мамички, Сакав да отворам нова тема но бидејќи темава е најпосетувана реков тука да пишам. Ќерка заспа,јас по неколку испиени кафиња фатив да прередувам во гардероберот, двоев во кутија купишта нејзини алишта кои веќе и се мали,да ослободам простор. Бев одлучна нејзините алишта да ги чувам за второ дете,па и за спомен ако некогаш си ги побара да види колкицка била. Реков чекај,во фамилија имаме две бремени жени,на нив ќе ги поделам,ќе им бидат потребни на бебињата. Уствари што има да мислам за бебиња кои си имаат родители,сигурност и дом. Тие ќе си бидат згрижени,ќе си имаат родители, ќе им купат предвреме како јас што купив се,не се крстев на подароци. Колку бебиња има напуштени,јас со мојава секој ден по нешто ново преживувам де грчеви,де паѓање,па неспиење,па играње,па прдење, од што прдна? Што и дадов последно за јадење? Станав експерт за гомна,де зелено,де жолто,де кашесто... Но неа има кој да ја нишка,да ја гушне,да и даде топлина,да ја претопли мислејќи дека и е ладно а оние кои се напуштени од родителите? Кој ги гушка нив ? Кој се грижи за нив? Јадат ли редовно кашички и кој ги храни? Кој ги теши или се оставени на “cry out” ??? Милион мисли ми поминаа низ глава,седнав и почнав да гуглам СОС детско село,не,таму се поголеми... Дојдов до дом за доенчиња и мали деца Битола. Се јавив,ми кренаа,голтнав кнедла прашав дали е ова дом за доенчиња. Рекоа да. Имате ли потреба од гардероба,немам многу но би испратила по некого да ви донесе колку толку. Жената рече да,секогаш имаме потреба,но ретко ни донираат. Реков кога можам да испратам некого за достава. Рече било кое време работиме постојано. Си спакував се и му пишав порака на маж ми “Утре одиш за Битола”. Ми враќа “Зошто,што бидна сега,кого имаме во Битола? “. Реков ќе ти кажам дома. Сакам да ве охрабрам сите кои имате алишта кои вашите деца ги имаат израснато. Не ги чувајте за спомен или за второ трето дете,само да ни се живи и здрави па пак ќе купиме,ќе се скрпиме. Нашите имаат кој да се бори за нив. Напуштените немаат. Одам да си легнам додека бебе спие
Аххх колку те разбирам... Во близина сум и знам. Страв ми е дете да изнесам. Да седам дома со него на ова убаво време, зошто??? Од страв дека ќе не нападнат?!?! Не знам веќе каде да се реагира, ми се плаче дури .. @vitamina којзнае ти колку трауми имаш.
Јас неколку пати дадов,ама после нив одма на цице ја ставав. Може и од мене да се смирувала а не од Осанит.Како и да е, ги кренав. Мака не видов со првово запче, дајБоже и натака исто да тераме. Одлучив да не давам. Педијатар пред форум,сепак
@Ava.84 сваќе на 10 март,за една недела Денеска времево права пролет,а јас утрово се разбудив со ужасна главоболка која не ми помина ниту со витамини,ниту со апче. Ноќеска не можев да спијам кај што мм хрчење,сега и дете го придружува.Мм кога и да го затресам престанува ама дете тек дури после 2 часа престана да хрчи.Па имав кошмари поврзани со дете...и ни заспав ни одморив. Добро е што мм од работа си дојде кај 10, па заедно со дете шетнаа до маркет,низ населба играа во двор....Јас ручек спремив и сите полегнавме на кревет како сардини,отстапиме два часа. На мм му се јавија за работа приватно, замина да се договорат,оттаму ќе оди на пиво. Дете се заигра со пластични чаши,правел кафе. Вчера на орл добро поминавме дете не плачеше,беше многу мирен додека траеше прегледот.Дел од спрејовите и антибиотик ни го прекина,сега ни даде нови две спрејчиња да ги користиме 3 месеци.А на контрола за еден месец. Се надевам мм дека утре ќе биде слободен да шетнеме до град кафе да пијаме а дете да се натрча. Имајте убав викенд.
@Chanell* еве за таблетите https://www.colgate.com/en-us/oral-...e/why-teething-tablets-should-be-avoided-0915 @Petra777 мора некаде да се реагира за глутницава? Ако Анима Мунди реагираат за кучињава ние можеме да реагираме за нашата безбедност. Мислев на градоначалникот да му пишам.
Повеќето се излезени...не чека пократкиот пат Досега ги изваде без проблем...често будење на кое сум навикната,плачење на кое сум навикнатадр.симптоми нема. Заспа бејбито,одам да дремнам оти најмалку десетина пати ќе стани. Мирна ноќ мајки
Вистинската забава иде со 4ки и 5ки Ама што викаш од предходно искуство со останати забчиња оваа не ќе е толку и кај мене кенкава беше ама со 4ки беше ами 5киве осанитов помага осеќам , ама го паузирам сега и пак се журкаме со срцкасти испади и кревање цела куќа у вис
По броење треба 5ките да се излезени долу...3,дена јачеше дома и само со мене сакаше. Со таткои кога несака значи нешто и се случува Долу 8 а горе само 4 има. Забрана за осанит имам ако на некој му треба го поклонувам.
Кај го наоѓате тој осанит читам доста членки го користат а ниту една аптека го нема низ Скопје. Јас користам дентинокс кај мојава ма да не е нешто вознемирена ама да се наоружам на време.
Ма ќе барам да ме прими, со дете у раце ќе му одам ако треба... Толку ми сече сега, хормони лупаат до 100ка.
од Германија е , ама мислам спомнаа и во Бугарија да не го има , тука го нема кај нас . Ама еве има поделени мислења за него па и реакции и мене мене ме подзамисли да се распрашам подобро за него , ипак е хомеопатски лек.
@Mama993 браво за гестот. Како студент секој ден поминував покрај домот. Потажно нешто немам видено. Тие невини душички, толку мили а оставени така. Бебиња,мали деца. Имав колешка која одеше таму на пракса. После тоа по два дена плачеше, не можеше да.се соземи. Убаво ме потсети и онака незнам што да правам со купови алишта. Ако можеш пиши ми број кога ќе одам накај Бт да однесам штом им треба.
Мајки што ставате одоздола во количката кај што лега бебе. Сакам да го прошетам малку ама не знам што да постелам одоздола, никогаш не ми текнало да загледам што ставаат други мајки кои ги шетаат децата?
@hello-kitty.90 Ти да си бебенце на што би сакала да легнеш? Јас на некое меко ќебенце,јорганче. Ставам бебешко лио јорганче,да е меко а и да е топло и перниче. Кога ќе се стопли ќе ставам некое потенко ќебенце. Се за бебче