Среќен 8ми март Ме нема дека немам баш што да пишам, се сконцентрирав на барање нов стан, колку и да ми е убаво селово за со дете некако прескапо ни дојде, градинките тука дупло поскапи него ли во градот, а и ми фали да можам да излезам низ бутици без предходно планирање. Вака чекај автобус, ако сакам да одам со кола со другарка морам претходниот ден седиштето од кола да го извадам, има многу вакви ситници кои не натераа да размислуваме за преселба. Е сега колку брзо ќе оди ќе видиме. Синко е се поинтересен, а и полесно е како е поголем ( лани ова време не знаев дали сум измила заби сабајле или не). Не збори освен "дај" и "ѕе (де)" ама затоа брбори по цел ден. Приметивме дека некој работи ги разбира на македонски но истото не и на хрватски или обратно па почнавме тоа што ќе приметиме дека го знае на едниот јазик паралелно на другиот да го кажуваме јас на мк, мм на хр. А каде ли е германскиот... Сега за сега надвор му се обраќаат на германски и му пуштам песнички ама мислам дека не разбира. @Mari* вие дома на германски зборувате? Имам приметено дека малата германскиот највеќе го користи по твоите постови. Петок ми е ден за чистење за викендот да ми е слободен за шетање. Ама тука лошо времево, а што убаво беше минатите две недели дома се немавме прибрано. Синко се научи да го земе клучот и да покажува накај врата, може цел ден да биде надвор. Уште за празникот да кажам, немам на кого да купам тука, свеки си доби сликиче на месинџер ( лани доби видео од синко па после сите нивни роднини ми пишаа како го виделе како гуга епа сега доста и е слика од цвеќе), на мајка и сестра им купувам кога ќе начекам нешто за нив и им носам кога одам накај мк. Сакав на комшиката да и земам нешто убаво си живееме ама не стигнав па во план сум попладнево некое цвеќе да и земам. Убав ден
Добар ден. Среќен 8-ми Март. Денес денов стандардно на работа ама имаме еден заеднички состанок па од таму ќе одиме на пијачка/ручек. Мене денов ми е празник баш заради заедничкиот ручек со колешките. Ретко имаме време за опуштен муабет. Се се промашуваме една со друга, или се некоја некаде брза. Денес ќе с еподопуштиме барем малку. Едвај чекам да видам што честитка од градинка ќе донесе детето. Прва година ми е со дете во градинка па малку ме мава возбуда. Можеби сум возбудена зашто дома ич не покажува интерес за цртање, пластелини и слично па да видам што направил во градинка. Поклони немам нешто многу купено, нит многу добиено, нити сакам да добивам. Не ми е поентата на празникот тоа. Ама честитувам на тие што знам дека иим значи како на пример на свекрва ми. За неа и поклон купуваме ептен ама ептен е по гледање кој што и честитал и како. Не е лоша жена ама ова со честиткиве смара. Од неа и добив поклон уште вчера. На мајка ми и дадовме нешто симболично зашто она ме воспитала дека не е овој празник нешто посебно па не сака поклони и слично за празников. Викендов ќе шеткаме и одмараме. Ај сега да се вратам да завршувам работа за оваа работна недела. Наредната ќе биде турбо па сега малку порелакс да фатам.
Среќен 8ми Март дами Јас ќе си славам денес со бебе,мајка и свеки. Се договоривме да одиме во кафана на ќебапи, во полн состав Вечер маж договори седенка со уште еден пар, частовка за нас жените де Уствари, он дома ги викнал, ама го подсетив оти ни е празник нам дамите, па да не прошетаат некаде, како што е редот Поклони НЕ купувам. Ниту пак сакам да ми купуваат. До лани давав на свеки и на мајка само, сега ни на нив Маж лани ништо не ми купи, ќе видам денес дали ќе ме изненади со нешто Добро, фризерот некни он го плати, па може тоа ќе му го признаам како поклон, секако, ако нема друго нешто спремено Не се согласувам дека сите свекрви се исти. Мојата не е љубоморна и не ни прави сплетки. Она е една напатена душа, што од свекорот мок, што од нејзината свекрва. Таа била баш лоша,злобна жена. Мојата е душа од човек. Скромна,тивка, помош имам преголема од неа, не се контраме,не се караме.. Погодена ми е Сабајлево правев баклава, сега заспивам бебе. Цела куќа мириса, баш ја погодив баклавата. Свеки ќе пече меФце Да дремне бебе и да си апнам, после вчерашен овошен мислам денес и слон би изела
Ден на девојката, жената, мајката, бабата Празник на понежниот пол Нека трепка и нека трае уште 365дена и пак отпочеток, треба секој ден за нас да е празник Добар сончев ден мајки Сонцево јесте да е скржаво ама тука е, битно топло е, ветре нема, иако ми мириса на дожд ваљда нема да врне, на временска ми стои цели 4% можност за дожд Поклони купувавме со бебе и мајка цели три дена, па кој го мењавме, кој фелер испаднал и три дена се акавме по 2ч, за повеќе не е можно, бебе толку има живци за акање по продавници Прв ден помина и повеќе од неславно, само во една продавница се пикнавме. Бебе кога рече рика, се тегне, се џапа, писка и вика и урла на крај укапирав дека сака да стои на тротоар и да гледа коли Втор ден ХОРОР! Едно 20пати сме се возеле на ескалатор таман се смири со лижавче, па сум погодила некое од лимон да му дадам, го гризнал и му се згадило, па кога рече рика, па ај и поврати у сред маркет и си дојде на себе Реков готово не го шетам веќе, ама таман купив теписон за кај него во детска и пред легнување решив да го мењам, многу колоритен И ајде утрето пак, ама бебе не изненади, бајче, злато од дете, мајка рече е вака може да се шета Купив за сите по нешто, мислам оваа година бев најштедлива Јас добив вчера еден, мајка пред мене го купи и веднаш ми го даде, а другите се во тек По цеееееел ден сме надвор со бебе и мериме улици, па и дворот го изоравме, нема дел каде не прочепка. Денес пример се нареди под оревот и собираше ореви, дел и ги даваше на кутка да ги јаде, дел ги шутираше, а дел си прибравме и у соба, па и со нив заспа Завчера бевме на гости у комшии, мислам никој не не викна, онака си се пикнавме бидејќи имаше животни во двор Едвај го собрав, кучето му избега, зајче имаа ама не му се воодушеви нешто, ама затоа мачката полн погодок, ја измалтретира начисто И сега секој ден прво искачење ме води натака да идеме Завчера исто се залепи бебево за ламинат, ама баш залепи Си играше, се смееше, трчкаше низ соби и наеднаш се сопна па кога акна со глава у ламинат, кога направи трас, па кога рече му искача локва крв од уста Готово рекив му отиде забот Ама не, не знам како и со што бидејќи празни му беа рацете и устата, ја засекол горната усна од внатре Па беше со ботокс вечерта, ептен беше смешен Сабајле пак имаше неуспешен обид за лепење на ламинат, кој се прервори во заривање во теписон и пак ја подраскрвари Детево е во најава дека ќе биде немирко и бељаџија Од бабиве има уплав, односно и од тетки, а дедовци, тетини може за кратко. Ги бута, им удира раце, се крие од мене и хистерично дури подвикнува за да не го земат Може да си поигра со нив ако се осигура дека јас нема да идам никаде, а може не и тогаш Он е во голема љубов со мама Галче мое За ручек ќе има мисиркино со компир, морков, кромид, се печено во рерна, веќе се пече. Вчера направив една огромна торта со бисквити, пудинг, ресана, крем банани, па и шлаг одозгора, арна е, веќе ја пробав Ајде да будам бебе, да го наручам, па ќе идеме кај свеки и мајка да честитаме 8ми Убав ден
Среќен 8ми Март ЖЕНИШТА Правете големи чекори кон животот,поставувајте големи цели и остварете ги.Не ги делите работите на машки и женски дајте им шанси и на мажите во кујна ,ама не фаќајте бор машина може лакот да ви се оштети Откажавме викенд во Келн болна е малата за жал.Ама и она е жена ќе се избори со болеста Убав ден мајки
Среќен 8ми Март мајки . Се нервирам за мајка што не можеме да средиме документи да остане. Пасошот не е готов, се завлече работата. Има бугарска лична карта или дозвола за доживотен престој со која мислевме ќе може да добие виза, ама не. Со тој вид на дозвола не можело. А мм спреми и работен договор, како хемичар да работи демек во фирмата, не и не. Зборувавме со еден адвокат, индиректно рече џабе парите ќе ни ги зима. Жена на плачка ја сврте. Среќа се разведеи времето па си го зедовме најмалото и малку прошетавме. Си купивме и цвеќе и мерси чоколатца. Уз кафе си го прославивме празникот на жената. Од мм не очекувам ништо. Тука, или за него, непознат е овој празник. Чоколадата и цвеќето во наша куќа ги купувам најчесто јас, па и денес сама се почастив. Останатото, во смисол на рамноправност, почит, љубов, внимание....верувам го добивам на секојдневна база. Посакувам многу за моите моми во овој суров свет. Да се среќни, да се исполнети и пред се здрави. Да сонуваат и посакуваат. Да не се плашат и бестрашно да одат по патот за остварување на сопствените соништа. Ја имам честа да имам мајка лавица, мајка борец, мајка јунак. Се надевам дека ќе успеам да пренесам барем дел од сето тоа пто јас го добив. Три ќерки... која само среќа, гордост, предизвик и радост.
Среќен празник жени Мене овој празник па и не ми е нешто посебно мислам дека е префорсиран,во материјална смисла само.Кога читам во темана снаи и свекрви сфаќам колку жената,мајката е дискриминирана.Дали сами си дозволиле или не небитно,верувам ако ти се лоши 364 дена во годината налет овој ден поклон или било што,гарант ништо не им значи. Јас имав среќа да имам прекрасен маж се гордеам на се што создаваме со него. Кога сум веќе кај мм да се пофалам има ново работно место,не премногу платено ама по струка,а парите ќе си дојдат со тек на време,со стаж,проекти и слично.Ја бев таа што највеќе го храбреше да прифати ма да товарот околу чувањето на децата падна скроз на мене.Сега оди на две работи па има многу малку време да ги гледа. Дома еднакво на циркуз,со две деца едно 2,5 години друго 2,5 месеци.Демек ќе речеш едново повеќе разбира уствари тоа стана поголемо бебе.Пелени менувам како на лента,едното се бања мора и другото,едново во количка јок јок и другото мора.Да ви кажам киддо крузот издржува до 20 кг да немате гајле. Цуца цуцли се нишка во раце среќа па не гуга.Е најголемите комедии се кога едното цица а другото баш тогаш сака да си игра.И така доиш дете со другото фудбал играш. Таман си заспал малото,големото се распеало За синко два што да кажам мирно нежно право снегулче ми е а и емотивно,со солзи плаче уште во болница кога бевме душа да те здоболи Е за синко еден богами колку и да кажеш неисцрпна тема е.Молам Господ да се смири малку раат да видиме.Пред спиење плаче по спиење пак плаче си го погледнал плаче,ама за се плачееее.По цел ден скока од тросед на двосед па во кош па на комода од маса на креветче,енергија неисцрпна.Падна си ја скина устата на три места крв на сите страни,за 15 мин пак се качи на двосед и пак падна Одиме на лулашки кај децата умен се изнаигра,да си одиме бега нејќе рака да даде.Па ајде со сила во кола и дома.Вистина многу ме изморува тоа негово однесување.Пробано е се и џабе.И игнорирање и зборување и викање и карање па и по газ.Ако не добие нешто во секунда урлање па легнување на земја и главата мавање.И тоа игнорираме ќе се смири,за пола саат за некоја друга работа и пак во некој магичен круг. Ме потсетува на малиот на Емка ајде кога е помало ќе се справиш некако со него ама сега на 2,5 години богами е тегнење и борба.И ние константно влагавме по туѓи дворови,ама сега веќе ми е непријатно па освен во двор никаде не одиме ни во продавниците ниту низ маало. Последна надеж ми е градинка ако и тоа не успее веќе незнам што..... Освен што се изнажалив ништо друго не кажав ама ќе дојдат и подобри времиња.Ќе уживам и јас некогаш со кафе на сонце дур он умно трчка околу мене
Да ви честитам празник жени. Посебно на @galapce . Не се обожаваме ние две, ама денеска помислив дека жена што годинава светот го преврте сама за своето дете, и што покажа дека силата на една жена е бескрајна, е она. Да се силни ко неа. А ние пак ќе се хејтаме. Купив цвеќе за ќерка ми. Ќе пукне од радост
Морам да им честитам празник на жените во најмирната и најпозитивната тема на форумов Мамички среќен 8-ми Март
Среќен 8ми Март мајки! Ве поздравувам сите, бидете здрави и живи, успешни и среќни и исполнети секој ден од годината, не само денес.
Среќен 8 -ми Март лавици . На @Цвет88 среќен роденден.Не пишав вчера. Секој ден се местам да пишам ама ништо. Стани од сабајле млеко,садови доручек и шибаме надвор со синко.Се враќаме ручек,садови и одам на раб,кога ќе се вратам се гушкаме,караме,играме и на спиење.Утредента пак исто. Се жали кога ќе сум му родела братче,да имал и тој бебе како братучед му. И јас синко сакам ама нема. Ај да не се жалам,го зеде свеки кај неа на спиење вечерва.Јас ќе излегувам со колешки,мм до 11 на раб па ќе немаше кој да го варди. Па вечер кога ќе дојдам ќе будам маШ од сон и ќе се забавуваме. Му викам да се застрамиш никогаш не си ми купил ништо за 8-ми март. Немој жено ми вика да ме караш,тоа ми е традиција.Ни сум ти купил ни ќе ти купам таква е традицијата. Ете ми вика си купи вчера џемпер и панталони тие ти се од мене. А си ги купив моите ми дадоа пари да се почастам нешто за празников. Како и да е,со здравје да си ги носам И годинава повторно купив и не добив ни пола од тоа што дадов. Се трудам максимално да се задоволни,финансиите ми се ептен на ниско ниво ама се трудам.А добивам за возврат колку да е поминато по редот,ко со газот.Така да за нареден поклон и јас бетер ке направам. Одам јас да доработам до 8 сум на работа,па дома набрзина да се спремам па у бољи живот. Ве поздравувам женЦки и имајте убава вечер
Заврши и денешниот ден,како за кого... Успеав да направам куглоф,маринирани крилца со мед печени во рерна,печени компири како гарнир (тоа го правев дур беба спиеше денски,нормално печев се истовремено инаку како ќе стигнев незнам), имав само една тура гости кои не седеа долго. Прошетавме,бебе избањато,најадено и сега ја успивам порано за да си поседам со мм на раат . Односите ни беа катастрофални изминативе неколку дена,така си има потреба многу да се фали но не е важно се огласив во соодветна тема. Денес најубавиот подарок ми беше од него,алка од бело злато со изгравиран датум на раѓање на ќерка,на ќерка купил златни менѓуши во форма на ружа,мали бебешки. Ептен се изненадив. Тој е личност која секојдневно ме вади од такт,измешани ми се чувствата понекогаш го мразам и сакам иствремено но неможам без него. Доста лигавење Од кого добивте најдобар, да речам најпогоден подарок годинава? Кој ве израдува највеќе на овој ден ?
Дури не поминал денот да ви честитам Би сакала да можев и да шкртнам некој ред ама здравје утре... Уморна сум,преуморна... Имајте добра ноќ
Добро утро Овој пат јас правам кафе Сабајле синко стана во 5:50 Мислев ќе цица и ќе заспие,ама не. Испративме маж на работа и се префрливме во дневна. Си направив кафе и еве кога дојде време да го пијам, синко заспа. Како за инает... И како сега јас да заспијам до него. Таман се расонив. Ми беше како топол,главчето само горе,не и челото,ај викам да му проверам тт,кога почна да вришти,како да го дерам . Па се откажав. Купил маж поклони за вчерашниот празник, на мајка му го даде тој,останатите ќе ги поделиме денес и евентуално утре. И јас си добив подароци - чинија за колачи,несесер, шминки,2 циклами и ланче од маж. Немам што друго да кажам паметно. Да испијам кафе и да пробам да легнам до синко,ако не се разбуди. Убав ден мајки.
Незнам во која тема да го поставам прашањево. Дали едниот родител без полномошно од другиот може да го изнесе детето од граница?
Во теорија не, ако детето е малолетно треба писмена согласност од другиот родител да прикаже на граница. Но во пракса истово често се случува што не ми се допаѓа ама воопшто. Одговорот е може. Секојдневно се случува ова кај мене во семејството и во потесниот круг на пријатели.
Јас сум патувала неколку пати со синко, никогаш не ми побарале полномошно ама не знам дали имаат право да ти побараат.