Тато да нишка добар виц кажа. Се изнасмеав Кај мене тато во тие моменти ни топ неможе да го разбуди. Секоја чест на исклучоци но мислам дека се ретки.
Дур сме трепнале, ја пречкртавме и оваа недела. А недела, искрено не ја сакам. Не сме од тие семејства кои цел ден го поминуваат надвор, шетајќи па и во друг град... мм вика ние тоа и во обичен ден сме го правеле, за да не викам и да не се лутам зашто недела наутро нему му е ден за фудбал. Многу попуштам на многу луѓе, особено блиски(вклучувајќи го и мм) и во последно сама на себе си се лутам што ако на луѓево и подадеш прст, они рака ти земаат. Во план беше генералка на спална, ама испадна само завеса да биде испрана и постелнина сменета. Мм од утакмица не зеде со синко и заминавме на село. Не успеав да ги сликнам тие врвени обравчиња, кои задоволно трчаа на свежиот воздух, слободен во трева, без да внимава да не наиде некоја кола. Направи и торта од песок. Утре сакал пак. Оваа недела ќе ми биде понапорна, во недела е Прочка, треба да спремам за гости, носат маскирани деца дома,мора нешто да се стави нешто на маса, 8 ми Март во петок, додуша не одам јас на прослави ама си спремаме со синко честитки за бабите. Ај мирна ноќ...
Исто, исто, ококорена до даска. @Mama993 зошто да не нишка тато? Ниедна бесона ноќ на бебе не сум ја поминала сама, колку јас толку маж ми, а и многу пати јас сум спиела тој враќа цуцла ја држи за раче и кога нема спас ме буди и мене за цицање.
Викенд лета дур трепнеш, а со душа го чекам за да се одморам. Од кога доктор ми кажа не си за второ дете, молев бога да добијам, и еве не ми се верува дека се израдував толку многу што ми дојде. Дете беше викендов кај баба на спиење. Имавме дома пријатели, таман си рековме малце сами да се опуштиме, маж крена температура па плачки е два дена како умира. Ништо од плановите за викендов. Перење, пеглање, кукава ја средував, бев до молот да купам за повојница на пријателите малото, земав дете, бањав дете и еве уште маж ми кука како имал 37.6 температура Утре планирам да земам некои шејкови за слабеење, не бива никако, ќе пробам и со хемија. Иде лето јас мечка. Се одјавувам!
Блазе си ти. Реков секоја чест на исклучоци. Да ги запознаеме со маж ми да се дружат малце ја анимира малата само кога е весела и мирна . Кога сме вознемирени тогаш дополнителен стрес добивам со прашања од типот “па што и е,направи нешто дај и нешто
Добро утрооо! Ајде бујрум на топло кафе па нек почне овој сончев ден! Се спремив за на работа и сега шмркам кафица за убаво да се расонам. Кренав ролетните високо и отворив прозор, нек влезе сонце и воздух... се насетува пролетта! Иначе ние арни, викендов мина мирно... Кратка прошетка, ручеци, па и свадба теравме една... Планот за денес е после дремката на беба да отидам кај мајка да си поседам, па и ако е сончево и топло со мерак ќе си пијуцкаме кафе во најубавиот двор на светов, а дечките ќе си трчкат наоколу , ќе си играат! За ручек по желба на ќерка ми ќе правиме солена пита! Двете заедно! Јас би некоја манџа а пита за вечера, ама навечер време ич немам па кеката би се разочарала. Нема што друго да пишам. Ајде бегам на работа! Убав ви ден!
Добар ден, дете пратив во градинка со плачки после долга пауза. Се надевам ќе се врати во нормала за брзо. Јас сум претепана, бурен период имав. А и малава не спие и не спие. Кенка се тегне станува на нозе на секој пола саат, неќе нит во раце, нит гушната со мене. Никако. А па недај боже да ја покриеш. Трауми доживува. Денес одмарам. Ќе зготвам нешто после на брзинка, па шо сака нека биде. Еве од пуста мрза и кафето ми стои. Ама толку е силата. Во четврток ми е роденден, се надевам ќе поминам убав ден со најблиските. Никако да се средам и опраам у животов, таман едно ќе почнам, ќе испланирам, и оп ќе се задеси некоја кочница. Е сега више нема да планирам, што биде нека биде. Се уморив веќе од мозгање и планирање. И така.. се надевам нема да ме викнат од градинка за брзо. Да оладам мозок уште малце.
Добро утро! Почна една тешка, напорна и долга недела. Ама ќе заврши брзо, а јас ќе бидам среќна и исполнета, плус па и побогата за некој денар. Недела дена ќе работам и втора смена и тоа ме исполнува, мада дете нема да си видам и тоа може да ми се одрази лошо, ама да видиме како ќе биде. Затоа тато ќе има можност да биде повеќе време со него и да видиме како ќе се снајдат. Што се оденсува на тато и дете релацијата, сметам дека ние самите мајки сме виновни, се ние знаеме најубаво, се ние знаеме најдобро, се ние можеме сами, а не можеме реално, треба да им дадеме повеќе одврзани раце на татковците, да им дозволиме повеќе да бидат родители. Мојот и сам го бања и сам го чува и сам го шета и сам прави се со него па и манџа најубава со спанаќ му прави и неговата ја јаде мојата не баш. Фала богу исти ни се идеите за воспитување освен што јас сум малце построга од него и го потплеснувам ако направи беља, богами многу е невозможен некогаш, а тато се тоа со мирно сем кога стварно ќе го извади од такт и ќе свика и ќе смени фаца. Ама добро е да се има добар и лош полицаец, да знае детето дека кога и двајцата се лутиме значи стварно ја претерал. Пуштете ги еден два дена сами да видите како ќе се снајдат, охооо, има да уживаат. Прв пат го оставив кога татко ми ептен се разболе, отидов на еден викенд, се вратив во понеделник и одма отидов пак назад, почина и морав да останам и повеќе од викенд, останав до среда, што да ви речам, ептен ми беше тешко, ама успеаа, они станаа посилни, јас можев да и се најдам на мајка ми, и сфатив дека јас сум му се, ама дека има ситуации кога мора да го оставам и нема зошто да имам грижа на совест. Баба го чува кога и да треба, на спиење еднаш има останато кај неа, абе што да ви кажувам, радости, ама она не се нафаќа често бидејќи нема потреба, не инсистирам, тоа е што е, веројатно кога ќе биде во пензија ќе останува почесто, ако сака он тогаш бидејќи ќе биде поголем. Е на мајка ми немам уште доверба да и го оставам, она е цврста на сон и хаотична па не верувам дека ќе успее да се справи. Се распишав, ама со паузи, си земав на работа поголем залак, ми го пишува дури и во хороскоп, морам да ја зацврстам позицијава овде, едно 2-3 недели години, да родам бар уште едно, па после со поцврста финансиска состојба да се отвара бизнис, оти плановите за странција пропаднаа. Малку и како да се подопораивме финансиски може и затоа не гриземе како проано, што знам. Убав ден мајки!
Ладно. Темно. Дожд. Ветер. Само опишувам. Убаво си е. Душата ми бараше сладолед. Купив цела кутија. Три вкусови, па наместо еден, три сладоледи на таканареченава пауза. Синоќа правевме генералка. Малата учествуваше во се толку заангажирано бев пријатно изненадена. Чистевме, готвевме, игравме, машината вртеше, вечерта преморени ама пак касничко во 22:00 заспа. Сабајлињава се буди и ме гледа така мило и се смее. Сака да се вози во количка. Се мислам која да ја купиме, неодлучна сум. Видов едно како точаче не знам како се вика на македонски слично на количка па се мислам дали тоа и тоа и како да го прицврстам што и да е и каде да не ни го украдат. Не ми се фрлаат пари во вода. Дојде газдата и ни го покажа станот на втори кат. Нашиов е златен не го даваме. Полош стан немам видено мислиш ќе се распадне во секој момент, може го демолирале луѓето имаа 4 деца и 2 кучиња. Ми се јаде пица, после ќе правам. Ми се пие пепси. Нескафе ладно со многу мраз. Бајадера. Сладолед. Газирана вода со многу мраз. Треба да добијам. Убав ден!
Јас најчесто кога плаче викам по маж ми- абе што и е? да одиме на лекар? Грчевите ги помина де на цицка, де во раце кај татко и. Друга работа е што имавме тежок старт со доењето па одевме и често на контроли па докторката само викаше мама да е одморена и опуштена за да има млеко изгледа здраво за готово си разбра. Уште од прв ден кога дојдовме тој ја фати за бањање, кога и да станува ја крева ја гушка па ми ја дава да цица па чека да заспие за да ја врати во креветче, јас не мислам дека се исклучоци се повеќе мажи се ангажирани околу бебињата мислам дека треба да го опуштиш твојот дека не е ништо страшно и дека не се смирува само кај мама.
И јас да си кажам , уствари да си го пофалам маж ми. Со двете деца е исто родител колку и јас, само уште да можеше да дои. Синко го бањавме заедно, од кога забременав со второ, презеде сам, па си се уходаа и сега продолжи сам да го бања. Многу ноќи нишкал ,пеел и ги заспивал исто колку и јас. Пелени менува кој ќе стигне, за заспивање сме поделени- јас го заспивам бебето,мм со синко се заспиваат. Е само за готвење сум јас задолжена, но тој често го храни или навечер му мачка лебче со ајвар За забавни активности да не правам муабет, секој слободен момент го користи за да си игра со дечињата.
мајкички се канам да пишам цела недела ,и се сега после и никако да стигнам . Неделава ми почна лошо да не кажам катастрофа ,посакувам само се да биде океј со моја блиска особа верувам дека ќе биде само мора да го преброди ова што и се случува. Дете добро го однесов сабајле во градинка жив среќен ми кажа чао и си влезе .Во петокот во градинка им врзале мартинки на двете рачиња па ептен важен се правеше и само покажуваше со прстињата што има на рачињата Леле мајки каков инает е ова мое дете ауу страшно дури на моменти од такт ме вади ,а во последно време и многу е разлигавен ако нешто не му дадеш или не е понегово крокодилски солзи течат во истиот момент. Маж не ми помага многу околу дете ама сама сум си крива дека сме во заедница свеки од старт многу ми помага и он тоа си го врза во крпче знае дека имам помош па полабав си е ,ма да ако треба да го чува знае да ср снајде го има чувано инцидентно неколку пати .Тоа е друго нема ништо ,сакам да излезам ми требаат многу работи да си купам да се подновам .Ми фали улепшавање и тоа очајно Убав ден мајки
Здраво мамички Денешниот ден ми помина во организирање и нервирање. Нарачав 21 ќебенце за домот за доенчиња,односно 20 за нив и едно за бебуш да има исто како нивното по 150 ден. Фирмата врши достава,жал ми е што претходно незнаев за нив па пред да се роди бебе плаќав ќебенца по 450 ден од Стружанка а квалитетот е горе долу ист. Некои преефтини работи,кои ги гледам на нет кај нив се дупло поефтини истите. Па мислам да отворам фб страна онлајн продажба и да работам купи од нив- продај од дома чиста заработка но немам време за такви работи. Ми ги донесоа си ги платив и ги пратив по карго заедно со малите алишта на бебе кои требаше маж ми да ги однесе но немаше време. Опрчив 3150 ден,но како и да е ќе ми отидеа за подароци за 8-ми Март. Сеа ќе се правам наудрена,ќе купам само за мама пошто претходниот за сите купив сетови козметика а они ми враќаа по некое ефтино парфемче или марама или заборавиле а и имам оправдување, од бебево значи незнам ни која дата е стварно ли е 8ми Март,извинете немав време Среќен 8ми на сите оние кои се без мајки без разлика на полот. Се надевам еден ден ќе бидат добри родители за разлика од нивните. Бевме на ортопед,едвај дочекав да го прашам смеам ли во дубак да ја ставам и ќе пропаднев во земја од одговорот. Два месеци трупав лио јоргани и перниче на количката да и биде удобно на беба, се сум правела погрешно @hello-kitty.90 одоздола на количката не се ставало ништо,за да може да го врзеш бебуш (ако сте 6+, уствари најдобро е да си прашаш на ортопед и да ти ја види количката). Дубакот заврши во подрум,ќе го огласам на пазар3, а јорганчето здиплено во шкаф. Со малата имам проблем,несака да пие од шише,но ќе се огласам на друга тема за тоа. Сега си заспа конечно. Отварам чоколадо и шушка мислиш цела зграда слуша,му велам на маж ми зошто сите слатки работи шушкаат се смее ми вика и мене ми се “шушка”. Значи маживе 77 пати во текот на денот помислуваат на “оние работи” премногу слободно време тоа ќе да е. Ќе си направам кафе,утринското ми остана недопиено .
Добто утро ајде кафе има за сите Утрово сум цела синко е станат уште од 3ипол 4 се изнаигра дете ,а заспа во 11 Свеж незнаете колку беше ,го легнав до нас на спална си играше едно време сум задремала се будам и го нема срипав и го гледам застанал до вратата сцена како во хорор филм беше помегу вратата и комодата имам лампичка мала и темно се само мало човече во сенка стои насмеано па видов не видов станав отидовме во дневна и почнавме да си играме Дојде 7 се спремивме го однесов во градинка кажав на учителките од кога е станат дека ќе му се спие да имаат во предвид .На работа терам веќе второ кафе да бидам поосвестена се надевам ќе го издржам денот .За 8 март сум порачала многу убави чаши за двете баби (мама и свеки ) се надевам ќе се изненадат ептен Толку од мене убав ден на сите и се молат мајките да се вратат во групава и почесто да пишуваат бидејки ни фалат
Денеска јас варам кафе....бујрум Дете во градинка јас втора смена.Маж ќе го земе во 5 сатот. Сабајлечки синко ми го крена притисокот.Не сакаше да јаде,и го пратив гладен Не сакал леб,сакал крофна.Нагриза два залака,па сакал шери патлиџан,знам дека не јаде патлиџани,ама викам ај да го видам и тоа чудо.И од него нагриза од едната страна па ми вика блак. Продолжи сакал чоколадо или бомбон.Викам нема не ти давам.Накрај со судни маки се облече и ми вика банана Му извадив една половина од фрижидерот,ми вика ладна му била. Е тука веќе пукнав и викам ќе одеш гладен во градинката. Отидовме во 8 и пол и очекував да се завршени децата со доручек,дека од 8 почнуваат...ама уште сите на маса и јадат.Седна и синко без проблеми и чао чао си рековме и се надевам дека ќе стави некој залак во желудникот...ако не сигурно ќе јаде во 11Ич не е по јадењето. Вчера поручек беше ветровито да те однесе и облачно,кога се вративме од игралиште,оти не носев капа,ушите ми зуеа и цела вечер ме болеше главата. Многу брзо се менуваат температури и не знаеш што да облечеш. Имам неколку капи,ама никако не ги носам и после страдам Мене ме потера овој месец со лекари,се надевам ќе бидат сите резултати добри На момени па се плашам и ме фаќа некоја депри фаза и се си мислам дека ќе најдат нешто. Ручекот ми е измислен за денеска,само да го поставам.Можам само да раскренам по дома,чистење од утре натаму. Да испијам кафе и да почнам...убав ден И сега гледам @elcezelce ме преварила со варењето кафе
Здраво мајки ме нема во последно време, така сум со форумот или ме има секој ден или ме нема подолго време. Гледам никоја не се ни сетила на мене ама не е ни страшно, јас секако ќе ви улетам. Горе долу на работа екстра гужвата помина, па сега ќе можам чат пат и од работа да ве поздравам. Кафето испиено, сум качила речиси 2кг!!! Многу ми се ми сметаат. незнам како сум ги носела 67-8, ама сега 64-5 ми сметаат, сакам 62 и точка, ама не преземам ништо за да стигнам до нив едино шо јадам повеќе и одам нагоре, а лето иде, морам да сум фит, кога можев цела зима да сум 63 ќе можам и сега! Малата си е супер, почнува да се заигрува што многу ме радува, не дека долго и трае ама знае да се заигра, со тек на возраста мислам и тоа подолго ќе трае. Ќерка ми е двеипол години, ме интересира дали вашите малечки на таа возраст боеа со боички водени или темперни со четкичка, јас на мојата и давам ама никако редот да го фати прво во водата па во бојата, таа во вода во боја па пак во водата, и објаснувам и кажувам и не бре брате, дали е премалечка па јас очекувам многу од неа не знам, други работи знае и повеќе отколку за нејзината возраст, зборува како старица. Вчера ми вика ајде јас сум возачка, а ти викај кочи брату, и ајде ДЕМЕК се возиме и јас и викам кочи братуууу, а таа ме гледа и ми вика јас не сум братууу, женска сум јас. Луѓе пукнав од смеа. Друго, за осми март се прави муабет, јас лани им дадов подароци на золва ми, сестра ми, свекрва ми и мајка ми а да и на колешката од работа. за оваа година на мајка ми и кажав не ми купувај ништо купи си што ти треба тебе јас ќе си купам што ми треба. На свеки и требале тренерки па на неа ќе и купам уствари пари ќе и дадам за тренерки, таа најмногу ја гледа малата. На золва ми оваа година не и купувам ништо и онака не се гледаме на денот се гледаме после месец дена стандард, за сестра ми ќе земам нешто колку малку да ја расположам. За колешката на работа план ми е книга или букет цвеќе или некое саксиско, сепак мислам букет. Јас од мм за 8-ми не добивам ништо, за следниот ден се надевам ќе добијам нешто, на 9-ти ми е роденден. Периодов и кажале на малата сега на мама ќе и биде роденден пша кога поминуваме покрај кафитерија или ресторан она вика мамо тука славиме твојот роденден!!! Срце малечко, ќе ја однесам во игротека, ќе нарачаме пица и ете го мојот роденден и така неа пица и е асоцијација за роденден!!! Чао мамаситас мм ќе ми дојде на работа, па де не ме види како дремам на фемина да се фатам демек нешто работа, денес решив ќе кулирам!!!
Добар ден и од мене Да пробам да го заспијам синко и ќе ве повелвам ао кофи нема за мене нема и за вас Могли ја однесе маШ во градинка и од таму право кај матичен Еден месец веќе кашлам и полна со шлајмови сум... Пак и нова докторка има и кај неа се погодив ме подсети на педијатарот луфтирај и проспан ми даде да пијам Следен пат ќе си кажам дека сакам кај мое доктурче да одам Викендот ни помина со гости,до душа мм и другар му беа нон стоп излезени па и не ни се поремети редот дома Вчера невреме некое имаше и останавме цел ден дома Денес како да наликува на вчера Ова време ни ги поремети сите планови шо убаво си беше топло и се расипа баш ко му почна на маШ одморот Не е се изгубено ама до 10ти има уште 5 дена Со мали се инхалираме уште,никако да престане кашлицата ќе тркниме пак неделава кај педијатар да видиме што понатаму 8ми ден се инхалира и никакво подобрување Да ја прашам @AngelOfArh имаше некои иљачи нејзини за кашлица Барав ама никако даго најдам тој пост Могли како навиена зборува Не изненадува со нови зборчиња и сврзување на 3-4 Многу е смешна Му вели на брат и ком цу миа мауси (дојди кај мене глувче) Излеговме во мекдоналдс и виде жена каде дои абе уште шо не замина да и ја анализира цицката Каде смешна,каде претера,во главно љубопитна Сега од мај со малку продолжен престој во градинка Од 7и30 до 14:00,може и до 16:00 ама за сега доволно е Можеби ќе прозбори и по течно кога ќе е подолго таму Заспа мали Кладов и кафе да се вари,повелете блачко нема на диета сме Да го шмркнам дури е топло и да активирам машини... За перење еден тон... Ќе ве поздравам сега Довиџења
За мали? Кромид со мед, исецкан кромид прелиен со мед и да одстои па течноста што ќе ја пушти се пие како сируп. Кромид, јаболко и ореви, кромидот и јаболкото целосно се мијат и сецкаат па се варат, не се вади ништо од нив, 4 оревчиња само се дробат колку да се скршат и тие се ставаат, се додава литар вода и се вари додека не се преполови. Се лади и се пие течноста. Мене овие два лека ме имаат спасено со мали.
Добро утро мајчиња Пууу, одамна не сум пишала, па решив кафе да пијам со вас денес Да се пофалам, бебка конечно ги пушти првите чекорчиња вчера кога ме виде на врата од работа дека влегов. Како ме виде, стана и си тргна накај мене, сонцушка Одеше одамна она, ама мораше да ме држи за малото прсте, сама не се пушташе ич. Абе се прерадував Па отидовме синоќа на роденден кај еден бебуш, и он сега прооде, па двајцата одеа, се шантраа како шатки, паѓаа и се смееја Љубов ми е, секој ден е се поинтересна. Се пентари секаде, рипа, скока, не застанува. Навечер спие како труп, се преморува преку ден Имало и позитивна работа во палавштината значи, го најдов лекот Остави ја да се издува и мирен сон навечер ММР ја примивме, се тресев три недели, ама конечно помина и тоа. Добро пројдовме, немаше ништо. Сега уште едната вакцина на 18 месеци ни остана и после до школо раат сме Имаме и нови запчиња, веќе 8 се на број, а наскоро и нови ќе има, веќе се на повидок. Среќа па не реагира нешто посебно, дали од Осанитот не знам. Сега не и давам додуша, правам пауза некое време, па ако продолжи вака, ич нема ни да и давам Јас и мм на работа по цели денови, он па особено има многу работа периодов. Ама има нешто позитивно, за една недела ни е годишнина од брак (3 вкупно), па ќе одиме на викенд сами двајцата, малку да украдеме време за нас и да се посветиме на брачните активности Сега да пијам кафе, па после состанок ме чека. Ќе нема пауза денес, ама тоа е Нека помине само работниов ден побрзо, да си одам дома кај бебка Убав ден на сите
Да,за него ми е Ти благодарам ,ќе ги приготвам и двата па ќе комбинирам дај боже и кај нас да помогне Давав само чај од кромид ама без резултат Сакав уште нешто да прашам доколку знаете Манука мед?Познато ви е?За што служи и дали се дава на деца? Се извинувам на модераторите за не соодветните прашања во темава но најбрзо можам да добијам одговор