И јас мислев да ставам кебенце, ама не знам, да не се испоти ако лега на подебелко,а пак само на пеленка сигурно ќе му студи. Сеуште не е толку топло само за пелена. Ви благодарам за одговорите,ќе најдам некое кебенце не многу дебело. Најбитно, да видам дали ќе сака прво да седи во количката.
Сега и никнуваат 3чината,меѓу нив и никнатото забче има простор за уште едно забче,затоа мислев петки се. Зш така?
Додека беа малецки и само лежеа јас не ги врзував, но некаде од 4 месеци почнав да ги врзувам па ја тргнав подлогага за лежење. Моите дека беа летни бебиња имав памучна подлога наменска за колички. Во зимо ништо не ставам бидејќи и така е во скафандер, плус мора да ја закопчам. @hello-kitty.90 нема бебе што неможе да научи да лежи во количка. Тоа "не сака" е одлука на родителите, и е неисправна. Бебето треба да лежи, не да биде носено во раце. И мојава (помалата ќерка) се откорнуваше од плачење на почетокот како новороденче, посебно навечер кога беше темно. Но бевме упорни, малце нѐ гледаа попреку луѓето на улица кога малово се дереше, но само трпение-спасение
@Kitten Да оставам бебе да премира во количка некако не ми оди. Значи не кемка,не плачи,него премира,зајдува... Која мајка не сака да вози бебе,да седи во количка таа да пие кафе? Колку треба да вришти и зајдува за да мисијата успее? Стануваше од количка,вриштеше,се тегни,урла...1,2,3,4 дена..секој ден,секој ден...пробано 1000 пати,не е тоа решение.
Тоа е само период. Плаче, ја подигаш и смируваш, па пак ја легнуваш. Сѐ е тренинг. И тоа се прави од сам старт, не откако ќе наполни 6 месеци, година... И ќе трае одреден период, кај некого пократко, кај некого подолго. Кое беше твоето решение за да излезеш од дома без количка? Јас немав друго.
Добро попладне мамулки. Времево иде како ништо,домашни работи,обврски,бебе и болки на сите страни мартов за мене тргна со менструален циклус,така и ќе тера. Бебе нервозно набрекнати двојќи,слабо спиење а за апетит да не зборам,не можам ни парче некое у уста да стаавам а да не доаѓа да ми го зима иако предходно јадел.Ту ту да не урочам Време е за второ кафе,малце музиче и опуштање додека бебе нана иначе коа ќе стане нема мир сака да се пушта,сака надвор а башка што ветар дува а осетливо носе има одма му е црвенко. Од мене за сите имате кафенце кој станал кој не ја да ве понудам . Имајте убав ден
Здраво женски. Дојде викенд и ветрот се врати Свртевме круг надвор, дете протрчка и рикверц дома. Едвај ужинкаше и заспа за секунда. Ете ги со татко и сега во спална се. Мајче ручек прави. Само за неа. За нас мислам од каде да нарачам. За викенд само за неа се готви (демек преку недела поинаку е ). Бебе со 6 запчиња, 7мото на пат. Ама затоа моите „другарки“ настрадаа. Посебно едната. Не ме гризе, ама некако појако фаќа и плус мирна не седи дур цица, се врти, тегне, прекршува и тоа е резултатот Ланолин пак во функција. Страв ми е кога доаѓа време за цицање. А и почнав веќе планови да правам за одбивање. Иде пролет, вакцина решена. Страшното иде после тоа. Ме чека интервенција. Демек рутинска и нема седење во болница, ама не ми е сеедно. Глумам лудило пред мм, ама не е баш така. Па и 10 дена после не смеам да кревам дете, а таа едвај ме чека да ја земам. па се мази Си викам што се 10 дена.. Ко ќе минат, ништо, ама дур чекаш нешто, ден- година. Следна недела ќе одиме со мм до Солун. На баба не се кажуваме, оти одма ќе крене нос како со бебе цел ден дома ќе седи. Она во 5 тупка во место и едвај ме чека дома да дојдам Знам не и е лесно, ама никогаш не сме ја оставиле на целодневна или на преспивање. Затоа вака ќе се снаоѓаме. Друго ништо интересно немам да кажам. Не дека кој знае и вака нешто кажав. Ама се фатив за лап топ и викам ќе пишувам од тука, ем побро ќе иде. Имајте убав ден. Одам да гледам една епизода бар од The Big Bang Theory. не е нова серијава, ама ептен ми е смешна. И една епизода кратко трае, па бар да се тешам серија сум гледала Поздрав мајкички
Мојава ако зини вришти 2часа додека не се премори и заспие. Можеби јас грешам ама верувам до детето е. Ви се погодиле мирни децата @kukla21 го вакцинира куклето?
Облачно мајки Ете сабота дојде и сонце нема, не дека мене ми значи кој ден е, сум кажала веќе, но ми смета што нема сонце Вчера права пролет, цел ден со отворена балконска врата седевме, па бебе идеше надвор/внатре. Прво ми беше страв да не се потепа на прагот и со комарникот, но ептен сум поласкана колку е внимателен. И во тој поглед не е на мене Вчера и чистев, онака спонтано решив уште рано сабајле, ми се бендиса топлото, на бебе не му кратам сонце бидејќи скисна на тераса и ајде забрмчев со правосмукалката Денес план е да направам генералка кај него во соба. Веќе прочешлав играчките и фрлив еден куп скршени делчиња од коли, полека ама сигурно една по една ги раскомада, особено на една ептен и се има увртено, па и што се најдов што прибрал да не спомнувам Како е роден не сум прочешлала фиоките со козметика, лекови, па и флаери за бебе што ми ги давале, наполнив и од тука полна ќеса Најдов и една книга со песни и многу убава посвета за бебе, па пола саат мозгав од кој е, никако не дешифрирав името, па на крај ми текна да видам кој автор ја пишал и ми светна од кај е Тргнав и мала гардероба, лелееее пак една голема платнена ќеса од Топ шоп наполнив Итн итн, кога ќе завршам ќе се преселам во спанлна на ,,џиткање,, па потоа во шпаиз и на крај во кујна, ова нема да е работа само за денес, ќе има цела недела, ама таков е планот. Не е пролет, ама јас веќе ја започнав пролетната чистка Деновиве морам да тркнам и до Џамбо да купам на бебе правосмукалка, готово почнува да станува домаќин Вчера едвај пресмукав, се тегнеше по рачката и а ја види оставена, одма трчи накај неа и ,,смука,, па и ја уклучува да му бучи Само кажете дали збираат бар нешто, дали бучат и имаат кабел за да биде совршена? Боја не е битна, нек е и розе Ако не да не кршам патот до таму, се мислам во Крш гледав, ама и цената беше КРШ Бебе пак прави бојкот со заспивање А уредно го будам на време, дремката 2ч и будам, една недела беше ОК, овие две вечери пак по старо А му се спие, он почнува и да задремува и наеднаш скока и почнува да ровари Најдобро се заигрува тогаш, најпослушен е и најмногу се смее, море и најмногу трча и на крај ќе се бапне, па и најгласно рика Едвај го успивам, ама едвај! Неколку дена уназад станува само еднаш за да шматка, ова ваљда, не сум баш сигурна, некако ми идат флешови дека се дружиме барем уште еднаш ама не знам Веќе цицањево ме изморува, напорен е со барање, тегнење, џапање, висење Како доенче за 10мин беше готов, шанса нема да му пикнеш пак, а сега може и пола саат да виси и нанчесто јас го тргам инаку он би и саат да дреме Мислев цуцлата потешко ќе ја откаже, ама го гледам да е спремен да ја фрли, па периодов ќе му ја укинам Инаку и бебе мое почна да ескивира да се вози во количка ај во еден правец ОК, ама во другиот сака да оди, а не ретко и да го носам во раце На секој метар пробувам да го вратам, ама најчесто не ми успева, се додека не ја открив цаката, му давам лижавче Не дека го лиже, ама се мачка и слепува се околу него, ама што можам аб барем со влажна одма се чисти Периодов роварењето низ двор ми е најпрактично, плус тука е и кутката која го занимава ама у прва прилика трчи накај пат и ќе застане и гледа коли, па во пќвтора прилика влага кај комшиите во двор А да бев на забар, кажувам каде имам мака, зима забарка гледа, воочува скршена пломба, па и прошли пат било скршена пломба, уф ми олесна Ме испраќа со совет дека можам одма да јадам и пијам. Идам дома, земам кифла да јадам и крц нешто ме приболува, осеќам и како ми се таложи храна. Минувам со јазик, скршеното е тука, идам на огледало да се видам, а и убаво знам дека 8ца ми правеше, а скршеново е 7мица Не спорам дека и 8мицата ми била за правење, ама зарем не ја виде 7ката Се напнав, сега пак имам мака и ќе имам до нареден термин Инаку бебе е со 5заба и ниту еден нов на повидок, а баш периодов се лигави, ете и спиењето, ама не знам, освен ако не му никнат преку ноќ После сакам еден круг во Молот, имам еден ваучер кој каде и да е ќе истече, боже мм тренерки ќе купуваше ама стварно ништо нема, уствари има во Најк, ама 200е за него тренерки не се Па ќе си се подновам јас нешто, а може и нешто за бебе Тоа, доста редев, да будам бебе, да ручаме, па во поход Убав ден, гушкајте се Едит: абе дури пишам сонце се појави
Вечер мајки И овде времето се расипа, кај и да е ќе почне да врне дожд. Вчера синко од градинка имаше собиранка во една библиотека, презентација на една книга за деца и објаснување за тоа колку пластиката е штетна за здравјето и колку е можно помалку да се употребува. Изненадена бев од одговорите што ги даваа деца од 3,4 години clap: Убаво ми дојде и на мене малку дружба со другите мајки, добив комплимент за изгледот и за тоа дека мислеле дека сум помлада од годините што ги имам (тоа дека тие се од 45 нагоре) Такви се овде, пред 40 не се зацрнуваат За утре маж инсистира да сме носеле дете на карневали во едно село, не ми се оди баш има 45 мин. пат а и дете нема костум. Овде карневалите се во вторник, во градинка им спремаа мајци со омилен цртеж па ќе бидат облечени такви, ќе дојде и маго да ги забавува Од синоќа официјално почнавме да работиме на бебе 2 Кој планира да се сторува сваќа со мене, бујрум (лажам кај мене не оди лесно, првиот пат година ипол) Се шалам ама колку сум загрижена главата ќе ми пукне. Овој пат пијам лекови кои не се баш за во бременост ама немам друг излез, се трудам да не мислам ама посилно е од мене. Мислам дека имам проблем со очите. Брзо ми се заморуваат, не можам да ги читам буквите на телевизорот а и, забележав дека имам проблем за возење на вечер. Некој лек за синуси? Се инхалирав ама пак ме боли кај веѓите и носот, имам жолт секрет и не можам да се ослободам.
Мене синусиве само инхалација со босилок ми ги спасвит, и ако држам крупна сол малце загреана во крпче на синусите
Добар ден/добра вечер мајки. Полека пакуваме куферите... утре вечер летаме назад. Здравје, понеделник приквечер, ќе стасаме дома. За викенд пауза од тековниот распоред, немаше пливање со делфини, па ден целосно искористен на плажа. Не знам кој повеќе се радуваше на градењето замоци, мм или децата. Секој ден по 3-4 часа, брцајќи се во плиткото и шлапајќи во песокта, летаа како минути. А приквечер една рунда во базентот. Целосно уживање и батериите напопнети до максимум. Поради епидемијата нема да можеме да идеме на одмор летово, па овој ќе треба да ме држи. Мајка се наврти на фрижидерот. Првен пиво виде, па отвори по едно да се допиело. Па сега капучиното рече, тоа да сме пиеле. За по пат мирна е, многу јадење и пиење давале во авионот, немало гладни да сме останеле Јас чувам место во стомакот, навечер ги успиваме и правец во еден бар на плажа. Мала закуска и вкусни коктели. Тон сеќавања на моменти, на прв поглед обични, но сепак доловени на некаков магичен начин поради локацијата, секогаш ќе ги носам со себе. Деца среќни, ние спокојни гледајќи ја нивната насмевка. Само нека трае. Поздрав од едно мало островче на Кариби. Убава вечер на сите
На полноќ, они спијат; јас секако дека размислувам на се' и сешто. Добив мензис и се чувствувам олеснето и смирено. Малата престана да цица пред месец дена и некако се помирив и само си посакав среќен нареден период. Кажа МАМА најслатко на свет вчера и се расплакав како да кажала рецепт за вечна младост. Мамино дете. Жуборка. Деновиве е многу гласна и веќе кажува цели зборови и се исправува со нозете. Пак си велам - каде брзаш бе бебенце, 7 месеци имаш! Кај моите на гости збесна од смеење и играње, како во Дизниленд да беше. Сестра ми и прави буквално играчка од сама себе. Се јази по неа, ја скубе. Ама како тете нема друга. Сега сфаќам дека немам идеја за првиот нејзин роденден. Ќе биде прежешко во јули и освен тема лубеничиња и коктели немам друг избор. Ми се оди со нив на море тогаш. Роденден да слави како право ракче, на плажа. Инаку почна да спие на стомак и да се бутка со фацата во душек. Ме вади од памет, а се мислам дека така си прави притисок со цуцлата на непцето оти ја боли. Запче загрепка на горна вилица и еве го чекаме веќе недела дена да еруптира. Цртани гледа само на бејби тв и тоа како награда, на кратко. Мобилен тргам од неа, лаптоп исто. Дома слушаме радио, некогаш знам да и пуштам телевизор само со звук да слуша песнички или азбука, без визуелни дразби. Има време, цел живот ќе робува на технологија, сакала јас или не. За утре имам планина од алишта што чека да биде здиплена и ми се месат панцероти. Имам и работа што треба да ја завршам, и ќе биде прекрасно интензивна недела. Ќе напишам листа со работи што сакам да ги завршам и мирно ќе заспијам. Добра ви ноќ мајки.
Поздрав од мене. Две ноќи по ред сме хаос со бебе. Синоќа спиеше до 12, па стана наспана и свежа. Прв пат се расплакав од умор. Во 24 часа бев спиена само 5 часа и тоа не сврзани, туку со паузи и често будења на бебе за цицање. Спие со мене па по цела ноќ бара да цица.. Кога велам по цела ноќ, баш баш по цела мислам Ми стана криво зошто плачам пред неа, ја молев да заспие, сила немав воопшто, нит да станам од кревет нит да ја нишкам.. а она мислиш ме разбра, па случајно со рачето ме допре на лице баш кај солзите, ме погледа некоја секунда и задрема пак. Душа. Сум задремала и јас со неа. Во 5 сабајле ме разбуди нејзиното хрчење со нос, па станав да и го исчистам, настинати сме и двете. Некако сум сврзала уште два часа сон, и се осеќам ко прегазена моментално. Исто како ич да не сум спиела. Се ме боли. Веројатно и ТТ имам, ама јас не сум битна воопшто, за жал Правев колачиња за првото запче, преслатки се. Не ги објавувам овде, веќе се на фб и инста па.. доволно е Цел ден кај мајка го поминавме, сега се прибравме дома на топло. Да дремне па следи фамозмото неделно бањање и успат да ја фотнам со колачите, успомен да си имаме За овие седум месеци, преку 2500 слики имам од неа .. ма претерано е Неам ништо паметно за кажување, се одјавувам. Имајте убава вечер.
Месиме леб. Моравме нешто да правиме, оти маж има работа, а она го гњави. Викам ај ќе месиме леб. Шо да видам, 200 грама само брашно. Ај дотуривме пченкарно па пак малце, лупнав палента. Сеа седиме пред шпорет и чекаме да се испече. Којзнае што ќе излезе. Прееска пуштивме музика ко цциганите у двор на гласно, и игравме сите тројца. Ко несалам. Глупо време со облаци и ветер.
@mimiiiii Работата е што она нема фаза на расонување, туку отвора очи и директ “ееееј, аааагрр” и не помага никакво нишкање ни молчење тука.. Не презаспива Мора да станеме.. Да си поиграме пола саат/саат и тогаш да заспие .. Татко и сношти ја зема,си играа, ама без цице не знае да заспие