ме фати носталгија по малата што си велам сакам еден ден ништо да не правам и да си седам само со неа и да ја гушкам и бакнувам додека не каже едно милион пати доста мама Сега ќе видам што можам да направа да не готвам и да шетнеме со малата со велосипедите. @TutiFuti тетка сваќе среќен роденден на внучко да е жив и здрав и голем да растеПрво ме збрка викам нели беше и зетко во јулиПа после сватив Убав ден мајки рефератчиште пишав
Здраво Чекам секој момент да заврни дожд,зошто секогаш кога ги бришам прозорците секогаш врне. Денеска денов помина,а ние со дете окапавме дома цел ден со чистење и готвење.А и времево не беше баш за шетање. Вчера дете и мм се чуваа,а јас бев излезена во град.Си купив едни хеланки и фармерки,сакам уште кошула да си купам и некоја спортска блуза,но немав време ми затворија продавниците.Но затоа седнавме на кафе само женско друштво.Дома кога стигнав ме дочека расфрлани сите можни играчки на сите страни,остатоците од што вечерале оставени на маса.Прв пат ова ги гледам инаку секогаш биле примерни. На темата 8 март подарувам нешто симболично колку што ми дозволуваат финансиите на мајка,снаа,тетка,свеки и комшиката што ми е како мајка/баба.Добивам исто од нив и плус од маже,но откако станам мајка.Е тоа и мене ме нервира што празникот е извртен,ама тоа. Незнам дали само кај нас е така или и во другите земји? Мм му купил на дете облека за Прочка од супер мен.И цел ден еве го облечен е во неа не сака да ја соблечи. Бил мм во три продавници истите биле,една величина,а на дете стварно голема.Сега треба да го однесам на шнајдер да го корегираат. Да прашам овие се перат,се пеглаат на декларацијата не пишуваше ништо. Утре ќе одиме на контрола на орл,се надевам времево ќе биде убаво да шетниме низ град. Имајте убава и мирна вечер со вашите сакани.
Камо кафе мој ред изгледа Добро утро Омилениот дел од денот,уште мали да заспиеше и ќе беше комплетен Си ја сакам тишината МаШ спие,сабајле дојде од работа и до 10ти е на одмор Милион планови имаме,само да ни се погоди времето Прво за реализирање ми е зоо обожавам да одам таму ама прекрасно е,во склоп на шума со мноогу животни, со доста од животните имаш и контакт си шеткаат меѓу луѓето Едвај чекам... Однесов дете во градинка и пијам кафе Мали ми се шушка околу стомакот,значи му иде време за спиење Да заспие и да почнам со чистење Се надевам до вечер ќе успеам се да средам Мм ќе го задолжам за шетање деца,и денес е сончево Попладне ќе мора и кај матичен да се оди,на мали кашлицата ко да му се влоши некако Толку ми е мака за ова дете не можам да ви опишам Од како е роден,за овие 15 м дали 3 месеци е биден здрав и без терапии Што е многу,многу е Се мислам да земам нешто за имунитет само што немам идеа што да барам во аптека Или посекако и јас сум за на доктор па ќе го прашам мојот матичен Се надевам тој ќе ми помогне... Друго што би ви кажала,го избегнувам делот со уморот и не спиењето дека ми е мака и да пишам околу тоа Ми недостига бебе знам дека само си умислувам ама навистина ми недостига Би сакала уште едно ама не би можела Бегајте да бегам.... Довиџења
Ај добро утро и од мене.... Ако пред некое време се жалевме како јануари не исцеди, сега викаме кога летнаааа и февруари Синко и мм по машки обврски, до пазар, до бербер и на доручек ќе оделе. Јас наместо да искулирам, реков да зачистам раат па после да бидам слободна да го искористиме сонцето. Ќе излеземе со синко низ маало, тој со точак, јас ќе пешачам. Аааа и да се пофалам, со малку заострен режим сум скинала 2 кгр. Не се познава на мене, ама од утре уште помотивационо и построго почнувам. Какви пролетни фустани и кошулки има по излози, мора да стегна заби и да го стопам ова сало кое ми прави проблеми. Деновиве зафатена бев и со подготвување маска за Прочка за синко, уникатен ќе биде со неговата луда желба Спремивме и материјали за честитки за наши битни особи, баби прабаби и другарки(повозрасни) на синко. Секоја година изработуваме сами. Поклони за 8ми март давам на прабабите,мајка ми, снаа ми, вујна ми и едена ружа на стрината на мм. Мм не е склон на изненадувања, не го бива, еве ти пари купи си што ти треба вели, и никогаш ношто си немамкупено, со надеж дека бар една година ќе се сети еден цвет да ми купи. Утре ден за мартинки. Се ставаат ли мартинки во ваши краеви на рачињата на децата? Кај нас за тоа е задолжена бабата на мм. Она секоја година спрема конци, плете и му става на синко. Дошол скоро 11 а кафе не сум сеуште пиена. Ќе канам една пријателка уз друштво да пијам. Убав ден.
Морнинг лејдис. Ова де добар ден дошло више. Ова морнинг е пишано сабајле додека пиев кафе и мислев на раат ќе се спремам за на работа и ќе ви пишам пост. Ама синко стана,мамо ми се моча,мамо млеко,мамо ова,мамо тоа мислам дека ми звони во уши мамо,мамо,мамо по цел ден мамка за се и сешто. @Mari* фала на кафето,добро ќе ми дојде,со оглед на тоа што сабајлешното низ нос ми излезе. @LaDyDoLl ми ислезе пред некој ден на фб,жено какво сало,каква дебелштина.Баш си секси мама. Купувај слободно од пролетните кошули и фустани и Ајде доста ви досаѓам,одам да поработам нешто ме гледаат на камера
Како сте женЦки? Кафе испиено, доручек (портокали) изеден.. Бебе спие во раце,мама на фемина. Лошка е станата. Ми брца во нос и уста по цел ден,ама во нос баш онака со прстето буричка и ми го тегне. Коа цица почна да стиска со непцето колку има сила. Ми ја тегне рамката од бодито со сета сила, па коа ќе ја пушти.. сигурно сте искусиле како боли Бај д веј, споделив во соодветна тема ама да се пофалам и тука, го имаме првото забче Мама го виде прва, па да легне породилното и ќе и купам златна нараквица и некое бело фустанче Која радост е, ма цел ден ја бацував вчера и и ја отварав устата да го видам пак,и пак,и пак .. Осанитот многу ни помогна,речиси и да не осетив некоја нервоза при пробивање,така да ако имате по кој да нарачувате, ич да не се мислите! Многу им олеснува. Друго, сака да стои исправена. Ја држам додека да фати рамнотежа и после си стои сама исправена на гарнитура. Ма сака и да оди дури. И ја тргнав подлогата која “глумеше” џампер на дубакот, и ја фаќам за раче за да иде по мене, и почна да прави чекорчиња. Прво наназад одеше, сега се усовршува полека и напред да оди. Ја фаќам под раце(под пазуви) и одиме од дневна до кујна секој ден. Луѓе, чекорчиња ко возрасен човек има Жива и здрава, мислам дека ќе прооди за скоро, дека нема да лази. Додуше,поим нема од лазење. Го крева газето само и гледа дека неможе да мрдне,па ја мрзи да се мачи и си легнува на кревет. Абер и од вртење нема, едноставно ја мрзи и кенка за да ја кренам По цел ден “татата” вика, па и се “подналутив” зошто не вика и “мамама” и и реков дека штом Тата го бара, да си оди со него на работа,он нека ја расправа цел ден И друго да си се пофалам, диетата што ја практикувам даде одлични резултати, и 7мото килце оди во заборав (уште 0.5 ми фалат) Од вчера и маж ме дружи, ма со мерак му готвам и спремам одвечер само и само да не киксне. Ама нема, го знам јас Бебе кај и да е ќе се буди, па ќе шеткаме малку.. ако дозволи да ја седнам во количка секако. Пак дава отпор Останете добри
Ne ne sum mila jas ja imav istata taa bakterija ama pred mozda 8 god I ja izleciv togas I posle nemav nikakov problem so brisevite
@tincemajmunce Фала на комплимент, ама ти дефинитивно ме имаш смешано со друга членка Далеку сум до совршеност, или до она што сакам да бидам, а тоа се бар -10.
Нема врска пред 8 год. Треба ти и маж ти да направите брисеви од нос. Може и вие ја имате бактеријата, а немате симптоми и само му ја предавате на бебето, а тоа мака мачи.
Ај добро утро! Ви пишувам со грутка во срцето. Додека купував појадок во Кам ми влезе едно девојченце дали имаше 7г, очигледно нит оди во школо нит ништо, едвај облечено во нешто тенко ми побара лепче да и купам. Секако мислев уште нешто со лепчето ама она замоли за паштетка, земав 2, и едно кремче кутивче, кремсир и зденки, малце благичко и едно сокче, ајде викам нека подели со братчињата. Не сум ја видела досега. Излегувам надвор ја гледам со мајка и се радуваат, се потргнува, во на мајка и скутот бепче, свиткано сирото во ќебе и заврзано со каиш некој. Оф душа ми се стегна. Ја прашувам бебето што ти јаде, цица ли, ми вика немам млеко, не му давам ич никакво, каши само. Останав подзината! Бебето има 4м а веќе му дава да јаде рендан патлиџан, малку ориз вика ако имам и еден компир, што најдам тоа. После решив да одам до Кам да купам уште некои работи храна за нив, пелени, за детето каши и овошје и зеленчук, млеко ќе земам од ДМ 2 кутии, мене ќе ме чини 2000ки ама немам срце да ги гледам така, ќе ја замолам само да не седи надвор со бебето и големата дадичка. Не, не сум богата, ама решив дека 2м ќе издржам на помалку пари, нема да правам нокти и да купам нови балетанки, со ланските ќе поминам, ама они ќе бидат сити бар една недела. Душа ми се распара луѓе. Ако ме превеслала мајкава, нека и е на душа на неа, јас не можам да ги мислам повеќе. И од уште нешто сум исплашена деновиве, оној Момо, се ми е во мислите, не можам ни да спијам. Како бе не може никој да му влезе во траг, да го исклучи, па деца од памет вади. Језиво е. Недајбоже да му излезе на детево ко што е извадено од памет деновиве, има да биде куршлуз. Сакав уште да пишувам ама излегов во меѓувреме на пауза и ми изветреа мислата. Имајте убав ден!
Добар ден девојки! Денес сонце надвор пука,убаво топло,а мене некоја таква мрза ме фати,ме мрзи масана од доручекот да ја раскренам. Деца размрсулавени,се надевам малава нема да фати ништо.Така ти е кога февруар се прави пролетен месец, сите надвор,и после пак си го покажува своето име сечко,нели.НАлет и јас сум малаксана некако,главава како да ми ја стегнал некој. Замор е знам. Навечер ми се повраќа од умор.Помош само од мм, кога е дома,а воглавно не е.Така да се е на мене.Имам и некои болки во стомакот,а немам уште добиено.Ќе одев на контрола,не сум ојдена уште од породувањето,срам да ми е.Закажав пред некој ден,ми се јавија да не одам дефект имало. Ќе најдам време другава недела.Само деца да се арни ,аман.Мразам мрсули,кашлање и темература,ексик. Поарно немирни но здрави. @AngelOfArh тој Момо не знам кој го пушти, страшен е.Пред него беше една бабичка грени,страшна исто.Имам деветгодишно дете и секој ден се водат борби што се прави и колку време се минува на нет.Кога ја видов таа грени имаше забрана од месец дена.Ама светов за пари се прави.Патем,браво за гестот, тебе ќе ти се врати тродупло добрината. Инаку,обично и јас пред КАм,сретнувам такви деца,не сум од Ск ама ете,незнам тука се врткаат. Јас почнав некој режим,мислам намалив малку во обем.Би ја држела и УН ама се плашам за млекото.Да ја заранам малава па после.Ми е жал,алиштата кога ослабев ми останаа неизносени,одма бременост ме најде . За осми март сте пишувале,јас купувам за мајка ми и за свеки нешто симболично и по еден цвет ако се најде некој да сретнам тој ден,тетки стрини и слично.Добивам исто од нив. Последниве години пари.Ако поарно ххихи. За учителката на син ми купуваме заеднички подарок сега за сега.Мислам дека заслужува.Цел ден е со нашите деца,ни ги образува,чува па и воспитува ако не се баш воспитани.За сто денари во годината што ќе покажеме внимание ништо не е страшно.Некои претеруваат, злато и сличноСреќа во нашето одделение сите сме скромни семејства.Има да,такви што имаат многу повеќе,но разбрани се мајките дека некој можеби нема. Денес си закажав третман на лице,па се радувам на саат време за мене.ЌЕ се повозам малку сама низ град хихи.МАж нека скренува дома/ Ручек денес не им правам.Супа и јајца ке спржам.Е ,ме мрзи де.Имам право на мрзовден нели.Утре први март.ЛЕта време. Убав ден!! п с која диета ако не е тајна
Поминало времето за редактирање,сакав да кажам и дека кога беше прво одделение син ми учителката ни испрати подароци за сите мајки.Рачно направена малечка рамка од оние шаренине стапчиња декорирана со стикерчиња и слика од детето.И букет од хартија од детето направен.Тоа ми беше најубав поклон искрено и секоја и чест за гестот и за пари кои ги издвоила.