Мојата е нецели 6 кила. Исто е 3ипол месеца. Зошто те секира таман е. До 6 месеца треба да ја дуплира родилната.
Добро утро.Од мене кафето денес Станав во 6,разбудив дете и маж,ги испратив секој по своето и на раат се избањав Уживам во моментот кога се киснам во малата кадичка и притоа слушам музика.Испеглав униформата за вечер,од 22 сум на работа.Да исушам коса и размислувам пак да си легнам ако ме фати дремка. Рибчето преживеа еве 3 ноќиНе се буни,не цимоли,само си пливка,прекрасно милениче. За разлика од малата,која душа вади.Што ти сум јас на тебе,вели слугинкаОти кога нон стоп ме тера нешто јас и велам,еј јас не ти сум слугинка,сама земи си...Сега си добив прекар.Некој ден ке ја изедам,до толку ја сакам. Некни ме праша за градите.И јас фино лепо и одговорив дека кога беше бебе,мама имаше млекце таму ама бебето не сакаше да пие.Е сега сама си го барав,пред куп луѓе во лифтот им објаснува дека мама има ц*цки со млеко и дека она ке шмукала од тамуБрука невидена. Вели имам сестрички во куќичката(шаторот кај што се играчките)Незнам дали е ова повод за сестра,ама па никогаш не сум и зборувала дека ќе има еден ден.Секогаш се трудам да и објаснам дека она ќе ми биде единствена принцеза. Туку имам мака на душата подолго време.Мојата најдобра другарка е во врска 12 години и сеуште ништо не планират за веридба и такви работи.Не дека она не сака,он е во прашање.А не се мали,дечкото е 40,а она ќе полни 34.Со солзи во очите ми зборува дека сака ама се чека на дотичниот.Да видите само како ја сака малата,родена е за со деца,ама цел живот чека.Од што незнам како ќе завршам јас(сеуште ми се мотат црни мисли)спремав и за неа некоја паричка и ставив во плико,а деновиве ќе напишам едно писмо.Она знае кај што имам скриено.Луда сум знам ама со овие постапќи го намалувам немирот што го имам во душата. Копнеам за море и за убав одмор...Еве го кај е јули Имајте убав ден
Само еден поздрав од утрото Ај ваљда ќе има повеќе за добар ден Ден мајки Бебе ми спие во раце, толку се навикнав на моментов што ниту пробувам, ниту сакам да го спуштам. Не ретко се навраќам колку беше малечок, а колкав е сега, колку брзо порасна, а колку брзо и ќе порасне. Се плашам да порасне, не можам да ви опишам колку подолго сакам да е малечок. Епа да, посесивна сум и тоа многу, а бебе последниве 2-3м учи од мене, па и он е посесивен дабетер Кројам планови како ќе не биде во градинка и кога ќе го разработам убаво планот во глава ме фаќа паника Не знам како ќе се адаптира да седи без мама, ама не знам ниту јас како ќе се адаптирам да седам без бебе мое Не се замислував волку посесивна мајка, не сум ниту посесивна личност, ама ете бебе ме смени и јас не сакам, но посилно е од мене Уствари јас не се ни замислував ваква мајка. Ехехеее што капи се скроија на нероден Петко Да почнам да редам каква мајка замислував дека ќе сум и каква сум, сама ќе се изначудам во контрадикторноста но факт, едно е дури го немаш, друго е кога е крај тебе Сабајле боже ќе идевме во една продавница со играчки, но во последна минута решивме да ровариме кај баба низ двор, па и да и подрастуриме у соба Бебе се премори, па за 2минути се комираше После ваљда улиците ќе се наши, ако случајно не зезне времето терасата е тука Вчера почнав да средувам кујна И моментално е порастурена него ли што беше Многу садови имам, ама премногу, не дека немам каде да ги ставам, ама се чудам што ќе ми се Чаши, чаши аииии за секаков пијалок ми се наоѓаат, па и по 2-3комплети, освен што сега ќе ги премивам, па ќе ги пофатам, не се потргнати во последниве 2години Апарат за ова, за она, за се нешто се купувало, има место и за нив, но само да ги пребршеш и подредиш е замор.. Не знам зошто толку се купувало, море и купува, уствари се трупа, па кога ќе видиш само повеќе работа се ствара Кога ја направивме кујната секој втор збор за неа ни беше ,,голема е се собира,, па ајдеее детска работа све збирај, епа ете ми сега На море ми се оди и мене, уствари ми се оди било каде, но како тргнала работава изгледа само на шетањето по повод ,,свадба,, ќе биде Ај нека грешам, но се мислам оваа година ,,аш,, од одморче Ај да не се депримирам, идам да изиграм Кенди и да будам бебе, па да си играме Убав ден, гушкајте се
Не ми се пишува,тежок период ни се погоди. Кога ви реков дека незнам можеби сум бремена,па бев бремена.Сега не повеќе.Резултат на апчињата се реши само од себе. Спонтан вчера,денеска ме исчистија.До некаде подобро што заврши така... Психички не сум пропадната толку заради спонтаниот,колку што ми се собира овој период,а ова последното што пишав беше капакот каде седиш на две столици. Ќе чекам подобри времиња,ама животот ќе ми помине во чекање. Депри фаза јбг живот...хормони ми играат уште.
Крени глава горе и тоа е. И сама рече, си се снимала, не беше баш пожелно. Ќе дојде друго бебе, ќе ве израдува кога најмалку мислите. Замисли во нов стан тројца гушнати си галите меше, мераци, а вака трудна само ќе се нервираш со преселбата. Ова ми беше најдолгата недела во животот, како да траеше 3 недели. Толку имам да кажам. Се враќам на циркузот у дневна со синко и муж, многу им е весело, а јас нормално у вц се кријам
Здраво! Чекам детево да потоне во сон и да се искрадам од соба. Ме чека серија и чаша винце. Ја бањавме малата и купатило хаос, ама среќа сопругот собира дури ја успивам инаку кај би ми бил крајот. Носот од денес пак и тече се надевам дека нема да крева температура. Издржа три недели без прехлада, ова рекорд ни е откако почна со градинка. Секој ден иде со модринки и огреботини дома, знам дека е темпераментна и не застанува, изведува, скока и не внимава ама на моменти имам осет како да не ја ни гледаат што прави. @Ava.84 @danichap за зелка ако имате руска продавница блиску од оние Микс Маркт таму има наша македонска навистина за мој вкус супер. Ние специјално возиме до соседното градче за таа зелка, поточно листови од зелка се во голема тегла. Имам и слика ако сакате. За крај честитки за сите што славеа родендени големи и мали. Се најубаво.
Моето дете порасна. Другата недела ќе правиме журка у двор. Само да сме здрави и живи. Чекам дрвцето у двор да расцути. Му ставаме вода секој ден. Ke си добиеме лулашка за роденден. Надежно ќе засадиме околу 70 дрвца дотогаш у дворот и ќе уредиме. Утре по патики ќе одиме, има мнооогу убави во гтц, ама не носев картичка.
Добро утро! Време е за утринско кафе Повелете! Нек почне денот сончев , убав ќе е ми се чини! Јас допивам кафе и ќе одам на работа, прва смена сум! Покасно ќе се спрема ручек и деците да ги шетнам малко! Идеата за генералка уште си стои како план кој никако да го исполнам. Не можам да се организирам околу чувањето на децата! Дечките инаку арни, надвор се кога е убаво времето, внатре се кога дува... Многу ми се слатки кога се гушкат и сакат, па следи момент кога се скубат ама пак се сакат и кикотат, па оној момент кога беба ќе претера со мавање и дадата ќе се налути и остро ќе се закани ,,ако уште еднаш ме мавнеш ќе те оставам сама да играш,, Беба ми е некако многу ,,насилна,, обожава да мава по играчки, по дадето, по мене , и она задоволното фацуле го прави како пресречна дека се живо измавала . Го развлеков постот... а треба на работа да одам! Толку... одам! Убав ви ден!
Добро утро и од мене Ние станати од 6, ама не се жалам,убаво си поспавме ноќеска, бебка само еднаш се разбуди за цицање. Ама затоа вчерашниот ден да не се повтори,3 часа вриштење,10 мин мирен , 2 часа вриштење,15 мин тишина... И така цееел ден. Ми пиштеа и ушите и главата. Маж настинат, бега од бебе,а со тоа и од мене па едвај да се видиме. А јас си се досадувам така цел ден. И џабе бегање,настинав и јас, туку немој само да прифати и бебе,уште тоа фали. Убаво време денеска,конечно без ветер,па ќе прошетаме малку,секако ако му е се погодено на синко. Понекогаш си викам едвај чекам да појдам на работа,да сменам малку, од друга страна пак сакам да си седам дома и јас да си го чувам и воспитувам онака како што треба. Гледајќи по другите внуци,свекрва ми премногу ги поалува и не обрнува многу внимание на нивното однесување,не ги учи да имаат навика за облекување,средување алишта, да си земаат што им треба сами ( дека сега се поголемки) и со тоа ги прави разпекмезени и оди смени ги таквите навики. Децата сакаат занимација,шетање,играње со нив,а не телефон во раце или лап топ и ти врши си работа. Има време, од септември треба да се вратам,ама уште сега ме мачи прашањево,дали да се вратам на работа и да го запоставам воспитувањето на синко или да си останам дома,да го воспитувам онака како што мислам дека треба,ама па ќе фалат пари. Секако наредната есен ќе го запишам во градинка,па веројатно се ќе си дојде на свое место. Ај ептен забегав и јас, ќе вагам што е подобро кога ќе дојде време.
Добро утро мајки. Станати од 7, па бебе си задрема сега пак, јас ќе си дремам ко и обично. Колку само беше мајка ми во право кога упорно ми велеше да не се нервирам со “правењето ред на бебе”, дека сама ќе си со направи Се нервирав оти спиеше до касно, па нервирав и бебе со тоа што ја будев рано. Ја легнував рано, а она ко за инает ми стануваше пак и си седевме до 11-12, неретко и 1 навечер. Мислам пишував и тука т.е се жалев. Еве ја стварно си направи самата ред. И тоа бајаги убав. Станува 7, најкасно 9, спие уште два пати преку ден, и во 8 или 9 е легната веќе Кога ќе видам, и не било така лошо што спиеше првите два три месеци до 11-12 на пладне, башка јас се одморав ептен убаво За рок од една недела извади две запчиња, експресно беше, и без многу плачки и нервози. Кај мама на цице по цел ден, и оп пробијааа Дај Боже сите вака лесно да ги извади. Какви температури, какви глупости, ма ни Осанит не дадов Е, вчера го искусив првото каснување на брадавицата со тие наоштрени запчиња, и не беше воопшто интересно Ама што разбира она од “не”.. зелче Има многу интересна рутина да ја наречам, со која ме буди наутро, а тоа е брцање на прстињата кај мене во нос, па во уста, и на крај шамари лепење се додека не отворам очи. Кога ќе ме разбуди е цела окезена, од кец од кец Денес ќе шетаме, прогнозава вика 25 степени! Дома нема да се прибереме. Друго, за нецела недела станав тетка на две бебенца, бебе мое стана дада голема мома е веќе. Ништо немам друго за кажување, впрочем ништо и не кажав Бидете поздравени.
Добар ден мајки ⚘ Убав ден денеска, сончев. Ние дојдовме на викенд па едно дете одма на гости, ние после до кај баба ќе одиме и така малку ќе одмориме. Напорно е сам да чуваш деца јака ви душа на вас што сте надвор од Македонија па ни викенд помош нема. Јас во различен град па осеќам како е, а па за подалеку да не правиме муабет. Едно време ме имаше фатено желба за надвор, ама се повеќе гледам дека во Македонијава наша може убаво да се живее ако маалку повеќе се потрудиш. Многу мисли ми се вртат во глава периодов, време е да престанам да гледам фокскрајм Треба генералка да правам и на двете места ама нема кога па ќе викнам жена, ќе скратам на нешто друго ама барем нема да се мачам со чистење. Не знам дали го имате пробано спанаќот од кам, замрзнатиот во брикети, ама многу е добар. Дупло повеќе излегува, нема чистење а последно што читав е дека замрзнатите овошја/зеленчук немаат изгубено скоро ништо од витамините. Така што јас си зимам и еднаш неделно спанаќ се јаде Имајте убав ден
Здраво. Штотуку се вративме од прошетка..., Бевме сите тројца мм слободен денеска т.е. му откажа за денеска,не му се работело сакал со нас да го помини денот. Секаде прошетаме.... во парк,дете се изнатрча по пајките.малку се по ниша на нишалки.Почнува да ги засакува нишалките,лани ќе седнеше и за две секунди ќе стане,сега покажува интерес не сака долго ама и ова е добро. Шетавме низ Чаршија( мм бараше проѕирни цевки како они што се ставаат на балони),нешто ќе правел....Низ пазар поминавме купивме зеленчук и овошје и едно саботно кафе на сонце испивме. Ама кафе што да ви кажувам дете сака да оди по сите маси.Мм се нервира,ми вели дали луѓето сакате некој да му смета??? Абе дете е... Мене никогаш не ми сметало,некое детенце кога ќе ни дојдеше на маса,баш напротив ми било мило,си зборувавме со дечињата. Колку непријатно и мене ми паѓа кога така упаѓа,ама сепак е дете. Па мм го заплашуваше со некои глупости,две минути мирен седи потоа пак по старо. Незнам и јас зошто пишав тука пред некој дека...дете кога да излеземе надвор е мирен,ама изгледа не ќе да е мирен.... Ова пишано од пред еден сат... Си дојдовме дома,а дете одма се паркира на кревет,не му требаше ниту пеење песнички,ниту нишање веднаш потона во сон. Јас и мм зедовме да јадиме на рајат, тоа ни беше доручек и ручек. Барем денеска не готвам,имавме ручек од вчера и четвртокот и тоа го дојадуваме.И да ви кажам стомакот ќе ми пукне....се прејадов. Утре сме на ручек кај брат ми сите комплети канети.Мајка ми ќе дава ручек за тоа дека сме ги запалиле свеќите во црква. Незнам дали за нашите свеќи од венчавката или пак од дете од крштевката.Логично ми е од венчавката. Некакви адети,јас несум по нив.Но толку кога и е кеф нека прави. Ама овие домашниве сакаат ептен молење....Требаше минатата неделата ама се ка прочка одложиме,порадо тоа што куќа не се затвора за празник таков е денот.И се договоривме за ова недела т,е утре,Е сега не можеле ниту утре биле договорени да се собирале на викендица кај некојси. Мм ми рече ако не идат не ќе ги молиме,ќе си појдеме сами.Но и мајками е крива немаше да се троши само ние со мм и така во недела сме таму на ручек.А вака се потроши жената порачува ролати со меса,ширдени...за кого само за нас.... Доста е можам на оваа тема до утре да пишувам
Добра вечер И официјално веќе две недели припаѓам во темава, ама сум фул тајм мама и ц**ка транс за бејби не можам да ви пишам.... Бејби пристигна пред две недели ја осеќам како поклон некој да ми ја донел срцка е засега мирно бебче плаче за преоблекување и цицање... Воведуваме ред полека полека.... Денов убав за шетање, ама дома сме со бебка уште неколку недели да кренеме уши, па ќе шетаме цело лето Мм, а и сите од дома се ангажирани околи мене и неа... само ми недостига мм да е со мене преку ноќ, спие во другата соба зашто има напорна работа и мора да биде одморен.... Дури да фатиме ред Поздрав мајкички П. С. @fairy88 доаѓаат поубави денови ќе биде во ред се
Добар ден мајки @fairy88 ми застана кнедла во грлото читајќи те. Многу ми е жал... ти посакувам што побрзо опоравување, и физички и е емоционално. Ти се собра премногу периодов. @Ygritte добре ни дојде. Типична недела... Нешто крчка во кујна а јас со шолот кафе се прашувам како ќе најдам сили да го избуткам денот. Леле нема ни 13.00 Настината ли сум, грип ли е, ама едвај се влечам. Сабајле, како за инат, од 06.30 почнаа да се будат една по една. Ај пишии апнавме и отидовме во игрална. Боеја, лепеа, играа... Кога веќе почнаа да аздисуваат се прибравме во дневна. Времево ужас. Такво ќе биде до крајот на месецов. Децава дома не се довртуваат, на прозорец се бесат и надвор зјапаат, аман нека се стопли. Месото и зеленчукот во експресниот се сварија, уште компирите да исецкам. Типична компир манџа денес. Утре во лидлот ќе има едни апаратчињ за сецкање, да си купам оти преплакувам секое сечење кромид. Најмалово му ја краде цуцлата на средново и лази бега, па другово рика а големово им се смее. Уште многу би, ама времево ме гази. Убаво неделно попладне
Добар ден мајки. Овде времето тмурно, во секој момент се очекува дожд. Како за инает, и времето не е тоа што беше, за викендите е секогаш намуртено, да не може човек на раат да се прошета. Дете кашла, корне. Прв пат ваква кашлица, по цела вечер не може да спиеме од кашлањето негово. Давам сируп еден (хербион мислам се вика), го направив лекот со кромид варен, лекот со банана и мед, некако тешко оди заздравувањето. Почна од вчера да крева и тт до кај 38.8 налет и време и градинка и се по ред. Синоќа бевме на вечера со друштво. Три пара со се деца, супер си поминавме. Малку дружба добро ни дојде, мислев синко нема да се вклопи со децата дека и болен нема да сака да игра, ама напротив супер беше. И женска си фати Девојчето не мрднуваше без него, ако не ја држеше за рака почнуваше да плаче итрица бе На крај се разделија со бакнеж за добра ноќ Денес ручек скара. Ручавме и полегнавме, мажите во една соба, јас во друга. Утре јово на ново. @fairy88 За една жена поболно нема. Сум поминала, знам како е. Биди силна, ќе дојдат подобри времиња. Јас вчера добив, малку се разочарав ама сепак прв месец беше од обидите. Одиме напред, со добра мисла Убав неделен ден жени!
Ајде здраво и од мене! Денов убаво го тераме. Станаа дечките, појадок, облекување и во прак на шеткање. Поголемата се сретна со другаркички од градинка, си играа убаво. Малата си одеше низ трева , падни стани 2 саати... проба и да ручка камчиња ама навреме ја фатив. Народ полно, деца пресреќни, времето милина. Убава пролет! Се исклацкавме некако до дома, дадата 100 пати ми кажа дека била уморна, дека сакала дома а ете накај дома одевме. Некогаш знае толку безпотребно да ми врши притисок , ама ајде дете ќе речеш. Направив ручекот, ќофтенца и пире и салатка, заспав бебо а јас и дадата ручавме. Сега се кафосувам. Уморна сум ама некако исполенетиот ден ми направи убаво расположение. Стигна дадата во дневна со книга некоја... ќе читаме! Ве поздравувам! Убав ви ден!
Добро утро мајки! Кафе од мене утрово. Да пишам набрзина дур спијат сите, па да фатам планините од алишта што ме чекаат да спрострам на сушење. Маж пратив по бурек. Ќе ослабам, никогаш веројатно. Вчера ја држам малава и се загледала во мијалникот. И велам е цел живот ќе миеш што гледаш таму. Велам ќе ти купи мама машина.Па мм се смее да за чеизот. Да велам ќе и купам. И за миење и за сушење. Ама и на снаите ќе треба .Да не ме оговараат во темана после. И така си размислував колку е убаво ова време дури ни се во раце да ги бакнуваш и гушкаш по цел ден. Напорно а прекрасно. Малава некако најмногу ја гњавам, зашто знам пребрзо растат. Оди гушни го големион. Ене и малоно бега. Се гушкаат но не толку. Кога тие сакаат. Мене овие временскиве промени лошо ми влијаат. Вртоглавици страшни имам. Треба да направам и крвна слика. Ама врие од грипови не ми се оди. Тамаан реков ќе се стопли ќе шеткаме, ми кажува другака вика има морбили тука пазете се. И пак дома. До двор и кај баба и дедо. Аман значи. Многу ми е страв. Тоа е мајки. Секој ден иста песна. Преслакање, јадење, школо. Уморна сум многу. Немам помош од никој. Бабиве на тошо се прават. Си велам како не им текне абе женава три деца има да и пратиме нешто да каснат. Ама не. Некни свеки дојде, малава си лежи и сака да и збориш. Па и вели а кој ќе те занимава, мама треба да работи. Требаше да и речам, па запеглај, забриши нешто. Ај ја подржа малку. Ама голема работа не можеш да фатиш. На два сата некогаш и помалку бара да цица. А ако ја разлутат и не добие на време после е борба. Едвај фаќа. Ноќеска се будеше секој час. Четири месеца се ближат. Скок нели. А да, да ја пофалам научи да се сврти на меше, ама не знае да се врати. Срцка е. Од друга страна си велам ми е гајле, какво е такво. Тие да се среќни. Гладни и во нечисто не сум ги оставила. Па врати и прозори нека чекаат. Тоа е маки, се запишував јас, ќе почнат да свират сирените. Убав ден.
Good morning женски. Повелете , тазе сварено. Вистинско кафе ова сабајле немав можност да пијам, не можев да си сварам, а сега синко ми заспа во раце, ми е страв да го оставам да не се разбуди. Времево и денеска многу убаво. Вчера пробав да го прошетам со количка, ама двапати неуспешно. Го болеше стомачето па не сакаше да седи или пак не сака да седи во количка. Што знам Сакав да зачистам вчера, ама не можев . Успеав само да пуштам 3 машини, од кои едната чека сеуште да се постела за да се суши, пресадив 2 цвеќиња кои ги добив од мајка за 8 март, и едвај се избањав, синко вришти. Му викам на мм зошто не ме викаш, а тој вика избањај си се на раат, мислев ќе го смирам Излегов без да се убаво избришам, со крпа на глава, додека да го смирам и да тргнам крпа, косата се засушила и сега сум како со грмушка на главата . Бидејќи немав време од синко, мм усисуваше и подзабриша прашина. Бевме до кај мајка ми малку и денот помина. Бебево овие 3 дена е неподносливо, не знам од каде ми се силата и живците, нон стоп плаче. Го боли стомачето многу, баш цело време плаче, едвај го смирувам и многу ме исцрпува. Што ќе беше ова, грчеви ли, скок ли, и двете истовремено, ама ми се измачи бебчо. Ќе пробам после да го прошетам пак со количката, се надевам ќе биде успешно овој пат. Поздрав, убав ден
Добре ве најдов @danichap Повелете послужете се Ме изнасмеа со цуцлите. . Бејби моја не сака цуцла кога е будна се гади, кога е во полусон фаќа инаку е миленица на татко ѝ ај што е копија негова, го гледа ко божем ќе му прозбори.... Јас се топам сакав да личи на него и да се разбираат, да се вдушат ---------------------------------------------------- Ова горе е од вчера не успеав да го постирам Ај добро утро и од мене кој е за какао? Едно испив со ѓеврек..... Синоќа спиевме со бејби сами срцка е...мирно бебче .. Се разбуди два пати за доење и си продолжи да си спие.... Ми се свиѓа тоа што фати ред на секои 3 часа да се буди така и јас одмарам... Сабајлево ја преоблеков, ја надоив, сега спие до мене не знаев дека 3кг.човече ќе ти го сврти животот за 360° Мм замина на работа, многу ми е голема помош и поддршка, синоќа си преплакав, што од хормоните, што од загрижена за бејби, ако не дојдеше тој ќе се скршев Откако се породив, станав поприврзана за мм не знам зошто Како и да е, одам долу да каснам нешто и едно кафе со свеки да тргнеме, бујрум која е ЗА
Хелоу Конечно денов заврши, ко не полудев убо е. Не знам дали времево, дали седењево дома или едноставно хормониве си играат мајтап со мене ама на работ бев да полудам. Уште маж ако продолжеше да ме чепка тек тогаш ќе пукнев. Цел ден осеќам затегнување во препоните, тек тук некое боцкање, а за лошењево да не прам муабет веќе. После 1 месец овде успеав да се напијам нес, намерно го напрајв послабо со појќе млеко. Среќа не го повратив. Малово душата ми ја извади по скаливе. Ќе се качи сам експресно, ама за надолу ме чека и вика по мене дур не се качам да го земам. Му го сменав малку редот и преспива еднаш по 2-3 сати па само тогаш успевам да седнам да одморам. Надвор многу сака да игра со камчиња, нон стоп е гладен само в кујна оди и ми вика ам, ако не му дадам одма шо намислил почнува драмата, и така сеекој ден. Многу голем инает и плачко е напраен шо страшно ме нервира. Ако е период нека поминува шо побрзо. Оваа недела ќе смениме малку рутина, па ако не послужи времево ќе прошетаме малку појќе, се надеваме. Си се испожалив овде, не ми замерувајте плис. Во наредна прилика ќе пишам нешто повесело.