Додека не сум заминала и тоа да го решам додека сум тука. Кога ќе дојде време да ги земам да не биде проблем на граница ми е страв.
Ако сте во брак не мора полномоштво, тоа е само за разведени.Мм и ќерка имаат различно презиме ама не му правеа проблем никаде само тука го прашувале зошто имат различно презиме.А уствари исто им е ама различно напишано плус -а за женско ,-и машко .
@Nikita7 јави се во полиција и прашај нај сигурно Јас мислам дека треба,кога бев малолетнтна секогаш требаше полномошно од тато кога патувавме со мама а не се разведени...
Најдобро ви е да си извадите писмена потврда кај надлежните служби во МВР, потпишана од двајцата родители, за да немате никакви проблеми. Дури и да не ви ја побараме кај нас на граница, може да ви ја побараат при влез во Грција - ни рекоа службите на граничниот премин Богородица. Одобрение за патување во странство може да се извади во подрачните единици на МВР, при што мора да се присутни двајцата родители, да го дадат на увид изводот од матичната книга на родени на детето и нивните лични карти. Изјава дека детето може да патува преку граница само со еден родител може да се завери и на нотар, во присуство на двајцата родители. Според закон не, но може да ви ја побараат доколку нешто им изгледа сомнително.
8ми ден без пелени, ни дење ни ноќе, 4ти ден од вакцина, 2 недели до градинка. Се бројам. Вчера правев овошни палачинки а денеска заедно овошни мафини оти прекина да ми го јаде смутито. Сепак не е за грижа, 13.2 хемоглобин има. За 8ми добив подарок- да си легнам у 9. Се изнаспав. Маж на работа преку викенд, значи никаде ме отидовме. Напраив една кутија куќичка, па цел ден со неа си играме. Само кујна и алишта средив ама не испеглав. Вечерва може тоа. Ама друго е на дневно светло. Расеана сум. Многу работа има на работа и преморена сум. Вакцината плус. И грижи секакви... И треба да ми дојде. Утре да си купам мотика и да копам у двор. Белким ќе ми излезе бесот.
Здраво мамиии. Јас стигнав и тука Моја принцеза има 6 дена. Вчера си излеговме од болница. Не задржаа заради жолтица. Ја боцнаа вредност беше 190 ама жолта беше во лице и тело и ја сончаа 3 часа на фото( едвај ги преседе) Наредниот ден уште по жолта. Ја оставија во фото 6 часа.( успешно ги седеше) Нареден ден пак ја боцнаа и ми кажаа клинички е супер ако резултатите се добри ке ве пуштиме, додека стигнат нека се сонча. Исто од прилика 3 часа се сончаше. Резултати добри и не пуштија. А мене ми е уште иста жолта.. и очињата.Што знам. Многу ми е страв да не фати допрва.. во болница е хаос од вируси и морбили не ми се враќа таму. И давам да цицка колку може почесто да го измочка жолтилото, така ми кажаа. Чекам една пријателка фамилијарна педијатар да дојде да ја види утре друг ден да ми каже како и се гледа на неа дали е жолта. Уф. Се надевам нема ништо такво Инаку нормално ли е ова мое плачење за секоја ситница, што од радост што од натажување. Се трудам да не плачам не сакам бебе да чувствува преку млеко ама сами ми доаѓаат емоции невидени. И да, пупчето само што не паднало, сега ке и менувам пелена и убедена сум сега ке падне
@Nikita7 Кога се роди големата не бевме венчани со мм, плус со различни презимиња, она од татко и јас моето, летав сама со нејзе германија-македонија. Немаше проблем. Си го носев само изводот, ништо друго. Прашај си во мвр, за сигурна да си, да не е нешто сменето. Моето искуство е од пред 3год, за предходно споменатите земји, односно контроли на аеродром. Денес големата беше кај баба/дедо. Беа во една фарма, редовно збира јајца од кокошките. Собрала 50. Само едно и се скршило. За награда добила 5 гратис. Потоа кај коњите и завршиле кајј нив дома играјќи со пластелин, кинетички песок и боење. Свекрва ми се труди да ја анимира на сличен начин како мене, штомпосебно ме радува, па ги набавила овие работи. Ние со средното и малото низ град. Нешто се подновив јас, нешто за децава. Синоќа бевме во кино со мм. Glass се викаше филмот. Маж заспа на среде филм. Навечер сме толку уморни, страшно. Гледам на саат. 20.00 да дојде и да ги легнуваме
Да е здрава и жива најпрво. Од долу нагоре ќе почни да се губи жолтото, на лице и во очите се задржува најдолго. Да знаеш ако ти е уште жолта да не паничиш. Моево до три месеци беше жолто, поминува жолтицата колку и да се задржи.
Не сме прибрани цел ден дома. Бебе од возбуда што е цел ден надвор неќеше ни да спие. Некако ја заспав кон 11 сабајле, па додека ја возев испешачив некои 2км,сосема доволно ко за почеток. Покасно се изнаигра,се измори и за прв пат се успа сама, легната во количка, си мрмкаше т.е пееше и маж вика полека зборувај,бебе спие.. Аии не можев да поверувам,мојата пијавичка и другше знаела да заспива Ја почекавме да се разбуди па излеговме на кафе. Мирна беше и таму,па доби гратис прошетка во раце до моето работно место Па кај мајка на баклава, па дома. Дури сега заспа. Се надевам ќе спие до сабајле. Очекуваме, ако не се разбуди до кај 9, дека утре во 5 или најкасно 6 ќе не буди Почнав почесто да ја учам да заспива со нишкање него ли со цицање, и супер ни оди. Вечерва прв пат и дадов вечера да ручка, градиве преполни се,ќе прснат .. Како ли тек ќе биде кога на работа ќе одам.. Ќе прска млеко на сите страни Не ми се верува, од моето патетично”немам млеко” да дојам скоро 8месеци, и да се преполнуваат дури. Оти бе на почеток бев таква ко изгубена? Здравје, за следното ќе си знам. Сакам да се запишам на факултет. И тоа на некој добар, кој ќе ми донесе добра работа покасно. Размислувам за економски. Имам 24години, не сум касно. Јес да ќе биде потешко дека со дете, но ќе вреди. Не се гледам себеси во наредните 5+ години на истото работно место, за истата плата. Сакам да бидам успешна жена и најдобра мајка. И ќе бидам. Подобро е да имаш замисла и некаква си цел него да безделничиш низ животот.. А тоа го правев до сега. Да се надевам,и да си зацртам, во 2020 ако сум си здрава,жива, да си го исполнам замисленото.
Добра вечер мамички. Времево убаво, баш ни се погоди за шеткање колку што дозволуваат условите. Јас некако хаотична сум. Редовно ве читам, поретко пишувам и имам премногу работи за кажување, но не знам од кај да почнам и баталувам. Мислам дека конечно си дојдов на себе, почнав да се шминкам, да се дотерувам, а и телово ми се враќа во нормала, па со тоа и си ја зголемувам самодовербата. Сакам бебуши да имаат убава и среќна мајка и не сакам да се приметува уморот на моите очи. Среќна мајка - среќни деца. Си ги обожавам децава, особено кога се кај некого во раце, а ме бараат мене. Знам лоша сум, ама така убаво ми иде на душичкава. Особено малата премногу ме бара, за разлика на почетокот кога се роди само плачеше, едвај ја смирував, а сега само се смее, дури и глуми кашлање, толку е црвец, жива, немирна, и затоа во 20:00 е заспана за 1 секунда. Таа би заспала и порано. Некогаш се чувствувам за идиот мајка, знам глуп е зборов, но кога ги пресоблекувам, а тоа е едвај, ме препотуваат им го давам нивното чешле за коса да го лапкаат само за да не се вртат. Малиов ми е многу мил и шмекер, сите женски го сакаат, не е див со народ, преку ден е супер само што ми станува во 5:30 со кокошките и никако не сака да презаспие. Денес добив убава вест. Ќе бидам вујна! Приметив само за децава зборувам. Па за маж што да кажам, ми купи цвеќе за 8 ми март и играчка за малата. Мајка ми и свекрва ми дадоа пари, па деновиве ќе си се подновам. Крштевка и ресторан закажавме, конечно и тоа ќе бидне. Се изнаслушав коментари дека плачат зошто не биле крстени иако јас не верувам во тоа. Маж сака нова кола, но јас стисната сум. Купивме пред да се породам поголема, убава и по мој вкус, тогаш дека се мене ми се угодуваше и сега не ја сакал као бензинец била му трошела. Не му попуштам, што сака нека биде ни требаат пари на страна. Поздрав женЦки.
Добро вечер мајки Од кога почнувам да пишам и се немам време. Дома сама со децата. Малото сега тепа по батко му. Ама тешка рака има.... Само се закачка. Денес станаа рано. Па чистевме низ дома. После долу кај свекор ми. Бевме до кај мајка ми малку па го носев малото на шишање. Прв пат беше мирен и не плачеше. По пат си зборуваше сам петалче нема паце. Петалче глем. Петалче мирен.... Срце мое. А сабајле се облекувам и ми вика, мама нема одес а равова(работа), викам нема. Дома сум со тебе. Па доаѓа се гушка и бакнува. Многу е мил. После се бањавме и сега се гушкаме и ќе заспиваме. Утре ќе одиме на роденден кај една другарка на детенцето. Во друг град. Незнам дали сама да одам со 2те деца или да му речам и на свекор ми да не однесе и да не почека.... Деца уште кашлаат ама се смири кашлицата не е страшно. Кога ќе се стабилизира еднаш ова време. Од 20 степени на 8.Веќе немам ни сила ни волја да се расправам со болници и болести и се по ред. Ама во среда со големиот одиме во болница. Заради курето. И 2 дена ќе бидеме. Малово ќе остане со дедо му. Како ќе го оставам само 2 дена и 1 ноќ и јас незнам. Ама мора тоа е. Не се знае што носи животот. Само пречки предизвици и проблеми низ кои мора да поминеме а како ќе се справиме, зависи од нас самите. Се предаде големиот. Цел ден не спиел. Која сила има. Се чудам. Добра ноќ убави соништа.
Сакам вакви саботи, кога цел ден сме надвор и ми се смирува душава. Низ парк, па на ручек во меанче, на десерт и дома капнати. Ја избањав, јадеше кашичка од кајсија и заспа ко трупче во 8ипол. Око не склопи надвор, нешто да не пропушти. Со сестра ми и нејзини другари се шетавме, успешно избегнавме некои особи што сакаа да ни се тупнат на семејниот ручек и на раат си испив една ракија со салата и сирење. Сега двајцата спијат, јас да чкртнам ред два, да вклучам машина и да соберам суви алишта од сушарка. Ми се чита некоја книга, ама и некако ми се седи сама во тишина. 8мо мартовски си имаме традиција 4те најдобри другарки со мајките и сестрите одиме на вечера и цела вечер гракаме, секоја мора да каже по еден мрсен виц и мајките уживаат. Заслужиле една вечера и раат од нас, ќерките. Утре одиме кај свекрва ми, и спремив колекција и едно саксиско цвеќе, нека се радува. Ситници ја прават среќна. А па кога ќе ја види внука и, тоа е посебна возбуда. Одам да пуштам машина, пред да вклучи аларм од заби малава. Убава вечер мајки.
Оправдано денес прва да пишам Ако имате време топло ви препорачувам и ве канам да го посетите денешниот карневал, оваа година има доста новости и верувам дека ќе биде интресно. Прочка.... Простете за да ви биде простено. Се оди од куќа во куќа, се бара прошка од постарите. Се јадат јајца, малечки риби и се разбира, баничка. Се имам спремно( до 2 ноќеска лупав ) Скоро сите се маскирани, а еве прозорец слушам трештат тапани на мечкарите. Синко нетрпелив, уште од 7 вика ,, мама, ајде да стануваме, да не сум задоцнет, денес е прочка ,, Имаме уникатен костим оваа година, по негова желба, реши да биде СЕНДВИЧ. Од каде идејава не знам, ама битно ја исполнивме. Ќе прошетаме и низ град. Убав е денов, прекрасен.... Нека е за многу години и повелете
Додека мм и дете шетаат по комшии од куќа на куќа да шкртнам некој збор. Утрово дете не сакаше да го облече костумот од пират сакаше да биде спајдермен.Кај му текна сега тоа,кај да бараме.Па со триста маки го кандисавме. Планот стариве ни го пореметија,ја зедоа колата за на гробишта,а требаше да одиме црква да ги палиме свеќите и сакав да го причестиме уште еднаш дете.Но кога ќе се вратат ид комшии ќе побара да јади. Така да само ќе одиме да ги запалиме и дарче ќе однесеме,па господ здравје да не се канам другата недела ќе појдеме на причест. И јас луоав до 11 сношти,сето е спремно,дечиња идат маскирани милина е да ги гледаш.Сите имаат преубави маски. И ние ќе штетните низ град и кај најблиските да се простиме. Имајте убав ден
Фала ти Сите сме борци во својот живот, секој со своите маки. Влегов ве прочитав пред некој ден, ова само пишав, се јавија од работа и не успеав ни празник да честитам. Нека ви е празник секој ден, ако не цел по пола. Одмина и вчерашниот празник. Простете ми сите на која што и да имам згрешено. А имам знам. На никого не завидувам, лошо не посакувам, ама непеавдини неможам да трпам и крај. Лицемерие уште помалку, и тук таму уште некоја човечја особина знае ужасно да ми засмета и ако чивек го пречјртам, пречкртано е. Аууу па за лажење да не збориме Е тогаш пукам. Секој ден ми е ист. Периодов имам сериозни распеавии со малото, дури детали ми е срам да напишам . Се чѕвствувам како најужасната мајка на светот. Не го кажувам ова за да ме тешите но стварно гледам како влијаам на детето а тој ми рефлектиеа на ист начин. Ми ги отвара очите да видам каква сум јас со него Ужасна, ако не е мајка ми? Нејќам ни да помислам. Едвај чекав да излезиме од четирите зида, мислев полесно ќе е. И е, но и не е. Само здравјето нека е добро, ваљда се ке надминеме. Гледајки да платам сметките, да напилнам фрижидер, го изгубив мајчинскиот инстинкт на моменти. Се чувствувам како ладнокрвен маж, ја изгубив нежноста, женственоста.. Тука ќе застанам.
И мене периодов ми е таков Имам многу товар за носење а сама го носам. Се чуствувам толку лоша мајка која од дена на ден станува толку бесчустелна. Ни една ден не се израдував убаво Под грч сум од мислата што ќе биде понатаму.
Добро утро мајки Главава ми трешти. Едвај пратив деца во градинка после еден час хистерично рикање за се и сешто. Првен средново не сакаше да седи на нокшир, па кога видов на сила не бива не даваше ниту памперс, па не даваше ни да ја облечам, уствари нема за што не плачеше и клоцаше се тегнеше...големава не беше ништо поарна. На крај и се затепаа, а јас како од под туш да сум испаднала. Се чуствувам како зомби. Во една рака кафе во друга кока кола. Луда Марта. Врне снег. И тоа беше една од причините за рикање. Да не биле тие чизми јас што ги извадив, патиките да биле. Да не носеле капа, да не била подебелата зелена јакна, розевата да била. Кај големата и аутфитот го сменив во последен момент само мир да биде. Ќелеш еден толкацок, па и они разбирале де вака де така. Денес сум со голњмата на ОРЛ, контрола. Се надевам дека нема да ја крене ординацијата во вис. Уште многу имам да кажам а време кнап, низ куќа да фанам нешто. @Nikita7 @galapce Убав ден на сите
Dobro utro majki Po' edno kafe od mene Cerka radosna prva denes ne probudiposle nedela Dena Doma edvaj cekase gradinka I se zdosadi mamaljubov moja golema. Malovo edvaj do razbudiljubov mojs kako si spiese na antibiotico sme pa morase da ja budam, Eve ja gusnata na mene dise tesko, nos zatnata, malce toplicka e leleee od February sme vaka, ke ja nosam pak Kaj pediatra I ke baram kontroli da se pravat, tesko deka ke mi Dade, ama Jas ke si puknam od grizi, kako dise tesko Cekam uste nekoja min da zvonam deka ne ja nosam na vakcina. Doma haos vikend se znae gosti sekogas, nemam nikoj moj tuka pa zatoa od mm nema vikend da preskoknat pa da ne dojdat na Rucek I vecera Sve mi è rsfrleno, Sadovi kupovi da mijam, dete bolno ama oni sekogas se tuka Samo da sedacka I jadackagospod grev da ne mi pise ama umorna sum Otidov majki  ubav den
Ние овој пат станавме во 9 Се разбуди повторно во 5:45 и веќе психички се спремив дека толку од денешното спиење,синко си заспа. Мислев ќе го ставам во креветче и ќе се разбуди,ама не,си продолжи да спие. Сонце мое. Вчера денот го поминавме надвор во количка. Го шетав тука низ маало, не смеев да го водам подалеку, кога го фатат грчевите почне да вришти,сака во раце,па оди држи дете и гурај количка Потоа малку на гости, и му се поремети денското спиење. Еднаш преспа надвор еден сат, и потоа два пати по 15 мин. Навечер едвај го успав. Нишкањето беше од 20:00-22:00 Ми отпаднаа и рацете,засипнав,а богами отидоа и живците. Се гледа дека му се спие, ќе го успијм го ставам да спие и ги ококорува очите. И така едно 5-6 пати. На крај го одведов во спална и во полутемница го успав. Сврза ноќва 4 ипол саати спиење. Дури сега се освестив дека бебка е во скок во развој. 10 недели е по термин за раѓање и еве веќе 10 ден е кенкав постојано,па таквото однесување го препишував на грчевите,па давав и прекинував капки,ама не биле само грчеви во прашање. Сака да е се во раце,па почне да вришти,па исправен,па легнат,па на рамо,па како авионче на рака,ама никако не се угодува и тоа . Преку ден преспива само во раце, навечер едвај заспие цврсто, обавезно ја фаќаат грчеви еднаш ноќеска,рачињата постојано ги става во уста и така. Ќе искористиме сонце денеска да се прошетаме пак со количка низ маало, па попладне имам закажано преглед кај гинеколог. Сакав да се издепилирам, ама синко со своето однесување не дозволува да го оставам дома,а искрено и не ми се остава. Па затоа си се избричив самата, досега се немам бричено,секогаш сум се депилирала,па како сум се средила така. Малку доцнам со прегледот,ама ај не е многу. Еве го синко ми заспа во раце,па како вообичано ја преодувам дневната по 10000 пати. Ај барем нека се наспие. Убав ден женски
Не треба за родители на детето потврда, само ако друг без родителите патува со детето тогаш треба. Знам со сигурност зашто сум патувала сама без маж со детето и не треба. Отидовме во МВР зашто добивав совети дека требало па од таму не вратија и ни рекоа не ви треба. Самиот формулар е и така направен. Пополнуваш кој е третото лице што ќе патува со детето и двајцата родители даваат согласност. Ако еден родител оди само со детето нема никаков проблем. Јас стандард почнувам нова работна недела. Спремањето за градинка станува потешко и потешко. Почнал малиот да зеза. Сака да игра пред да оди, не сака ова да облече сака тоа да облече. Неколку дена по ред ги носи зимските чевли што зимоска не сака да ги облече оф леле мајко сме одсабајле. Може е до ранава пролет не знам.